ТОП

avion-krilo

Рајанер и Изиџет се повлекуваат од Германија – помалку летови и повисоки цени за патниците

Ерата на евтините авионски билети во Германија се приближува кон крајот. Двете најголеми европски нискобуџетни авиокомпании, Ryanair и Easyjet, значително го намалуваат своето присуство на германскиот пазар, повлекувајќи дел од флотата и укинувајќи повеќе линии.Како главна причина ја наведуваат високата цена на аеродромските и државните такси, поради кои Германија станала непрофитабилна дестинација за нив. Според нив, овој чекор ќе ја намали конкуренцијата, ќе ги зголеми трошоците за патниците и ќе има негативно влијание врз туризмот.1,8 милиони помалку седишта – најголем удар од RyanairRyanair најрадикално реагира на ситуацијата, исфрлајќи 16 германски аеродроми од својата мрежа и намалувајќи го капацитетот за 1,8 милиони седишта. Градови како Дортмунд, Дрезден и Лајпциг остануваат без летови на оваа компанија, додека Easyjet ја укина домашната рута Франкфурт–Берлин. Извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири, со години ја обвинува германската влада за антиконкурентски политики.Обвинувања за заштита на ЛуфтханзаВо фокусот на критиките е германскиот данок на воздушен сообраќај (Luftverkehrsteuer), кој неодамна беше зголемен. Според нискобуџетните превозници, овој данок во комбинација со високите аеродромски такси е наменет за да ја заштити националната авиокомпанија Луфтханза и нејзината нискобуџетна филијала Eurowings. Како што Ryanair и Easyjet се повлекуваат, Eurowings го шири својот пазарен удел на аеродроми како Штутгарт, што критичарите го гледаат како доказ за протекционизам.Прераспределба на флотата и нови пазариЗа Ryanair, авиони се средства што лесно се пренасочуваат кон пазари со подобри услови и пониски давачки. Додека ја намалува својата активност во Германија, компанијата го зголемува присуството во Италија и Шпанија, каде таксите се пониски.Дилема за германската владаБерлин е соочен со тешка одлука – таксите носат значителен приход во буџетот и служат како „зелена такса“ за намалување на авионските патувања, но истовремено ја поткопуваат конкуренцијата. Најмногу ќе загубат патниците и туристичкиот сектор, кои ќе се соочат со помал избор и повисоки цени.

Свет | пред 5 месеци

jakimovski-1-960x600-1

„Дурмиши мене ме прашува дали дискотеката Пјур исполнува услови“! Јакимовски добил писмо од министерот за економија

На 8 август ми стигна писмо од министерот за економија. Го прочитав и гледам по ѕидовите да не е случајно скриена камера. Министерот за економија Бесар Дурмиши бара од мене да му кажам дали дискотеката Пјур „ги исполнувала минималните технички услови за вршење на дејност“.Оф мори мајко, сите министри, па и тој министер. Не знае каде се наоѓа.Министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш дали овој објект ги исполнува минималните технички услови за вршење на угостителска дејност.За таа работа ќе се обратиш на друг шалтер. Шалтер што се вика пазарна инспекција. Ако не си знаел, пазарната инспекција ти е орган во состав на министерството за економија (твоето министерство).Не ми се верува волку да не знаеш. Се ми се чини дека се обидуваш да купиш време за другарите на Александар Николовски.Залудни ти се обидите.Одговорноста е твоја.

Македонија | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

„Независни за Карпош“ ќе настапат со граѓанска листа на локалните избори

Групата „Независни за Карпош“ соопшти дека на претстојните локални избори ќе учествува со сопствена граѓанска листа. „Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина,“ наведуваат тие во објава на Фејсбук.Според нив, таа флексибилност, која ја сметаат за клучна за ефикасноста, е далеку потешко остварлива во рамки на поголеми групи или партии, каде процесот на донесување одлуки е подолг и често бара компромиси на сметка на локалните потреби.Од „Независни за Карпош“ посочуваат дека приклучување кон политичка партија отсекогаш им било последна опција за излез на избори и дека, сè додека има можности за зачувување на нивната независност и принципите на граѓанското дејствување, ќе ги користат тие патишта.Тие потврдија дека се повлекуваат од иницијативата за заедничко формирање политичка партија со други независни групи. „Конфузијата и неизвесноста за независните иницијативи создадени од партиите нема да нè одвратат од нашата визија и посветеност да понудиме решенија за квалитетен живот на граѓаните на општина Карпош,“ стои во објавата.Во пораката упатуваат честитки и желби за успех до независните иницијативи кои продолжуваат со процесот на создавање партија „Независни заедно“, како и до сите новоформирани партии и листи. Притоа, нагласуваат дека остануваат отворени за соработка со нив и со сите други граѓански иницијативи и чинители со кои споделуваат заеднички теми и каузи.

Скопје | пред 5 месеци

aljaska

Пред средбата на Путин со Трамп, оживува старата руска реторика: „Алјаска е наша“

Додека рускиот и американскиот претседател се подготвуваат да се сретнат во најголемиот град во Алјаска, на интернет повторно се појавија шпекулации дека Владимир Путин ја отфрла легитимноста на продажбата на Алјаска на САД од страна на Русија во 1867 година.Претседателите на САД, Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин ќе се сретнат во петок во воена база во најголемиот град во Алјаска, Анкориџ, за долгоочекувани разговори за руската инвазија на Украина. Локацијата на средбата е избрана од практични причини, објавува „Еуроњуз“.Алјаска и Русија се оддалечени само 90 километри, а Малиот Диомед на Алјаска е на помалку од четири километри од Големиот Диомед на Русија во Беринговиот Проток. Ова значи дека Путин може да пристигне на разговорите, избегнувајќи го воздушниот простор на западните земји кои би можеле да се обидат да го пресретнат неговиот лет за да спроведат потерница од Меѓународниот кривичен суд (МКС).Но, местото не е само практично, туку е и симболично. Алјаска некогаш била руска колонија. Во 1867 година, рускиот император Александар II ја продал на САД за 7,2 милиони долари за да помогне во отплатата на долговите настанати за време на Кримската војна од 1853-1856 година.Најголемата американска државаРусија не ја сметаше Алјаска за економски значаен дел од својата територија. Алјаска официјално беше прогласена за 49-та американска држава во 1959 година, а денес е најголемата од сите 50 американски држави.Путин ќе биде првиот руски претседател што ќе го посети Анкориџ. Средбата во Анкориџ повторно ги разгоре разговорите за Алјаска како „историска руска земја“, при што истакнати функционери на Кремљ го нагласија руското наследство и историјата на територијата. Теоријата дека Русија еден ден ќе ја врати таа американска федерална држава не е нова.Минатата година, идеолошката гласноговорничка на руската државна телевизија Олга Скабеева ја нарече таа американска територија „наша Алјаска“. Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност и поранешен руски претседател, се пошегува на социјалните мрежи за започнување војна со САД за територијата.Кирил Дмитриев, главниот преговарач на Кремљ, кој исто така раководи со Рускиот фонд за директни инвестиции, минатата недела изјави дека Алјаска е „руско-американска“ и посочи дека состанокот би можел да поттикне поблиска соработка меѓу Москва и Вашингтон на Арктикот.Дали Русија ја откажа продажбата на Алјаска?Постер од 2022 година со пораката „Алјаска е наша“, кој во тоа време предизвика негодување кај некои американски сенатори, исто така, повторно се појави. Постојат и шпекулации дека Москва презема чекори за враќање на таа територија.Шпекулациите беа поттикнати од тоа што Трамп ја помеша Алјаска со Русија на прес-конференцијата во понеделникот, кога рече дека ќе патува во „Русија“ за да се сретне со Путин, иако веќе ја потврди Алјаска како место на средбата.Некои корисници на социјалните медиуми пишуваа дека пресудата на рускиот Врховен суд од 2022 година ја поништи продажбата на Алјаска на САД во 1867 година. Сепак, сè уште не се објавени официјални судски документи за да се поддржи тоа тврдење. Други корисници го наведоа указот од 2024 година со кој наводно продажбата на Алјаска од 1867 година е прогласена за нелегална.Тој указ навистина постои. Тој е датиран на 18 јануари 2024 година и издвојува средства за пребарување, регистрација и правна заштита на руски историски средства во странство. „Еуроњуз“ ја провери неговата содржина и откри дека не ја споменува Алјаска.Сепак, аналитичарите веруваат дека Кремљ би можел да го искористи декретот за повторно отворање на историските спорови, не само во Алјаска, туку и во поранешните руски територии.

Свет | пред 5 месеци

ekplozija-rusija

(ВИДЕО) Силна експлозија во центарот на рускиот град, пет лица се повредени

Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, при што експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови. Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени - тројца жители на зградата и двајца минувачи. Во градот е прогласен воздушен напад.

Свет | пред 5 месеци

Biljana-Ivanovska

Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска е независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар

Платформата „Независни заедно“ ја избра поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, за нивна независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар.Нејзината кандидатура ја поддржуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „398“.Ивановска утринава се обрати на прес-конференција пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градскиот парк, каде официјално ја соопшти својата одлука да влезе во трката за Центар.- Ќе се борам да се воведе оној стандард 3 -50 - 300 во нашата општина, а тоа значи секој жител кога ќе се разбуди од прозор да види барем три дрва, 50 метри зеленило и 300 метри парк. Ние сме далеку од тоа, но ќе се обидеме на овој начин да влијаеме на урбанистичкиот план, истакна Ивановска.Таа денеска рече дека не била случаен кандидат, туку дека претходно била долгогодишен активист во здружувања како Одбрана на Дебар Маало, Здравјето пред профит и Шанса за Центар.

Скопје | пред 5 месеци

market-pari

Поскапување на кафето, дрвото какаото...- Европската унија воведува нова регулатива

Од 30 декември 2025 година, Европската Унија ќе почне со спроведување на Регулативата за производи без уништување на шумите (EUDR), со која ќе се забрани увоз на стоки поврзани со деградација на шумските екосистеми. Мерката ги опфаќа клучните суровини како кафе, какао, палмино масло, соја, говедско месо, дрво и гума, како и низа преработени производи – од чоколадо до кожни торби.Иако регулативата има еколошка цел, експерти и бизнис-заедницата предупредуваат на сериозни практични и финансиски предизвици. Компаниите ќе мора детално да докажуваат дека производите не потекнуваат од земјиште неодамна расчистено од шуми, преку прибирање на прецизни геоподатоци и обемни анализи за потеклото.Главниот економист на „Комерцбанк“, Јорг Крамер, за Bild изјави дека административните барања се „поголем проблем од даноците или високите цени на енергијата“, и предложи доказниот товар да биде ставен исклучиво на увозниците. Трговскиот синџир EDEKA предупредува на милиони декларации и долги процедури, додека Мартин Шилер од Fairtrade Germany вели дека иако целта е оправдана, сегашниот модел на имплементација е премногу сложен и финансиски оптоварувачки, без гаранција за поголема праведност.Дирк Хајм од REWE Group смета дека зголемените трошоци веројатно ќе се пренесат врз потрошувачите, што би можело да ја зголеми цената на храната. Шилер дополнително предупредува дека регулативата може да наруши снабдувањето со органски и фер-трговски производи, а воедно воведува и форма на „неоколонијална контрола“, бидејќи најголемиот товар го носат најмалку заштитените – малите производители.

Актуелно | пред 5 месеци

kuce-milo

(Фото) Врзано куче влечено со автомобил кај Крива Паланка – спасено, сторителот идентификуван

Шокантен случај на суровост кон животните беше забележан во близина на Крива Паланка, каде куче, врзано за автомобил, било влечено по пат. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како животното лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот. Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено, а неговата здравствена состојба е стабилна.– Доколку некој сака да го вдоми, може да се започне со процедура следната недела, кога ќе закрепне од траумата. Лицето кое го изврши ова грозоморно дело е идентификувано, и против него ќе бидат преземени соодветни мерки од АХВ и МВР – објави активистката Тања Ололовска Ристевска, која повика: „Да му најдеме домче. После ова, заслужува да живее опкружен со љубов и грижа.“

Македонија | пред 5 месеци

Grcija-pozar-manastir

(Видео) Разорни пожари во Грција: Евакуирани цели села и болници, уништени се целосно големи природни области

Манастири, болници, села и големи природни области се меѓу најпогодените од разорните шумски пожари кои од Ахаја се протегаат сè до Закинтос. Огнената стихија принуди на итни евакуации во бројни заедници, а некои здравствени установи, меѓу кои и детската болница „Караманданио“ во Патра, беа испразнети како мерка на претпазливост.Најкритични точки во моментот се регионите Превеза, Хиос и Закинтос, каде пожарникарите и волонтерите водат непрекината борба со повеќе фронтови истовремено. Во околината на Патра, евакуирани се уште четири зони, а екипите работат да го спречат приближувањето на пламените јазици кон густо населените делови од градот.Во Превеза, жителите на Старата и Новата Филипијада мораа да ги напуштат своите домови, а на Закинтос беа испразнети четири населени области. Системот 112 испрати предупредувања со наредби за итна евакуација.Силните ветрови, екстремните температури и сушата дополнително го влошуваат гаснењето на пожарите, додека густиот чад и портокаловата светлина на хоризонтот ја откриваат сериозноста на катастрофата.Во Патра, пламенот го зафати манастирот „Агиос Николаос“, каде што се запали покривот. Пожарникари, калуѓерки и волонтери вложуваат огромни напори да го спасат објектот, додека дел од населението на градот веќе е евакуирано.Нов пожар се појави и во населбата Гори, како и во прифатниот центар за мигранти во Филипијада, кој, според министерот за имиграција и азил Танос Плеврис, бил евакуиран уште во вторник вечерта. Ситуацијата во Филипијада и селата во општина Зирос останува критична.И покрај воздушната поддршка, пламените јазици повторно се разгоруваат и зафаќаат делови од населбите. Локалните жители, волонтери и пожарникари успеале да спасат голем број домови во последен момент. Човечки фактори – без разлика дали од невнимание или намерно палење – често се меѓу причините за избувнување на ваквите пожари, кои покрај материјалната штета претставуваат и сериозна закана за човечки животи.

Свет | пред 5 месеци

srbija-haos-n1

„Нема да има граѓанска војна во Србија, да разговараме“ - повикува Вучиќ, протестите стануваат се пожестоки

Ситуацијата во Србија синоќа достигна ново ниво на тензии, со масовни демонстрации во повеќе градови и жестоки судири во Нови Сад и Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во просториите на СНС во Нови Сад се повредени 64 поддржувачи на владејачката партија и 16 полицајци, од кои двајца потешко, нагласувајќи дека „нема да има милост за оние што тепаат и се закануваат“ и дека „нема да има граѓанска војна“.„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија… Доживеавме дека некои мислеа дека буквално можат да убиваат луѓе и дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа. Нема да им биде дозволено, ќе бидат строго казнети, ќе бидат строго и силно санкционирани. Ќе ја спречиме секоја нивна желба да нè водат кон граѓански конфликти и да ја загрозат безбедноста и мирот на нашата земја“, изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на МВР во Белград околу полноќ.Тој рече дека во Нови Сад имало „1.065 демонстранти“ кои наизменично ги напаѓале предните и задните делови од просториите на СНС, а во Белград 3.084 луѓе на сите локации каде, според него, „ја нападнале полицијата и граѓаните кои размислуваат поинаку“.На снимки од социјалните мрежи и локални телевизии се гледаат маскирани мажи со шипки како напаѓаат граѓани. Вучиќ, меѓутоа, не спомена напади иницирани од поддржувачи на СНС, иако сведоштва и видеа од претходната вечер во Врбас и Бачка Паланка покажуваат дека симпатизери на владејачката партија фрлале факели, камења и шишиња кон демонстрантите, што предизвикало судири.„Не ни помисливме да ја извадиме војската и нема потреба. Нема да има граѓанска војна. Ги поканувам да седнат и да разговараат“, порача Вучиќ.Демонстрациите, кои траат од 1 ноември 2024 година по трагичниот колапс на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 16 лица, продолжуваат како протест против корупцијата и политичката состојба во земјата. Синоќа, полицијата во Белград употреби солзавец за растерување на групи антивладини демонстранти, а засега нема информации за повредени меѓу нив.

Свет | пред 5 месеци

srbija

(Видео) Зовре во Србија: Ексалираа протестите, насилства на улиците

Вчеравечер во повеќе од 30 градови низ Србија се одржаа антивладини протести под слоганот „Србијо, разбуди се“, иницирани од студентските блокади на високошколските институции. Демонстрациите беа организирани како реакција на завчерашните инциденти во Врбас и Бачка Паланка, каде поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) нападнаа граѓани со пиротехнички средства, камења и метални шипки.Најголеми тензии беа забележани во Нови Сад и Белград. Во Нови Сад, околу 21 часот, пред просториите на СНС дојде до жестока ескалација, при што поддржувачите на партијата фрлаа пиротехнички средства, шишиња и камења кон демонстрантите. Следуваше возвратен одговор, а во судирите беа искршени прозорци на седиштето на СНС. Министерството за внатрешни работи соопшти дека еден полицаец е повреден, а кордони беа поставени за да ги разделат завојуваните групи.Во Белград, судирите се одвиваа пред зградата на парламентот, каде се соочија демонстранти и поддржувачи на власта. Претседателот Александар Вучиќ се појави на местото, познато како „Чациленд“, каде поддржувачите на СНС со месеци кампуваат. Полицијата интервенираше, а директорот на полицијата Драган Васиљевиќ за РТС изјави дека не била употребена прекумерна сила.Протестите се проширија и во Ниш, Крагуевац, Чачак, Суботица, Сомбор, Ужице, Лесковац и други градови. Студентските организации ги повикаа граѓаните да се собираат пред просториите на СНС и полициските управи. Во Чачак и Смедерево имало тензии, но без поголеми инциденти.Според извештаите, во Врбас за време на синоќешните судири биле повредени речиси 70 лица, меѓу кои 16 полицајци, што дополнително ги поттикна денешните демонстрации. Опозициските партии и Движењето за обнова ги опишаа настаните како „увод во граѓанска војна“.По средбата со европскиот функционер Штокер, Вучиќ изјави дека Србија девет месеци се соочува со насилни протести и најави можност за предвремени избори. Министерството за внатрешни работи апелираше за смирување на тензиите, додека студентите и демонстрантите продолжуваат да бараат оставки и политички промени.

Свет | пред 5 месеци

dosnica

Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла – активистите слават, но најавуваат нова битка

Приватната компанија која изнајмувала градежна механизација за изградбата на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла од проектот, информираа денеска активистите од иницијативата „Спас на Дошница“.„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, порачуваат од групата.Сепак, активистите предупредуваат дека ова не значи крај на борбата.„Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола! Државата не е ваша приватна играчка, реките не се ваша стока, а народот не е ваше робје. Ние не се тргнуваме, ниту отстапуваме. Ќе стоиме до крај – со глас, со тело и со срце! Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа!“, стои во објавата.Изградбата на хидроелектраната на Дошница веќе подолго време е предмет на остри реакции од еколошки организации и локалното население, кои предупредуваат дека проектот ќе има трајни штети врз реката и биодиверзитетот во регионот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

OpenAI влегува во трка со Neuralink – Алтман работи на алтернатива на Масковиот проект

Судирот меѓу шефот на OpenAI, Сем Алтман, и неговиот долгогодишен ривал Илон Маск би можел дополнително да се вжешти по веста дека Алтман планира да влезе во полето на мозочно-компјутерски интерфејси (BCI), директно конкурирајќи му на Масковиот Neuralink.Според Financial Times, Алтман ќе помогне во основањето на компанијата Merge Labs, BCI стартап кој со поддршка на инвестицискиот тим на OpenAI и други вложувачи целосно ќе се фокусира на развој на напредни интерфејси помеѓу човекот и машината. Проценетата почетна вредност е околу 850 милиони долари. Иако Алтман нема лично да инвестира, ќе биде клучен креатор на проектот.Merge Labs ќе го води Алекс Банија – извршен директор и коосновач на контроверзниот крипто-стартап World, познат по користење на скенери за ирис на окото. Целта е користење на напредна вештачка интелигенција за развој на попрецизни и поефикасни BCI системи – иста технолошка амбиција што ја има и Neuralink.Во блог објава од 2017, Алтман предвиде дека до 2025 година луѓето би можеле „да ги спојат умовите со компјутери“ – визија што очигледно стои зад името Merge. Во истата објава, тој истакна три неизбежни технолошки револуции:Создавање на суперинтелигентна вештачка интелигенција,Генетско подобрување на човекот,Развој на мозочно-компјутерски интерфејси.Маск го напушти управниот одбор на OpenAI во 2018 поради несогласувања со Алтман околу насоката на компанијата. Од тогаш го основа xAI и ја засили работата на Neuralink, а истовремено неколкупати го тужеше OpenAI, обвинувајќи го за отстапување од неговата првична непрофитна мисија.Neuralink моментално е проценет на околу 9 милијарди долари, што му дава значителна предност пред Merge Labs, но влезот на Алтман во ова поле би можел сериозно да го засили ривалството меѓу двајцата технолошки магнати.

Свет | пред 5 месеци

putin-x-epa

Што навистина сака Путин од Трамп на Алјаска? Не станува збор за мир во Украина

Малкумина очекуваа дека Алјаска ќе стане сцена за клучен самит на американскиот и рускиот лидер. Но токму таму, во најголемата и најоддалечената американска држава, утре ќе се сретнат претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на еден од потенцијално најважните состаноци во нивните мандати.Во Москва, каде провладините пропагандисти веќе ја слават користа што ќе ја донесе овој самит, владее чувство на големо исчекување, пишува CNN.За Кремљ, самото одржување на самитот со американскиот претседател е огромна победа.„Никој повеќе не зборува за меѓународната изолација на Русија, ниту за нашиот стратешки пораз“, напиша влијателниот провладин воен блогер Александар Коц, додавајќи дека средбата на Алјаска има „сите шанси да стане историска“.Средбата му овозможува на Путин да се врати на главната маса на меѓународната дипломатија, пркосејќи на оние што сакаат да го бојкотираат или уапсат под обвиненија за воени злосторства во Украина.Изборот на Алјаска како локација е вистински мамец за руските националисти кои и денес тврдат дека таа територија е „историски нивна“. Алјаска, некогашен посед на Руското Царство, била продадена на САД во 1867 година за тогашни 7,2 милиони долари – цена што во Москва и денес ја сметаат за понижувачка.Дополнителен оган запалија изјавите на Трамп воочи самитот, кога по грешка рече дека патува во „Русија“ на средба со Путин – што руските медиуми го протолкуваа како признавање дека Алјаска е „наша“.За остатокот од светот, фокусот на овој самит е исклучиво војната во Украина и прашањето дали Русија е подготвена за вистински отстапки. Белата куќа порача дека Трамп ќе се концентрира на завршување на конфликтот.Вчера, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, Трамп вети „многу тешки последици“ доколку Путин одбие да ја прекине војната. Но Кремљ, кој се чувствува доминантно на украинското бојно поле, досега не покажал знаци на компромис.Поверојатно е дека Путин има друга агенда. Се појавија детали за наводна руска мировна понуда според која Киев би се откажал од делови на Донбас во замена за прекин на огнот – предлог што украинското раководство категорично го одби.„Немам право да ја предадам својата земја“, порача Зеленски, кој не е поканет на самитот. „Ако денес го напуштиме Донбас, нашите утврди и позициите што ги контролираме, ќе им го отвориме патот на Русите за нова офанзива.“Сепак, Трамп изгледа отворен за идејата „територија за мир“, дури и ако е неповолна за Украина – што му отвора можност на Путин да ги прикаже Киев и Европа како главна пречка за мир, поткопувајќи ја американската поддршка за Украина.Белата куќа се обиде да ги намали очекувањата, опишувајќи ја средбата како „испитување на теренот“. Тоа на Путин совршено му одговара – бидејќи токму Кремљ ја побара средбата, веројатно за да одложи нови американски царини и санкции.Разговорите со Трамп може да му послужат да го одвлече прашањето за Украина во втор план и да отвори простор за поширок „рестарт“ на односите со Вашингтон, што би ги поделило западните сојузници.Фактот дека во руската делегација ќе биде и главниот економски пратеник на Кремљ, Кирил Дмитриев, укажува дека на маса ќе бидат и теми за економска соработка. Ако Путин успее, „украинското прашање“ би можело да стане само една од темите – и тоа не најитната, заклучува CNN.

Свет | пред 5 месеци

Biljana-Ivanovska

Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалник на Центар

Платформата „Независни заедно“ ја претстави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар.Ивановска, позната по својата борба за правда и против корупцијата, добива поддршка од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“.Нејзината кандидатура официјално ќе биде објавена на прес-конференција која ќе се одржи пред фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк, во четврток во 09:30 часот, информираат од платформата.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања