ТОП

Screenshot-2025-08-14-at-22.51.48

(Фото) Исчезнат струмичанец – семејството бара помош во потрагата

Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица, се исчезнат од вчера околу 14 часот.Според информациите, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа и бели патики, а со себе носел и црн ранец.Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот.„Скопје1“ побара информации од Министерството за внатрешни работи, од каде потврдуваат дека се трага по Дрвошанов, кој е пријавен од страна на член на семејството, за исчезнат.„Денеска (14.08.2025) во СВР Струмица во 08:40 часот Д.Љ.(64) од Струмица пријавила дека на 13.08.2025 околу 13:00 часот нејзиниот син Р. Д. (39) се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп: Верувам дека Путин и Зеленски можат да постигнат мир

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски можат да постигнат договор за мир, додавајќи дека утрешниот негов состанок со Путин во Алјаска е „голем и важен“ и би можел да спаси многу животи.Одговарајќи на новинарско прашање дали е подготвен да му понуди на Путин пристап до ретки минерали во замена за прекин на војната, Трамп рече дека утрешната средба е само прв чекор, а уште поважен би бил потенцијалниот втор состанок на кој би присуствувале и Путин, Зеленски, тој самиот и, можеби, европски лидери.„Ќе видиме дали можат да се договорат“, изјави Трамп, нагласувајќи дека состаноците не треба да се гледаат како „награда“ за агресорите. Тој повторно истакна дека војната никогаш немаше да започне доколку тој останеше на функцијата во 2020 година.Трамп посочи дека неговата цел во Алјаска е да постави темели за можен директен дијалог меѓу Путин и Зеленски. По изјавите, делот со прашања и одговори беше прекинат, а новинарите беа замолени да го напуштат Овалниот кабинет.

Свет | пред 5 месеци

0-02-05-0c18bfe524b6aae54a4bc506686e78d39d9b33df62f29043e4b6f3ab86e7536b_21d1182000d

27 пожари низ Македонија – шест сè уште активни, меѓу нив и тој во Јасен

До 18 часот денеска, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи. Од нив, шест се сè уште активни, еден е ставен под контрола, а 20 се изгаснати.Активни пожари се бележат во општините Македонски Брод (подрачјето „Јасен“ и меѓу селата Девич и Грешница), Јегуновце (помеѓу Рогачево и Јажинце), Брвеница (меѓу Челопек и Милетино), како и два во Кичевско – кај селата Аранѓел и Мало Церско.Под контрола е пожарот кај „Октишка Краста“ во Струшко, додека 20 пожари на различни локации низ државата се целосно изгаснати.Најчести се опожарувањата на ниска вегетација, стрништа и шумски површини, а во повеќе случаи гореле и депонии.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-19.27.04

Поднесена кривична против мажот што влечеше куче со автомобил

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена пријава против 59-годишниот З.М. од Крива Паланка, кој на магистралниот пат меѓу селото Жидилово и Крива Паланка, со својот автомобил „Фиат Панда“ врзал куче и го влечел по коловозот.Инцидентот се случил на 13 август 2025 година, а истиот ден во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка со него бил извршен службен разговор.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

droga

Брутално тројно убиство во Боливија – жртвите се Македонец од Струга и двајца Срби, биле тешко мачени!

Телата на еден македонски и двајца српски државјани, брутално убиени и спакувани во црни кеси, се пронајдени во Боливија во средата наутро. Според боливиските истражни органи, убиствата се поврзуваат со дејствување на јужноамерикански нарко-картели и меѓународни криминални пресметки.Неофицијалните информации од истрагата, која ја води јавниот обвинител Алберто Зебалос, укажуваат дека сите тројца биле подложени на тешки мачења во зграда северно од Санта Круз де ла Сиера, пред да бидат ликвидирани. Двајца од мажите имале повеќекратни повреди од тап предмет, а третиот – прострелна рана во главата. Телата се испратени на обдукција, по што ќе се изврши официјална идентификација.Иако првичните медиумски извештаи тврдеа дека сите жртви се српски државјани, подоцнежните проверки потврдија дека едниот од убиените е Македонец – стружанецот Дејанчо Л. Другите двајца се од Ниш – Миљан Ќ., познат под прекарот Хитри, и уште еден маж кој, според наводите, бил водач на меѓународна криминална група задолжена за транспорт на кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.Според истрагата, Миљан Ќ. бил ликвидиран два дена претходно, а групата се движела низ регионот со фалсификувани документи за идентификација. Боливиските власти, со поддршка на меѓународни полициски служби, го истражуваат случајот како дел од поширока операција против нарко-картелите.„По дознавањето за случајот, обвинителот пристигна на местото на настанот за да ги спроведе почетните истражни чекори. Имаме прелиминарен полициски извештај, записник од пребарување, законско отстранување на телата и други елементи што се анализираат за да се расветли ова тројно убиство. Три лица се уапсени за истражни цели,“ изјави обвинителот Зебалос.Телата биле откриени околу 1 часот по полноќ, по итен повик до полицијата. Истражителите велат дека според првичните сознанија, ликвидациите произлегуваат од вооружен конфликт меѓу спротивставени криминални структури кои се борат за контрола врз дистрибутивните канали на дрога во Јужна Америка.Од македонското МНР потврдија дека амбасадата на Северна Македонија во Бразил е во постојана комуникација со амбасадата на Боливија во Бразилија. „За потврда на идентитетот на жртвите, се очекува завршување на обдукцијата, која е во тек,“ наведуваат од министерството.

Македонија | пред 5 месеци

tepacka1

Нападнат малолетник во Кисела Вода, се обиделе да му го одземат телефонот

Малолетник бил нападнат од тројца врсници во парк во Кисела Вода, кои се обиделе да му го одземат мобилниот телефон, соопшти МВР.Денеска (14.08.2025) во 02:30 часот во СВР Скопје М.С.(43) од Скопје пријавила дека на 13.08.2025 околу 23:10 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца други малолетници, кои се обиделе да му го одземат и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Работник тешко повреден на живинарска фарма во Гевгелија

Млад работник од Гевгелија се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи на живинарска фарма, информира МВР.На 12.08.2025 во 12.15 часот во ОВР Гевгелија од Општата болница Гевгелија е пријавено дека кај нив бил донесен со тешки телесни повреди Д.С.(22) од Гевгелија. Според пријавеното, со повредите се здобил додека извршувал работни задачи на објект во живинарска фарма во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_4224

Изгореа пасат и џип во Гевгелија, истрагата во тек

Два автомобили изгореа рано утрово во Гевгелија во пожар кој избувнал пред куќа на жител од градот, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58). Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 5 месеци

belanocaa

Одложена расправата за „Беланоца – Барон“ поради отсуство на бранител

Поради отсуство на бранител, Кривичниот суд ја одложи расправата за предметот „Беланоца – Барон“, закажана за 15 август, и најави дека постапката ќе продолжи во септември и ноември според претходно утврдената динамика.Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 90/25, поврзан со групата Беланоца – Барон, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 15.08.2025 година се отповикува заради отсуство на бранител.Имено, бранителот Мерџан Даути, го извести судот дека, поради користење годишен одмор и лекување на член на семејството во странство, не прима покани, акти и други дописи во периодот од 18.07.2025 до 08.09 2025 година.Расправата ќе продолжи на следните термини согласно претходно утврдената динамика за месец септември и ноември 2025 година, а за сите дополнителни информации јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, информира Кривичен суд

Македонија | пред 5 месеци

tramp-putin

Путин пред утрешниот состанок на Алјаска: Администрацијата на Трамп вложува енергични напори за прекин на конфликтот во Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема „енергични и искрени напори“ за прекин на конфликтот во Украина и постигнување договори во интерес на сите страни, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок со високи претставници на државното и владиното раководство во Москва.„Како што сите знаат, тие, според мене, вложуваат доста енергични и искрени напори за прекин на конфликтите и кризата и за постигнување договори што се во интерес на сите страни во конфликтот, со цел да се создадат долгорочни услови за мир меѓу нашите земји, но и во Европа и светот како целина,“ рече Путин.Тој најави дека ќе ги информира учесниците на состанокот за текот на преговорите околу украинското прашање, како и за моменталната фаза во односите меѓу Русија и САД. Рускиот лидер не ја исклучи можноста следната фаза од контактите со Вашингтон да биде постигнување договор за Новиот договор за намалување на стратешкото оружје.Состанокот беше дел од подготовките за утрешните разговори на Путин со Трамп и американската делегација во Алјаска.

Свет | пред 5 месеци

lefkada-brza-pomos

Петмина повредени, меѓу нив и тригодишно девојче, во несреќа во Арачиново!

Тригодишно девојче, двајца возачи и уште тројца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи во Арачиново, информира МВР.-На 13.08.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61), двајцата од с.Арачиново, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „сеат“ Ч.И.(36) од с.Арачиново, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, тригодишно девојче, С.А.(20) и З.А.(28), сите од с.Арачиново, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

edi-rama

Рама предлага „АИ министерство“ за бескомпромисна борба против корупцијата

Албанскиот премиер Еди Рама ја изненади јавноста со идеја за формирање министерство што целосно би го управувала вештачка интелигенција, оценувајќи ја како „најефикасен иден член на владата“, пренесува бриселски „Политико“.„Еден ден, можеби ќе имаме министерство кое е целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси,“ изјави Рама на прес-конференција.Албанија веќе користи вештачка интелигенција во институциитеВладата во Тирана веќе применува алгоритми за следење јавни набавки, откривање аномалии во даночните и царинските постапки, како и за надзор со дронови и сателити за спречување на нелегална градба и канабис-плантажи. Планирана е и примена на технологија за препознавање лица за автоматско санкционирање сообраќајни прекршоци.Покрај тоа, земјата интензивно ги дигитализира владините услуги – 95% од сите граѓански услуги се достапни онлајн преку платформата „е-Албанија“. Корисниците на порталот ги пречекува виртуелен јавен службеник со вештачка интелигенција, кој помага при поднесување даночни пријави, добивање изводи и аплицирање за дозволи и лиценци.Во јули, Рама најави целосен премин на дигитални плаќања и укинување на готовината до 2030 година – амбициозна цел, имајќи предвид дека кешот сè уште е широко користен во земјата.Иако платформата „е-Албанија“ беше цел на неколку сајбер напади од Иран, а постарите граѓани имаа потешкотии со нејзино користење, Рама тврди дека преку неа се извршени околу 49 милиони трансакции за пет години, со заштеда од над 600 милиони евра за граѓаните во земјата и дијаспората.Модернизација или „големиот брат“?Премиеровиот предлог испраќа порака до ЕУ дека Албанија е подготвена за технолошка модернизација и поостра борба против корупцијата. Но, критичарите предупредуваат дека масовниот надзор без соодветен јавен надзорен механизам може да ја загрози приватноста и граѓанските слободи.Динамит и ригорозни казниОва не е првпат Рама да привлече внимание со неконвенционални потези. Неодамна на „Фејсбук“ објави видео од акција за уривање на дивоградби со динамит, објаснувајќи дека тоа е дел од решителната борба против бесправната градба.На 12 август тој порача дека потпалувачите на пожари ќе се третираат како убијци, споделувајќи снимка од подметнат пожар во Грамш. Според податоците, ова лето во Албанија се изгорени речиси 34.000 хектари шума. Изјавата доби поддршка и од министерот за одбрана.

Свет | пред 5 месеци

pilesko-meso

Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари.Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот, наведуваат во соопштението.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Уште едно дете се затруло со непозната течност во Куманово!

Кумановската болница синоќа пријавила случај на затруено дете во Куманово. Според информации од кумановската полиција станува збор за четиригодишно дете.– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Од болницата соопштуваат дека детето е примено на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје.Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент.Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.

Македонија | пред 5 месеци

ustaven

Уставниот суд во јули отворил 26 нови предмети!

Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани.10 предмети се однесуваат на оценување на уставноста на закони и подзаконски акти,12 предмети се оформени по иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи,4 предмети се поврзани со заштита на слободите и правата на граѓаните.Предмети за оценување на уставност на закони и актиМеѓу оформените случаи има иницијативи за укинување или измена на клучни одредби од:Законот за извршување (прашање за неможност наплата на побарувања од државни органи и јавни претпријатија),Законот за судовите (ограничување на надлежност на судии со помал стаж),Законот за ПИОСМ (усогласување на пензии за пензионери во странство),Законот за облигациони односи (казнена камата и третман на должници),Законот за процена (еднаквост на проценувачи),Законот за стоковите резерви (правна сигурност),Законот за средното образование (право на бесплатен превоз и еднаков третман на ученици),Законот за градење и Законот за Град Скопје (постапка за поништување на одобренија за урбана опрема).Посебно внимание предизвикуваат иницијативите поврзани со пензионерските права, каде неколку подносители тврдат дека измените на законите создаваат дискриминација меѓу пензионерите кои живеат во земјата и оние кои живеат во странство.Предмети за оценување на уставност и законитост на подзаконски актиОспорени се правилници, упатства и одлуки на институции и општини, меѓу кои:Упатство на „Национални шуми“ за одобрение за сеча во хипотекарни шуми,Правилници за професионално усовршување на сметководители,Статут на синдикат кој ограничува истапување на членови,Решение за ограничување на градби во рамки на ГУП на Скопје,Општински одлуки за цени на комунален отпад (Велес),Протокол од меѓувладина комисија со Бугарија (идентитетски прашања),Одлуки поврзани со бројот на членови во советите на општините,Правила за снабдување со топлинска енергија од Регулаторната комисија за енергетика.Барања за заштита на слободите и праватаЧетири предмети се оформени по барања на граѓани за:Право на жалба и правна заштита (случај на асистент на факултет),Дискриминација по социјална припадност (професионални војници на определено време над 20 години),Дискриминација во судска постапка (нееднакви можности за одбрана),Дискриминација по политичка припадност (разрешување од функција и ускратено право на плата по престанок на мандат).Сите иницијативи ќе бидат разгледани во рамките на постапките на Уставниот суд, кој има надлежност да утврди дали оспорените акти се во согласност со Уставот и законите. Дел од предметите носат потенцијални системски последици, особено оние што се однесуваат на пензискиот систем, правата на учениците и надлежностите на судовите.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања