ТОП

ivanovska

Обвинител ја контактирал Ивановска - распитот може да се одложи кога ќе завршат изборите!

По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.Од ОЈО Скопје соопштија дека постапуваат по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и дека преземаат дејствија за проверка на наводите. Како едно од дејствијата е испитување на лицето кое во периодот на кој се однесува пријавата ја извршувало функцијата претседател на ДКСК. Поканата за распит била испратена на 25 јули годинава, а од обвинителството нагласуваат дека таа не е поврзана со политичките активности на поканетата.Ивановска во својата објава наведе дека синоќа во 20:30 часот двајца полицајци дошле да ѝ врачат кривична пријава, но не ја затекнале дома, по што утрото ја подигнала поканата од ОЈО Скопје. Таа е повикана на разговор на 19 август, а во јавната објава порача дека нема што да крие, не се плаши од притисоци и дека нејзината цел е борба против корупцијата и клиентелизмот.

Македонија | пред 5 месеци

ojo-1

Пријавата против Ивановска е од февруари, на распит ја поканиле во јули, таа поканата ја добила денеска

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите.„Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата,“ соопштија од ОЈО.Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – на социјалните мрежи објави дека повикот за распит го добила само 11 часа по објавата на својата кандидатура.„Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам поканата од ОЈО Скопје. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Немам што да кријам и не се плашам од никакви притисоци. Нашата битка е отпор против антивредностите на корупцијата и клиентелизмот,“ напиша Ивановска, најавувајќи дека ќе ја информира јавноста за развојот на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

Biljana-Ivanovska

Ивановска: 11 часа по кандидатурата за Центар, ми врачија кривична пријава

Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска, објави на Фејсбук дека 11 часа по најавата на кандидатурата двајца полицајци дошле да ѝ врачат кривична пријава; утринава ја подигнала поканата од ОЈО Скопје и е повикана на разговор на 19 август.

Скопје | пред 5 месеци

andrej-t-fb-630x420-1

Црногорската полиција распиша потерница,18-годишниот Андреј од Македонија осомничен за обид за убиство!

Црногорската полиција интензивно го бара македонскиот државјанин Андреј Танасковски (18), осомничен дека се обидел да го убие 56-годишниот Марко Љубиша, познат под прекарот Кан, жител на Будва.Инцидентот се случил пред осум дена, на базенот од хотелски комплекс во Пржно, каде осомничениот испукал два истрела во правец на Кан, нанесувајќи му повреди на главата. Жртвата веднаш добила лекарска помош и по краток престој во болница е пуштена на домашно лекување. Напаѓачот побегнал и оттогаш му се губи трага.Од Полициската управа соопштија дека граѓаните треба веднаш да пријават доколку го забележат Танасковски или ако им побара сместување, предупредувајќи дека свесното прикривање информации претставува кривично дело. Информации може да се достават до најблиската полициска станица, преку бројот 122 или анонимно на 19969.Според полицијата, нападот врз Кан бил однапред испланиран. Осомничениот, додека престојувал во хотел, користел фалсификувана лична карта на име Ј.Г., српски државјанин роден во септември 2006 година, како начин за инфилтрирање и подготовка на кривичното дело.Црногорските медиуми пренесуваат дека против Танасковски е поднесено обвинение за обид за убиство, недозволено поседување и носење оружје и експлозивни средства, како и за фалсификување документи.Фото: Полициска управа на Црна Гора, Фејсбук

Македонија | пред 5 месеци

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Македонија повторно без универзитет на Шангајската листа за 2025 година

И годинава, ниту еден универзитет од Македонија не се најде меѓу најдобрите во светот според најновата Шангајска листа, што уште еднаш ја отвора темата за длабоките системски слабости во високото образование.На врвот на рангирањето по 23-ти пат е Харвард, а веднаш зад него се редат Стенфорд, МИТ, Кембриџ и Оксфорд – институции со глобален академски престиж и врвни научни резултати.Рангирањето се базира на шест показатели: број на добитници на Нобелова награда и Филдсов медал, објавени трудови во престижните списанија Nature и Science, високо цитирани истражувачи, број на индексирани научни трудови, како и вкупни перформанси по глава на жител.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_1591-2

Бујар Османи ќе се фокусира на спортот - ја претстави програмата за Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера пред спортистите и спортските работници во Чаир ја претстави својота сеопфатна програма за развој на спортот, изготвена врз основа на детални анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти.Анализата откри сериозни недостатоци во спортот во Чаир: недостиг на развојна стратегија, нефункционални сали и спортски игралишта, нетранспарентно користење на постојната инфраструктура, ограничен пристап за маргинализираните групи, жените и повозрасните лица, како и речиси целосно отсуство на натпревари и организирани активности за младите.Османи најави дека приоритет во првите две години ќе биде целосната ревитализација на постојните спортски објекти. Спортските сали „Енвер Идризи“ во Серово, „Васил Главинов“ на Џон Кенеди, „Имри Елез“ во Дижон и „Лирија“ во Гази Баба ќе бидат целосно реновирани - од покривите и осветлувањето, до соблекувалните и санитарните простории.Ќе се легализираат и реконструираат салите „Шабан Трстена“ и „Партизан“, при што „Партизан“ ќе се претвори во современ мултифункционален спортски центар кој ќе го носи името на легендарниот олимписки шампион Шабан Сејдиу. Исто така, ќе се изгради нова спортска сала во едно училиште кое досега немало таков објект, а таа ќе го носи името на познатиот боксер Азис Салиу.Програмата предвидува и создавање нови отворени спортски игралишта во Гази Баба, Серово и Топанско поле, како и уредување на парковите и училишните дворови со спортско-рекреативни содржини. Ќе се обезбедат програми и пристапна инфраструктура за лицата со попреченост, како и активности прилагодени за жените и постарите лица.Младите талентирани спортисти од Чаир ќе добијат стипендии и финансиска поддршка за подготовка и учество на меѓународни натпревари, а спортските клубови ќе имаат можност да аплицираат за општински средства и техничка помош за аплицирање во европските фондови. Османи, исто така, најави основање на гимнастички, атлетски и џудо клуб - спортови кои досега недостасувале во Чаир.Во образованието, училиштата ќе се специјализираат според спортовите, на пример, „Лирија“ за борење, „Шабан Трстена“ за кошарка, „7 Март“ за ракомет, „Исмаил Ќемали“ за одбојка, „Имри Елез“ за карате, без исклучување на другите дисциплини. Учениците ќе имаат 3 часа физичко образование неделно, плус 2 часа воннаставни активности, со наставници субвенционирани од општината.Ќе се организираат: „Недела на спортот“, училишна спортска лига, турнири и мала општинска олимпијада за поттикнување на натпреварувачкиот дух. Османи предвидува и основање Центар за истражувања во спортот, кој ќе ја интегрира науката, физичкото образование и здравјето, со цел позитивно да влијае врз социјалниот развој преку спортот. Во рамки на програмата се вклучени и обуки за младите за алпинизам, кампување и активности во природа.Бујар Османи посебно го нагласи значењето на проектот за помош на спортските клубови при аплицирање за европски фондови: обуки и работилници за запознавање со програмите за финансирање, критериумите и роковите за аплицирање; техничка асистенција при подготовка на проектни предлози, буџети и потребната документација; посредување за меѓународни партнерства со клубови и спортски организации од земјите на ЕУ за развој на заеднички проекти.„Ова не е само список на проекти, туку стратегија со јасна визија - Чаир да стане пример за современа, достапна и сеопфатна спортска средина, каде секое дете и секој граѓанин има можност за активен и здрав живот,“ нагласи Османи, додавајќи дека програмата дополнително ќе се разработува во консултација со граѓаните и спортските работници.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.51.48

Полицијата го најде исчезнатиот струмичанец, кого го немаше речиси два дена

Во близина на Колешинските водопади, струмичката полиција го пронајде 39-годишниот Р.Д., кој неговата мајка го пријави како исчезнат пред два дена.-Денеска (15.08.2025) во 10:30 часот во близина на Колешински водопади полициски службеници од СВР Струмица го пронајдоа Р.Д.(39), кој на 14.08.2025 од страна на неговата мајка Љ.Д.(64) од Струмица беше пријавен дека на 13.08.2025 се оддалечил.

Македонија | пред 5 месеци

marihuana-vo-torba

Возач од Здравствен дом Берово приведен – во службено возило откриена марихуана!

Полицијата приведе 29-годишен возач од Берово, вработен во ЈЗУ Здравствен дом Берово, кај кого при контрола биле пронајдени марихуана и ризла.Интервенцијата се случила на 14 август 2025 година, околу 22 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница. Полициски службеници од Виница, во координација со колегите од Берово, го сопреле возилото „Дачија Сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на Здравствениот дом, управувано од Б.Р.Претресот бил извршен по претходно добиени оперативни сознанија, при што кај возачот е пронајдена дрогата.Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој наложил осомничениот да биде лишен од слобода. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-11.11.20

(Видео) Од украински знамиња до молитви – Алјаска го пречекува самитот Трамп–Путин со поделени емоции

Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин се подготвуваат да слетаат во заедничката база Елмендорф–Ричардсон, 30 минути од Анкориџ, улиците во близина се исполнети со демонстранти и поддржувачи.„Путин треба да биде во затвор, а тој само така доаѓа на Алјаска,“ вели Хана Кореа, 40-годишна Украинка која се преселила во САД во 2019 година. Држејќи украинско знаме, таа признава дека се расплакала кога видела колку Американци даваат поддршка. „Тажно е што Зеленски не е поканет,“ додава таа.Во редовите на демонстрантите е и Кристофер Келихер, 53-годишен воен ветеран и жител на Алјаска: „Одвратно е… Путин не треба да е во нашата држава, а имаме идиот во Белата куќа кој ќе му се додворува.“Историјата на регионот со Москва додава тежина на средбата. Алјаска била купена од Русија во 1867 година за 7,2 милиони долари, а денес, руското културно наследство е видливо низ православните цркви. Во црквата „Свети Тихон“ во Анкориџ се одржуваат тридневни молитви, а свештеникот Николас Крегл вели: „Надеваме се оваа средба да донесе крај на конфликтот.“Меѓу поддржувачите е и рибарот Дон Кресли од градот Норт Пол: „Мислам дека е добра идеја. Би сакал да е и Зеленски тука… Трамп прави фантастична работа.“ Тој сака крај на војната „заради уништувањето на градовите и затоа што луѓето остануваат без домови, храна и средства за живот.“Сепак, напнатоста меѓу САД и Русија останува. Руски воени авиони често се пресретнувани во близина на алјасканскиот брег, а некои жители се чувствуваат изложени на ризик. „Живееме поблиску до Русија отколку до Вашингтон,“ вели Расел Вилсон од Анкориџ. „Ако претседателот не удри со тупаница по маса, би можеле да бидеме следната Украина.“

Свет | пред 5 месеци

nbrm-narodna-banka

„Таинствени проверки“ по терк на ЕУ од Народната банка – мерка за заштита на граѓаните!

На последната седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки со кои се зајакнува системот за заштита на потрошувачите и се воведуваат нови стандарди за транспарентност, фер практика и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните.Првата одлука предвидува банките да обезбедуваат јасни, точни и навремени информации за сите финансиски производи и услуги, особено пред склучување договори за кредити и депозити. Целта е потрошувачите да добијат целосен увид во придобивките, ризиците и трошоците што ги носи секој производ.Втората одлука поставува стандарди за фер и транспарентен пристап во односите со клиентите и забранува нефер, измамнички и агресивни практики. Банките ќе мора да донесат интерни акти за обезбедување еднаков третман и недискриминација, вклучително и за лицата со попреченост.Со третата одлука се уредува системот за прием и разгледување на поплаки, со јасно дефинирани рокови за одговор и обврска за формирање посебна организациска единица или назначување лице задолжено за заштита на потрошувачите.Четвртата одлука го регулира начинот на контрола од страна на Народната банка, која ќе опфаќа теренски, вонтеренски и т.н. „таинствени“ проверки, по примерот на европските практики.Според Народната банка, овие мерки ќе придонесат за потранспарентна и пофер средина во финансискиот сектор, како и за поголема финансиска инклузија.

Македонија | пред 5 месеци

uciliste-skolo-3

Ранци, тетратки, фломастери, моливи....сѐ за училиште по намалени цени!

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември.Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.Апелираме да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува.Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намалат, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се преполовил на половина.Владата е насочена кон носење на конкретни мерки кои значат подобрување на животниот стандард и економската состојба.

Македонија | пред 5 месеци

tepanje

(Вознемирувачки фотографии) Брутална полициска интервенција во Ваљево – претепани и приведени граѓани

Протестот „Вечерва пукате по шавови“, организиран од студенти во Ваљево, заврши со жестока полициска акција и бројни повредени граѓани. Според снимките објавени на социјалните мрежи и пренесени од Нова.рс, униформирани полицајци користеле прекумерна сила, а дел од демонстрантите биле брутално претепани.Напнатоста во градот траела целата вечер. На клучните раскрсници биле поставени двојни полициски кордони во опрема за разбивање демонстрации, кои го блокирале пристапот кон улицата Хајдук Вељкова. Присутните скандирале против актуелната власт, претседателот и полицијата, јавува Нова.рс.Видеата што кружат онлајн прикажуваат полицајци како тепаат граѓани, вклучително и оние кои се обиделе да се засолнат во влезовите на станбените згради. Според очевидци, полицијата влегувала по нив и продолжувала да ги удира.Еден млад човек бил нападнат од повеќемина припадници на полицијата во опрема за немири, а граѓаните сведочат дека органите на редот апселе и тепале без разлика дали лицата учествувале во протестот. Имало случаи кога полицијата влегувала во околните барови, извлекувала луѓе надвор и физички ги нападнала пред да ги приведе.

Свет | пред 5 месеци

edi-rama

Еди Рама го затвори „Њуз24“ без судска одлука – нов удар врз медиумската слобода во Албанија

Повеќе од 230 новинари и други вработени во „Фокус Медиа Груп“ од 11 август годинава не можат да влезат во своите канцеларии, а исплатата на платите и социјалните придонеси е стопирана. Причината – затворање на телевизијата „Њуз24“ по налог на премиерот Еди Рама, без постоење судска наредба, што предизвика сериозни реакции за нарушување на слободата на говорот и демократијата.Во раните утрински часови, просториите на „Фокус Медиа Груп“, каде се сместени редакциите на „Њуз24“, „БалканВеб“, „Панорама“ и „Газета Шкиптаре“, беа опколени од полицијата. Во акцијата, лично наложена од Рама, беше прекинато електричното напојување, а новинарите останаа пред вратите на своите работни места. Програмата на „Њуз24“ во целост запре во 7:36 часот, а подоцна делумно беше вратена само преку YouTube.Властите ја оправдаа акцијата со наводен спор за сопственост поврзан со пренос на дел од комплексот на државно претпријатие, но не понудија правна основа или судско решение. Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, потегот го оцени како „примитивен чин на политичка одмазда“ и обид да се замолчи „еден од последните независни медиуми во земјата“.Регионалната новинарска мрежа SafeJournalists остро го осуди затворањето, барајќи постапката да биде законита, транспарентна и пропорционална. Од Центарот SCiDEV, Блерјана Бино предупреди дека одземањето на правото на работа на „Њуз24“ без судска одлука претставува опасен преседан и пример за произволна употреба на институционалната моќ.Новинарот и аналитичар Ерл Мурати апелираше за итна интервенција на Врховниот судски совет и судските институции, потсетувајќи дека веќе постои судска одлука која дозволува новинарите да се вратат на работа, но таа не е спроведена. „Во ниту една земја од ЕУ или развиената демократија не се дозволува новинарите да бидат исфрлени од својата медиумска куќа поради административен спор за сопственост. Ова е судски решено, а институциите молчат“, рече тој, додавајќи дека логото на „Њуз24“ е јавна сопственост во која Албанците имаат доверба.Мурати побара и од обвинителството и од Врховниот суд да реагираат, обвинувајќи ја државната компанија KAYO дека не ја почитува судската одлука.Делегацијата на Европската Унија во Тирана соопшти дека внимателно ја следи состојбата и инсистираше сите несогласувања да се решаваат во согласност со законот, со почитување на слободата на медиумите и заштитата на изворите.„Њуз24“ е третиот медиум што згасна во времето на Рама, по „Агон ченел“ и „Ора њуз“. Случајот ја продлабочи загриженоста за трендот на заобиколување на правните процедури, концентрација на сопственоста и засилување на самоцензурата во албанските медиуми.

Свет | пред 5 месеци

FcbveISA2D-kako-amerikanskiot-kongres-mu-namigna-na-putin-a-mu-vrza-vrela-slakanica-na-tramp

Путин пристигна во Магадан, па продолжува кон Алјаска! Светот во очекување на историскиот самит меѓу рускиот лидер и Доналд Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во рускиот град Магадан на Далечниот Исток, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, јавува дописникот на РИА Новости.Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претседателот ќе изврши увид во јавните работи и индустриските објекти во регионот, а ќе разговара и со гувернерот Сергеј Носов.„Потоа ќе оди во Алјаска и ќе започне руско-американската агенда“, рече тој.Растојанието меѓу Магадан и Анкориџ е околу три илјади километри, а времето на летот помеѓу градовите е околу четири часа.Според портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, Путин и Трамп ќе се сретнат во Анкориџ во петок во 22:30 часот по московско време (23:30 часот по македонско време). Самитот ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон. Политичарите прво ќе разговараат лице в лице, потоа со учество на делегации, а разговорите ќе продолжат на работен појадок.Централната тема на средбата ќе биде решавањето на украинската криза, а страните ќе разменат мислења и за соработката меѓу Москва и Вашингтон. Лидерите ќе разговараат за задачите за обезбедување мир и безбедност, како и за прашања од меѓународната и регионалната агенда.Не се очекува потпишување документи за време на состанокот. Лидерите ќе зборуваат за постигнатите договори на заедничка прес-конференција.Објавен е распоредот на ТрампБелата куќа го објави распоредот на патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, за средба со рускиот претседател Владимир Путин.Шефот на Белата куќа наводно пристигнува во Анкориџ во 06:45 часот (12:45 часот по македонско време).„Во 11:00 часот по локално време (21:00 часот по македонско време), Трамп ќе учествува во билатерална програма со претседателот на Руската Федерација во Анкориџ“, се наведува во документот.Според распоредот, Трамп ќе го напушти градот во 21:45 часот (03:45 часот по македонско време).Според портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, лидерите ќе ги започнат своите разговори во 21:30 часот по московско време (22:30 часот по македонско време).Руската делегација ги вклучува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и специјалниот претседателски претставник за инвестиции и надворешно-економска соработка Кирил Дмитриев.Централна тема на самитот Путин–Трамп ќе биде решавањето на украинската криза, но ќе се дискутираат и други теми. „Секако, ќе бидат опфатени пошироки задачи за обезбедување мир и безбедност, како и актуелни и најакутни меѓународни и регионални прашања“, нагласи Ушаков.Лидерите ќе разговараат и за билатералната соработка во економската сфера: „Забележувам дека оваа соработка има огромен, и за жал, досега неискористен потенцијал“.Сè уште не е јасно дали ќе се одржи заедничка прес-конференција, но сигурно е дека лидерите на двете земји ќе се обратат на печатот.Историска средба во Алјаска – Русите слетааПрвиот руски владин авион Ил-96, кој полета од московскиот аеродром Внуково, слета во Анкориџ, според податоците на Flightradar. Според руските медиуми, можно е во него да се наоѓа група што се подготвува за самитот меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.Втор авион со 52 руски новинари полета од Москва синоќа во 17:30 часот. Новинарите на аеродромот ги пречека Ил-96, во кој се наоѓаше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу патниците е и рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, кој тивко спомена дека се вратил од одмор.Новинарите ќе бидат сместени на стадионот „Сали“ во Анкориџ.Средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска ќе започне во 21:30 часот по московско време (22:30 часот по македонско време) со средба еден на еден, на која, освен лидерите, ќе учествуваат само преведувачи, изјави на брифинг помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Двајцата претседатели ќе ги продолжат разговорите на работен појадок.

Свет | пред 5 месеци

invalidska-kolicka2

Го чекаа ребалансот, сега го чекаат потписот на новата директорка – личните асистенти три месеци без трошка денар

Персоналните асистенти, луѓето кои секојдневно се грижат за најзагрозените категории граѓани – лицата со телесна инвалидност, слепите и луѓето со други тешки попречености и до средината на август сè уште немаат примено ниту денар за својата работа во последните три месеци.Хонорарите за мај, јуни и јули не се исплатени, оставајќи ги без основни приходи и туркајќи ги во финансиска неизвесност токму оние кои се грижат за најранливите. Но, наместо системска грижа и сигурност, како што самите велат, тие со месеци чекаат на парите кои им следуваат по закон, додека државната администрација се повикува на бирократски процедури и кадровски промени.Во одговор за Скопје1, Министерството за труд и социјална политика признава дека исплатите доцнат, но решението, според нив, ќе дојде „во најкус можен рок“.„Во врска со вашите прашања, Ве информираме дека во петокот (08.08.2025) на функција – директор на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа на Град Скопје е назначена нова директорка. Во тек е процесот на депонирање на потпис за истата, по што ќе се овозможи реализација на исплатата на заостанатите исплати за персоналните асистенти. Очекуваме целата постапка да заврши во најкус можен рок“, велат во писмен одговор за Скопје1 од МТСП.Ова, според поголемиот број персонални асистенти е сосема нејасна формулација која малку им значи на „луѓето што веќе три месеци живеат без плата, со долгови и сметки што не чекаат“.„Објаснувањето на Министерството звучи како државата да е целосно парализирана секогаш кога ќе се смени директор. Дали навистина е можно судбината на стотици семејства да зависи од еден потпис? Што ако директорот се разболи, замине на одмор или, не дај боже, почине – дали тогаш луѓето со посебни потреби и нивните асистенти треба да останат без пари со месеци? ‘Во секоја нормална институција постои заменик или механизам за итно потпишување и исплата, но изгледа кај нас бирократијата е поважна од егзистенцијата’, велат соговорниците на Скопје1.“И додека институциите се занимаваат со административни процедури и кадровски рокади, реалноста за асистентите и нивните корисници е повеќе од сурова.„Да не знае човек кого повеќе да жали, дали корисникот кој е во немоќна состојба и целосно зависи од помошта на асистентот, или асистентот кој без скапан денар не знае како да ги прехрани децата и да плати сметки. Летен одмор? Тоа за нас е научна фантастика. Единствено што можевме е да гледаме како децата ни скапуваат цело лето во Скопје, во овој пекол, без да можеме да ги однесеме ниту на езеро, ниту на планина“, вели една од персоналните асистентки за Скопје1.За многумина од нив, трите месеци без хонорар значат живот на кредит и постојано позајмување од роднини и пријатели, па сега листата на долгови им е предолга.„Веќе немаме ни од каде да позајмуваме. Секој ден е борба, дали да платиме сметки, да купиме храна, лекови. И ова не е прво доцнење, сѐ нешто чекаме, ребаланс на буџет, нова директорка да дојде, Минстерството за финасии да одобри средства...катастрофа, сите граници ги надминаа, а ова е еден од најблагородните проекти во државата. Како тргнало на наредните обуки за персонални асистенти ќе се пријавуваат луѓе кои единствено имаат намера да си заминат од земјава“, раскажува друг асистент.Персоналните асистенти велат дека не бараат ништо повеќе од она што им следува по закон – редовна и навремена исплата за работата што ја вршат. Но, додека институциите ветуваат „најкус можен рок“, тие се сѐ уште без пари.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања