ТОП

Screenshot-2025-08-16-at-20.09.33

(Видео) Драматична акција: Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар

Денеска (16 август 2025) околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во реката Вардар, под мостот на улицата „Војвода Васил Чакаларов“, има женско лице.По пристигнување на местото на настанот, полициски службеници од ПС Карпош утврдиле дека лицето дава знаци на живот. Жената била веднаш извлечена од реката и со екипа на Итна медицинска помош пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана лекарска помош.Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-19.57.43

„Спомените нѐ држат“ - по 18 пат родителите и роднините на загинатите во „Пулс“ на марш

Во Кочани денеска се одржува 18-тиот „Марш на ангелите“, собир во чест на жртвите од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животот го загубија 62 млади лица. Настанот се поклопува со навршувањето на пет месеци од најголемата цивилна трагедија во поновата македонска историја.„Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без прегратките и гласот на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува. Спомените нѐ држат исправени“, изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.Организаторите потсетуваат дека маршот не е само чин на сеќавање, туку и повик за правда и одговорност. Роднините на загинатите повеќепати изразија револт поради бавната истрага и недостигот од конкретни резултати.

Македонија | пред 5 месеци

karleusa

(Видео) Карлеуша сподели снимка по инцидентите: „Му*а, концертот заврши до крај – нападнаа жени и деца“

По инцидентите и навредливите извици кон неа на концертот во Лозница, Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи. Таа објави видео од крајот на настапот, отфрлајќи ги тврдењата на дел од медиумите дека настапот бил прекинат.„М**а. Заради ужасни текстови и коментари полни со омраза од медиуми од Хрватска и Босна, кои меѓу другото излажаа дека сум го прекинала концертот, имам потреба да ја објавам оваа снимка. Некои 20-тина платеници (со многу чуден изглед и акцент, како да не се од Србија) дојдоа со намера да го прекинат концертот, напаѓајќи жени и деца, но беа небитни во однос на прекрасните луѓе во публиката за кои настапив до крај“, напиша Карлеуша.Таа додаде и дека „српскиот народ ќе ја победи кризата и повторно ќе биде сложен“, но и порача дека не треба да се заборави „кои се пријатели, а кои непријатели“.Во друга објава пејачката им се заблагодари на присутните со порака: „Фала Лозница, бенгавме јако“, на што доби иронични коментари: „Чекај да те исправам, ‘бегавме јако’“.

Свет | пред 5 месеци

sudija

Со 16.000 евра се купува правда? Обвинителство со нов случај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.Според истрагата, во периодот од април до август годинава, осомничениот примил 10.000 евра за да искористи свое претпоставено влијание и да интервенира за извршување службено дејствие кое не смеело да се изврши – односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје.Пријавителот се посомневал во поткуп на судииСлучајот започнал кога управител на едно правно лице, кој бил во судски спор, добил информации дека спротивната страна вршела сериозно влијание врз судиите со поткупи. За да ја провери информацијата, преку пензиониран судија добил контакт од осомничениот, кој му бил претставен како „лице близок со судии од Апелациониот суд Скопје“.При првата средба, осомничениот директно побарал 16.000 евра за да заврши спорот во корист на фирмата на пријавителот. Дополнително ги уверувал дека другата страна давала уште повисоки суми, но судиите не прифаќале да донесат одлука без правна основа.Исплати во рати и апсење на лице местоПоради неможност да обезбеди целата сума, пријавителот со осомничениот се договорил исплатата да се врши во три рати. На 30 април му предал 5.000 евра, по што осомничениот го уверувал дека исходот на постапката е сигурен. Во наредниот период тие останале во постојана комуникација.Меѓутоа, пријавителот потоа ја пријавил трговијата со влијание, а при следната исплата од 5.000 евра, осомничениот бил фатен на лице место и лишен од слобода веднаш по примопредавањето на парите.Предлог за притворЈавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските услови за тоа.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-18.24.23

Трамп му предаде писмо од Меланија на Путин – темата, украдените деца од Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на самитот на Алјаска, лично му предал писмо од сопругата Меланија Трамп на рускиот претседател Владимир Путин, соопштија за агенцијата Ројтерс високи функционери од Белата куќа.Првата дама, која е родена во Словенија, не патуваше со Трамп во Алјаска, но во писмото, според изворите, таа го отвора прашањето за судбината на децата погодени од војната – особено за оние кои биле киднапирани и однесени во Русија или на територии под руска окупација.Според податоците на Киев, од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, најмалку 19.500 украински деца се депортирани или насилно оддалечени од своите домови. Украинските власти инсистираат дека никаков мировен договор не смее да се потпише без гаранции за нивно враќање.Прашањето е крајно чувствително и на меѓународна сцена: во 2023 година Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење за Путин и неговата комесарка за права на деца, Марија Лвова-Белова, токму поради незаконската депортација на украински деца – дело што Киев го смета за воен злостор и чин на геноцид.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Ноќеска хаос на скопскиот аеродром: Имало лажна дојава за бомба – летовите биле стопирани, сега функционира нормално

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање.Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Путин предложи нова средба – „следниот пат во Москва“

По завршувањето на самитот во Алјаска, нема реакција од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не беше поканет да учествува во разговорите меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.Американскиот претседател претходно најави дека неговиот прв телефонски повик по средбата ќе биде упатен токму до Зеленски. Британскиот премиер Киер Стармер, инаку еден од најгласните европски поддржувачи на Украина, исто така засега не ја коментира средбата. Зеленски само пред неколку дена беше во Лондон, каде заедно со Стармер нагласија „силно чувство на заедништво“.Од друга страна, Путин изјави дека е подготвен за нова средба со Трамп – „следниот пат во Москва“. Засега нема дополнителни детали за можно продолжување на преговорите или за тоа дали на нив ќе учествува и Киев.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.42.29

(Видео) Прекинат концертот на Јелена Карлеуша – полицијата ја евакуираше пејачката

Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша беше прекинат откако дел од присутните граѓани упаднаа на настапот и почнаа да ѝ дофрлуваат погрдни зборови.Според снимки и сведоштва од настанот, полицијата интервенирала и ја придружила пејачката до нејзиното возило, додека дел од публиката продолжила со навредите.Настанот заврши порано од планираното, а атмосферата на местото била напната. Засега нема информации дали некој е приведен или повреден во инцидентот. Карлеуша изминатиот период, отворено го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, а упатува навреди кон студентите и граѓаните кои протестираат.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.59.19

(Видео) Огнена стихија во Јажинце повторно се активираше

Пожарот кај граничниот премин Јажинце повторно се реактивираше, а на терен се распоредени противпожарните екипи, државните служби и локалното население кое помага во гаснењето на огнената стихија.На локацијата пристигна и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој изјави дека се преземаат сите мерки за пожарот да биде ставен под контрола.Според последните информации, се работи интензивно за локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.

Свет | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-8

Пет месеци од трагедијата во „Пулс“, потресна порака од мајката на загинатиот Андреј: Моето срце вечно ќе гори за тебе

Утре, 16 август, ќе се одржи 18-тиот „Марш на ангелите“, во чест на 62-та млади животи изгубени во пожарот во клубот „Пулс“ пред точно пет месеци. Настанот ќе започне во 18:05 часот – симболично време што, според здружението на родителите, ја претставува доцната и фатална институционална реакција во ноќта на трагедијата.Мајката на загинатиот Андреј, Марија Петрушова, преку силна и емотивна објава на социјалните мрежи, се потсети на своето дете и упати повик до јавноста: „За мојот најмил Андреј. Утре се навршуваат пет месеци откако мојата душа е осиромашена, откако секој ден болката станува поголема без тебе — мој вечен и непреболен сине. Пет месеци празнина во моето срце. Пет месеци во кои секој здив тежи. Пет месеци во кои спомените се мојата единствена сила. Андреј, сине на мајка, ти си во секоја моја мисла, во секој поглед, во секој мој здив. Знај, сине, никогаш нема да бидеш заборавен. Сите твои и мои роднини, другари и пријатели се мојата сила и поддршка. И утре, како и секогаш, ќе бидат покрај мене на Маршот на ангелите — затоа што знаат дека правдата сама од себе не доаѓа... Но, синко мој, реалностa, за жал, е сосем друга. Очигледно мора секоја сабота да потсетуваме дека сте постоеле, дека болите, и дека ние, родителите, никогаш нема да замолчиме — колку и да се надеваат некои. Затоа, ако имате слободен еден час, а мислите дека трагедиите не се ваша работа — тогаш, слободно, останете дома. Но, ако во вас има трошка емпатија и болка, како што велите, тогаш покажете — и придружете ни се“Петрушова додаде дека љубовта и вистината „не можат да се купат, заборават или замолчат“ и порача дека родителите нема да се откажат од борбата за правда за своите деца и побезбедна иднина за сите.Здружението на родителите и роднините на загинатите упати јасна порака: „Да чекориме заедно со љубов и чест кон нашите деца, обединети во маршот за правда – за никогаш да не се повтори.“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.01.48

Неуспешен атентат во Црна Гора: млад Македонец пукал кон висок член на Шкаљарскиот клан

Црногорската полиција распиша меѓународна потерница по 18-годишниот Андреј Танасковски од Македонија, осомничен за вооружен напад врз висок член на криминалната група од Будва, поврзана со Шкаљарскиот клан. Станува збор за обид за ликвидација на 56 годишниот Марко Љубиша со прекар Кан.Според истрагата, минатата недела во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, Танасковски испукал два куршуми кон 56-годишниот Марко Љубиша, познат како Кан, нанесувајќи му повреди во пределот на главата. Нападот бил извршен од непосредна близина, но младоста и неискуството на напаѓачот ја спречиле ликвидацијата – при обидот да го извади оружјето, се лизнал на влажните плочки и промашил.Полицијата утврдила дека осомничениот престојувал во хотелот под лажен идентитет, користејќи фалсификувана лична карта на име Јован од Србија, со цел да го следи движењето на целта и да го изведе нападот во погоден момент.По нападот, Танасковски побегнал преку оградата на базенот и се изгубил во непознат правец. Од МВР на Црна Гора предупредуваат дека секој кој ќе му помогне или ќе го сокрие може да биде кривично одговорен.Македонската полиција потврди дека е во координација со црногорските органи за расчистување на случајот. Кан, на кого веднаш му била укажана медицинска помош, е пуштен на домашно лекување.Танасковски се товари за обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материи и фалсификување документи.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

(Видео) „Ќе запирате ли со убивање цивили?“ – остри прашања до Путин пред почетокот на разговорите

Додека Доналд Трамп и Владимир Путин накратко позираа за фотографија на подиум, новинарите ја искористија приликата да им упатат прашања.„Претседателе Путин, ќе се согласите ли на прекин на огнот?“, се слушна од толпата репортери. Друг новинар праша кој е ставот на Трамп за Путин.Последното прашање – „Ќе престанете ли да убивате цивили?“ – предизвика реакција, со тоа што рускиот претседател покажа со раката кон увото, гестикулирајќи дека не ги слуша прашањата.Двајцата лидери се повлекоа од платформата и заедно заминаа со ист автомобил кон местото на состанокот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.54.20

Самит во Анкореџ: Тимови за безбедност спречуваат закани и шпионажа

Кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин да седнат на преговарачка маса, двајцата лидери се опкружени со строг безбедносен протокол кој има цел да ги заштити не само од физички закани, туку и од меѓусебна шпионажа, пренесува CNN.Поради итната организација на самитот, оваа недела во Анкореџ пристигнаа бројни федерални агенти и воен персонал задолжен за обезбедување на вакви настани со висок ризик. Главниот товар на осигурувањето го носи американската Тајна служба, но таа тесно соработува со безбедносниот тим на Владимир Путин.Дополнителното ниво на заштита го потврдуваат и податоците од интернет-услугите за следење летови, кои забележале дека утрово од локалниот аеродром полетал воен извидувачки авион Boeing E-3C, препознатлив по големата радарска купола, способен да открие воздушни закани, вклучително и авиони и проектили.Иако американските и руските тимови соработуваат во физичкото обезбедување на лидерите, зад кулисите се води „паралелна битка“ – заштита од техничко прислушување и компромитација.„Нема ни грам доверба меѓу разузнавачките служби“, изјавил висок безбедносен извор кој учествувал во обезбедување на слични состаноци. Според него, руската делегација веројатно користи „burner“ телефони и еднократни лаптопи за да избегне американско прислушување, а членовите добиваат детални инструкции за мерките на претпазливост.„Но, на Путин не му треба таква обука“, додал изворот, потсетувајќи дека рускиот претседател е поранешен офицер на КГБ.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.11.57

(Видео) Приведен 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар, МВР сподели снимка

Денеска (15 август 2025) околу 16:15 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле С.М. (19) од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово, откако бил затекнат додека палел кабли и предизвикал пожар во близина на железничкиот надвозник на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.Со брза интервенција на екипа од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат. С.М. е задржан во полициската станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Македонија | пред 5 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски: „На денот на преговорите, Русите исто така убиваат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на новите руски напади низ земјата, кои се случија токму додека американскиот претседател Доналд Трамп патува за средбата со рускиот лидер Владимир Путин на Алјаска, јавува Reuters.На својот канал на „Телеграм“, Зеленски објави дека пристигнуваат извештаи за „намерни руски удари“ врз Сумската, Днепропетровската, Запорожката, Херсонската и Донецката област.„Војната продолжува,“ порача тој. „Продолжува токму затоа што не постои само наредба, туку и сигнали дека Москва се подготвува да го заврши овој војна.“Неговата порака беше јасна: „На денот на преговорите, тие исто така убиваат. А тоа зборува многу.“Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да работи што е можно поефикасно за да го заврши конфликтот и изрази надеж во цврста американска позиција:„Сè ќе зависи од тоа – Русите сметаат на американската моќ,“ заклучи украинскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања