ТОП

policija-rekord-avtobus

Осуммина под истрага по масовна тепачка во Скопје, едно лице е обвинето за обид за убиство со даска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.До тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид за убиство е осомничено лице кое во тепачката користело дрвена даска со која тешко повредил едно лице од спротивставениот табор, нанесувајќи му фрактура на черепот со крварење на мозокот. Друг осомничен нанел тешка телесна повреда – скршена долна вилица, удирајќи со тупаници еден од останатите учесници во инцидентот. Сите останати се осомничени за учество во тепачката, која се случила на 16 август.За осомничениот за обид за убиство, ценејќи ги сите околности под кои тој ги извршил дејствијата и фактот дека станува збор за млада личност која тукушто наполнила 18 години, но кај која сепак постои ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, јавниот обвинител предложи мерка куќен притвор. За останатите учесници во кривично-правниот настан предложени се мерки на претпазливост.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

(Видео) ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи

На денешната 129-та седница, Државната изборна комисија (ДИК) со шест гласа „за“ и еден „против“ го усвои правилникот со кој независните кандидати ќе може да поднесуваат листи за советници со само два потписи.Со оваа одлука значително се поедноставува постапката за учество на независните во локалните избори. Новите правила ќе стапат во сила по нивното објавување во „Службен весник“.За прашањето на потписите, во саботата беше закажана и итна собраниска седница. Предлогот предвидуваше независните листи да треба да обезбедат потписи од 0,9% од вкупниот број запишани избирачи во општината. Но измените не беа изгласани – дел поради немањето доволен број пратеници во салата, а дел поради потребата од бадентерово мнозинство.Ова доаѓа откако претходно Уставниот суд го укина постојниот член во Изборниот законик, според кој независните кандидати мораа да обезбедат најмалку 1% потписи од запишаните избирачи во општината.

Свет | пред 5 месеци

ljubojno

(Видео) Поплави во Љубојно по силното невреме: жителите повторно предупредуваат на опасноста од сечата на шумите

Силно невреме попладнево го зафати преспанското село Љубојно. Поплавени се делови од куќи, дворови и улици, а земјениот пат кон шумата е дополнително оштетен.Жителите сведочат дека дождот паѓал околу 40 минути, од кои половина час бил проследен со интензивни врнежи, а околу 20 минути со големи зрна град. Водата го раскопала патот кој, како што велат, веќе бил нарушен од камионите што превезуваат дрва од шумата.„Денес и природата си го кажа своето – шумата е нашиот најсилен штит. Таа го спаси Љубојно. Затоа мора да се сфатат последиците од одлуките што се носат далеку од реалноста. Ако не се преиспитаат, утре може да биде доцна – за нас, за Преспа, за Македонија“, напишаа мештаните на социјалните мрежи.Жителите веќе седум дена протестираат за да ја запрат сечата кај манастирот над селото. Тие предупредуваат дека токму шумата ги брани селото и Преспа од поплави и ерозии, и оти без неа последиците од вакви невремиња би биле далеку поголеми.Од Владата, пак, објаснија дека станува збор за регуларна сеча на нискостеблен даб во одделите 29 и 30 на шумско-стопанската единица „Пелистер – Брајчино“.„Дабот има сечна зрелост согласно сите научни принципи. Оваа сеча е само една од стотиците во Македонија, спроведена по закон и со целосна контрола. Направен е премер од стручни лица, изготвен е план рецензиран од комисија, кој е одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од Владата.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_0062

Му откажаа бубрезите на брутално претепаното момче во Ваљево

Потпретседателот на Демократскатра партија во Србија, Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое беше претепано на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале.„Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 години и е во многу сериозна состојба бидејќи бубрезите му откажале“, напиша Миодраг Гавриловиќ, поранешен пратеник и потпретседател на Демократската партија на социјалната мрежа X.Според Гавриловиќ, тој бил префрлен во Белград во приватна болница и е во исклучително сериозна состојба, бидејќи бубрезите му откажале.„Би ги замолил сите граѓани да бидат обединети и да дадат секаква можна помош и поддршка. Тој не е сам“, додаде Гавриловиќ.

Свет | пред 5 месеци

vucic-4124

Вучиќ: Државата, заедно со народот, ќе ги гради и реновира просториите на обвинителството и СНС!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека државата, заедно со народот, ќе ги подигне и обнови просториите на обвинителствата и судовите, како и партиските простории уништени за време на протестите, наведувајќи дека доаѓа времето на одговорност.„Има едно добро во сето ова, сите маски паднаа, луѓето гледаат сè. Нивната нервоза се зголемува. Хистеријата се зголемува, а насилството станува сè поизразено затоа што немаат што друго да понудат“, рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“, додавајќи дека ја напушта полицијата каде, според него, ги посетил борците кои ја штитат Србија од оние кои ја уништуваат секоја вечер.Тој истакнува дека доаѓа времето на одговорност.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-12.58.39

(Видео) „Сѐ е некако чудно, сѐ е заматено, не ги добивме одговорите“, вели Весна Бејби Петрушевака за несреќата на Тоше Проески

Актерката Весна „Бејби“ Петрушевска во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ отвори едно од најчесто премолчуваните прашања поврзани со трагичната смрт на Тоше Проески.„Има едно многу важно прашање на кое никој не одговори – ти знаеш како се вика шоферот на камионот? Јас не. Знаеш дека го задржале нешто... Јас исто така не знам. Дали некогаш се спроведе истрага – како, што, зошто, кој е тој камион, како избегал, зошто избегал?“, праша Петрушевска.Таа додаде дека одговори немаат ниту родителите на Тоше: „Колку што знаеме јас и ти, толку знаат и тие луѓе. Тоа ме мачи и мене, исто како што ја мачи цела Македонија и цел Балкан. Кај е шоферот? Зошто го нема? Во ниту еден извештај? Ништо нема. Трилер.“Петрушевска беше прашана и за возачот на автомобилот во кој загина Тоше.„Тој одлежа, Џоле. Колку што знам, некое време беше во затвор. Секако дека не може да е во добра состојба. Последен пат го видов кога ми ги донесе картите за последниот концерт на Тоше на стадион. Кога прашав и мајка му и татко му, беа сосема отсечни – не сакаат ни да го спомнат“, рече таа.Актерката се присети и на разговорите со Тоше во последните денови.„Вечерта во Вртелешка му беше повредена ногата од одбојка. Му реков – кој ќе те вози? А тој ми вика: ‘Џоле ќе ме вози’. Му реков: ‘Чекај, нова е колата, дали знае да ја вози?’ Тој само ме уверуваше – ‘Не се секирај, ќе возиме полека’... Но, знаеш ли што е најстрашно? До денес нема целосни обдукциски наоди. Делумно ги има, ама сè е чудно, заматено. Ние не ги добивме одговорите“, заклучи Петрушевска.Целиот разговор:?t=5242

Македонија | пред 5 месеци

pozar-helikopter-

Десет пожари низ Македонија – шест сè уште активни, меѓу кои и тој во „Јасен“ кој и натаму не е под контрола

Денеска до 12:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари (6)Македонски Брод – Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума)Долнени – помеѓу селата Лажани и Кошино (ниска вегетација)Лозово – с. Бекирлија (шумски пожар, смрека)Куманово – с. Романовце (ниска вегетација и стрниште)Липково 1 – с. Слупчане (ниска вегетација и борова шума)Липково 2 – с. Лојане, кон с. Миратовце (ниска вегетација и стрниште)Под контрола (1)Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје (пасишта и мешана шума)Изгаснати (3)Штип – ул. Вељко Влаховиќ бр. 1 (ниска вегетација)Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)Куманово – с. Табановце и с. Лојане, место викано „Сланишта“ (ниска вегетација и стрниште)

Македонија | пред 5 месеци

images-1

Уапсени пет возачи под дејство на алкохол – двајца предизвикале и сообраќајни несреќи

Пет возачи се лишени од слобода во текот на вчерашниот и денешниот ден во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, откако биле фатени дека управувале возила под дејство на алкохол. Двајца од нив предизвикале и сообраќајни несреќи, информираа од Министерството за внатрешни работи.Неготино: На улица „Јане Сандански“ полициски службеници го лишиле од слобода 55-годишниот Е.Л., кај кого биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.Кавадарци: Во 22:30 часот бил приведен 24-годишниот И.В., кој учествувал во сообраќајна несреќа управувајќи „фолксваген голф“ со 1,58 промили алкохол.Скопје: На улица „Цветан Димов“ е лишен од слобода 49-годишниот А.С. кој предизвикал сообраќајна несреќа со „форд“ и управувал со 3,30 промили алкохол во крвта.Куманово: На булевар „Трета македонска ударна бригада“ полицијата привела 48-годишен возач на „форд“ со 1,70 промили.Битола: На улица „Св. Нектариј Битолски“ бил приведен 48-годишниот О.В. од село Баница, кој возел „фиат“ со 1,82 промили алкохол во крвта.Од МВР информираат дека сите случаи ќе бидат целосно документирани, а против приведените ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_0052

Обид за убиство во Скопје: 28-годишна жена се обидела да ја задуши бабата на својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство – кривично дело по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Според обвинителството, на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во Скопје, за време на семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг, родена во 1938 година, со која живееле во семејна заедница.Додека жртвата одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата. Таа седнала врз бабата и ставила перница врз нејзината глава со намера да ја задуши, при што дополнително ја удирала со тупаници по главата. Нападот го прекинала мислејќи дека жртвата е мртва, по што му кажала на сопругот за стореното.Сопругот веднаш ја известил полицијата, а повиканата екипа ја пренела повредената во болница, каде биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и повеќе хематоми.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Од Обвинителството велат дека постојат очигледни околности кои укажуваат на опасност таа да го повтори делото или да го доврши започнатиот обид за убиство.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-19.57.43

МВР демантира: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на протестот во Кочани

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени на дел од порталите и социјалните мрежи дека полицијата не дозволила влез на граѓани во Кочани за да присуствуваат на протестот „Маршот на ангелите“.Од МВР нагласуваат дека ниту еден граѓанин не бил спречен да влезе во Кочани, ниту пак му било ограничено правото на учество на протестот кој се одржа на 15 август.Како што објаснуваат од СВР Штип, полицијата вршела редовни контроли на возила и возачи на територијата на регионот, вклучително и во самиот град.„На ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола не му беше скратено правото на слободно учество на протестот и никој не беше задржан повеќе од нормално потребното време за контрола,“ велат од МВР.Институцијата апелира до граѓаните и медиумите да не шират дезинформации кои, како што наведуваат, „предизвикуваат вознемиреност и создаваат погрешна слика за постапувањето на полицијата“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Reuters откри детали: Ова е „мировната понуда“ на Путин

Русија би се откажала од помали делови окупирана Украина, а Киев би морал да препушти големи делови од источната територија кои Москва никогаш не успеа да ги освои – тоа е рамката на мировниот предлог за кој, според извори на Reuters, разговарале Владимир Путин и Доналд Трамп на самитот во Алјаска.Ова е првиот директен состанок меѓу двајцата лидери од почетокот на војната во февруари 2022 година.Зеленски патува во ВашингтонУкраинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Вашингтон, каде ќе разговара со Трамп за можен крај на војната. Трамп призна дека на самитот не бил постигнат прекин на огнот, но во интервју за Fox News потврди дека со Путин разговарал за трансфер на територии и безбедносни гаранции за Украина, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор. Украина мора да се согласи. Можеби ќе каже ’не’.“Територија за мирСпоред изворите, предлогот на Путин не предвидува примирје пред конечен договор. Москва бара Украина целосно да се повлече од Донецк и Луганск, додека Русија би ја замрзнала линијата на фронтот во Херсон и Запорожје.Киев веќе одби слични идеи, со образложение дека Донецк е клучна одбранбена бариера и дека предавањето би било „црвена линија“.Што нуди Москва?Враќање на мали делови од Харкoв и Суми – околу 440 км².Задржување на Донбас (6600 км²) – Донецк и Луганск, кои Русија ги смета за свои.Признавање на анексираниот Крим – најмалку од САД, а можно и од цел Запад.Делумно укинување на санкциите – без прецизирање дали станува збор за американски или европски мерки.Блокада за НАТО членство на Украина, но отворање простор за „гаранции за безбедност“ – Трамп наводно зборувал за модел сличен на членот 5 од НАТО, „надвор од Алијансата“.Руски јазик и црква – Москва бара официјален статус на рускиот јазик и целосна слобода за Руската православна црква.Спорни условиУкраина во уставот има впишано стратегиска цел за членство во НАТО, а парламентот донесе и закон за ограничување на руските верски организации, поради обвиненија дека служат како алатка за шпионажа и пропаганда. Законот сè уште не е стапен во сила.Во Киев, дипломатските кругови веќе предупредуваат дека ваквата „понуда“ повеќе личи на план за капитуалација отколку на праведен мировен договор.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-10.13.30

Зелен хуман град: Подмолен обид на партиите за исклучување на граѓаните од политичкиот живот, ни фалат уште 500 потписи

Зелен Хуман Град се незадоволни од случувањата со измените на Изборниот законик во Собранието, со кои првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но се врати скоро идентична бројка од 0,95%.Пратениците без ДУИ вчера не ги изгласаа измените, бидејќи не беше обезбеден Бадентер и сега се чека Упатството на ДИК за на хартија да се види дали треба или не собирање потписи. Но, некои се крајно скептични и се плашат дека ќе бидат изиграни и затоа ќе продолжат со собирање потписи или регистрирање партија.На социјалните мрежи Зелен хуман град го напишаа ставот за случувањата и што ќе значеше обезбедувањето поддршка од 0,95 проценти од гласачкото тело:„Со претходниот закон за независно кандидирање требаа 4.500+ потписи за Град Скопје, а со сегашниот предлог ќе требаат 4.430 – колку што на локалните избори во 2021 г. „тежеше“ едно советничко место.Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот кој е превисок дури и за држави со далеку побројно население од нашето. Ова е уште еден подмолен обид за целосно исклучување на граѓаните од политичкиот живот и обид за зацврстување на монополот на зацементираните партии кои повеќе од три децении буквално ги крадат нашето здравје, нашата среќа, нашите животи, а сега ни го крадат и правото на избор.ЗХГ продолжува да собира потписи од сите државјани на Македонија кои сметаат дека вреди да се поддржи единствената партија формирана од долгогодишни волонтери кои ги живеат принципите на заштита на животната средина, животните и социјална правда. Продолжуваме да собираме потписи од сите кои сметаат дека мора да се стави крај на префрлањето на топката меѓу играчите кои над 3 децении покажуваат дека играат против нас, граѓаните.Потписите може да се дадат на кој било нотар, а на нашите социјални медиуми се објавени нотарите кај кои има веќе испечатени документи за потпис. Дополнително потребно е вадење државјанство”.Од ЗХГ велат дека им фалат ушѕе 500 потписи.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-10.42.36

„Ужасно, нож во грб“ – Украина во шок по сигналите дека Трамп ги прифаќа условите на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред само неколку дена му најави на Володимир Зеленски дека ќе изврши притисок врз Владимир Путин заради војната, по самитот на Алјаска со рускиот лидер изненадувачки ја смени реториката и се доближи до позициите на Кремљ.Трамп: Сакам директен мировен договорНа својата мрежа Truth Social, Трамп порача дека сака „директно да се оди кон мировен договор, а не само кон примирје кое често се покажува како неодржливо“. Тој најави и дека нема намера да воведува нови санкции кон Русија – остар пресврт во однос на досегашната американска политика.Путинови услови: повлекување од Донецк и ЛуганскСпоред извори на Financial Times, Путин од Трамп побарал Украина целосно да се повлече од Донецк и Луганск, како предуслов за крај на војната. Во замена, Москва наводно би ја замрзнала линијата на фронтот на останатите делови од боиштата.Украински функционери реагираа жестоко.„Ова е нож во грб“, изјавил висок државен претставник за FT.Претседателот на собранискиот комитет за надворешна политика, Олександр Мережко, изјавил: „Ужасно.“„Трамп практично се усогласи со Путин, а сега двајцата можат да почнат да ја принудуваат Украина на мировен договор кој во суштина значи капитулација,“ предупреди тој.Украина: нема предавање на источните територииОфицијален Киев соопшти дека Зеленски нема да прифати откажување од Донецк и Луганск, иако е подготвен за преговори за територијалните прашања во Вашингтон и на евентуален трилатерален состанок со Трамп и Путин.Пратеничката и поранешна вицепремиерка Ивана Климпуш-Цинцадзе праша:„Како ќе го спречи тоа Путин да се прегрупира и повторно да нападне?“Граѓанската активистка Олга Ајвазовска предупреди дека предавањето на територии кои Русија никогаш реално не ги зазела би предизвикало огромна напнатост: „Тогаш ќе се отвори прашањето – зошто воопшто се браневме сите овие години?“„Голема победа за Путин“Според аналитичарот Александар Хара од Центарот за одбранбени стратегии во Киев, самитот бил „голема грешка и голема победа за Путин“. Тој предупредува дека ако преговорите пропаднат, Трамп би можел да ја префрли вината врз Зеленски.„Русија уште од 2014 смета дека секоја украинска влада е нелегитимна и верува дека целите може да ги постигне со воена сила,“ додаде тој.На боиштето: крвава реалностИ додека дипломатијата бара решение, на теренот продолжува жестоката војна. Русија изминатиот викенд се пробила 10 километри кај рударскиот град Добропиље, но украинската армија ги запрела со елитни единици – како Азов и 79. воздушно-десантна бригада.Зеленски изјави дека има „успеси на некои од најтешките делови од Донецкиот регион“, но предупреди дека Москва ќе продолжи со офанзиви за да обезбеди подобри позиции пред преговорите.Во близина на Покровск, украински командант на единица за дронови напиша на Телеграм:„Преговорите се преговори, но борбите продолжуваат. Ако не победиме на бојното поле – никаков договор нема да не спаси.“Во Киев, подготовките за самитот се одвиваа во необична тишина: неколку дена немаше напади со дронови-камикази врз главниот град, но денес повторно се огласија сирените за воздушна опасност.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Ова е понудата на Путин за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, побара Украина да се повлече од регионот Донецк како услов за завршување на војната, пишува Financial Times, повикувајќи се на повеќе извори.Според истите информации, Путин изјавил дека во замена за Донецк е подготвен да ја „замрзне“ линијата на фронтот на југ – во Херсонската и Запорожката област – и да се воздржи од нови офанзиви за освојување дополнителни територии.Трамп ја пренел оваа порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на европските лидери во телефонски разговор, при што ги повикал да не инсистираат на класичен прекин на огнот со Москва.Financial Times наведува дека Путин јасно ставил до знаење дека не се откажува од своите клучни барања за „решавање на корените на конфликтот“, што фактички би значело редефинирање на украинската државност и стопирање на натамошното проширување на НАТО кон исток.Русија моментално контролира околу 70% од Донецката област, додека западниот дел – со повеќе градови – останува под украинска контрола и претставува клучна точка за одбраната на источниот фронт.Извори блиски до Зеленски за британскиот весник изјавиле дека Украина нема да се согласи на предавање на Донецк, но Зеленски е подготвен за разговори со Трамп во Вашингтон во понеделник, а отворен е и за евентуален трилатерален состанок со Путин.Ниту Белата куќа, ниту портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков засега не ги коментираа наводите на Financial Times.

Свет | пред 5 месеци

IMG_6897

Во сред бракоразводна постапка: маж од Прилеп ја згази, претепа и ѝ го искрши возилото на сопругата

Ја удрил со возило, па физички ја нападнал и ѝ го оштетил возилото на сопругата со која се разведуваат.„На 15.08.2025 во 15:40 во полициската станица во Прилеп 31-годишна жена од Прилеп пријавила дека околу 10:30 часот во близина на куќата каде престојува, била нападната од нејзиниот сопруг И.И., со кого се во бракоразводна постапка, инфрормираа од полицијата.Според пријавеното, тој прво со своето возило „голф“ ја удрил пријавителката, а потоа и физички ја нападнал, а и го оштетил и возилото. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања