ТОП

sud-krivicen

Кривичен: Обвинителниот акт за несреќата во Кочани сè уште во фаза на оцена, пристигнати 40 приговори

Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички и правни лица и голем број оштетени и докази, нагласувајќи дека сите законски рокови и права на странките мора да бидат почитувани за да не се загрози процесот.-Обвинителниот акт КООА 155/25 е во фаза на оцена пред Совет за оцена на обвинителен акт. До овој момент до судот доставени се 40 приговори од обвинетите и нивните бранители кои веќе се експедираат на надлежното јавно обвинителство. Примените приговори се во фаза на анализа од советот за оцена по што треба да биде донесена одлука за која странките и јавноста ќе бидат известени.Како што посочивме и во соопштението од 18.07.2025 година, станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и судот ги презема сите Законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките. Заради појаснување на медиумите, но и на целокупната јавност како пример ќе посочиме други обвинителни кати кои се однесувале на 30 и повеќе обвинети лица па така:Обвинителен предмет КОК ООА 21/25 во јавноста познат како „Адитив“ против 36 обвинети правни и физички лица, поднесен на 27.02.2025 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 06.05.2025 год.,Обвинителен предмет КОК ООА 5/24 во јавноста познат како „Синџир“ против 41 обвинети правни и физички лица, поднесен на 23.01.2024 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.04.2024 год.,Обвинителен предмет КОК ООА 10/18 во јавноста познат како „27 ми април“ против 30 обвинети лица, поднесен на 27.03.2018 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.06.2018 год.Односно предмети кои биле и со помал број на обвинети лица, а бил оценувани вон судска ферија и годишни одмори кои ги користат адвокатите, потребни биле околу 3 месеци за нивна оцена.Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но Законодавецот предвидел прецизни рокови и права кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката така и од судот, се со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да ја компромитираат судскиот процес, се наведува во соопштението на судот.

Македонија | пред 5 месеци

zavoi-kocani

Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од над два милиона денари за повредените од пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица.„Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација. Воедно, голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 кои кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред,“ порачуваат од Support Kocani.Иницијативата Support Kocani и понатаму останува посветена на транспарентност, заедничка поддршка и грижа за повредените, сè додека постои потреба.

Македонија | пред 5 месеци

ARMIJA

Армијата го прослави Денот со визија за НАТО клинички центар во Штип, во мирнодопски услови би бил достапен за македонските граѓани!

Армијата на Македонија денеска прослави 33 години од своето постоење со пораки за иднината и најави за модернизацијаЦентрална свеченост што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше проследена од државниот и воениот врв, а во фокусот беа пораките за безбедност, стабилност и нови планови за модернизација.Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата улога како чувар на татковината и гаранција за стабилноста. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Армијата е основа за развој и создавање на сигурна иднина за граѓаните. И опозициската СДСМ го честиташе празникот, нагласувајќи дека армиските припадници се симбол на безбедност и сигурност.Модернизација и нов кадарМинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави продолжување на процесот на модернизација, кој ќе опфати набавка на нови возила, униформи и хеликоптери. Дополнително, е планиран прием на 300 нови професионални војници. Овие мерки се дел од континуираните напори за усогласување со НАТО-стандардите, во кои е вклучена и набавката на оклопни возила од САД.Безбедносни ризици и евроинтеграцииСиљановска-Давкова предупреди дека застојот во евроинтеграциите претставува сериозен безбедносен предизвик не само за Западен Балкан, туку и за Европската Унија. Таа подвлече дека државата мора да ги развива своите капацитети за кризен менаџмент и да ги усогласи со оние на НАТО, имајќи предвид глобалните нестабилности.Предлог за НАТО клинички центарНа свеченоста, претседателката предложи Штип да биде избран како локација за изградба на хибриден клинички центар на НАТО. Според идејата, центарот во мирнодопски услови би бил достапен за македонските граѓани, додека во услови на конфликт би имал функција во рамките на Алијансата.ФОТО: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

ivanovska

Кандидатката за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, утре ќе даде исказ во Обвинителството

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар од движењето „Независни заедно“, утре ќе се појави во Јавното обвинителство поради кривична пријава поднесена против неа. Таа изјавува дека не знае кој ја поднел пријавата и за што конкретно станува збор.Обвинителството минатата недела соопшти дека станува збор за приватна кривична пријава, поднесена на 18 февруари годинава.Во изјава за „Независен“, Ивановска нагласи дека одбила да ја прифати понудата на Обвинителството распитот да биде одложен по завршувањето на локалните избори, бидејќи тоа би можело да се сфати како политички притисок.Кривичната пријава ѝ беше врачена истиот ден кога ја објави својата кандидатура за изборите, што во јавноста беше протолкувано како политичка порака. Таа откри дека полицијата ја побарала дома, а откако не ја затекнала, самата отишла во Обвинителството за да ја подигне пријавата.„Ме повикуваат на разговор на 19 август. Немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, изјави Ивановска.Таа додаде дека главната цел на нејзината кампања е враќањето на моќта кај граѓаните и заштита на нивното достоинство.

Македонија | пред 5 месеци

deponija

Депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер - СОС Охрид алармира за проекти без јавна контрола

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира на најавените измени на Правилникот за урбанистичко планирање, предупредувајќи дека тие овозможуваат реализација на одредени проекти само со урбанистички проект, без да се помине низ постапката за урбанистички план.Според иницијативата, ваквата промена ја отстранува јавната контрола и го потиснува јавниот интерес и заштитата на животната средина.Предложеното решение предвидува урбанистички проект вон опфат на урбанистички план да може да се користи за изградба на објекти од државно и локално значење – како фотоволтаични централи, мали хидроелектрани или депонии за опасен отпад. Овие проекти би се носеле врз основа на просторни планови, без задолжителна јавна анкета, без партиципативно тело и без одлука од Советот на општината.-Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска категорија, го сметаме за тежок упад во урбанистичкото планирање и за бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, а предлог-измените не се во насока на корекција, туку на уште поголеми отстапки.Да појасниме, зад овој концепт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ова земјиште го претвора во градежно без да се помине целата процедура на урбанистички план што опфаќа вклучување на јавноста на неколку начина: преку јавна анкета, преку партиципативното тело и преку Советот како претставничко тело на граѓаните. Урбанистички проект вон опфат поминува само со потпис од градоначалникот или министерот, зависно дали е од локално или државно значење. Со кое право?!Правилникот е таков уште откако првпат е донесен во оваа верзија во 2020 година. Со најновите измени на член 58 став (3), се додава точка 15 со што со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план меѓу другото се уредуваат и „други градби од државно и локално значење од групите на класи на намени В, Г, Д и Е што ги задоволуваат условите за поединечни градби, односно групи на градби и инфраструктурни градби вон населени места“.Она што фрапира е што точка 15 постоела во член 58 на правилникот од неговото донесување во 2020 година сè до 17.7.2025 година кога била отстранета. Единствена разлика е што во претходната верзија беа опфатени и градбите од класите А и Б. Дали се работи за несмасно отстранета точка пред еден месец, па сега треба да се врати назад или за нешто друго?Ако Министерството за транспорт имало намера со измените да ги елиминира штетните последици од оваа можност во правилникот, тогаш мора комплетно да ги преработи измените и целосно да ја елиминира опасноста, меѓу другото, фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали, гасоводи, нафтоводи, депонии за неопасен и ОПАСЕН отпад да може да се прават со урбанистички проект.Од „Охрид СОС“ велат дека станува збор за директен удар врз урбанистичкото планирање, бидејќи одлуките ќе се носат само со потпис на градоначалник и министер, без можност граѓаните да имаат увид или да влијаат врз процесот. Според нив, тоа ќе доведе до претворање на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште во градежно, без соодветна процедура и без контрола.Иницијативата бара од Министерството за транспорт да ги повлече предложените измени, нагласувајќи дека урбанистичкото планирање мора да биде транспарентно, инклузивно и партиципативно, а не да се заснова само на економски интерес на инвеститори.„Охрид СОС“ повикува јавноста да биде вклучена во процесот на донесување одлуки и институциите да ја преземат одговорноста пред граѓаните, историјата и идните генерации.фото: ФБ

Охрид | пред 5 месеци

MixCollage-18-Aug-2025-01-38-PM-4515

Борче Стаменов и д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, која ќе им биде врачена на 26 август во Собранието.-Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, се наведува во соопштението..Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26. август година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

„Скопје знае за него“ - Левица оваа недела ќе го објави кандидатот за градоначалник на Скопје

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи најави дека партијата во текот на оваа недела ќе го соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје:„Скопјани, а бе не ви е доста од истите хоштаплерски и нехаризматични сурати од двете најголеми партии, кои сакаат да се докопаат до градската власт, за да после им шибаат бизнисите и тендерите!?Не мислите дека е дојдено времето за свежа крв во главниот град на местото од овие рециклирани транзициски ликови кои се слуги на урбаната мафија?Затоа Левица оваа недела ќе го обзнани нашиот кандидат, а ваш сограѓанин, за градоначалник на Скопје.” - напиша тој објавувајќи слика со натпис „Скопје знае за кого”.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Можно е трилатерална средба меѓу Трамп, Зеленски и Путин до крајот на неделава

Според информации на „Скај њуз“, европските дипломати добиле насоки од своите американски колеги да бидат подготвени за можноста од трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин. Состанокот би можел да се одржи подоцна оваа недела, зависно од резултатот на денешните разговори.Според договорот меѓу Соединетите Држави и европските партнери, средбата треба да се случи на европско тло, освен ако не се појават непредвидени промени во последен момент.За време на видео-конференцијата на т.н. „коалиција на добронамерните“ што се одржа минатиот викенд, италијанската премиерка Џорџија Мелони го предложи Рим како место на одржување, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна Женева како опција.Неофицијално се наведува дека украинскиот претседател Зеленски и американскиот лидер Трамп имаат наклонетост кон Рим, додека рускиот претседател Путин повеќе би ја прифатил Женева.Министерствата за надворешни работи на Италија и на Швајцарија веќе изразија подготвеност да го организираат овој можен состанок.

Свет | пред 5 месеци

gaza1

Палестински деца од Газа ќе бидат пренесена на лекување во Велика Британија

Во наредните недели, помеѓу 30 и 50 тешко болни и повредени палестински деца ќе бидат евакуирани од Газа и префрлени во Велика Британија на медицински третман, јави Би-Би-Си. Ова ќе биде првата група која ќе пристигне во рамки на владината програма за евакуација.Операцијата се реализира во координација на британските министерства за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство. Светската здравствена организација (СЗО) ќе биде одговорна за изборот на децата, кои ќе патуваат заедно со членови на своите семејства преку трета земја, каде што ќе им бидат земени биометриски податоци.Одлуката доаѓа по писмо испратено минатата недела од 96 пратеници од различни политички партии, со кое владата беше повикана итно да ги евакуира болните и повредени деца од Газа. Во писмото се нагласува дека децата се во животна опасност поради колапсот на здравствениот систем и дека сите административни пречки треба веднаш да се отстранат.Иако поединечни случаи на евакуација веќе беа спроведени преку иницијативата „Project Pure Hope“, досега британската влада немаше спроведено сопствена операција во текот на конфликтот. Во август властите најавија забрзување на плановите за прифаќање деца од Газа на лекување.Сè уште не е соопштено преку која трета земја ќе помине групата, колку деца точно ќе бидат опфатени и дали ќе следуваат дополнителни евакуации. Се претпоставува дека дел од нив би можеле да останат во Британија и по завршување на терапијата да поднесат барање за азил, со оглед дека враќањето во Газа е неизвесно.Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека од почетокот на војната во октомври 2023 година повеќе од 50.000 деца се убиени или повредени. Велика Британија досега обезбедуваше средства за лекување на повредени палестинци во болници во регионот и соработуваше со Јордан за доставување на воздушна хуманитарна помош.Децата кои ќе пристигнат во рамки на оваа владина програма ќе бидат згрижени и лекувани во болниците на Националната здравствена служба (НХС). Од Министерството за внатрешни работи информираа дека биометриските проверки ќе бидат направени пред патувањето на децата и нивните старатели.Палестинци со сериозни здравствени состојби веќе се евакуирани и во други држави – само во Италија досега биле примени повеќе од 180 возрасни и деца.Обединетите нации предупредуваат на масовна неухранетост во Газа, а експерти минатиот месец оценија дека се реализира „најлошото сценарио“ со глад. Израел, пак, тврди дека нема ограничувања за доставата на помош и ја обвинува ОН и другите организации за неуспешна дистрибуција.Според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, повеќе од 60.000 лица се убиени од почетокот на израелската офанзива. Израелската воена акција беше одговор на нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а 251 лице беше киднапирано.

Свет | пред 5 месеци

kokain

Рекордна заплена во Атина, 500 килограми „природен кокаин“ вреден 1,5 милиони евра

Грчките царински службеници на меѓународниот аеродром во Атина запленија 500 килограми од психоактивната супстанца кат, соопштија властите, пренесе весникот „Катимерини“.Кат, познат и како „природен кокаин“, е психоактивна супстанца што брзо создава зависност. Таа се добива од растението Catha edulis, кое се одгледува на Африканскиот Рог, на јужниот дел од Арапскиот Полуостров и по должината на источноафриканскиот брег.Недозволената пратка била сокриена во четири товарни пратки означени како завеси, чаршафи и ткаенини, кои транзитирале од Израел кон Соединетите Американски Држави.При случајна проверка во магацинот за привремено складирање на товар, инспекторите за борба против шверц ги откриле пакетите со сушени листови од кат и конфискувале вкупно 500 килограми.Запленетата количина се проценува на околу 1,5 милиони евра.Според грчките власти, ова претставува најголемата заплена на кат на атинскиот аеродром досега. Досегашни рекорди биле 458 килограми во декември 2014 година и 34 килограми во 2022 година.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-10.46.45

Десет дена го нема бугарскиот турист кој исчезна во Охридското Езеро

Речиси десет дена го нема 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив, кој исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Туристот од Бугарија, кој објавил и фотографии пред нуркањето, влегол во водите на езерото кај Трпејца, и оттогаш му се губи секој траг.Информациите кои проциркулираа во јавноста се дека исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри. Референците за рекреативно нуркање, поради безбедносни причини се до 40 метри. Над 40 метри, потребно е да се направат декомпресиски подготовки, па дури и да се користат различни мешавини на гас, во зависност од длабочината што се достигнува. Ако се следат објавите на Танчев на „Фејсбук“, може да се забележи дека ова не е негово прво искуство со нуркање.Во подвигот да нурка, бил придружуван од пријател и локален жител. За исчезнат, пријава во полицијата дошла од пријателот кој приметил дека Танчев го нема подолго време да излезе на површина.Од СВР Охрид за „Скопје1“ велат дека штом имаат нови информации, ќе ги споделат со јавноста.

Охрид | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Крај на илузиите за Крим и Донбас? Зеленски пред тешки одлуки во Вашингтон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа го очекува тежок состанок со американскиот лидер Доналд Трамп. Според проценки на експерти, условите за можен мировен договор веројатно нема да одат во корист на Киев.Роберт Инглиш, директор на Центарот за средноевропски студии на Универзитетот во Јужна Калифорнија, изјави за Си-Ен-Ен дека Трамп бил мошне јасен во своите пораки кон Зеленски.„Трамп му порача дека ќе мора да прифати како поголемиот дел од изгубените територии долгорочно остануваат изгубени. Сите илузии за враќање на Крим и поголемиот дел од Донбас се завршени“, вели Инглиш.Тој додава дека украинскиот лидер ќе мора да се соочи со болната вистина: „Зад кулисите постои јасно разбирање дека Зеленски ќе мора да ја проголта таа горчлива пилула. Сега фокусот мора да биде ставен на иднината и на цврсти безбедносни гаранции за Украина.“Зеленски во Вашингтон ќе биде придружуван од силна европска делегација – францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Киер Стармер и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Целта на посетата е координација на поддршката за Киев и обликување на заеднички пристап кон идната западна помош за Украина.„Фактот што сите се таму заедно и се обидуваат да постигнат заедничко разбирање е клучен“, нагласува Инглиш.Сепак, според него, главниот акцент најверојатно ќе се префрли од членството во НАТО кон долгорочни безбедносни договори.„Сè додека постои подготвеност на Украина да ѝ се обезбедат воени сили, снабдување, разузнавачки податоци и логистика, а тоа биде поткрепено со договор кој може да трае со години и неограничено да се обновува – тоа ќе биде многу блиску до НАТО-заштита. А тоа е токму она што Украина досега го немаше,“ додава Инглиш.

Свет | пред 5 месеци

gabriela-ilievska

Габриела Илиевска влезе во трката за градоначалник на Битола како независна кандидатка

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка.„После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и независна Битола, да ми се приклучите и да застанете против три децении запоставување на градот“, истакна Илиевска.Илиевска нагласи дека, за разлика од политичките партии, таа нема финансиски ресурси за голема кампања, но тоа нема да ја спречи да се бори.„Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет и чесност да излезам против сите што досега ја крадеа Битола. Време е Битола да биде независна“, порача таа.Илиевска има долгогодишно искуство во Советот на Општина Битола – првиот мандат како советничка од ВМРО-Народна партија, а последните два како независна преку иницијативата „Поинаку“. Во јавноста е позната по своите критики и директни настапи против одлуки кои, како што вели, не биле во интерес на Битола.Со оваа кандидатура, таа станува првата жена независна кандидатка за градоначалник на Битола.фото: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

jana-belceva

„Шанса за Центар“: Гласачките ливчиња би можеле да личат на тетратка, се отвора можност за создавање забуна кај гласачите со појава на слични имиња

Иако прагот за учество на изборите е намален, иницијативата „Шанса за Центар“ порача дека ќе продолжи со собирање потписи за основање на политичката платформа „Независни заедно“.„Граѓаните кои сакаат да ни дадат поддршка тоа можат да го сторат оваа недела. Ги повикуваме и другите организирани групи низ Македонија да се приклучат“, соопштуваат од иницијативата.Од „Шанса за Центар“ предупредуваат дека новите правила важат само за овие избори, а неизвесноста околу изборниот процес останува.Дополнително, велат дека останува во сила членот од законот според кој независните групи на гласачките ливчиња се прикажуваат само со имињата на носителите на листите, без назив на групата.„Ова отвора можност за создавање забуна кај гласачите со појава на слични имиња – како на пример Билјана Ивановска и Биљана Ивановска, што веќе се случувало на претходни избори“, предупредуваат тие.Од иницијативата додаваат дека гласачките ливчиња би можеле да личат на „тетратка“ со голем број имиња, каде политичките партии ќе стојат најгоре, а под нив ќе следат долги списоци на независни кандидати.„Пристапот до медиумите, избирачкиот список и другите ресурси со кои располагаат партиите останува непроменет. Нерамноправноста продолжува“, стои во соопштението.фото: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.03

Вашингтон ја крои иднината на војната: Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничка маса

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со Доналд Трамп во Вашингтон, заедно со повеќемина европски лидери, во обид да се постигне мировен договор. Причина за вниманието е стравувањето дека американскиот претседател би можел да изврши притисок врз Киев да прифати решение што би било во корист на Москва, јавува „Ројтерс“.На средбата ќе присуствуваат лидерите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Финска, како и претставници на Европската Унија и НАТО. Тие очекуваат да му дадат поддршка на Зеленски во значаен дипломатски момент за војната и да спречат повторување на непријатната ситуација од февруари, кога украинскиот претседател имаше незгодна средба со Трамп во Овалната соба.Прво е предвидена тет-а-тет средба на Трамп и Зеленски во Овалната соба, по што ќе следи заедничка дискусија со европските лидери во Источната соба на Белата куќа.Откако во петокот организираше церемонијален прием за рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, Трамп изјави дека мора да се постигне договор за ставање крај на 42-месечниот конфликт во кој загинаа десетици илјади луѓе, а милиони беа раселени.„Претседателот на Украина, Зеленски, може веднаш да ја прекине војната со Русија, ако сака, или да продолжи да се бори“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, користејќи различна транслитерација на неговото име.Сепак, Зеленски речиси целосно ги отфрли понудите што Путин ги изнесе на таа средба – меѓу кои и барањето Украина да се откаже од преостанатиот дел од источниот регион Доњецк, од кој моментално контролира една четвртина.„Ни се потребни вистински преговори, што подразбира да почнеме од актуелната линија на фронтот“, порача Зеленски во Брисел во неделата, додавајќи дека уставот на неговата земја не дозволува откажување од територија.Загрижувачки за Киев е тоа што Трамп, кој претходно го поддржуваше предлогот на Украина за брзо примирје како основа за подлабоки мировни разговори, по самитот ја смени позицијата и се приближи кон руското гледиште – преговори за сеопфатен договор додека борбите продолжуваат.„Му сум благодарен на американскиот претседател за поканата. Сите сакаме оваа војна да заврши што е можно побрзо и со траен мир“, објави Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во Вашингтон во неделата навечер. „Русија мора да ја заврши војната што самата ја започна. Се надевам дека заедно со САД и европските партнери ќе ја принудиме на вистински мир.“Предлозите на Путин, кои претходно ги објави „Ројтерс“, изгледаат неприфатливи за Украина. Украинските сили се добро утврдени во Донецк, каде што градовите и возвишенијата се клучни за одбраната од руските напади.Киев инсистира дека секој можен мировен договор мора да вклучува силни безбедносни гаранции за да се спречи нова агресија од Русија – земја која го анектираше Крим во 2014 година и ја започна целосната инвазија во 2022 година.Европските лидери, загрижени дека би можеле да бидат тргнати на страна од договорот, во неделата разговараа со Зеленски за усогласување на заеднички став пред денешната средба со Трамп.Присуството на најважните европски сојузници во Вашингтон, кои отворено го поддржуваат Киев, треба да му помогне на Зеленски да ги избегне горчливите искуства од неговата претходна посета на Овалната соба.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања