ТОП

helsinki

Трагичен инцидент во Хелсинки – пратеник се самоуби во парламентот во Финска

Финска јавност е потресена од трагичен инцидент што се случи денеска во зградата на парламентот во Хелсинки, каде што еден од избраните претставници си го одзел животот. Настанот се случил околу 11 часот претпладне, потврдија службите, кои истакнаа дека е регистрирана една смрт, а полицијата не гледа елементи на насилство.Медиумите во Финска наведуваат дека станува збор за пратеник, но неговото име засега не се објавува додека не бидат известени членовите на семејството.На местото пристигнале повеќе екипи на итната помош и полицијата, како и противпожарно возило. Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека најпрво со вклучени сирени пристигнала амбуланта, по што пред парламентот дошло големо противпожарно возило, полициско комбе, а потоа и оклопен полициски „мерцедес“.Финската јавна радиодифузна служба Yle пренесе дека во парламентот веднаш била покрената координирана акција на спасувачките служби.Директорот на полицијата, Аро Тоивонен, за медиумите изјави дека сите служби за итни интервенции се на лице место, но дека во овој момент не може да даде детали. „Парламентот е специфична институција и нормално е вакви ситуации да бидат проценети со дополнителна претпазливост додека сè уште е нејасно,“ изјави Тоивонен, без да ги потврди или негира медиумските написи дека починатиот е пратеник.

Свет | пред 5 месеци

donacii-kocani

Повредените од „Пулс“ и натаму зависат од донации, ниту третата тура компресивна облека не беше платена од државата

Помошта за тешко повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ (16 март 2025) и натаму доаѓа преку донации. И покрај јунските ветувања на институциите дека државата ќе ги покрие трошоците за неопходната терапевтска опрема, реалноста покажува дека компресивната облека што е од витално значење за заздравување од изгореници ја обезбедуваат само граѓани, компании и дијаспората преку движењето Support Kocani. Вчера пристигна третата пратка компресивна облека со вредност од 2.193.047 денари (околу 35.555 евра), која повторно целосно е финансирана преку донации и предадена на Општата болница во Кочани.-Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи кои се корисници на компресивна облека. Овој пат се обезбедени вкупно 176 парчиња специјализирана компресивна облека.Благодарност до секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација. Голема благодарност и до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, објави иницијативата.Ветувањата на институциитеНа 19 јуни, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, јавно изјави дека „сите здравствени потреби на повредените од Кочани ќе бидат на товар и поддржани од државата на долги стази“, а болницата во Кочани ќе биде централна установа за грижата. Ден подоцна, директорката на болницата, д-р Катерина Паниќ-Мирчовска, најави дека пациентите ќе добиваат и втор сет компресивна облека, бидејќи носењето е задолжително најмалку две години.Реалноста на терен е сосема поинакваПрва пратка: на 16 јуни беше доставена облека во вредност од 923.458 денари, платена од донации.Втора пратка: на 8 јули пристигнаа 43 парчиња компресивна облека изработени по мерка за 17 повредени лица, со вредност од 283.802 денари, повторно донација.Трета пратка: денес, 18 август, донирана е најголемата набавка досега – вредна 2.193.047 денари.Со ова, вкупната вредност на трите испораки надмина 3,4 милиони денари (околу 59.000 евра) – сите обезбедени преку донации, иако државата претходно вети поинакво сценарио. Од најавената институционална поддршка, засега не е реализирана ниту една набавка. Повредените продолжуваат да ја добиваат неопходната облека исклучиво преку солидарноста на граѓаните и дијаспората.

Македонија | пред 5 месеци

zgradi-treska

„Треска“ без дрвја: од зеленило кон пустина – јавниот интерес повторно поразен?

Просторот кај некогашната фабрика „Треска“ наместо да прерасне во квалитетно уреден дел со зеленило, денес изгледа како пустина. Според иницијативата „Шанса за Центар“, во делот каде што беа засадени над 100 дрвја, денес не останало ништо.„На местото каде што требаше да има парк, сега никнуваат само „наполитанки“ згради. Зеленилото постои единствено на хартија,“ реагираат од иницијативата.„За „Треска“ се боревме со мораториум, со урбанистичко-архитектонски конкурс чијашто спроведба ја обезбедивме со поддршка од стручната јавност, но наградените решенија беа игнорирани од институциите и градоначалникот. Планот го поднесовме и до Уставен суд, но на крај секогаш победуваше приватниот пред јавниот интерес,“ велат од „Шанса за Центар“.Советничката Билјана Филиповска Тодорчевска, која е архитект и добитничка на повеќе признанија, со месеци бара начин да се гарантира барем единствената зелена површина предвидена со планот. Денес, пак, на просторот се градат приватни објекти, дел од истите инвеститори кои ги подигаат зградите.Последниот обид, како што посочуваат, бил во координација со стручните служби на Општината да се постават дополнителни барања кон инвеститорите – на нивна сметка да ги отстранат легализираните бараки на просторот предвиден за јавно зеленило.„Инвеститорите се согласија, поднесоа елаборати за уривање и потпишаа изјави дека ќе го уредат предвиденото јавно зеленило од близу 5.700 м². Но, дел од советниците ја напуштија седницата и не дозволија да има кворум. Така постапката запре,“ велат од иницијативата.„Вака не се штити јавниот интерес и не се градат конструктивни политики. Ова само докажува дека во советот повеќе се исполнуваат туѓи барања отколку да се бараат решенија за граѓаните. А градоначалникот, повторно, воопшто не се појави на седницата,“ заклучуваат од „Шанса за Центар“.фото: Скопје1

Скопје | пред 5 месеци

MixCollage-19-Aug-2025-12-01-PM-8372

Меџити и Османи во трка кој ќе ангажира попознат архитект, секој со своја визија за нов изглед на Чаир

Изборната трка во Чаир добива нова димензија – кандидатите за градоначалници најавуваат соработка со светски и регионални имиња од областа на урбанизмот и архитектурата, со цел општината да добие современ и функционален лик.Кандидатот на „Алтернатива“, Изет Меџити, во својот тим го вклучи урбанистот Бајрам Вардар, скопјанец кој оставил силен белег врз турските мегаполиси Истанбул и Бурса. Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога тој го водеше Истанбул, а подоцна ја извршуваше функцијата главен урбанист на Бурса. Меџити најави изработка на мастер план за Чаир, што ќе се креира во консултација со жителите и ќе има конкретна стратегија за имплементација.– Чаир има предизвици слични на оние што сме ги гледале во Истанбул или Барселона. Наша цел е да изработиме план за иднината на општината кој ќе биде основа за нејзина модерна трансформација – изјави Меџити при претставувањето на Вардар.Од другата страна, кандидатот Бујар Османи најави соработка со мексиканскиот архитект Мишел Ројкинд, светски познат по тоа што ја спојува архитектурата со социјалната и културната димензија. Неговото студио „Rojkind Arquitectos“ е избрано од магазинот „Форбс“ меѓу десетте најиновативни во светот, а самиот Ројкинд е добитник на бројни меѓународни признанија, меѓу кои и наградата „Emerging Voices“ на Архитектонската лига на Њујорк.Ројкинд стана глобално познат по проектот „Nestlé Chocolate Museum“ во Толука, футуристичка структура која освои награди и беше номинирана за „British Museum Award“. Престижни медиуми како „Њујорк Тајмс“ го вброија меѓу имињата што ја обликуваат иднината на современата архитектура.

Скопје | пред 5 месеци

ukim

Почнаа уписите на УКИМ, има слободни места за 9719 студенти

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година.Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти.Како и во минатите години, најмногу слободни места има за упис на студиските програми на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски факултет (880), Филолошки (810), Медицински факултет (760), Економски (700), Правен факултет (610), Факултет за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ (590).Редовните студенти кои се финансираат од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, а тие со кофинансирање на студиите и вонредните ќе плаќаат по 400 евра.Во објавениот Конкурс на УКИМ се наведени условите и критериумите за запишување, роковите, потребните документи и начинот на аплицирање.Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.Денеска и утре (19 и 20 август) е првиот рок за пријавување на кандидатите, вториот рок ќе биде на 11 и 12 септември, а третиот рок каде што ќе има слободни места – на 24 септември 2025.

Македонија | пред 5 месеци

makron

Макрон предлага мировен самит меѓу Зеленски и Путин во Швајцарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага за организирање мировен самит помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин на „неутрално тло“. Како идеална локација ја посочи Швајцарија, а особено градот Женева, пренесуваат странските медиуми.Макрон смета дека на масата за преговори, покрај Зеленски и Путин, треба да седат и клучни европски лидери.Во интервју за француската телевизија LCI, Макрон потврди дека веќе денес ќе започне подготовка на конкретен предлог за сигурносни гаранции за Украина.„Ќе создадеме коалиција на подготвени заедно со британскиот премиер Кир Стармер за да ја информираме јавноста. Паралелно, ќе работиме со Американците за да видиме кој е подготвен и на кој начин да придонесе“, најави францускиот претседател.Тој нагласи дека мирот не смее да биде капитулација на Киев:„Украина ќе направи отстапки кои ги смета за фер и корисни. Но, овој мир не може да биде капитулација – тоа би било трагично и за Украина и за Европејците.“

Свет | пред 5 месеци

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Медведев: Европа не успеа да го „надмудри“ Трамп, неизвесно е како ќе постапи Зеленски

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека европските лидери не успеале да го надмудрат американскиот претседател Доналд Трамп и изрази сомнеж како украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се постави во врска со прашањата за териториите и безбедносните гаранции.Медведев преку платформата „X“ порача дека „антируската ратоборна Коалиција на подготвените не успеа да го надмудри @POTUS (претседателот на САД) на негов терен. Европа му се заблагодаруваше и му се додворуваше“.Тој додаде дека клучното прашање сега е „која мелодија ќе ја свири Зеленски за гаранциите и териториите дома, кога повторно ќе ја облече зелената воена униформа“.Изјавата доаѓа откако Трамп му вети на Зеленски дека САД ќе помогнат во обезбедување на безбедносни гаранции за Украина во рамките на евентуален мировен договор, иако деталите и опсегот на таа поддршка засега не се познати.

Свет | пред 5 месеци

avion-boing

(Видео) Избегната трагедија над Крф – авион со 273 патници принудно слета со запален мотор во Бриндизи

Воздухопловна драма се одвивала синоќа над грчкиот остров Крф, кога на „Боинг 757-300“ на германската авиокомпанија „Кондор ервејс“ му откажал десниот мотор непосредно по полетувањето кон Дизелдорф. Во авионот имало 273 патници и осум членови на екипажот, јави „Фикенњуз“.Откажувањето на моторот се случило на надморска височина од околу 450 метри, додека авионот сè уште бил во фаза на искачување. Од десната страна избувнал оган, што било регистрирано и од жителите и туристите на островот, кои слушнале и силен звук налик на експлозија. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои јасно се гледа пламенот. На аеродромот во Крф биле активирани сите протоколи за итна состојба, но пилотите одлучиле да продолжат со летот користејќи го само левиот мотор и да се пренасочат кон италијанскиот град Бриндизи, лоциран наспроти островот.Германската телевизија RTL пренесува дека поради дефектот немало можност да се продолжи кон првичната дестинација – Дизелдорф, па затоа летот бил пренасочен.Авионот безбедно слета во Бриндизи, без повредени меѓу патниците и екипажот, објави весникот „Вима“. Патниците биле сместени во хотел, каде ќе чекаат замена и продолжување на патувањето.

Свет | пред 5 месеци

marinci-karibi-karteli

Трамп испрати 4.000 маринци во Карибите – целта се нарко-картелите

Соединетите Американски Држави започнаа голема воена операција во Латинска Америка и Карибите, насочена кон сузбивање на нарко-картелите. Според информациите на CNN, распоредени се над 4.000 маринци и морнари, како дел од стратегијата на претседателот Доналд Трамп за борба против криминалните групи што се прогласени за глобални терористички организации.Во наредните 36 часа, пред брегот на Венецуела треба да пристигнат три американски разорувачи опремени со ракетниот систем „Егис“ – „УСС Грејвли“, „УСС Џејсон Данам“ и „УСС Сампсон“.Покрај воените бродови, во поширокиот регион ќе бидат распоредени и шпионски авиони П-8, дополнителни морнарички единици и најмалку една нападна подморница. Процесот ќе трае неколку месеци, а акциите ќе се спроведуваат во меѓународни води и воздушен простор. – Поморските сили може да се користат не само за разузнавачки и надзорни мисии, туку и како основа за насочени напади, доколку биде донесена таква одлука – изјавил висок функционер за американските медиуми.Администрацијата на Трамп ја истакнува борбата против нарко-клановите како еден од своите приоритети, поврзувајќи ја и со намалување на миграцијата и зајакнување на јужната граница на САД.Во последните неколку месеци, Вашингтон веќе испрати дел од своите воени бродови во регионот и го засили воздушниот надзор врз мексиканските картели, собирајќи информации за нивното делување со цел нивно потиснување.фото: Х

Свет | пред 5 месеци

MixCollage-19-Aug-2025-09-24-AM-3094

Тројца уапсени во Кочани и Виница – пронајдени дрога, ваги и опрема за пакување

Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, кај нив е пронајдена дрога, информира МВР.На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Исто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото билепронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

protesti-srbija-1

(Видео) Свирежи и и извици „Уааа“ го пречекаа Вучиќ пред партиските простории на СНС

Просториите на Српската напредна странка (СНС) во Белград синоќа беа во центарот на драматични настани, откако демонстранти упаднаа и делумно го разурнаа објектот, а полицијата мораше со солзавец да ја воспоставува контролата. Неколку часа подоцна, на местото пристигна и претседателот Александар Вучиќ, чиј влез беше проследен со спротивставени реакции – од скандирање „Ацо, Србине“ од неговите приврзаници, до свирежи и повици „уа“ од околните станбени згради.Протестите започнаа во попладневните часови кога поголема група граѓани влезе во партиските простории и предизвика материјална штета. Жандармеријата интервенираше за кратко време, потиснувајќи ги демонстрантите со употреба на солзавец, но напнатоста во квартот не се намали.Додека Вучиќ со обезбедувањето се движеше кон влезот на партискиот објект, камерите на националните телевизии го прикажуваа само кругот на неговите симпатизери, но на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат видеа кои ја покажуваат реакцијата на жителите од околните згради – свирежи, негодување и повици „уа“.На една од снимките јасно се гледа како припадници на специјалната единица „Кобри“ внимателно ги следат прозорците на соседните згради, свесни за непријателската атмосфера. Според очевидци, обезбедувањето дури му препорачало на Вучиќ да се повлече во внатрешноста на зградата. Неколку минути подоцна, колоната автомобили придружувана од силно полициско обезбедување ја напушти улицата, додека од тротоарите и прозорците и натаму одекнуваа свирежи и повици против претседателот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.48.55

Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска денеска ќе се појави во Обвинителството на распит

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата и кандидатка за градоначалник на Општина Центар од иницијативата „Независни заедно“, Билјана Ивановска, ќе треба да даде исказ во обвинителството по кривична пријава поднесена против неа од страна на физичко лице.Од Јавното обвинителство засега не откриваат ниту кој е подносителот, ниту за кое кривично дело станува збор. Единствено прецизираат дека повикот за распит не е поврзан со нејзината кандидатура, туку дека поканата до Министерството за внатрешни работи ја испратиле уште на 25 јули, а времето на доставата се совпаднало со нејзината одлука да влезе во изборната трка.Обвинителката Адела Бојчевиќ, која го води предметот, ја контактирала Ивановска и ѝ понудила можност распитот да се одложи доколку таа смета дека поканата може да се протолкува како притисок во текот на изборната кампања.„Со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и ѝ даде можност, доколку сака и доколку исказот го чувствува како форма на притисок, истиот да се помести по завршувањето на изборите,“ наведоа од Обвинителството.Ивановска, пак, реагираше дека поканата ја добила само 11 часа откако ја соопшти својата кандидатура, но додаде дека нема намера да ја одложи постапката и оти ќе се појави во Обвинителството бидејќи нема што да крие.Обвинителството посочува дека пријавата за која преземаат дејствија е поднесена уште на 18 февруари годинава.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп ќе зборува со Путин по средбата со Зеленски, можен е нов состанок

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите заврши по нешто помалку од половина час.На последното новинарско прашање – дали очекува нешто повеќе од неодамнешниот самит со Владимир Путин – Трамп изјави:„Токму разговарав со претседателот... Всушност, неформално веќе разговарав со претседателот Путин, а ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес.Можно е да имаме трилатерален состанок – а можно и да не. Ако го нема, борбите продолжуваат. Но ако го има, мислам дека шансите се добри, дека можеби токму со таков состанок може да се стави крај на војната. Тој очекува мој повик веднаш штом ја завршиме оваа средба,“ рече Трамп.Претходно во разговорот, претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерален состанок меѓу него, Путин и Трамп.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-10-05-at-11.05.19

Трагична сообраќајка кај Макази: Загинат маж од Битола, повеќе повредени

Попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 52-годишен битолчанец. Според првичните информации, има и други лица со повреди.Судирот се случил меѓу две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки. Ударот бил толку силен што едно од возилата целосно изгорело.Полицијата и истражните органи вршат увид на местото на несреќата. Сообраќајот на овој дел од патот е во прекин од 13:20 часот и ќе остане затворен сè додека трае истрагата.

Македонија | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Невреме зафати делови на Скопје: силен дожд, грмежи и ветер – УХМР со предупредување

Делови од Скопје попладнево ги зафати силно невреме проследено со грмежи, дожд и засилен ветер. На одредени локации веќе врне интензивно, а жителите сведочат на краткотрајни, но силни удари на ветер и силни електрични празнења.Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека до крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во текот на ноќта, како што додаваат, ќе има услови за повремен дожд.„Во Скопје до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град,“ информираат од УХМР.Според прогнозата, утре ќе има повеќе сончеви периоди, но повторно со услови за нестабилна облачност и локални врнежи. Минималните температури ќе се движат меѓу 12 и 19, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени. Во Скопје утрешниот ден ќе донесе променливо облачно време со сончеви периоди, слаб до умерен северен ветер и температури од 18 до 32 степени.Од среда до петок се очекува стабилизација и пораст на температурите, додека за време на викендот повторно ќе има услови за локални врнежи и ретки грмежи, со пад на дневните температури.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања