ТОП

orce-kiselavoda-4

Орце Ѓорѓиевски отвори платформа – граѓаните ќе предлагаат проекти за иднината на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека изборната програма ќе се креира преку отворена платформа со идеи и предлози од граѓаните. Тој порача дека секој предлог е важен и дека токму преку заедничко учество може да се изгради европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата сигурност, а возрасните достоинствен живот.Биди гласот на Скопје – твојата идеја за европска метропола!Почитувани сограѓани, Скопје отсекогаш бил град на надежта, град на соништата и град на луѓе со големи срца. Денес, пред нас стои предизвикот повторно да му го вратиме сјајот и достоинството што го заслужува. Тоа нема да го направи еден човек, туку тоа ќе го направиме заедно – со вашите идеи, предлози и визии.Како човек од народот кој верува дека вистинската сила е токму во народот, победничката програма ќе ја пишуваме со вас – на улиците, во маалата, во секоја населба, но и преку оваа отворена платформа. Изработивме специјален QR-код кој директно ве поврзува со платформата (web страница) за да ги напишете вашите предлог-идеи и проекти.Истиот може да се најде и во локалите и на сите фреквентни места низ градот. Вашата замисла може да стане дел од големата преродба на Скопје. Секоја идеја е важна, секое мислење е вредно. Затоа, заедно ќе изградиме град кој ќе блесне како европска метропола, град во кој младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат сигурност, а возрасните достоинствен живот.Сплотени, мотивирани и одлучни, ќе работиме до последниот атом за Скопје да стане град со кој сите ќе се гордееме. Ова е нашата заедничка шанса да ја испишеме историјата и да му подариме на нашиот град нова ера на развој и просперитет.Ова е град на сите нас – на сите кои го сакаат, го живеат и го чувствуваат, напиша тој во објавата на ФБ.

Скопје | пред 5 месеци

deskoski

Професорот Дескоски за случајот „Казандол“: Голема победа за државата и позитивен сигнал за инвеститорите

Универзитетскиот професор Тони Дескоски во објава на Фејсбук ја објасни правната позадина и значењето на арбитражната постапка за случајот „Казандол“, во која Македонија доби позитивна пресуда. Тој нагласува дека ваквиот исход е резултат на сложена работа на адвокатски тимови и експерти, со ангажман и на меѓународна адвокатска фирма специјализирана за инвестициска арбитража. Дескоски посочи дека оваа арбитража е една од петте покренати против државата во последните години, при што сите завршиле во корист на Македонија, што претставува значаен сигнал за странските инвеститори и показател за стабилноста на правниот систем.Вчера беше објавена големата победа на државата во инвестиционата арбитража за одземената концесија за рудникот Казандол. Победата не е случајна, туку е резултат на долготрајна и макотрпна работа на огромен тим составен од адвокати и правници, но и на агажираните вешти стручни лица од најразлични области. Ангажманот на најреномираната меѓународна адвокатска фирма за инвестициска арбитража White &Case, сам по себе говори за сериозноста на пристапот на државата во овој случај.Инвестициската арбитража е инструмент создаден од богатите западни земји, со цел на своите инвеститори да им овозможат директна арбитражна заштита против арбитрерното постапување на странските држави во кои го вложуваат својот капитал. Стана посебно актуелна по бранот на национализации и експропријации на претпријатија со странски капитал по успешните социјалистички револуции во ХХ-от век и извојуваната слобода на бившите колонии. Преку инвестициската арбитража богатите земји кои извезуваат капитал се ослободуваат од товарот од дипломатска интервениција (примена на најразлични видови на притисок) кон земјите каде е загрозен тој капитал, а земјите во кои е инвестиран капиталот добиваат можност во правораздавачка постапка, на рамна нога со странскиот инвеститор да се одбранат, односно да докажат дека нивните органи не постапуваат арбитрерно.На Правниот факултет, јас го воведов предметот Инвестиционо право, каде што се изучуваат сегментите за заштитата на странските инвестиции, а посебно за инвестициската арбитража. Инвестиционата арбитража има една карактеристика која е посебно незгодна инструмент за земјите увознички на капиталот, а тоа е целосното преиспитување на постапките на нивните државни органи од страна на независни лица – арбитри. С. Македонија е земја увозничка на странски капитал и уште по независноста правилно се определи за отворена економија, но и за склучување на билатерални инвестициски договори со голем број на водечките економии во светот, но и со најзначајните економски партнери.Инсвестициската арбитражата за концесијата Казандол произлезе токму од еден таков билатерален договор, оној со Украина од 1998 година. Таа е една од петте инвестициски арбитражи кои беа покрената против Република Македонија во еден краток (Кунико за Фени, Блажо Тасев за САСА, Бинаниеви за Тораница, Артем Скубенко и др. за Казандол и Гама Гуч за Те-ТО), а кои сите завршија во полза на државата.На страната на Украинските инвеститори кои тврдеа дека арбитрерно им е раскинат концесискиот договор од Владата беше адвокатски тим предводен од Чери Блер, сопругата на поранешниот Британски премиер Тони Блер. Меѓу бројните ангажирани вештаци-експерти од нивната страна беа и две професорки од Правниот факултет во Скопје, Гордана Лажетиќ и Родна Живковска. Очигледно ни тоа не помогна за да се докажат тврдењата за арбитрерно постапување на државата спрема украинските инвеститори. Пресуди арбитражен совет предводен од врвен Англиски адвокат Али Малек, но во советот беа и две величини на инвестициската арбитража, Станимир Александров, ангажиран од тужителите и Јан Паулсон, ангажиран од тужената држава.Победата во инвестициската арбитража за Казандол, но и победите во другите инвестициски арбитражи државата треба да ги искористи за промоција на С. Македонија како безбедна дестинација за странските инвеститори. Секако, и Правниот факултет може да се пофали со ангажманот на своите професори на страната на државата

Македонија | пред 5 месеци

rocista

Предметот „Адитив“ добива продолжение – судот одобри обвинение, нови тројца под истрага!

Советот за оцена на обвинителен акт го одобри обвинението против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е и обвинителен предлог против уште три лица за „оддавање службена тајна“, соопшти Кривичниот суд.Како што велат оттаму, советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат а обвинителниот акт се одобрува во целост.Заедно со конкретниот обвинителен акт, до судот од страна на ОЈО ГОКК беше поднесен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело од чл. 360 од КЗ – Оддавање службена тајна,кој предлог не подлежи на оцена, како и предлог за спојување на обвиненијата со предметот познат како „Адитив“ за кое барање дополнително ќе се одлучува.

Македонија | пред 5 месеци

48062922_2255007034783062_3077521114725875712_n

Кривична за вработен во „Национални шуми“ – оштетил претпријатието за над 500.000 денари

Против 58-годишен вработен во подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга е поднесена кривична пријава, откако издавал испратници без одобрение за сеча и на тој начин нанел штета од 506.850 денари на ЈП „Национални шуми“ и на буџетот на државата.-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ - Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист. Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.

Македонија | пред 5 месеци

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Реакции од Украина: „Ако има размена на територии, дајте ни мапа на Русија“

Кога европските лидери се собраа во Белата куќа за да ја вратат иницијативата по самитот на Доналд Трамп во Алјаска со Владимир Путин, тие се потпираа на аналогија: отстапувањето на украинскиот суверенитет над делови од источна Украина на Русија би било како САД да ја предадат Флорида.„Руското барање Украина да отстапи делови од Донбас би било, едноставно кажано, споредливо со барањето САД да се откажат од Флорида“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц на прес-конференција по состанокот.За да го зајакнат аргументот на Украина, помошниците на Володимир Зеленски донесоа мапа во Овалната соба што Трамп ја опиша како „брилијантна“, објави Фајненшл тајмс.Мапата требаше да послужи како проверка на реалноста за американскиот претседател, покажувајќи фронтова линија од 1.300 км што минува низ Украина и процентот на секој од петте региони окупирани од Русија. Но, во Украина, сликата на Трамп и Зеленски како разговараат пред мапата ги зголеми загриженостите за територијалните отстапки.„Гледајќи го тоа, се чувствував крајно загрижена“, рече Дарија Каленјук, директорка на Центарот за борба против корупцијата со седиште во Киев: „Доналд Трамп зборуваше за територијална размена, па се прашував зошто не е прикажана мапа на Русија ако има територијална размена“.Претседателот на САД инсистираше пред самитот во Алјаска дека завршувањето на војната може да бара „некаква територијална размена“. Во Анкориџ, Путин потоа побара Украина да се повлече од целиот регион Донецк и Луганск како услов за мир. Тоа предизвика тревога во Украина, иако Зеленски и други политичари брзо негираа дека некогаш би се согласиле на такви отстапки.„Имаме црвени линии: никакво ограничување на нашиот суверенитет, никакво признавање на која било украинска територија како дел од Русија и одбивање да се отстапи територија што Русија сè уште не ја окупирала“, рече Јехор Черњов, пратеник од партијата на Зеленски и заменик-претседател на Комитетот за одбрана и разузнавање на парламентот.За украинското раководство, отстапувањето на нова територија не е само политички експлозивно; тоа се смета и за подготовка на сцената за понатамошна руска агресија. Повлекувањето од утврдениот дел од Донецката област што украинските сили сè уште го држат би имало широки воени последици, велат аналитичарите и војниците.„Тоа би било катастрофа“, рече Павло Нарозни, воен аналитичар и раководител на организацијата „Реактивна пошта“, која поддржува артилериски единици. Руската војска, рече Нарозни, би можела веднаш да фрли лизгачки бомби врз Дњепропетровската област и да го загрози индустрискиот центар Запорожје и од исток и од југ.

Свет | пред 5 месеци

polska

(Видео) Непознат објект се урна во Полска, неофицијално тоа е руски борбен дрон

Неидентификуван објект синоќа се урнал во поле со пченка во градот Осини во округот Луков, во полскиот регион Лубелшчизна. Полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци. Според неофицијални информации добиени од полскиот весник „Жечпосполита“, најверојатно станува збор за дрон „Шахед“, кој Русија го користи во војната против Украина.Полицијата добила пријава за експлозијата во 2:22 часот наутро. „Пронајдовме место во полето со пченка каде што можел да експлодира непознат објект. Пронајдовме јагленисани делови од различни големини, расфрлани во радиус од неколку десетици метри“, изјави за TVN24 Марчин Јозвик, портпарол на полицијата во Луково.Експлозијата била толку силна што прозорците на три блиски куќи биле скршени. За среќа, никој не е повреден. Полицијата го обезбедила подрачјето и собира расфрлани елементи. „Теренот е изгорен, но нема кратер од удар“, додаде Јозвик. Зенон Писиевич, командант на Државната противпожарна служба во Луков, изјави дека нема потреба од гаснење на пожарот.Полската оперативна команда објави дека радарите не регистрирале никакво нарушување на полскиот воздушен простор ниту од украинската, ниту од белоруската страна синоќа.„Информациите за пронајдениот предмет, кој според првичните проценки може да биде дел од стар мотор со пропелер, беа проследени до Центарот за воздушни операции. Сите надлежни служби се на терен, вклучително и воената полиција, која спроведува детална анализа. Активирани се и воздушни и копнени екипи за пребарување и спасување“, се вели во соопштението.Гувернерот на Лублин, Кшиштоф Коморски, изјави дека никој не е повреден, но дека се оштетени три згради. „Нема закана, сите можат да се чувствуваат безбедно. Радијацијата е проверена и измерена. Надлежните служби го истражуваат местото на настанот. Ќе им ја пружиме целата потребна психолошка помош на жителите“, рече Коморски.Тој додаде дека понатамошни дејствија ќе ги спроведат армијата и обвинителството. „Знаеме дека имало експлозија, знаеме дека се пронајдени остатоци. Во овој момент нема да ги потврдиме информациите за самиот објект“, рече гувернерот.Според неофицијалните информации објектот би можел да биде ирански дрон од типот „Шахед 131“ или „136“ (според руската терминологија „Гиран-1“ и „Гиран-2“).

Свет | пред 5 месеци

zelenski-putin

Кремљ „ладен“ кон идејата за самит Путин–Зеленски, додека веќе се договара средбата

Кремљ се обиде да ги ублажи очекувањата околу можен директен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски, иако американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира двете страни да седнат на маса и да разговараат за прекин на војната во Украина, јавува Би-би-си.Повикот на Трамп следува по неговата средба со Путин минатата недела на Алјаска, како и по понеделничките консултации во Белата куќа со Зеленски и лидерите на седум европски држави.Трамп призна дека конфликтот е „тежок за решавање“ и предупреди дека Путин можеби нема намера да постигне договор. „Можно е да не сака да направи договор,“ рече тој, додавајќи дека во таков случај Русија би се нашла во „тешка ситуација“.Иако Путин наводно изразил подготвеност за идејата за директни преговори, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека секоја средба мора внимателно да се подготви „чекор по чекор“.Во меѓувреме, НАТО генералите денеска одржуваат виртуелен состанок, а британскиот воен командант, адмирал Тони Радакин, отпатува во Вашингтон за разговори околу можноста за распоредување на „сила за уверување“ во Украина.Според медиумските извештаи, Путин дури му предложил на Трамп Зеленски да отпатува во Москва – нешто што Киев речиси сигурно нема да го прифати.Иако Трамп првично зборуваше за примирје, сега инсистира на траен мировен договор. Европските лидери и Зеленски во разговорите нагласиле дека за Украина се неопходни силни безбедносни гаранции. Трамп најави дека САД би можеле да обезбедат воздушна поддршка доколку Европа испрати војници на терен, но исклучи испраќање американски трупи.Европските сојузници, сепак, се многу поскептични. Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече Путин „предатор“ и изрази „огромно сомневање“ во неговата волја за мир, додека финскиот претседател Александар Стуб порача дека Путин „ретко може да се смета за доверлив“.Последниот директен состанок меѓу Зеленски и Путин се одржа во 2019 година.

Свет | пред 5 месеци

dui-

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Белград, а не за обична финансиска инвестиција. Како аргумент наведуваат дека назначувањето на Маја Кадиевска Војновиќ на чело на банката било резултат на лобирање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај српскиот претседател Александар Вучиќ.ДУИ предупредува дека влезот на српски капитал во банкарскиот сектор претставува прашање на национална безбедност и дека може да се одрази врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата.„Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘Српски свет’ и руско влијание“, стои во реакцијата.Од ДУИ порачаа дека молкот на институциите претставува соучесништво и најавија дека претстојните избори во октомври ќе бидат референдум за, како што велат, одбрана на евроатлантската ориентација и финансискиот интегритет на државата.

Македонија | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Полиција уапси тројца во Штип, пронајдени пушки и стотици куршуми

Тројца штипјани уапсени поради незаконско поседување оружје – при претрес во дом пронајдени три автоматски пушки и рамки со муниција.-На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм, се наведува во соопштението од МВР.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

Atina-policija

Убиен Артур Тураби во Атина, брат на криминалец со богато досие

Артур Тураби е пронајден мртов на улицата „Михаил Вода“ во Атина. Полицијата синоќа го блокирала подрачјето, а мотивот за убиството сè уште се истражува, јавуваат албанските медиуми.Според „Панорама“, Тураби е брат на човек кој важи за десна рака на Албанецот обвинет за убиството на полицаец во Тирана во 2017 година. Во 2022 година, Тураби наводно бил уапсен поради поврзаност со банда која напаѓала патници во јавен превоз.Неговиот брат, Марсел Башими – познат и како Марсел Скуртај или Марсел Гозита – има долг криминален список и во Албанија и во Грција. Тој бил уапсен во јули 2022 година заедно со Бледар Џамбели и Кристак Лечи во врска со вооружен инцидент во Грција. Последните двајца се обвинети за ликвидацијата на полицаецот Артан Цуку пред неговиот дом во Тирана во 2017 година.Башими е добро познат на полицијата повеќе од две децении: уапсен е за разбојништво во Албанија во 2014 година, а во Грција има богато досие кое вклучува апсења за кражби, поседување оружје, лажни документи и обид за убиство. Тој бил поврзан и со криминална група од 41 член која крадела паричници и мобилни телефони во јавниот превоз.Истражните органи во Атина сега го поврзуваат убиството на Артур Тураби со криминалното минато на неговиот брат.

Свет | пред 5 месеци

MixCollage-20-Aug-2025-09-23-AM-7442

Мирјана Најчевска јавно му се извини Петар Богојески - „Тој не е глуп, туку опасен човек за демократското општество“

Професорката Мирјана Најчевска објави јавно извинување откако на 18 август 2025 година преку адвокат ангажиран од Петар Богојески добила барање за извинување за својот статус на Фејсбук од 5 август, во кој го нарекла „глуп како точак“.„Со овој пост јавно се извинувам за кажаното. Во мојот пост се употребени несоодветен речник и несоодветна споредба“, напиша Најчевска.Таа образложува дека речникот е несоодветен затоа што не станува збор за глупост, туку за „свесен говор на омраза и поттикнување на меѓуетнички конфликт“. Како доказ посочи на јавно објавениот став на Богојески во кој постапувањето на Јавното обвинителство против навивачи што скандирале „Добар Шиптар, мртов Шиптар“ и „Гасна комора за Шиптари“ го нарекува „лов на вештерки“, како и на негови повици до младите „да не се плашат да бидат гласни“.Во извинувањето Најчевска додава дека споредбата е несоодветна затоа што со тоа го навредила велосипедот, „кој многумина го ценат како спортски реквизит и еколошко превозно средство“.Истовремено, таа го повикува Јавното обвинителство да испита дали постојат основи за поведување постапка против Богојески за говор на омраза и поттикнување на етнички конфликт, „особено затоа што станува збор за континуирана и систематска употреба на таков говор и навреди врз основа на етничка припадност, уверување, политичка или партиска припадност и род“.„Уште еднаш го повторувам моето извинување што го нареков Петар Богојески глуп. Тој не е глуп, туку опасен човек за демократското општество кое го градиме и за мултикултурната заедница во Македонија базирана на почитување на различностите“, заклучува Најчевска.Јавни настапи со навредиВо јавните настапи на социјалните мрежи, Богојески користи речник исполнет со навреди и омаловажувања.Во коментари на Фејсбук, тој на соговорници им се обраќал со изрази како „забегани сте“, „болни“, „шутрак“, „стока неписмена“, па дури и со прашања од типот „ти даваш ли газ за вечера“.Тој користел навреди и на национална основа. Во една објава напишал: „Едно прашање до шиптариве, зошто не гласате за градските луѓе, писмени луѓе, изживеани луѓе со докажано минато, еснаф луѓе…имате такви ваши шиптари“.Во друга прилика, дури изразил и желби за смрт кон дел од граѓаните: „Ајде да ве собере Бог уште малку и ќе куртули Македонија од најскапаната генерација во последните 10 века“.

Македонија | пред 5 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Јавниот увид во Избирачкиот список почнува во сабота

Од 23 август, граѓаните ќе можат да извршат увид и да поднесуваат барања за промени во Избирачкиот список. Увидот ќе трае до 11 септември на полноќ, информира Државната изборна комисија (ДИК).Во овој период секој граѓанин може да побара запишување, дополнување или бришење на податоците. Барањето може да се достави писмено до подрачното одделение или месната канцеларија на ДИК според местото на живеење, или преку електронска пошта.ДИК е должна да одлучи по секое барање во рок од 24 часа од приемот. Доколку барањето биде одбиено, граѓанинот има право во рок од 24 часа да поднесе тужба до Управниот суд електронски. Судот, пак, мора да одлучи во рок од 24 часа и веднаш да ја достави својата одлука. Правосилните решенија на Управниот суд се составен дел на потпишаниот Избирачки список.Политичките партии до 11 септември можат да побараат увид во Избирачкиот список, а ДИК во рок од три дена е должна да им го достави. Во следните пет дена партиите имаат право да поднесат барања за промени на податоците.Министерството за внатрешни работи на 12 септември, односно веднаш по завршување на јавниот увид, треба да достави до ДИК листа на лица кои побарале нова лична карта или пасош од денот на распишување на изборите до завршувањето на увидот, како и список на граѓани кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години. ДИК овие податоци ги внесува во Избирачкиот список по службена должност.Министерството за социјална политика, демографија и млади е должно најдоцна 30 дена пред изборите да достави информации за лица кои побарале гласање во установи за вонсемејно згрижување. Основните судови, пак, испраќаат податоци за лица со правосилни одлуки за одземање на деловната способност или за оние на кои им е изречена мерката притвор.Државната изборна комисија треба да го заклучи Избирачкиот список со сите промени најдоцна до 26 септември, а конечната верзија ќе биде потпишана до 3 октомври.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Помагам на Украина и затоа што сакам да одам во рајот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите лични мотиви за ангажманот околу Украина е „желбата да оди во рајот“. Изјавата предизвика бројни реакции во јавноста, особено откако беше потврдена и од Белата куќа.Во интервју за Fox News, Трамп изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно од смрт, мислам дека тоа е доста… Сакам да се обидам да одам во рајот ако е можно, слушам дека не ми оди најдобро. Навистина сум на дното на листата. Но ако можам да стигнам до рајот, ова ќе биде една од причините.“Белата куќа: „Претседателот беше сериозен“На новинарско прашање околу изјавата, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одговори:„Мислам дека претседателот беше сериозен. Тој сака да оди во рајот – како што, се надевам, сите овде исто така сакаат“.Администрацијата на Трамп во последните денови води интензивни разговори со Русија, Украина и европските сојузници за можни мировни договори и безбедносни гаранции за Украина. Иако Трамп постојано повторува дека американски војници нема да бидат испратени на терен, Левит денеска отвори можност за американско воздушно присуство како дел од идните безбедносни аранжмани.

Свет | пред 5 месеци

kazandol

Арбитражниот суд ја ослободи Македонија од обврска од 115 милиони евра за Казандол

Арбитражниот трибунал на 21 јули 2025 година ги отфрли сите тужбени барања во случајот „Казандол“, со што државата избегна да плати 115 милиони евра од буџетот.-На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.

Македонија | пред 5 месеци

brza-pomos-nokje-3

Крвав судар кај „Слечиште“ - загинаа двајца возачи, млад охриѓанец и битолчанец кој живеел во Германија

На магистралниот пат кај местото „Слечиште“ загинаа двајца возачи – 52-годишен битолчанец кој живеел во Германија и 20-годишен охриѓанец, откако нивните возила „мерцедес“ и „опел астра“ се судриле директно. Еден 19-годишен сопатник е со тешки повреди и хоспитализиран во Битола„На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот П.К., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот П.Н. и неговиот сопатник Д.С.(19) од с.Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај П.Н. лекар констатирал смрт, додека кај Д.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања