ТОП

maja-meteo-hr

(Фото) Бура се приближува од морето кон Умаг, Маја Краљик, направи неверојатни фотографии

Маја Краљик, метеограф и ловец на бури вчера направи зачудувачки фотографии од облаци од бура кои се приближуваат кон Умаг од морето.Во средата наутро, 20 август 2025 година, Умаг и поширокиот регион Истра беа погодени од силна бура, придружена со обилни дождови, грмотевици и силни налети на ветер. Метеоролозите еден ден претходно издадоа црвено предупредување за можност од опасни временски услови. Граѓаните беа повикани да бидат внимателни, а локалните служби ја следеа ситуацијата на терен. Бурата пристигна со полна сила во утринските часови, но засега нема официјални извештаи за материјална штета или повредени.„Утрово во 9 часот, како што предвидуваа моделите, се разви линија на бура пред западниот брег на Истра со патека кон Умаг“, изјави Краљик за Индекс.Линијата се формира под влијание на фронтот. На предниот дел од бурниот кумулонимбус се појави облак-полица (shelf cloud). Според прошарените линии на врвот на облакот, кои се осветлени од сонцето, може приближно да се предвиди што носи зад себе. Тиркизната боја најчесто укажува на голема енергија во атмосферата и веројатност за град придружен со силни ветрови“, објасни 41-годишна жена од Осиек, која моментално живее во Умаг.Облак-полица е широк, хоризонтален и низок облак што изгледа како густа, темна „полица“ на чело на бурен систем. Најчесто се појавува пред силни грмотевици и сигнализира нагло влошување на времето – налет на силни ветрови, обилен дожд или град. Се создава кога студениот воздух од бурата го крева топлиот и влажен воздух пред неа, при што се формира драматичен и заканувачки изглед на небото. Иако изгледа застрашувачки, облакот-полица не е торнадо и не ротира.„Луда Женска Глава“Краљик е член на тимот „Severe Weather Europe“, група составена од неколку европски метеоролози и ловци на бури.Таа се опишува себеси како луда женска глава која ужива во правење работи што сè уште претежно ги прават мажи, особено во Хрватска, како еден вид бегство од секојдневниот живот, каде што секогаш брзате.Таа се занимава со лов на бури, што го споредува со адреналински спортови, веќе четири години. Таа вели дека ловците на бури се луѓе кои ги бркаат бурите од нивното настанување до нивното исчезнување, што понекогаш бара патување доста километри. Ова вклучува постојано следење на временските мапи и радарот, планирање рути и прилагодување на ситуацијата бидејќи е тешко точно да се предвиди како ќе се развиваат бурите.фото: Инстаграм

Балкан | пред 5 месеци

klikni-jadi

„КликниЈади“ прекинува со работа на неопределено време

Од денеска македонската онлајн платформа за нарачка и достава на храна „КликниЈади“ го прекинува своето работење на неопределено време. Вчеравечер на официјалната веб-страница на компанијата беше објавена кратка порака:„Почитувани корисници, нашата услуга за достава ќе биде привремено прекината од денес, за неопределен временски период. Ви благодариме на разбирањето.“„КликниЈади“ започна со работа во 2015 година како семеен бизнис и во изминатите речиси десет години успеа да се етаблира како еден од лидерите во индустријата за онлајн достава на храна во Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

bujar-osmani

Османи гледа бетонска џунгла во Чаир, општина во која ДУИ победува на избори повеќе од деценија

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи од ДУИ, денеска го претстави системот „Градежна стража“ како дел од својата програма против урбаниот хаос и нелегалното градење. Иако зборува за „бетонска џунгла“ и политичка заштита на дивоградби, критичарите потсетуваат дека токму ДУИ повеќе од една деценија ја контролира општината, па одговорноста за хаосот кој денес Османи го осудува е во голема мера нивна.„Во Чаир одамна е изгубено чувството за ред и поредок во градењето. Се гради без дозвола и без план, и тоа директно поддржано од општинските власти. Граѓаните гледаат како нивната општина се претвора во бетонска џунгла. Овој урбан хаос нема да продолжи“, порача Османи.Најавениот систем предвидува јавна интерактивна мапа за градбите, анонимни пријави за сомнителни градби, QR-кодови на секое градилиште, „црвена линија“ за пријавување на корупција и целосна ревизија на сите дозволи. Но, иако овие мерки звучат како иновација, останува прашањето зошто партијата на Османи не ги спровела досега – кога токму таа ја имала власта и институциите под своја контрола.„Градежниот криминал не се решава со изјави, туку со механизми на контрола и транспарентност. Овие алатки се мојот одговор“, рече Османи, но токму граѓаните кои секојдневно се соочуваат со дивоградби и хаотичен урбанизам најмногу се сомневаат дека ваквите ветувања ќе останат само предизборна реторика.ДУИ досега секогаш победувала во Чаир и редовно ја користела таа доминација за да управува со општината. Прашањето е дали жителите овој пат ќе ѝ веруваат на нови ветувања, или ќе ја казнат партијата која има најголем удел во создавањето на проблемите што сега сака да ги решава.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Политички прогон во Србија – пратеник и активистка во притвор

Српската јавност е вознемирена откако властите изрекоа казни за двајца претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Пратеникот Радивој Јововиќ доби 30 дена затвор во Клиса, додека неговата сопартијка и активистка Исидора Челекетиќ е испратена во домашен притвор со можност да остане таму и до три месеци.Јововиќ беше приведен на 19 август за време на блокадата на Основниот суд во Нови Сад, кога се обидел да влезе од страничниот влез. Само неколку часа подоцна беше уапсена и неговата девојка Челекетиќ. Полицијата ги товари за тоа дека физички го спречиле јавниот обвинител да ја напушти или да влезе во зградата на судот за време на нерегистриран јавен собир.Според соопштението од полицијата, Јововиќ дополнително е обвинет за туркање на полицаец и навредување на службени лица, па против него се води постапка и за напад на службено лице при вршење службени должности.ПСГ реагираше остро, оценувајќи дека станува збор за најголемиот политички прогон врз нив досега.„Движењето на слободни граѓани денес има најмногу политички затвореници во Србија“, велат од организацијата, потсетувајќи дека покрај Јововиќ и Челекетиќ, претходно беше уапсена и Теодора Берак, а домашниот притвор на нивните членови неодамна е продолжен за дополнителни три месеци.„Продолжувањето на притворот на активисти кои се зад решетки повеќе од пет месеци е директно кршење на човековите права. Законот предвидува притвор како исклучителна, а не како редовна мерка“, стои во нивното соопштение.Партијата смета дека станува збор за координирана акција на власта чија цел е да се замолчат критичарите и да се заплашат сите кои бараат демократска и слободна Србија.ПСГ испрати повик до Европската Унија, Советот на Европа и меѓународните организации да реагираат на „системскиот прогон“ и да обрнат внимание на фактот дека, како што тврдат, Србија денес повторно има политички затвореници, а институциите се претворени во средство за политичка репресија.

Свет | пред 5 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Обвинение за шест полицајци и две лица поради злоупотреби со странци: го кршеле законот за да земат 950 евра мито

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против шест полициски службеници и уште две лица.Од доказите произлегло дека првообвинетиот заедно со две лица, за кои постапката е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Со искористување на своето претпоставено влијание врз двајца полицајци, тие влијаеле службените лица да не постапат согласно законот и да му овозможат на турски државјанин, кој незаконски престојувал во земјава, да добие дозвола за привремен престој. За посредувањето била примена награда од 900 евра, а полицајците го прифатиле влијанието и ја злоупотребиле својата службена положба.Еден од обвинетите полицајци, вработен на граничниот премин Долно Блаце, е обвинет и за „Примање поткуп“. Тој од турски државјанин индиректно побарал и примил 3000 денари за да изврши службено дејствие што не смеело да се изврши. Други тројца полицајци и едно лице посредувале во давањето на поткупот, при што со патната исправа на турскиот државјанин извршиле фиктивен влез во земјата, како предуслов за отпочнување постапка за одобрување престој. На сличен начин било овозможено и друг турски државјанин со незаконски престој да ја напушти Македонија без да биде евидентиран во системот и без да му биде наплатена глоба, со што бил оштетен и Буџетот на државата.Дополнително, според обвинението, обвинет виш инспектор за странци и реадмисија од јули минатата година до април оваа година незаконски одобрил престој за седум државјани на Бангладеш и Непал, иако имало негативни известувања од АНБ за безбедносен ризик. Тој, спротивно на Законот за странци, носел решенија со кои на сите им бил одобрен привремен престој за работа.Истражната постапка започна во мај, кога 11 лица беа лишени од слобода, а две беа недостапни на органите на прогонот. Против едно лице подоцна е донесена наредба за запирање на постапката, а за две лица кривичната пријава е отфрлена. Едно од првично недостапните лица е обезбедено и се наоѓа во екстрадиционен притвор во Србија, додека по другото е распишана меѓународна потерница.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-21-at-09.43.32

(Видео) Мицкоски на гробишта во Кочани, родители се пожалија на притисоци и заплашување

Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите.„Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и сето тоа ни е дополнителен стрес“, рече мајка на загинато дете, а Мицкоски возврати: „Ова е слободна држава, сѐ што мислите да правите, да кажете, да објавите, сѐ што мислите, од мене имате поддршка“.На ова мајката возврати: „Од вас можеби имаме поддршка, но на претходниот Марш имаше луѓе што сакаа да дојдат од Штип, од Виница, но кај 'Национал' се сопрени, претресни и е правено претрес. Тие не се убијци, атентатори...“„Секој кој што сака да се прилучи и да даде поддршка, ја има мојата поддршка, секој, еве јавно кажувам, пред камера овде. И никој нема право ниту да ве претресувани ниту да ве легитимира, надвор од законот“, рече Мицкоски.На гробиштата, Мицкоски беше придружуван од пратеникот Миле Лефков, кој досега, не се приклучи на ниту еден Марш на родителите, иако беше повикуван. Тој е единствениот пратеник во македонскиот парламент кој доаѓа од Кочани.

Македонија | пред 5 месеци

gaza-palestina-zname

Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале со првични операции кои се дел од долгорочно планираната копнена офанзива за преземање на градот Газа. Според официјалните информации, израелските војници веќе воспоставиле контрола врз делови од периферијата на градот, вклучувајќи ги областите Зејтун и Џабалија.Портпаролот на армијата изјави дека акциите претставуваат подготвителна фаза за целосно освојување на градот, план кој вчера го одобри министерот за одбрана Израел Кац, а оваа недела треба да биде претставен и пред безбедносниот кабинет на израелската влада. За оваа операција во септември беа мобилизирани околу 60.000 резервисти за да го поддржат активниот воен персонал.Од друга страна, Хамас го обвини Израел дека намерно го блокира постигнувањето договор за прекин на огнот, со цел да продолжи, како што велат, „брутална војна против цивилното население“. Во нивната реакција се наведува дека Тел Авив го игнорирал најновиот предлог на медијаторите за ослободување на заложниците и дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „главната пречка за било каков договор“.Палестинските медиуми јавуваат дека жителите на Газа веќе масовно ја напуштаат својата територија, стравувајќи од голема офанзива. Очекувањата се дека стотици илјади луѓе ќе добијат наредба да се евакуираат кон јужниот дел на Појасот Газа, каде се подготвуваат привремени засолништа.Планот на Израел предизвика осуда и кај неговите сојузници. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ваквиот потег може да доведе до „катастрофални последици за двете страни и да ја вовлече целата регија во нов циклус на војување“.Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пак, соопшти дека новите раселувања и засилувањето на борбите ќе ја влошат веќе тешката хуманитарна состојба на 2,1 милиони жители на Појасот Газа.Израелската влада уште минатиот месец ја објави намерата да го стави под целосна контрола целиот Појас Газа, откако пропаднаа индиректните преговори со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници.

Свет | пред 5 месеци

Sasko-Kedev-i-Ganka-Cvetanova-1-bg-na

Иако не ја посочи, „Систина“ најави тужба против Кедев, Министерството со вонредни надзори

Остри реакции ја потресоа здравствената сфера откако Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најави тужба против кардиологот Сашко Кедев. Повод се неговите тврдења дека во приватни болници се изведуваат непотребни интервенции заради профит.„Најголем дел од мојата консултативна работа е да ги одвратам луѓето од непотребни интервенции. Се соочуваме со непотребни постапки во приватни установи, кои се профитно ориентирани. Имаме докази дека одредени центри би требало да се затворат од медицински аспект“, изјави Кедев пред неколку дена во гостувањето на Канал 77, додавајќи дека такви практики во други земји би биле строго санкционирани.Од „Аџибадем Систина“ возвратија со соопштение во кое ја потенцираат својата репутација како установа со 25-годишно искуство и мултидисциплинарен тим од 260 доктори.„Како и во нашата првична реакција, така и сега потсетуваме дека во спорната емисија беше спомната нашата клиничка болница, иако д-р Кедев не прецизираше на кого мисли. Затоа и побаравме тој да проговори директно и отворено, бидејќи тоа е најдобриот начин и тој лично да го сочува својот висок професионален углед, што ние искрено го почитуваме. Паушалните изјави ќе го загрозат и неговото реноме, како што го повредуваат и угледот на нашата клиничка болница, спомната во контекст на овие изјави. Д-р Кедев вели дека има докази за она што го тврди, ние силно веруваме во тоа и очекуваме јавно да ги соопшти. Сите одлуки за третман се носат врз основа на медицински индикации и највисоки етички стандарди“, наведуваат од болницата и предупредуваат дека доколку Кедев не прецизира за која установа се однесуваат неговите тврдења, ќе биде поднесена тужба за клевета и нарушување на угледот.Министерството за здравство најави итни и вонредни инспекциски надзори за да се проверат сите наводи.„Здравствениот систем се темели на доверба и професионални стандарди. Одлуките за лекување мора да бидат засновани на клинички индикации, а пациентите имаат право на второ стручно мислење“, се наведува во соопштението.Министерот Азир Алиу додаде дека дигитализацијата преку „Мој Термин“ ќе овозможи транспарентна размена на информации меѓу јавните и приватните установи, што ќе обезбеди поголема контрола на можните злоупотреби и на финансиските средства.

Македонија | пред 5 месеци

skopski-aerodrom

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16 август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија.По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај патниците и сериозно го нарушил воздушниот сообраќај.За обвинетиот е одобрен 30 дневен притвор.

Македонија | пред 5 месеци

filip-andov

Му судат на ексдиректорот на затворот во Шутка, тој вика: Не сум прекршил закон, полицајците правилно си работеле

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот „Скопје“ Филип Андов и против повеќе полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување.Обвинителството ги товари дека во 2024 година дозволувале осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби.Рочиштето беше одложено по барање на одбраната, за да изврши увид во доказите. На следното судење обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се чувствуваат виновни.Андов пред новинарите изјави:„Во моето работење, во три и пол години како директор на затвор ‘Скопје’, во ниту еден случај не сум го прекршил Законот за извршување на санкции, ниту сум ја повредил безбедноста на затворот. За затворската полиција можам да кажам дека целосно правилно си ја имаат извршено задачата и безпотребно се обвинети.“

Скопје | пред 5 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ, кој починал по 12 дена поминати во кома, јавно апелира за правда и обвинува дека институциите молчат.„Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ порача таа.Хаџибулиќ вели дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го погребало, но, според неа, случајот не добил никакво внимание од надлежните институции.„За сите дигнавте фама, а што сум јас? Сè ќе дадам за мојот син единец, тој што шета слободен. За Фросина и Југослав дигнавте сè на нозе, јас цело Скопје ќе го дигнам,“ додаде таа.Во својата порака мајката нагласува дека има доверба во медиумите, но и дека ова е „последен пат“ кога им се обраќа: „Јас правда ќе превземам, пошто сите ќутат. Немам што да изгубам, го изгубив најмилото.“Апелот на Слаѓа Хаџибулиќ беше објавен од 4NEWS.mk, откаде ја пренесоа нејзината порака.фото: ФБ

Скопје | пред 5 месеци

karpos-skopje

Прекин на струја во „Карпош 4“ – градежни работи оштетиле кабел!

Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби.„Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата.

Скопје | пред 5 месеци

policiska-lenta

Двајца мажи пронајдени мртви во Скопје и околината, телата дадени на обдукција

Во магацин на фирма во село Чојлија и во дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени починати двајца мажи на возраст од 39 и 50 години. Во двата случаи лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција.На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението на МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Нема фотографија

Децата од ВП Дом Тетово учеа за љубов кон животните преку работилница со Војо Иванов

Децата од Воспитно-поправниот дом Тетово имаа несекојдневна дружба со животни преку работилница на едукаторот Војо Иванов. Активноста им овозможи да научат повеќе за односот кон животните и природата, но и да развијат емпатија, доверба и позитивни искуства кои се дел од нивната ресоцијализација.Во рамки на проектот "Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции", финансиран од Европската Унија, Хелшинскиот комитет организираше посета на ВП Дом Тетово.Децата учествуваа во работилница со едукаторот Војо Иванов за односот кон животните и природата, кој преку дружење со животни придонесе за нивна анимација, емпатија и позитивно искуство.Овие активности се важен дел од ресоцијализацијата и рехабилитацијата, поттикнувајќи ја довербата, социјалните вештини и емоционалната благосостојба на децата.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Македонија заштеди 115 милиони евра, нема отворање на рудникот „Казандол“

Македонија извојува победа во арбитражната постапка за раскинатата концесија за рудникот „Казандол“, со што државата избегна оштетно побарување од 115 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека добиената арбитража значи и потврда дека рудникот нема да се отвори.„Ова е втора арбитража што ја добива оваа влада и очекуваме уште најмалку две во периодот што следи“, изјави Мицкоски, додавајќи дека државата мора да истражи зошто во минатото сите арбитражи се губеле, а сега се добиваат.Тој потсети дека сопствениците на концесијата ја тужеле Македонија со образложение дека им е предизвикана штета и изгубен профит поради раскинувањето на договорот за „Казандол“. „Тужбеното барање беше 115 милиони евра. Тие изгубија и тоа значи дека повеќе немаат концесија“, рече премиерот.Во врска со шпекулациите, Мицкоски беше дециден дека по завршената арбитража не постои можност повторно да се отвори рудникот. „Не е вистина дека компанијата, иако ја изгуби постапката, ќе добие дозвола за работа. Тоа се конструкции и обиди за манипулација од кругови кои не ѝ мислат добро на Македонија и на граѓаните“, нагласи тој.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања