ТОП

Screenshot-2025-08-22-at-09.47.15

(Видео) Дури за неверување: Вака изгледа едно игралиште во Шутка

И покрај бројните реакции на жителите и јавноста, состојбата со дивата депонија спроти Општина Шуто Оризари останува непроменета. Наместо простор за одмор и забава на најмладите, детското игралиште и понатаму е опкружено со купишта отпад – кеси, стари предмети и разнолик ѓубретарник кој секојдневно се зголемува.Дел од граѓаните реагираат дека местото станува жариште од каде потенцијано може да се шират зарази, па гледаат опасност по нивното здравје.Несоодветното управување со јавните простори во оваа општина повторно ја става под прашање одговорноста на надлежните, но и свеста на дел од граѓаните за сопствената околина.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.13

Првпат во историјата на Блискиот исток: ОН официјално прогласуваат глад во Газа – Израел очекувано бесен

Обединетите нации преку Integrated Food Security Phase Classification (IPC) денеска ќе објават дека во градот Газа настапил глад – првпат во историјата на Блискиот исток. Станува збор за административната единица „Gaza Governorate“, во која живеат околу половина милион луѓе, опфатени со градот Газа, три околни населби и неколку бегалски кампови.IPC, кој постои од 2004 година и досега прогласил глад само четири пати во светот (последен пат во Судан 2024), сега утврдува дека повеќе од 20% домаќинства се соочени со екстремен недостиг на храна, најмалку 30% деца се акутно потхранети, а над 2 лица на секои 10.000 дневно умираат од директна глад.„По 22 месеци војна, повеќе од половина милион луѓе живеат во услови на глад, беда и смрт“, стои во извештајот на IPC. Организацијата предупредува дека состојбата до крајот на септември ќе се прошири и во покраините Деир ал-Балах и Кан Јунис.Веќе сега 1,07 милион луѓе – повеќе од половина од населението на Појасот Газа – живеат во услови на „извонредна несигурност со храна“, втората највисока категорија на IPC скалата. До крај на септември се очекува бројот на луѓе во „катастрофална состојба“ да достигне 641.000, а оние со екстремна несигурност да надминат 1,14 милиони.Израелската влада веднаш ќе ја оспори оваа објава. Премиерот Бенјамин Нетанјаху тврди дека „стотици камиони со помош секојдневно влегуваат во Газа“ и дека, доколку навистина се спроведувала политика на изгладнување, „никој таму не би бил жив по две години војна“. Како аргумент, Нетанјаху наведе и видеоснимка на еден од израелските заложници во рацете на Хамас, додавајќи: „Единствените кои намерно се изгладнуваат во Газа се нашите таоци.“Во исто време, израелската армија мобилизира 60.000 резервисти и подготвува голема копнена офанзива за „преземање контрола над градот и уништување на Хамас“.Ова е првпат IPC официјално да прогласи глад на Блискиот исток и само петти пат во светски рамки од основањето на механизмот. Тоа претставува тежок удар за имиџот на Израел на меѓународната сцена, во момент кога Тел Авив е под растечки притисок заради хуманитарната катастрофа.

Свет | пред 5 месеци

sajber-napad

Германска истрага откри скопјанец кој дистрибуирал детска порнографија преку „Телеграм“

Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.Акцијата била спроведена по добиена информација од германската полиција за меѓународна истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца, поседување и дистрибуција на материјали со таква содржина. Германските органи доставиле податоци за кориснички профил на апликацијата „Telegram“, со телефонски број и ИП-адреса регистрирани во Македонија.Врз основа на тие сознанија, Секторот за компјутерски криминал презел мерки за прибирање на докази. На 20 август 2025 година, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Ф.М. и неговите помошни простории, како и пребарување на компјутерски системи и податоци. При претресот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со случајот, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.Ф.М. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба, а за случајот е известен надлежен јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната постапка.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп со нов ултиматум, Путин има две недели рок за мир во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent.„Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“, рече Трамп. Неговите коментари следеа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која се одржа само неколку дена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, но без никаков напредок во преговорите.Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за членство во НАТО, да остане неутрална и да ги држи западните трупи надвор од земјата, изјавија за Ројтерс извори запознаени со размислувањата на високо ниво на Кремљ.Рускиот претседател кој се сретна со Трамп во Алјаска минатата недела дека се надева дека средбата ќе го отвори патот кон мир во Украина – но ниту еден лидер не даде детали за тоа што разговарале.Во суштина, руските извори велат дека Путин направил компромис во врска со територијалните барања што ги изложи во јуни 2024 година, а кои бараа од Кијив да ги отстапи сите четири провинции што Москва ги смета за дел од Русија: Донецк и Луганск во источна Украина – кои го сочинуваат Донбас – плус Херсон и Запорожје на југ.Путин, исто така, се држи до своите претходни барања Украина да се откаже од своите амбиции за НАТО и за правно обврзувачка обврска од воениот сојуз предводен од САД дека нема да се шири понатаму кон исток, како и за ограничувања на украинската армија и договор дека нема да бидат распоредени западни трупи на теренот во Украина како дел од мировните сили.

Свет | пред 5 месеци

isus-statua1

(Видео) Албанија по примерот на Рио, има нова туристичка атракција – поставена првата статуа на Исус Христос

Во северниот дел на Албанија, во регионот Никај-Мертур кај планинскиот град Тропоја, е откриена првата статуа на Исус Христос во земјата. Споменикот, кој го прикажува Христос со раширени раце, потсетува на светски познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.Автор на делото е локалниот жител Сокол Ндуе Прогни, кој успеал да ја долови сличноста со оригиналниот бразилски монумент. На свеченото откривање присуствуваа претставници на црквата, жители на Тропоја, како и гости од други делови на Албанија и од дијаспората. Поставувањето на статуата е резултат на иницијативата на верници и локални организации, со намера да се создаде нова туристичка атракција во северниот дел на земјата. Организаторите очекуваат споменикот да стане препознатлива туристичка дестинација и да привлече посетители и од Албанија и од странство.

Свет | пред 5 месеци

shumska-policija

Шумската полиција ќе има бенефициран стаж

Вработените во Шумската полиција добиваат бенефициран стаж, соопшти заменик генералниот директор на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов, оценувајќи дека прашањето „со години стоело на маса“. Веста ја сподели и претседателот на НСП, Мартин Ефремов, со честитка за „израмнување на правата со колегите од МВР“.„Преубава вест е што бработените во Шумската полиција конечно добија бенефициран стаж. Шумската Полиција од самото нејзино формирање го заслужуваше ова, но, во изминатиов период ниту едно раководство не сакаше ова битно прашање да го реши иако истото стоеше на масата на сите“, напиша Михаилов.Истата информација ја сподели и Мартин Ефремов претседател на Независниот синдикат на полицијата - НСП.„Честитки за големиот успех на колегите од шумската полиција кои останаа доследни на Независниот синдикат на полицијата. Опстоија храбро во идејата за израмнување на правата и должностите со колегите од МВР, за денес конечно тоа да се оствари.Покрај сите кочничари на процесите, таканаречени синдикалци и не искрени политичари кои не можат да се помират со статусот кои НСП го има денес, цврсто газиме напред. Многу скоро и со нов колективен договор во МВР и нов Закон за судска служба.Она што некој не знаеше или немаше храброст да го направи за да не ги изгуби личните привилегии, во последната година дена решително НСП го прави не како поединци туку како тим, а резултатите се евидентни“, напиша тој.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_4224

Пожар пред зграда на „Кочо Рацин“ – изгоре „опел“, оштетен и џип

Две возила беа зафатени од пожар што ноќеска околу 2:40 часот избувна на паркинг пред зграда на булевар „Кочо Рацин“ во Скопје. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од екипите на Бригадата за противпожарна заштита.Денеска (21.08.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Л.(32) од Скопје.Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Млад возач загина во уште една сообаќајна несреќа, излетал со мерцедесот на патот Струга-Дебар

Уште една жртва на сообраќајна несреќа во земјава. 19-годишен возач од Велешта загина синоќа откако неговиот „мерцедес“ излетал од патот на регионалниот пат Струга – Дебар.На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-21-Aug-2025-12-15-PM-7744

ЦУК: Пожарот е во објект на „Макотекст“ во Карпош 4, интервенираат пожарникари и хеликоптер

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, соопшти дека пожарот што избувна во Скопје е настанал во поранешниот објект на „Макотекст“ на улица Никола Парапунов во Карпош 4. Вели дека го гаснат десетина пожарникари со пет противпожарни возила, а во акцијата учествува и воздухоплов на ДЗС кој исфрли вода врз објектот.Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации. Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии. Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот. Пожарот го гаснат неколку екипи (10 пожарникара) на Бригадата со повеќе (5 ПП) противпожарни возила, соопшти Али.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Се претставувал како министер и обвинител и земал 1,5 милион денари - нова истрага за измама во Скопје

Јавното обвинителство Скопје поведе истрага против едно лице поради сомнение за продолжено кривично дело „Изнуда“. Осомничениот, во периодот од 15 до 28 јули 2025 година, успеал да извлече околу 1,5 милион денари од едно лице, претставувајќи се како министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители.Според истрагата, осомничениот со сериозна закана уверувал дека против оштетениот ќе биде поведена судска постапка доколку не ја исплати бараната сума. Тој во повеќе наврати се јавувал од различни телефонски броеви и барал парични средства со ветување дека оштетениот ќе биде изземен од обвинение.Оштетеното лице, исплашено од заканите, во четири наврати на различни локации во Скопје му предало на осомничениот вкупно околу 1,5 милион денари.По преземени мерки, Обвинителството заклучи дека се работи за изнуда, а не за измама, бидејќи биле користени закани и притисоци за да се нанесе имотна штета. За делото е предвидена затворска казна од најмалку една година, со можност и за изрекување законски максимум.До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 5 месеци

444444

(Видео) Стојанче Ангелов: Пожарот во скопски Карпош 4 е ставен под контрола

Пожарот што претпладнево ги зафати бараките, познати како „лепенки“, во скопската населба Карпош 4 е ставен под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица“, изјави Ангелов.Од местото на пожарот, поранешен објект на компанијата „Макотекс“ се издигаа густи облаци црн чад, кои беа видливи од повеќе делови на Скопје.Очевидци раскажуваат дека пламенот за кратко време целосно го зафатил објектот, а низ населбата се ширеше силна миризба на горење.

Скопје | пред 5 месеци

fud-festival

AERO Street Food Festival 2025 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.

Скопје | пред 5 месеци

MixCollage-21-Aug-2025-12-15-PM-7744

(Видео) Црнила над Карпош 4, избувна голем пожар во објект

Голем пожар претпладнево зафати објект во населбата Карпош 4 во Скопје. Од местото на пожарот се издигаат густи облаци црн чад што се гледаат од повеќе делови на градот.Очевидци велат дека пламенот за кратко време зафатил објект, односно магацин на фабрика, а низ населбата се шири силна миризба на горење. Вознемирени граѓани јавуваат дека над Скопје кружат и хеликоптери.На фотографиите се гледа како пламените јазици излегуваат од покривот на објектот, додека чадот се крева високо над населбата, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.Во моментов нема информации за евентуално повредени лица, ниту за причината за избувнувањето на пожарот. Очекувањата се дека противпожарните екипи и надлежните институции ќе дадат повеќе детали во текот на денот.

Скопје | пред 5 месеци

fzom_8

Нема потврдени случаи на интервенции за профит, ФЗОМ за приватните болници!

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) се огласи во однос на тврдењата дека во приватните болници се вршат непотребни медицински интервенции заради профит. Оттаму нагласуваат дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за такви случаи, а по сопствени наоди биле извршени девет контроли за приватно наплатени средства.„Фондот ја истакнува важноста на придржувањето кон професионалните стандарди, медицинската етика и принципите на медицина заснована на докази, кои претставуваат темел на здравствениот систем. Во рамки на своите законски надлежности, ФЗО врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи, со цел да обезбеди здравствените услуги да се изведуваат во согласност со законските прописи и склучените договори. Во сите установи се вршат редовни годишни контроли, а Фондот постапува и по поднесени претставки на пациенти или по сопствен наод“, велат од Фондот.Истовремено посочуваат дека ФЗОМ нема надлежност да ја оценува медицинската оправданост на изведените интервенции, ниту да врши инспекциски надзор врз стручната работа на здравствените установи. Овие надлежности се во доменот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат или на специјални комисии формирани од Министерството за здравство.„Фондот, во рамки на своите овластувања, ќе продолжи да работи на спречување на евентуални неправилности во користењето на финансиските средства. ФЗО апелира до сите чинители во здравствениот систем, како и до јавноста, за одмерена и аргументирана комуникација заснована на проверливи факти, со цел зачувување на довербата во здравствениот систем и избегнување на генерализации што можат да предизвикаат сензационализам“, велат од ФЗО.

Македонија | пред 5 месеци

polska-dron

Полската одбрана со часови не забележала дека руски воен дрон лета над нивната земја

Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми.Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска.Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал вкупно околу два часа во полскиот воздушен простор.Полската одбрана не го забележала тоаСпоред „Милитари“, дронот не бил откриен од полските системи за надзор во текот на сето ова време.До моментот кога се вклучија сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот веројатно веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и продолжил да лета над Полска сè додека не се урна во 2:22 часот по Варшавско време, пишува украинскиот портал.Украинците се сомневаат дека бил намерно насочен кон ПолскаПорталот пишува дека постојат само две сценарија според кои Шахед можел да влезе во Полска: намерно таргетирање или внатрешен дефект. Тие нагласуваат дека дури и во случај на електронско блокирање, автопилотот на дронот го пренасочува кон наменетата цел.Затоа, сè уште постои можност дронот да имал однапред одредена цел на територијата на земја-членка на НАТО, наведува украинскиот портал.Што велат Полјаците?Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави вчера полскиот министер за одбрана Власислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација.„Русија повторно ги провоцира членкита на НАТО“, рече тој, додека напорите за воспоставување мир во Украина продолжуваат, додавајќи дека „сите членки на алијансата се свесни за инцидентот“.Полската полиција претходно соопшти дека неидентификуван објект се урнал на поле во селото Осини во источната покраина Лублин, на границата со Украина, рано во неделата.Експлозијата скршила прозорци во неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на настанот, додаде таа.Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.Полски обвинител: Голема веројатност дека дошол од БелорусијаДронот што се урна на поле во источна Полска најверојатно дошол од Белорусија, изјави денес регионален обвинител. „Постои многу голема веројатност дека објектот дошол од Белорусија“, рече обвинителот на Лублин, Гжегож Трусиевич.Трусиевич рече дека не може да го потврди моделот на дронот. Белорусија, близок сојузник на Русија, го поддржува Кремљ од почетокот на инвазијата на Украина.Членката на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најголемите политички и воени сојузници на Украина. Во ноември 2022 година, ракета падна врз селото Пжеводов на истокот од земјата, при што загинаа двајца мажи. Стануваше збор за залутан украински противвоздушен проектил.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања