ТОП

policija-alkohol

Уапсени возачи од Куманово и Кочани затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вечерните и ноќните часови на 22 и 23 август 2025 година, полициски службеници привеле тројца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.Во Куманово, на 22 август во 22:50 часот, на крстосницата меѓу улиците „Народна револуција“ и „Тоде Думба“, бил лишен од слобода 44-годишниот Д.Ј. од село Биљановце. При контрола било утврдено дека возел „Цитроен“ со 1,96 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, на 23 август во 02:59 часот, полицијата на улицата „Ленинова“ го привела и 51-годишниот Б.М. од Куманово, кој управувал „Ауди“ со 2,04 промили алкохол.Во Кочани, пак, на 22 август во 21:10 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле 47-годишниот Е.Д. кој возел со 1,59 промили алкохол во крвта.Сите лица биле задржани во полициските станици, а против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-helikopter-

Ова е состојбата со пожарите до утрово, под контрола е огнот кај „Јасен“

Центарот за управување со кризи информира дека во периодот од 22 до 23 август 2025 година, до 09:00 часот, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 17 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а активни пожари нема.Под контрола е пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ на територијата на Општина Македонски Брод, каде горела мешана шума.Во изминатото деноноќие изгаснати се пожари на повеќе локации: кај браната на Езеро Козјак (Сопиште), на планинскиот врв Китка кај селата Горно Количани и Драчевица (Студеничани), кај село Душегубица (Кичево), во село Велгошти (Охрид), во село Брушани (Кавадарци), кај депонија во село Кутретино (Демир Хисар), на локации во Битола, Новаци и Прилеп, како и во повеќе села од општините Долнени, Брвеница, Гостивар, Врапчиште, Чешиново-Облешево и Струмица.Од ЦУК повторно апелираат до граѓаните за внимателност поради високите температури и засилениот ветер, кои значително го зголемуваат ризикот од нови пожари на отворен простор.

Свет | пред 5 месеци

gaza

Нови израелски напади во Газа – најмалку 12 загинати

Најмалку 12 лица загинаа од утрово во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија медицински извори.Неутврден број Палестинци се повредени при напад со дрон врз стан во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа, информираше извор од болницата „Ал-Авда“.Во текот на вчерашниот ден, според податоци на медицински извори за „Ал Џазира“, животите ги загубиле најмалку 65 Палестинци. Од нив, 37 биле убиени во самиот град Газа.

Свет | пред 5 месеци

IMG_0656

Новак загрижен: „Се надевам дека состојбата во Србија ќе се смири, на раб сме на граѓанска војна“

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските медиуми, Ѓоковиќ зборуваше и за ситуацијата во Србија:„Состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Се случуваат многу работи, голема е транзицијата и на народот и на државата… Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно сум зборувал на таа тема, се надевам дека ќе се смират страстите. Сè многу ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата ќе се смири, но засега нема навестување за тоа,“ рече Ѓоковиќ.Тој ја спомена темата и во контекст на селидбата на тенискиот турнир од Белград во Атина.„Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сè. За жал, така е, како што е…“Фалејќи ја Атина и Грција, Ѓоковиќ изрази надеж дека турнирот повторно ќе се врати во Србија:„Дали ќе се врати турнирот во Србија… Се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација турнирот да мора да се пресели. Се надевам дека во наредните години ќе дојде подобро време и дека турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија – никогаш не се знае. Белградската публика го сака тенисот и го следи, Србија во последните дваесет години стана вистинска тениска земја со сите наши успеси.“

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-08.53.01

Снимањето на серијата „Емили во Париз“ во Венеција прекинато поради смрт на сетот

Снимањето на новата сезона на популарната серија „Емили во Париз“ е прекинато откако 47-годишен Италијанец починал на сетот во еден хотел во Венеција. Како што потврдија градските власти, тој се онесвестил за време на сет, а и покрај сите обиди за реанимација, не успеале да му го спасат животот. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.Засега не е познато колку долго продукцијата ќе биде ставена во мирување. Иако дејството на серијата е сместено во Париз, дел од новите епизоди се снимаат во Италија, вклучително и во Рим и Венеција. Според планот, снимањето во Венеција требало да трае до понеделник, по претходните снимања што се одржаа во мај во Рим.Од „Нетфликс“ најавуваат дека петтата сезона ќе ја има својата премиера непосредно пред Божиќ.Според италијанските медиуми, починатиот бил помошник-режисер кој долг период работел во меѓународната филмска индустрија. Тој бил роден во Венеција, а трагичниот настан се случил додека се снимала една од завршните сцени во прочуениот хотел „Даниели“. Градското собрание изрази сочувство до неговото семејство.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Путин: Со Трамп се гледа „светло на крајот на тунелот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гледа „светло на крајот на тунелот“ во односите меѓу Русија и САД, притоа изразувајќи надеж дека лидерските квалитети на американскиот претседател Доналд Трамп ќе помогнат во обновувањето на врските меѓу двете земји.„Со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот. Сега имавме многу добар, значаен и искрен состанок на Алјаска“, рече Путин, одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета на центар за нуклеарни истражувања.Тој додаде дека следните чекори ќе зависат од американското водство, но нагласи дека е убеден оти лидерските квалитети на Трамп се „добра гаранција“ за обновување на односите.

Свет | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Времето денеска во Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Македонија | пред 5 месеци

ortopedija

Клиниката за ортопедија ги помести границите - хирурзите изведоа најсложена трансплантација досега!

На Универзитетската клиника за ортопедија е реализирана најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија во Македонија, информира Министерството за здравство.Пациент на возраст од 64 години, со втор рецидив на миксоиден липосарком на левата натколеница, бил подложен на ресекција на средишниот дел од бутната коска, потоа на реконструкција со графт од кадавер и на фиксација со клин.Интервенцијата се одвивала во два акта. Во вториот дел била изведена пластична реконструкција под раководство на др. Томислав Јовановски. Првиот хируршки тим го водел проф. д-р Милан Самарџиски, со учество на спец. д-р Бојан Будиќ, др. Теодора Тодорова и др. Гоце Гулески. За анестезија била задолжена проф. д-р Јасминка Нанчева, заедно со анестетичарот Јована Илиева. Во тимот биле и инструментарките Ерзен Муртезани и Татјана Дукадиновска, болничарот Дардан Синани и рендген техничарот Силвана Станковска.Министерството нагласува дека со овој оперативен зафат се воспоставува нова референтна точка во домашната ортопедија и уште еднаш се потврдуваат капацитетите на македонските хируршки тимови за изведување интервенции од највисок степен на сложеност.

Македонија | пред 5 месеци

devojcinja

Две малолетни девојчиња загинаа во страшна сообраќајка кај Кичево - ученички во ШМК „Дрита“

Трагична сообраќајна несреќа со две малолетни жртви се случила вчера доцна попладне во близината на Кичево-На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.Станува збор за две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“, Ериона Рамадани и Албина Абази.„Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за загубата на нашите сакани ученички. Нивниот замин остави незаменлива празнина во нашите срца и во секој агол на училиштето“, наведуваат од ШМК „Дрита“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Извештаите за работењето на Стоматолошката комора доставени до Обвинителството

Министерството за здравство ја достави целокупната документација и извештаи од надзорните комисии за работењето на Стоматолошката комора до Јавното обвинителство, за натамошно постапување согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството.Станува збор за три извештаи изготвени од комисијата за надзор над законитоста на вршењето на јавното овластување на Комората – од 25 февруари, 15 мај и 21 мај 2025 година. Дополнително, доставено е и известување до Комората од 11 март годинава, како и целосната документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.Од Министерството за здравство за МИА потсетуваат дека, со оглед на тоа што привремено ги презедоа надлежностите за издавање и продолжување лиценци за докторите по стоматологија, потребната документација може да се достави во нивната архива, до секторот за стоматолошка здравствена заштита.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.57.47

Османи со националистички пораки во Чаир: „Не е лапсус – сакаат укинување на Рамковниот договор“

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, промовирајќи што ќе прави со општината, повторно се осврна на националистички прашања. Тој промовира теза дека се спрема укинување на Рамковниот договор. Ова доаѓа откако министерот за правда, Игор Филков рече „Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“, а премиерот Христијан Мицкоски возврати: „Рамковниот договор е исполнет во целост и тоа е завршена тема“. Османи најави мобилизација, обвинувајќи дека „Македонија станува дел од српскиот свет“.„Јас мислам дека тоа не е лапсус и не е случајно, дека е дел од стратегијата на премиерот да бара од министрите да најават теми кои се многу проблематични, за потоа со празни деманти да балансира. Целта е во јавност да се пушти пробен балон, да се релативизира темата, да се навикне увото на граѓаните на таквата тема и еден ден како што направија со многу столбови на Рамковниот како јазикот, правото на одлучување на Албанците - да го поништат. Едно да кажам, нема да дозволат Албанците поништување на Рамковниот договор. Ова ќе нѐ најде мобизирани“, рече Османи.Според Османи, 461 пратеник од Европскиот парламент изгласале извештај според кој Македонија станува дел од српскиот свет.„Елементите на српскиот свет го фаќаат системот. Ова е изолација од ЕУ, станување дел од српскиот свет, кој е прокси на рускиот свет. Иднината на државата е загрозена“, рече Османи.

Македонија | пред 5 месеци

mecinovic-apasiev

Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, Апасиев најави рекорден број кандидати на локалните избори

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека кандидатот за градоначалник за Град Скопје од нивната партија ќе биде Амар Мециновиќ.„Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати. На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со преку 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија. Почнуваме со претставување на кандидатот на градоначалник за Град Скопје, место кое ќе биде за најглавен мегдан“, рече Апасиев.Мециновиќ кажа кои ќе бидат негови приоритети, потсети дека бил и советник во Градот. Посебен фокус стави на јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.„Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси“, рече Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Центар.Мециновиќ влезе во трката со Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Каја Шукова кандидатка на СДСМ.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Раководител во Шуто Оризари украл 58.000 евра општински пари и си префрлил на своја фирма

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против раководител на сектор во општина Шуто Оризари, кој со лажни налози за исплата и злоупотреба на печат и потпис успеал да присвои 58.000 евра. Дел од парите ги префрлил кон фирма од Скопје, а остатокот кон фирма што самиот ја основал и во која бил сопственик.Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело Измама во службата, при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од Кривичниот законик. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства, злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од трезорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари (58.000 евра)“, соопшти полицијата.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-09.54.11

(Видео) Џамбазов е репер за преживување, нема човек што е позлоупотребуван од него, раскажа Михајловски

Актерот Тони Михајловски во втората сезона на подкастот „Претрес со Ландов“ проговори за својот колега Игор Џамбазов, опишувајќи го како човек кој успеал да преживее најтешки животни премрежја, а притоа никогаш не злоупотребил никого – иако самиот многу пати бил злоупотребен од луѓето околу него.„Игор Џамбазов сам по себе е репер за тоа како се преживува на оваа сцена и што сè може човек да поднесе. Нема човек што толку сака да помогне на друг, а истовремено нема човек што е повеќе злоупотребуван од него“, изјави Михајловски.Михајловски раскажа и сцена од минатото, кога Џамбазов престојувал во Неготино, без средства за живот.„Седиме, има пари за една паштета и четврт лепче, и во тој момент му се јавува човек од Скопје. Игор мислеше дека конечно добива спас, излез од блатото. Но човекот дојде единствено за да му потпише авторски права за некоја песна. Го злоупотреби тоа што го познава“, рече Михајловски.Според него, токму во тие моменти Џамбазов ја сфатил суровата вистина – дека многу од луѓето што ги сметал за блиски гледаат само свои интереси.И покрај сите падови, Михајловски истакнува дека Џамбазов секогаш успевал да се врати.„Успеал да излезе од најтемните улички на својот живот, од најподрумските простории, па да стане синоним и препознатлив симбол за мултиталентираност во државата. И потоа ќе се појави некој новокомпониран и ќе рече – не може тој да ми биде репер. Како не може?“, праша Михајловски.На крајот заклучи: „Џамбазов најмногу се повредил себеси и оние најблиски околу него. Но за другите – секогаш бил само од корист. Никогаш никого не искористил, а него – предолго и премногу“.Михајловски за првпат раскажа во детали за неговиот живот, но и за односот со политиката, колеги...Погледнете:

Магазин | пред 5 месеци

0-02-05-0c18bfe524b6aae54a4bc506686e78d39d9b33df62f29043e4b6f3ab86e7536b_21d1182000d

Десетдневниот пожар во „Јасен“ конечно изгаснат со помош на дождот

Дождот кој утрово заврна на подрачјето на ловиштето „Јасен“ и траеше нешто повеќе од два часа помогна да се изгасне пожарот што повеќе од десетина дена пустошеше во регионот.И покрај обилните врнежи, на одредени делови од пожарната линија и понатаму има чадење.„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Екипи на ЈП „Јасен“ продолжуваат со патролирање се додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.Дожд денес падна претежно во северните и северозападните делови на државата, додека во источните, југоисточните, централните и југозападните региони засега немаше врнежи.Според прогнозите на УХМР, денес се очекува силен ветер со брзина до 60 км/час, што значително го зголемува ризикот од нови пожари на отворен простор.„Апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар, но и да пријават секое сомнително однесување. Доколку забележат електрични жици кои се допираат или искрат, веднаш да пријават во ЕВН или на бројот 112“, порача Ангелов.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања