ТОП

Screenshot-2025-08-24-155722

Дисциплинска постапка против ФК Шкупи поради инцидентот на натпреварот со Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера попладен излезе со остра реакција поради случувањата на натпреварот од младинските категории меѓу Брегалница и Шкупи, кога родители на гостинските играчи влегоа на терен и физички нападнаа дел од домашните фудбалери.„Ова однесување е крајно неприфатливо и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плејот и безбедноста на младите играчи. Особено е вознемирувачки фактот што едно дете доби тешки повреди, вклучувајќи скршеници, како последица од нападот“, се наведува во соопштението на ФФМ.Од Федерацијата најавија дека надлежните органи ќе поведат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни мерки против одговорните.„Дисциплинска постапка ќе биде поведена против ФК Шкупи и сите инволвирани лица, со цел да не се дозволи вакво недолично и опасно однесување да се повтори. ФФМ уште еднаш потсетува дека насилството на спортските терени е недозволиво и ќе биде строго санкционирано. Компромис за насилство, без разлика од кого и на кое ниво, нема да има“, стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

(Видео) Инцидент на фудбалски натпревар Брегалница-Шкупи: родители влетале на терен да се пресметуваат

Во текот на натпреварот меѓу младинските фудбалски екипи (генерации 2009/2010) на Брегалница и Шкупи, на теренот Бело Брдо во Штип избувнала насилна тепачка кога родители на екипата противник влегле и имале обид за пресметка.Сцената на нападот е снимена и во јавноста кружи видео материјал. Според досегашните извештаи, неофицијално, има повредени.Деталите околу случувањето, како и официјалните наод од истрагата, се очекуваат од МВР. Добивањето на потполно разгледување на видеоматеријалот и изјавите на очевидци ќе бидат клучни за целосно утврдување на случајот.

Спорт | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи во трка по гласови со националистичка реторика, користејќи обвинувања за маргинализација на Албанците

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро ја обвини новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за, како што рече, системска политика насочена кон маргинализација и потиснување на Албанците од сите општествени текови.„Владата на ВМРО и ЗНАМ, предводена од Христијан Мицкоски, во полн интензитет ја спроведува политиката која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови, враќајќи ги на периферните позиции од пред Рамковниот договор“, изјави Османи.Тој го обвини Мицкоски за длабока нетолеранција кон Албанците, што, според него, се гледа и во личниот однос и во институционалните поставувања, од изборот на најблиските соработници во Владата, до работните групи и делегациите за клучни посети.Османи како особено понижување го наведе фактот дека ресорот за Охридскиот рамковен договор му бил доверен на, како што го нарече, „Српскиот свет во земјава“. Тој предупреди и на серија чекори кои, според него, ја потврдуваат оваа политика – укинувањето на Балансерот, маргинализирањето на Бадентеровиот механизам и намалувањето на застапеноста на Албанците во Централната банка и финансиските институции.„Овие механизми – Бадентер, Балансер, јазична застапеност – се заштита од мајоризација, а токму тие се најголема пречка за радикалната националистичка политика на Мицкоски и неговата влада“, нагласи Османи.Тој се осврна и на улогата на институции како Уставниот суд, ДИК и Централната банка, кои, според него, делуваат како „прокси играчи“ на новата власт. Особено, Османи оцени дека учеството на остатоците од ВЛЕН во Владата е „бедно“, бидејќи тие биле маргинализирани и натерани да играат улога на поданици.Во своето обраќање Османи порача дека овие избори ќе бидат „референдум за достоинството и еднаквоста на Албанците“.„Ова не е повеќе обична политичка битка, ова е историски миг во кој Албанците мора да одлучат дали ќе прифатат повторно да бидат неми набљудувачи или ќе застанат за своето достоинство и еднаквост“, изјави Османи.Тој додаде дека Албанците нема да се откажат од европската перспектива на земјата и ќе се спротивстават на секој обид за приближување кон, како што рече, „српскиот свет и кинеско-руските прегратки“.„Не сфаќаат зошто овие избори се историски за Албанците. Но наскоро ќе им се разјасни“, заклучи Османи.

Македонија | пред 5 месеци

vodno-kula-51345

За ресторанот во кулата на Водно: „Сигурно нема да одат со жичара, па ќе го отвориме патот за коли па свадби, па пијани морони и толку од уживањето“

Новата кула на Водно, која неодамна беше осветлена, предвидува во неа да има ресторан што ќе се ротира 360 степени во рок од еден час, со што посетителите би имале панорамски поглед на цело Скопје.Сепак, идејата предизвикува сомнежи кај дел од јавноста. На социјалните мрежи веќе се појавија критики дека проектот би можел да создаде повеќе проблеми отколку придобивки.Инфлуенсерката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина, саркастично коментира: „Познавајќи ги работите кај нас, тоа ќе се врти три саати, ќе се расипе и никогаш повеќе нема да проработи. Но, битно ресторан да има“.Исто така, отворањето на Водно за автомобили би значело нарушување на природното и рекреативно доживување на планината.„Сигурно на вечера со жичара нема да одат, таа има работно време пократко од ресторан. Значи ќе му го отвориме патот за коли, за да се наполнат масите. Потоа свадби, веселби, пијани морони со коли и паркирања по тревите... толку од уживањето на врвот“, пишува таа.Дел од јавноста оценува дека потребно е внимателно да се размисли за идната намена на кулата, за да не се уништи природниот амбиент на Водно.

Коментари | пред 5 месеци

nuklearna-elektrana

(Видео) Украински дронови погодија нуклеарна електрана во Курск и нафтен терминал во Уст Луга

Украина во текот на ноќта извела масовни напади со дронови врз неколку руски енергетски објекти, меѓу кои и нуклеарната електрана во Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.Во нападот врз нуклеарката во Курск, сместена недалеку од границата со Украина, бил оштетен помошен трансформатор, поради што оперативниот капацитет бил намален за 50 проценти. Според официјалните информации, нема повредени, пожарот бил брзо изгаснат, а нивото на радијација во електраната и околината е во дозволени граници. Во исто време, на терминалот на компанијата „Новатек“ во Уст Луга изби голем пожар како последица од удар на украински дронови. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека околу десет дронови биле соборени над пристаништето и дека пожарникарските екипи работат на локализација на пожарот. Според него, резервоарите со гориво не биле зафатени.Министерството за одбрана на Русија објави дека во текот на ноќта уништиле вкупно 95 украински дронови во 13 региони, вклучувајќи ја Ленинградската област, Самара и Курск.Нападите предизвикаа прекин на летови во повеќе аеродроми, меѓу кои и Пулково во Санкт Петербург, соопшти руската агенција за цивилна авијација. Украина, пак, потврди дека цел на нејзините напади биле и индустриски комплекси во јужна Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата во градот Сизран во Самарската област.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-tenk-pukanje

Неуспешен руски пробив во Донецк: украинските сили вратија шест села под своја контрола

Руските сили на 11 август успеале да ги пробијат украинските одбранбени линии во источниот регион Донецк и да навлезат повеќе од десет километри во украинска територија. Меѓутоа, украинската армија го открила планот уште пред почетокот на операцијата, што довело до брз и решителен одговор.Картите од бојното поле покажувале руски продор низ неколку села, што предизвикало загриженост дека целта се стратешките градови Костјантинівка и Покровск. Но, само неколку дена подоцна, единиците на полкот „Азов“ ги опколиле руските сили и ја стабилизирале ситуацијата.До 14 август украинската армија објави дека Русите биле протерани од шесте села кои накратко ги држеле под контрола. Според „Азов“, во борбите биле елиминирани 385 руски војници, а уништени 37 возила, меѓу кои и едно оклопно возило и еден тенк.Експерти истакнуваат дека Русија во нападот користела тактика со мали групи војници на мотори и електрични скутери – акција која многумина ја опишуваат како „самоубиствена мисија“. Војниците се криеле во подруми и урнатини, чекајќи засилување, но поради масовната употреба на украински дронови надзорот бил речиси непробоен. Главната цел на Москва, според воените аналитичари, била да се обезбеди контрола врз автопатот Добропоља–Краматорск, една од клучните линии за снабдување на украинската армија. Иако нападот не успеа, украинските војници предупредуваат дека состојбата на фронтот останува променлива, а во последните денови имало извештаи дека Русите повторно се обиделе да повратат дел од изгубените позиции.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-09.33.00

(Фото) Орце и Панче Тошковски на утринско пешачење низ Градскиот парк

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го започна денот со утринско пешачење низ Градскиот парк, во придружба на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.

Скопје | пред 5 месеци

kocani-puls-5345

(Видео) Нови болни сцени од Кочани, мајката на загинатиот диџеј со порака за неговиот роденден: Небото одекнува од твојата музика, слави го со ангелите

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца.„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата, бараме животите на младите да не завршуваат во идни статистики“, пишуваше на еден од транспарентите.„Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива“, порача друг транспарент.Особено емотивна порака носеше Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден беше вчера: „Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите.“„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на загинатите.

Македонија | пред 5 месеци

brza-pomos-nokje-3

Нова трагедија: Загина Украинец на граничниот премин Долно Блаце, бил прегазен од автомобил

На 22 август 2025 година, околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 53-годишен државјанин на Украина.Според МВР, патничко возило „Фолксваген Голф“ со германски национални ознаки, управувано од 22-годишната Б.С. од Косово со живеалиште во Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во соседната држава, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите. Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.Возачката Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. Случајот се расчистува.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-13.38.45

Во Македонија и понатаму постои сериозен проблем со детските бракови

Во Македонија и понатаму постои сериозен проблем со детските бракови, предупредуваат од невладината организација „Отворена порта“, која се бори против насилството и трговијата со луѓе.Според податоците, 1.355 девојчиња на возраст од 15 до 19 години веќе се мажени, додека бројот на момчиња во иста возрасна група е само 260. Дополнителна загрижувачка состојба претставува адолесцентната бременост, која е особено присутна во сиромашни и маргинализирани заедници.Најпогодени се девојчињата од ромската заедница, кои се соочуваат со прекин на образованието, губење на детството и ограничување на слободата.„Детскиот брак уништува детство, образование и слобода. Ако препознавате ваков случај, јавете се на 0800 11111“, порачуваат од „Отворена порта“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.09.26

(Видео) Мицкоски за неговите градоначалници: Четири години работа без афери, со чесен образ пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ изјави дека локалните власти предводени од градоначалници на партијата успеале да се справат со сериозни предизвици, иако најголемиот дел од мандатот го поминале без поддршка од централната власт.„Поминавме низ еден тежок период, ги вадевме општините од бездна. Од овие четири години, три години градоначалниците имаа Влада која немаше слух, а имаше приоритети кои не беа локалните проблеми. Градоначалниците решаваа проблеми, минувавме низ сè без помош од Влада“, рече Мицкоски.Тој додаде дека најголемата вредност на овие четири години е фактот што, според него, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту една афера зад себе.„Четири години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте вашиот образ. Највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, ништо што би донело срам кон партијата и граѓаните“, истакна Мицкоски.Тој рече дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ останале луѓе врз кои граѓаните можеле да се потпрат.

пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-11.28.13

На 329 медиуми ќе се рекламираат кандидатите на локалните избори

Од вкупно 352 пристигнати барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) регистрираше 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.Средствата што ќе се потрошат за платено политичко рекламирање за медиумите изнесуваат 66 проценти од буџетот на ДИК за локалните избори, односно 397.763.000 денари (околу 6,5 милиони евра) од вкупно 600.489.000 денари (околу 9,76 милиони евра).„Пристигнаа 352 барања за упис во регистарот, а до ДИК беа доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на обработената документација, запишани се 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Барањата на 22 правни лица – две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали – се отфрлени како неуредни, односно ненавремени и некомплетни. Дополнително, беа доставени и два ценовници без барање и тековна состојба, поради што истите се отфрлени како некомплетни“, изјави на седница членката на ДИК, Светлана Карапетрова.Комисијата го изгласа и решението за упис во регистарот на медиумите што ќе учествуваат во кампањата за локалните избори 2025 година.Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

Македонија | пред 5 месеци

policija-policaec

Драма во Битола: Маж го претепал братот на поранешната сопруга во пекара, а потоа и неа во автомобил

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако синоќа, околу 21:40 часот, нападнал млад битолчанец и физички ја повредил својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола.Според информациите од полицијата, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во Битола го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна поранешна сопруга и ја нападнал физички.Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известено Јавното обвинителство, а од СВР Битола информираат дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5572

Блупринт групата за постапката по трагедијата во Кочани: Државата треба конечно да покаже дека правдата не е апстрактен поим, туку процес што може да се види

Блупринт групата за реформи во правосудството излезе со заедничка изјава во поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, кои на 17 август јавно сведочеа за своето искуство.„Тие сведочат дека наместо да добијат разбирање и поддршка, се чувствуваат нападнати и изложени на различни притисоци, што уште повеќе ја зголемува недовербата кон институциите. Во вакви околности, потребен е особено сензитивен и одговорен пристап, кој ќе покаже дека државата ги слуша и ги зема предвид нивните стравови и грижи,“ се наведува во соопштението.Групата посочува дека по завршувањето на истрагата и доставувањето на предметот во Основното јавно обвинителство, останува клучно постапката да се води целосно транспарентно и без притисоци врз семејствата, сведоците и сите вклучени.„Недовербата што ја изразуваат родителите и јавноста е гласна и оправдана реакција која се базира на одамна изгубената сигурност во институциите. Државата треба конечно да покаже дека правдата не е апстрактен поим, туку процес што може да се види, почувствува и доживее,“ се нагласува во изјавата.Воедно, апел е упатен и до медиумите да продолжат внимателно и одговорно да ја следат постапката, со почитување на достоинството на жртвите и нивните семејства, но и со упорност во откривањето на евентуални неправилности и притисоци. „Само преку внимателно известување и силна јавна контрола може да се обезбеди доверба дека правдата ќе биде достижна и достапна за сите,“ порачаа од Блупринт групата.Изјавата ја потпишаа: Институт за човекови права, Македонско здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Институт за европски политики и Центар за правни истражувања и анализи.

Македонија | пред 5 месеци

kucinja-kuce

Како Ѓорѓиевски би го решил проблемот со уличните кучиња

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, информира дека имал средба со претставници на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, новинарката Мери Јордановска, Ирена Ристиќ и волонтери од градот.На средбата се разговарало за хумано решавање на проблемот со бездомните животни, што, како што истакна Ѓорѓиевски, е прашање од заедничка одговорност кое директно ја засега и безбедноста на граѓаните.„Преку вистински политики и искрена волја можеме да изградиме град во кој животните нема да бидат заборавени, туку згрижени и заштитени. Заслужуваме град каде што целосно ќе биде решено ова хуманитарно, здравствено, безбедносно и економско прашање“, порача Ѓорѓиевски.Меѓу идеите што беа разменети се подобрување на условите во прифатилиштата, чипирање и стерилизација за контрола на популацијата, поттикнување на вдомувањето и едукација на граѓаните за одговорно сопствеништво.„Верувам дека заедно можеме да создадеме Скопје кое ќе биде пример за хуманост, град во кој граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, а секое куче ќе има право на достоинствен живот,“ додаде кандидатот за градоначалник.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања