ТОП

woman-using-smartphone-technology

Охриѓанец уапсен за испраќање недолични пораки и фотографии на малолетничка

Полицијата во Охрид уапси 51-годишен жител на градот, осомничен дека со месеци испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишно девојче преку социјална мрежа. При претрес во неговиот дом биле пронајдени мобилен телефон и ловечка пушка, а против него ќе следи кривична пријава.Н-а 24.8.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид. Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм.. Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Охрид | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-13.55.57

Побаран е притвор за насилството на младинскиот фудбалски натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против едно лице за насилство на стадионот „Бело Брдо“ за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, при што биле нападнати и повредени две деца.-Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

Македонија | пред 5 месеци

finansiska-policija

Нови детали за акацијата од утрово: има уапсени, се шпекулира дека продавале нафта во кеш

Во координирана акција на Управата за финансиска полиција, спроведена во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се приведени седум лица, додека вкупно 13 лица и 10 компании се опфатени со истрагата.Осомничените се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари. Според информациите, тие продавале нафта за готовина, а потоа средствата ги прикажувале како дневен промет преку фиктивни фактури и притоа барале поврат на ДДВ.Според проценките, на овој начин е предизвикана штета од околу 7 милиони евра.Акцијата била реализирана на осум различни локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак.

Македонија | пред 5 месеци

sajtovi-sajt-portal

И фантомски портали во регистарот за изборно рекламирање: 6,5 милиони евра на маса, нефункционални портали со „Account suspended“ страници во регистар

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу нив, како што покажа проверката на „Скопје1“, најмалку десетина портали воопшто не функционираат или никогаш не биле регистрирани како домени. За овие избори, „Скопје1“ дознава дека имало и случај каде една фирма регистрирала дури 12 портали преку кои сакала да рекламира избори, а најголем дел - непостоечки.Од порталите „Мкд.мкд“, „Канал12.мк“, „Југоисток.мк“, „Инфовест.мк“, „Регион.мк“, „Мкзабава.мк“, „Сигмак.мк“, „Екобалнс.мк“, „Цуцкат.далее.мк“, „Онтаргет.мк“, „Нопресс.мк“, „Телетексти.мк“ — сите со „.мк“ домеин — се добива само порака „Сајтот не е достапен“. Националниот регистар потврдува дека тие домени не се ниту закупени, иако сопствениците ги пријавиле во Државната изборна комисија.Покрај нив, има и новорегистрирани портали во последните месеци, како „Инфотренд.мк“ (декември 2024), „Гвгливе.мк“ (јануари 2025), „Мојотштип.мк“ (февруари 2025), „Нова12“ (мај 2025), „Фактидитор.мк“ (мај 2025), кој и денес е недостапен, како и „Алопресс.мк“ (јуни 2025).Најинтересен пример е „Таргети.мк“ – пријавен во ДИК до крајниот рок на 12 август, но домеин закупен еден ден подоцна, на 13 август. И денес, наместо вести, страницата покажува само порака „Maintenance mode is on“. Исто така, „Информаторплус.мк“, иако е регистриран во февруари, сега дава порака „Account suspended“.Меѓу пријавените за рекламирање е и порталот „Грамофони.ком“, на српски јазик, кој е специјализиран за музика, грамофони и плочи, и дури има дел со продажба на нови уреди.Иако сите овие портали формално ги исполниле условите за да бидат дел од регистарот, останува на партиите да одлучат дали и кај кого ќе трошат дел од 6,5 милиони евра државни пари предвидени за изборно рекламирање.Според податоците на ДИК, барањата на 22 правни лица се одбиени како неуредни, меѓу нив две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали.

Македонија | пред 5 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Поскапуваат сите горива од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 75,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 77,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 5 месеци

kedev-aliu

Доктор Кедев кај министерот Алиу: раскажал сѐ за непотребните кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа средба со д-р Сашко Кедев, на која се разговараше за наводите дека во одредени приватни болници се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции врз пациенти.Алиу потсети дека Министерството ќе испрати допис до сите приватни здравствени установи со кој ќе се задолжат, почнувајќи од 15 септември, редовно да го известуваат ресорното министерство, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои располагаат со каква било информација за евентуални неправилности во системот, веднаш да се обратат до институцијата. Транспарентноста е еден од главните столбови во нашата работа и клучен предуслов за унапредување на процесите во здравствениот систем“, соопштија од Министерството.

Македонија | пред 5 месеци

spasen

Лесковачка роштилијада или кавадаречки гроздобер? Пејачот Сиљановски го искритикува градоначалникот Јанчев

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски упати остри критики кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, затоа што за „Тиквешкиот гроздобер“ наместо да покани македонски изведувачи, поканил од соседството.РОШТИЛИДАЈА - ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИВо која држава се наоѓа Кавадарци???Во која држава е градоначалник Јанчев?Во која држава зрее Грозјето?Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???......И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати..... Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало...И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен. Простете ако грешам.П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат "Кај Буки" и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот.На неговиот ФБ профил има уште една објава за патриотизмот на Хрватите, каде што вели дека за разлика од Хрватите кои имаат здрава национална свест, ние имаме дефицит на патриотизам.

Македонија | пред 5 месеци

marihuana

Во Бар откриена најголемата плантажа со марихуана во Црна Гора, биле пронајдени околу 13.100 садници канабис

Црногорската полиција соопшти дека во местото Трново, општина Бар, е запленета најголемата досега плантажа со марихуана во државата. Во акцијата со кодно име „Трново“ се приведени 40-годишниот Златко Мараш од Зета и 65-годишниот Драган Перовиќ од Бар.Според полицијата, операцијата е резултат на повеќемесечни истражни и доказни дејствија, реализирани во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, Граничната полиција и Секторот за борба против криминал. Целта била разбивање на синџирите за производство, транспорт и шверц на дрога.На осум различни парцели биле пронајдени околу 13.100 садници канабис во напредна фаза на одгледување. Плантажата имала систем за наводнување, обезбедување и современа технолошка опрема, што, како што се наведува, покажува висок степен на организација.Осомничените биле затекнати на лице место и веднаш уапсени. Властите извршиле увид, иззеле материјални докази и започнале уништување на насадите. Дополнително биле претресени куќи и возила што ги користеле, при што биле пронајдени предмети кои ќе бидат предмет на вештачење.Против двајцата е поведена постапка за кривично дело – недозволено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги.Од полицијата нагласуваат дека оваа акција е уште една потврда за континуираниот ангажман во борбата против организираниот криминал. „Со акцијата ‘Трново’ ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да ја заштитиме безбедноста, животот и здравјето на граѓаните,“ се наведува во полициското соопштение.

Свет | пред 5 месеци

semejno-nasilstvo

Жена брутално претепана во Автокоманда: маж врз глава и фрлил гајба со стаклени шишиња, таа почнала обилно да крвари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.Според обвинителството, настанот се случил на 23 август попладне пред угостителски објект во скопската населба Автокоманда. Жената која имала претходни лични недоразбирања со осомничениот дошла да се сретне со него, по што тој почнал грубо да ја навредува. Во еден момент, осомничениот зел пластична гајба полна со стаклени шишиња и ја удрил по главата, предизвикувајќи ѝ тешки телесни повреди.Жртвата почнала обилно да крвари, но успеала да повика полиција и била пренесена со брза помош во болница, каде лекарите констатирале сериозни повреди.Обвинителството соопшти дека поради начинот на сторување на делото и можноста жртвата повторно да биде изложена на ризик, од судијата на претходна постапка било побарано осомничениот да добие повеќе мерки на претпазливост. Меѓу нив се забрана за приближување или воспоставување контакт со оштетената, привремено одземање на патна исправа и редовно јавување пред службено лице.Случајот дополнително ќе се документира, по што ќе следуваат соодветни правни постапки.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Локалните избори ќе бидат поскапи

Тековниот изборен циклус веројатно ќе чини повеќе од претходните, но институциите имаат должност да овозможат учество на сите кандидати и политички субјекти, изјави вчера претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, во интервју за Радио Слободна Европа.Тој појасни дека конечната слика ќе биде позната по 13 септември, кога завршува рокот за поднесување кандидатски листи, но ДИК веќе се подготвува за прилагодување на формата и содржината на гласачкото ливче.„Можно е процесот да стане поскап, но ние сме должни да го спроведеме и да обезбедиме еднакви услови за сите,“ нагласи Кондарко.Претседателот на Комисијата посочи дека ДИК има овластувања да носи одлуки и упатства со цел непречено спроведување на изборните дејствија, особено во случај на голем број пријавени листи. Постапката за поднесување кандидатури на независни кандидати и групи избирачи, според него, е усогласена со законските одредби и правилно уредена преку правилник и упатство.Кондарко потсети дека дилемите околу потписите за независни листи се јавиле уште во мај, по одлуката на Уставниот суд, и нагласи дека ДИК не смее да го оневозможи учеството на избирачките групи. „Прашањето е веќе затворено, но учесниците ќе треба да исполнат и други законски услови,“ рече тој.Паралелно, Кондарко оцени дека е неопходен целосно нов Изборен законик, со појасни процедури и јасни правила, вклучувајќи финансирање на партиите, регулација на кампањите и улога на медиумите.До истекот на рокот за поднесување листи, ДИК ќе продолжи со усогласување на техничките аспекти – изглед на гласачкото ливче, распоред на кандидатите и логистика на гласањето – со цел да се обезбеди фер и непречено спроведување на изборите, дури и по цена на повисоки трошоци.

Македонија | пред 5 месеци

finansiska-policija

Претреси во три општини, таргет се фирми осомничени за криење даноци и злосторничко здружување - се правеле злоупотреби со даноци за нафтени деривати?

Управата за финансиска полиција утрово спроведе координирана акција на повеќе локации во општините Липково, Куманово и Желино. Според официјалните информации, претресите се дел од обемна истрага насочена кон организирана криминална група осомничена за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари.Акцијата е резултат на подолготрајна истражна постапка во која биле прибрани докази за незаконски активности преку повеќе правни лица. Првичните сознанија укажуваат дека станува збор за компании кои работат во сферата на трговија со нафтени деривати.Истрагата се води за сериозен криминален механизам, а според неофицијални информации, штетата од незаконските активности изнесува повеќе од 7 милиони евра.Не е познато колку лица се опфатени со истрагата, ниту на колку точно места се прават претрси од страна на МВР. Детали се очекуваат во текот на денот.

Македонија | пред 5 месеци

garda-sad

Ќе носат пиштоли М17 или пушки М4: Националната гарда во Вашингтон доби дозвола да носи оружје

Гардистите на американската Национална гарда, кои веќе две недели патролираат низ улиците на Вашингтон по налог на претседателот Доналд Трамп, од неделата навечер почнаа да носат оружје, потврдија двајца американски функционери за „Ројтерс“.Според информациите, дел од војниците ќе бидат вооружени со пиштоли М17 или пушки М4, но не е наведено колкумина ќе имаат оружје. Одлуката следува откако минатата недела министерот за одбрана Пит Хегсет даде зелено светло за вооружување на гардистите. Во заедничко соопштение на Командата на Националната гарда за Вашингтон беше нагласено дека употребата на сила е дозволена „само како последна опција и единствено во случај на непосредна закана по живот или тешки повреди“.Трамп најави дека може да ја прошири својата кампања против криминалот и во други градови под раководство на демократите, конкретно споменувајќи ги Чикаго и Балтимор, со можност таму да биде испратена војска.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, оцени дека претседателот нема уставна основа да ја распореди војската во Чикаго, додека Пентагон веќе започна со изработка на сценарија за евентуална интервенција. Претставници од Министерството за одбрана, кои зборуваа анонимно, нагласија дека станува збор за рутинско планирање без конкретна одлука. Џефрис ги нарече чекорите на Белата куќа „вештачко создавање криза“, потсетувајќи дека бројот на убиства во Чикаго минатата година бил во опаѓање.Слична позиција имаше и гувернерот на Илиноис, демократот Џ.Б. Прикер, кој изјави дека нема потреба од распоредување на Националната гарда.Трамп, сепак, продолжи со критики кон демократските гувернери, меѓу кои и Вес Мур од Мериленд, нагласувајќи дека е подготвен да испрати војска и во Балтимор. Официјалните податоци од таму, пак, покажуваат двоцифрен пад на вооруженото насилство и најмал број убиства во последните пет децении.Иако Трамп тврди дека благодарение на војската и федералните агенти криминалот во Вашингтон е „исчистен“, статистиките укажуваат дека трендот на намалување почнал уште пред неговите мерки. За разлика од американската престолнина, каде што претседателот има директни овластувања, неговата моќ во градови како Чикаго и Балтимор е ограничена.Претседателот се повика на член 12406 од федералниот Закон за вооружени служби, кој дозволува испраќање на Националната гарда во случај на инвазија, немири или потреба од примена на закон. Но, експертите предупредуваат дека секој обид за активирање на оваа одредба во градови управувани од демократите речиси сигурно би отворил правни спорови.

Свет | пред 5 месеци

IMG_4172

Газа во хаос пред новата израелска офанзива - сведоштвата застрашувачки: Кучиња јадат човечки тела

Само пред две години, најголемиот град во Појасот Газа живееше со преполни училници, живи пазари и кафулиња покрај морето. Денес, истиот град лежи во урнатини, разорен од месеци на жестоки израелски напади поради крвавиот упад на Хамас на израелска територија.Според извештај на CNN, нормалниот живот целосно исчезнал по израелската одмазда, а стотици илјади луѓе се препуштени сами на себе во разурнати згради. Храната и водата се ретки, отпадот и отпадните води ги преплавуваат улиците, а воздухот е исполнет со чад од горење пластика и дрво што жителите ги користат за гориво.Малкумина имаат пристап до струја преку импровизирани генератори, а болниците и аптеките практично повеќе не функционираат. Пазарите нудат мал избор на скапи производи, често од опљачкани камиони со хуманитарна помош. Ноќта ја обележуваат вооружени банди и семејства кои самите се вооружуваат за заштита.Сведоштвата се застрашувачки. Мајди Абу Хамди, татко на четири деца, опишува дека прашината од експлозии ги задушува улиците и дека дури и кучињата-скитници подивеале од јадење човечки тела.„Луѓе имаат триесет години, а изгледаат како да имаат седумдесет“, вели тој, посочувајќи дека гладот и сиромаштијата ги исцрпуваат.Хамас, некогаш постојано присутен на улиците, сега е речиси невидлив. Дел од милитантите се повлекле во илегала, но сепак повремено се појавуваат. Во јануари се собраа масовно на јавен плоштад за време на преговорите за прекин на огнот, а неодамна на социјалните мрежи беше објавено видео на групата „Ал Радеа“, која тврди дека погубила лица што соработувале со Израел.Израелската армија планира голема офанзива за преземање на градот, едно од последните упоришта на Хамас. Според израелски извори, за операцијата ќе бидат мобилизирани дополнителни 60.000 резервисти, а цивилите ќе имаат рок од околу два месеци да ја напуштат областа пред нападот. Клучниот симболичен датум што се споменува е 7 октомври, втората годишнина од почетокот на војната.Во меѓународната заедница растат стравувањата за огромен број цивилни жртви. Воените аналитичари предупредуваат дека израелските сили ќе се соочат со тешка задача во урбаната средина на Газа, каде што Хамас веќе воспоставил сложена мрежа на тунели, позната како „метро на Хамас“.Според воениот експерт Алекс Плицас, операцијата е можно да се спроведе, но ќе бара многу војници и долг процес за целосно заземање на територијата. Международните хуманитарни организации повикуваат на итна заштита на цивилното население, но офанзивата изгледа неизбежна.

Свет | пред 5 месеци

turcija-ambulanta

Двајца браќа тинејџери починале во хотел во Истанбул, властите се сомневаат на труење со храна

Двајца малолетни браќа од Холандија беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а првичните сомнежи се дека станува збор за труење.Холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџуб (57) престојувал во градот заедно со своите синови – 17-годишниот Мохамед Џамил Јусуф и 15-годишниот Мохамед Јаздани. Според турските медиуми, семејството во петокот вечерта вечерало во ресторан во населбата Таксим, но храната јаделе само момчињата, додека таткото не јадел.Следното утро, вработени во хотелот слушнале врева од собата и при влегувањето ги затекнале тинејџерите во безживотна состојба, додека нивниот татко бил во шок и се онесвестил. Итната помош пристигнала на лице место и ја констатирала смртта на децата, а Аџуб бил пренесен во болница.Еден од хотелските работници изјавил дека едното момче лежело на креветот, а другото на подот и дека медицинските екипи можеле само да ги прогласат за починати.Полицијата отвори истрага за причините за трагедијата, со цел да се утврди дали станува збор за труење со храна. Според државната агенција „Анадолу“, таткото во болница сведочел дека неговите синови јаделе во ресторан во Таксим, по што по враќањето во хотелот нагло им се слошило.Браќата со таткото биле на одмор во Турција. Турските медиуми потсетуваат дека во земјата чести се вакви опасни и понекогаш фатални случаи, особено кога е поврзан алкохол. По Нова година, во Истанбул имаше масовно труење во кое починаа 34 лица, а во мај властите објавија дека повеќе од 100 луѓе во Анкара починале во период од неколку месеци по консумирање домашно произведен алкохол.

пред 5 месеци

divogradbi-albanija

(Видео) Рама безмилосен, продолжува да ги урива дивоградбите во Албанија, овој пат на ред беше Драч!

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави ново видео на Фејсбук од масовното уривање на дивоградби ширум Албанија, овој пат од Драч.Рама имаше само кратка порака во својата објава „ЕУ“.Акцијата опфаќа отстранување времени објекти и огради поставени на тротоари и на јавни простори, а општините се задолжени да ги урнат сите градби на оние што не ги почитуваат официјалните одлуки.Државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен простор, со што институциите ќе имаат побрз пристап до информации и ќе реагираат поефикасно.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања