ТОП

Screenshot-2025-08-26-at-11.06.49

Уште еден кандидат за градоначалник на Скопје влегува во трката, овојпат декан на факултет

Граѓанската платформа „Независни заедно“ утре ќе го промовира својот независен кандидат за градоначалник на Град Скопје – проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, познат интелектуалец и активист за безбедно и убаво Скопје.Поддржан од платформата составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“, професорот Марковски ќе ја претстави својата кандидатура на прес-конференција пред споменикот на Гемиџиите кај Камениот мост, во среда, 27 август, во 9:30 часот.„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, порачаа од иницијативата.Претставувањето е дел од поширока граѓанска акција чија цел е враќање на довербата во институциите и покажување дека промена е можна доколку заедницата настапува обединето и граѓанинот е ставен на прво место во политиката.Тој влегува во трката со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

pop-acev-la-mans

(Фото) Подвиг за восхит - пливачот Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш

Еден од најдобите македонски пливачи, Евгениј Поп Ацев направи подвиг за успех. Вчера го преплива каналот Ла Манш, што е предизвик за секој пливач на долги патеки.Каналот Ла Манш е долг околу 34 километри по најтесната линија меѓу Довер (Англија) и Кале (Франција), но пливачите обично минуваат повеќе – често 35–40 км или повеќе, поради силните струи и промените на плимата кои ги носат надвор од правата линија.Асоцијацијата Ла Манш му упати искрени честитки за овој негов голем успех. Поп Ацев по трет пат го плива Ла Манш и овој пат успешно, првите два пати се откажа.-Големи честитки за Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес успешно го преплива Англискиот канал за неверојатни 9 часа и 43 минути.Евгениј е трикратен светски шампион и член на Меѓународната куќа на славните во маратонско пливање, со 107 настапи на светски натпревари во кариерата од 2007 до 2021 година.Неверојатен подвиг – браво, Евгениј!, се вели во нивната објава на ФБ.Голема благодарност и до целата екипа на бродот која го овозможи овој подвиг.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-51234

Филипче: Граѓаните се туркаат во сиромаштија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи предупреди дека граѓаните пред еден од најтешките месеци во годината се соочуваат со сериозна економска криза.„Сè е поскапено, а платите стагнираат. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија. Ја прекинаа спиралата на раст на платите што ја започна СДСМ. Инфлацијата од 4,8% секој месец го јаде животниот стандард – граѓаните живеат полошо“, порача Филипче.Тој посочи дека во јуни реалната плата пораснала за само 3,8 проценти, за разлика од лани кога растот бил 11 проценти. Дополнително, за првпат по долго време е забележан пад на просечната плата во однос на претходниот месец.„Синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари. Дури и две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот. Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност“, нагласи претседателот на СДСМ.Филипче најави дека партијата ќе продолжи да се бори за повисоки приходи на граѓаните, предлагајќи покачување на платите во сите сектори, минимална плата од 500 евра и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.„Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот“, заврши Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

divogradbi-buldozeri2

(Видео/Фото) Булдожерите на Рама уриваат објекти во заштитени подрачја

Албанскиот премиер почна безмилосна борба против дивоградбите во Албанија. На неколку локации досега, во Валона и Драч беа разурнати дивоградби со динамит и со тешка механизација. Денеска булдожерите уриваат куќи изградени во заштитено подрачје.Во наредниот период ќе бидат преземени дополнителни мерки за зајакнување на законската рамка, со цел никој од одговорните да не остане неказнет. Одговорност, како што соопштуваат пд кабинетот на Рама, ќе се бара не само од оние што нелегално градат, туку и од сите кои со години им давале заштита преку корупција и злоупотреби – било во инспекторатите, полицијата или на локално ниво.Денес, акцијата продолжи на ’ртот Родонит во општина Драч, каде што беа отстранети нелегални градби изградени на простор кој е природно богатство и треба да им припаѓа на сите граѓани и туристи.Институциите порачуваат дека оваа борба ќе се води до крај – за ред, законитост и заштита на природата, со јасна порака дека Албанија нема да дозволи дивоградби и корупција да го загрозуваат јавниот интерес.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Ќе стави ли Трамп крај и на војната во Газа, вели дека мора да заврши во рок од 2–3 недели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната на Израел против Газа треба да заврши во следните две до три недели, пренесе „Ал Џазира“.„Мислам дека во наредните 2–3 недели ќе има доста добар, конечен крај,“ изјави Трамп во понеделникот пред новинарите.Изјавата доаѓа во момент кога расте меѓународниот револт поради масакрите врз цивили, убиствата на новинари и медицински лица, како и гладот предизвикан од израелската блокада на опколената и постојано бомбардирана палестинска територија.Американскиот претседател претходно повеќепати најавуваше дека ќе стави крај на војната, но неговите зборови досега не резултираа со прекин на огнот или со олеснување на протокот на хуманитарна помош за населението во Газа.Администрацијата на Трамп продолжува да ѝ обезбедува на Израел милијарди долари во оружје и се противи на меѓународните иницијативи за признавање на палестинска држава.„Мора да заврши зашто помеѓу гладот и сите други проблеми – полошо од глад, смрт, од чиста смрт е тоа што луѓето се убиваат,“ додаде Трамп.Во февруари тој предложи иселување на сите Палестинци од Газа – план кој би претставувал етничко чистење и злосторство против човештвото.Истовремено, Трамп изгледаше како да не е запознаен со израелскиот напад врз болницата „Насер“ во кој загинаа 21 лице, меѓу кои и петмина новинари. На новинарско прашање за тој случај, одговори: „Не сум среќен за тоа. Не сакам да го видам тоа. Но мора да заврши целиот тој кошмар.“Потоа додаде дека се залага за ослободување на преостанатите израелски заробеници во Газа.

Свет | пред 5 месеци

avstralija-1

Драма во Австралија: двајца полицајци убиени во вооружен инцидент од припадници на група која не верува во закони

Во оддалечениот регион Порепунках, на околу 300 километри североисточно од Мелбурн, Австралија, денеска се случи вооружен напад во кој, според првичните информации, загинаа двајца полицајци, а еден е повреден.Според австралиските медиуми, осомничениот напаѓач е идентификуван како припадник на движењето „суверени граѓани“, група која погрешно верува дека не е подложна на законите и властите на Австралија. Австралиската федерална полиција соопшти дека оваа група е присутна во земјата со децении и во најголем дел досега била неопасна, но во последните години бележи раст поради зголеменото недоверие кон институциите, особено за време на пандемијата.Инцидентот започнал кога полицијата извршувала налог за апсење поврзан со обвиненија за сексуално злоставување на имот во Порепунках. Таму, полициските службеници западнале во заседа и биле нападнати со огнено оружје. Според медиумите, напаѓачот го користел оружјето од еден од полицајците.На местото на настанот испратени се силни полициски единици и хеликоптери, а јавноста е повикана да го избегнува регионот. Учениците во блиското основно училиште се ставени во карантин, а затворени се и локалните јавни објекти.Австралискиот премиер Ентони Албанезе најави дека наскоро ќе даде изјава за инцидентот.Иако локалните медиуми потврдуваат смрт на двајца полицајци, британскиот Би-Би-Си јавува дека засега официјалните власти внимателно ја формулираат информацијата и сè уште не даваат целосни детали за исходот.

Свет | пред 5 месеци

kucinja-kuce

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните.Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не носат реални решенија туку дека е потребен систем, поддржан од институции, закон и одговорни граѓани.„Без заедничка одговорност нема долгорочно решение. Подготвена сум да ги прифатам и интегрирам најдобрите предлози што доаѓаат од заедницата на љубителите на животни затоа што токму тие со години се на терен и знаат каде најмногу 'шкрипи'. Ни треба државен стационар односно прифатилиште на градот, општините и владата кој ќе работи 24 часа во денот и во чии рамки ќе има комунални инспектори и казни на лице место со цел законот да се применува, а не само да постои“, рече Шукова пред активистите.Притоа таа посочи дека клучно е да се делува кај изворот на проблемот, а тоа е неконтролираното размножување, неказнетото напуштање миленици и недостигот од надзор. Шукова во својата програма најавува задолжително чипирање на милениците веднаш по нивното раѓање, регулација и надзор на одгледувачниците, како и санкции за нелегален увоз и шверц со чипови.„Решавањето на проблемот со бездомните кучиња е прашање на цивилизациска зрелост. Затоа ќе иницираме измена на Законот за благосостојба на животните, со цел системот да стане поефикасен, а институциите поодговорни“, истакна Шукова.Шукова порача дека нема да се дозволи недостиг од политичка волја која ја блокира работата на ЈП „Лајка“. Притоа на средбата Шукова ја осуди неодамнешната изјава на кандидатот за градоначалник за Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски во која тој ја спори работата на ЈП „Лајка“.“Ѓорѓиевски, со изјавата преку која ја оспорува ефикасноста на ЈП „Лајка“, не само што покажува сериозно непознавање на проблематиката со бездомните кучиња, туку и ја открива хипокризијата на еден функционер кој сам не ги исполнува обврските преземени со договор. Наместо да обезбеди континуирана финансиска поддршка, за што Општина Кисела Вода му должи над 5 милиони денари на ЈП „Лајка“, Ѓорѓиевски избира да ја дискредитира институцијата која и покрај сите пречки работи посветено, хумано и транспарентно. Ваквиот пристап не само што е нечесен, туку ја одразува и пошироката незаинтересираност на дел од локалната самоуправа за системски, меѓуинституционален одговор кон овој децениски проблем“, порача Шукова.Според Шукова, ЈП „Лајка“ треба да се зајакне преку зголемување на капацитетите, воведување ноќна служба и дежурни ветеринарни амбуланти, како и со дополнителен кадар и современа опрема. Сите овие мерки не само што ќе го решат проблемот со бездомните кучињата, туку и ќе постават темели за нова култура на одговорно сопствеништво и заштита на животните во Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

netanjahu

Израел изрази жалење за нападот врз болницата Насер во Кан Јунис

Во соопштение на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наведува дека Израел „длабоко жали“ за нападот на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз болницата Насер во Кан Јунис.„Израел жали за трагичната несреќа што се случи денеска во болницата Насер во Газа. Израел ја цени работата на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили. Воените власти спроведуваат детална истрага“, стои во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.Според претходните информации на палестинските власти, во нападот загинале 20 лица, меѓу кои и петмина новинари, што предизвика силна меѓународна осуда.Израелски воени претставници изјавија дека тенковски тим утрово гранатирал камера поставена во болницата Насер во Кан Јунис, поради сомнеж дека уредот се користи за следење на движењето на трупите.„Нашата војна е со терористите на Хамас. Нашата цел е да го поразиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, порача Нетанјаху.Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, побара Израел веднаш да престане со нападите врз здравствени установи во Појасот Газа. Тој на платформата Икс напиша дека „додека луѓето гладуваат, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен со повторените напади“. СЗО добила информации дека во нападот се ранети 50 лица, меѓу нив и пациенти во тешка состојба.И генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, преку својот портпарол Стефан Дижарик, силно ги осуди нападите врз болницата во Газа, со повик за брза и непристрасна истрага.

Свет | пред 5 месеци

krst-vodno

Од ресторан до кафе-бар – што всушност ќе никне на Водно?

Инфлуенсерката Ина Многуфина реагира на новите најави за објектот на Водно – од ресторан со гастрономски специјалитети, преку вртлив ресторан, до кафе-бар без храна – додека останува отворено прашањето како ќе се оди нагоре, со кола?Има изјава од АЕК дека немало да се отвара патот и немало да има свадби. Ок, ајде сега да ги разгледаме сите изјави по однос на ресторанот. Кога започна изградбата беше најавено дека ќе биде уникатна атракција за посетителите од каде ќе се пружа величествен поглед на Скопје и место за уживање во гастрономски специјалитети (извор: Слободен печат). Пред неколку дена објавија дека ќе има ресторан кој ќе се врти, веројатно со надеж дека ќе паднеме во несвест од воодушевување, а нема да прашаме како ќе се оди до таму. Денес, малку ресторанот се модифицира па дознаваме дека тоа е ресторан каде ќе има само пијалоци, веројатно прв од ваков тип во светот бидејќи ресторан по дефиниција е место со храна и пијалоци, а тоа што они го кажаа денес е кафе бар. Значи најново е кафе бар што ќе се врти ќе има горе ама ќе го викаме ресторан. Веројатно, не знам, пошо се изгубени во пиарот не знаат што сакаат да најават. Следиме., напиша таа.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

(Видео) Снимен е моментот: Израел нападна болница во Газа, 20 мртви, од нив пет се новинари - Нетанјаху изрази жалење

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изрази жалење за нападот врз болницата Насер во градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, при што загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои и пет новинари.„Израел длабоко жали за трагичната несреќа што денеска се случи во болницата Насер во Газа. Израел го цени трудот на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили“, изјави Нетанјаху.Нападот предизвика лавина реакции и осуди од меѓународната заедница. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не е среќен поради тоа“ и нагласи дека е неопходно „да се прекине оваа ноќна мора“. Тој додаде дека не бил претходно информиран за израелската акција.Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени нападот како „недозволив“, а германското Министерство за надворешни работи соопшти дека е „шокирано од убиството на новинари, здравствени работници и цивили“, повикувајќи на итна и темелна истрага.Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, остро го осуди нападот и побара брза и непристрасна истрага. Со осуда се приклучи и Светската здравствена организација, чиј генерален директор Тедрос Аданом Гебрејесус побара прекин на нападите врз здравствени установи и веднаш прогласување прекин на огнот.Според извештаите, во нападот биле ранети најмалку 50 лица, меѓу кои и тешко болни пациенти кои примале здравствена нега во болницата. Израелските одбранбени сили (IDF) признаа дека го гаѓале подрачјето околу болницата, изразувајќи жалење за нанесената штета врз „невклучени лица“, но нагласија дека не ја таргетираат новинарската заедница.Меѓу жртвите се пет новинари кои работеа за „Ројтерс“, „Асошиетед прес“, „Ал Џезира“ и други медиумски куќи. Овој напад повторно го отвори прашањето за безбедноста на цивилите и медиумските работници во воените зони, како и за почитувањето на меѓународното право и хуманитарните стандарди.

Свет | пред 5 месеци

mecka

(Видео) Се повеќе мечки во подножјето на Шара: една се симна и во куќа по храна

Мечките сè почесто се појавуваат во подножјето на Шар Планина, а последните два случаи предизвикаа и вознемиреност кај жителите на Тетовскиот регион.Во тетовското село Беловиште е забележана мечка заедно со своите мечиња. Станува збор за редок, но истовремено и ризичен случај, бидејќи мајките-мечки знаат да бидат особено заштитнички настроени кога се со своите младенчиња.Во друг случај, мечка навлегла во една од куќите во селото Отунје, во Општина Тетово. Настанот дополнително ги вознемири локалните жители, кои апелираат на поголема заштита и превенција.Проблеми со симнувањето на мечките од планините во потрага по храна имаше и изминатите години.

Македонија | пред 5 месеци

FB-ZHG

Зелен хуман град ја откажа промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Прес-конференцијата што требаше да се одржи попладнево, на која Зелен хуман град планираше да ја претстави својата кандидатка за градоначалник на Скопје, е откажана поради здравствени причини.Според последната најава, кандидатката на коалицијата се повлекла од настапот, но и од самата кандидатура, поради здравствени проблеми.Од Зелен хуман град не го открија нејзиното име, туку ја опишаа како личност со искуство во борбата за јавниот интерес и со визија за град кој ќе биде дом за сите, а не место за бетон и профит на мал број алчни поединци што три децении го уништуваат Скопје.„Оваа кандидатура не е само уште едно име на ливчето. Ова е повик за отпор. Повик за надеж. Повик за град по мерка на луѓето, а не на партиските елити. Ова е продолжување на зелената и хумана трансформација на Скопје што ја започнавме пред четири години“, се наведуваше во поканата за прес-конференцијата.фото: ФБ/ЗХГ

Скопје | пред 5 месеци

izan-kavana-hotel

Повеќе од 100 туристи се заразиле со салмонела во хотел во Шпанија

Повеќе од сто гости во хотелот „Изан Кавана“ во одморалиштето Ла Манга, во Шпанија, се разболеле по појава на симптоми на салмонела. Меѓу нив има 15-месечно бебе и седум деца, од кои двајца пациенти сè уште се на болничко лекување.Дваесет лица, меѓу кои и најмладите, биле итно префрлени во болница, а потоа дел од нив пуштени. Бебе и дете со висока температура биле примени во болницата „Санта Лучија“ во Картахена.Гостите почнале да чувствуваат гадење, повраќање, дијареја и треска по ручекот во саботата, поради што во хотелот била отворена теренска болница. Дел од туристите примале инфузија во собите, а други биле згрижени на носилки во ходниците.Првичните резултати укажуваат на салмонела, а истрагата продолжува. Кујната е привремено затворена и наложено е темелно чистење и дезинфекција.Хотелот во меѓувреме објави реклама за коктели на Фејсбук, без да спомене за епидемијата, што предизвика остри реакции од гостите, меѓу кои и еден турист чија бремена сопруга се заразила.фото: ФБ

Свет | пред 5 месеци

DSC_0683

Хигиеничар повреден при работа во Поликлиника Чаир

Шеесетгодишен скопјанец завршил во болница, откако се повредил извршувајќи работни задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За случајот е известен трудов инспектор.На 24.8.2025 во 11:57 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ф.Б.(60) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работи задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир. За настанот бил известен трудов инспектор.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 5 месеци

c8e0cb00-7ea2-4d62-9922-01310ad7be2b

Две возила изгореа во одделни пожари, во Чаир и во Батинци, цело семејство заврши во болница поради вдишување чад

Во текот на ноќта избиле два одделни пожара – едниот на паркинг во кругот на болницата во Чаир, каде изгорело „ауди“, а другиот во Батинци, каде се запалило „бмв“ кое зафатило и дел од куќа, при што четиричлено семејство заврши во болница поради вдишување чад.Денеска (25.8.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Абрашевиќ“, на паркинг простор во кругот на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(37) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од граѓани кои се затекнале на местото. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа. Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, се вели во соопштенијата од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања