ТОП

tejlor-svift-1200x675-1

Тинејџерот што го планираше нападот на Тејлор Свифт во Виена не оди во затвор!

Шестнаестгодишникот кој помогнал во планирањето на неуспешниот напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена минатата година избегна затвор. Мохамед А. доби условна казна од 18 месеци според законот за малолетници во Берлин.Сириецот, за кого обвинителите велат дека бил радикализиран од онлајн пропагандата на Исламска држава (ИСИЛ), имал 14 години кога му помогнал на потенцијален напаѓач да преведе упатства за правење бомба од арапски јазик и го поврзал со член на ИСИЛ.Три распродадени концерти на Тејлор Свифт на стадионот Ернст Хапел во Виена беа откажани од организаторите во август минатата година откако полицијата откри дека нападот бил планиран.Тинејџерот се изјасни за виновен во целост. Во времето на неговото обвинение, тој беше идентификуван само како Мохамед А. во согласност со германските закони за приватност. Под условна казна, осудените мора да исполнат одредени услови за да избегнат да бидат испратени во затвор.Дојава од ЦИАТројца други осомничени, кои во тоа време биле тинејџери, се приведени од австриските власти во врска со заговорот. Главниот осомничен, идентификуван како Беран А., е под истрага. 20-годишникот, кој е во притвор, беше уапсен пред концертите по дојава од ЦИА.Американското разузнавање во тоа време објави дека организаторите на нападите се надевале дека ќе убијат голем број посетители на концертот.Истражителите велат дека Беран А. исто така планирал да изврши напад во Дубаи во март 2024 година. Извештаите сугерираат дека тоа било дел од координиран заговор што вклучувал три истовремени напади од страна на ИСИЛ, но се предомислил во последен момент.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Убиство во Кавадарци: До смрт натепан 43-годишен човек пред влез на казино

Неколку лица до смрт претепале 43 годишен кавадарчанец, утрово околу пет часот. Според првичните информации, тие го затекнале сега усмртениот на задниот влез од локално казино, што што почнале да го удираат.Брзо потоа интервеинрала полицијата, како и Брзата помош за десет минути - но не успеала да го спаси 43-годишниот маж. Екипата констатирала смрт.Во краток рок, поради сомнение за инволвираност во нападот, полицијата ги лишила од слобода Д.Б. (26), М.Ѓ. (35) и Д.С. (27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициската станица.На местото на настанот увид вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски екипи. Се прегледуваат и снимките од надзорните камери на казиното. По целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-09.29.52

(Видео) Возеше и слушаше говори од Ердоган, но згреши и беше си ја плати казната...

Турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, доби парична казна за пребрзо возење откако самиот објави видео од своето „летање“ на автопат.Уралоглу во неделата навечер на социјалната мрежа X сподели снимка на која се гледа како управува возило на автопатот Анкара–Нигде, додека во позадина се слушаат народни песни и говори на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото се забележува момент во кој автомобилот се движи со 225 километри на час, што е значително над дозволеното ограничување од 140 километри на час. Пораката што ја придружуваше снимката гласеше: „#ТурцијаЗабрзува“. Неколку часа подоцна, министерот повторно се огласи, овојпат со признание дека направил грешка. „Ненамерно накратко го надминав ограничувањето на брзината,“ напиша тој, додавајќи дека е казнет со 9267 турски лири (околу 190 евра).Уралоглу објави и копија од прекршочната казна, нагласувајќи дека во иднина ќе биде „многу повнимателен“ и дека „почитувањето на ограничувањата на брзината е обврска за сите“. Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните иронично забележаа дека токму министер задолжен за транспорт мора да биде пример во сообраќајната култура.

Свет | пред 5 месеци

apasiev-sobranie

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра критика кон Миле Лефков, кој вчера на прес обвини дека неговата сопруга Тамара Јованов Апасиева добивала финансии преку европската програма „Еразмус+“ со поддршка на тогашната влада на СДСМ.Апасиев вели дека средствата се европски, а не буџетски пари и дека нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат обид за дискредитација. „Сопругата учествувала во европски академски проекти со сопствен капацитет, а не преку политички договори,“ напиша тој во својата реакција.-ВМРОВЦИ, ВИ СЕ СМЕЕ ЦЕЛА АКАДЕМСКА ФЕЛА.ДПМНЕ, со сиот памет, преку полуписмениот Миле Лефков (кој btw уште е борчлија кај газда Деко од дискошталата во Кочани за гага пиење) – денес одржале прес-конференција на која ја спомињале жена ми за учество во европски Еразмус проекти, ваљда на Универзитетот во Јанина (Грција) – платени не со македонски/буџетски, туку со европски пари!?Ах бре торлак. Да речеш дека СДСМ давала пари на Тамара за академска работа е исто ко да речеш дека ВМРО сега ни го плаќа породилното за детево, оти директорот е од вашата партија!? Ама багра вмровска – толку конта, толку разбира.А шта се тиче до жена ми – она, куриња, е по мада-фака од многу ваши штабски професорчиња спопикани по факултетиве со купените дипломи. Службено прошетала цела Европа и пола свет! Била визитинг професор во Шпанија и Бања Лука, течно говори три светски јазика (ниво C1), има објавено преку сто трудови (многу со импакт фактор), автор е на рецензирани книги и учебници по маркетинг и е член на мал милион уредувачки одбори на симпозиуми, конференции и научни списанија низ цел свет. Не е ова од вашите „селски учителки“ шо си ги фаќате за швалерки откако ќе ги вработите, ви текнуе.Затоа, ој таму легнете си со жените и не паламудете ногу низ етеров, оти само покажувате дека немате врска од академска работа. Затоа, го молам присутниот вмровски џган, да не се бламира поише и у иднина да не не' става в уста.p.s. А на Милета, кажете му дека „ЕраЗмус“ на латински се пишуе со С., напиша Апасиев.Лефков вчера порача дека токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управувал кадар на СДС, сопругата на Апасиев добивала средства. „Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии,“ изјави Лефков.Тој додаде дека останува прашањето дали станува збор за политички договор меѓу СДС и Левица и дали Апасиев е „купен“ со парите од Еразмус+ за да одработува за СДС.

Македонија | пред 5 месеци

soobrakajka-634

(Видео) Сообраќајка на патот кон Волково – оштетен „Голф“, патот блокиран

Утрово на улицата Волковска, која ги поврзува Ново село со Волково, се случила сообраќајна несреќа. Според снимките што ги испратија очевидци, во несреќата учествувало возило марка „Голф“, чиј преден дел од страната на возачот е целосно уништен.Во моментов нема официјални информации за состојбата на повредените ниту за причините поради кои дошло до судирот. Сообраќајот на овој дел од патот е целосно блокиран, па возачите се пренасочуваат преку локалните патишта.Очекувањата се дека МВР ќе даде повеќе детали по завршување на увидот на местото на несреќата.

Скопје | пред 5 месеци

marko

(Видео) Подвиг од 107 километри на Марко Пејчиновски - Ајронмен Триатлон! Ќе трча, ќе вози велосипед и ќе плива

Младиот Марко Пејчиновски објави дека е пред нов предизвик - Ајронмен триатлон. По интензивни тренинзи тој ќе трча од Свети Наум до Струга, потоа ќе вози велосипед од Струга до Свети Наум, и на крај ќе плива од Свети Наум до Охрид.Ќе помине 107 километри. Вели дека со ваков подвиг сака да ги инспирира и останатите!

Македонија | пред 5 месеци

borel-2

Борел: Европа го познава Бујар Османи како лидер кој испорача резултати

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ преку видео порака го оцени во највисоки суперлативи кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција за општина Чаир, Бујар Османи- неговото лидерство и посветеност.Обраќајќи им се на жителите на Чаир, Борел истакна дека е многу задоволен што имал можност да соработува со Османи.“Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката”, рече Борел.Во својата порака Борел потенцира дека бил особено импресиониран од способноста на поранешниот шеф на дипломатијата Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија. Особини кои, според Борел, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување.“Знам колку силно верува тој во спроведувањето на ветувањата на Европа на локално ниво. Неговото искуство со европските институции ќе му помогне на Чаир да има корист од европските фондови и можности, за подобра инфраструктура, подобар образовен систем, повеќе работни места и подобри услуги”, истакна Борел.Тој потсети дека Европа познава Османи за лидер кој реализира.“Верувам дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, кој обединува и кој носи напредок за секој жител. Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир. Поздрав од Сантандер и ти посакувам успех во оваа важна мисија”, заклучи Борел.

Скопје | пред 5 месеци

goran-trajkovski-delcevo

По пријавата од МВР, градоначалникот на Делчево уверува дека постапил законски

Откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување, тој изјави дека целата постапка за вработување во 2018 година била спроведена законски.„Селекцијата на кандидатите по јавниот оглас не ја врши општината, туку исклучиво Агенцијата за администрација преку Комисија формирана со решение на директорот. Таа комисија ја води целата постапка, од административната селекција, преку испитот и проверката на доставените докази, до интервјуто. По завршувањето на сите фази, јас сум законски обврзан да го изберам прворангираниот кандидат,“ истакна Трајковски.Тој нагласи дека во конкретниот случај избраното лице било единствено и прворангирано, па затоа донел Одлука за избор и Решение за вработување.„Сакам да нагласам дека нема никаква злоупотреба на службената положба. Постапив во согласност со законот и врз основа на завршената селекција спроведена од Агенцијата за администрација,“ додаде градоначалникот.Според пријавата на МВР, со незаконската одлука за вработување кандидат кој веќе ги исполнувал условите за пензионирање, Трајковски наводно му овозможил противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и истовремено ѝ нанел штета на Општина Делчево во висина од 762.318 денари по основ на плати и придонеси.

Македонија | пред 5 месеци

puls-35

Петмина повредени од пожарот во „Пулс“ сè уште на болничко лекување, двајца се во тешка состојба

И по пет месеци од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пет лица сè уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца од нив се згрижени во здравствена установа во Турција, а тројца во домашни болници, објави „Фокус“.Од Фондот за здравствено осигурување за медиумот информираат дека двајца пациенти се лекуваат во Истанбул, при што едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува негово враќање во Македонија. Во земјава, еден пациент е згрижен на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а уште двајца се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“.Од овие пациенти, двајца се во тешка состојба.-Од вкупниот број, двајца повредени се сè уште во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови, додаваат од ФЗО.

Македонија | пред 5 месеци

BRITANCI

(Видео)„Цунами од ѓубре во Вардар“! Млади туристи не можеа да го продолжат пловењето по реката

Млади туристи од Британија останаа комплетно изненадени по нивната авантура пловејќи по Вардар. На потегот од Желино кон Гостивар пловењето им беше оневозможено од, како што велат и самите „цунами од ѓубре во Вардар“.-Ќе се обидеме утре повторно од Скопје, буквално од тука, од ова место, не може да се продолжи по реката, велат тие во видеото што го снимија.фото: Инстаграм

Македонија | пред 5 месеци

stojka

Мајката на Ивона од Кочани со порака: „Дишам… а не живеам, ми ја убија ќерката, ми го украдоа светот“

Пет месеци по пожарот во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе, мајката на Ивона Антова повторно ја сподели својата болка. Во емотивна порака објавена на социјалните мрежи, Стојка Антова пишува за изгубените соништа и планови на младите, за празнината што останала зад нив и за секојдневната борба на родителите кои чекорат низ живот исполнет со тага и неправда.„Ивона 16.03.2025 – Ден кога замре младоста, објави 4NEWS.mkТргнавте на концерт со насмевки и соништа во очите, со планови за утре. Но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките.Останаа 62 празни места, 62 тивки гласови, 62 незавршени животи.Наместо песна – тишина.Наместо радост – црнина.Наместо живот – вечен спомен.Ние, родителите, останавме со празни раце. Чекориме низ свет што веќе нема боја, влегуваме во домови во кои вие никогаш повеќе нема да влезете. Слушаме само ехо на чекори, сонуваме за прегратка што никогаш нема да ја почувствуваме.Нашите срца се скршени, душите осиромашени, а болката е вечна како и љубовта кон вас. Секој ден е борба да дишеме, а не да живееме, затоа што животот без вас е празна сенка.А моето единствено Ивонче… мојата радост, мојата гордост, мојата светлина – ја украдоа пред време.Нема збор што ја опишува празнината, нема сила што ја лечи оваа рана. Ќе остане засекогаш млада, убава, насмеана – а јас засекогаш мајка со празна прегратка и со душа што крвари.Вие, нашите ангели, засекогаш ќе бидете во нашите срца. Вашите имиња нема да замолкнат, вашите лица нема да избледат. Ќе живеете во нашите солзи, во нашите соништа, во секое утро без боја и секоја ноќ без мир. Не ве забораваме. Не можеме, ниту сакаме. Вие сте нашето „засекогаш“, напиша Стојка Антова, мајката на единствената ќеркичка Ивона Антова.Стојка е редовен учесник на Маршот на ангелите за правда за жртвите. Пред една недела, таа сподели албум со фотографии од Ивона и напиша:„Пет месеци како дишам… а не живеам, душата ми е мртва. Дишам… но секој здив ми е отров од неправда. Ми ја убија ќерката, ми го убија срцето, ми го украдоа светот. Нема утро без болка, нема ноќ без солзи. Секое утро ме потсетува на вашето зло, секој мрак ме гуши од празнината што ја оставивте. Пет месеци како моето срце куца, но е празно, студено и осамено. Без тебе, моја Ивонче, секое утро е темно, а секоја ноќ е бескрајна.“

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Кривична пријава за полицаец на скопскиот аеродром – пропуштил патник од СТОП листата!

Против полициски службеник од ПС „Меѓународен аеродром Скопје“ е поднесена кривична пријава за несовесно работење, откако не извршил пасошка контрола и овозможил влез во државата на патник кој се наоѓал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“.-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.Пријавениот, на работно место „полицаец“ во ПС за ГП „Меѓународен аеродром Скопје“, на 12.08.2025 несовесно постапил при вршење на своите овластувања и должности односно не извршил пасошка контрола на патник кој минувал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“ при влез во државата. Со ваквото дејствие полицискиот службеник му овозможил на патникот да оствари влез преку државната граница, го ставил во поволна состојба, му овозможил лична корист и нанел штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи.„Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама).Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.Процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство, посочуваат оттаму.

Македонија | пред 5 месеци

goran-trajkovski-delcevo

Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево

Против градоначалникот на Делчево Горан Трајковски (54) е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба, откако незаконски овозможил вработување на лице кое веќе ги исполнувало условите за пензија, со што била нанесена штета на општината од над 760 илјади денари.-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Пријавениот Г.Т. како овластено службено лице градоначалник на Општина Делчево на 01.08.2018 по јавен оглас од 25.06.2018 за вработување на административен службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на службената должност донел незаконска одлука за избор на кандидатот В.М. од Делчево, кој уште во првата фаза од постапката за вработување, како и во моментот на донесување на решението за стекнување на статус на административен службеник ги исполнувал законските услови да се стекне со право на пензиско и инвалидско осигурување со навршени 64 години старост, што претставува основа за престанок на работен однос на административен службеник, а не основа за вработување согласно член 98 став 1 алинеа 3, а во врска со член 98 став 5 алинеја 9 и 10 од Законот за административни службеници.Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата, наведува МВР.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Трагична сообраќајка во Кичево: 18-годишен возач удри пешак и побегна – жртвата почина

Пешак на возраст од 82 години им подлегна на повредите откако вчера изутрина беше удрен на пешачки премин од 18-годишен возач, кој по несреќата го напуштил местото на настанот.-На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото.Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што во 21:00 часот починал.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања