ТОП

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Нов судир меѓу Ванковска и Силјановска: блокада на ФБ и обвинувања за „детска постапка“

Професорката и поранешна кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска, објави дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова повторно ја блокирала на Фејсбук. „Добро е! Претседателката го прочитала писмото. Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка,“ напиша Ванковска на социјалната мрежа.Нејзината реакција следува по отвореното писмо кое таа му го испрати на претседателскиот кабинет во врска со случувањата во Газа. Во својата објава Ванковска ја критикуваше Силјановска дека со ставовите за тоа како треба да изгледаат вестите – со култура, спорт и слични теми на почетокот, а политиката на крај – всушност повикува на деполитизација на јавноста.„Не ми се верува дека е ова истата жена која како професорка ги учеше студентите што е polites (активни граѓани) и idiotes (оние кои не се грижат за јавните работи). Нам ни недостасува политизација во аристотеловска смисла, создавање заедница околу јавното добро. Ескапизмот со култура и спорт им одговара на богати или на страшливци,“ напиша Ванковска, додавајќи и иронична забелешка дека „еден ден можеме да чуеме препорака да јадеме колачи ако немаме леб“.Таа ја нарече претседателката „принцеза на зрно грашок“ која бега од јавна критика и ги игнорира реалните проблеми – гладот, смртта и милитаризмот. „Кажете една државничка работа што ја покренала или направила таа во интерес на државата. Цел живот да предаваш уставно право, а на крај да ја упропастиш функцијата шеф на држава – тоа е навистина неверојатно постигнување,“ додаде Ванковска.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.44.03

(Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, еве тече песната „страдаме од нашите душмани“, му рече Силјановски на Јанчев

Јавната дискусија за тоа кој треба да настапува на „Кавадаречки гроздобер“, а која се води меѓу пејачот Спасен Силјановски и градоначалникот на градот Митко Јанчев, продолжува. Откако Јанчев му порача на Силјановски „Дојди во Кавадарци да видиме колку публика ќе донесеш“, пејачот му одговори јавно, преку видео.„Ме омаловажи мене, ја омаловажи македонската естрада. Во позадина тече песната 'Ние страдаме од нашите душмани', една од омоите омилени песни. Јанчев се најде прозван, со обвинувања дека сум ги навредил изведувачките, него и манифестацијата - а тоа не е точно. Не се навредени ниту изведувачите од Србија, ниту нашата манифестација, туку вие ја отсликавте таа слика да личи на Роштилијада, бидејќи поканувате српски изведувачи на македонска традиционална манифестација. Го правите Кавадарци да личи на Врање. Јас сакам да биде побогата, па затоа изнесувам критики. Ја имам таа должност како човек што ја сака својата нација, култура, музика, спротивно од вас!“, рече Силјановски.Пејачот додава: „Да, јас прашав каде сте градоначалник бидејќи ако дојде некој на манифестацијата, ќе се запраша дали е во Лесковец на роштилијада. Ви пропаѓаат обидите да наметнувате реторика дека сум ве навредил вас и манифестацијата“.Силјановски му порача на Јанчев дека ги омаловажува македонските пејачи односно изведувачи.„Ја омаловажувате македонската музика. Вие ги понижувате сите мои колеги, сосе дојените. Тврдите дека вашето место е само за ѕвезди од Балканот. За мене се ѕвезди Васка Илиева и Сариевски. Не знам кои се за вас ѕвезди!“, додаде пејачот.Му замерува и на речникот.„Споменувате бројки, викате 'дојди ти да видиме колку публика ќе донесеш', тоа знаете како звучи: како две првачиња кои викаат 'ајде да се пробаме да се степаме, да видиме'. Толку мизерно звучи. Јас се натпреварувам со сам себе, секоја песна да биде подобра од претходната“, додаде Силјановски.Потоа кажа: „Еве јас да ви го направам кејфот, можеби јас не можам да наполнам.. ама нема ли македонски изведувачи кои не можат да наполнат сцена? Во Македонија, за странците важи 'не играј, не пеј, не свири'!„Викате дека повеќе пари ќе се заработат со тие ѕвезди.. Па повеќе пари ќе се заработи и со 'Кнез Милош' (вид на вода), ете таа за мене е поубава вода.. Зошто само 'Кожувчанка' правите? Зошто да се пие само 'Кожувчанка'? Правите монопол таму каде имате личен интерес, а за националниот интерес - ич не ви е важно. Ако ви дадат Илинден да го организирате.. Што ќе направите, ќе донесете турски пејач? Како што носите српски пејачи во тиквешијата?“, додаде пејачот.

Магазин | пред 5 месеци

kandidati-sk

Шестмина партиски и еден дизајнер како независен кандидат за градоначалник на Скопје

За скопската градоначалничка фотелја веќе се најавени седум кандидатури – шест од партиски редови и една независна. Изборната трка се очекува да биде жестока, со многу аргументи, програмски понуди, но и дезинформации.ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. СДСМ ја кандидира потпретседателката на партијата и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова. Левица ќе оди со пратеникот Амар Мециновиќ. Коалицискиот партнер во Владата, партијата Вреди, го кандидира Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во Клиничкиот центар Скопје. Европскиот фронт на албанските опозициски партии ќе настапи со Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на Народното движење.Од граѓански иницијативи настапуваат „Независни заедно“, поддржани од Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и Групација 389, со кандидатурата на професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ. Како независен кандидат се пријави и професорот по дизајн на Европскиот универзитет, Александар Рашковиќ, кој ја доби поддршката од ТМРО.Списокот сè уште не е затворен – рокот за пријавување е 13 септември, што остава простор за нови кандидатури, а за учество на ливчето за градоначалник доволни се само два потписа. Првиот круг на локалните избори е закажан за 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Нови детали: Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци и боксови по глава, се обидел да се скрие внатре, но починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за убиството пред казино во истиот град. Тие се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Тешка телесна повреда со смртни последици“.Според обвинителството, двајца 27-годишници и еден 35-годишник на 27 август, околу 5 часот наутро, најпрво влегле во вербална расправија со жртвата во казино во Кавадарци. Набргу потоа излегле надвор, каде физички го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата. Жртвата се обидел повторно да влезе во казиното, но изгубил свест. Од нанесените тешки повреди подоцна починал.Нема информации за мотивот, иако се шпекулира дека стнаува збор за финансиски обврски кои ги имале убиениот со другите лица.Во рамките на истражната постапка ќе бидат прибрани сите докази и ќе се изврши психијатриско вештачење на осомничените. Доколку се утврди дека постоела свест и намера да му го одземат животот на оштетениот, делото може да биде преквалификувано во убиство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Како причина беше наведена опасноста од бегство, а на тоа укажува и нивното однесување веднаш по нападот – наместо да се пријават во полиција, тие се повлекле во стан на еден од осомничените. Обвинителството оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и за обезбедување на сите релевантни докази.

Македонија | пред 5 месеци

5be29414-e515-4ec9-acfb-ed0536a6e474

(Видео) Исповед на поранешна заложничка на Хамас: „Ги молев да не ме убијат“

Додека Израелците протестираат низ целата земја барајќи ослободување на преостанатите заложници од Газа, Дорон Штајнбрехер (32) ја раскажа својата голготa од 471 ден поминат во заробеништво на Хамас. Во интервју за Reuters таа истакна дека се надева сите заложници наскоро ќе се вратат дома.„Ги молев да не ме убијат,“ се присети таа, опишувајќи како секој миг минувал во страв за животот. „Сега е најважно да се вратат сите дома. Секоја секунда се во опасност – нема храна, нема вода, санитарните услови се катастрофални,“ додаде Штајнбрехер.Таа била држена во подземни тунели, без светлина и свеж воздух, каде не можела да разликува ден од ноќ. „Во еден од тунелите едвај можев да стојам исправено,“ опиша. Била подложена на постојан психолошки притисок – милитантите ја предупредувале дека ќе биде егзекутирана доколку се приближи израелската армија. Било забрането да покажува емоции, ретко ѝ било дозволено миење, а секој ден морала да моли за малку храна.И покрај тешкотиите, развила блиска врска со другите млади жени што биле со неа во заробеништво. „Во тунелите нè држеше само меѓусебната поддршка,“ раскажа таа.Штајнбрехер беше киднапирана на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изведе напад врз Израел – ден кој остана најсмртоносен од Евреите од Холокаустот па наваму. Во нападот беа убиени 1200 луѓе, а 251 лице беше одведено во Газа.Таа во тоа утро се подготвувала за трчање во близина на својот кибуц Кфар Аза. Кога започнало ракетирањето, се скрила под кревет. „Влегoа вооружени луѓе и пукаа кон креветот – еден куршум замина само неколку сантиметри од мојата глава,“ раскажа. Откако еден од милитантите го кренал душекот, ја откриле и ја одвеле.Штајнбрехер беше ослободена во јануари годинава во рамки на договор меѓу Израел и Хамас. „Имав привилегија да се вратам дома. И тие што останаа ја заслужуваат истата шанса,“ изјави таа, мислејќи на преостанатите 50 заложници, од кои дваесетина се сè уште живи според израелските процени.Во меѓувреме, притисокот врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху расте. Додека демонстрантите секоја недела блокираат улици во Тел Авив и други градови, барајќи договор за ослободување на заложниците и прекин на војната, дел од крајно десните министри му се закануваат со уривање на владата ако конфликтот заврши без целосна победа.Израелската офанзива во Газа досега однесе над 62.000 животи, според здравствените власти во Газа, а во регионот владеат глад и хуманитарна катастрофа. Но, за Дорон Штајнбрехер пораката е јасна: „Сѐ што ми останува е да се молам сите да се вратат живи. Секој од нив заслужува повторно да биде дома.“

Свет | пред 5 месеци

siljanovska-davkova-4

„Богородица е во храмовите, домовите, но најмногу во нашите срца, да ја надминеме духовната и морална криза и да се вратиме на вистинските вредности“

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до сите православни верници.Во честитката таа посочи дека празникот е силен потсетник за мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности.„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа,“ стои во пораката на Сиљановска-Давкова.Таа нагласи дека култот кон Богородица е сведоштво за непоколебливиот дух и вера, но и за значењето на семејството. „Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца,“ додаде таа, потсетувајќи дека храмовите посветени на Богородица ги посетуваат и верници од други религии.„Очекувам да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности. Нека ни е честит и вечен празникот,“ порача претседателката.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Полицаец од Интервентната единица под истрага за поткуп

Против виш полицаец од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е поднесена кривична пријава поради сомневање за давање поткуп, откако, според МВР, посредувал кај колега на ГП Долно Блаце за да не биде евидентиран влезот на македонски државјанин во земјава.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ.Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин.Пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно ОВККИПС против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност, достапна на веб страницата на МЗ на следниот линк: https://zdravstvo.gov.mk/mk-MK/kontakt/prijavete-nepravilnost .- Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме согласно законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб страницата на Министерството, граѓаните можат да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет е здравјето и безбедноста на пациентите, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува согласно законските процедури.Потсетуваме дека веќе отпочна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти.Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.

Македонија | пред 5 месеци

ivona

Потресна објава на мајката на загинатата Ивона во „Пулс“: „Имам само солзи и молитви – чувај ми ја Ивона, мамо“

Стојка Иванова Антова, мајка на младата Ивона која го загуби животот во страотниот пожар во кочанскиот клуб „Пулс“ каде загинаа 62 лица, со емотивен статус го одбележа роденденот на својата мајка. Во објавата таа ја спои својата двојна болка – за мајката и за ќерката, кои, како што напиша, денес ги замислува заедно на „небото“.„Денеска е твојот роденден, мајко моја, а јас немам свеќи да запалам, ни торта да ти подарам. Имам само солзи и молитви – да стигнат до небото каде што си ти,“ напиша Антова.Таа со длабока тага потсети дека сега нејзината мајка е заедно со Ивона – „двете најголеми љубови“ што ѝ ги одзел животот. „Ве замислувам заедно – ти ја прегрнуваш мојата Ивона, ја милуваш по косата и ѝ велиш: ‘Не грижи се, мама ќе стигне еден ден…’“Антова додаде дека болката и празнината никогаш нема да исчезнат, но љубовта останува како мост меѓу нив. „Еден ден пак ќе бидеме заедно – и тогаш ќе ги прославиме сите родендени што ги пропуштивме. Ни на небото, ни на земјата нема сила што ќе ја скрши мојата љубов кон вас,“ напиша таа.Објавата ја пренесе дел од тагата и болката што сѐ уште ја носат семејствата на жртвите од трагедијата во „Пулс“, која остави неизбришлив белег врз целата јавност.

Македонија | пред 5 месеци

mile-lefkov

Лефков: Сопругата на Апасиев лажела во својата биографија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференција изнесе обвинувања за сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во врска со нејзиниот ангажман во програмата „Еразмус+“.„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари,“ изјави Лефков.Тој посочи дека во својата биографија Тамара Јованов Апасиева навела дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“, но, како што рече, официјалните документи покажуваат друго – дека таа била само учесник, а не и лектор.„Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела?“ праша Лефков.Тој додаде дека останува нејасно дали ова било направено за да се земат повеќе средства или за, како што рече, „неосновано да се збогати биографијата“.„Димитар Апасиев, кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама,“ изјави Лефков.Тој праша и што сè, според него, може да лажат Апасиев и неговата сопруга ако, како што вели, лажат дури и во една биографија.„Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб?“ изјави Лефков.

Македонија | пред 5 месеци

goran-markovski

„Скопје е запуштено, загадено, валкано и депресивно“ - деканот на Градежен ја објави кандидатурата!

„Нашето Скопје е запуштено, загадено, валкано и депресивно. Повеќе од кога и да е му треба јасна визија ослободена од корупција, култура наместо популизам и компетенција наместо импровизација. Скопје моли за шанса од оние што искрено го сакаат,“ изјави денеска професорот и декан на Градежниот факултет, Горан Марковски.Со ова обраќање тој и официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на Скопје, настапувајќи како независен кандидат поддржан од платформата „Независни заедно“.Марковски симболично ја започна својата кампања од Камениот мост, кој го нарече симбол на поврзување, заедништво и истрајност.Тој нагласи дека независните кандидати и граѓанскиот активизам се клучни за вистинска демократија, посочувајќи: „Без независни личности нема здраво општество ниту силни институции.“

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-11.18.16

Премиерот нема што да прави, освен да обвинува за дестабилизација, рече Филипче и кажа дека немаат такво сценарио

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче остро ги искритикува политиките на Владата, а потоа рече дека обвинувањата кои доаѓале од премиерот Христијан Мицкоски кој кажал дека има сценарија за дестабилизација направени од СДСМ и ДУИ се само оправдување на неуспесите.„Ништо од тоа не е вистина. До сега требаше да се случи некаква дестабилизација, бидејќи премиерот подолго време најавува. Тој нема никаков успех кој може да го презентира, нема добра политика, гледаме што се случува во економијата, запрен е патот кон ЕУ, тонеме во поделби во општеството како заслуга на политиката, нема напредок во земјоделството... Премиерот нема што да прави, освен да обвинува за дестабилизација. Такво сценарио нема, ниту планираме да има“, рече Филипче.Тој ја нарече власта на ВМРО-ДПМНЕ „антидржавна“ и „ненародна“.

Македонија | пред 5 месеци

mitko

Јанчев до Силјаноски: „Постои епитетот музичка ѕвезда и не може секој да го носи-нека каже колку публика може да донесе“

По критиките на пејачот Спасен Силјаноски за изборот на музичките гости на годинешниот Тиквешки гроздобер, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, изјави дека манифестацијата одамна го надминала локалниот карактер и прераснала во настан од регионално значење.„Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ‘роштиљада’ и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот? Од каде би била таа публика, со оглед на тоа што на настанот во годините наназад доаѓаат гости не само од цела Македонија, туку и од соседни земји?“ – изјави Јанчев за Инфомакс.Тој потсети дека сите кавадаречки музичари кои ги споменал Силјаноски гостуваат редовно на гроздоберот, а општината секогаш им укажувала почит. „Сите кавадаречки музичари кои ги спомнува, гостуваат не само на овој, туку и на секој гроздобер кој се одржал во минатото и секогаш биле максимално испочитувани од општината, бидејќи ние во Кавадарци знаеме како да го цениме и поддржиме своето,“ додаде тој.Јанчев нагласи дека настанот има две сцени и секој изведувач настапува таму каде што може да ја исполни публиката. „Кога сме кај големата сцена на која годинава ќе настапи српската еворвизиска победничка Марија Шерифовиќ, и за време на чиј настап се очекуваат најмалку 50.000 посетители, нека одговори пејачот дали тој може да гарантира дека ќе донесе барем една петина од таа бројка,“ порача градоначалникот.Тој додаде дека гроздоберот не е само забава, туку има и сериозно економско значење за Кавадарци, бидејќи секоја поголема музичка ѕвезда носи повеќе гости и поголема корист за локалното население.„Затоа и постои епитетот музичка ѕвезда, и не може секој да го носи. Кога за настап на некој музички гостин дури и се организира превоз од други градови, кога доаѓа река од народ од сите краеви, а на плоштадите нема место да се фрли игла, недостојно е да се потценуваат тие ѕвезди со евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам. Уште еднаш го повикувам пејачот кој се дрзна да ја навредува традиционалната кавадаречка манифестација, да дојде во општината и да ми даде одговор на прашањата кои еве и јавно му ги поставив,“ изјави Јанчев за Инфомакс.

Македонија | пред 5 месеци

vozac-brza-pomos-kocani

Во чест на Иле - хуманитарна трка на Голак за човекот кој цела ноќ возеше повредени од дискотеката „Пулс“

На планината Голак на 6.септември ќе се одржи хуманитарна трка во чест на возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој почина еден ден по големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс“.Тоа ќе биде комбинација од планинско трчање и брзо одење на патека долга 11 километри.Настанот се организира во чест на човекот кој пожртвувано цела ноќ, 11 пати превезуваше повредени од Кочани до Скопје, со цел да спаси што повеќе животи.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

(Видео) Четири возила гореа во пожар кај трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец

Синоќа во близина на трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец избувна пожар во кој беа зафатени четири автомобили.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прво било опожарено службено возило марка „Фиат“, по што огнот се проширил и ги зафатил уште три автомобили паркирани во близина.Изгореле „Шевролет Авео“ со охридски регистарски таблички, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „Фиат Пунто“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје, како и „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.М. (54) од Скопје.Надлежните органи спроведуваат увид за да се утврдат причините за пожарот и можната одговорност.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања