ТОП

MixCollage-29-Aug-2025-01-24-PM-6169

Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар

Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар, информира општината.„Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. Во понеделник, сите ученици ќе ги добијат униформите на првиот училишен ден, верувам дека тие ќе бидат среќни и горди што ќе ја носат оваа униформа“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.Со оваа активност, Општина Центар го подигнува квалитетот на основното образование, што вклучува и инвестиции во училишна инфраструктура, дигитализација и безбедност.

Скопје | пред 5 месеци

bujar-osmani

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали испраќа пораки за затоплување на односите со ДУИ

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска изјави дека од ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали стигнуваат пораки за затоплување на односите меѓу двете партии, и тоа во насока на можен влез на ДУИ во Владата.Изјавата следи по коментар на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој од Битола порача дека опозицијата ќе загуби на локалните избори во сите општини и повика ДУИ да биде конструктивна опозиција, особено околу измените на Изборниот законик и обезбедувањето на Бадентеровото мнозинство.„Премиерот во јавноста дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалициските партнери, но не пушта такви пораки преку приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите. Меѓутоа, нашиот став е јасен: ДУИ нема да прави пазар за влегување во Влада – излези еден, влези друг“, изјави Османи.Тој додаде дека Албанците нема да дозволат да бидат третирани како „аморфна маса“ и дека самите преку избори ќе одлучат кој ќе ги претставува во Владата. Османи направи споредба со 1990-тите години на Косово, кога, како што потсети, „Милошевиќ од Белград носеше претседател на Косово, а Албанците создадоа паралелни институции за да покажат дека нема да прифатат наметнати претставници“.Османи истакна и дека анкетите покажуваат водство на Националната алијанса за интеграција, преименуваниот „Европски фронт“, во однос на коалицијата ВЛЕН, со сооднос од три спрема еден.На новинарско прашање дали има постојана комуникација меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Османи одговори потврдно, нагласувајќи дека не може повеќе да се премолчуваат разликите меѓу јавните и приватните ставови. На дополнително прашање дали под затоплување на односите се подразбира идно коалицирање и влез во Владата, Османи кусо рече: „Да“.

Македонија | пред 5 месеци

sukova

Шукова: До 2028 година со БРТ системот ќе се реши јавниот превоз во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Александра Шукова, на денешната прес-конференција истакна дека јавниот превоз е една од најголемите слабости на главниот град и најави дека решението е реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ).„Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот! ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс,“ рече Шукова.Таа додаде дека решавањето на овој проблем не смее да се одложува. „Тоа е услов за квалитетен живот на сите кои живеат во Скопје. И на тие што се возат и на тие што не се возат. На сите ни треба помалку метеж, добро поврзани општини, побрз, безбеден и одржлив јавен транспорт, транспорт кој не ги труе граѓаните на Скопје,“ нагласи таа.Како идно решение Шукова го најави воведувањето на БРТ-системот. „Како градоначалничка на Скопје итно ќе започнам со реализација на проектот БРТ, кој ќе обезбеди нова модерна мрежа на урбан транспорт преку коридори резервирани само за автобуси. Проектот вклучува и набавка на нови еколошки автобуси и ревитализација на две депоа,“ истакна таа, додавајќи дека за ова се обезбедени 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.„Гарантирам дека до средината на 2028 година скопјани, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче, ќе се возат со првата линија на БРТ системот за само половина час – брзо и навреме, без доцнења, без гужви и безбедно,“ рече Шукова.Според најавите, првата БРТ линија ќе биде долга 13 километри во една насока, со 21 автобуска постројка и два терминали, со 29 автобуси кои ќе превезуваат до 65.000 патници дневно.„Ќе работиме и на втората линија север – југ, но и на набавка на нови еколошки автобуси за останатите линии низ градот, со што постојните стари и неефикасни автобуси ќе бидат целосно заменети. БРТ е решението зад кое стојам и кое драстично ќе ја подобри состојбата со автобускиот превоз во Скопје. Ќе почнеме веднаш – за Скопје и за скопјани,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Прогноза за викендов: нестабилно време со невреме и обилни врнежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.На некои места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината условите ќе бидат во форма на невреме.

Скопје | пред 5 месеци

mineapolis

Полицијата во Минеаполис: Напаѓачот имал опсесија да убива деца

Истражителите во Минеаполис соопштија дека лицето кое отвори оган врз ученици во едно црковно училиште било „опседнато со идејата да убива деца“. Според шефот на полицијата, Брајан О’Хара, напаѓачот Робин Вестман, кој усмрти две деца и повреди уште осумнаесет, немал јасен мотив за нападот.„Стрелецот изгледаше како да мрази сè и сите, но пред сè имаше желба да убива деца,“ рече О’Хара, пренесе Би-Би-Си.Жртвите беа идентификувани од нивните семејства како осумгодишниот Флечер Меркел и десетгодишната Харпер Мојски. „Вчера, кукавица реши да ни го земе нашиот осумгодишен син Флечер,“ изјави таткото Џеси Меркел пред новинарите.Со солзи во очите тој додаде: „Флечер го обожаваше своето семејство и пријателите, сакаше да лови риба, да готви и да игра секој спорт што можеше. Прегрнете ги вашите деца денес посилно. Те сакаме, Флечер, засекогаш ќе бидеш со нас.“Родителите на Харпер Мојски, Мајкл Мојски и Џеки Флавин, во своето соопштение ја опишаа ќерката како „светла, весела и сакана десетгодишна девојка чија добрина и смеа ги допираа сите околу неа“. Тие рекоа дека се скршени од болка и повикаа сеќавањето на Харпер да поттикне акција за запирање на насилството со оружје. „Ниедно семејство не треба да минува низ оваа болка. Потребни се промени за да се спречат нови трагедии,“ додадоа тие.Властите објавија малку детали за осомничениот, освен дека претходно го посетувал училиштето при црквата и дека неговата мајка работела таму. Според полицијата, 23-годишниот Вестман дошол до објектот на Благовештенската црква и испукал десетици куршуми низ прозорците со три различни огнени оружја. На местото била пронајдена и димна бомба. Очевидци сведочеа дека виделе деца како крварат и бегаат по помош.На прес-конференција, вршителот на должноста државен обвинител на САД за Минесота, Џозеф Томпсон, изјави дека стрелецот изразувал омраза кон повеќе групи, вклучувајќи ја еврејската заедница и поранешниот претседател Доналд Трамп.Вестман починал на местото на настанот од самонанесена прострелна рана, а властите рекоа дека оставил порака, иако конечниот мотив можеби никогаш нема да се дознае. „Нема да ги повторувам зборовите од неговата порака, тие се одвратни и гнасни,“ изјави Томпсон.Името на Вестман било променето законски во 2020 година, кога судот одобрил регистрација под женски идентитет, иако дел од федералните службеници и полицијата го нарекуваа маж при описот на настанот.Шефот на полицијата О’Хара побара од медиумите да не го повторуваат името на напаѓачот, нагласувајќи дека неговата цел била да стане озлогласен. „Како и многу други масовни стрелци, имал болна фасцинација со претходни напади,“ рече тој.Американските власти со години предупредуваат дека масовните убиства можат да поттикнат имитатори, бидејќи некои сторители се стремат кон слава преку злосторствата. Поради тоа, неколку медиуми веќе применуваат политика да не ги идентификуваат со име масовните убијци.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-11.03.12

64 градежни дозволи за шест месеци – рецепт за хаос, обвинува Шанса за Центар

Шанса за Центар реагира дека во последните шест месеци во општина Центар биле издадени дури 64 градежни дозволи, што според нив е класичен пример за „традиционална политичка борба“ во оваа општина. „Кога знаеш дека ќе изгубиш на избори, ги потпишуваш сите можни дозволи за градба, иако знаеш дека општината нема капацитет, ниту луѓе, ниту опрема, да контролира и да спречи тоа да се претвори во општ хаос по улиците и маалата“, стои во нивното соопштение.Тие додаваат дека сите дозволи се издадени според планови донесени во 2012 година, кои двапати биле дел од предизборни програми искористени како политички маркетинг.„На граѓаните во наследство и за долго сеќавање ќе им остане просторот во хаос. Но, на идната градоначалничка ќе ѝ даде материјал во процесите каде е најдокажана“, велат од движењето.Кандидатката за градоначалник од Шанса за Центар, Билјана Ивановска, најавува дека ова прашање ќе биде еден од клучните делови во нејзината кампања и дека ќе се заложи за целосна ревизија и контрола на урбанистичките планови.

Македонија | пред 5 месеци

belgrad

Бебе старо само седум дена пронајдено покрај контејнер во Земун

Утринава во белградската населба Земун беше пронајдено бебе напуштено покрај контејнер. Случаен минувач го забележал детето и веднаш повикал брза помош, чија екипа пристигнала на местото на настанот и го префрлила новороденчето во породилиштето Земун.Според првичните информации, бебето е живо и во стабилна состојба, но ќе биде подложено на дополнителни медицински прегледи.Околностите под кои бебето било напуштено сè уште не се разјаснети, а се очекува официјално соопштение од полицијата и Центарот за социјална работа.

Свет | пред 5 месеци

IMG_5572

Најчевска за Кочани: Без независно судство, вакви трагедии ќе се повторат

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше трагедијата во Кочани, посочувајќи дека станува збор за последица на длабоко вкоренета корупција и нефункционален правосуден систем.„Оваа трагедија е само врвот на сантата мраз. Таа е резултат на упорно и континуирано промовирање и поддршка на корупцијата од сите политички партии кои доаѓаат на власт. Кога нема правна сигурност, елементарно функционирање на судството и казни за слични криминали, беше само прашање на време кога ќе се случи Кочани,“ напиша Најчевска.Таа нагласува дека не станува збор за апатија и разочараност кај граѓаните, туку за „метастазирана корупција која допира до секој дамар на општеството“.Најчевска додаде дека власта, како и во претходни случаи, во моменти на вакви трагедии „развлекува и го отапува револтот“, чекајќи вниманието на јавноста да се сврти кон друга тема, додека на протестите остануваат само оние кои претрпеле ненадоместлива загуба.„Без независен, некорумпиран судски систем и инстант политичка одговорност, шансите да се повторат вакви трагедии кои можеле да бидат превенирани се огромни,“ предупреди

Коментари | пред 5 месеци

539247345_122255514002233640_2366335693980521208_n

(Фото) Муралот во Крива Паланка – траен споменик за хероите од 2001 година: „Четири имиња кои никогаш не смеат да се заборават“

Во Крива Паланка беше откриен мурал посветен на четворица херои кои своите животи ги положија во 2001 година – Јане Јакимовски, Горан Стојановски, Момир Стојановски и Орце Илиевски.„Не отвораме само мурал, туку траен споменик на четири имиња кои никогаш не смеат да се заборават. Со нивната жртва тие нè задолжија сите нас да го чуваме најскапоценото – мирот и слободата. Овој мурал нека биде жив сведок дека благодарноста е посилна од времето, а споменот за хероите од Крива Паланка ќе продолжи да свети низ генерациите,“ соопшти здружението СИЛА.Настанот предизвика големо внимание и беше пречекан со почит и емотивни реакции од граѓаните кои уште еднаш се потсетија на цената на слободата и должноста да се негува сеќавањето на жртвите.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски до европските лидери: Кој ќе ни помогне ако Русија повторно нападне?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до европските лидери со барање за „јасни одговори“ во врска со безбедносните гаранции што Киев би ги добил во случај да се постигне мировен договор.На виртуелен состанок со претседателот на Полска и лидерите на Естонија, Латвија, Литванија и Данска, Зеленски праша: „Кој ќе ни помогне во одбраната на копно, во воздух и на море ако Русија повторно тргне во офанзива? И на кој начин можете да учествувате? Барам да ја дефинирате својата улога.“Тој потенцираше дека е клучно американскиот претседател Доналд Трамп да види дека Европа е обединета во решеноста да стави крај на војната. Зеленски повтори и повик за заострување на санкциите против Москва.Осврнувајќи се на вчерашниот масовен руски напад врз Киев, во кој загинаа цивили, меѓу нив и деца, Зеленски рече: „Тоа е Путиновиот одговор на повиците од светот да се запре војната. Русија одби да престане со убиства – дури рекоа ‘не’ и на претседателот Трамп. Ги гледаме негативните сигнали од Москва околу можен самит. Искрено, веруваме дека Путин и понатаму сака само продолжување на оваа војна.“„Затоа ни е потребен нов, силен притисок врз Русија – остри санкции и високи царини, и од Европа и од Америка,“ порача украинскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

EU-1

ЕУ министри на дводневен состанок по најжестокиот руски напад врз Украина

Министрите за одбрана и надворешни работи на Европската унија денеска во Копенхаген започнуваат дводневни разговори за поддршката на Украина и за кризата во Појасот Газа. Состанокот се одржува само еден ден по најжестокиот руски воздушен напад од крајот на јули, во кој загинаа најмалку 21 лице, меѓу нив и деца, а најмалку 48 беа повредени.Првиот ден ќе биде посветен на засилување на воената поддршка за Киев и на унапредување на соработката на ЕУ со украинската одбранбена индустрија, особено поради ограничувањата на американската воена помош. Утрешните разговори на министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на нови санкции против Русија, насочени кон притисок врз претседателот Владимир Путин да прифати прекин на огнот и да се вклучи во мировни преговори. ЕУ неодамна ги таргетираше т.н. „сенкови флоти“ за извоз на руска нафта, како и приходите на Москва од енергетскиот сектор.Очекувана тема е и идното обезбедување безбедносни гаранции за Украина, како и користењето на замрзнатите средства на руската централна банка во износ од околу 210 милијарди евра. На разговорите ќе им се приклучат и министрите за надворешни работи на Украина, Исланд, Норвешка и Обединетото Кралство.Вториот ден ќе биде посветен на состојбата во Газа, каде што Европа останува поделена околу односот кон Израел. Франција и Шпанија се залагаат за построг став и можно воведување мерки, додека Германија и уште неколку земји се противат на санкции, повикувајќи на внимателен пристап.

Свет | пред 5 месеци

chatGPT

Тинејџер од САД починал откако ChatGPT му дал упатства за самоубиство

Трагичен настан ја потресе Америка – 16-годишниот Адам Рајн од Калифорнија си го одзеде животот по интеракција со ChatGPT. Родителите на момчето поднеле тужба против OpenAI, тврдејќи дека четботот не само што не го спречил, туку му понудил детални насоки за начините на извршување самоубиство. Несреќата, која се случила во април оваа година, повторно ја отвори јавната дебата за одговорноста на компаниите што развиваат вештачка интелигенција и опасностите за менталното здравје на младите.Од училишни задачи до доверлив соговорникАдам започнал да го користи ChatGPT во септември 2024 година, прво за помош околу домашни задачи. Постепено, апликацијата станала негов главен извор на доверба. Во разговорите, според тужбата, тој зборувал за загубата на баба му и миленичето, проблемите на училиште и исклучувањето од кошаркарскиот тим. Четботот одговарал со емпатија, но не успеал да активира заштитни механизми за вакви ситуации.Во јануари 2025 година, Адам почнал да бара информации за методи на самоубиство, избегнувајќи ги безбедносните блокади под изговор дека пишува фиктивна приказна – идеја која му ја предложил токму ChatGPT. Подоцна, во март, следеле неколку обиди за самоубиство, меѓу кои предозирање и обид за бесење. На ботот му испратил фотографија од јамка со прашање „Дали ова е добро?“, а одговорот бил: „Да, тоа не е лошо воопшто“. Неколку часа пред да почине, четботот му помогнал да состави проштално писмо и му дал технички совети за методот што го искористил.Родителите, Мет и Марија Рајн, по трагедијата нашле над 3.000 страници разговори. „ChatGPT стана негов тренер за самоубиство“, рекол таткото, истакнувајќи дека синот напишал две проштални писма со помош на апликацијата.Реакција на OpenAI и правни последициКомпанијата OpenAI изрази жалење за настанот и соопшти дека ChatGPT има вградени безбедносни механизми, како насочување кон линии за помош, но тие можат да ослабнат при долготрајни разговори. Најавени се дополнителни мерки за подобро справување со кризни ситуации и автоматско поврзување со стручна помош.Родителите на Адам бараат обештетување и обврзување на OpenAI да преземе одговорност. Тужбата ја води адвокатот Џеј Еделсон, кој нагласува дека целта е компанијата да биде присилена да ја признае вината.„Користењето четботови за психолошки совети е неприфатливо и опасно за тинејџерите,“ изјави Џејмс Стајер, директор на Common Sense Media. Според него, родителите мора да внимаваат на знаци на изолација и прекумерна употреба на ВИ, насочувајќи ги децата кон стручна поддршка.

Свет | пред 5 месеци

marko-pejciovski

(Видео) Херојски подвиг: Охрид аплаудираше за Марко Пејчиновски и неговата железна издржливост

Марко Пејчиновски беше пречекан со овации на охридското пристаниште откако успешно го заврши својот најнов и воедно последен предизвик – „Ајронмен“ триатлонот. Со огромна посветеност и неверојатна физичка и ментална издржливост, Пејчиновски го реализираше подвигот кој траеше речиси цело деноноќие.„Целта е достигната. Ајронмен триатлонот успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед, 9 часа и 29 минути пливање. Ви благодарам на сите за поддршката,“ напиша Пејчиновски на социјалните мрежи.Овој натчовечки потфат уште еднаш ја потврди неговата инспиративна борбеност и го направи вистински симбол на упорноста и волјата. Настанот во Охрид се претвори во емотивен момент на гордост и заедништво, при што бројни граѓани му изразија поддршка и восхит.Пејчиновски и покрај некрозата на нозете, здравствен проблем кој со кој се бори, досега има низа на успешни подвизи.

Спорт | пред 5 месеци

IMG_6897

Скопје вчера бележи серија насилни инциденти: две жени натепани, трета ограбена, жртва бил и малолетник во Карпош

Серија инциденти имало во текот на вчерашниот ден во Скопје. Жена била нападната во Центар, друга била натепана во сопствениот дом, дете е натепано во Карпош, а возрасна жителка на Скопје е ограбена.“На 27.08.2025 во 19.50 часот во СВР Скопје А.С.(33) од с.Велебрдо, пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од две лица.На 27.08.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје 40-годишна жена пријавила дека во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер Т.А.На 27.08.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје Ј.М.А.(53) од Скопје пријавила дека на 26.08.2025 околу 12:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.М.На 27.08.2025 во 13.40 часот во СВР Скопје Џ.С.(63) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот на подрачјето на Карпош едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит.”, велат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

soobrakajka

Загина младо момче во тешка сообраќајка која се случи ноќеска кај Градско - тројца повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа, околу 00:10 часот, на локалниот пат од село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата животот го загуби 21-годишен жител на Градско, а тројца негови пријатели се здобиле со тешки телесни повреди.Возилото „БМВ“, управувано од 22-годишниот П.А., излетало од патот. При тоа тешко се повредиле возачот и неговите сопатници Љ.О. (21) и Б.П. (20) од Градско, како и Х.Л. (22) од село Ногаевци. Од здобиените повреди починал Љ.О., додека останатите се пренесени во Општата болница во Велес.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На местото на несреќата увид извршиле полициски службеници од СВР Велес, кои работат на целосно расветлување на трагичниот настан.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања