ТОП

DSC_0052

Неколку инциденти во Скопје: упатени закани кон лекар и полицајци, натепан тинејџер, боксови во Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи информира за серија инциденти што се случиле во изминатите два дена на територијата на Скопје.На 29 август 2025 година, во 15:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил повикан П.Д. (26) од Скопје по претходна пријава дека истиот околу 11:00 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар му упатувал закани на лекарот Д.Д. (42), кој бил на своето работно место. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Истиот ден, околу 15:10 часот, на подрачјето на Гази Баба бил приведен Д.А. (47) од Скопје, кој по сторен сообраќаен прекршок, откако бил запрен од полициски службеници, им упатувал закани и притоа ги снимал со својот мобилен телефон. И за овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во вечерните часови на 30 август, во 22:15 часот, 19-годишниот Д.Н. од Скопје пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, бил физички нападнат од едно лице на подрачјето на Центар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Покрај тоа, на 29 август во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во Кисела Вода, каде дошло до физичка пресметка помеѓу Г.Ј. (41) од една страна и А.Т. (49) и Н.А. (38) од друга страна, сите од Скопје. И овој случај ќе биде соодветно процесуиран.

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Внимавајте и предупредувајте ги возрасните: 88-годишна жена од Велес измамена за 2.700 евра со лажна приказна за сообраќајка

На 29 август 2025 година во СВР Скопје, 88-годишната Д.Г. од Велес пријавила дека била жртва на класична телефонска измама. Според нејзините наводи, на 27 август околу 10 часот наутро добила повик на својот фиксен телефон од непознато машко лице, кое и соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила четиригодишно дете. За да ја „спаси“ од долгогодишна затворска казна, измамникот побарал 50.000 евра.Жената одговорила дека нема толку средства и дека располага со околу 2.700 евра, по што добила инструкции парите да ги достави во Скопје, во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Следејќи ги упатствата, на 27 август околу 11:50 часот пристигнала во кругот на болницата и кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци. Потоа со автобус се вратила во Велес.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви телефонски измами.

Скопје | пред 5 месеци

ceca-kriva-palanka

(Видео) Над 50.000 посетители на концертот на Цеца во Крива Паланка: настапот прекинат по реакција од публика

Градскиот стадион во Крива Паланка синоќа собрал повеќе од 50.000 посетители, кои присуствувале на концертот на балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Настапот беше дел од општинската манифестација, а интересот на јавноста далеку ги надмина очекувањата на организаторите, кои првично најавија околу 30.000 посетители.Покрај Цеца, на сцената настапија и Дејан Петровиќ со Биг Бенд, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и Диџеј Галоски. Претходно најавениот Мирза Селимовиќ го откажа настапот поради здравствени причини.За време на концертот се случи и необичен момент кој привлече внимание. Девојка од првите редови ѝ покажа на пејачката порака со која побара потпис на својата рака за потоа да го претвори во тетоважа, па Цеца запре со пеење.„Немој да си ја упропастуваш кожата! Млада си и убава, подобро украси се со некој дечко. Момчиња, што е ова? Подоцна ќе разговараме кога ќе завршам со концертот, да те уверам во спротивното“, ѝ порача Цеца пред да продолжи со настапот. Видео од овој момент веќе кружи на социјалните мрежи и беше пренесено од повеќе српски медиуми.Утрово, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, јавно им се заблагодари на вработените во ЈП „Комуналец“, кои за неколку часа темелно го исчистија стадионот. „Локацијата изгледа како таму да немало повеќе од 50.000 посетители,“ напиша Митовски.Фестивалската програма продолжува и вечерва, кога главна музичка ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ.

Магазин | пред 5 месеци

272109577_623859878706880_6634828297889568570_n

Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации, коментира Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ со критички коментар реагира на најновите информации за незаконското следење. Тој посочува дека наместо службите да се занимаваат со сериозни криминални групи, вниманието било насочено кон политичари, новинари и обвинители.„Незаконито биле следени политичар, новинар, јавен обвинител и уште којзнае кој, у основа ништо ново. Но еве, и јас би сакал да знам што работеле службите и зошто директорот и тогашниот министер за внатрешни работи не се заинтересирале за следење на група која во судска постапка призна дека уште од 2022 година договарале и планирале ликвидации и грабнувања, и си копале дупки за жртвите низ државава,“ напиша Туфегџиќ.Тој потсети дека токму таквите пропусти резултирале со трагични последици. „Со глава платија едно дете и еден средовечен човек, ни криви ни должни. Ете тоа мене ме интересира,“ додаде адвокатот.Со овој став, Туфегџиќ уште еднаш ја отвора темата за одговорноста на институциите и прашањето каде навистина бил насочен безбедносниот апарат во години кога, според него, најголемите закани биле оставени без надзор.

Коментари | пред 5 месеци

vens

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс: Подготвен сум да ја преземам функцијата ако се случи трагедија со Трамп

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во опширно интервју за USA Today изјави дека е подготвен да ја преземе претседателската должност „ако, не дај Боже, се случи страшна трагедија“ со актуелниот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека е уверен оти Трамп ќе го одслужи целиот мандат и дека е во извонредна здравствена состојба.„Претседателот има неверојатна енергија. Тој е последниот кој заспива, последниот кој телефонира навечер и првиот кој се буди. Убеден сум дека ќе направи големи работи за американскиот народ,“ рече Венс. „Ако, сепак, се случи трагедија, моето искуство од последните 200 дена е најдобрата можна подготовка.“[caption id="attachment_346859" align="alignnone" width="593"] Screenshot: модринките на Трамп[/caption]Коментарите на потпретседателот доаѓаат поради загриженоста во јавноста за здравјето на Трамп, која беше поттикната од видливи модрици на неговите раце и натечени глуждови. Лекарот на Белата куќа, д-р Шон Барбабела, ги припиша симптомите на хронична венска инсуфициенција, нарекувајќи ја состојбата бенигна и честа за неговата возраст.Според 25. амандман на Уставот на САД, потпретседателот ја презема функцијата доколку претседателот почине, поднесе оставка или биде разрешен. Историски, во девет наврати потпретседатели станале претседатели за време на мандатот, меѓу кои Калвин Кулиџ во 1923 година по смртта на Ворен Хардинг.Трамп неодамна го претстави Венс како свој очигледен наследник и дел од проектот Make America Great Again (MAGA). „Мислам дека е најверојатно тој,“ рече Трамп, додавајќи дека и државниот секретар Марко Рубио би можел да соработува со него во иднина.

Свет | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

Не ветувам лесен пат, но ветувам борба за праведна и солидарна Македонија, да ја исправиме на темелите на АСНОМ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на собирот на младите социјалдемократи во Струмица испрати порака на мобилизација и решителност.„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача тој.Филипче нагласи дека младите и членовите на СДСМ отсекогаш биле бранителите на демократијата во најтешките моменти и дека денес повторно е време за исправување. Тој остро ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за партизација, непотизам и злоупотреби кои, според него, ја туркаат државата во мрак и им ја одземаат иднината на младите.„Нашата задача е јасна – да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата,“ рече Филипче.Тој посочи дека токму младите социјалдемократи и ангажираното членство ќе бидат двигатели на промените: „Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот.“

Македонија | пред 5 месеци

perinski-memorandum-2

Oстануваат ли и новите градоначалници недопирливи, шанса до 12 септември за законски измени

Последна шанса е на собраниска седница на 12 септември да се изгласаат измените на Законот за локална самоуправа.Министерот за локална самоуправа Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога може да се одржи последната парламентарна седница пред локалните избори.Тој посочи дека пред да биде предложен законот во Собранието, повеќе од шест до седум месеци имало консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на пратеничките групи во Парламентот.Прстот за неуспехот го впери во ДУИ и СДСМ.„Мене ми е жал што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се надминат себе си и да ги поддржат овие законски решенија, затоа што, пред се, овие предлози се однесуваат на зголемување на демократските процеси на локално ниво”, изјави Перински.Овие измени се однесуваат на можноста за референдумско разрешување на градоначалникот, воведување комунална полиција како обврска на градоначалникот и транспарентно емитување на сите седници на советите.Според Перински целта е да се подобри квалитетот на локалните услуги и демократијата на локално ниво.Додаде дека ако законските измени не се изгласаат на следната парламентарна седница, не ќе можат да се применат кај новоизбраните градоначалници кои ќе останат единствените јавни функционери без можност за предвремено разрешување, нема да може да се воведе комунална полиција и градски архитекти, што според него може да влијае на квалитетот на локалната работа.демократијата.„Се надевам дека ќе бидат донесени бидејќи тоа ќе биде и последна можност да се изгласа законот. Во предлог-измените во преодните и завршни одредби стои дека законот откако ќе се изгласа ќе почне со негова примена практично на следните редовни локални избори. Така што ако не го фатиме овој турнус тоа значи дека градоначалниците, согласно новите мандати, не ќе може да се применува“, рече Перински.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5581

Ја шамарал, давел, ја фрлил и удрил во ќош од кревет сопствената бремена сопруга - хорор во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, осомничен за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според наводите, тој во својот дом во Скопје физички ја нападнал сопругата, која е во петтиот месец од бременост. Најпрво ѝ се обратил на висок тон, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото. Насилството продолжило со силен притисок врз нејзиниот врат, а потоа ја фрлил во кревет и со главата ја удирал од неговата ивица.Нападот престанал кога оштетената започнала да крвари, по што успеала да се засолни во тоалет и да повика полиција и брза помош. Осомничениот го напуштил станот кога слушнал дека жртвата бара помош.Кај жената биле констатирани бројни повреди на главата, како и повреди на плацентата. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 5 месеци

finansiska-policija

Апсење на „Долно Блаце“: осомничен за перење пари и даночна измама заврши во притвор

Уште едно лице е лишено од слобода во рамки на истрагата за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари. Управата за финансиска полиција информира дека на 28 август 2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, бил уапсен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека е инволвиран во кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Даночно затајување“.По приведувањето, осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одреди мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во КПУ Куманово.Апсењето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица. Тогаш беше обезбеден обемен доказен материјал во рамки на сложена предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Вкупно се поднесени кривични пријави против 13 физички и 10 правни лица, а на државниот буџет, според финансиската полиција, му е нанесена штета од над 430 милиони денари.Од Управата нагласуваат дека остануваат посветени на борбата против организираниот финансиски криминал и заштитата на јавните финансии.

Македонија | пред 5 месеци

Slovenija-poplavi

(Фото/Видео) Потоп во Словенија, стигнуваат снимки и фотографии од сите страни!

Словенија е погодена од големо невреме, поплави има во целата земја, а во медиумите пристигнуваат ужасни снимки.Утрово, помалите реки и поројните водотеци нагло се зголемија, а врнежите од дожд поплавуваат неколку области, објави Словенечката агенција за заштита на животната средина. Градот Копер објави дека ситуацијата на терен е опасна и се влошува.Обилните дождови сè уште се задржуваат помеѓу словенечка Истра и внатрешноста на земјата. На некои места веќе наврнале повеќе од 150 милиметри дожд, објавува Meteoinfo Словенија.Невремето оштети неколку патишта во областа на Копер, а пред тунелот Декани од правец на Чрни Кал кон автопатот се случи свлечиште.- Патот во Оспо е затворен поради излевање на реката, истпо како и регионалниот пат во Чепки е целосно затворен, беше објавено.24ur известува дека сите расположиви екипи се на терен во Копер, а граѓаните се замолени да бидат исклучително внимателни.Локалната противпожарна служба само до 10 часот наутро регистрирала 70 интервенции поради бурата. Тие нагласија дека животите во моментов не се во опасност, но побараа од луѓето строго да ги следат упатствата на надлежните служби.Словенечката агенција за заштита на животната средина претходно издаде портокалово предупредување за бури и дожд за северозападните, југозападните и централните делови на земјата. Жолто предупредување за бури беше издадено и за југоисточните и североисточните делови на Словенија во попладневните часови.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Приведен 75-годишник од тетовско, пријавен е дека полово вознемирувал малолетничка

На 28 август 2025 година, околу 17 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Б. (75) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.Случајот бил пријавен на 11 август годинава од страна на 42-годишна жена од тетовско, која пријавила дека осомничениот полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка.По добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на З.Б., при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер, ресивер и други предмети.Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Во напуштен објект во Чаир пронајдени автоматска пушка, пиштол и куршуми

Вчера во 15:54 часот, во СВР Скопје Б.Ѓ. пријавила дека во помошен објект на напуштена куќа на нејзината мајка во Чаир пронашла автоматска пушка. Таа повикала сосед за да проверат дали има други предмети во објектот, но на местото дошол синот на соседот кој ја турнал пријавителката, ја зел пушката и избегал.По извршен претрес и дополнителни проверки, полициските службеници во објектот пронашле уште една пушка, пиштол и куршуми. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Малолетник тешко повреден: направил сообраќајка во Охрид

Ноќеска околу 03:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа.Според информациите, 15-годишен малолетник од Канада со престој во селото Долно Лакочереј, управувајќи мопед „Априлија“ со охридски регистарски таблички, удрил во лисица и паднал на коловозот.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 5 месеци

IMG_7454

МВР со кривични пријави низ Македонија: дрога, оружје и злоупотреба на податоци

Министерството за внатрешни работи информира дека изминативе денови поднесени се повеќе кривични пријави за различни кривични дела.СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Куманово, кај кое на 28 април полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин. Против него се води постапка за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.Во Велес, СВР поднесе кривична пријава против 59-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, кај кого при претрес во домот биле пронајдени пиштол и куршуми. Тој се сомничи за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.СВР Штип поднесе пријава против 31-годишен скопјанец со престој во Штип за „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот јануари–јуни годинава, тој на социјална мрежа објавувал фотографии од женско лице без нејзина согласност.Дополнително, на 28 август во Скопје биле лишени од слобода две лица од село Бојане – 47-годишниот И.С. и 18-годишниот И.А. Кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и гасен пиштол. По документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 месеци

unnamed-5

Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш досега, во тек се над 1.200 градилишта

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека низ Македонија во моментов се реализираат повеќе од 1.200 градилишта и дека државата вложува средства без преседан во инфраструктурни проекти. Тој нагласи дека од централниот буџет кон општините се префрлени над половина милијарда евра, што е практика спротивна на минатото кога, како што рече, „Македонија се крадеше, а денес Македонија се гради“.Мицкоски им се заблагодари на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, на директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, на пратениците, како и на сите вработени во Министерството за транспорт и врски и во ЈП „Државни патишта“, нагласувајќи дека сите тие придонесуваат за тоа Македонија денес да се гради како никогаш досега.„Ширум Македонија ние имаме повеќе од 1.200 градилишта — нешто што досега не се случило. Повеќе од половина милијарда само средства финансирани од страна на централниот буџет кон општините. Ако праксата во минатото беше Македонија да се краде, сега е пракса Македонија да се гради. И така и ќе продолжи во годините коишто следат,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека ако на тие средства се додадат и проектите што ги реализира Владата на централно ниво, како и капиталните инвестиции што се спроведуваат преку Јавното претпријатие „Државни патишта“, тогаш станува збор за неколку милијарди евра проекти кои се во тек, а исто толку ќе следат и во наредните години.Мицкоски се осврна и на патната инфраструктура, потсетувајќи на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, за кој, како што рече, во неформалниот дел пред пресот разговарале и за развојот на патниот правец од Романовце до Страцин.„Очекуваме во периодот што следи и овој проект да стане дел од јавна процедура. Тендерската процедура, бидејќи како што разбрав, експропријацијата е целосно завршена, се прави ревизија на проектот и очекувам и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути — нешто што мислам дека е добро за граѓаните од овој дел на Македонија,“ нагласи премиерот.Тој заклучи дека со големите православни празници пристигнуваат и убави вести за граѓаните. „Нека ни е аирлија и со бериќет овој нов проект којшто значи реконструкција и продолжување на изградбата на патните правци коишто се дел од Коридорот 8,“ порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања