ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

Screenshot-2025-07-23-at-19.14.32

Притвор за тетовец кој бил макро на 23-годишната Косовка, која сакаше да се самоубие скокајќи од неговито мотел

Основното јавно обвинителство Тетово поведе истрага против 48-годишен маж, осомничен за посредување при вршење проституција, кривично дело казниво по член 191 став 2 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничениот во изминатите два месеца повеќепати обезбедувал клиенти за 23-годишна државјанка на Косово, која била сместена во неговиот мотел. Девојката наплаќала за сексуалните услуги, а најголемиот дел од заработката му го давала на осомничениот.По предлог на јавниот обвинител, судот му определи мерка притвор на 48-годишниот маж, а младата жена е сместена во транзитен центар за странци, каде ќе остане до завршување на постапката.За овој случај МВР извести дека успеале да спречат самоубиство, кое девојката сакала да го изврши. Така и откри случајот, кој беше осуден и од јавноста.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5168

Вооружен инцидент на охридското крајбрежје – маж од Скопје со нож нападнал двајца вработени во хотел

Полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 43-годишниот А.Д. од Скопје, кој вечерта на 25 јули 2025 година околу 21:55 часот, предизвикал сериозен инцидент во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.Д. со нож физички нападнал две лица вработени во хотелот, при што им нанел повреди, по што продолжил да оштетува дел од хотелскиот инвентар.Благодарение на навремената интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен на лице место.„Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР, без да прецизираат какви биле мотивите за нападот и каква е здравствената состојба на повредените лица.Случајот е пријавен кај јавен обвинител и се преземаат понатамошни истражни дејства за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 месеци

mucunski-sednica

Муцунски со жестока реакција до Османи: „Кога сте на власт сте Европејци, кога сте во опозиција – апостоли на поделби“

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати остар одговор на критиките од неговиот претходник Бујар Османи, обвинувајќи го за политички двојни стандарди и користење на соживотот како инструмент за партиски притисок.Реакцијата во целост:„Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби.Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски.Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или било каква друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“.За Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации.Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори.Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска“, напиша Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи“.

Македонија | пред 6 месеци

Video-Mia-go-odra-Pancho-5000-evra-za-da-se-960x720-1

(Видео) Миа Костова за состојбата на Панчо: „Физички е подобар, но психичката борба сè уште трае“

Познатата инфлуенсерка и ТВ водителка, Миа Костова, во „Претрес со Ландов“ зборуваше за здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, кој и натаму е на лекување во „Систина“. Посочува дека физички е многу подобар, како и дека ќе треба долго време за да зараснат изгорениците. На психичката состојба и натаму се работи.„Имам информација дека е многу подобар, дека како и за сите повредени во Кочани и за него ќе треба многу време за заздравување на изгорениците кои ги има на рацете. Малку поспорни се изгорениците на едната рака особено. Психички се надевам дека се држи, знам дека со него работи многу голем тим од психолози, психијатри, мислам дека, кај и да е треба да го очекуваме да излезе од болница“, рече Миа Костова за „Претрес“.Костова посочи дека Панчо бил во кома, како и дека веста за загинатите, меѓу кој и Андреј, ја дознал денови по трагедијата.„Долго време не беше ни вистински свесен, беше во кома. И самото соопштување (за Андреј и случувањата) не оди само како кога ќе кажеш ‘кекс’, му треба време на човек тоа да го соопшти. Јас лично не сум го слушнала, иако се познаваме 25 години и повеќе“, додаде Костова.Таа додаде дека со Панчо, уште на времето во диско, имале супер контакти и соработки.„Од 2000-тите сме соработувале, сме работеле на спорт, па за Бекстејџ работевме“, додаде таа.Во интервјуто посочи дека со Андреј учеле и во исто училиште.„Во музичко, балетско. Тоа е училиштето“, додаде Коства.Изјавата на Костова за трагедијата во Кочани:?t=8817

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп пристигна во Европа: „Се случува страшна инвазија, ќе исчезнете“

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска во рамки на четиридневна посета на Европа, при што повторно ги шокираше европските лидери со остри коментари за миграцијата, политиката за енергија и иднината на континентот.Иако посетата е неофицијално најавена како приватна и во голем дел поврзана со голф, Трамп веднаш по слетувањето на аеродромот Прествик во Аиршир, изјави дека „Европа е под закана од ужасна инвазија на илегални мигранти“.„Соберете се. Ако дозволите ова да се случува, веќе нема да имате Европа. Оваа инвазија ја убива Европа,“ порача Трамп, додавајќи дека „некои европски лидери кои не дозволија вакво нешто, не добија доволно признание“.Трамп истовремено ја пофали британската премиерка Киер Стармер како „добар човек“ и истакна дека неодамнешниот трговски договор меѓу Велика Британија и САД е „добар потег за Обединетото Кралство“. Очекувањата се дека токму оваа тема ќе доминира на нивната средба.Американскиот претседател остро ја критикуваше употребата на ветерни турбини низ Европа, нарекувајќи ги „уништувачи на убавината на континентот“.„Запрете ги ветерниците. Уништувате прекрасни полиња и долини, а птиците ги убивате. Жалосно е да се лета над Европа и да се гледаат тие чуда од грдотија,“ рече Трамп.По слетувањето се упати кон својот голф-терен Трнбери, кој го купи во 2014 година. Дел од неговата турнеја вклучува и отворање на нов терен во Абeрдиншир. Тој откри дека холивудскиот актер Шон Конери му помогнал во добивањето на дозволите.„Без Шон Конери, немаше да ги имаме овие величествени терени,“ рече Трамп.Покрај европските теми, Трамп беше прашан и за новата политичка бура во САД околу документите поврзани со Џефри Епстајн. Тој одговори остро:„Правите врева од ништо. Јас сум фокусиран на договори, не на теории на заговор,“ рече, одбивајќи да одговори дали би ја помилувал Гислејн Максвел, соработничка на Епстајн.Неговата посета предизвика и серија протести низ Шкотска. Групата „Стоп Трамп Шкотска“ најави демонстрации во Единбург, Абердин и Дамфрис, а според анкетите, околу 70% од Шкотите имаат негативно мислење за Трамп.„Доаѓа поради голф, зошто тоа да не си го плати сам?“ праша една демонстрантка во Единбург.Иако посетата е приватна, трошоците за обезбедување се значајни. За посетата во 2018 година беа потрошени над 14 милиони фунти, од кои повеќе од 3 милиони само за дводневниот престој во Трнбери.Полицијата на Шкотска не открива колку сили ќе бидат ангажирани поради „оперативни причини“, но најавуваат масовна операција со поддршка од британските служби.Премиерот на Шкотска, Џон Свини, изјави дека посетата нема да влијае на функционирањето на полицијата, но генералниот секретар на Шкотската полициска федерација, Дејвид Кенеди, не се согласи:„Ова влијае на нашите ресурси. Секако дека сакаме претседателот на САД да може да ја посети Шкотска, но моменталната состојба со бројот на полицајци е сериозен проблем,“ рече Кенеди.

Свет | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Запленета дрога и лишени од слобода 12 лица кај Гевгелија

Дванаесет лица се приведени во ноќна полициска акција на локалниот пат од селото Миравци кон излетничкото место „Бел Рај“ во близина на Гевгелија, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.Акцијата е спроведена во ноќта меѓу 25 и 26 јули, во периодот од 22:00 до 03:00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија.Приведени се: седум лица од Скопје: Б.Ј. (25), С.Н., М.К. (31), Н.М. (20), А.И. (24), Ф.П. (22) и Д.Б. (34); двајца од Кавадарци: Г.А. (21) и Т.Ј. (38); К.П. (21) од Неготино, П.З. (38) од Радовиш и Е.Ј. (22) од Берово.Како што информира МВР, во осум одвоени случаи, при преглед на лицата и на возилата со кои се движеле, биле пронајдени марихуана и четири таблети со виолетова боја. За случаите бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.„По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Чаир како политичко боиште: Министер против поранешен министер

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, предизвика остра политичка полемика во јавноста.Муцунски, во интервју за ТВ Канал 5, оцени дека Османи со својата кампања и последните изјави испратил „опасни наративи“ кои, според него, повикуваат на редефинирање на државата и загрозување на нејзиниот унитарен карактер. Министерот вели дека се работи за концепт кој „отвора теми за автономија во одлучувањето“ и можност за „држава во држава“.– Ова не се наративи на 21-ви век, туку ехо од 19 и 20 век. Македонија е унитарна држава, членка на НАТО, и нема да дозволиме никакви повици за федерализација или конфедерализација. Ќе преземеме проактивни мерки против ваквите обиди – рече Муцунски.Тој упати критика и кон „оние кои со години се претставуваа како Европејци“, но, според него, се покажало дека една кампања за локални избори била доволна за да се активираат ретроградни идеи.Муцунски потенцираше дека верува во соживот и истакна дека сите етнички заедници во државата имаат заедничка цел – европска иднина, инвестиции и стабилност, но притоа остро ги осуди политичките пораки кои, според него, го подриваат тој курс.Поранешниот министер за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Муцунски за „неразумни потези“ и „опасно неразбирање“ на суштината на Охридскиот рамковен договор.– Охридскиот договор не го загрозува унитарниот карактер, туку го моделира во функционална мултиетничка демократија. Бадентеровото мнозинство, Балансерот, јазичната еднаквост и децентрализацијата не се закана – туку гаранција за стабилност – порача Османи.Според него, непризнавањето на Охридскиот договор е директен удар врз темелите на државата, кои, како што вели, не се само внатрешен консензус, туку и меѓународно прифатен модел од партнери како САД и ЕУ.– Во време кога државата треба да се обедини околу европската агенда, изјави како на Муцунски отвораат непотребен етнички фронт. Тоа не е патот напред – предупреди Османи.Тој својата реакција ја заокружи со порака дека „Охрид, исто како и Преспа и Договорот со Бугарија, не се проблеми, туку решенија“, алудирајќи дека мултиетничкиот баланс и договорите се темелот врз кој се гради иднината на државата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-26-at-10.14.19

(Видео) Колона од возила поминала патарина без плаќање – снимка ја разбранува јавноста, ЈПДП најавува дисциплински мерки

Снимка на која се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без очигледно да платат патарина, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и отвори прашања за контрола и (не)еднаквост пред законот. Видеото, снимено на патарината кај Гостивар, стана вирално, а неговиот објавувач саркастично напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“.По реакциите во јавноста, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) излезе со соопштение во кое потврдува дека направена е внатрешна контрола веднаш по објавувањето на видеото. Според нив, првото возило во колоната платило патарина и за другите зад него, но постојат и случаи каде тоа не е направено.„Веднаш по објавата на видеото директорот на ЈПДП даде итен налог за проверка. Контролата утврди дека само за неколку возила не е наплатена патарина. По целосно расветлување на случајот ќе следат мерки за утврдување на одговорност на вработените и дисциплински постапки“, наведуваат од претпријатието.И покрај објаснувањето, дел од јавноста остана скептична и гневна, оценувајќи дека ваквото однесување создава чувство на нееднаквост и ненаказнивост. Граѓани коментираат дека ако обичен возач помине патарина без да плати, веднаш добива казна, додека во овој случај сè уште нема ниту казнети лица.

Македонија | пред 6 месеци

tepachka-deca

Брутално претепале човек за лубеници - се бара притвор за две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело „Насилство“ согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинението, инцидентот се случил на 24 јули во селото Орешани, откако осомничените – на возраст од 39 и 31 година – сметале дека едно лице украло лубеници од нивата на првоосомничениот.Двајцата осомничени со товарно возило го следеле оштетениот, кој се движел со автомобил од Петровец кон селото Таор. Откако жртвата се паркирала во дворот на куќата на својот внук во Орешани, осомничените веднаш пристигнале, излегле од возилото и го нападнале.„Го извлекле оштетениот насилно од автомобилот и го удирале со тупаници и шамари по главата и телото. Вториот осомничен извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира, сè додека жртвата не паднала во безсознание“, соопшти Обвинителството.Од силниот напад, жртвата задобила тешки телесни повреди и се наоѓа во животозагрозувачка состојба. Во моментот е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје.Освен врз жртвата, насилството предизвикало страв и несигурност кај неговиот внук, кој бил сведок на нападот, како и кај жителите на селото.Ценејќи ги тежината на делото, ризикот од бегство и можноста за повторување на кривично дело, обвинителот поднел предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Судот треба да одлучи дали лицата ќе бидат задржани во притвор додека трае истрагата за овој брутален напад со опасни последици.

Македонија | пред 6 месеци

vodno

Обид за намерно потпалување на Средно Водно – пронајден материјал за запалување

Подготвен материјал за потпалување, составен од дрвен отпад, хартиени кеси и гранки, бил пронајден доцна синоќа на патеката кон Средно Водно. Случајот го пријавил граѓанин, по што полициска екипа излегла на терен и извршила увид.-На 25.07.2025 во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување. Излезено е на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Kasandra

(ФОТО) Нема повеќе „резервации“ со пешкири: Општината Касандра ги собира од плажите

Нелегално поставени лежалки, чадори, пешкири и слична опрема беа отстранети од плажите во Полихроно и Калитеа на првиот крак од Халкидики, како дел од засилените инспекции кои ги спроведува општината Касандра, пишуваат грчките медиуми.Инспекциските служби, со поддршка од полицијата и без претходна најава, согласно законските овластувања, извршиле акција за отстранување на сите предмети кои биле оставени преку ноќ на јавна површина, со што некои туристи се обидувале однапред да „резервираат“ дел од плажата.Општината објави фотографии од акцијата и информираше дека отстранетата опрема – меѓу која столчиња, душеци, пешкири и чадори – е конфискувана и транспортирана до центар за рециклажа. Нема можност за враќање на предметите.Надлежните најавија дека ваквите контроли ќе продолжат и ќе се прошируваат долж целата обала на првиот крак, со порака дека плажите се јавен простор и припаѓаат на сите.Слични акции се спроведуваа и претходни години, а оваа година општината уште на почетокот на туристичката сезона најави поинтензивен надзор, преку соопштенија објавени на неколку јазици – меѓу кои и српски – насочени конпосетителите на регионот.Инспекциите продолжуваат.фото: ФБ/Општина Касандра

Балкан | пред 6 месеци

gradonacalnici-na-kale

(ФОТО) Дојдоа да помогнат во чистењето на Кале, а направија и селфи - скопските градоначалници како поддршка на Министерството за култура!

Градоначалниците на неколку скопски општини денеска се приклучија на акцијата за расчистување на скопското Кале, а Бобан Стевковски објави и фотографии од настанот. Вели дека не можеле да ги игнорираат повиците од Министерството за култура кое бара помош.Денес, во координирана акција на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, преку ЗЕЛС и во соработка со Министерството за култура, започнавме активности за расчистување и уредување на просторот околу Скопското Кале.Како скопски градоначалници не можевме да останеме глуви на повикот од Министерството за култура, кое веќе неколку месеци бара помош и поддршка за овој простор, но не доби соодветен одговор од ЈП Паркови и Зеленило и од Градот Скопје. Одлучивме заедно да преземеме иницијатива и да покажеме дека кога институциите соработуваат, може да се постигне многу.Скопското Кале е едно од најзначајните историски и културни обележја на нашиот главен град. Тоа е симбол на историјата и идентитетот на Скопје, сведоштво за неговото минато и место кое секојдневно го посетуваат туристи, ученици и граѓани. Затоа, должност ни е да го третираме со внимание и почит.Срамна е сликата која туристите ја гледаат – запуштен простор, неуредена вегетација, отпадоци и занемарена околина. Тоа не е лицето што сакаме Скопје да го покаже пред светот. Затоа, оваа акција е само прв чекор – ќе продолжиме со координирани напори за трајно одржување и унапредување на овој значаен објект.Со здружени сили можеме да направиме многу за нашето културно наследство. Скопското Кале заслужува повеќе – заслужува грижа, внимание и континуирана поддршка.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе тужба против Собранието и претседателот Гаши: „Поништувањето на расправата за Кочани е противзаконско“

Лидерот на Левица и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, денеска објави дека поднел тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија и неговиот претседател Африм Гаши.Причина за тужбата, како што наведува Апасиев, е одлуката за поништување на надзорната расправа за случувањата во Кочани, која требаше да се одржи токму на Комисијата со која тој претседава. Според него, ваквиот потег е противзаконски.„Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за Кочани“, напиша Апасиев на ФБ.

Македонија | пред 6 месеци

Tatjana

Адвокатот на Димитровска: Оставката е за создавање нормален амбиент, обвинението е проблематично

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка до Собранието, потврди нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ за Скопје1.„Како бранител ангажиран во текот на вчерашниот ден, го советував мојот клиент дека треба да поднесе оставка, од причина што на тој начин ќе се создаде нормален амбиент за понатамошно водење на постапката“, изјави Туфегџиќ.Во однос на обвинението против Димитровска, адвокатот смета дека тоа е „проблематично по повеќе основи“. Според него, информациите што се споделени не можат да се квалификуваат како службена тајна, бидејќи се однесуваат на одлуки донесени во 2022 и 2023 година, кои, како што тврди, биле усвоени на транспарентни и јавно достапни седници.„Седниците беа пренесувани во живо на YouTube каналот на Комисијата, медиумите беа информирани однапред, а самите одлуки се објавени на официјалната веб-страница“, појаснува тој.Во делот на безбедносниот сертификат, Туфегџиќ додава дека евентуален пропуст во формалниот тест не може да се третира како кривично дело. „Суштинска е проверката од АНБ, која влијае на конечната одлука, а ненамерен пропуст не значи инкриминација“, вели тој.Адвокатот најави и барање за раздвојување на постапката против Димитровска од случајот „Адитив“, со образложение дека се работи за неповрзани предмети, а со цел поголема економичност и ефикасност во постапката.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

gasi-gashi-afrim

Африм Гаши отпуштен од болница, продолжува со работните обврски

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи.Од неговиот Кабинет информираат дека здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна и дека ќе продолжи со институционалните активности согласно препораките од лекарите.Во соопштението се изразува благодарност до директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, како и до медицинскиот персонал за грижата и професионалноста, како и до јавноста за поддршката и интересот.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања