ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

MixCollage-25-Jul-2025-11-05-AM-4757

Љупчо Георгиевски до Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град“, ВМРО НП самостојно оди на локални избори

ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, најави самостоен настап на локалните избори во Општина Тетово што ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе учествуваат со своја советничка листа и ќе настапат со кандидат за градоначалник.Во официјалното соопштение се наведува дека ВМРО-НП ќе промовира кандидат со „обединувачки капацитет и визија за модерно Тетово“.„Им порачуваме на сите Македонци и останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО-НП секогаш ќе имаат партнер од доверба кој нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија,“ стои во соопштението на партијата.Дополнително, беше испратена директна порака до актуелниот градоначалник Билал Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град.“Партијата најави дека по официјалното распишување на изборите ќе организира свечена промоција на својот кандидат за градоначалник и советничката листа за Советот на Општината.Од друга страна, актуелниот градоначалник Билал Касами, воедно и лидер на партијата Движење Беса, која е дел од владејачката коалиција ВЛЕН, веќе ја потврди својата кандидатура за втор мандат.Одлуката на најголемите македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – да не излезат со сопствени кандидати за градоначалник на Тетово предизвика реакции во јавноста. Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово ја изразија својата длабока загриженост, оценувајќи дека станува збор за сериозно занемарување на интересите на македонскиот народ во овој дел од државата.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski

Љупчо Коцевски: Интерпелацијата е политички атак врз независноста на Обвинителството

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски писмено одговори на интерпелацијата поднесена од шестмина пратеници на партијата Левица, обвинувајќи ги за политичка злоупотреба и неразбирање на функцијата што ја извршува.„Интерпелацијата е правно неоснована, политички мотивирана и претставува опасен преседан на мешање во самостојноста на обвинителската власт“, оценува Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во својот официјален одговор доставен до Собранието.Интерпелацијата, поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев, содржи четири клучни точки на обвинување: селективна истрага за трагедијата во Кочани, политички договор со премиерот Христијан Мицкоски, хаос во Вишото обвинителство Скопје и непостапување за урбаната мафија во Скопје.Во однос на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади лица, Коцевски нагласува дека Јавното обвинителство не работи селективно и дека истрагите ги опфаќаат сопствениците, обезбедувањето, одговорни лица во повеќе институции, па дури и високи полициски службеници.„Не постои ‘чопоративно’ обвинение – секој осомничен одговара за свои дејствија“, вели Коцевски, додавајќи дека се чувствува горд на обвинителскиот тим кој за кратко време прибрал голем број докази. Тој тврди дека родителите на жртвите биле детално информирани и дека довербата во обвинителството се зацврстува.На наводите дека е постигнат политички договор со премиерот Мицкоски за негово останување на функција во замена за селективност, Коцевски одговара со категорично негирање.„Никогаш немало обид за политичко влијание врз мене. Иницијативата за мое разрешување беше исто толку неоснована како и оваа интерпелација“, наведува тој, истакнувајќи дека и Советот на јавни обвинители дал негативно мислење за негово разрешување, а Европската комисија во последниот извештај посочила на недостатоци во иницијативата.За состојбите во Вишото обвинителство Скопје, Коцевски признава дека имало сериозни проблеми, но дека токму тој презел одговорност.„Поведов дисциплински постапки против шефот и уште еден обвинител. Дисциплинската комисија едногласно утврди тешки повреди. Ќе молчев ли додека се повлекуваат жалби и се нанесува штета на буџетот?“ – прашува обвинителот.Во последната точка, која се однесува на наводно непостапување за бесправната градба во Скопје, Коцевски одговара дека веќе се оформени предмети и во ОЈО Скопје и во Обвинителството за организиран криминал. Дел од постапките се во фаза на предистрага, а на надлежните институции им се дадени конкретни наредби за прибирање докази.„Обвинителството не работи по наративи, туку по факти и пријави. Секој што знае за кривично дело има обврска да го пријави, а не да очекува обвинителството да отвора случаи само врз основа на јавни изјави“, вели Коцевски.На крајот од писмото, Коцевски ја отфрла тезата дека во обвинителството владее „токсична и нефункционална атмосфера“ и се повикува на Извештајот на Европската комисија, кој нотира напредок во борбата против корупцијата, зајакната институционална соработка и функционални истражни центри.„Оваа интерпелација нема правен основ, ја дискредитира институцијата и нанесува штета на угледот на јавните обвинители. Апелирам до пратениците да ја отфрлат, а со тоа и да ја заштитат самостојноста на обвинителската функција“, завршува Коцевски.

Македонија | пред 6 месеци

Kale

Се реконструира Калето: Ќе се вложат 130.000 евра за оживување на запуштените музеи и уредување на просторот

Скопското Кале конечно ќе добие нов лик. Со средства во износ од 8 милиони денари (околу 130.000 евра) обезбедени преку ребалансот на Буџетот, ќе се отпочне со санација на просторот и реконструкција на двата досега изградени, но нефункционални музејски објекти, информираше денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.На прес-конференција одржана на самата локација, присуствуваа и директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и неколку други скопски градоначалници.„Калето повеќе од десет години се наоѓа во запоставена и уништена состојба. Имавме неколку обиди да стапиме во контакт со Град Скопје и со ЈП ‘Паркови и зеленило’ со цел да се приклучат на расчистувањето, но не добивме никаков одговор. Затоа се обративме до ЗЕЛС и веќе се преземени активности за расчистување и озеленување“, изјави Љутков.Изградбата на трите музеи – за праисториски, османлиски и средновековен период – започна уште во 2011 година, но објектите досега не се ставени во функција, ниту пак просторот околу нив е уреден.Според Честоева, која и во октомври минатата година укажа на оваа состојба, двата комплетно изградени музеи – наменети за археолошки поставки од праисторијата и отоманскиот период – се целосно запуштени, со видливи оштетувања. Третиот музеј, предвиден за средновековниот период, кој никогаш не бил довршен, е целосно обраснат со вегетација.Министерот Љутков посочи дека објектите се во исклучително лоша состојба и ќе биде неопходна целосна замена на механизацијата и системите за климатизација. Ќе биде распишан тендер за јавна набавка за нивна санација, а планот е објектите да бидат функционални до 2026 година. Целта, рече тој, е Калето да биде една од клучните локации кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата во 2028 година.

Скопје | пред 6 месеци

Makedonka

Летни стомачни вируси напаѓаат во текот на топлотниот бран: Дијареја, мачнини и дехидратација ги мачат граѓаните, д-р Македонка Попова Спасеска за Скопје1

Во период кога температурите надминуваат 40 степени, сè повеќе граѓани се жалат на летни стомачни вируси, придружени со пролив, мачнина, повраќање, болки во стомакот и покачена телесна температура. Лекарите алармираат на зголемен број случаи, а пациентите сведочат за денови поминати во кревет со тешки симптоми.Најчести во летниот период, овие вируси се лесно преносливи, а во комбинација со тропскиот жежок бран – уште потешко подносливи.„Прво ми се јави мачнина, а потоа два дена имав пролив, слабост и болки во стомакот. Ништо не можев да задржам. Температурата ми скокна до 38,5 и телото ми беше целосно исцрпено. Лежев дома три дена“, вели во изјва за Скопје1, 47-годишната Марија П, која е лекар и која верува дека се заразила од некои од своите пациенти.Слично искуство има и Бобан Б, кој посочува дека симптомите ги добил откако се вратил од годишен одмор поминат во Црна Гора.„Мислев дека е труење од храна, но докторот ми рече дека е вирус. Температурата ја имав една вечер, ама дијарејата и грчевите траеја четири дена. Сè што ми советуваа е многу течности, пробиотик и да се одмарам.“Лекарите советуваат: Хидратација, антипиретици и строга хигиенаСпоред д-р Македонка Попова Спасеска, специјалист по семејна медицина, овие вируси се чести во летните месеци,особено во услови на високи температури и неправилно складирање на храна.„Летните гастроинтестинални вируси најчесто се пренесуваат преку загадена храна, раце или вода. Симптомите се појавуваат нагло и вклучуваат дијареја, мачнина, болки во стомакот, а кај некои и покачена температура. Кај повеќето пациенти, вирусот трае од два до пет дена, зависно од имунитетот на организмот. Температурата, кога ја има, најчесто е пократкотрајна и се јавува во првите 24 до 48 часа,“ вели за Скопје1 д-р Попова Спасеска.Таа додава дека најважно е пациентите да внесуваат многу течности, за да се избегне дехидратација – особено опасна во услови на висок температурен стрес.„Препорачуваме внесување на електролити, антипиретици за намалување на температурата, пробиотици за регулирање на дигестивниот тракт, и симптоматски терапии за болки или грчеви во стомакот. Ако симптомите траат подолго од пет дена, се јави крв во столицата или дојде до сериозна дехидратација – неопходна е итна лекарска помош,“ советува докторката.Вируси и топлотен бран – опасна комбинацијаКомбинацијата од летен вирус и температури над 40 степени дополнително ја влошува состојбата. Кај некои пациенти се јавува и пад на притисокот, главоболка и општа слабост, што го прави секојдневното функционирање речиси невозможно.Лекарите предупредуваат дека во вакви услови, ризикот од компликации е поголем кај деца, постари лица и хронично болни. Најчеста причина за појава на овие вируси е консумација на небезбедна храна или пијалоци, како и одење на базени, езера и плажи без доволна хигиенска заштита.Како да се заштитиме?Избегнувајте јадење храна што стоела на собна температураМијте раце често, особено пред јадењеПијте само безбедна, филтрирана или вриена водаИзбегнувајте мраз од непроверени извориНе се капете во загадени водиСо оглед на тоа дека летото е во својот врв, а времето останува екстремно жешко, здравствените власти апелираат на зголемена внимателност, добра хигиена и веднаш да се побара лекарска помош доколку се појават симптоми на гастроинтестинален вирус.фото: ФБ/ПЗУ Мастеса Медика

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-03-27-at-10.58.51

Татјана Димитровска поднесе оставка од функцијата претседателка на Антикорупциска комисија

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка од функцијата. Како што информираа од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, оставката била доставена во текот на денешниот ден.-Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција.Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 6 месеци

jelena

„Какви луѓе станавме?“ – апел на актерката Јелена Јованова за страдањата во Газа

Актерката Јелена Јованова објави статус на социјалните мрежи, реагирајќи на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа. Таа се обрати до родителите, прашувајќи ги какви вредности им пренесуваат на своите деца во време кога гладот и страдањата се сведени на статистика, а емпатијата се губи во лавиринтот на политички оправдувања.Што им порачавте денес на вашите деца?Сигурно ќе ве прашаат вечерва.На оние во Газа кои умираат од глад, чии мајки ги хранат со сол и вода – не за да бидат здрави, туку за да ги одржат во живот барем уште еден ден, на оние што не се ни живи ни мртви, туку скелети што се движат – е јасно!Што ќе им кажете на вашите? Којa морална, ХУМАНА лекција ќе им ја пренесете?Каде, на пиедесталот, ќе им ја сместите емпатијата, а каде рамнодушноста?Сигурно ќе им спомнете: „Ама ќерко моја, сине мој, не се разбираш во политика.“Се надевам ќе ви одговорат: „За да го разбереш човековото право, хуманоста, не треба да ја разбираш и политиката!“Дека во Газа има недостаток на храна?Се надевам ќе ви кажат: „Не, во Газа се случува воен злостор. Геноцид.“Дека секој има право да се брани?Се надевам ќе ви кажат: „Изгладнувањето не е одбрана! Гладот не е оружје!“Дека и онака не можеме ништо да направиме?Се надевам ќе ви кажат: „Одговорноста е колективна, ама и срамот кога истата не се презема!“Дека е касно и треба да спијат?Се надевам ќе ве прашаат: „Што за вас е поважно од човековиот живот?“...се надевам!

Коментари | пред 6 месеци

Vardar

И денеска се трага по тинејџерот кој потона во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска.Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили - Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗССВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Македонија | пред 6 месеци

sestra

Биљана Јандреска Андоноска е пронајдена жива - потрагата по младата прилепчанка заврши со среќен крај!

Со среќен крај заврши потрагата по младата прилепчанка Биљана Јандреска Андоноска.Таа беше исчезната повеќе од 24 часа, случајот беше пријавен во МВР и интензивно по неа трагаше и нејзиното семејство, посебно нејзината сестра која упати апели на социјалните мрежи да помогне секој што може.Нејзините најблиски сега соопштија убава вест, а тоа е дека 34-годишната прилепчанка е пронајдена жива.“Ви Благодарам на секоја помош.Биљана е пронајдена, жива е” – напиша нејзината сестра Соња.

Македонија | пред 6 месеци

velosipedisti

Повредените велосипедисти од Исланд се во добра здравствена состојба - тренирале на несоодветна патека, надвор од агендата на ЕМОФ

Двајца малолетни членови на исландската велосипедска репрезентација, кои учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, и кои се здобија со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила завчера се во добра здравствена состојба.Од страна на ЕМОФ е потврдено дека по укажаната лекарска помош во Општата болница Куманово, спортистите се во стабилна и добра здравствена состојба, без потреба од понатамошна хоспитализација.Според информациите од организацискиот комитет, веднаш по несреќата на терен пристигнале нивни претставници кои им дале соодветна поддршка и останале во постојана координација со делегацијата од Исланд.Полицијата извести дека инцидентот бил пријавен во 12:09 часот, кога патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен возач, удрило во велосипедистите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.Во полицискиот извештај се наведува дека тренингот на велосипедистите не бил дел од официјалната програма, ниту се одвивал на претходно одобрена и обезбедена патека. Според организаторите, делегацијата на Исланд на своја иницијатива и без најава спровела тренинг на регионален пат кој не бил дел од агендата на фестивалот.Исландската делегација испрати изјава до организацискиот тим на ЕМОФ во која изрази жалење за случката:„Жалиме за ненамерниот инцидент што се случи надвор од официјалната тренинг патека на ЕМОФ. Благодарни сме што двајцата велосипедисти се во добра здравствена состојба. Благодарност до организаторите и медицинскиот тим за нивната брза реакција и поддршка. Ќе соработуваме целосно со сите релевантни институции за да се расветли случајот и да се осигураме дека сите активности продолжуваат во духот на спортот, одговорноста и безбедноста.“Организаторите потсетуваат дека за потребите на фестивалот, од 10:00 до 13:00 часот, полицијата обезбедила целосно затворена и безбедна траса за велосипедски тренинг. Патеката се простирала од ресторанот „Фемили“ во скопската населба Карпош, по стариот пат кон Крива Паланка, преку местото викано Света Петка, па по регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце до Меморијалниот центар АСНОМ. Во тој период, сообраќајот за моторни возила и пешаци бил целосно стопиран.Организацискиот комитет истакнува дека ова е изолиран случај кој не е поврзан со официјалните активности и безбедносните протоколи на ЕМОФ.„Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 изразува длабоко жалење за настанот и продолжува со блиска комуникација со делегацијата на Исланд и сите релевантни институции, со цел да обезбеди целосна поддршка за повредените спортисти“, стои во нивното соопштение.Од ЕМОФ упатуваат апел до сите учесници и тимови строго да се придржуваат до зададените правила, одобрени патеки и определени термини за тренинг, како и навремено да ја информираат организацијата за секоја планирана активност надвор од официјалната програма.Организаторите уверуваат дека натпреварувањата се одвиваат согласно највисоките безбедносни стандарди предвидени за ЕМОФ Скопје 2025.фото: ФБ/Велосипедска Федерација на Македонија

Македонија | пред 6 месеци

Pozarnikari-DZS

Изгоре продавница на познатата „Пластичарска“ улица во Скопје

Голем пожар зафатил продавница на „Пластичарската“ улица во Скопје, поради што изгорела и фасадата на соседната куќа.МВР информира дека за среќа нем повредени, а интервенирала противпожарната бригада од Скопје.„На 23.07.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје настанал пожар во продажен објект, сопственост на А.Л. (30) од с.Визбегово, скопско. Од пожарот е зафатена и фасада на соседната куќа, сопственост на Ф.Ш.(44) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.фото: ФБ/ДЗС

Скопје | пред 6 месеци

ezerani

(Видео) Пепел и пустош наместо природна убавина – скоро половина од копнената површина на „Езерани“ уништена во пожарот

Од некогашната зелена ризница на Преспа – Паркот на природата „Езерани“ – останаа пепел, чад и длабоки последици. Последниот силен пожар што беснееше на 20 и 21 јули 2025 година зафатил површина од над 500 хектари, нанесувајќи огромна штета врз живиот свет, квалитетот на водата и животната средина на локалното население – предупредува Македонското еколошко друштво (МЕД).„Во текот на месец јули, во неколку наврати избувнуваа пожари во Паркот на природата ‘Езерани’. Пожарот кој се случи на 20 и 21 јули беше со најголем интензитет и предизвика огромни последици врз квалитетот на живот на локалното население, биолошката разновидност, како и квалитетот на водите од Езерото. Пламените јазици проголтаа над 500 хектари површина, главно природа која треба да биде гордост во претставување на нашите природни вредности пред светот,“ соопштија од МЕД.Во изминатите денови, нивен тим предводен од Лазар Николов изврши детална анализа на терен, при што е утврдено дека се изгорени:околу 200 хектари трсканад 160 хектари шуми и галерии од врби и тополиприближно 100 хектари ливадиоколу 30 хектари шуми од евлаоколу 15 хектари земјоделски насади и овоштарници10 хектари преодни вегетациски типови во крајбрежниот појас на езерото„Нашите првични согледувања на терен се дека околу 50% од зафатените површини од шуми и овоштарници се целосно уништени. За да се добие перцепција за сериозноста на ситуацијата, можеме да истакнеме дека скоро половина од копнената површина на Паркот на природата ‘Езерани’ настрада во овој пожар, предизвикувајќи штети во вредност од милиони евра.Сакаме да истакнаме дека Паркот на природа ‘Езерани’ е прогласено за заштитено подрачје од IV-та катергорија според Закон за заштита на природа, согласно критериумите на Меѓународниот сојуз за заштита на природа (IUCN), а според нашите согледувања ‘Езерани’ претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее целата држава.Искрено жалиме за целата настаната штета која ја претрпе Преспа и се обврзуваме дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на подигање на јавната свест за значењето на природата,“ – изјави Лазар Николов од Македонското еколошко друштво.Од управата на Паркот „Езерани“ потсетуваат дека во минатото имало неколку помали пожари, особено во периодот февруари–април, кога вегетацијата е во слаба развиеност и полесно може да се контролира огнот. Но, велат тие, пожар од ваков обем и интензитет во летниот, екстремно сушен период, досега не е забележан.„Во годините наназад, во и околу паркот, се сведоци на предизвикани пожари од помали размери кои се карактеристични во периодот февруари-април кога вегетацијата е многу слабо равиена, претставувајќи олеснителна околност при осмислување стратегии и тактики за брзо спречување на ширењето на пожарите. Меѓутоа, во ваков сушен период од годината, со толку многу лесно и брзо горлива вегетација, пожар од ваков интензитет и размери е незапаметен,“ – стои во нивното соопштение.

Македонија | пред 6 месеци

island1

На ЕОИ има повредени спортисти, Литванец се здоби со скршеници, велосипедисти од Исланд се удрени од автомобил

Фотографија од еден од повредените исландски велосипедисти, кој учествува на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) во Скопје, денеска предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. На неа се гледа младиот спортист со целосно преврзана глава, и скршена рака. Станува збор за млад велосипедист од Литванија кој се повредил во трка.Но, други двајца велосипедисти од Исланд се удрени од возило додека имале неофицијален тренинг за денешната трка.„На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.„Срамота за земјата. Дојдоа деца да се натпреваруваат, да сонуваат, а ги однесовме на хирургија“, се вели во еден од коментарите на социјалните мрежи.Голем дел од јавноста го изразува својот гнев и сочувство со младите спортисти и нивните семејства. Корисниците апелираат до властите и организаторите да ја преземат одговорноста и да гарантираат дека ќе се расветли како дојде до ваков безбеден пропуст, особено кога се работи за официјален меѓународен спортски настан.Инаку, Европскиот младински олимписки фестивал, кој за првпат се одржува во Македонија, требаше да биде симбол на спортски дух, младинска енергија и европска соработка. Наместо тоа, овие сцени го засенија целиот натпреварувачки дух.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Потрага во Вардар: Исчезна 16-годишно девојче, 26-годишна девојка спасена!

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.Потрагата по 16-годишното девојче продолжува.

Македонија | пред 6 месеци

sestra

Исчезна 34-годишна жена од Прилеп, има здравствени проблеми - семејството моли за помош

Семејството на 34-годишната Б.Ј.А. од Прилеп алармира за нејзино исчезнување и преку социјалните мрежи повикува на помош во нејзиното пронаоѓање. Како што информираат од СВР Битола, на 23 јули 2025 година, во 23:02 часот, нејзината сестра С.Ј.М. пријавила дека Б.Ј.А. со возило се оддалечила од домот и оттогаш ѝ се губи секаква трага.Според пријавата, исчезнатата жена имала здравствени проблеми, што дополнително ја зголемува загриженоста кај семејството и јавноста.Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање, а сите кои имаат каква било информација се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица или да се јават на телефонскиот број 192.-Луѓе мои помагајте Ве премолувамМојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа.Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен.Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство.Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива

Македонија | пред 6 месеци

lefkada-brza-pomos

Автомобил покоси двајца исландски спортисти – учесници на Европските младински олимписки игри, завршија во кумановската болница

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри што се одржуваат во нашата земја, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 23 јули 2025 година, во 12.09 часот, на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во атарот на село Зубовце.Како што информираа од СВР Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Н.Б. од Куманово, удрило во двајцата велосипедисти додека тие се подготвувале за денешната велосипедска трка.Повредените спортисти се пренесени во Општата болница во Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања