ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

1-3

Храбриот полицаец од Тетово кој спречи самоубиство на млада девојка ќе биде награден

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го прими полицискиот службеник Беким Исмани од СВР Тетово, кој вчера со присебност и храброст спречи млада девојка да изврши самоубиство, ризикувајќи го сопствениот живот при интервенцијата.Настанот се случи вчера во Тетово, кога полициски службеници реагирале навремено на дојава за девојка во психолошка криза, која се обидувала да си го одземе животот. Во моментот на интервенцијата, полицаецот Исмани бил повреден од нож кој девојката го држела во рака, но успеал да ја спречи трагедијата и да ја спаси.„Станува збор за млада девојка, жртва на тешка животна ситуација и психолошка криза. Благодарение на навремената и решителна интервенција на нашите полициски службеници од СВР Тетово, таа денеска е жива и надвор од опасност. Ова не е само службено постапување, ова е чин на пожртвуваност, хуманост и длабока посветеност на мисијата да се заштити секој човечки живот“, изјави министерот Тошковски.Тој најави дека во рамки на законските можности ќе го награди полицаецот Беким Исмани како признание за неговата храброст, професионализам и несебично постапување.

Македонија | пред 6 месеци

tepacka-avion

Драма, крв и тепачка на летот Загреб-Малме

Вистински хаос се случил на летот на „Рајанер“ од Загреб до Малме.Според порталот „Афтонбладет“, дошло до жестока тепачка меѓу двајца мажи кои се тепале до крв.„Непосредно пред слетувањето, светлата се изгаснаа. Одеднаш, двајца мажи почнаа жестоко да се тепаат. Се тепаа и паѓаа врз другите патници“, изјави една патничка за шведските медиуми. Во кабината владееше целосен хаос.„Имаше многу деца и жени кои плачеа. Луѓето беа во паника и се обидуваа да трчаат кон задниот дел од авионот за засолниште. Имаше крв насекаде.По слетувањето, обезбедувањето веднаш влегло во авионот за да ги совлада насилниците кои се шведски државјани. Едниот од нив добил пријава за напад.

Балкан | пред 6 месеци

viber_image_2025-07-24_11-48-41-680

Малиот Матеј заѕвони ѕвончето кое оначи дека победнички ја заврши битката со болеста

По тешка и храбра борба, малиот Матеј денеска со насмевка на лицето го заѕвони ѕвончето на Детската клиника во Скопје – симболично означувајќи го крајот на своето лекување.Ѕвончето, кое одамна прерасна во симбол на победа над болеста, одекна низ ходниците на клиниката, како сведоштво за храброста на едно дете за извојуваната битка.

Скопје | пред 6 месеци

bez-voda

Петти ден без вода во Црешево, Смилковци и Булачани: Жителите бараат итна реакција, Скопје1 побара одговор од институциите

Жителите на населените места Црешево, Смилковци и Булачани, кои се под надлежност на Општина Гази Баба, веќе петти ден се без водоснабдување. Ситуацијата е особено тешка поради високите температури, а граѓаните велат дека досега не добиле одговор ниту од ЈКП Гази Баба, ниту од градоначалникот, и покрај испратените пријави и барања за решение.Скопје1 се обрати до Јавното комунално претпријатие Гази Баба и до општината, со цел да добие официјален одговор и информации за причините за прекинот и кога се очекува нормализирање на водоснабдувањето.

Скопје | пред 6 месеци

pozarnikari-oglas

Скопјани не сакаат да гасат пожари за 24.000 денари, огласот заврши, пријавени се помалку од 500

Заврши рокот за пријавување на јавниот оглас преку кој Владата побара 400 невработени лица за ангажман во борба против шумски пожари низ целата држава, со месечен надомест од 24.000 денари. Иако мерката беше промовирана како можност за обука и понатамошно вработување, бројот на пријавени кандидати едвај ја надминува потребната бројка, а интересот во Скопје е особено низок.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој веднаш по објавувањето на огласот тврдеше дека интересот е огромен, сега вели дека има нешто под 500 апликанти на ниво на држава, додека за Скопје се пријавиле помалку од 50 лица, иако биле потребни 80.„Во следните два до три дена кандидатите ќе бидат контактирани и повикани во локалните територијални противпожарни единици. Дел од нив, особено оние што ќе работат преку ДЗС, ќе започнат со најмалку дводневна обука. Во тој период ќе се направи селекција на оние што ќе може понатаму да се дообучуваат како пожарникари“, изјави Ангелов.Најуспешните учесници ќе добијат можност да бидат примени во редовниот состав на локалните противпожарни служби, каде платите се повисоки – над 40.000 денари. Најдобрите меѓу нив, пак, ќе можат да станат дел од новата специјализирана единица на ДЗС, каде што условите и примањата ќе бидат уште подобри.„Специјалната единица ќе брои помалку членови, но ќе се користи на најризични и непристапни терени, каде што е потребна висока физичка подготвеност. Ќе се бараат млади, снаодливи и издржливи лица, кои ќе можат да одговорат на комплексни задачи“, истакна Ангелов.Тој додаде дека ангажманот за 24.000 денари е почетна фаза за проценка и селекција на кандидати, која треба да доведе до нови вработувања во службите за заштита и спасување.

Македонија | пред 6 месеци

Tasevski

Контролорите на летање алармираат: Работиме со опрема стара 25 години, ризиците се сè поголеми

Во Македонската навигација (М-НАВ) и денес се работи со техничка опрема стара четвртина век, а состојбата во контролата на летање станува сè поалармантна. Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, во гостување на „24 Анализа“ предупреди дека ако надлежните не реагираат навреме, постои реален ризик од сериозен инцидент во воздушниот сообраќај, сличен на трагедијата кај Кочани.– Жал ми е што морам да го споменам Кочани. Тоа беше голема трагедија, со тешки последици, и граѓаните на своја кожа почувствуваа што значи кога системот не функционира како што треба. И ние во контролата на летање се соочуваме со слични ризици – рече Тасевски.Според него, покрај застарената опрема, проблемите се продлабочуваат и поради нефункционалниот систем на кадровско селектирање и отсуството на поддршка за обезбедување квалитетна услуга.– Работиме со истиот систем од 1999 година. Нека се запрашаат граѓаните – каков компјутер или мобилен телефон имале тогаш, а каков имаат сега. А ние сè уште ја користиме истата опрема. Нашите соседи Србија и Албанија во меѓувреме ги сменија системите по три-четири пати. Кај нас, наместо подобрување, имаме ограничувања, нема политичка волја да се назначат компетентни луѓе и да ни се дадат услови за работа – вели Тасевски.Контролорите апелираат дека мора итно да се преземат чекори за модернизација на системот, бидејќи во спротивно, како што предупредуваат, во опасност е безбедноста на патниците и на целиот воздушен сообраќај во земјава.фото: ТВ24/Принт скрин

Македонија | пред 6 месеци

izlog

(Видео) Девојче крши излози во Капиштец, жителка бара од соседите ако некој го познава да пријави

Нарушување на јавниот ред и мир по полноќ во скопската населба Капиштец. Жители алармираат дека девијче крши излози.Сред ноќ, 03:15, повик од полиција. Излогот ви е искршен, дојдете овде е се отворено.Колку и да објаснувам не можам да го доловам чувството на вознемиреност, страв и неизвесност. Сред ноќ, не знаш кај си, не знаеш ни што се случува ни што се случило ни како ќе се заштитиш.Прегледување камери. Искршен излог. Деца шетаат. Љубезни соседи кои го гледаат нередот и се обидуваат да стапат во контакт. Снимка по снимка, го бараш моментот кога и што се случило.И не помага сознанието дека е дете. Останува непријатното чувство на незаштитеност барајќи чувари на сред ноќ кога сите спијат.Поразителната констатација дека младината ни е за никаде, ќе си ја повториме уште неколку пати, и ќе продолжиме понатаму, за жал без некоја суштинска промена. Освен ако не им дојде полиција на врата. Па да почувствуваат реално дека дејствата во вистинскиот свет имаат последици.Како што има последици и за нас. Како што за мене значеше непреспиена ноќ, физичко лошење од вознемиреност, вознемирени деца кои спијат до мене. Како што значи финансиски трошоци.Во спротивно, ќе простиме зашто ДЕВОЈЧЕТО “било луто”, “не сакало”, “било младо”. И јас сум била млада, па и лута, ама ни на крај памет не ми дошло да шутирам по излози, туку не сум ни ѕиркала по туѓи излози навечер бидејќи сум знаела дека е погрешно - да не ти излезе некој, да не има камери, да не направиш беља. Несакајќи.А денес за жал, не само што немаат ОСНОВНА култура и одговорност, туку се и максимално безобразни, невоспитани и усилени. Внатрешниот порив им дава за право да шутираат по излози, зашто реално, нема да осетат никаква последица.Затоа ве молам, комшии од Капиштец, погледнете го видеото и пишете ми доколку го препознаете девојчето. Последиците нема да бидат којзнае какви, но ако нема никакви, со здравје да си одиме.

Скопје | пред 6 месеци

kutija-izbiracka

Независни граѓански иницијативи, освен Зелен хуман град, како партија на локалните избори

И додека траат договорите каков закон да се донесе за учество на независните кандидати на локалните избори, тие одлучија здружено да настапат како политичка партија.Еве што стои во соопштението:Со здружување во заедничка формално регистрирана платформа, ќе се бориме против желбата на партиите да ги истиснат независните граѓански иницијативи од изборниот процес.Секој граѓанин има право да гласа за претставници кои навистина ги застапуваат неговите потреби.Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош - За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава.Изминатиов период, повеќе граѓански организации – вклучително и Зелен хуман град – разговараа за формирање заедничка партиска платформа за здружен граѓански настап. Сепак, Зелен хуман град одлучи самостојно да се регистрира како партија и да настапи одделно.Ние останатите остануваме верни на вредностите на солидарност, заедништво, инклузивност и доверба.Ги информираме граѓаните дека платформата што ќе ја основаме формално мора да биде регистрирана како партија, а за тоа ќе ни биде потребна вашата поддршка. Законот дозволува потпис само за една опција, па затоа транспарентно информираме дека потпис за нашата заедничка граѓанска платформа и потпис за која било друга нова партија, вклучително и на ЗХГ, не може да се даде истовремено. Ќе мора да се направи изборот за тоа каде ја гледате вистинската граѓанска алтернатива во моментов.Во следниот период ќе споделиме повеќе информации во врска со процесот на поддршка и ќе ги претставиме нашите листи и кандидати. Сите граѓани без разлика на градот на живеење, ќе можат да ја дадат својата поддршка за нашата регистрација.Граѓаните заслужуваат избор – но и јасна слика. Ќе настапиме здружено, со чесни луѓе, силна визија и искуство стекнато од теренот.Нашата борба продолжува – отворено, храбро и заеднички

Македонија | пред 6 месеци

voda-crevo

Жителите од Водно, Црниче, Пржино, Ченто, Маџари...без вода секој ден! Се тушираат и се перат кај роднини

Пак проблеми со водата. Во скопските населби Црниче, Пржино и делови од Водно, жителите со недели се соочуваат со сериозни рестрикции или намален притисок, а револтот расте.Маја С., жителка на Црниче, вели дека секое утро станува во 5 часот за да провери дали има вода за да се истушира пред работа.– Секој ден иста приказна – станувам, нема вода, се нервирам. Одам кај сестра ми или брат ми, а за милениците полнам туби од работа – вели таа.Слична е ситуацијата и кај Нена С., пензионерка од истата населба, која, крева шишиња за да направи ручек, да се измие, да ги наводни цвежињата.Според ЈП „Водовод и канализација“, проблемите произлегуваат од енормната и неконтролирана потрошувачка на вода, која предизвикува нестабилност во системот, особено во повисоките делови на градот. Дополнително, расте и бројот на дефекти на мрежата, кои, според граѓаните, не се санираат навреме, па чиста вода тече по улици и тротоари.– Градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на водата во делови од градот. Се очекува стабилизирање на системот по 23:00 часот – соопштуваат од претпријатието и апелираат за рационална употреба.Од „Водовод“ велат дека дел од проблемот се и големите загуби на вода, кои достигнуваат и до 70%, и ги повикуваат граѓаните и локалните власти на соработка.Политичките препукувања не изостануваат. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија градоначалничката Данела Арсовска дека „се занимава со висока политика“, а половина Скопје нема вода.Скопската градоначалничка, пак, вели дека има „диви приклучоци“ во Шуто Оризари каде биле фатени и полициски службеници, а за што, тврди, МВР не поднело пријава.– Проблемот не е водата. Проблем се тие што ја крадат и институциите што ги штитат – порача таа.Во меѓувреме, градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека Владата издвоила над 110 милиони денари за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдување во селата Љубанци и Љуботен.фото: ФБ

Скопје | пред 6 месеци

avion-rusija

(Видео) Пронајдени запалени остатоци од рускиот авион, се урнал пред да слета, бараат преживеани

Контролата на воздушниот сообраќај во Русија изгубила контакт со патнички авион Ан-24, кој според првичните информации пренесувал околу 50 лица. Леталото, во сопственост на авиокомпанијата „Ангара“, било на пат кон градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток на Русија, во близина на границата со Кина, пренесе 4NEWS.mk.Како што објави порталот SHOT, авионот исчезнал само неколку километри пред слетување. Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, информираше преку Телеграм дека во авионот имало 43 патници, меѓу кои и пет деца, како и шест членови на екипажот. Тој нагласи дека сите достапни служби се мобилизирани и се веќе на терен.Руското Министерство за вонредни ситуации потврди дека хеликоптер Ми-8 на Федералната агенција за воздушен транспорт лоцирал остатоци од авионот кои биле во пламен. Првичните воздушни снимки ја прикажуваат опожарената фузелажа, додека спасувачките екипи се подготвуваат да пристапат до локацијата на несреќата.Сѐ уште нема официјални информации за евентуални жртви или преживеани. Министерството го ревидираше бројот на патници, наведувајќи дека се претпоставува оти во авионот имало околу 40 лица. Потрагата и спасувачката операција се во тек.

Свет | пред 6 месеци

Sasko-Mitovski-gradonacalnik

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, се најде под удар на законот само неколку месеци пред локалните избори – против него е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти Министерството за внатрешни работи.Митовски е третопријавен во случајот што го процесуира СВР Куманово, во кој, според полицијата, со негово одобрување било овозможено физичко лице да продолжи со градба на објект со деловен простор иако дозволата била со истечен рок.Од МВР информираат дека кривични пријави се поднесени против вкупно три лица – К.П. (59), М.К. (41) и С.М. (38), сите од Крива Паланка.Првопријавениот, вработен во општината, изготвил решение за промена на инвеститор спротивно на Законот за градење, и покрај тоа што одобрението за градба било веќе неважечко. Второпријавената, која е раководител на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, не извршила потребен надзор и без да го провери рокот, со свој потпис го одобрила решението.Како што стои во соопштението, Митовски, во својство на градоначалник, не постапил со должно внимание и со свој потпис или факсимил и печат на општината, го потврдил документот како валиден, со што му овозможил на инвеститорот Г.С. да ја продолжи изградбата и покрај истечената дозвола.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

Pozar-Turcija-Kipar

(Видео) Најцрн ден за турските пожарникари: Десет загинати во огнената стихија кај Ескишехир, и Кипар е во пламен на 45 степени!

Десет пожарникари го загубија животот, а уште 14 се здобија со повреди додека се обидуваа да го стават под контрола големиот шумски пожар што беснее во провинцијата Ескишехир, во централна Турција. Трагичната вест ја соопшти турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, во средата.Според него, пожарникарските и спасувачките екипи се во постојана битка со пламените јазици во реонот Сејтигази уште од раните утрински часови. Во моментов се активни уште седум пожари во пет провинции во централна и западна Турција, додаде министерот.И Кипар се соочува со огнена закана. Моќен шумски пожар се прошири северно од Лимасол, поттикнат од силен ветер и екстремни температури, што принуди властите да евакуираат најмалку четири села. Портпаролот на кипарската противпожарна служба соопшти дека во погодениот регион, познат по лозарството, се причинети значителни материјални штети, вклучително и оштетени домови.Кипар официјално побара помош преку механизмите на Европската Унија, а помош пристигнува и од Јордан.Температурите на островот во средата достигнаа 43 степени Целзиусови, а според метеоролозите, се очекува да пораснат на 44 степени во четврток – највисоки досега оваа година.

Свет | пред 6 месеци

Tajland-FB

Тајланд и Камбоџа – ново воено жариште, ракетата погодила продавница, загинаа цивили!

Рано утрово избувнаа вооружени судири меѓу Тајланд и Камбоџа, соопштија армиите на двете земји, тврдејќи дека првите истрели биле испукани од другата страна.Тајландската војска во соопштението соопшти дека вооружените сили од соседна Камбоџа отвориле оган врз спорната погранична област во близина на храмот Та Моан Том, на околу 360 километри од главниот град Бангкок.Најмалку осум лица загинаа, соопшти тајландската полиција. Ракетата погодила продавница во Бан Нам Јен, на околу 20 километри од границата со Камбоџа, потврдил началникот на округот Кантаралак во покраината Сисакет за тајландската јавна телевизија PBS.Според Си-Ен-Ен, Тајланд ги обвини камбоџанските сили за испукање на две ракети БМ-21 во цивилна зона во округот Кап Чоенг, покраината Сурин, при што беа повредени тројца цивили.Тајландското Министерство за надворешни работи соопшти дека камбоџанските напади врз цивилните области продолжуваат цел ден, вклучувајќи го и нападот врз болницата Фаном Донг Рак.„Овие акти предизвикаа дополнителни загуби на животи и повреди кај тајландските граѓани“, изјави портпаролот на министерството на прес-конференција. Камбоџа претходно соопшти дека тајландски борбен авион Ф-16 фрлил две бомби на патот. Засега нема информации за жртвите на камбоџанска страна.Војската на Тајланд е побројна од соседна Камбоџа и во однос на персоналот и во опремата, објави Си-Ен-Ен.Тајланд има 361.000 активни војници распоредени во сите гранки на војската, три пати повеќе од големината на камбоџанската војска. Тајланд е исто така далеку пред Камбоџа во однос на воената опрема.„Тајланд има голема, добро финансирана војска, а нејзините воздухопловни сили се едни од најдобро опремените и обучените во Југоисточна Азија“, се вели во извештајот „Воена рамнотежа 2025“ на Меѓународниот институт за стратешки студии.Камбоџа нема борбено способни воздухопловни сили.Според Си-Ен-Ен, САД го класифицираат Тајланд како главен сојузник надвор од НАТО, што му обезбедува децении американска поддршка за воени програми. Во исто време, Тајланд ги зајакна врските со Кина во последниве години и разви силна домашна воена индустрија со помош на земји како Израел, Италија, Русија, Јужна Кореја и Шведска, се вели во извештајот.Според податоците на IISS, опремата на воздухопловните сили вклучува најмалку 11 модерни шведски ловци „Грипен“ и десетици постари американски ловци Ф-16 и Ф-5. Камбоџа нема борбено способни воздухопловни сили.На копното, Тајланд има неколку стотици тенкови, вклучувајќи 60 модерни кинески тенкови VT-4 и стотици постари американски тенкови. Камбоџа има приближно 200 стари кинески и советски тенкови, според „Милитар баланс“.Супериорност во артилеријатаТајландската армија има повеќе од 600 артилериски парчиња, вклучувајќи најмалку 56 моќни топови од 155 мм и повеќе од 550 влечени топови од 105 мм. Камбоџа има само дванаесет топови од 155 мм и околу 400 помали влечени топови.Во воздух, тајландската војска има американски офанзивни хеликоптери „Кобра“ и 18 транспортни хеликоптери „Блек Хок“. Камбоџа има само неколку десетици постари советски и кинески транспортни хеликоптери.Тајландските вооружени сили редовно учествуваат во меѓународни воени вежби, најпозната е годишната вежба „Кобра Голд“, која Бангкок ја организира заеднички со Индо-пацифичката команда на САД.Вежбата „Кобра Голд“ беше лансирана во 1982 година како заедничка вежба со Американците, а оттогаш им се придружија многу други учесници. Според американската војска, тоа е најдолготрајната меѓународна воена вежба во светот, заклучува Си-Ен-Ен.фото: ФБ/Тајландска војска

Свет | пред 6 месеци

helena-roza

Од македонската сцена до политиката на друг континент: Хелена Роза кандидат за советник во оптштина во Нов Зеланд

Поранешната македонска естрадна ѕвезда и ТВ-водителка Хелена Роза се впушта во политичка трка на локалните избори во Нов Зеланд. Таа е кандидатка за советничка функција во општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд.-Драги ФБ пријатели. Имам чест оваа година да бидам кандидат на претстојните локални избори во Нов Зеланд, поточно кандидат за општината Норт Шор, која е дел од ОклендДоколку не ви е проблем стиснете лајк/фолов на мојата официјална страна.Секоја ваша поддршка ќе ми значи, порача Хелена Роза во објавата.Хелена Роза беше препознатливо лице на македонската медиумска и музичка сцена, особено активна во текот на 2000-тите. Пред околу десет години се пресели во Нов Зеланд, каде што живее и работи.Градот Окленд, каде што се наоѓа општината Норт Шор, е најголемиот и најнаселен град на Нов Зеланд, сместен на Северниот Остров. Се смета за главен економски и културен центар на земјата и е петти по големина град во Океанија.Фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

avion

Исчезна од радарите руски патнички авион, во него имало 50 луѓе, меѓу кои и пет деца

Патничкиот авион Ан-24, кој летал утрово на релацијата Хабаровск-Благовешченск-Тинда, ја изгубил комуникацијата на неколку километри од аеродромот во Тинда, во Амурската област, која граничи со Кина, на крајниот исток од Русија, соопштија службите за итни случаи.Авионот е во сопственост на авиокомпанијата „Ангара ерлајнс“, а во него имало 49 лица, вклучувајќи шест членови на екипажот и пет деца, јави ТАСС.Гувернерот на Амурската област изјави дека во потрагата по исчезнатиот авион Ан-24 се користат сите потребни сили и ресурси, објави РИА Новости.Потрагата е во тек.Како што објави новинската агенција РИА, повикувајќи се на соопштение од Центарот за цивилна одбрана и противпожарна безбедност, спасувачите отишле во округот Тиндински во Амурската област за да го бараат авионот.Според првичните информации, авионот немал пријавени технички проблеми пред да го изгуби контактот, пишува Ројтерс.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања