ТОП

pozar-DZS

Орајте и копајте околу дворовите!– Ангелов ги повика сопствениците на викендички да направат заштитни појаси од пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика сопствениците на објекти надвор од урбаните средини, како викендички и куќи, навремено да се подготват и да преземат мерки за заштита од евентуални пожари.„Ги замолуваме сите граѓани кои имаат викендички или куќи, реновирани куќи во напуштени или запоставени села, но и оние кои живеат во последните куќи во населбите и селата вклучително и оние околу градот Скопје, да ги исчистат своите дворови од вегетација. Нека изораат со мотокултиватор или трактор или веќе ако имаат трева таа нека биде одржувана и зелена, што е прилично тешко во месец јули во Македонија. Исто така и од надворешна страна на дворот нека изораат, нека има по неколку метри мек појас кој нема вегетација бидејќи од она што можеме досега да го видиме постои опасност никој да не биде поштеден од соочување со огнот“, апелира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.фото: ФБ/ДЗС

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-212632

(Видео) Миа Костова: Во Скопје порано имаше ноќен живот и немаше сељачишта, не се слушаше Јелена Карлеуша

Гостин во „Претрес со Ландов” е инфлуенсерката Миа Костова.„Си ја сакам Македонија и врзана сум тука.Ми стои во натална карта дека ќе вршам посериозна работа и ќе имам куп пари. Ова ми е најубавиот период, работам и уживам. Многу необразовани луѓе сега се милијардери”, рече Костова.Таа вели дека „сељачизми” ја вадат од кожа, особено кога во коментари го вовлекуваат и нејзиниот син.Тоа се случи кога таа не дозволи синот да оди во школо на температура од 45 степени, без клима и го однесе на море.„Порано Скопје имаше ноќен живот и немаше сељачишта. Немаше место каде се пушта Јелена Карлеуша. Не сум била никогаш да ја слушам“.Следете не на следниов линк:

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-223943

(Видео) Миа Костова: Омилен политичар и е Муцунски, Заев не го сака

Гостин во „Претрес со Ландов” е инфлуенсерката Миа Костова.Муцунски, Тошковски, Таравари, Сања Божиновска и се омилени политичари, но во таа група не го спомена Мицкоски, рече тој бил премиер.„Гласна бев кога паѓаше режимот иако не бев дел од Шарената револуција. Не бев пресреќна од раководењето на СДСМ, ни се случи катаклизма.Не го сакам Заев, не упропасти. Никогаш не ми дошло да кажам Северна”, вели Костова.Била исто гласна и против вакцинацијата против короната.Следете не на линкот:

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-19.14.32

(Видео) Тетовска полиција спречи самоубиство на млада девојка – приведен маж осомничен за посредување на проституција

Брза и навремена реакција на полициските службеници од СВР Тетово спречи трагедија во мотел во Тетово, каде што млада девојка се обидела да си го одземе животот.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денес околу 14:35 часот, по пријава од лицето Л.К., дека имал недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот, полициска екипа пристигнала на терен.На лице место, полицијата затекнала девојка која стоела на работ од прозорецот од собата, заканувајќи се дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба од јавен обвинител, полицијата насилно ја отворила вратата и успеала да ја спречи во намерата.Девојката веднаш била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ е укажана лекарска помош. Во акцијата, еден полициски службеник бил полесно повреден.Истовремено, лицето Л.К. било приведено под сомнение за посредување при вршење на проституција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по завршување на истрагата ќе следуваат соодветни кривични поднесоци.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4703

Службено лице од прилепската болница осудено на условна казна за проневера – украл над 2,1 милион денари од уплати на пациенти

Темелна истрага на Управата за финансиска полиција резултираше со правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, поради сторено кривично дело проневера во службата.Како што информираат од Управата, во периодот од август 2024 до април 2025 година, обвинетиот противправно присвоил 2.110.640 денари, средства кои пациенти лично ги уплатувале за здравствени услуги.Иако лицето ги вратило средствата, судот во Прилеп му изрекол условна казна затвор од 2 години, признавајќи ја вината и сериозноста на делото. Пресудата е правосилна.„Овој случај е уште една потврда дека злоупотребата на јавни средства нема да биде толерирана, без разлика кој е сторителот. Последици има и ќе има за секој обид за лично богатење на сметка на граѓаните“, изјави Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција.Случајот претставува сериозен пример за институционална злоупотреба и одговорност во здравствениот систем.

Македонија | пред 6 месеци

vane-cvetanov-24.07-2019

Трошел за хотели, ресторани, патувања, такси, рента кар...Обвинителството поднесе обвинение против Ване Цветанов

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Ване Цветанов, поранешен вршител на должност претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија. Според Обвинителството, тој со неизвршување и пречекорување на службени овластувања набавувал стоки и услуги за лични цели, ангажирал блиски лица без одлуки од Советот и склучувал договори кои резултирале со штета врз буџетот на институцијата.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од Кривичен законик.Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНРСМ), со неизвршување и пречекорување на службени овластувања, постапувал спротивно на повеќе законски прописи и со тоа прибавил противправна имотна корист за себе и други лица, нанесувајќи притоа значителна штета на буџетот на институцијата.Иако бил свесен дека не се спроведени потребните постапки согласно Законот за јавни набавки, обвинетиот незаконски набавувал стоки и услуги од економски оператори, што главно ги користел за лични цели. Притоа се потрошени:– 1.062.963 денари за ресторански услуги, хотелско сместување во Скопје, безалкохолни пијалаци, кафе, тоалетни производи и сл.– 300.350 денари за конференциски услуги што не биле реализирани, но се исплатени.– 317.859 денари за такси и изнајмување на возила.– 741.649 денари за хотелски и туристички услуги во земјава и странство (вклучувајќи пенали за откажување и промени на патување).Иако Советот како институција немал потреба од ангажирање на надворешно правно лице за обука од областа на менаџирање со работни процеси во институцијата, ниту пак обвинетиот имал потреба да поседува сертификат каков што издавало правното лице, за ваков вид на обуки на правното лице му биле исплатени 295.000 денари.Со пречекорување на границите на своето службено овластување постапил спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, спротивно на одредбите од Статутот на Советот и од Законот за ревизија. Обвинетиот без претходно донесена одлука на Советот на СУНРСМ за потреба од ангажирање на надворешно лице, без предвиден надомест за ангажирање како надворешен советник за специјални цели во Советот склучил последователно три договори со својата невенчана сопруга.Врз основа на склучените договори обвинетиот носел решенија за службени патувања во странство каде трошоците за патувањето и сместувањето биле на товар на СУНР, а трошоците за исхрана биле покриени преку утврдени дневници за кои тој носел одлуки за нивна исплата. На овој начин само по основ на исплата на дневници и патни трошоци обвинетиот го оштетил буџетот на Советот за 93.800 денари.Со пречекорување на границите на своето службено овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за ревизија, Статутот на СУНР и Законот за трансформација во редовен работен однос. Обвинетиот без претходно донесена одлука на седница на Советот за потреба од ангажирање на надворешни лица склучил 18 договори за ангажирање на физички лица при што од буџетот на институцијата биле исплатени 1.934.237 денари.Овие средства биле исплатени за: авторски дела – пишан материјал и совети од областа на управување со човечки ресурси; од областа на јавните набавки; за изработка на детална техничка спецификација за набавка на опрема од сегмент на информатички технологии; за пружање професионална поддршка на Комисијата за техничка евалуација на пристигнати понуди за јавна набавка на опрема; интелектуални услуги со утврдени обврски на авторот за промовирање на СУНР пред домашна и меѓународна јавност; консултант за Анти-корупциски практики; Консултант за пронаоѓање/посредување на партнери, инволвирање на институции и експерти од Р.Грција, како посредување помеѓу Министерство за финансии на Р.Грција, Регулаторно тело за комерцијална ревизија на Р.Грција, Стопанска комора на Р.Грција и останати светски институции; изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на службени простории во СУНР; Консултант за изготвување на Завршна сметка; ангажман на извршител на спроведување на соодветен пристап при изработка на Завршна сметка и други финансиски обврски, како и логистичка поддршка при работни средби и семинари во организацијата на нарачателот, а за превизори ментори од Р.Бугарија, активности во Скопје и Штип, за месечен надомест во износ од 54.000,00 денари; волонтирање за месечен надомест во износ од 36.000 денари; Развој и истражување врз база на спроведување на ескспресна анализа на специјализирани тематски прашања поврзани со имплементација на Законот за ревизија во информатичко технолошки можности.Обвинетиот со пречекорување на границите на своето службено постапување, спротивно на Статутот на Советот и на Законот за ревизија без претходно донесена одлука на одржана седница на Советот и без склучен договор ангажирал правно лице за инсталирање Апликативен софтвер за основни средства и Апликативен софтвер за финансиско книжење, иако Советот веќе имал склучено договор со друго правно лице за годишно одржување на Апликативен модел за 2022 година и Модул за финансиско сметководство.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_6897

Починат маж пронајден во центарот на Скопје – нема траги на насилство

Мртво тело на маж било пронајдено во паркот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“ во центарот на Скопје.Според МВР, станува збор за С.К. (50) од Скопје. Смртта ја констатирала екипа од Итната медицинска помош, а по извршен преглед не се забележани траги на насилство.-На 22.07.2025 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во паркот наспроти зградата на поранешна „Нова Македонија” бил пронајден починат С.К.(50) од Скопје. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, соопштија од МВР.Телото, по наредба на јавен обвинител, е дадено на обдукција. Настанот бил пријавен на 22 јули околу 17.25 часот.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-1-1

Подметнувал пожари кај лозови насади и шума – приведен 71-годишен маж од Демир Капија

Седумдесет и едно годишен жител на Демир Капија е лишен од слобода под сомнение дека подметнал два пожари на ист ден, информира Министерството за внатрешни работи.На 22.07.2025 во 18 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари. Имено, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади.Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 6 месеци

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Кабинетот на Гаши потврди: Хоспитализиран е, состојбата му е стабилна и се вршат испитувања

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, е хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, потврдија денеска од неговиот Кабинет. Во соопштението се наведува дека здравствената состојба на Гаши е стабилна и дека се вршат детални лекарски прегледи.„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на Претседателот на Собранието, ја информираме јавноста дека тој вчера беше примен на Клиниката за дигестивна хирургија. Неговата состојба е стабилна, а сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени од надлежните институции“, стои во реакцијата на Кабинетот.Скопје1 прв ја доби потврдата од директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски дека Гаши е згрижен на нивниот оддел. Тој изјави дека бил примен околу полноќ со симптоми на претплет на цревата, поради што веднаш бил задржан во болница.„Пациентот е хоспитализиран и засега се третира со медикаментозна терапија. Не е предвидена хируршка интервенција. Состојбата е под контрола и се следи од страна на стручниот тим“, изјави проф. д-р Костовски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-12.49.32

(Видео) Одложено судењето за кланот Беланоца/Барон – тројца адвокати без присуство, обвинетите се товарат за осум убиства

Поради отсуство на тројца адвокати, денес беше одложено судењето против членовите на криминалната група позната како клан Беланоца/Барон. Како што информира судот, еден од адвокатите бил на одмор, друг поради здравствени причини, додека третиот воопшто не доставил известување за своето отсуство, што го спречи започнувањето на процесот.На обвинителна клупа се најдоа девет лица, меѓу кои и наводните лидери на кланот – Фатум Ајети Тоте и Акив Рахмановски. Дел од нивните бранители веќе предложија докази за, како што тврдат, да докажат дека нивните клиенти не се вмешани во делата за кои се обвинети.Според обвинителниот акт, групата се товари дека организирано извршила осум убиства, меѓу кои и двојното убиство во Шиша Бар, во кое животот го загубија двајца припадници на кланот Дуќанџиќ од скопската населба Грчец – група која важи за ривал на Беланоца/Барон во подземјето на главниот град.Покрај убиствата, на обвинетите им се ставаат на товар и дела како закани, палење автомобили, трговија со дрога, како и шверц на оружје.

Македонија | пред 6 месеци

gasi-gashi-afrim

Директорот на дигестивна хирургија, Огнен Костовски: Гаши е хоспитализиран на Клиниката, се третира со медикаментозна терапија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Информацијата за неговата хоспитализација ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за Скопје1. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.„Пациентот беше примен поради претплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а за сега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, ни изјави проф. д-р Костовски.Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.

Македонија | пред 6 месеци

Vizbegovo-pozar

(Видео) Повтoрно пожар во Визбегово, гори мини депонија

Во Визбегово денеска повторно има пожар. Станува збор за мини-депонија која се наоѓа во непосредна близина на станбени објекти, што предизвикува сериозна загриженост кај жителите.Пожарот сѐ уште не е ставен под контрола, а постои реална опасност пламените јазици да се прошират до куќите.Надлежните служби се на терен.

Скопје | пред 6 месеци

Internet

МВР алармира на нова интернет измама со „евтини“ мобилни телефони, да не се кликнува на сомнителни линкови

Министерството за внатрешни работи алармира за нов облик на измама што кружи на социјалните мрежи. Станува збор за лажни реклами со кои се тврди дека познати малопродажни компании нудат најнови модели мобилни телефони по невообичаено ниски цени.Како изговор за намалената цена, измамниците најчесто наведуваат „оштетена амбалажа“ или „внатрешна програма за распродажба“. Целта е јасна – да се измамат корисниците да кликнат на сомнителни линкови и да остават лични податоци.Од МВР апелираат до граѓаните:Не отворајте линкови од сомнителни објавиНе внесувајте лични информации на непроверени странициНе верувајте на емотивни приказни што звучат премногу добро за да бидат вистинитиПознатите компании не продаваат телефони преку тајни канали или директно на социјални мрежиСекторот за компјутерски криминал при МВР работи на откривање на сторителите, а граѓаните кои ќе забележат вакви објави се охрабруваат веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица.

Македонија | пред 6 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Левица: Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки - надлежните веднаш да донесат мерки за заштита на населението

Согласно Акцискиот план на Институтот за јавно здравје (2025–2030), при надминување на граничните вредности на температурите од 39°C во јули (за скопскиот регион), се активира црвена фаза - состојба која бара итни и засилени мерки за заштита на населението.Во овој момент, согласно официјалните прогнози на УХМР, температурите низ државата достигнуваат и надминуваат 40°C – што значи дека Македонија е во црвена фаза, дефинирана како своевидна вонредна состојба.Според Левица, несериозно и крајно неодговорно е институциите да излегуваат со неефикасни, незадолжителни препораки, наместо со обврзувачки мерки кои би ги заштитиле граѓаните, особено најранливите категории.-Министерството за здравство и Владата ја минимизираат реалната закана по животот и здравјето на граѓаните, додека медицинските служби и Брзата помош се веќе преоптоварени. Дополнително, давање препораки до приватните работодавачи во контекст на македонските услови, каде работничките права се грубо прекршувани, е недоволно и апсолутно неефективно, смета партијата.Левица бара итна и конкретна акција од министерот за здравство Азир Алиу и Владата:- Да се донесат задолжителни мерки за ослободување од работни обврски на ранливите категории, лица над 60 години, хронично болните од кардио-васкуларни и респираторни заболувања, онколошките пациенти, лицата со дијабет, трудниците и сл. неселективно, односно независно од секторот, работата која ја обавуваат;- Да се забрани работа на отворено во критичните часови (11:00 – 17:00);- Да се активираат сите мерки од постоечкиот акциски план на ИЈЗ;- Да се ангажираат и мобилизираат локалните самоуправи и Црвениот крст за згрижување на бездомници и обезбедување на јавни простори за ладење;- Да се засилат контролните механизми и да се санкционираат работодавците кои ги игнорираат мерките.-Ниту еден човечки живот не смее да биде ставен на коцка поради нечија неспособност, незаинтересираност или бирократска летаргија. Неодговорноста на институциите во ваква состојба е повеќе од пропуст – таа е опасна и потенцијално кобна. Бараме веднаш да се прекине со игнорирањето на реалноста и да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните, велат оттаму.

Македонија | пред 6 месеци

lefkov

Бугарски медиум го обвинува семејството на Лефков дека се бугарски државјани, пратеникот се жали дека е мета на хибридни напади

Бугарскиот медиум „24 часа“  објави текст во кој што пишува дека речиси сите поблиски роднини на пратеникот Миле Лефков се бугарски државјани. Медиумот тврди и дека братот на пратеникот поминал низ постапката за добивање на бугарски пасош.-Околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари. Во исто време, партијата на Миле Лефков се противи сите луѓе во Република Северна Македонија кои се изјаснуваат како Бугари, да бидат внесени во Уставот, пишува  „24 часа“.По ваквите пишувања, се огласи и самиот пратеник.„Објави насочени против мене и мојата фамилија – објава на „24 часа бг“. За минута преземена на страници кај нас-лаги, вести, дискредитации, стартуваат по нарачка, од ботови, скришни или бугарски страници, а потоа молневито се шират! Координирана и скапа акција! СДСМ сега да си го објасни соопштението полно со навреди, повикувајќи се на „жолти комбиња“ и параноја – додека реално, Македонија и македонските политичари кои ги штитат националните интереси се цел на синхронизиран напад. Ова не е параноја, туку организирана операција против секој што се бори за македонските интереси- СДС да одбере страна“, стои во објавата на Лефков.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања