ТОП

toni-stojance-gruevski

(Видео) Стоначе Ангелов е кловн - јас му станав непријател, а тие кои го осакатија му се пријатели, а Груевски ме сметаше за непријател, вели Михајловски

Актерот и јавна личност Тони Михајловски, во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“, откри детали од своето искуство со врвот на поранешната власт на Никола Груевски.Тој раскажа дека уште во 2007 година побарал работа преку тогашната министерка Елизабета Канчевска Милоска, но одговор добил дури седум години подоцна.„Ми рече: 'Да го прашам шефот.' Шефот – Никола Груевски. И 2013 година ми стигна одговорот. Седум години Груевски не ѝ одговарал дали да ме вработат или не.“Михајловски истакна дека низ годините не се пронашол ниту со Љупчо Георгиевски, првиот премиер по независноста.„Мислењето за Љупчо денес? Катастрофа. Не можам да прифатам дека сум стоел зад него, дека сум му верувал. Болно е. Тоа е патологија.“Според него, и Никола Груевски подоцна го перципирал како непријател, но никогаш не се обидел директно да провери зошто.„На протест, он самиот ми вели: 'Тони, мене цело време ми кажуваа дека си ми непријател'. Го прашав – добро, дали некој од тие што ти кажувале е тука, до тебе?“Михајловски беше посебно остар и кон Стојанче Ангелов, актуелен директор на Дирекцијата за заштита и спасување.„Кловн. Шут. Таков политички ролеркостер нема. Јас му станав непријател, и ми е драго што сум. Тие што му ги одземаа органите и го осакатија – тие му се пријатели. Па што да будем? Директор да будем?“, рече Михајловски.Во разговорот, Михајловски не ја криеше својата разочараност од луѓето што некогаш ги поддржувал, ниту од политичкиот систем што, како што вели, го третирал како непријател додека „вистинските непријатели на народот“ биле наградувани.Цел поткаст:

Студио | пред 6 месеци

Protesti-ukraina

(Видео) Ја ограничува автономијата на антикорупционерите - Зеленски потпиша контроверзен закон, избувнаа најголемите протести од почетокот на војната

Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централно значење за спроведување на реформите, потег што Брисел го оцени како „сериозен чекор назад“ и изрази „длабока загриженост“.Борбата против ендемската корупција е услов за Киев да се приклучи на Европската Унија, како и обезбедување милијарди долари помош од Западот. Независните истражители ги посрамотија високите функционери со обвинувања за корупција во последните месеци.Амандманите усвоени вчера му даваат на генералниот обвинител, кој го назначува претседателот, строга контрола врз Националното биро за борба против корупцијата на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (НАБУ и САПО), изјавија неколку пратеници.Зеленски го потпиша законот синоќаГласањето предизвика остри критики од раководителите на обете агенции и од високи европски претставници и предизвика најголеми јавни протести од руската инвазија во 2022 година.Илјадници демонстранти се собраа синоќа во Киев, Лвов, Днепар и Одеса за да се спротивстават на новиот закон. И покрај барањата на граѓаните Володимир Зеленски да стави вето на законот, претседателот го потпиша законот синоќа додека протестите траеја. Споредби со Јанукович„Ако не стави вето, тоа е плукање во лицето на секоја мајка, жена и дете што изгубило близок на фронтот. Тоа е газење врз споменот на сите оние што загинаа за нашата слобода, достоинство и независност“, изјави 40-годишната адвокатка Марина за Киев Индепендент.„Денес во суштина се враќаме на 16 јануари 2014 година - време кога нашата земја се соочи со заканата од диктатура“, продолжи таа, осврнувајќи се на денот кога украинскиот парламент, предводен од тогашниот претседател Виктор Јанукович, донесе закони со кои се забрануваат масовните протести и слободата на говорот за време на револуцијата на Евромајдан.Јанукович беше соборен од власт по нешто повеќе од еден месец. „За жал, ова сега се случува повторно, без никакво објаснување за јавноста. И сето ова се случува во услови на вонредна состојба, кога многу граѓани не се во можност да ги заштитат своите права“, изјави Марина.Двајца претставници на НАБУ беа уапсени во понеделник поради наводни врски со РусијаРуслан Кравченко, главниот обвинител на Украина, кој е лојален на Зеленски, сега ќе може да ги префрли истрагите за корупција на потенцијално попослушни истражители. Во своето обраќање синоќа, Зеленски ја критикуваше ефикасноста на антикорупциската инфраструктура на Украина, велејќи дека случаите „лежат неактивни“.„Нема рационално објаснување зошто кривични постапки вредни милијарди „висат“ со години“, предупреди тој. Тој додаде дека главниот обвинител ќе обезбеди „неизбежни казни“ за оние што го прекршиле законот.Гласањето за новиот закон се одржа само еден ден откако агенцијата за внатрешна безбедност на Киев уапси двајца службеници на НАБУ под сомнение за врски со Русија и спроведе обемни претреси на вработените во агенцијата од други причини.Шефот на НАБУ, Семен Кривонос, го повика Зеленски да не го потпишува забрзаниот закон, кој го опиша како обид за „уништување“ на антикорупциската инфраструктура на Украина.Предупредување од БриселКомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, напиша на X Network дека е „сериозно загрижена“ од развојот на настаните. „Укинувањето на клучните заштитни мерки што ја штитат независноста на НАБУ е сериозен чекор назад“, предупреди таа, потсетувајќи дека владеењето на правото е во „самото срце“ на преговорите за пристапување со Унијата.НАБУ и САПО беа основани по револуцијата на Мајдан во 2014 година, со која беше соборен прорускиот претседател, а Киев се сврте кон Западот. Двете агенции ја засилија својата работа за време на војната, поднесувајќи обвиненија против пратеници, министри и поранешен заменик-началник на администрацијата.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-23-at-09.05.42

Полупразни плажи и високи цени: Црногорскиот туризам под сенка на скапотија и празни апартмани

Иако календарски сме веќе при крајот на јули, туристичката сезона на црногорското приморје сè уште не доби вистински замав. Полупразни плажи, речиси напуштени градини на кафеани и ресторани, и повеќе од 50 отсто слободни соби и апартмани во приватното сместување ја враќаат сликата на деновите од пандемијата, известува Nova.rs.Но, и покрај слабиот интерес на туристите, цените не паѓаат. Веста дека во Пржно – блиску до Свети Стефан – изнајмување лежалка чини и до 200 евра предизвика бурни реакции. На градските плажи, пак, цените се движат од 15 до 120 евра, а приватен апартман чини меѓу 40 и 90 евра – зависно од локацијата и капацитетот.Иако низ улиците се слушаат разни странски јазици – италијански, германски, шпански – а во градовите постојано има Руси, Украинци и Турци, локалните жители велат дека ги чекаат само Србите.„Гостите од Србија трошат сè што ќе донесат, не жалат пари, а другите се штедливи. Немаме дури ни оние ’парадајз туристи’. Цените треба итно да се намалат, можеби август ќе не спаси“, вели Милјана, сопственичка на козметички салон во Будва.Најскапо е – на плажа. За еднодневен престој на четиричлено семејство, потребни се најмалку 50 евра, дури и ако останат само неколку часа. Во делови каде што има лежалки – распостилање сопствен пешкир е забрането. Цените на кафе, пијалаци и храна се и до трипати повисоки од оние во внатрешноста на градот. Сладоледот, исто така, чини двојно или тројно повеќе од оној во маркет.Изнајмувачите, особено оние кои нудат приватен сместувач, велат дека оваа година едвај ги покриваат трошоците.„Се потпиравме на гости од Србија и Босна. Им ги намаливме цените до крај, но под тоа веќе не можеме – трошоците се огромни“, вели Драган Поповиќ, кој изнајмува апартмани во близина на Петровац. „Туристите од другите земји доаѓаат за три дена и си одат. Не оставаат ни бакшиш.“Додека Грција станува попривлечна дестинација поради попристапните цени и понуда, во Црна Гора се зголемува бројот на незадоволни угостители кои стравуваат од финансиски крах.Црногорското приморје во моментов живее во туристичка неизвесност. Цените се европски, но интересот е подпросечен, а стравот од празни маси и непродадени лежалки расте. Останува надежта дека август ќе донесе барем дел од очекуваната сезона.

Свет | пред 6 месеци

bujar-izet

Изет ќе се судри со Бујар во Чаир?

Се уште непотврдени, но многу сериозни најави велат дека Општина Чаир ќе биде епицентар на албанскиот политички судир на претстојните локални избори. Според неофицијални информации, се подготвува директна изборна пресметка помеѓу Бујар Османи (ДУИ) и Изет Меџити (ВЛЕН)Кандидатурата на Бујар Османи веќе е потврдена, а со себе носи партиска поддршка, дипломатски капитал и искуство на високи државни функции, последно како министер за надворешни работи. За разлика од него, Изет Меџити сè уште не ја потврдил официјално својата кандидатура, но внатрепартиските извори велат дека одлуката е речиси донесена. Ако настапи, ќе значи враќање на теренот каде што тој остави силен локален белег – како поранешен градоначалник и моментален прв заменик премиер.Изборната трка во Чаир би можела да прерасне во најава на поширока пресметка за влијанието во албанскиот политички блок, особено по последните тензии и поделби меѓу ДУИ и ВЛЕН. Два силни табора, со изразена инфраструктура и мобилизирана база, ќе се борат за довербата на граѓаните.Чаир не е само локална битка – туку показател за пошироката политичка матрица во земјава. Очекувањата се дека оваа трка ќе биде една од најжестоките и најнабљудуваните на локалните избори 2025.

Скопје | пред 6 месеци

Gumi

Стојанче Ангелов: „Спречен пиромански план во срцето на Осогово“

Благодарение на навремената интервенција на шумочуварите, спречен е уште еден обид за подметнување шумски пожар во тешко пристапен дел од Осоговските Планини, објави дирекоторот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во месноста Алтн Врв, на над 2000 метри надморска височина, биле пронајдени гуми, суви гранки и запалив материјал – сè внимателно подготвено за потпалување.-СПРЕЧЕН УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАРВчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума.Голема благодарност до Шумочуварската служба на Национални шуми.Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.

Македонија | пред 6 месеци

ana-cupeska

Професорката Чупеска прашува: До кога македонското прашање ќе биде месо за гладните волци ?!

Во моменти кога повторно се отвораат прашања поврзани со идентитетот, дел од јавноста остро реагира – предупредувајќи дека темата се злоупотребува за политички поени и дефокус. Меѓу нив е и професорката по политички науки Ана Чупеска, која прашува: „Може ли од Владата да ни објаснат зошто на тацна повторно сервираат затворени идентитетски оспорувања?“Може ли од Владата да ни објаснат зошто на тацна повторно сервираат затворени идентитетски оспорувања ?!До кога македонското прашање ќе биде месо за гладните волци ?!Се чини дека,на квази патриотите македонското прашање, секогаш им станува лесна тема - за да ги сокријат своите вистински намери :1. саботирање на стратешките државни интереси2. ова е параван и инструмент за дефокус од неспособноста да се однесуваат во согласнот со државните интереси

Македонија | пред 6 месеци

38892_ap25036642593673_utv

Почина Ози Озборн: Познат музичар почина на 77-годишна возраст

Во соопштението од семејството се наведува: „Со повеќе тага отколку што зборовите можат да пренесат, мораме да ве известиме дека нашиот сакан Ози почина утринава. Беше со семејството и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на нашето семејство во овој момент“, пренесува Би-Би-Си.Само неколку недели претходно, Ози одржа проштален концерт на стадионот Вила Парк во Бирмингем, градот во кој ја започна својата музичка кариера. Тогаш им порача на присутните: „Немате поим како се чувствувам – ви благодарам од сè срце“.На тој концерт, кој беше наречен негов „последен поклон“, настапија и неговите музички фаворити – Металика и Ганс ен Роузес.

Свет | пред 6 месеци

20180506_040611-1

Петгодишно дете питачи со таткото – пријава за запуштање и малтретирање

Маж од Скопје (30) е кривично пријавен поради сомнение за запуштање и малтретирање на дете. На 10 јули во Дебар, полицијата го затекнала додека питачел на улица заедно со неговата петгодишна ќерка.Повикани биле Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, а лицето било веднаш приведено. Случајот е процесуиран со кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-43-3810PM

Повреден тинејџер од одбиени куршуми на семејна веселба во Кичево

Шеснаесетгодишно момче од селото Стрелци е повредено откако куршуми испукани од пиштол на семејна веселба се одбиле од подот и го погодиле. Настанот се случил на 22 јули околу 02:30 часот во селото Трапчин Дол, Кичево.Полицијата приведе двајца мажи, Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52), а повреденото момче било пренесено во Општата болница во Кичево.Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 6 месеци

viber_image_2025-07-22_14-01-48-154

(Видео) Гореше куќа во Кочани, спречена е катастрофа!

Куќа се запали во Кочани, а брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објавни снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила. Неофицијално, пожарот е локализиран и е спречено да се прошири на околните објекти.Досега, нема информации за повредени лица. На снимката се слуша паника меѓу луѓето кои се во непосредна близина.Детали се очекуваат од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

akropol

Топлотен бран ги погоди Грција и Турција, затворени најголемите туристички атракции

Грција и Турција се погодени од силен топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во текот на денот.Температурите се веќе над 30 степени наутро, а ноќите исто така не се пријатни. Властите предупредија дека условите ќе се влошат и очекуваат да бидат уште полоши во четврток и петок.Грција воведе забрана за секаква работа на отворено во текот на најжешкиот дел од денот за да ги заштити ранливите работници, вклучително и во градежништвото, земјоделството и испораката. Само возачите на достава во климатизирани возила смеат да работат.Температури до 45 степениТуризмот е исто така погоден. Акрополот во Атина редовно е затворен во најжешкиот дел од денот за да се заштитат посетителите и вработените од топлотен удар и проблеми со циркулацијата.Турската метеоролошка служба издаде предупредување поради екстремна топлина што ќе трае до петок. Во Дијарбаркир, на југоистокот од земјата, се очекува температурите да достигнат 45 степени, а во Анталија и по должината на егејскиот брег околу 40.Властите ги повикаа граѓаните, особено децата и постарите лица, да остануваат дома за да ги избегнат здравствените ризици поврзани со жештината.фото: Unsplash

Балкан | пред 6 месеци

ojo-1

36 обвинети за поткуп и злоупотреба при доделување на инвалидски пензии и права на туѓа нега – лекари, адвокат и службеници дел од две криминални групи

По спроведена истражна постапка започната кон крајот на април 2024 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за сериозни злоупотреби во процесот на доделување на права за туѓа нега и инвалидска пензија.Според обвинението, две организирани криминални групи во текот на 2023 и почетокот на 2024 година посредувале и незаконски овозможувале стекнување на овие права во замена за пари – од 150 до 5000 евра, во зависност од типот и времетраењето на правото што се "обезбедувало".Во мрежата биле вклучени лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи, кои со злоупотреба на својата службена положба и реално влијание издавале лажни медицински мислења и одлуки, со што грубо ги заобиколувале законските одредби.Распределба на обвиненијата:10 лица се обвинети за злосторничко здружување, давање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.5 лица се товарат за злосторничко здружување и примање поткуп.2 лица – за злосторничко здружување и примање награда за противзаконито влијание.19 лица се обвинети за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание.Спогодби и пресуди:Досега, 13 обвинети склучиле спогодби со Обвинителството, по што Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди:Првообвинетата доби 3 години и 6 месеци затвор и ѝ беше одземена противправно стекната добивка од 15.000 евра.За другите 12 обвинети беа изречени условни казни затвор од 1 до 2 години, со рок на испит од 3 до 5 години.На неколкумина им беше одземена имотна корист – 36.520 денари надоместок за туѓа нега, 2.360 евра и 81.000 денари стекнати со извршување на делото.Барања до судот:Обвинителството предложи продолжување на веќе изречените мерки за обезбедување:Притвор за 5 лицаКуќен притвор за 5 лицаМерки на претпазливост за останатите обвинети„Станува збор за сериозна коруптивна шема која ја поткопува довербата во системот на социјална заштита и нанесува штета и на државниот буџет и на граѓаните кои навистина имаат потреба од овие права“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Седум пожари се активни, четири под контрола, четири изгаснати, состојба со пожарите во Македонија

Во земјава денеска до 13 часот, се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, седум пожари се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати, соопштија надлежните.Активните пожари се наоѓаат во општините Василево, Радовиш, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Желино, Демир Капија и Липково. Тие се во различни типови на вегетација, од нискостеблести шуми и смрека до грмушки и трска.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Ресен и Прилеп, додека во Дојран, Гостивар, Велес и Куманово целосно се изгаснати пожари кои зафаќале различни видови шума и ниска вегетација.Надлежните продолжуваат да работат на гасење и превенција, при што апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да пријавуваат секој забележан пожар.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-04-0670PM

Едногодишно дете од Липково хоспитализирано поради труење со лекови – полицијата ја истражува инцидентната ситуација

Едногодишно дете од селото Отља во Општина Липково било хоспитализирано поради сомнително труење со лекови, информира Секторот за внатрешни работи Куманово. Медицинскиот персонал од Општата болница Куманово го пријавил случајот вчера во 18:31 часот.Полицијата го спровела разговорот со лекарот и родителите на детето, а за настанот бил известен и јавниот обвинител.Од СВР Куманово посочуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расветлување на случајот и утврдување на точните околности на труењето.фото: архова/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec

Лишен од слобода кавадарчанец, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Полициски службеници од Кавадарци лишија од слобода маж кој управувал возило под влијание на алкохол откако предизвика сообраќајна незгода со друго возило во градот.-На 21.07.2025 во 21.15 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.С.(29) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода во која учествувал тој со патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31) од Кавадарци, било утврдено дека управувал возило по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Р.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања