ТОП

telohranitel

Бодигардот на премиерот Мицкоски се изјасни за невин во случајот за оддавање службена тајна

Поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски и припадник на Шестата управа на МВР, Ангел Самараков, денеска се појави пред Кривичниот суд во Скопје како обвинет за оддавање службена тајна на Благоја Коруноски, кој во постапката има статус на сведок.На прашањето од судијата дали се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, Самараков кратко одговори: „Не сум виновен.“Во воведниот говор, обвинителката Ивана Трајчева најави дека обвинителството ќе докаже дека на 30 март 2025 година, околу 23 часот, на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес, Самараков, како вработен во МВР, му предал на Коруноски документи од класифицирана природа, достапни во МВР, со цел да бидат објавени на социјалните мрежи.„За тоа обвинетиот Самараков требало да прибави од лицето Лелита Трајковска Миленкова износ од 50 илјади евра. Со тоа му се става на товар дека сторил кривично дело оддавање службена тајна по член 360 став 2 во врска со став 1“, изјави Трајчева.Адвокатот на Самараков, Ивица Ефремов, истакна дека обвинителството користи докази кои биле прибавени на незаконит начин.„Нашата одбрана ќе биде насочена кон тоа што Обвинителството користи докази што незаконски ги прибавиле и не може да се предмет на докажување во кривична постапка. Ќе ве увериме дека доказите што ги приложува Обвинителството немаат својство на службена тајна и воопшто не постои елементот на користољубие“, рече Ефремов.Поради отсуство на сведокот Благоја Коруноски, кој не се наоѓа во државата, неговото сведочење е одложено за август. На рочиштето се најавува прикажување на две видео-снимки – една од критичната вечер и една од друг временски период.Обвинителството приложи и материјални докази, меѓу кои се вештачени мобилни телефони, лаптоп и хард дискови.Во судницата присуствуваше и сопругата на обвинетиот, Сања Самаракова, поранешна кандидатка за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Велес. Самараков е вработен во МВР од 2015 година, нема претходни пресуди и е дипломиран правник со положен правосуден испит.

Скопје | пред 6 месеци

UNI-Leipzig

Шеријатот полека се воведува на германските универзитети, експертите предуваат на нов сериозен проблем

Германските универзитети сè повеќе пријавуваат активности на сомнителни студентски исламски групи кои ги користат универзитетските простори и ресурси за активности водени од шеријатските правила, вклучувајќи строга родова сегрегација и гостувања на салафистички говорници.Најпознатиот случај доаѓа од светски познатата берлинска клиника „Шарите“, каде што на исламистичката студентска група „МедИслам Колектив“ ѝ беше забрането да одржува какви било активности на кампусот. Причината е што предавањата се одржувале во салите на клиниката со строга одвоеност на мажи и жени, пишува БИЛД.Групата тврди дека разделбата не била задолжителна и покрена петиција против универзитетската администрација, обвинувајќи ја за „антимуслимански расизам“ и „структурна дискриминација“.Поранешниот студент на „Шарите“ и познат вирусолог Јонас Шмит-Ханасит истакнува дека „универзитетите не се места за религиозни паралелни општества“ и дека оваа практика станува политички проблем.Сè повеќе родители веруваат дека во германските училишта постои страв од исламот и дека дури и католичките деца се преобраќаат во ислам од страв од насилни муслимански ученици.Германските универзитети предупредуваат за овој проблем, бидејќи случаи се појавуваат низ цела Германија:Кил: Универзитетот го поништи признавањето на „Исламската студентска група“ (IHG) откако нивните предавања вклучуваа и родова сегрегација.Берлин (FU): Групата FURSA организираше настани со строга поделба на публиката по пол. Беа доделени и награди, меѓу кои и книги од салафистичкиот научник Ибн Кајим.Брауншвајг: „Сојузот на муслимански студенти“ беше прикажан во Москва каде што жените беа целосно одвоени и не беа прикажани свртени кон камерата.Зиген: Исламска група организираше предавање со посебно обележани влезови за мажи и жени. Универзитетот тврди дека не бил свесен за сегрегацијата и најавува построги контроли.Тибинген: Во студентскиот дом на Евангелистите се одржа предавање на тема „Обликување на срцето“, повторно со одвоени мажи и жени.Историчарот проф. Михаел Волфсон се прашува каде води ова: „Кон одделни базени, училишта, кина, ресторани, театри?“Тој заклучува дека овој вид скриена родова сегрегација претставува „цивилизациски и културен чекор назад“.

Свет | пред 6 месеци

apasiev

Левица обвинува: ДПМНЕ ја продава историјата и јазикот за европски аплаузи

Левица повикува македонските институции јасно да стават до знаење дека нема да прифатат никакви заеднички иницијативи со Бугарија кои го доведуваат во прашање македонскиот јазик, историја и идентитет. Наместо да се вплеткува во дипломатски стапици, Владата треба веднаш да ја прекине комуникацијата со Софија за овие прашања, смета Левица.„Однародената ДПМНЕ ја прифаќа играта на големобугарските империјалисти и го става на маса македонскиот идентитет и јазик инсистирајќи на заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со што фактички се согласува да ги проблематизира овие носечки столбови на македонската државност и самобитност. Дезориентираната надворешна политика на Муцунски овие непобитни ставки ги доведува во позиција да станат предмет на договор, со што македонскиот народ и држава ги става пред повторно склучување компромис околу суштински прашања како при Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.Наместо цврсто да стои на ставот дека македонскиот јазик и идентитет (одамна признаени од ОН и научната јавност) се неспорни, МНР се надоврзува на срамната Резолуција на Европскиот парламент со обид за нејзина практична имплементација, токму она што Софија со нетрпение го очекува. Заедничка резолуција со земја која со децении ги негира нашите основни права и има иредентистички аспирации значи прифаќање на услови кои директно го поткопуваат македонското самоопределување.Благодарение на однародени и бизнис-ориентирани политичари, Република Македонија, која веќе го смени знамето и уставното име под странски диктат – со ДПМНЕ е на пат да стане првата држава што ќе го доведе под прашање и сопствениот службен јазик.Не помина многу време од кога Мицкоски хистерично тврдеше дека ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата и македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи.Денес, истиот тој си ги гази зборовите и ја претвора Република Македонија во услужен сервис на Софија.На дело гледаме како “патриотите” од ДПМНЕ, штом седнаа во фотелјите на власт, не само што го продолжија курсот на капитулација на нивните претходници од СДС, туку и го продлабочуваат. Со ДПМНЕ на власт, Македонија уште побрзо се претвора во држава без став и кичма, која тргува со историјата и идентитетот за неколку тапкања по рамо од странство”, вели Левица.

Македонија | пред 6 месеци

fontana

Пеколно лето во Македонија: Во петок до 45 степени, од понеделник драстично заладување со дождови, ќе биде под 30 степени

Македонија ја очекуваат уште неколку дена екстремна горештина, со температури што ќе достигнат до 45°C, што ќе биде најтоплата точка на летото. Временската промена ќе настапи по викендот, со дождови и значително заладување.Од среда, 23 јули, до недела, 27 јули, се најавува стабилно, суво и исклучително жешко време. Утринските температури ќе се движат околу 20°C, додека дневните максимални ќе растат од 41°C во среда, 43°C во четврток, до рекордни 45°C во петок, 25 јули. Високите температури ќе продолжат и за време на викендот, кога во сабота ќе се измери 44°C, а во недела малку поподносливи 41°C.Промената ќе настапи во понеделник, 28 јули, кога се очекуваат локални врнежи и опаѓање на дневната температура до 35°C. Во вторник, 29 јули, дождовите ќе продолжат, а максималната температура ќе падне на 28°C, што ќе биде првпат по долго време под 30 степени.Граѓаните се советуваат да внимаваат на здравјето, да избегнуваат престој на сонце во најжешките часови и да внесуваат доволно течности, особено до крајот на неделата кога топлотниот бран ќе биде најинтензивен.фото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

brod-makarska

(ВИДЕО) Се запалил туристички брод во Макарска, има повредени!

Утринава се запалил туристички брод во Маккарска.Пожарот избувнал во кујната околу 8:20 часот наутро, за среча бил локализиран многу брзо. Во тек е увид на лице место.-Две лица се повредени во пожар на туристички брод во Макарска, потврдила Сплитско-далматинската полиција за 24sata.hr.На бродот имало туристи, а медицинска помош побарале членовите на екипажот, хрватски државјани.фото: Читател на 24sata.hr

Балкан | пред 6 месеци

JOve-Kekenovski

Кекеновски: ДКСК пред етички колапс – претседателката обвинета, а сè уште на функција и со плата

Професорот Јове Кекеновски остро реагира на одбивањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата да поднесе оставка, и покрај тоа што против неа се води постапка за сериозни злоупотреби. Во објава на социјалните мрежи, тој предупредува дека институцијата се соочува со длабока етичка и институционална криза, и оти доколку остане на функцијата, ДКСК ќе стане „симбол на иронија“ – антикорупциско тело компромитирано од сопствениот врв. Посочува и дека, иако има судска мерка за забрана на пристап до документи, таа продолжува да прима плата, што, како што вели, го поткопува јавниот морал и принципот на отчетност.ДКСК ПРЕД ЕТИЧКИ КОЛАПСДоколку обвинетата претседателката на ДКСК не си поднесе оставка тоа значи дека во иднина ДКСК ќе стане симбол на иронија – антикорупциска институција компромитирана од сопствениот раководен кадар, обвинет за сериозни злоупотреби.Ова не е само формално противречие, туку длабока институционална криза. Антикорупциско тело мора да биде морална и етичка вертикала во општеството. Кога претседателот е под сомнение за извршении кривични дела поврзани со злоупотреба на службената позиција како и барање друго лице да го полага тестот за безбедносен сертификат и не прифаќа одговорност и не поднесува оставка тоа знали дека институцијата се претвора во карикатура на својата мисија.Во овој контекст:• Ќе се изгуби довербата на јавноста, која и онака е ниска во институциите.• Ќе се обесмисли секоја идна иницијатива или истрага што доаѓа од ДКСК.• Ќе се создаде преседан – дека и антикорупциските органи можат да функционираат и со компромитиран углед, што е неприфатливо.Особено загрижувачки е што и покрај судската мерка која ѝ забранува пристап до документи и фактичка отсутност од работното место, дотичната продолжува да прима плата. Ова го поткопува и принципот на отчетност, и довербата во институциите.Кога платата станува награда за неработење, а молкот штит од одговорност, се руши самиот темел на јавниот морал.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-22-Jul-2025-08-48-AM-9282

Ахмети, Таравари и Села, здружени за локалната трка

Некогаш во љубов, некогаш раскарани и во прегратки на друг коалициски партнер. За овие локални избори Ахмети, Таравари и Села ќе настапат заеднички за да ги одмерат силите и да покажат кој го има легитимитетот во албанскиот политички блок.Адут за Чаир им е екс министерот за надворешни работи.Во Тетово кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ, а во Желино ќе биде Емир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.Носител на советничката листа во Гостивар ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар, а во Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ во Струга.Во следните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени и кандидатите за останатите општини.,,Од Албанската алијанса, од Зијадин Села очекуваме предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Арачиново и во Дебар, а од Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и за Сарај.ДУИ останува посветена на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес за граѓаните во сите општини. Граѓаните, како на референдум, ќе ја потврдат својата следна победа на овие локални избори“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 6 месеци

centar-gradenje

(ФОТО) Шанса за Центар алармира: Урбан хаос во Дебар Маало – се гради без усул, среде густо населена зона!

Градежен хаос во Дебар Маало – без почитување на соседското право, безбедносните стандарди и мирот на жителите, обвинуваат од иницијативата „Шанса за Центар“. Во објава на социјалните мрежи тие реагираат на тековна градба во близина на градинка, за која велат дека се реализира по стар план од 2012 година, со одобрување од надлежни инспектори и служби. „Устав се менува, ама ДУП никако“, стои во нивната реакција, проследена со фотографии од терен.-Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за соседското право, или безбедноста, спокојот на жителите или на децата од градинката. Ова е сѐ за што локалните власти управувани од партиите викаат дека е по дозвола, по план од 2012, одобрено од инспектори и служби. Вака изгледа кога после 15 год се спроведуваат погрешни планови. И да се потсетиме: Устав се менува, ама ДУП никако, стои во нивната објава.

Скопје | пред 6 месеци

Drach-Albanija

Срцев удар фатален за македонски турист во Албанија, се удавил во близина на Драч!

Македонски државјанин (66), трагично го загуби животот вчера попладне на плажата кај Каваја, во близина на албанскиот град Драч, откако доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето.Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот. Очевидци изјавиле дека мажот се почувствувал лошо и за кусо време потонал во водата. Иако присутните веднаш реагирале и го извлекле тело од морето, а набрзо пристигнала и екипа на итната помош, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.Албанските надлежни органи работат на целосно расветлување на околностите поврзани со оваа трагедија.

Македонија | пред 6 месеци

hrvatska-policija-561346134

Велешанец со БМВ влечел „пинцгауер“ во дефект, сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес, има тројца повредени

Вчера околу 23 часот на регионалниот пат помеѓу Штип и Велес се случи сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а повредени се тројца лица.Во несреќата биле вклучени патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И. (66) од Велес, возило „лада“ од село Башино Село управувано од Л.Б. (31), како и патничко „бмв“ со велешки таблички, кое го управувал Д.М. (31) од Велес. Овој последен автомобил го влечел возилото „пинцгауер“ — модифицирано борбено возило за гаснење пожари, сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување.Во сообраќајката, со тешки телесни повреди се здобија возачот на „тојота“ и неговата сопатничка К.И. (64) од Велес, додека возачот на „бмв“, Д.М., се здобил полесни повреди. Сите повредени се пренесени во Општата болница во Велес.Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Велес.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

AVTOBUS-JSP

Возачка на автобус на ЈСП изгасила пожар во автобус во движење, заврши на Токсикологија

Во раните утрински часови, денеска (21 јули 2025) во 07.16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ избувнал пожар во автобус на ЈСП кој бил во движење.Според пријавеното, огнот го изгасила возачката на автобусот, С.Б., која потоа била пренесена со возило на Итната медицинска помош во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ е укажана лекарска помош.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 6 месеци

klinikimajka-tereza

Дете пронајдено во безсознание во базен во дворот – итно пренесено на Клиника

На 20 јули 2025 година, околу 20.30 часот, во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница „Борка Талески“ е донесено едноиполгодишно дете во безсознание.Според пријавата, родителите С.И. и Б.Т. од село Заполжани, општина Долнени, го пронашле детето во базен во нивниот двор и веднаш го однеле во болница. По укажаната лекарска помош во Прилеп, детето е префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

vesna-janevska

Се проширува инклузивноста во образованието: Од новата учебна година, образовни асистенти и во средните училишта

За првпат, средните училишта во земјава ќе имаат образовни асистенти, откако стапи на сила законското решение кое треба да ја унапреди инклузивноста, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на повикот на СДСМ за ревизија на огласот за ангажирање асистенти.„Ангажирањето не го врши Министерството за образование, туку училиштата во координација со ресурсните центри. Процесот е транспарентен, а самите асистенти се ангажираат на определено време и повторно аплицираат секоја година, во зависност од реалните потреби пријавени од родителите“, се вели во соопштението.Од партијата додаваат дека дел од ресурсните центри биле формирани токму во време на СДСМ и обвинуваат дека партијата повторно отвора чувствителни теми со лажни информации, со цел да предизвика вознемиреност.„СДСМ кој го остави образованието без учебници, сега сака да држи лекции. Наместо тоа, нека научи како се развива образованието и нека го поддржи“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Претходно, СДСМ ја обвини министерката за образование Весна Јаневска дека создала хаос во процесот на ангажирање образовни асистенти, што, според нив, оди на штета на децата со попреченост.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-03-27-at-10.58.51

Претседателката на Антикорупциска не оди на работа – Комисијата не побара оставка

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, подолг период не доаѓа на работа поради мерки изречени од надлежен суд, соопштија денеска од Антикорупциската комисија.Иако е отсутна, од Комисијата не побарале нејзина оставка ниту иницирале постапка за разрешување. Во соопштението се посочува дека поднесувањето оставка е лична одлука и морален чин на самата претседателка, а дека решението за евентуален престанок на функцијата го носи Собранието, согласно Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.„Во интерес на непречено работење и успешно остварување на надлежностите, сметаме дека е исклучително важно Комисијата да функционира во полн состав“, наведуваат оттаму.Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ – за оддавање државна тајна, како и за тоа дека овозможила друго лице да полага за неа безбедносен сертификат.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-53-0220PM

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на 56-годишна возраст од Пожаревац, Република Србија, информираа од СВР Охрид.Случајот бил пријавен во 19:41 часот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.Полицијата продолжува со истражување на случајот за целосно утврдување на сите околности.

Охрид | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања