ТОП

Kire-Mihailov

Михаилов заминува на одмор, неколку дена ќе „паузира“: „Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене“

Директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, како што објави на својот профил на ФБ, по една година непрекината работа без користење одмор, најави дека заминува на неколкудневна пауза по интензивната и исцрпувачка борба со пожарите во струмичкиот регион.ЕКИПО, ОДАМ НА НЕКОЛКУДНЕВНА ПАУЗАИ така веќе една година откако сум назначен за Директор немам користено одмор, па штом незнам редовно, еве тогаш присилно.Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднал на линијата од огнот од вдишување на чад бранејќи ја викендицата на чичко му и беше буквално дезориентиран.Се надевам за кратко и чичко му и братучед му кои останаа на викендицата заобиколени од сите страни од огнот, ќе бидат добри.Морам да се поклонам на дечките од хеликоптерите кои со прецизни фрлања го спречија огнот да дојде до нас, а уште повеќе на дечките од МВР Струмица и специјалната единица со пинцгауерите кои заедно лично со командирот Никола на СВР Струмица го направија буквално невозможното.Браво дечки, поклон!И само да знаете почитувани мои пријатели, воопшто не жалам што сум овде, туку жалам за тоа што после 5 дена лавовска битка, денеска конечно оганот ни излезе од контрола и влезе на територијата на општина Радовиш!За кратко се гледаме повторно онаму каде ќе бидам најпотребен, рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло, за арно и убаво.Да сте ми живи, здрави и среќни сите,а нашата МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна!

Македонија | пред 6 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Бензинот поевтинува, дизелот без промена - мали корекции кај цените на горивата

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се намалуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета. Намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Според новата одлука, што стапува на сила од 22 јули 2025 година, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42% во однос на претходната одлука.Новите максимални цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,00 денари/литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,00 денари/литарЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,50 денари/литарЕкстра лесно масло (ЕЛ-1) – 71,00 денари/литарМазут М-1 НС – 40,158 денари/килограмЦената на мазутот е намалена за 0,314 денари по килограм, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство не претрпеа промени.РКЕ појаснува дека трговците можат да ги формираат цените и под утврдените максимуми, доколку имаат простор за тоа.Промените се резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсната разлика на денарот во однос на доларот.

Македонија | пред 6 месеци

bugarija-granica

Историска заплена на кокаин на „Капитан Андреево“ – запленети 206 килограми, осомничени дипломат од Конго, Белгиец и Бугарин

На граничниот премин „Капитан Андреево“, на бугарско-турската граница, бугарските власти открија и запленија 206 килограми кокаин, сокриени во пет куфери во комбе со белгиски регистарски таблички. Според бугарските медиуми, ова е најголемата заплена на кокаин досега регистрирана во земјата.Комбето го управувал 43-годишен бугарски државјанин, а со него биле уште двајца осомничени – дипломат од Демократска Република Конго и 54-годишен државјанин на Белгија. Кокаинот, чија пазарна вредност се проценува на околу 20 милиони евра, бил скриен меѓу лични предмети.Бугарското Обвинителство потврди дека за случајот е отворена меѓународна истрага со вклучување на агенции од земји членки на Европската унија. Граничниот премин „Капитан Андреево“ одамна важи за една од клучните точки на балканската рута за шверц на кокаин кон Западна Европа.Окружниот обвинител Иван Стојанов изјави дека тројцата уапсени се соочуваат со казна затвор до 20 години.

Свет | пред 6 месеци

vozila-granica

(Видео) Долги колони и чекање на Богородица и Евзони: За влез во Грција се чека и по три часа

Долги колони возила и значителни задржувања се бележат денеска на граничниот премин Богородица, како и на грчкиот Евзони, каде што за влез во Грција се чека и по повеќе од три часа.Според информации од возачи кои се наоѓаат на граничниот премин, задржувањата на македонска страна изнесуваат околу 45 минути, додека најголемите гужви се на грчка страна, каде колоните се движат бавно, а чекањето достигнува и по повеќе од два часа.Големиот метеж е резултат на засилен туристички сообраќај кон летувалиштата во Грција, типичен за викендите и за време на годишните одмори. Освен македонски граѓани, на граничниот премин се присутни и бројни туристи соседството.

Македонија | пред 6 месеци

brza-pomos-nokje-3

Тринаесетгодишно девојче претепано од татко ѝ и брат ѝ – заврши во болница

Тринаесетгодишно девојче од радовишко заврши со телесни повреди откако, според нејзините искази, била нападната од сопствениот татко и брат. Инцидентот се случил на 20 јули, а случајот бил пријавен во 04:25 часот по интервенција на Итната медицинска помош во Радовиш.Лекарите пријавиле дека девојчето побарало лекарска помош со видливи повреди, за кои изјавила дека ѝ биле нанесени од нејзиниот татко И.А. (46) и брат А.А. (21). По пријавата, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода двете лица.За случајот веднаш бил известен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а разговор со малолетната жртва извршил стручен работник од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш.Полицијата информира дека се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава против осомничените.

Македонија | пред 6 месеци

sonce

Екстремно топол бран неделава! Температурите над 40 степени

Неделава почнува екстремн топлиот бран, со многу високи температури. Најсвежо ова утро е во Берово со измерена најниска минимална температура на воздухот од 12 степени.Од УХМР соопштија дека денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападенправец.-Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 40 степени, соопштија од УХМР.Прогнозата до сабота пак е со уште повисоки температури.-Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:- Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C- Полошкиот регион од 32 до 38°C- Пелагонија 38 до 40°C- Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 42°Cфото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4172

Најмалку 116 мртви во нов крвав ден во Газа – меѓу нив и гладни цивили што чекале помош

Најмалку 116 лица загинаа во неделата во нов напад во Појасот Газа, откако израелските сили отвориле оган и извршиле гранатирање врз Палестинци кои се обидувале да дојдат до хуманитарна помош, соопшти Цивилната заштита во Газа. Според нивните податоци, само во неделниот инцидент загинале 93 лица, а бројот на повредени е значително поголем.Очевидци сведочат дека израелски тенкови пукале „неселективно“ врз луѓето. Еден од нив изјавил: „Прашањето е: дали да го носите ранетиот за да го спасите, или вреќа брашно за да го нахраните семејството?“Светската програма за храна (WFP) соопшти дека нејзини тимови биле сведоци на „огромни толпи гладни цивили врз кои било пукано“ во областа Зиким, во обид да стигнат до помош.Израелската армија, на прашање од новинската агенција АФП, го негираше извештајот од Цивилната заштита и тврди дека нејзините сили отвориле „предупредувачки оган“ како реакција на „непосредна закана“ поради собирањето на илјадници лица во зоната на ризик.Додека хуманитарната криза се продлабочува, Обединетите нации и повеќе меѓународни организации алармираат за сè поочигледниот ризик од масовен глад во Газа, особено меѓу најранливите. Цивилната заштита информираше дека во последните денови е регистрирано зголемување на бројот на смртни случаи кај доенчиња и новороденчиња – само минатата недела починале најмалку три деца поради глад и екстремна неухранетост.

Свет | пред 6 месеци

alpi

Трагедија на Алпите: Британка загина на рафтинг

На Француските Алпи се случи трагедија во која британска државјанка го загуби животот на рафтинг. Несреќата се случила во саботата кратко попладне на реката Гисан во близина на Бријансон, во југоисточна Франција.Како што потврди регионалната обвинителка Марион Лозахмер за француската агенција АФП, жената паднала од сплавот за време на спуштањето. Британката била дел од организирана туристичка тура и паднала од чамецот на предизвикувачкиот дел од реката познат како "the wallet", објави локалниот весник „Ле Дофин“. Идентитетот на починатата жена не е објавен.Драматично спасување и трагичен крајСпоред извештаите на локалните медиуми, спасувачите ја пронашле на брегот на реката, по што таа била итно префрлена со хеликоптер во блиската болница во сериозна состојба. За жал, и покрај напорите на лекарите, не можеше да ѝ се помогне. „Жената за жал почина“, потврди обвинителот Лозахмер. Смртта на британската државјанка ја потврди и Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, кое објави дека е во контакт со француските власти.Покрената истрагаОбвинителството започна истрага за сомнение за убиство од небрежност, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додаде Лозахмер.Црн биланс на алпските рекиОва е втора ваква трагедија во оваа област во изминатата година. Минатиот јуни, британски кајакар го загуби животот на реката Дуранс, исто така во близина на Бријансон. Несреќата се случила по период на брзо топење на снегот, што ја направило реката особено опасна. Во тој инцидент уште две лица беа спасени без повреди.Реките Гисан и Дуранс се исклучително популарни меѓу ентузијастите за водни спортови. Тие се полнат со вода од глечерите и снегот што се топи напролет, создавајќи предизвикувачки брзаци. Сепак, како што е наведено на официјалната веб-страница на Бријансон, поради нивото на водата, тие обично се погодни за навигација само два до три месеци во текот на почетокот на летото, што ги прави подеднакво привлечни и непредвидливи.фото: Unsplash

Свет | пред 6 месеци

kulafkova

„Македонскиот јазик не се става на гласање!“ – предупредува проф. Ќулафкова

Во врска со предлогот на Антонио Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за потврда на македонскиот идентитет и јазик, проф. д-р Катица Ќулафкова реагира со остро несогласување. Таа смета дека таквиот чекор е крајно неодговорен и претставува „еден вид руски рулет за Македонија“, бидејќи македонскиот јазик е веќе признат факт во науката, политиката и културата.

Македонија | пред 6 месеци

helikopter-Vasilevo

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер и во струмичко

Полициски хеликоптер Бел‑412 од Одделот за воздухопловни единици изведе повеќе прецизни налети над пожарот кај с. Нивичино, општина Василево. Со маневри на само неколку метри од патот и објектите, екипажот обезбеди безбеден коридор за доброволците и жителите, овозможувајќи нивна евакуација и повлекување на сигурен терен.-Полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с. Нивичино. Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен, се наведува во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 месеци

Fito

Моќен еквадорски нарко-бос поврзан и со криминалци на Балканот екстрадиран во САД

Водачот на еквадорската банда Адолфо Масијас Виљамар, познат по прекарот Фито, е екстрадиран во САД, каде што ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога и оружје. Масијас беше повторно уапсен во јуни, речиси една година откако избега од затвор со максимална безбедност, каде што отслужуваше 34-годишна казна за низа кривични дела.Kако што изјави неговиот адвокат за Ројтерс, Фито денес ќе се појави пред федералниот суд во САД, каде што ќе се изјасни за невин по меѓународните обвиненија за шверц со дрога и оружје.Oсомничен e за нарачување на убиството на претседателски кандидат во 2023 годинаМасијас беше водач на бандата Лос Чонерос, која има врски со моќни криминални организации од Мексико и Балканот. Тој е осомничен и за нарачување на убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Виљавиченсио во 2023 година.Бандата Лос Чонерос е обвинета од многумина дека го претворила Еквадор од туристичка дестинација во една од земјите со највисока стапка на убиства во регионот.Денес, повеќе од 70 проценти од светското производство на кокаин поминува низ еквадорските пристаништа. Земјата се наоѓа помеѓу Колумбија и Перу, двата најголеми извозници на кокаин во светот. Во јуни, полицијата го лоцираше Масијас во она што го опиша како подземен бункер под луксузна вила во градот Манта. По апсењето, тој беше префрлен во затворот Ла Рока, објект со максимална безбедност. Во тоа време, еквадорскиот претседател Даниел Нобоа ги пофали безбедносните сили за неговото апсење и најави дека ќе биде екстрадиран во САД. Еквадорската затворска администрација (SNAI) објави дека Масијас бил изнесен од затвор вчера наутро и предаден на американските власти.„Тој ќе се изјасни за невин“„Масијас и јас ќе се појавиме утре пред федералниот суд во Бруклин, каде што тој ќе се изјасни за невин“, изјави вчера за Ројтерс неговиот адвокат, Алексеј Шахт. „После тоа, тој ќе биде пренесен во затвор што сè уште не е утврден.“Граѓаните на Еквадор гласаа на референдум за дозвола за екстрадиција на нивните граѓани, по иницијатива на претседателот Нобоа, кој најави решителна борба против зголемената стапка на криминал. Во март оваа година, Нобоа во интервју за Би-Би-Си изјави дека сака армиите на САД, Европа и Бразил да му се придружат во војната против криминалните банди.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-20-at-13.44.11

(Видео) Успешна спасувачка акција на Пелистер: Повреден планинар евакуиран од непристапен терен

Денеска, на исклучително тежок и непристапен терен во близина на Пелистер, беше спроведена сложена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога.Во акцијата учествуваа тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Благодарение на нивната координираност, стручност и пожртвуваност, повредениот успешно е извлечен и префрлен на понатамошно лекување.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, им изрази јавна благодарност:„Упатувам искрена благодарност за пожртвуваноста, професионализмот и човечноста на сите вклучени. Со оваа акција, нашите припадници уште еднаш докажаа дека македонската полиција секогаш е таму каде што е најпотребна – особено кога се спасува живот и се делува под најтешки услови“, истакна Тошковски.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-leto

Охрид ќе гори во август: Џејсон Деруло, Брена, Галија и уште 7 ноќи музичка еуфорија

Ова лето, Охрид ќе блесне како музички центар на Балканот, со спектакуларна концертна програма која обединува регионални ѕвезди, светски имиња и домашни легенди. Од 1 до 9 август, „Билјанини Извори“ и Античкиот театар ќе бидат сцена на некои од најочекуваните настапи за 2025 година.🎤 1 август – Лепа Брена и Саша КовачевиќБалканската дива Лепа Брена и поп идолот Саша Ковачевиќ ќе го отворат августовскиот музички маратон со голем заеднички концерт на стадионот „Билјанини Извори“. Настанот ветува вечер исполнета со емоции, носталгија и безвременски хитови.🌍 2 август – Џејсон Деруло: Првпат во Македонија!Светската музичка икона Џејсон Деруло пристигнува во Охрид! За првпат во земјава, еден од највлијателните поп и Р’н’Б артисти на нашето време ќе настапи под отворено небо на „Билјанини Извори“. Публиката ќе има ретка можност да биде дел од концерт што ќе влезе во музичката историја на Македонија.🎧 3 август – HUGELФранцускиот диџеј и продуцент HUGEL, познат по својот уникатен звук и милиони стримови, ќе го загрее охридскиот викенд со незаборавен електронски настап на стадионот.🎭 4 август – Ова не е нормално (Антички театар)Хуморот низ стенд-ап настапот на Бојан Велевски и Марјан Георгиевски – „Ова не е нормално“ е концепт што поместува граници. Очекувајте вечер каде ништо не е како што изгледа.🎶 6 август – Jeлена Томашевиќ (Антички театар)Српската дива со моќен глас и емоционални балади доаѓа во Охрид за концерт под ѕвезденото небо.🎙️ 7 август – Влатко Миладиновски (Антички театар)Гласот на Влатко Миладиновски, ќе ја донесе својата енергија и душа на сцената на Античкиот, каде ќе ги изведе најголемите хитови од својата кариера.🎤 8 август – Владо Јаневски (Антички театар)Во организација на Прагма продукција, Владо Јаневски ќе одржи ексклузивен концерт во чест на три децении музичко творештво. Вечер на чувства, поезија и автентична македонска музика.🎸 9 август – Галија (Антички театар)Една од најголемите рок-икони на екс-Југословенската сцена, Галија, доаѓа во Охрид за концерт кој ќе се памети. Нивниот звук, став и историја ветуваат вечер полна со енергија и рок без компромис.Картите се достапни тука.

Магазин | пред 6 месеци

dzambazpv

(Видео) Џамбазов ја отвори душата на Антички: Емотивна вечер со „Гуру Харе“, Тамара и Пере од Нокаут

Античкиот театар во Охрид синоќа беше преполн со емоции, смеа, солзи и аплаузи – сето тоа на концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“. Во магичната атмосфера под отворено небо, џамбазовскиот дух и харизмата како да ја прегрнаа целата публика. Од шеги за охриѓани, до збор-два за битолчани, многу досетки.Концертот започна нежно, со песни што ги носат сеќавањата, а кулминацијата стигна со изведбата на „Време за плачење“, која ја располави тишината на камените трибини. „Диши длабоко“ беше отпеана како молитва – искрена, болна, човечка. Секој стих, секој збор беше одраз на животот што Џамбазов го дели со народот.Публиката имаше можност да ужива и во специјалните музички гости: Тамара Тодевска, која со својата моќна интерпретација внесе нова димензија на вечерта. Ја отпеаја „Гушни ме“, текст напишан од Џамбазов, а отпеана со незаборавениот Влатко Илиевски. На сцената излезе Пере од Нокаут, чие присуство донесе доза на носталгија, рок-енергија, па публиката направи ѕвездено небо за „Лебедот бел“.Концертот беше повеќе од музички настан – беше интимно патување низ животот, времето и вредностите. Џамбазов уште еднаш покажа дека не е само актер, пејач или поет – тој е огледало на македонската душа.На крајот, со раце кон небото и аплауз од срце, Охрид стоеше во чест на еден човек што отсекогаш стоел со народот – искрен, ранлив, свој.

Магазин | пред 6 месеци

image-207683

Д-р Сашко Кедев испиша историја: Прв Македонец на сите 14 врвови над 8000 метри

Д-р Сашко Кедев постигна историски подвиг за Македонија – стана првиот Македонец кој се искачил на сите 14 светски врвови повисоки од 8000 метри.Најновиот и последен во серијата успеси се случи утрово, кога како дел од експедицијата G1, предводена од „Имеџин Непал“, го освои врвот Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Заедно со него на експедицијата учествуваа и Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.„Со ова успешно искачување, д-р Кедев го заокружи предизвикот на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!“, објавија од тимот на експедицијата.

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања