ТОП

Screenshot-2025-07-20-at-10.22.39

Ќерката на Гоце Тодоровски: „Пола век го делеше со народот, а денес живее од 36.000 денари пензија – милостиња за легенда“

Сашенка Тодоровска, ќерката на македонскиот актер и доајен на театарската сцена Гоце Тодоровски, со емотивна, но остро-критична објава на социјалните мрежи проговори за неправдата што, како што вели, системот ја направил кон нејзиниот татко – човек кој половина век ѝ го посветил на културата и јавната сцена.„Легендо моја и на целиот македонски народ…“, започнува Тодоровска, споделувајќи фотографија од раните почетоци на кариерата на Тодоровски, со горчина што неговото животно дело останало без соодветна институционална чест.„Национална пензија не ти дадоа, само признанија и наградички – колекционер на хартија стана“, напиша таа, алудирајќи на долгогодишната традиција на доделување на награди, но и на отсуството на реална поддршка и грижа за културните работници кои го обележале времето.Според неа, Гоце Тодоровски, кој е еден од ретките живи членови на некогашната „Златна плејада“, денес преживува од пензија од едвај 36.000 денари, без признание од државата во форма на национална пензија.„Зарем зависи сечија судбина од тоа кој е на власт? Кој е во комисија? Срамота е – болката негова ме боли и мене. Те делев цел живот со целиот народ, и се уште се даваш иако здравствено си парче“, стои во нејзиниот статус.Тодоровска ја повикува јавноста да не живее во заблуда, потсетувајќи дека вистинските вредности одамна се маргинализирани: „Сè што е квалитетно – веќе нема вредност.“Нејзината реакција доаѓа во време кога државните културни институции се под зголемен притисок за ревизија на критериумите според кои се доделуваат националните пензии, додека бројни уметници кои го изградиле културниот идентитет на земјата остануваат на маргините на социјалната сигурност.

Коментари | пред 6 месеци

pistol

Скопјанец кој има 23 години фатен со пиштол и 51 куршум – обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 23-годишен скопјанец, осомничен за неовластено поседување и тргување со оружје, соопштија од Обвинителството.По наредба на јавен обвинител и со судска одлука, вчера е извршен претрес во неговиот дом во Скопје. Полициските службеници при акцијата пронашле еден полуавтоматски пиштол, 51 куршум со калибар 9мм Para, рамки и други додатоци за оружјето, кое осомничениот го поседувал без дозвола.Обвинителството утрово достави предлог до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.Против осомничениот се води постапка за кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 6 месеци

crvenkovski11-696x462

(Видео) Михајловски откри за средбата со Црвенковски

Актерот Тони Михајловски во емисијата „Претрес со Ландов“ откри анегдота од 1994 година, кога заедно со Игор Џамбазов и покојниот Мирче Доневски побарале поддршка за културата од тогашниот премиер Бранко Црвенковски.„Џамбазов ми вика: 'копиљ, ти збори пошо си најмал', а Бранко ми се обраќа: 'кажи бе мали, што е проблемот?'“, раскажа Михајловски. Тој му објаснил на премиерот дека културата е една од ретките сфери во кои младата држава Македонија „газела“ и побарал поголема поддршка.„И Бранко – фраер, ни фрли по еден плав Ротманс и ни вика: ‘што ќе ви се на вас глумците пари бе’“, рече Михајловски со доза на иронија, алудирајќи на долготрајната запоставеност на културниот сектор од страна на институциите.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

ЦУК: Пет пожари сè уште активни – вкупно 29 интервенции на отворен простор

Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 08:00 часот на 20 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, два се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.Најсериозни се пожарите во:Желино, каде огнот се шири кон селото Еребино, зафаќајќи делови од планината Жеден;Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума и смрека;Македонски Брод, село Грешница – опфатена е мешана шума и ниска вегетација;Македонски Брод (реактивиран), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа;Прилеп, меѓу селата Царевиќ и Смолани – пожар во мешана шума.Под контрола:кај селото Слатина (Македонски Брод), имеѓу селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес.Изгаснати пожари:Изминатото деноноќие се изгаснати пожари на различни локации, меѓу кои:скопските општини Студеничани, Бутел, Сарај и Кисела Вода,депонии во Крушево, Демир Хисар и Брвеница,повеќе рурални подрачја во Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.

Македонија | пред 6 месеци

f_37203667_1280

(Видео) Напад со дронови врз Москва – пожар во Зелено-град, ограничувања на летови, Русија тврди дека соборила 93 дрона

Украински дронови ја нападнаа областа на Москва во текот на ноќта, при што во неколку делови од градот избиле пожари, објавија руски телеграм-канали, а ја пренесе и независната украинска платформа Kyiv Independent.Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека најмалку 21 дрон биле лансирани кон главниот град на Русија во периодот по 18 часот на 19 јули по локално време. Според него, екипи за итни интервенции се испратени на местата каде што паднале дроновите, но не даде детали за евентуална материјална штета.Локални жители пријавуваат дека пожар избувнал во Зелено-град, населено место околу 37 километри северозападно од центарот на Москва. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат возила кои гореле во близина на станбена зграда, но засега нема официјални информации за повредени или загинати лица.Рускиот телеграм-канал База објави снимки од безбедносни камери на кои се гледа како остатоци од дрон паѓаат врз горните катови од станбен објект во Зелено-град.Како последица на нападите, на сите четири московски аеродроми биле воведени привремени ограничувања на воздушниот сообраќај. Пристигнувачките летови биле пренасочени кон аеродромот Пулково во Санкт Петербург. Летачките ограничувања биле укинати околу 4 часот изутрина по локално време.Според соопштението на руското Министерство за одбрана, биле соборени вкупно 93 украински дрона над неколку региони, од кои 19 над областа на Москва.Ова е четврта последователна ноќ на напади врз главниот град на Русија, при што синоќа биле истрелани 13 дрона само кон Москва.Нападите доаѓаат по најавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој наводно му понудил на Кремљ рок од 50 дена да постигне мировен договор со Украина или да се соочи со нови „оштри царини“ од САД.Според Kyiv Independent, Трамп во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски во јуни наводно го прашал дали Украина има капацитет да ја нападне Москва.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-18.26.32

Партиите да не ни ја користат болката за маркетинг, градоначалникот да се извини, а ние немаме што да изгубиме, рече таткото кој го изгуби синот во пожарот во „Пулс“

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ повторно излегоа на улиците на Кочани, во нов марш на болката и борбата за правда. Од пред зградата на Општина Кочани, Драги Стојанов – татко кој го загуби својот единец, 21-годишниот Томче Стојанов – се обрати во името на останатите.Во емотивен говор, Стојанов упати остри критики до општинските власти и советниците, обвинувајќи ги за целосна незаинтересираност и игнорирање на семејствата на жртвите.„Немојте да се плашите од нас, бидејќи не сме убијци како тие што ни ги убија децата. Советниците се платени од нас, а не покажаа ни трошка почит. Не дојдоа ниту на еден марш. Тоа е нивната благодарност“, рече Стојанов.Посебен револт изрази кон в.д. градоначалникот Венко Крстевски, кој, како што рече, планирал да организира забава за Петровден, само неколку месеци по трагедијата.„Во Кочани беа убиени 63 деца, а вие организирате веселба. Нема фамилија што не е завиена во црно. Простуваме за грешката, но бараме јавно извинување. Ништо повеќе“, порача Стојанов.Освен обраќањето кон локалната власт, тој испрати и порака до политичките партии:„Ве молиме, од СДСМ и ВМРО – оставете нè на мир. Немојте нашата болка да ја користите за политички маркетинг. Трпението ни е при крај. Немаме што да изгубиме – само вие имате.“На крајот од говорот, Стојанов ја повтори пораката која веќе месеци одекнува од Кочани: дека правдата не е задоволена, и дека тие нема да се откажат – „ни по цена на сопствениот живот“.Маршот, симболично организиран пред општинската зграда, доаѓа неколку дена по најавата за нови судски рочишта и во моменти кога јавноста сè погласно бара одговорност од институциите за трагедијата во која животот го загубија 63 млади лица.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-18.16.40

Се смирува пожарот кај Желино, можно целосно ставање под контрола до вечер

Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов.Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако огнената стихија зафати поголема површина со сува вегетација и шума. Надлежните остануваат на терен до целосно стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 6 месеци

E028110A-699C-4A82-90C2-EEC749AF3B14

Apple Pay наскоро достапен и во Македонија?

По години исчекување, дигиталната платежна услуга Apple Pay конечно би можела да стане достапна и за корисниците во Македонија. Иако сè уште нема официјална потврда од Apple или од домашна банка, веќе неколку извори од банкарскиот сектор информираат дека се финализираат техничките подготовки и преговори за воведување на оваа услуга.Според неофицијални информации, Apple Pay во Македонија би можел да стартува веќе кон крајот на 2025 година. Првите банки кои се очекува да ја понудат услугата се дел од групации што веќе работат со Apple Pay во други земји од регионот, како Србија, Хрватска и Бугарија.Apple Pay овозможува бесконтактни плаќања преку iPhone или Apple Watch, без потреба од физичка картичка. Со тоа, корисниците добиваат побрзо, посигурно и поудобно искуство при секојдневните трансакции.Во очекување на официјалната најава, граѓаните веќе го изразуваат своето задоволство на социјалните мрежи, надевајќи се дека ова ќе биде уште еден чекор кон модернизација на финансиските услуги во земјава.Доколку сè се одвива според планот, Apple Pay би можел да стане активен во Македонија до декември 2025 година.

Магазин | пред 6 месеци

3E82AF05-612E-4ED7-9A61-F30E221AF09B

(Фото) Кога евакуацискиот план изгледа како школски проект со лош ракопис, а станува збор за ЈЗУ Неготино

На бел лист А4 формат, со ракопис испишани ознаки и насоки, како и неколку стрелки кои се губат меѓу нечитливи зборови – вака изгледа официјалниот „План за евакуација“ во Јавната здравствена установа во Неготино. Фотографијата ни ја испрати загрижен читател, по што со право се поставува прашањето: дали ова е навистина план што треба да спаси животи во случај на пожар, земјотрес или друга опасност?Ваквиот приод не само што е аматерски и несериозен, туку и директно ги крши основните стандарди за безбедност во јавни установи. Според правилниците и стандардите за планирање на евакуација (пр. согласно Правилникот за заштита од пожари и ISO 23601), евакуациските планови треба да бидат: јасно графички дизајнирани, читливи за секој посетител (вклучително и лица со оштетен вид), поставени на видливи и логични позиции во објектот, со означени излези, евакуациски патеки, противпожарна опрема и инструкции на повеќе јазици.Она што ЈЗУ Неготино го нуди како „план за евакуација“ не исполнува речиси ниту еден од овие услови. Наместо професионално изработен план на тврд материјал со боја, иконографија и координати, добиваме нешто што изгледа како домашна задача – и тоа лошо оценета.Ваквата негрижа не е само смешна – таа е и опасна. Во евентуална криза, ваков план нема да помогне никому. Напротив, може да создаде дополнителна паника. Особено загрижува фактот што станува збор за здравствена установа, посетувана од луѓе со ограничена подвижност, деца, стари лица и пациенти во критична состојба.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-11.05.29

(Видео) Тони Шанац за првпат за кандидатурата во Куманово: Добив шут во дупе, закачив живото-загрозувачки херпес, бев со страшни болки

Актерот и поранешен кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, првпат јавно прозборе за своето искуство од локалните избори во 2021 година, во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој вели дека бил оставен на цедило и отфрлен, и тоа од страна на луѓе кои првично го поддржале.„Како не, тоа е шут во дупето. Што ја напиша Коле Ангеловски – ‘клоца у г’з’. Јас сум многу голем емотивец, тука ми е и најголемиот проблем“, рече Михајловски.Тој откри дека по изборите добил тежок здравствен удар – животно загрозувачки херпес зостер на нервниот систем, како последица од нервоза и разочараност.„Педесет и четири дена бев во страшни болки. Оној што го имал – ни на душман не му го посакувам. Не знаев зошто. И ден денес не ми е јасно“, вели тој.Михајловски не го крие незадоволството. Според него, идејата за кандидатурата потекнала од врвот на партијата, но подоцна чувствувал дека не само што бил изигран, туку и свесно маргинализиран.„Не сум се упикувал, не сум молел да ме кандидираат. Ама после ме оставија сам. Уште има луѓе што ми доаѓаат – ‘ајде бе, некоја функција ќе добиеш ли?’. А јас не ни сакам – не се туркам, не се наметнувам“, додава тој.Актерот изрази и сомнеж дека Куманово било дел од пазар: „Историска шанса беше. СДС беше ослабен. Ако ВМРО-ДПМНЕ ја искористеше, ќе го сменеа Куманово после 27 години. Ама некој, изгледа, преговарал за Скопје, па Куманово било разменска монета. Тебе те шуткаат.“Михајловски завршува со коментар за тоа колку бил повреден од негов колега:„Еден колега ми рече: ‘тебе сите партии ти помагаа’. А јас не можам да разберам – на кој начин ми помогнаа сите партии?“ЦЕЛ ПОТКАСТ:

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани – се шири во поширока површина од мешана шума и нискостеблеста вегетација.Липково, село Виштица – гори деградирана шума.Благодарение на навремена интервенција, следниве пожари се ставени под контрола:Велес – пожарот што се проширил меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде горела мешана нискостеблеста и деградирана шума.Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума.Демир Хисар – пожар на градската депонија.Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа – опожарени површини со дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во текот на последните 24 часа биле изгаснати пожари во 27 различни региони, главно на ниска вегетација, стрништа и депонии. Издвоени се следниве:Ранковце: м.в. Иваница, м.в. Десетак, с. Ранковце – м.в. Коп (деградирана шума и ниска вегетација).Куманово: села Четирце, Пчиња и Романовце (стрништа и ниска вегетација).Липково: Виштица (втора локација) и Ваксинце (ниска вегетација).Старо Нагоричане, село Стрновац.Кратово, село Трновац.Јагуновце, село Јагуновце.Теарце, село Доброште (нива со ниска вегетација).Тетово: покрај патот Тетово–Гостивар.Свети Николе, м.в. Кантонче (ниска вегетација и борова шума).Битола, населба Довлеџик.Карбинци, село Долни Балван (житни полиња).Штип, градска депонија.Делчево, село Стар Истевник (борова шума).Скопје: Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник), Сарај (крај Вардар), Шуто Оризари (нас. Визбегово), Ѓорче Петров (влез во населбата и ул. Васил Чакаларов), Илинден (индустриска зона).Росоман, село Трстеник.Прилеп / Кавадарци: села Никодин, Ракле и Фариш.Центарот за управување со кризи повторно апелира до сите граѓани за висока претпазливост и одговорно однесување, особено во текот на летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен. Непридржувањето кон забраната за палење огнови, отпад и стрништа може да предизвика катастрофални последици по животната средина и безбедноста на луѓето.„Секој непромислен потег може да го вжешти теренот. Да останеме внимателни и совесни – за нашата безбедност и за природата“, порачуваат од ЦУК.

Македонија | пред 6 месеци

kocani-puls-protest-7

Петнаесетти „Марш на ангелите“ во Кочани – во знак на болката, но и упорната потрага по правда

Четири месеци по трагедијата што го потресе Кочани и целата држава, Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ вечерва го организира 15. по ред „Марш на ангелите“. Маршот, посветен на сеќавањето на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе започне во 18:05 часот, од Паркот на револуцијата.Во соопштението од Здружението, родителите на жртвите повикуваат на заеднички тивок марш – како симболично потсетување на институционалниот молк и реакцијата што доцнела, но и како повик за будност, одговорност и правда.„Маршираме во тишина која зборува гласно – ова никогаш повеќе не смее да се повтори. Ниту за едно дете, ниту за една мајка“, се наведува во повикот.Почетното време на маршот – 18:05 – е намерно избрано, велат организаторите, како симбол на доцнењето што чинеше човечки животи.Во меѓувреме, Кривичниот суд соопшти дека им е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката. Постапката сега официјално ја презема Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе го води понатамошниот тек на предметот.Според обвинителниот акт, вкупно 37 обвинети – 34 физички и 3 правни лица – се товарат за тешки кривични дела против општата сигурност.На 16 март 2025 година, во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ животите ги загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца. Над 200 други беа повредени. Семејствата, јавноста и граѓанскиот сектор и натаму бараат одговорност – не само за сторителите, туку и за сите институции чие (не)делување доведе до ваков епилог.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-10.10.24

(Видео) Кирил Поп Христов се врати на социјалните мрежи: „Мал придонес“ по две години тишина

По повеќе од две години отсуство, актерот Кирил Поп Христов – попознат како Кили – се појави повторно на социјалните мрежи. Со кратка, но впечатлива објава во која самиот ја нарекува своја „мала уметност“, Кили ги изненади и воодушеви своите следбеници.Реакциите не изостанаа – обожавателите го пречекаа со воодушевување. „Еден и единствен“, „Те обожавам“, „Кили – легенда“, „Поздрав, легендо!“ се само дел од коментарите што за кратко време ја преплавија објавата, која собра и стотици лајкови.

Магазин | пред 6 месеци

slovenija-policija

Словенија го легализира потпомагањето на самоубиство

Во петокот, Словенија го легализираше потпомогнатото самоубиство, што граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум, објави Н1 телеивизија.Парламентот го усвои законот со 50 гласа „за“ и 34 „против“, а тројца претставници беа воздржани.Законот им дава право на луцидни пациенти кои страдаат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба е неподнослива да го прекинат својот живот, освен во случај на ментални болести. Може да се примени и во случаи кога не се очекува третманот да доведе до закрепнување или подобрување на здравствената состојба на пациентот.Сите опции за медицински третман ќе мора да бидат исцрпени пред тоа. Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест.Еутаназијата, т.е. смрт од рацете на лицето кое се грижи за него по барање на пациентот, останува забранета.На референдумот минатата година, 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.Швајцарија и Австрија веќе го дозволија овој метод, додека Холандија, Белгија и Луксембург ја одобрија еутаназијата.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.45.10

Шимпанзото Коко се повредил во скопската Зоолошка

Во скопската Зоолошка градина беше извршена првата високо стручна интервенција за седација на шимпанзо – процедура која се смета за една од најсложените во светот на ветеринарната медицина. Поводот беше несреќа при игра помеѓу шимпанзата Коко и Изи, кои живеат заедно веќе неколку години.„Како и кај сите блиски односи, понекогаш дури и најдобрите пријатели знаат да се налутат“, велат од Зоолошката. Малото недоразбирање помеѓу двете шимпанза резултирало со тоа што Коко се лизнал и ја повредил ногата.По инцидентот, веднаш била обезбедена прва помош, а биле контактирани и холандските соработници со кои Зоолошката градина има долгогодишна соработка. Во консултација со нив, на терен бил повикан стручен тим од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.Под координација на професорот Пламен Тројачанец, Коко бил седиран и транспортиран во ветеринарната болница, каде што му биле направени рендген и лабораториски испитувања. Констатирана е напукнатина на мала коска на ногата, која ќе зарасне природно, без потреба од хируршка интервенција.„Среќни сме што Коко е стабилен, под надзор и во процес на целосно закрепнување. Овие ситуации се природни и очекувани дури и во најхармонични групи на човеколики мајмуни“, додаваат од Зоолошката.Од таму потенцираат дека нивниот приоритет останува благосостојбата на животните и дека грижата за нив продолжува со несмалено внимание.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања