ТОП

Screenshot-2025-07-19-at-09.42.41

(Видео) Клоци и боксови во киевското метро: Патничка извикувала проруски слогани, следувал физички напад

Во киевската подземна железница избувнал инцидент откако патничка почнала да извикува проруски слогани, соопшти полицијата.Според информациите, нејзиното однесување предизвикало гнев кај друг патник, кој ја нападнал и ја удрил жената. До сознанието за случката, полицијата дошла на 17 јули, преку видеа објавени на социјалните мрежи.На снимките споделени преку „Телеграм“ се гледа жена како ја фали Русија – земјата агресор – што предизвикало остри реакции од другите присутни во вагонот.Во тек е полициска истрага за идентификување на сите инволвирани лица и за утврдување на правната квалификација на настанот.Полицијата ги повика граѓаните да се придржуваат до законите и да пријавуваат вакви прекршувања.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-09.40.22

(Видео) Инцидент со огномет во Дизелдорф: Повредени најмалку 19 лица, меѓу нив и дете

Најмалку 19 лица се повредени во несреќа со огномет што се случила во петокот навечер за време на саем во германскиот град Дизелдорф.Меѓу повредените има и најмалку едно дете.На местото на настанот интервенирале околу 80 пожарникари и спасувачи. Според досегашните информации, еден од огнометите експлодирал на прениска висина од засега непознати причини.Полицијата ја истражува причината за инцидентот, но првичните проценки укажуваат дека се работи за несреќен случај.Организаторите на најголемиот саем на Рајна – Дизелдорфер Рајнкирмес – ги прекинаа свеченостите предвреме.Во изјава за јавноста, тие изразија длабоко жалење поради несреќата. Портпарол на настанот изјави дека ќе се размислува дали традицијата на огнометот ќе продолжи и наредната година.Саемот, кој е посветен на заштитникот на градот – Свети Аполијнар – започна на 11 јули и требаше да трае до недела.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-18-at-22.01.15

(Видео) Џамбазов со концерт по 27 години во Охрид, Министерството за култура не му даде ниту еден денар за поддршка

Игор Џамбазов прави концерт во Охрид по 27 години, утре, на Античкиот театар. Има уште достапни карти, а од кусата прес-конференција го поздрави Министерството за култура, предводено од неговиот колега Зоран Љутков, за кое кажа дека ниту овојпат не му дало средства за организација на овој настан кој ќе се памети.„Да се заблагодарам и на Министерството за култура, што не ми даде пари за овој концерт и уште еднаш ме увери мене и вас, дека нѐ бива сами да си организираме концерт“, изјави Игор Џамбазов на денешната прес-конференција во Охрид, најавувајќи го својот настап со „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на 19 јули, на Античкиот театар, од 21 часот.Специјални гости му се Нокаут и Тамара Тодевска. Концертот почнува од 21 часот.„Ова е прв концерт на Игор Џамбазов во Охрид по 27 години“, додаде тој.Концертот има 24 точки, а концертот ќе заврши некаде околу полноќ.„Ќе биде добра забава, ве канам сите кои сте во Охрид и се гледаме таму!“, рече Џамбазов, посочувајќи дека прво имал, па ја изгубил желбата за ваков концерт, а на крај желбата се родила кај неговиот менаџер.

Магазин | пред 6 месеци

Filipce-2-SDSM-1

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:„Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски. Во Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на општинската организација Гоце Милевски. Во Зрновци – исто така претседателот на општинската организација, Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски. Во општина Карпош – д-р Маја Мојсова Мијовска, во општина Кисела Вода – Горан Трајковски. Во општина Маврово и Ростуше – Анес Ахмети. Во општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска. Во Прилеп – претседателката на општинската организација, Петра Лукароска, во Радовиш – исто така претседателот на општинската организација, Ристо Спасов. Во Свети Николе – Дејан Гичев, поранешен директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во општина Брвеница – Светлана Митреска Анџелковска, и кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје ќе биде партиската потпретседателка и поранешна министерка, Каја Шукова.“

Македонија | пред 6 месеци

kaja-sukova

Каја Шукова контра Орце Ѓорѓиевски во битката за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, ќе се трка во Скопје со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.За Општина Карпош кандидатка за градоначалник ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), додека на Општина Кисела Вода Горан Трајковски, кој е поранешен директор на Државен пазарен инспекторат, за кандидат за Општина Битола – претседателот на Општинската организација Методија Куновски, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци претседателот на ОО Ванчо Митев, во Кавадарци регионалниот партиски координатор Виктор Велевски.Во Општина Маврово Ростуше кандидат ќе биде Анес Ахмети, во Општина Ново село Петар Спасов, во Петровец Елизабета Зелениковска, во Прилеп претседателката на ОО Петра Лукаровска, во Радовиш партискиот претседател Ристо Спасов, во Свети Николе Дејан Гичев, во Општина Чашка актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во Општина Брвеница Светлана Митревска Анџелковска.

Македонија | пред 6 месеци

ojo-1

Обвинение за насилство врз Арсовска – притвор за напаѓачот, ослободен второпријавениот

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки.Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува.Јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој и натаму постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.За истиот настан, за насилство со вербални закани кон градоначалничката беше пријавено уште едно лице, меѓутоа по прибирање на сите докази, вербалните искази на сведоците и оштетените, како и извршеното препознавање со соочување се утврди дека оштетените не го препознаваат пријавеното лице како сторител на заканувачки и насилнички дејствија кон нив.Бидејќи не постојат материјални и вербални докази од кои неспорно би се утврдила кривична одговорност на второпријавениот за конкретното кривично дело, јавниот обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против него и на судот му предложи да ги укине претходно определените мерки на претпазливост за тоа лице.

Скопје | пред 6 месеци

puls-35-1

Газдата на “Пулс” останува во притвор, заедно со тројца осомничени - обвинението ќе го застапува скопското обвинителство

Обвинителниот акт за случајот „Пулс“, во кој се опфатени 17 лица, е доставен до Основниот кривичен суд Скопје. Четворица од обвинетите остануваат во притвор, додека за останатите 13 и понатаму се применуваат мерки на куќен притвор. Со ова се означува крајот на истражната постапка, а започнува рокот во кој странките можат да поднесат приговори пред судот да одлучи дали ќе го прифати обвинението.Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:Со оглед на интересот на јавноста за кривичниот предмет поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, судот известува дека кривичниот совет при овој суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство – Кочани за продолжување на мерките за обезбедување присуство на обвинетите, на обвинетите Д.Ј. од Кочани, Т.Ј. од Кочани, Џ.К. од Скопје и Б.Х. од Скопје им ја продолжи мерката притвор, додека на обвинетите М.С., О.Г., Љ.П., И.Г., М.Г., С.Д., сите од Кочани, потоа Ј.Ј. и Љ.Г. од Скопје како и Б.М и Ш.Х., од Тетово и Е.М. од Виница им се продолжи мерката куќен притвор.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, а советот дополнително ќе одлучува и по предлозите за продолжување на мерките за обезбедување присуство и мерките претпазливост и за останатите обвинети.Во однос на конкретниот обвинителен акт КООА 155/25, како што и претходно веќе информиравме, со одлука на Врховниот суд на Република С. Македонија за стварно и месно надлежен за постапување е определен овој суд, па така на 02.07.2025 година во попладневните часови списите на предметот беа доставени до овој суд, заедно со целокупниот доказен материјал меѓу кој вештачења, медицинска документација, како и техничка опрема одземена во текот на истрагата, која требаше соодветно да се смести и чува во посебни простории. Потоа, предметот и сите предлози се заведоа во АКМИС системот, а во наредниот дек актот е распределен на совет за оценка на истиот.При увидот во списите на предметот, утврдено е дека три обвинети правни лица немаат законски претставник во постапката, по што судот определи претставници по службена должност.Дополнително на 08.07.2025 до судот, од страна на Јавниот обвинител беше доставно доуредување на обвинителниот акт од 01.07.2025 година, кое се однесуваше на генералиите и личните податоци на обвинетите.Откако беа исполнети сите услови, советот издаде наредба за достава на обвинителниот акт со споменатото до уредување, заедно со листа на докази до сите обвинети, нивните бранители и претставниците на обвинетите правни лица поставени по службена должност.Кога истиот ќе биде примен од странките, ќе започне да тече рокот од 8 дена за приговор, а по приемот на сите приговори и истек на Законски утврдениот рок, советот ќе заседава и ќе известува.Исто така, судот ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 17.07.2025 година, во овој суд доставено е решение на Јавното обвинителство на Република С. Македонија РО бр. 367/25 од 15.07.2025 година со кое за месно и стварно надлежно обвинителство за постапување по конкретниот обвинител акт се определува Основно јавно обвинителство Скопје.Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но укажува дека должност е да се почитуваат правата на сите засегнати како и законските рокови предвидени во Законот за кривичната постапка, се со цел да не се случат пропусти кои во иднина може да ја компромитираат целосната судска постапка, односно правдата мора да биде брза, но не избрзана, се наведува во соопштението на судот.

Македонија | пред 6 месеци

kocani-mars

Премиерот го прочита барањето и рече „одредете си цена за вашите деца“: Родителите на загинатите во Кочани обелоденуваат детали од средба со Мицкоски

„Одредете си цена за вашите деца“ – оваа реченица, како што објавува „Здружението на граѓани 16-ти Март 2025 Кочани“ ја изрекол премиерот Христијан Мицкоски на средбата со родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.По средбата одржана на 7 јули во Владата, Здружението денеска излезе со обраќање до јавноста. Родителите, видно вознемирени од односот на институциите и содржината на состанокот, обвинуваат за манипулации, игнорирање и длабоко понижување. Нивното барање е едно – правда за 62-те згаснати млади животи.Во продолжение, целосното јавно обраќање на родителите:Обраќање до пошироката јавностВо врска со состанокот со премиерот на Владата на РСМ – 07.07.2025 годинаНие, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, чувствуваме обврска јавно да се обратиме, поради се погласните шпекулации и неточни информации околу нашите поднесени барања до државниотврв на РС Македонија.Што се случи?На 01.07.2025 година, испративме истоветно барање по пошта до:Премиерот на Владата на РСМ – г. Христијан Мицкоски,Претседателката на државата – г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова,Претседателот на Собранието – г. Африм Гаши.Денес, по повеќе од две поминати недели, не добивме никаков одговор ниту од Претседателката, ниту од Претседателот на Собранието.Единствено, на 03.07.2025, нè контактираа телефонски од кабинетот на премиерот и ни закажаа состанок за 07.07.2025 (понеделник) во 17:00 часот во Владата.Иако инсистиравме средбата да се одржи во Кочани – местото каде се случи трагедијата и каде почиваат нашите деца – одговорот беше дека безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува и средбата мора да се одржи во Скопје.И покрај горештините и нашата болка, отидовме во главниот град – со надеж дека конечно ќе бидеме слушнати.На средбата присуствуваа околу 60 родители и членови на семејствата на починатите деца. За повеќето, ова беше прва лична средба со премиерот. Очекувавме барем еден човечки збор, искрено сочувство. Но, тоа не се случи.Наместо тоа, бевме пречекани со површен поздрав:„Здраво, како сте?“ – зборови кои не можат да ја допрат болката на родител кој изгубил дете.На нашето прашање во врска со барањето, премиерот одговори дека го гледа за првпат, дека штотуку му било предадено од службите. На тоа реагиравме бурно, бидејќи уште на 03.07 – кога нè контактираа – ни беше кажано дека барањето е примено и разгледано. На нашиот револт реагираше неговата портпаролка, г-ѓа Марија Митева, објаснувајќи дека во Владата има процедура:• Барањето било заведено на 03.07 во архивата,• На 04.07 било препратено до другите институции,• Дури на 07.07 му било врачено на премиерот лично.Иако не сме правници, неприфатливо ни е писмо адресирано лично до премиерот, без негова дозвола и знаење, да биде разгледувано и препраќано од други институции без негова одлука.Навредата што никогаш нема да ја заборавиме:Премиерот започна да го чита барањето ( кое целосно може да го прочитате во прилог) и изјави дека ќе се задржи само на петте точки, без да ги разгледува воведните делови и правните објаснувања.На првата точка – која се однесуваше на:“Еднократна парична помош за секое семејство погодено од трагедијата, за душевна болка и нематеријална штета, преку Фондот за итна поддршка од државниот буџет…”… добивме одговор кој не само што нè понижи, туку длабоко нè навреди како родители и како луѓе:„Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена завашите деца.“Тоа беше моментот кога болката премина во чиста неправда. Овие зборови ќе одекнуваат засекогаш во нашите срца, како уште една смрт – смрт на достоинството.Јавен повик до премиерот и целата јавност: Доста е!Доста е! Доста со манипулации. Доста со потценување на нашата болка. Доста со лаги и игри врз сметка на животите на нашите деца!Колку пати треба да ви објасниме, да ви повториме, да викаме и да молиме – ние, родителите на убиените деца во трагедијата во „Пулс“, немаме политички агенди! Не сме тука поради партии, не не интересира политика! Нашата единствена цел е правда. Правда за 62 млади животи кои згаснаа во најцрниот ден на нашата држава.Но, наместо разбирање, добиваме манипулации. Наместо сочувство, добиваме потсмев и обвинувања. Наместо поддршка, добиваме директно понижување. Во понеделник, на 07.07 на средба во кабинетот на премиерот ни беше кажано нешто што ниту еден родител не смее да го слушне — ОДРЕДЕТЕ СИ ЦЕНА ЗА ВАШИТЕ ДЕЦА “.Тоа не беше само навреда, тоа беше газење врз спомените, врз болката, врз човечкото достоинство. Ако вие, господине премиер, мислите дека животите на нашите ангели имаат цена, тогаш прашуваме: колку вреди еден човечки живот?Кога ќе можете да го процените тоа, тогаш дојдете и кажете ни ја цената за нашите деца.Нашите деца се херои. Со своите животи, оставија печат врз оваа држава. И ако вие не знаете да ја водите оваа држава, ако не знаете да обезбедите правда и покрај сите докази што ви се ставени на маса, тогаш отстапете го вашето место на некој што знае, што умее, што има совест и храброст.Ние не се плашиме. Иако сме под огромен стрес и со скршени срца, нашиот разум и нашата борба не престануваат.Разликата меѓу нас и вас е што вие се плашите од вистината, а ние се бориме за неа. Вашата неспособност не треба да ја платиме ние. Ниту нашите деца.Судскиот процес уште не започнал. Осомничените шетаат слободно. Сите поврзани, сите заштитени, сите си тераат како ништо да не се случило. А се случи — се случи масовно убиство на 62 деца, и тоа никогаш нема да го заборавиме.Затоа не лажете повеќе. Ни вие, ни обвинителите. Ниедно „ќе видиме“, ниедно „ќе се процесира“ незначи ништо веќе. Додека сте неспособни само да ја одолговлекувате постапката, ние ќе бидеме гласот на правдата — сѐ додека таа не се случи!Нашите деца молчат, но нашите гласови зборуваат за нив. И нема да замолчиме. Ова е почетокот на крајот за неправдата во оваа држава.Со почит и достоинство,Родителите на починатите деца од трагедијата во дискотеката ПУЛС – КочаниЗдружение на граѓани 16-ти Март 2025

Македонија | пред 6 месеци

behtel-i-enka

(Видео) Од 2023 година до сега, предметот за „Бехтел и Енка“ уште во предистрага, обвинителката покажа со прст кон МВР

Предистражната постапка за договорите поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10Д и ангажманот на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ сè уште трае, а предметот од Обвинителството се работи во Министерството за внатрешни работи.„Предметот е во предистрага, долго трае затоа што започна од Обвинителството, ама откако истражителите заминаа во МВР, продолжи постапката таму. Целокупната постапка и сите дејствија ги преземаат истражителите од МВР. Тие можат да ви дадат детални одговори“, изјави обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.Предметот беше отворен уште во март 2023 година, откако опозициските партии и неколку медиуми објавија серија документи и сомнежи за корупција поврзана со изборот на надзорниот конзорциум.Во фокусот на истрагата се три фирми избрани да вршат надзор над работата на „Бехтел и Енка“ – за вкупен износ од над 22 милиони евра.Една од нив е „Електра Солушнс“, компанија која според јавно достапни податоци претходно се занимавала со шиење долна облека, а потоа преминала на информатика и градежништво. Лиценцата за надзор ја добила во текот на самата тендерска постапка, иако немала никакво релевантно искуство во областа.„Евро консалтинг“, друга членка на конзорциумот, се доведува во врска со Бранислав Димитријевиќ – лице гонето со меѓународна потерница и уапсено во Хрватска во 2021 година. Тој се споменува и како поврзан со компанијата „Ептиса“, која одлука на Владата ѝ забрани учество во проекти поради сомнежи за незаконски и неетички дејства.И покрај обвинувањата, тогашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта тврдеше дека изборот бил чист, со објаснување дека не се проверувале акционерите на фирмите.Покрај Обвинителството, предмет отвори и Антикорупциската комисија, но јавноста сè уште чека одговори – дали и кој ќе одговара за спорниот надзор во најскапиот инфраструктурен проект во поновата историја на државата.

Македонија | пред 6 месеци

ohrid-naselba

(Видео)Научна сензација од дното на Охридското Езеро: Откриена езерска населба во Европа стара меѓу 6.000 и 8.000 години

Подводни археолошки истражувања на албанската страна од Охридското Езеро доведоа до неверојатно откритие – населба стара меѓу 6.000 и 8.000 години, за која научниците веруваат дека е најстарата позната човечка населба изградена на брег на езеро во Европа.Тим составен од швајцарски и албански истражувачи секојдневно нурка на длабочина до три метри во близина на селото Лин, каде што внимателно се вадат дрвени столбови – остатоци од куќи, како и коски, бакарни предмети и деликатна керамика.Археологот Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн изјави дека оваа населба е за околу 500 години постара од досега познатите слични локации во Алпите и Медитеранот.„Фактот што е под вода ни овозможува да најдеме извонредно сочувани органски материјали, преку кои можеме да откриеме како изгледал животот тогаш – што јаделе, што одгледувале“, вели Хафнер.Остатоците се анализираат со радиокарбонска метода и дендрохронологија (анализа на годишните прстени во дрвјата). Се проценува дека населбата се простирала на површина од околу шест хектари и имала неколку стотици жители. По шест години работа, истражено е помалку од еден процент од локацијата.Според истражувачите, овие жители одиграле важна улога во ширењето на земјоделството и сточарството низ Европа, иако и понатаму ловеле и собирале плодови од природата.Албанскиот археолог Адриан Анастаси нагласува дека целосното истражување на оваа археолошка локација може да потрае децении.„Ако се суди според начинот на кој ловеле, рибареле и граделе, тогаш станува збор за исклучително напредна заедница за тоа време“, истакна Анастаси.

Охрид | пред 6 месеци

Screenshot-2025-04-25-at-21.38.39

Обвинение за шефицата на Антикорупциска: „Оддавала службени тајни преку Вибер, a испити за сертификат за тајност и полагал ревизор од ДЗР“

Покренато е обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се гони за оддавање на службена тајна. Според Обвинителството за гонење организиран криминал, Димитровска, на обвинет во предметот „Адитив“ му доставувала информации кои биле тајни. Тоа го правела со месеци.„Преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК,  одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Димитровска се гони и затоа што сертификатот за службена тајна го добила откако испитот и го положил ревизор од Државниот завод за ревизија.„На истата обвинета, претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, и се става на товар и дека со цел да добие Сертификат за положен испит, во август 2024 година од службениот телефон преку апликацијата Viber на третообвинетиот – ревизор во ДЗР, му испратила компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации“, додава ОЈО-ГОКК.Обвинение има и за ревизорот.„Третообвинетиот, од службениот електронски уред на Државниот завод за ревизија пристапил од нејзината електронска адреса и во име и за нејзина сметка го положил тестот за класифицирани информации. Сертификатот за успешно завршување на курсот за класифицирани информации издаден од страна на Дирекција за безбедност на класифицирани информации второобвинетата го употребила како вистински компјутерски податок и врз основа на него ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна“, додаваат од ОЈО-ГОКК.За обвинетиот ревизор кој полагал во име на претседателката на ДКСК предложени се мерки на претпазливост - привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. За останатите две обвинети опфатени со поднесените обвиненија активни се мерките определени со започнување на постапката против нив.Истражната постапка беше отворена кон крајот на месец април како резултат на екстрахираните електронски докази во рамките на предметот „Адитив“.„Обвинетиот, како член на група, вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија  и искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинети правни лица во предметот „Адитив“ им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело. На овој начин им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Во периодот од месец август 2023 до ноември 2024 година, обвинетиот на сопствената денарска сметка уплатил парични средства во вкупен износ од 408.300 денари, а од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања во вкупен износ од 1.963.800  денари. Иако знаел дека средствата правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство, со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптек и ги подигнувал во готово, со што ги исполнил битијата на кривичните дела кои сега дополнително му се ставаат на товар“, велат од ОЈО-ГОКК.Потоа се додава дека: „Во обвинителниот предлог првообвинетата е службено лице – Раководител на сектор во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје која од јули до ноември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“, на друг начин му сторила достапни податоци што претставуваат службена тајна и се однесуваат на севкупното работење на правното лице. Дополнително, откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈОГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата што се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација WhatsApp на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето иако сите податоци, документи, известувања и извештаи согласно закон се сметаат за службена тајна и нивно откривање може да има штетни последици за започнатата постапка“.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5515

Владата ги отфрла обвинувањата од родителите на жртвите од Кочани: „Злоупотребата на болката не носи правда“

По јавното обраќање на родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од Владата реагираа со соопштение во кое ги отфрлаат како неточни наводите дека средбата со премиерот била понижувачка и нечовечна.„Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотреба на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив, дури и кога ќе има различни мислења“, велат од таму.Во соопштението се нагласува дека средбата од 7 јули не била прва, ниту последна, и дека премиерот Христијан Мицкоски лично им изразил сочувство на сите присутни, со серија приватни гестови и разговори кои, според Владата, не сакаат да бидат предмет на јавна дискусија од етички причини.„Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не ја одразува вистинската дискусија и е навредливо. Намерите и постапките на Владата не се нечовечки – тоа е неточно“, се додава во реакцијата.Од Владата нагласуваат дека болката од трагедијата не е само на семејствата, туку и на целата држава, и уверуваат дека остануваат посветени на поддршката и грижата за родителите.„Ќе се бориме за правда и ќе останеме потпора на семејствата, со конкретни дела. Апелираме трагедијата да не се користи за сензационализам или за донесување осуди врз основа на гнев“, порачуваат од Влада.

Македонија | пред 6 месеци

brza-pomos-karpos

Три возила се судрија на автопатот Куманово-Скопје, едно лице во болница, сообраќајот се пренасочува

Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 10:35 часот на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот „Белви“. Во несреќата учествувале три возила – товарно возило „Ивеко“ со скопски таблички, патничко „Ауди“ и патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, потврдија од МВР за Скопје1.Според првичните информации, сообраќајката се случила кога дошло до судир помеѓу возилата управувани од С.Д. (54), Д.Р. (31) и С.А., при што последниот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Во моментот увидот е во тек, а сообраќајот кон Скопје се пренасочува зад бензинската пумпа кај местото на несреќата.

Македонија | пред 6 месеци

kozle-bolnica

Прекин на водоснабдувањето во Козле – децата кои бараат прием се пренасочуваат кон други клиники

Поради прекин во водоснабдувањето, Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата во Козле привремено нема да прима нови пациенти на болничко лекување.Од Министерството за здравство информираат дека пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација ќе бидат пренасочени кон Универзитетската клиника за детски болести и Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.„Во меѓувреме, третманот на пациентите во дневната болница, како и амбулантските прегледи, ќе продолжи непречено во Козле“, соопштуваат од Министерството.Според надлежните, мерката е преземена со цел да се обезбеди континуитет во грижата за најмладите пациенти додека трае техничкиот проблем.По нормализирање на водоснабдувањето, хоспитализацијата во Клиниката Козле ќе продолжи во вообичаени услови. Министерството најавува дека ја следи состојбата и ќе постапува соодветно.

Македонија | пред 6 месеци

ljubovnici

(ВИДЕО) Интернетот во пламен по снимката од концертот на „Колдплеј“ – фатен директор со колешка во прегратка, настана вистински хаос

На концертот на мегапопуларната британска група „Колдплеј“ во Бостон, кој се одржа во средата, љубовна сцена прикажана на големиот екран пред илјадници посетители предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Камерата го улови Енди Бајрон, извршен директор и основач на компанијата „Астрономер“, во близок момент со неговата шефица на одделот за човечки ресурси, Кристин Кабот – и тоа на очиглед на целата публика. Додека камерите шетаа низ толпата, обидувајќи се да фатат емотивни моменти меѓу посетителите, романтичниот кадар на Бајрон и Кабот заврши на големиот екран, нешто што често се случува на спортски натпревари или концерти. Пејачот на групата, Крис Мартин, дури и прокоментира во микрофон: „О, погледнете ги овие двајца!“ Иако парот брзо се повлече и се обиде да остане незабележан, снимката веќе почна да кружи на социјалните мрежи, каде што бројни корисници почнаа да ги препознаваат. Наскоро стана јасно дека Бајрон е оженет, што дополнително ја разгори јавноста. Коментарите не престануваат: од сочувство за неговата сопруга, до остри осуди и подбив на сметка на двајцата.„Кој оди на концерт со љубовницата мислејќи дека нема да биде забележан?“, „Ми е жал за жената, но барем сега вистината е надвор“, се дел од реакциите што преплавија TikTok и X. Инаку, Кристин Кабот ја презела функцијата раководител на човечки ресурси пред околу девет месеци. Ниту таа, ниту Бајрон досега немаат дадено никаква јавна изјава, но според реакциите, јавноста веќе си ја има формирано сликата за нивниот однос.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања