ТОП

tramp-modrici

На Трамп му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција – модринки од ракување и аспирин

Американскиот претседател Доналд Трамп страда од хронична венска инсуфициенција, објави Белата куќа откако се појавија фотографии на кои се гледаат модринки во раката и отечени нозе. Веста беше потврдена вчера, по неколкудневни шпекулации за неговата здравствена состојба.Според портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, Трамп неодамна имал оток на нозете и бил подложен на опсежен преглед што вклучувал васкуларни тестови. Лекарите откриле дека вените во неговите нозе не успеваат ефикасно да ја вратат крвта во срцето, предизвикувајќи таа да се собира во долните екстремитети и да предизвика оток.„Модринките на Трамп се од ракување и аспирин“Ливит, исто така, изјави дека модринката на раката на претседателот е резултат на оштетување на ткивото предизвикано од чести ракувања, дополнително засилено од ефектите на аспиринот, кој тој го зема како дел од превенцијата од кардиоваскуларни заболувања.„Нема докази за длабока венска тромбоза или артериска болест, а сите наоди се во нормални граници“, се вели во соопштението на Белата куќа. Лекарот на претседателот, Шон Барбабела, рече дека станува збор за „бенигна и честа состојба“, особено кај луѓе над 70 години.Без срцева слабост, бубрежна слабост или системски заболувањаДополнителното тестирање исклучи знаци на срцева слабост, оштетување на бубрезите или системска болест. „Претседателот е во одлична здравствена состојба во целина“, заклучи д-р Барбабела.На 13 јули, Трамп беше виден со отечени стапала на натпревар во Њу Џерси, а неколку дена подоцна модринка на неговата рака беше забележлива за време на состанокот со премиерот на Бахреин, Салман бин Хамад бин Иса Ал Калифа, во Белата куќа. Слична модринка на неговата рака беше забележана во февруари, кога се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.Трамп, кој имаше 78 години и седум месеци на почетокот на својот втор мандат, е најстариот претседател во историјата на Соединетите Американски Држави. Во извештајот по годишниот систематски преглед во април, д-р. Барбабела напиша дека Трамп „покажува когнитивно и физичко здравје“.Што е хронична венска инсуфициенција?Тоа е нарушување при кое вените и залистоците во нозете не успеваат правилно да ја туркаат крвта кон срцето. „Кога овие залистоци не работат правилно, крвта тече назад надолу наместо нагоре кон срцето“, објасни д-р Мерил Логан од Универзитетот во Тексас за Би-Би-Си.Д-р Метју Едвардс од Универзитетот Вејк Форест додаде дека состојбата е честа кај постарите лица. „Би рекол дека помеѓу 10 и 35 проценти од луѓето на таа возраст го имаат“, рече Едвардс. Факторите на ризик вклучуваат прекумерна тежина, историја на згрутчување на крвта и занимања што бараат продолжено стоење.Состојбата се контролира со чорапи и подигнување на нозетеЕкспертите препорачуваат носење медицински компресивни чорапи и подигнување на нозете навечер. „Исто така, им советувам на пациентите секојдневно да нанесуваат хидратантна крема на стапалата и да ги контролираат другите ризици, како што е дебелината“, рече д-р Логан.Иако венската инсуфициенција се однесува исклучиво на долниот дел од телото, модринките на рацете предизвикаа дополнителна загриженост. Но, лекарите тврдат дека во овој случај тие се поврзани со земање аспирин и често ракување.„Сите стануваме посклони кон модринки како што старееме, а ова е особено точно за луѓето кои земаат аспирин и други лекови за разредување на крвта“, вели д-р Едвардс. „Ако некој ти ја стисне раката доволно силно, може да добиеш модринка. Мора да биде прилично силно стискање.“фото: Х

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-18-at-10.29.55

(Видео) Тони Михајловски: Тоа во Кочани не беше само дискотека, туку во државата водена од кловнови, таму гореше македонскиот народ

Актерот Тони Михајловски, во емотивен и критички интониран настап во подкастот „Претрес со Ландов“, зборуваше за личното разочарување од македонската реалност, трагедијата во Кочани, одговорноста на неговата генерација и песимизмот за иднината на државата.„Во 2021 година првпат ми дојде желба да ја напуштам Македонија – и тоа на 54 години“, изјави Михајловски, потенцирајќи дека чувството на беспомошност и апатија е резултат на континуираното владеење на, како што вели, „политички кловнови“ кои ја кроеле судбината на народот.Тој трагедијата во Кочани, кога во пожар загинаа десетици млади луѓе, ја опиша како метафора за целосниот системски распад:„Тоа не беше само дискотека – тоа беше државата што се запали. Импровизација, жртва на криминал, корупција, лукративни причини. Тоа беше македонскиот народ оставен да гори.“Михајловски зборува и за општествената одмаздничка култура и недовербата во институциите:„Ако живееш во држава преполна со одмазда, само е прашање на време кога ќе дојдеш на таргет. Без никаква причина, само затоа што си Кристијан Ландов и имаш успешен подкаст.“Тој се наврати и на едно од своите постари јавни предупредувања:„Многу ми е жал што бев во право кога напишав дека треба да си ги запалиме патиките. Половина од тие деца ако ме послушаа – можеби ќе беа живи.“Во изјава што го носи на работ на политички и идентитетски песимизам, Михајловски вели:„Не сум сигурен веќе дали ќе постоиме како држава. Ние веќе не постоиме. Државата не се вика исто, не можеш да кажеш дека си Македонец – си некој граѓанин на нешто.“Во најжесток дел од интервјуто, Михајловски ја презема вината за ситуацијата во која се наоѓа државата:„Јас сум крив за децата во Кочани. И ти си, и секој од нас – ние ги гласавме овие идиоти 30 години. Немојте да ни верувате на нас. Создајте свое мислење и на следните генерации дајте им мозок – само да не бидат како нас.“Настапот на Михајловски предизвика реакции на социјалните мрежи, а многумина го опишаа како болно искрен, но и очаен апел за промена – апел кој доаѓа од човек што со години беше дел и од уметничката и од јавната сцена во Македонија.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Жител од битолско осомничен за два обиди за убиство, тешки кражби и поседување оружје – совладан по престрелка со полицијата

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од село Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за сериозни кривични дела, меѓу кои два обиди за убиство, три тешки кражби и недозволено поседување оружје.Според информациите од МВР, во периодот од 2 до 7 јули, пријавениот извршил повеќе кривични дела во битолскиот регион. Најпрвин провалил во две викенд-куќи во атарот на село Крклино, каде не одзел ништо, но направил материјална штета. Потоа, во село Долно Српци, со сила влегол во куќа и украл ловечка пушка со калибар 16 мм и две туби со гориво.Кулминацијата се случила на 7 јули, кога Г.П. со украдената пушка пукал кон тројца млади – 22-годишно момче и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Подоцна истиот ден, при обид да го приведат, се обидел да пука и кон полициски службеници на влезот од селото Вашарејца. Не успеал да испука, а полицијата возвратила и го погодила во ногата, по што бил совладан и лишен од слобода.Против него е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“, „тешка кражба“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

Македонија | пред 6 месеци

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Голем пожар кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ и зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци. Интервенцијата на терен ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“.-Локалното население се организираше и излезе на терен за да ги заштити домовите, а на лице место беше ангажирана и тешка механизација со која се изработуваа противпожарни линии, информираше доцна синоќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на вчерашниот ден, огнената стихија се доближи и до црквата Света Петка во Кумановско, а екипите беа насочени кон спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Македонија | пред 6 месеци

bunar

(ВИДЕО) Додека детската болница Козле и Водно остануваат без вода, жител на Црешево си го полнел бунарот од јавниот водовод! Казнет е со 200 евра

Додека болницата за деца со респираторни заболувања во Козле е без капка вода, а жителите на Водно, Ченто, Маџари и Железара се справуваат со рестрикции и часови без водоснабдување – еден жител на Црешево бил затекнат како полни личен бунар со вода од јавниот водоводен систем.Инспекциските служби на Општина Гази Баба му издадоа прекршочна казна во висина од 200 евра – прва санкција за злоупотреба на вода во услови на сериозна водоснабдителна криза.Во продолжение го пренесуваме целосниот пост на градоначалникот Бобан Стефковски, кој најави засилени контроли и повика на итна реакција од надлежните институции.Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата!Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци, со цел да се спречи злоупотребата на водоводниот систем и да се заштитат граѓаните.Во текот на денешниот ден, инспекциските служби на терен фатија и санкционираа:Лицето Т.К. од Црешево беше затекнато како полни сопствен бунар со вода од јавниот водоводен систем. На лицето му е издаден прекршочен налог во висина од 200 евра.о населеното место Раштак беа откриени два диви приклучоци на системот. Истите веднаш беа санкционирани и исклучени од водоснабдување.нспекцијата ќе продолжи со засилени вонредни контроли и во наредните денови.Како градоначалник, нема да дозволам граѓаните да страдаат поради постапките на поединци! Ќе преземам сè што е во моја надлежност.Воедно, апелирам и барам ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје да постапат во рамките на своите надлежности и итно да преземат мерки, со цел жителите на Автокоманда, Ченто, Маџари, Железара и Хиподром да не останат без вода во летните месеци.

Скопје | пред 6 месеци

20230227071314

Гореше зграда во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“.Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице.Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на зградата биле безбедно евакуирани и нема повредени.Причините за настанувањето на пожарот, како и околностите под кои починало лицето, се предмет на истрага на надлежните институции.Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-i-kostadinov

Костадинов, кој го замрзна членството во СДСМ, од срце му се заблагодари на премиерот Мицкоски за 6,5 милиони евра за Струмица

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за финансиската поддршка од 6,5 милиони евра наменета за проекти во неговата општина. Благодарноста ја објави на својот фејсбук профил, каде сподели и фотографија со Мицкоски, по потпишувањето на договорите за стратешки инфраструктурни инвестиции.„Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра.Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република,Инвестираме во станбени и сервисни улици,Обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица.Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме“, напиша струмичкиот градоначалник.

Македонија | пред 6 месеци

kozle-bolnica

Болницата во Козле целосно остана без вода – цистерни ја одржуваат работата, граѓани од Водно со критики за животот на 40 степени без вода

Клиниката за респираторни заболувања кај деца „Козле“ денеска остана без вода. Последниве денови во установата имало слаб притисок, а од утрово снабдувањето е целосно прекинато. Причината не е дефект, туку, како што објасни директорката Катерина Бошкова, болницата се наоѓа во високата зона на градот, исто како и целата населба Водно, каде сè уште нема вода.„Засега функционираме, се примаат пациенти, единствено не работи лабораторијата за венска крв. Од цистерни имаме вода за миење и чистење, а за пиење добивме донации. Ни рекоа дека проблемот е тоа што сме во висока зона, а поради топлото време и големата потрошувачка се јавува недостиг. Се надеваме дека проблемот наскоро ќе се реши“, изјави Бошкова за САКАМДАКАЖАМ.МК.Граѓани од населбата реагираат дека ова не е нов проблем, туку состојба што трае со недели. Меѓу нив е и новинарот Ивор Мицковски, кој на својот Фејсбук профил напиша:„Само би сакал да потсетам дека 2 недели немаме вода на Салвадор Аљенде од 12 попладне до 1 часот по полноќ. И тоа што го имаме не знам дали може да се нарече вода. И никому ништо. Водовод збори за енормна потрошувачка, но за истата не може да биде одговорен или отсечен само еден мал дел од градот. Ако нема вода, нека има рестрикции за сите, а не сите ќе имаат, и пак енормно ќе трошат, а некој нема да може раце да измие цел јебан ден. Притоа коментарот за состојбата е пропратен со ноншалатната констатација дека така ќе било цело лето и максимум што се можело е да се испратела цистерна. Ма јебала вас и Данела и дивоградбите, вашите мизерни политички театри, базените и нивите кои си ги поливате, не е нормално на 40 степени луѓе да немаат вода. Или ако нема вода заради алчното градење и трошење, тогаш сите нека понесат последици, а не само некој.“Од ЈП „Водовод и канализација“ досега нема официјална информација кога проблемот со водоснабдувањето ќе биде надминат, ниту дали ќе има рестрикции на ниво на цел град.

Скопје | пред 6 месеци

pozarna

Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар

Во село Ракотинци, скопско, избувнал пожар во стариот објект на основното училиште. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар.Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 6 месеци

Polisa

Верувал дека е брокерка, останал и без пари и без полиси: Измамен скопјанец за скоро 49.000 денари

Во СВР Скопје, 68-годишен маж пријавил дека во периодот од 23.03.2023 до 16.04.2024 бил измамен од женско лице Т.П.Н. Според пријавата, таа се претставила како осигурителен брокер вработена во правен субјект и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и во Дојран.Како што пријавил, на трансакциска сметка платил 33.875 денари, а дополнително ѝ предал 15.000 денари во готово. Откако не ги добил осигурителните полиси, сфатил дека бил измамен.

Скопје | пред 6 месеци

doktor

Докторка уапсена со поткуп од 100 евра во болница во Битола

Основното јавно обвинителство Битола покрена постапка против офталмолог вработена во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, под сомнение за кривично дело примање поткуп, по член 357 став 6 од Кривичниот законик.Според обвинителството, докторката побарала подарок од 100 евра од лице од Ресен за да изврши операција за отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот — медицинска интервенција која, како јавна здравствена услуга, била обврзана да ја изврши и без надомест.Поткупот според Обвинителстовто се случил на 16 јули, кога таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија, каде што, според договореното, требало да ги земе парите и да закаже операцијата. Но банкнотата од 100 евра што ја примила била претходно обележана во соработка со полицијата.По примопредавањето, бил извршен претрес, при што парите биле пронајдени кај осомничената.Јавниот обвинител, имајќи ги предвид околностите, побарал од судот да ѝ се определи мерка куќен притвор.

Македонија | пред 6 месеци

rade-stekli

Штекли во болница – неконтактибилен и дезориентиран, судењето беше одложено

Судењето против Раде Трајковски – Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска беше одложено поради неговата здравствена состојба. Тој бил неконтактибилен и дезориентиран, по што итно бил префрлен со Брза помош на Клиниката за неврологија.Како што изјави судијата Илија Трпков, уште вчера Трајковски се пожалил на здравствени проблеми, поради што во затворот било повикано медицинско лице.Според информации на Скопје1 добиени од извори во затворот, обвинетиот имал слични напади и претходниот ден.Судењето првично беше презакажано за 11:30 часот, под услов да биде завршен прегледот и обвинетиот да биде донесен во судот.

Македонија | пред 6 месеци

kazni-policija-policaec

За само три дена направени се скоро 2500 сообраќајни прекршоци – брзо возење, погрешно паркирање, користење мобилен...

Во текот на изминатите три дена од оваа недела (14./15./и 16.07.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2490 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.-Така, заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 513 прекршоци, за неправилно паркирање 657, додека пак 251 учесник во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Исто така, за 89 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 103 лица се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило и уште 153 лица заради неносење на заштитна кацига. Покрај ова евидентирани се девет случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 185 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 26 возачи заради управување на возило под дејство на алкохол, информира МВР.Велат и дека согласно Законот за возила во посочените три дена од неделава биле изречени 12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 56 по основ на возила коишто не биле регистрирани.-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_4224

Три автомобили уништени во ноќен пожар на паркинг во Аеродром

Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила.Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К. (44) од Скопје.На местото на настанот интервенирале полициски екипи и Противпожарната бригада.Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.фото: Архива/Скопје1

Скопје | пред 6 месеци

koka-kola

Бел шеќер во популарната кока-кола, рецепт по желба на Трамп: Компанијата ја враќа оваа состојка во пијалокот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека компанијата Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се продаваат во САД, по неговиот разговор со компанијата.„Разговарав со Кока-Кола за употреба на вистински шеќер од трска во Кока-Кола во САД и тие се согласија да го сторат тоа. Би сакал да им се заблагодарам на сите што се на власт во Кока-Кола“, рече Доналд Трамп преку социјалната мрежа Truth Social.Портпаролот на „Кока-Кола“ изјави дека компанијата со седиште во Атланта наскоро ќе сподели детали за новите понуди и дека го цени ентузијазмот на Трамп за нивниот производ.Кока-колата што се продава во САД обично се засладува со сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, додека во други земји, вклучувајќи го Мексико и делови од Европа, често се користи шеќер од трска.Иницијативата на администрацијата на Трамп „Да ја направиме Америка повторно здрава“ (MAHA) е усогласена со здравствените политики промовирани од секретарот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кои имаат за цел да ги охрабрат прехранбените компании да ги отстранат состојките како што се вештачките бои од своите производи.Кенеди претходно ја критикуваше и високата консумација на шеќер во американската исхрана и најави дека новите упатства за исхрана, кои треба да бидат објавени ова лето, ќе препорачаат Американците да јадат „цела храна“.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања