ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

ТОП

koseto-spomenik

(ФОТО) Данела Арсовска го врати споменикот на Ќосето среде ноќ!

По неколку години отсуство, споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето повторно е поставен, а градоначалничката Данела Арсовска објави и фотографии од споменикот кој беше отстранет во времето на претходното градско раководство.Контроверзната статуа беше отстранета од поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година, бидејќи бил дивоградба, а беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалник беше Коце Трајановски.-Споставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија.Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава.

Скопје | пред 6 месеци

Pozarnikari-DZS

Битолчани вознемирени од пожар: гори во близина на социјалните згради во Нова Битола

Синоќа во Нова Битола изби пожар при што гореше сува трева и паркова површина во близина на станбените згради познати меѓу жителите како „социјални згради“. Настанот предизвика вознемиреност кај граѓаните, бидејќи огнот се приближи до населената зона.Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Битола, веднаш по пријавата од локалното население, интервенирале противпожарни екипи на терен.– Гори сува трева во непосредна близина на станбените згради што се наоѓаат над улицата Игњат Атанасовски. Станува збор за делот што битолчани го знаат како „социјални згради“. На терен се распоредени две екипи кои го гаснат пожарот и го контролираат проширувањето. Огнот е дополнително разгорен од силниот ветер што вечерва дува во Битола. Нема сомнеж дека пожарот е подметнат, вели командирот, Христијан Тодоровски.Пожарот бил видлив од повеќе делови на градот, а поради неговата близина до живеалишта, дополнително ја зголемил загриженоста меѓу жителите на Нова Битола.

Македонија | пред 6 месеци

EYOF

Како не треба да изгледа EYOF – Македонија покажа „пример“ пред 49 земји!

Со години се подготвуваат олимпијади — зимски, летни, младински, старински... Држави вложуваат стотици милиони, години однапред трешти пропагандна машинерија, се градат сали, села, системи и сјај. А кај нас, Младинската олимпијада мина како месна забава во трета смена. Ни глас, ни трага. Скопје и Куманово ја угостија Европа, 4.000 спортисти од 49 земји, а јавноста дозна од некое стори на Инстаграм и неколку очајни објави на самите натпреварувачи.Медиумите беа обвинети за слабо покривање. Па не можат новинарите да гатаат со гравчиња кога, каде и што се случува. Мора кампања, мора да се вреска, да има билборди, инфо-фрчење, соопштенија, ТВ-спотови, реклами во јавен превоз, сѐ ако сакавме да биде настан, а не трошка во спортски дрес.За „Експо 2027“ во Србија веќе знаат и врапчињата на гранките. А кај нас? Олимписки настан мина со паднат таван во студентски дом, без клима на 45 степени, двајца во еден кревет како во поствоена болница и храна која ги инспирираше спортистите на ТикТок со #worstexperience.Министерството? Рака мијат, велат: „Ние дадовме милион евра на МОК“. Одговорност? Не, тоа е спорт за себе.А велосипедистите од Исланд кои ги удри автомобил на тренинг? Па зошто не тренирале со агенда?! Зарем нашите велосипедисти кога возат 100тина километри, ги следи конвој? Не. Ама не се гости на меѓународна спортска манифестација.Се прашувате колку време се спрема ваков настан? И нема да одиме подалку, нема споредба со САД или Кина!Шаховската олимпијада во Скопје (1972) – години подготовки, посебен комплекс, државен приоритет.Универзијадата во Загреб (1987) – изградено студентско село, нови спортски сали, цела држава се вклучи.Зимската олимпијада Сараево (1984) – пет години подготовки, изградени спортски центри, патишта, инфраструктура.А кај нас? Студентски дом, без клима, без превоз...Каков дочек, таков спомен. А со ваква организација, ќе не паметат и тие што не сакаа.

Коментари | пред 6 месеци

grcija-1

(ФОТО/ВИДЕО) Горат и куќите, во Грција и Турција пожарите оставија пустош, илјадници се евакуирани, температурите некаде надминуваат 50 степени

Илјадници граѓани во Грција и Турција беа принудени да ги напуштат своите домови поради жестоките шумски пожари што беснеат на повеќе локации, поттикнати од силни ветришта и екстремно високи температури.Температурите во југоисточна Европа веќе седми ден по ред надминуваат 40 степени Целзиусови, а грчките спасувачки служби, според премиерот Киријакос Мицотакис, водат „титанска битка“ за ставање на огнот под контрола.„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас“, изјави премиерот.Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари, а властите побараа поддршка од земјите членки на Европската унија за справување со огнените фронтови.Иако пожарот кај Крионери, североисточно од Атина, во кој беа повредени двајца пожарникари, е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична.Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите добија налози за итна евакуација.Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, поради опасните временски услови што ја претворија земјата во сув и запалив терен.Националната опсерваторија во Атина измери рекордни температури: 45,8 степени во Месинија во петокот и 45,2 во Амфилохија во саботата.Во неделата, меѓународна помош пристигна во форма на чешки и италијански пожарникарски тимови, кои се приклучија на напорите за гаснење, со фокус на островот Китера.Во Турција, југоисточната покраина Ширнак забележа нов температурен рекорд од 50,5 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот од 49,5 од август 2023 година.Повеќе од 1.700 лица беа евакуирани откако пожарите се приближија до Бурса, четвртиот по големина град во Турција, каде загинаа четворицаОпозицискиот пратеник Орхан Сарибал ја опиша ситуацијата како „апокалипса“. Над 1.100 пожарникари се бореа со вкупно 76 пожари кои избувнале во рок од 24 часа. Турција со недели се соочува со катастрофални пожари, предизвикани од екстремните температури.фото: France24/YouTube Print Screen

Балкан | пред 6 месеци

voz-Germanija

(ФОТО)Трагедија во Германија, во во железничка несреќа загинаа тројца, 50-тина се повредени

Германската полиција од Улм соопшти дека постои сомневање дека свлечиште предизвикано од силното невреме може да е причината за тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на Ридлинген, во сојузната покраина Баден-Виртемберг.Во трагичниот инцидент животот го загубија три лица, а околу 50 се повредени, од кои 25 се здобиле со тешки повреди, информираа германските власти.Меѓу загинатите се и машиновозачот, како и уште еден член на персоналот на државниот железнички оператор Дојче Бан. Инцидентот се случил околу 18:10 часот, кога најмалку два вагони од регионален воз на линијата RE 55 излетале од шините.Возот се движел на релација Зигмаринген – Улм, а несреќата се случила на околу 45 километри југоисточно од Улм, близу границата со Баварија. Во моментот на несреќата, регионот бил погоден од силно невреме.Сликите од местото на трагедијата покажуваат искршени дрвја и делови од возот, вклучувајќи и откината оскана самиот раб на пругата. Екипите за спасување извлекувале патници од делумно превртени вагони, додека од позадина се слушале вознемирувачки крици. Генералниот директор на Дојче Бан, Рихард Луц, најави дека ќе го посети местото на несреќата денес, за лично да се запознае со ситуацијата и да им изрази благодарност на ангажираните служби. Тој упати сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените.Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, премиерот на Баден-Виртемберг, Винфрид Кречман, како и министерот за внатрешни работи, Томас Штробл, кој беше присутен на теренот, изразија шокираност и сочувство за жртвите и нивните семејства.Железничкиот сообраќај на трасата меѓу Мундеркинген и Зигмаринген е целосно во прекин и засега не е познато кога ќе биде обновен.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

30-годишна мајка грубо дозволила две 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 1, додека две други жени се осомничени за – Силување на децата кои не наполниле 15 години предвидено во член 188 став 1 од Кривичниот законик.“Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Политички судир поради пожарите: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за негрижа и саботажа

Пожарите што последниве денови зафатија делови од државата станаа причина за нова пресметка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии преку официјални соопштенија се обвинија за негрижа, политичка манипулација и прикривање на одговорноста за состојбата со противпожарната заштита.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за време на своето владеење оставила противпожарните единици без опрема, дека не е набавено ниту едно летало или возило за гасење пожари, додека функционерите, како што велат, оделе на одмори на грчки плажи во време кога низ државата беснееле пожари. Според нив, наместо загриженост, СДСМ се радувала на секој нов пожар за да може да обвинува.Во реакција од СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога нема одговор за, како што наведуваат, „катастрофалното водење на државата“, вината ја префрла на опозицијата. Потсетуваат дека Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи, за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ја уништил системската способност за заштита од пожари, е сега директор на Дирекцијата за заштита и спасување, поставен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со зголемена плата од 30%.СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги објави имињата на лицата за кои тврдат дека подметнувале пожари, а секое одбивање, според нив, ќе значи соучесништво. Дополнително, посочуваат дека во последните две години изгорела површина каква што не изгорела во изминатите три децении.ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува сомнежи дека дел од пожарите се намерно подметнати од лица блиски до СДСМ и ДУИ, и прашува која е нивната корист од тоа. Од партијата велат дека намерното предизвикување штета со цел да се наштети на актуелната Влада, во суштина претставува штета за целата држава.

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уапсени две сестри и нивна пријателка – снимиле и праќале порнографска снимка од 3-годишно дете

На 26.07.2025 во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Ќ.(31) од Република Албанија, со живеалиште во гостиварско, нејзината сестра  М.Ј.(22) тетовско, додека на 27.07.2025 од слобода била лишена и нивната пријателка Е.И.(23) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава од 34-годишниот сопруг на А.Ќ. дека во периодот додека престојувале во Италија, А.Ќ., М.Ј. и Е.И. снимиле и му пратиле видео снимки со порнографска содржина од неговиот тригодишен син.Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок по членовите 201 и 193-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-27-at-10.04.22

(Видео) Тепачка среде улица во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот

Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица.На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа физички, а во обид да ги раздвои се вмешува и жена која се наоѓала меѓу нив. Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои агресивно просат во центарот на градот, вознемируваат минувачи и вклучуваат деца во собирање пари.Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле мерки.Граѓаните бараат поголема безбедност и надзор во централното градско подрачје.

Македонија | пред 6 месеци

525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

(Видео) Група деца вербално и физички малтретирани на Школка – родителите алармираат, случајот пријавен во полиција

Група од четири деца, меѓу кои три девојчиња и едно момче, биле изложени на вербален и физички напад од друга група деца на Школка во Градски парк, објави загрижена мајка на едно од нападнатите деца.Инцидентот се случил пред два дена, кога децата мирно седеле, по што им пришла група од околу 5 до 6 деца на возраст од 12 до 13 години, кои почнале да дофрлаат навредливи зборови како „секташи“ и „педери“. Иако нападнатите деца не реагирале, едно од другата група плукнало во нивната насока, при што една девојка била погодена во лицето.„Таа му викнала, тој се повлекол, но по десетина минути се вратиле со постари деца кои им се заканиле дека ќе ги претепаат“, раскажува мајката. Едно од нив го плукнало момчето, а друго го снимало со камера додека го принудувало да се извини затоа што биле таму.Според сведочењето, ситуацијата ескалирала и следниот ден, кога истата група повторно ги пресретнала децата на излегување од паркот. Додека се движеле кон автобуската постојка, едно дете на тротинет го удрило со клоца, додека друго со сина маица и црни бермуди го удрило по рамото и се обидело да го сопне.„Се јави да каже дека пак ги следат. Му реков веднаш да снима и да не се мрдаат, а јас ќе повикам полиција. Штом кажал дека ќе дојде полиција, децата се разбегале“, вели мајката.На крај, пријател на семејството дошол со автомобил да го земе, а случајот бил пријавен во полиција.Родителите на нападнатите деца бараат институциите итно да реагираат, бидејќи станува збор за повторено малтретирање од малолетници, кое лесно може да прерасне во посериозно насилство. Повеќе граѓани бараат поголема безбедност и полициско присуство во делот околу Школка, кој често станува сцена на слични инциденти.

Скопје | пред 6 месеци

pozarna-

33 пожари на отворено – 12 активни, 5 под контрола, 16 изгаснати

Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.Меѓу најкритичните активни пожари се издвојуваат оние во Василево, Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка и Петровец, каде што гори мешана шума, бор, нискостеблеста вегетација и сува трева. Во некои региони, како Прилеп и Василево, има повеќе активни жаришта, а дел од нив се прошириле и кон други општини и села.Пожарите што се ставени под контрола се забележани главно во регионот на Македонски Брод, Штип, Струмица и Карбинци, а се работи за пожари на сува трева, деградирана шума и висока вегетација.Во изминатите 24 часа, целосно се изгаснати 16 пожари, меѓу кои и на локации во Скопје (Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари), Куманово, Штип, Струга, Василево, Карбинци и Кривогаштани. Најчесто се работело за пожари на стрништа, дива депонија, сува трева и грмушки, но има и случаи на опожарена штала и мешана шума.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_2199

Русија воспоставува директни летови со Северна Кореја – прва авионска линија Москва–Пјонгјанг по неколку децении

Во јасен показател за продлабочување на односите меѓу Русија и Северна Кореја, денес започнуваат директни патнички летови меѓу Москва и Пјонгјанг, што претставува прва редовна авионска врска меѓу двата главни града по речиси три децении. Според руски воздушни блогови, оваа новина доаѓа по обновувањето на железничката патничка линија меѓу двете земји во јуни и означува прво вакво поврзување од средината на 1990-тите.Руската сојузна агенција за цивилно воздухопловство „Росавијација“ ѝ даде одобрение на една домашна авио-компанија за летови на релација Москва–Пјонгјанг двапати неделно, но според агенцијата „Ројтерс“, првично тие ќе се одвиваат само еднаш месечно, додека не се воспостави стабилна побарувачка.Односите меѓу Русија и Северна Кореја значително се зацврстија последниве години, особено поради меѓународната изолација со која се соочува Москва поради инвазијата на Украина. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, на состанок со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 12 јули, изјави дека Пјонгјанг „безусловно“ ја поддржува Русија во војната.Во текот на конфликтот, воената соработка меѓу двете држави се интензивираше, вклучувајќи испораки на оружје и испраќање севернокорејски војници во поддршка на Русија. Во јуни 2024 година, Москва и Пјонгјанг потпишаа одбранбен договор со кој се обврзаа на взаемна воена помош во случај на надворешен напад.Официјални коментари за воведувањето на новата авионска линија засега нема, но аналитичарите сметаат дека овој потег е дел од пошироката геополитичка стратегија на двете земји за зајакнување на соработката и испраќање јасна порака за нивната сплотеност пред Западот.

Свет | пред 6 месеци

Нема фотографија

Израел прогласи „тактичка хуманитарна пауза“ во Газа – критиките на хуманитарните организации сè погласни

Израелските одбранбени сили (IDF) денеска најавија воведување на локална тактичка пауза на воените активности во појасот Газа, која ќе се применува секојдневно од 10:00 до 20:00 часот (07:00–17:00 GMT), и тоа во области каде што израелската војска моментално не спроведува операции, меѓу кои ал-Маваси, Деир ал-Балах и градот Газа.Според соопштението на IDF, одлуката е донесена во координација со Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации, по повеќекратни консултации околу хуманитарната состојба на терен.Покрај дневната пауза, израелската војска најави дека секојдневно, од 06:00 до 23:00 часот, ќе бидат обезбедени безбедносни рути за конвоите на ОН и други хуманитарни организации, со цел безбедна дистрибуција на храна и лекови до населението во Газа.„Ќе продолжиме да ги поддржуваме хуманитарните напори, паралелно со воените операции против терористички организации“, стои во соопштението на IDF.Од војската додаваат дека се подготвени да ја прошират примената на овие паузи, доколку околностите го бараат тоа.Објавата доаѓа по засилен меѓународен притисок и по предупредувањата од повеќе од 100 хуманитарни агенции дека Газа е на работ на масовен глад. Според Министерството за здравство на Газа, досега повеќе од 125 лица починале од неухранетост, меѓу кои 85 деца.Израелската војска потврди дека помошта продолжува да се доставува и од воздух, особено кон северниот дел на појасот Газа, каде што пристапот по копно е ограничен. Паралелно, Јорданската агенција за безбедност објави снимки од големи хуманитарни конвои кои се движат кон границата со Газа, со наслов: „Се случува сега“.Сепак, Израел се соочува со силни критики од хуманитарните организации, кои го обвинуваат за рестрикции и забавување на доставата на помош, како и за колективно казнување на цивилното население.Израелските власти тврдат дека се посветени на дозволување хуманитарна помош, но и дека е неопходна строга контрола, за да се спречи реалокација на ресурсите кон Хамас.Иако се воведува хуманитарна пауза, IDF потенцира дека офанзивните операции ќе продолжат во другите делови на Газа, со цел – како што велат – заштита на израелските цивили.Во минатото, Израел неколкупати има воведено временски ограничени хуманитарни прекини, како во ноември 2024 за време на кампањата за вакцинација, или во јуни 2024, кога беше овозможен безбеден транспорт на хуманитарни тимови.Но, засега не е јасно дали новата пауза ќе донесе долгорочно олеснување, или ќе остане само краткорочна мерка во сенка на сè подлабоката хуманитарна криза.

Свет | пред 6 месеци

policija-brod

Спроведена вежба за справување со пожар во Охридското Езеро

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека е успешно реализирана заедничка вежба со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, во која биле вклучени повеќе полициски единици.„Имаме убава вежба која ја одработивме со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. Вклучени се повеќе полицајци од повеќе единици, презентиравме како би се справиле, со не дај Боже, пожар доколку би настанал во водите на Охридското Езеро“, изјави Тошковски.Целта на вежбата, како што нагласи министерот, е зголемување на подготвеноста и координираноста на сите надлежни служби во случај на интервенција во водена средина, со особен фокус на превенција и брза реакција при евентуални пожари во и околу Охридското Езеро.„На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“. Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација. Покрај ЦУК, во симулацијата активно беа вклучени и:• Капетанијата на пристаништата,• Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид,• Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид,• Дирекцијата за заштита и спасување,• Црвениот крст на Охрид,• Итната медицинска помош Охрид.Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата“, велат од Центарот за управување со кризи.

Охрид | пред 6 месеци

kocani-protest-1145125

„Родители го продадовте споменот на своето дете за ситни пари, душата ќе ви оди во пеколот, а таму не се вашите деца“, рече една од присутните на маршот во Кочани

Со транспарент, „Слушнете го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“, родители, роднини и пријатели на загинатите и повредените во кочански „Пулс“ испратија уште една порака до јавноста и правосудната власт. Тие се обратија и посочија: „Оддаваме почит на жртвите од земјотресот во Скопје и се сеќаваме на храброста на сите кои помогнаа да се роди урбано и модерно Скопје. Пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата историја, каде поради затајувањето на институциите 62 деца беа пеплосани, а 200 повредени имаат трајни последици, а и уште 300 деца кои не се споменуваат и остануваат со траума“.„Таа ноќ ќе го следи Кочани засекогаш, трагдија која наместо да нѐ сплоти, ни донесе дополнителни удари – политизирање, апатија, презир од одредени поединци, бидејќи парите и моќта се поважни од иднината на идните генерации. Родители, кои го продадовте споменот на своето дете и борбата за правда за ситни пари и подобра работна функција, каде ќе ви оди душата? Во пеколот да знаете. А таму не се вашите деца и никогаш нема да ги видите“, рече родител на загинато дете на 16-тиот марш по ред.Потоа, се обрати Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, која рече „Сакаме да прашаме до каде е постапката на ОЈО-ГОКК (за полицајците) или чекаат одмори, за да си ги однесат децата на одмор на вода, а ние на нашите деца на гробовите да им фрламе вода за да ги освежиме?“.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања