ТОП

jsp-avtobus

Пропадна тендерот за 120 електрични автобуси – се јави само една фирма, и таа не исполнуваше услови

Само една компанија доставила понуда на тендерот за набавка на 120 електрични автобуси, но ниту таа не ги исполнила условите, соопшти Министерството за транспорт и врски, кое го поништи постапката за јавната набавка.Јавниот повик за избор на понудувач беше објавен на 17 јуни, со краен рок за доставување на понудите до 24 јули 2025 година. И покрај тоа, понуда доставила само една фирма.По извршената евалуација, Комисијата задолжена за спроведување на постапката утврдила дека понудата не ги задоволува критериумите предвидени во тендерската документација.Министерството информира дека во наредниот период ќе се извршат дополнителни анализи поврзани со набавката на електрични, еколошки автобуси за јавен превоз и полначки станици, по што јавноста ќе биде навремено известена за понатамошните чекори.

Скопје | пред 6 месеци

grcija4

Словенечки пожарникари и чешки хеликоптер се вклучуваат во битката со пожарите!

Словенија се вклучува со 50 пожарникари и специјализирана опрема, а Чешка испраќа хеликоптер како поддршка во гаснењето на пожарите што беснеат низ повеќе региони во земјава. Помошта од овие две земји се очекува да пристигне во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според нивните податоци, од вкупно 27 активирани пожари на отворен простор, во моментов седум се сè уште активни, три се ставени под контрола, а 17 се целосно изгаснати.Активни пожари се регистрирани на планината Голем Готен и во Малешевските планини, како и во прилепското село Бешишки Рид, каде огнот се шири кон селото Градежница во општина Новаци и кон државната граница со Грција.Гори и во подрачјето меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, потоа во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци, како и меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа во Општина Македонски Брод. Пожар е активен и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица, како и во селото Ореше во Чашка и во кичевското село Горно Црско.Пожарите кои се ставени под контрола се во селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела мешана шума и сува трева, потоа меѓу селата Драгоево и Селце во Општина Штип, каде биле зафатени нискостеблеста шума, прнар и сува трева, и во село Јунузлија, општина Карбинци, каде се регистрирано горење на шума.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski-5135

Државниот обвинител Коцевски,, на тапет” пред пратениците

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.За разрешување на Коцевски се потребни 61 пратенички глас. Освен 6 пратеници од Левица, извесно е и дека за разрешување на Коцевски ќе гласа и ЗНАМ.Интерпелацијата ја поднесе Левица поради, како што наведуваат селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.ДУИ нема се уште соопштено како ќе гласа, а и ВРЕДИ. Според СДСМ, нема да гласаат за интерпелацијата.Христијан Мицкоски претходно изјави дека не го менува ставот ниту тој како човек ниту, пак, го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, рече дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на другите обвинители да работат и да сработат имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата.„Јавноста ќе види утре.Ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ”, рече вчера Мицкоски.Коцевски негира дека има постигнат договор со премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговото евентуално разрешување.

Македонија | пред 6 месеци

Tamuraa

Крвав вооружен напад во Њујорк! Откриен и идентитетот на напаѓачот и мотивот, оставил проштално писмо

Шeјн Девон Тамура (27), е вооружениот човек кој уби четири лица во бизнис зграда во Њујорк, пред да си го одземе животот. Тој оставил порака пред самоубиство во која тврди дека страда од хронична трауматска енцефалопатија (CTE) и побарал неговиот мозок да биде анализиран по неговата смрт, објави Си-Ен-Ен.Писмо пронајдено по пукањетоВо кратко писмо од три страници пронајдено во неговиот џеб, Тамура напишал: „Тери Лонг и американскиот фудбал ми дадоа CTE и пиев галони антифриз поради тоа. Не можеш да се бориш против НФЛ, ќе те прегазат.“Тери Лонг, поранешен играч на Питсбург Стилерс, беше дијагностициран со CTE и изврши самоубиство во 2005 година. Тамура додаде во својата проштална порака: „Ве молам, проучете го мојот мозок. Жал ми е. Кажете им дека ми е жал за сè.“Според изворите на CNN, Тамура бил фудбалер во младоста, што дополнително ја поткрепува неговата тврдење дека страдал од CTE - болест најчесто поврзана со повторени удари во главата кај спортистите, дури и без регистрирани потреси на мозокот.Напад во зградата на НФЛСпоред она што е досега познато, Тамура бил незадоволен од начинот на кој Националната фудбалска лига (НФЛ) со години го игнорира проблемот со CTE, што е потврдено кај бројни поранешни играчи по нивната смрт, а многумина имаат проблеми во текот на животот. Полицијата претходно објави дека Тамура имал „историја на ментални заболувања“.Тамура влезе во зградата на седиштето на НФЛ со пушка и отвори оган во лобито, а потоа и на 33-тиот кат пред да си го одземе животот. Еден вработен во НФЛ беше сериозно повреден, додека другите работници беа евакуирани на време.Вчера во 18 часот по локално време, Тамура вооружен со автоматска пушка М4 излегол од црн автомобил и без предупредување упаднал во зградата на Парк Авенју 345 во Њујорк, каде веднаш отворил оган врз полицаец што се наоѓал во лобито.Напаѓачот потоа продолжил да пука во зградата каде се сместени некои од највлијателните компании во САД, како финансискиот гигант „Блекстоун“, ревизорската компанија КПМГ и седиштето на Главната лига фудбал. Полицијата потврди дека четири лица се убиени, меѓу кои и полицаец, а уште четворица, тројца мажи и една жена, се борат за живот.

Свет | пред 6 месеци

ahmetii

(ВИДЕО) Ахмети заигра на свадба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов е снимен на свадба во Кичево. На снимката се гледа дека тој е во добро расположение и го предводи орото. Не е прв пат Ахмети да биде снимен како игра оро.

Македонија | пред 6 месеци

siljanovska-davkova-arm-1

Војниците со децении на определено – Комисијата утврди индиректна дискриминација

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е донесено мислење со кое се утврдува постоење на индиректна дискриминација од страна на Министерството за одбрана кон професионалните војници во Армијата на Република Северна Македонија. Претставката до Комисијата ја поднел Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје, кој веќе подолго време алармира за неправдите што, како што велат, ги трпат нивните членови.„Јас Александар Насковски како претседател на синдикатот и професионален војник поднесов претставка на 12.11.2024 година до КСЗД за утврдување на дисриминација, бидејќи Министерството за одбрана не им го трансформира работниот однос од определено на неопределено време на професионалните војници согласно член 46 од Законот за работни односи. Професионалните војници се единствените работници во државата што работат и по 25 години на определено време со продолжување на договори и по 7-8 пати во тој временски период и без можност на право од работен однос, пензионирање“, вели Насковски.Синдикатот посочува дека со години наназад не се земаат предвид нивните барања и предлози, без разлика кој министер за одбрана бил на функција. Токму затоа, како што наведуваат, како еден од четирите синдикати кои функционираат во Армијата, тие остануваат доследни и истрајни во борбата за унапредување на работничките права и постигнување еднаков третман.На 3 јуни 2025 година, Независниот синдикат на професионални војници до Собранието и до сите пратенички групи доставил предлог-закон за измена и дополнување на Законот за служба во Армијата. Со предложените измени, како што посочуваат, конечно би се решил долгогодишниот нерешен статус на професионалните војници, а истовремено би се постапило и согласно препораките од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Нивните очекувања се јасни – Министерството за одбрана да ги спроведе препораките на Комисијата, а пратениците да го поддржат предложениот закон со што, како што наведуваат, би се коригирала децениската неправда кон професионалните војници, а истовремено и би се направиле значајни заштеди во буџетот на министерството.

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски со прозивка до Фетаи и Меџити: Да се извинат ако службените возила ги користеле за партиски активности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно побара од вицепремиерот Арбен Фетаи и Изет Меџити да понесат одговорност и да се извинат доколку службените автомобили им служеле за партиски наместо за државни цели. Поводот е случка од пред десетина дена, кога возилата на двајцата функционери биле забележани доцна навечер – околу 23 часот – паркирани на булевар во близина на ТЦ „Мавровка“, непосредно до просториите на политичката коалиција ВЛЕН.Мицкоски потенцираше дека во случај возилата да биле користени за активности поврзани со Владата, тоа би било прифатливо. Но, ако биле употребени за партиски состаноци, тогаш, како што рече, „се работи за злоупотреба на државни ресурси“.-Доколку биле на состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, кажа денеска Мицкоски на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода.Од друга страна, градоначалникот на Тетово и коалициски партнер во ВЛЕН, Биљал Касами, ги бранеше Фетаи и Меџити, нагласувајќи дека, според него, средбата била службена и поврзана со функциите кои ги извршуваат. Тој додаде дека не верува оти неговите партиски колеги би се состанале за политички прашања без негово знаење или учество.

Македонија | пред 6 месеци

patnik-srbinnn

(Видео) Македонец од Скопје - херој во авион на Изиџет, совлада екстремист кој се заканува со бомба и извикува „Алаху акбар“

На летот на авиокомпанијата „easyJet“ од аеродромот Лутон (Лондон) кон Глазгов се случил сериозен инцидент. За среќа скопјанецот Зоран Настески, како што објавија повеќе медиуми, кој живее и работи во Англија, храбро интервенирал откако еден патник, околу еден час по полетувањето, почнал гласно да извикува заканувачки пароли, вклучувајќи и закани дека ќе го „дигне авионот во воздух“, како и повици: „Смрт за Америка“, „Смрт за Трамп“ и „Алаху Акбар“.Настанот се случил утрото на 27 јули, а видеоснимките од инцидентот бргу се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции од јавноста и медиумите, меѓу кои и „Њујорк пост“.На снимката може да се чуе како Настески извикува: „Пи**а ти материна“, додека го држи мажот до пристигнувањето на персоналот и му наредува да „седи мирно“.Очевидци изјавиле дека вознемирениот патник почнал со заканите по враќањето од тоалетот. Екипажот и патниците останале во состојба на паника, но успеале да го задржат додека авионот безбедно не слетал во Глазгов.По слетувањето, полицијата веднаш го уапсила мажот. По детална проверка на авионот, не биле пронајдени експлозивни средства, а властите потврдија дека се работи за поединец кој делувал сам.Авиокомпанијата „easyJet“ изјави дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен апсолутен приоритет, и дека инцидентот бил навремено решен со интервенција на полицијата.Скопјанецот кој реагирал прв и го спречил потенцијалниот напад доби бројни пофалби на социјалните мрежи за неговата брза и храбра реакција.

Свет | пред 6 месеци

IMG_6897

Сообраќајка со смртни последици кај Кичево, 74-годишен маж загина на лице место

На регионалниот пат Кичево – село Осломеј, кај кичевското село Гарани, вчера наутро се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.-На 27.07.2025 во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се наведува во соопштението на МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Македонија | пред 6 месеци

todora

Молат за помош да ја најдат 16-годишната Теодора Бабарчиќ која пред пет дена исчезна во Вардар

Најблиските на Теодора Бабарчиќ, 16-годишното девојче кое мината недела исчезна во водите на Вардар молат за помош. Нејзинот брат апелира до сите кои можат да се вклучат во потрагата.– Ги повикувам сите што се во можност да се приклучат на терен и да помогнеме заедно во потрагата по Теодора. Не треба ништо повеќе од добра волја и желба да се помогне. Мојот татко е веќе таму, кај село Уланци, Градско и ја координира потрагата бидејќи за жал, од институциите нема речиси никаква помош – објави братот на Теодора.За помош апелираат и други блиски роднини на Теодора.Девојчето е последно видено на 23 јули минатата недела и се бара помош за потрагата – и теренска и снимање со дрон по течението на Вардар кон Гевгелија.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-DZS

Девет активни пожари низ државата – над 15 локации се во пламен

До 12:30 часот на 28 јули, на територијата на Северна Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои девет се сѐ уште активни, а шест се ставени под контрола – информира Центарот за управување со кризи.Меѓу најобемните пожари е оној во реонот меѓу Василево, Радовиш и Берово, кој зафаќа делови од планината Голем Готен и Малешевските планини. Активен е и пожарот кај Прилеп, на потегот с. Бешиште – Градешница – граница со Грција, каде, поради детонации, не се изведува интервенција на терен.Гори и на неколку други критични точки: околу Царевиќ, Смолани, Дрен, Галиште, Црешево, Церово, Групчин, Нерав, Ќосевица, Мршевци, Бучинци и Ореше – дел од нив со ризик и за населени места.Пожарите под контрола се бележат кај Куманово, Македонски Брод, Штип, Карбинци, Кичево и Петровец, но на некои локации, како Димонце и Коњух (опш. Кратово), сѐ уште постои закана по куќи.Надлежните апелираат до граѓаните за крајна внимателност и пријава на секое воочено жариште. Институциите остануваат на терен со сите расположливи ресурси.

Македонија | пред 6 месеци

taravari-1

Таравари со критика кон Азир Алиу за непочитување на уставното име на државата и албанскиот јазик

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари упати остра критика кон Министерството за здравство, обвинувајќи го за кршење на Преспанскиот договор и за непочитување на уставните норми, само еден ден по средбата меѓу Таравари и американската конгресменка со грчко потекло, Никол Малиотакис.Повод за реакцијата беше неодамнешното отворање на здравствениот дом во општина Илинден. Според соопштението, Министерството направило два крупни пропусти – на поставените табли не бил употребен албанскиот јазик, а наместо уставното име „Република Северна Македонија“ било напишано само „Република Македонија“.„Овие постапки се спротивни на законските одредби за употреба на јазиците и претставуваат директно непочитување на Преспанскиот договор“, стои во соопштението. Оттаму бараат јавно извинување од Министерството за здравство, а од министерот Фатмир Меџити – политичка одговорност, поради, како што посочуваат, „оштетување на меѓународниот углед на државата“.Реакцијата повлекува и прашање за можно усогласено дејствување помеѓу одредени политички кругови во Грција и Албанците во Македонија, со цел да се отвораат прашања за кои се смета дека се затворени со Преспанскиот договор. Контекстот дополнително го заострува фактот што Малиотакис е позната по своите ставови против уставното име на земјата.Настанот предизвика и поширока политичка дебата околу стратегијата на опозицијата, но и повторно го актуелизираше прашањето за јазичната и идентитетската чувствителност во земјата.Министерството за здравство сè уште нема излезено со официјална реакција на обвинувањата.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski1111

Мицкоски: Јавноста ќе види утре дали ќе ја поддржиме интерпелацијата за Коцевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не откри дали неговата партија ќе ја поддржи интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица.„Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ“, изјави Мицкоски, избегнувајќи да даде конкретен одговор.Собранието утре треба да расправа за интерпелацијата поднесена од Левица, која го обвинува Коцевски за, како што наведуваат, нефункционален и селективен обвинителски систем. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е од клучно значење, со оглед на нивната мнозинска позиција во законодавниот дом.

Македонија | пред 6 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Цените на бензините поевтинуваат за еден денар

Вечерва од полноќ се намалуваат цените на горивата. (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,449%, кај дизелот за 1,961%, кај екстра лесното масло за 1,301% и кај мазутот намалувањето е за 2,017%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,489%.Од 29.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,412 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,746 ден/кг и сега ќе изнесува 39,412 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Огнена стихија во Старо Нагоричане, изгореа куќи - за среќа нема човечки жртви

Неколку куќи во селото Рудинци, општина Старо Нагоричане, биле зафатени од пожарот што избувна во петокот навечер, потврди за Трн.мк Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица. Дел од опожарените куќи биле населени, а дел празни. Точниот број на уништени објекти сè уште не е утврден.Огнената стихија, која се ширела со извонредна брзина, зафатила непристапни терени, како ридови и долови, а во еден момент дури стигнала и до железничката пруга, продолжувајќи кон кратовското село Димонце.„Интервениравме до три часот по полноќ. Со две противпожарни возила, осум пожарникари и поддршка од мештаните, успеавме да го локализираме пожарот. Ситуацијата беше исклучително сериозна, пламените јазици се движеа со таква брзина што не можеше да се предвиди каде ќе се прошири понатаму“, изјави Трајковски.Поради оштетени електрични столбови и трансформатор, електричната енергија во селото е прекината, како мерка на претпазливост.Иако пожарот бил изгаснат во петокот, следниот ден повторно се појавил, но на друга локација, што според командирот на пожарникарите упатува на сомневање за намерно подметнување.Најзначајно е што, според досегашните информации, нема повредени лица. Во текот на наредните денови се очекува теренска проценка и утврдување на точната штета.„Во моментов нема активни пламени јазици, но на неколку места сè уште има чад и жаришта. Утре ќе излеземе со прецизни податоци“, додаде Трајковски.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања