„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

236608355_549426113071238_6532646002712986989_n

Се вози без возачка, се поминува на црвено, но се вози и бесно - 187 казни во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, пет санкции за минување на затворен сигнал, - црвено светло, девет мерки за возење со брзина поголема од дозволената, четири мерки за користење мобилен телефон при возење...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонија треба да плати по седум евра за влез во ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва информираше дека тој и министрите за европски прашања од Западен Балкан ќе бараат од Европската Унија одлагање на одлуката за примена на Европскиот систем за патни информации и одобрување, според која, по седум евра за влез во Унијата ќе плаќаат државјаните од земји кои не се членки на Унијата.– Тоа не е враќање на визите, тоа е една процедура којашто бара регистрација и плаќање на седум евра и важи за три години. Меѓутоа ние сметаме дека не треба да се воведе и можам да ви најавам дека веќе сме во комуникација со министрите за европски прашања од целиот регион за да составиме едно заедничко писмо коешто ќе го испратиме до Европската комисија и државите членки на ЕУ со што ќе бараме одложување на таа одлука или изземање од таа одлука на државите кои преговараат со ЕУ, наведе Маричиќ во дневникот на телевизија „Сител“, коментирајќи ги реакциите на граѓаните дека таквата одлука подразбира враќање на визите.Заменик-претседателот на Владата оцени дека е можно Европската комисија да го прифати тоа барање, бидејќи, како што нагласи тој, ЕУ е должна да внимава на овие работи и во таа смисла мислам дека граѓаните имаат вистинско чувство дека е тоа непотребно, но и ние мислиме дека е непотребно во оваа фаза.

Македонија | пред 3 години

electricity-meter-96863_1280

Струјата нема да поскапи, пониски сметки за домаќинствата и малите компании, вели СДСМ

Од први јануари 2023 година согласно новата методологија на Регулатроната комисија за енергетика цената на електричната енергија ќе се намали за домаќинствата и за малите компании, вели СДСМ„Цената на струјата за домаќинствата во првиот блок од 1-ви јануари ќе се намали за 4,11 отсто, а за вториот блок за 2,95 отсто.Тоа значи дека 99,2 отсто од домаќинствата, од следниот месец ќе добиваат пониски сметки за струја.Сериозно намалување на сметките за електрична енергија ќе има и за над 70.000 мали компании со што значително ќе им се помогне на семејните бизниси.Со ова паѓаат во вода лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека од први јануари ќе има сериозно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжува со вистинска грижа за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

2023 нема да биде изборна година, вели премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски изјави вечерва дека 2023 нема да биде изборна година, бидејќи се уште трае скринингот.-Скринингот треба да заврши во ноември 2023 година и ние најверојатно нема да направиме да се прекине скринигнот сега, по 17 години чекање. Второ енергетската криза нема да застане и економската криза, би требало да бидат функционални институциите кои што ќе се справуваат со неа. Трето, имаме за носење голем број одлуки во Собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема избори да го обезбедат, јас гледам некои политички партии викаат ние ќе гласаме доколку ќе има избори, кажа Ковачевски вечерва во интервју за МРТ.Според него, поддржување избори на сметка на стратешки прашања е апсолутно несоодветно.-Јас можам да ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие се наоѓаат во комплетно заложништво на Левица. Во моментов наративот на опозицијата го води Левица или Димитар Апасиев, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема став во ниту една прашање но ниту имал некогаш став, ниту визија, ниту пак одлучност и сите бевме сведоци како тие го менуваат ставот во однос на пристапувањето кон ЕУ. Прво се прифаќаше јавно договорот со Бугарија, па потоа нивниот претседател кажа дека ќе поддржи уставни измени со наредниот бугарски премиер, па потоа кажа дека нема да поддржи и бараше нотарски изјави од пратениците, па потоа кажа дека ако европските институции дават некаква гаранција ќе поддржи, па за потоа да кажи дека никако нема да поддржи, и тоа е практично немање на став по најважно прашање, рече тој.

Македонија | пред 3 години

51527416724_29ef17fba6_c

Груби потпишал обештетувања за четворица поранешни бранители

Потписот на првиот вицепремиер Артан Груби стои во одлуката на Владата за обештетување на четворица поранешни припадници на безбедносните сили во 2001 година. Документот што го обезбеди Алсат е од седницата на Владата на 25 мај 2022 година и освен што го задолжува Министерството за финансии да изврши исплати на четири лица, го задолжува и државниот правобранител да се откаже од извршните постапки против обештетените. Алсат ја обезбеди сумата со која е обештетен секој поранешен бранител. На секое решение за обесштетување стои потписот на првиот вицепремиер Груби.Вредност на обештетувањеСашо Величковски 541.194 денари - 8.800 евраДимче Манчов 416.588 денари - 6.770 евраМарјан Величковиќ 496.743 денари - 8.000 евраЗоран Ангеловски 362.894 денари - 5.900 евра Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

311605037_671454257677175_2755789110950280488_n

Груевски без влакнана јазик: Тоа е вистински заробена, осиромашена, понижена и обезличената држава од која народот гледа да си замине

Експремиерот Никола Груевски распали по СДСМ и Владата.Тој напиша:Висок функционер на СДСМ денес на некој настан изјавил дека во периодот кога јас ја водев владата сум им приредил на граѓаните “заробена држава”, а дека тие сега ја ослободувале и силно се бореле против корупцијата.Па еве да му одговорам.“Заробена држава” има денес, а не тогаш. Имало слабости, но терминот “заробена држава” имаше друга пред се пропагандна функција во тоа време.Разликата е во тоа што тогаш се водеше меѓународна операција за смена на власта заради инсталирање на СДСМ со цел да се смени името на државата и јазикот, идентитето на Македонците и историјата на Македонија и македонскиот народ, со цел такви да влеземе во НАТО и ЕУ, а не начин како што ние се боревме да станеме членки на НАТО и ЕУ.Со обзир дека таа операција ја завршија и тогаш се инсталираше марионетска власт која безпоговорно ја исполни задачата и одстапките, дури и повеќе од што се бараше претходно, преку ноќ исчезна фразата “Заробена држава” од разни извештаи за Макеоднија иако состојбата во институциите, а особено во правосудниот систем е многу полоша и тоа не е тајна. Дека ќе имаме криво насадено дрво како власт се виде уште со целосното ослободување на тогашниот премиер од дела за кои не само што имаше цврсти докази, туку и цел народ ги виде доказите наречени “Едно евро” што пресметано по број на квадрати значеше барање мито од сто илјади евра.Актуелната власт од меѓународната заедница се третира како власт која е високо корумпирана, што го потврдува и извештајот на “Transparency international” каде од 69то место пред почетокот на операцијата за смена на власта, Македонија не е веќе ни во првите 100 и е во друштво на земји во кои повеќето од Македонците би се плашеле да отпатуваат туристички, заради локалната мафија но во некои од нив и за да не ги изедат, бидејќи во некои од тие земји нивото е такво да сеуште има присуство на канибализам од некои групи.А во делот на судството и обвинителството веќе познато е дека довербата е падната на 4% за судството и 3% на обвинителството, нешто што никогаш ни приближно не било случај и оваа доверба во правосудниот систем не ја негира ни владата, бидејќи се плаши да се спротистави на оние кои ја прифаќаат за реална а тоа е меѓународниот фактор, на чија потпора единствено се надева актуелната власт.Но, сеуште извештаите се помеки за сегашната власт бидејќи се третира дека е во фаза на опоравување од предаствата што ги направи со Грција и со други попуштања кои се бараа и од нас, и особено затоа што треба додатно истото да го стори наскоро со Бугарија.Тие знаат дека власта во Македонија 6 та година ја води партија која е криминална банда, бандата пред нивни очи пљачкосува, но бандата засега испорачува тоа што се бара од неа околу идентитетските прашања преку кои и на сметка на што се завршуваат неколку геополитички планови, против кои ние не бевме, но не сакавме нашиот народ да плати таква уништувачка цена.Затоа траат и се зголемуваат прогоните и понижувањата на луѓето од поранешната власт а се величи колку што е тоа можно, бидејќи и не е лесно, работењето на актуелната власт.Но, и во тоа “одржување во живот” на оваа неспособна власт за која се виде дека нема способност не само да направи сериозен економски продор, туку и да одржува функционални институции и функционална држава, и во тао одржување, неможат а секојдневно да не укажуваат на катастрофата што ја гледаат во Македонија.Криминалот, шверцот, лажењето, безредието, нефункционирањето на државните институции, неправдите, контролираното од власта правосудство, девастирањето на севкупниот дух и оптимизам на општеството итн можат (веројатно донекаде но не целосно бидејќи сега е полошо)да се споредат со средината на деведесетите години на минатиот век, период кој го оставивме некаде во 1995/96 година и мислевме нема никогаш да се врати.Колку и да сакаат да ги заштитат за да ја завршат валканата работа, фактот што Македонија е единствена држава во светот во која друга голема држава најави дека ќе се справува со криминалот кажува се.Тоа што наместо да ги наведнат главите и да се повлечат, власта глупирајки се до бескрај глумеше некаква радост што ќе и помогнеле однадвор, тоа незначи дека и тие и народот и сите во Европа не се свесни дека е обид за спасување на држава која не заробена, туку е во почетна фаза на распаѓање.Погледнете го последниот пример од вчера.Вчера објавив информација со непобитни факти кои укажуваат дека одредени постапки на владата на почетокот на нејзиното владеење создадоа наместо стотици милиони профит за државата, стотици милиони штета за земјата, а поврзано со ОКТА.Молчат затоа што се е вистина. Сите молчат!А знаат. Знае и обвинителството и тоа не од сега, туку уште од 2018 година, кога истражуваа за што се потрошиле тие пари на консултанти и правници и кога обвинителите ја слушнаа и сватија операцијата, о видоа како брутално и неодговорна е прекината од новата власт, ја прекинаа истрагата не само за да не се срамат понатаму, туку и да не се расплетка клопчето, па врвните луѓе на оваа власт да завршат во затвор.Тоа не беше во план, бидејќи тие имаа и сеуште имаат друга мисија за која се донесени. Не смеат да реагираат.Дури ни сега кога јавно ги објавив фактите.Е тоа е заробена држава!!!Тоа е вистински заробена, осиромашена, понижена и обезличената држава од која народот гледа да си замине како да е крвава војна!!!

Коментари | пред 3 години

DSC_0289

Две скопски гимназии се евакуирани

Во скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ нешто пред 15 часот стигнале закани за наводни поставени бомби. Учениците се евакуирани. Полицијата ќе врши антитерористичка проверка.И оваа седмица продолжуваат заканите за поставени бомби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше и во други градови. Вчера имаше дојави во 19 училишта.

Скопје | пред 3 години

bislimovski1

Намалувањето на струјата во реалноста нема да биде намалување - цената ќе е иста

Регулаторната комисија ги намали цените на електричната енергија во првите два блока за домаќинствата, како и за малите потрошувачи, но цените се објавени без ддв-то кое од 1 јануари ќе врати од пет на десет отсто.Со новата одлука на РКЕ која ќе важи од Нова година вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи се намалува за 20,15% и таа цена ќе се применува за 70.000 компании во земјата. Кај домаќинствата цената на струјата за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за речиси 2,95%, цената за третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85% а за четвртиот блок се зголемува за 7,6%.– Ова е конкретна мерка која носи значително намалување на трошоците за струја како што мали дуќани, фризерници, мали кафулиња, на оние кои им треба помош. 99% од домаќинствата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат да штедат, многу мал процент ќе имаат повисоки сметки. Со овие одлуки цената за пренос на електрична енергија за 8,66%, цената за дистрибуција се намалува за 19,54%. Тоа е дополнителна помош и за компаниите на слободниот пазар затоа што нивните трошоци за мрежарина се намалуваат речиси за 20 отсто – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.Цената на првата блок тарифа сега ќе биде 4,73 за енергија и цена за мрежа е 2,68 денари или вкупно 7,41 денар по киловат-час. За вториот блок сега изнесува 7,84 денари по киловат-час, цената за третиот блок сега ќе изнесува 8,74 денари и цената за четвртиот блока сега е 18,81 денар.Евтината тарифа претходно беше 3,99 денари, сега изнесува четири денари. За малите потрошувачи во скапа тарифа сега ќе изнесува 13,73 денари по киловат-час, а евтината тарифа 10,78 денари.– Во време на енергетска криза направивме максимални напори да им помогнеме. Просечната цена за домаќинствата со вклучена мрежарина изнесува 98 евра за мегават-час. Овие цени се без ддв-то кое од Нова Година се враќа од пет на десет отсто со што. 0,61%. За првите три блока, зголемувањето на ддв-то од пет на десет отсто нема да влијае врз цената на струјата – додаде Бислимоски.

Македонија | пред 3 години

Vladimir-Taleski

Намалена казната за Владимир Талевски, Апелација укина затворски казни за „Транспортер“

Апелациониот суд Скопје, известува дека постапувајќи по криивчниот предмет КОКЖ.бр.70/20, во јавноста познат како „Транспортер“, по одржана јавна седница, донесе Пресуда со која жалбите на обвинетите Ј.Н.Д. , Ѓ.Т. , В. Д., К. П., З. К., А.А., И.Б., Љ.С., Ј. Ј., М.М.Ч., на правното лице П.с.-Т. и правното лице Б.Т. увоз-извоз ДООЕЛ Б., изјавени лично и преку нивните бранители, ги одби како неосновани, а жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на обвинетите В.Т., С.Б., Ј.И., С.М., Џ. М., А. Ш., Д. Г., А.С. О.С, Р. Ј., Н.Д., Ј.И., Д.Г., А.С. и Р.Ј., изјавени лично и преку нивните бранители, делумно ги уважи, првостепената пресуда во осудителниот дел под I од изреката, ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, по однос на обвинетите В.Т., С. Б., Ј.И., С.М., А.Ш., Д. Г., А.С., О.С., Р. Ј., Н.Д., Џ.М. и за правилна примена на Кривичниот Законик во делот на одлуката за конфискација на имотната корист спрема Друштво за превоз, услуги, производство и трговија „Д и А Х.Т." ДООЕЛ увоз извоз Битола, на начин што:- обвинетиот В.Т го осуди на казна затвор во траење од 7 - седум години, обвинетиот С.Б., го осуди на казна затвор од 5 - пет години и 6-шест месеци, во кои казни им се засметува времето поминато во притвор и куќен притвор до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, за по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.22 и чл.45 од Кривичниот законик- на обвинетите Ј. И., С.М.,А.Ш.,Д.Г.,А.С., О.С.,Р.Ј., Н.Д., Џ.М. за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, в.в. со ст.1, а в.в. со чл.24 и чл.45 од Кривичниот законик, им изрече алтернативна мерка - УСЛОВНА ОСУДА, така што им се утврдува казна затвор во траење од по 2-две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши, ако обвинетите во временски период од 5 - пет години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело.Согласно чл.100 од Кривичниот законик од правното лице Друштво за превоз, услуги, производство и трговија „Д и А Х.Т" ДООЕЛ увоз извоз Битола, СЕ КОНФИСКУВА имотната корист во износ од 857.637,00 денари, кој претставува имотната корист прибавена со кривичното дело.Во останатиот дел како и по однос на кривичните санкции спрема останатите обвинетите и по однос на мерката конфискација на имотната корист која е прибавена со кривичните дела, во вкупен износ од 34.224.179,00 денари, првостепената пресуда ја потврди.Воедно, советот на овој суд, по повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон, првостепената пресуда во ослободителниот дел под II , ја укина.Наведената одлука Апелациониот суд Скопје, ја донесе од следните прични:Имено, Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по изјавените жалби, оцени дека првостепениот суд не сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка на кој се укажува во изјавените жалби и на кои судот внимава по службена должност, во пресудата се утврдени сите решителните факти во врска со времето и начинот на извршување на кривичните дела, дадени се причините за решителните факти, извршена е правилна анализа на сите изведени докази и донесената пресуда е јасна, разбирлива и може во целост да се испита.Воедно, како неосновани ги оцени жалбените наводи за погрешно утврдена фактичка состојба, а со тоа и за погрешна примена на материјалното право, од причина што првостепениот суд утврдил правилна фактичка состојба а врз основа на сите изведени докази во текот на постапката, правилно ги утврдил сите решителните факти за кои дал доволно образложени причини во образложението на обжалената пресуда и со еднакво внимание ги испитувал и утврдил како фактите што ги товарат обвинетите, така и оние што им одат во корист, при што правилно постапил судот кога поклонил верба на доказите кои се поклопуваат помеѓу себе и даваат целосна слика за настанот, а притоа имајќи ја предвид и одбраната на обвинетите со што донел јасна и разбирлива пресуда, во врска со кривичните дела и кривичната одговорност на обвинетите.По однос на жалбените наводи за одлуките за кривичните санкции, советот на овој суд ги имаше предвид сите околности кои се од влијание при определувањето на видот на кривичната санкција и одмерувањето на нејзината висина, а особено степенот на противправноста на кривичните дела, степенот на кривичната одговороност на обвинетите, јачината на повредата на заштитеното добро, општествената опасност од извршување на овој вид на кривични дела, тежината и начинот на извршување на кривичните дела и во таа смисла поединечните дејствија на извршување на секој од обвинетите, опишани во изреката на првостепената пресуда, нивната улога во криминалниот потфат како извршител односно соучесник, нивното својство и во таа насока прибавената противправна имотна корист, а особено фактот дека е изречена конфискација на целокупната имотна корист, ценети во корелација со околностите кои што постојат на страна на секој од обвинетите, а кои се однесуваат на личните, семејните и материјалните прилики на обвинетите и нивниот поранешен живот, детално елаборирани во образложението на првостепената пресуда, применувајќи го принципот на пропорционалност, а на кој укажува Европскиот суд за човекови права, па оцени дека и со поблаги казни затвор односно со изречените алтернативни мерки - условни осуди спрема обвинетите наведени во одлуката на Апелациониот суд Скопје, за кои е преиначена првостепената пресуда во делот на одлуката за кривичната санкција, како и со изречените кривични санкции спрема останатите обвинети со првостепената пресуда, доволно воспитно ќе се влијае во иднина да не се јавуваат како сторители на вакви и други кривични дела, а со тоа да се остварат и целите на казнувањето предвидените во чл.32 од Кривичниот законик, како на планот на специјалната така и на планот на генералната превенција.Во однос на жалбените наводи содржани во жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, кои се однесуваат на одлуката за конфискација од правното лице Друштво за превоз, услуги, производство и трговија „Д и А Х. Т" ДООЕЛ увоз извоз Битола, советот на овој суд оцени дека истите се основани имајќи предвид дека за правното лице е прибавена вкупна имотна корист од 857.637,00 денари, која соодветствува со користа наведена поединечно во одделните дејствија на извршување на обвинетиот Д. Г., опишана во изреката на првостепената пресуда, поради што првостепената пресуда ја преиначи во овој дел а заради правилна примена на Кривичниот Законик.По повод жалбите и по службена должност, а заради правилна примена на Закон овој совет одлучи првостепената пресуда во ослободителниот дел под II само да се укине, од причина што обвинетиот Д.Г. се обвинува за едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 и чл.45 од КЗ,за кое е огласен виновен, но за опишаните дејствија под точка 3 алинеја 14, со оглед да првостепениот суд оценил дека не се докажало дека обвинетиот ги извршил дејствијата опишани под точка 3 алинеја 14 од обвинението, требало истите да ги испушти од описот на дејствијата содржани во изреката а во образложението на пресудата да ги образложи причините за истото, а не да донесе ослободителна пресуда.Детално образложение на причините за донесување на одлуката од страна на Апелациониот суд Скопје е дадено во писмено изработената пресуда, која е достапна на веб страната на Апелациониот суд Скопје.

Македонија | пред 3 години

DSC_0683

„Не очекувам ништо од народ што премолче живи луѓе да горат во болница, само душа ме боли за луѓе кои плачат молејќи за живот“

„Терапијава за која молат луѓето со цистична фиброза не е повеќе од 20.000 евра по пациент а докажано им го продолжува и подобрува животот“, вели докторот Ненад Лазаров.Тој додава:„Помислете сега на сите брутално безобразни трошкови што им ги плативме изминатиов период. Ама од народ што премолче живи луѓе да горат во болница и ги остава виновниците со крадени пари да глумат филнатропи на тв, ништо повеќе не очекувам. Само душа ме боли за луѓево што плачат пред камери молејќи за живот...“.

пред 3 години

DSC_0718

Еве како се прават изнуди во Скопје, полицијата уапси две лица

На 27.12.2022 во 18.30 часот во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од с.Елово, скопско и Р.А.(34) од Скопје.Тие се сомничат дека на 21.12.2022 од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „бмв“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите. Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

darko-kostovski-dejan-georgievski

Костовски револтиран од изборот на најдобар спортист: Налик приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух и пазарџиски договори

Дали можеби Ви пречиме затоа што се што правиме е за неа, дали можеби Ви пречи нашата љубов према Македонија, таа љубов е носител на најголемиот спортски успех во независна Македонија“, вели градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.„Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМСНајнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. Врвен спортски резултат е оној кој што е постигнат во олимписки спорт. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Вчадимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист !?Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија !?Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава, а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија !?Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат !Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА“ вели тој.

Коментари | пред 3 години

thumbnail_23052022_Kovacevski_izjava_Vatikan_1

(ВИДЕО) 365 дена на власта на Ковачевски и Ахмети се 365 дена скандали и афери, вели ВМРО-ДПМНЕ

365 дена на власта на Ковачевски и Ахмети се 365 дена скандали и афери. Онаму каде што застанаа со Заев, со уште посилно темпо продолжува Ковачевски. Да биде уште потрагично тандемот Ковачевски и Ахмети најавуваат дека ќе продолжат како и до сега да испорачуваат владеење полно со корупција, криминал и неуспеси. И оваа година скандалите се редеа како на филмска лента, вели ВМРО-ДПМНЕ„Во 2022 година изби аферата со државјанството на Онишченко, лице од црната листа на САД, со што Македонија беше посрамена на меѓународно ниво. Државјанството му го додели владата на Ковачевски, откако претходно АНБ предводена од Виктор Димовски дале позитивно мислење. Конкретно документот го издал лично Зарко Милошевски човекот кој Ковачевски и Зечевиќ го именуваат за нов директор на АНБ. Оваа власт вперува прст кон други за проруска ориeнтација, а тие самите даваат државјанства на проруски олигарси. Ковачевски најпрво го правдаше државјанството на овој контроверзен лик, за после политичката шлаканица од јавноста да го смени ставот за 180 степени. Но дека овој скандал не е случаен говори фактот што двајцата најодговорни, Димовски и Милошевски, оваа власт ги награди, едниот со амбасадорско место, другиот со унапредување.Ова е само еден од бројните неуспеси на оваа влада на Ковачевски. Ја претворија Македонија во земја која проси храна, брашно, пченица, масло и што ли уште не. Го девалвираа образованието до ниво да нема учебници за учениците до крајот на првото полугодие, за после да доделат дел од книгите со огромен број грешки и нелогичности. Сето ова ги чини граѓаните многу пари. Дополнителен удар по џебот на граѓаните е и зголемувањето на цените на катастарските услуги кои поскапеа од 20 па се до 500%.Оваа власт на Ковачевски потроши до сега рекорден буџет, а ништо не направи за народот. Нема нови болници, нема нови автопати, нема нови училишта.СДС и ДУИ оваа година функционираат како до сега, а најавуваат дека и така ќе продолжат, со криминал, корупција, борба за личен интерес и бенефит, додека народот тоне во сиромаштија, а Македонија губи. Затоа потребни се промени и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина за сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

ziberi

„Ахмети ми ја понуди функцијата прв потпретседател на Владата, а бев кандидат за премиер во власта“, вели Зибери

Народниот правобранител Насер Зибери во емисијата „Програма 200“ на Алсат рече дека му понудиле да биде прв вицепремиер, министер за правда и многу други позиции, но дека негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.„Во тие околности не можеше да се направи ништо повеќе. Моја беше одлуката дали би сакал да се приклучам на извршната власт со уште една функција или да останам надвор. За волја на реалноста, лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции. Во смисла на прв потпретседател на Владата, министер за правда и други функции, за кои оценив дека не треба да се мешам во извршната власт, бидејќи јас бев кандидат за премиер во власта“, изјави омбудсманотНа прашањето дали се уште сонува да стане премиер, Зибери рече дека тоа е договор меѓу политичките партии кои се на власт и верува дека ќе се почитува.„Верувам дека имиџот на прв премиер Албанец остави впечаток кај сите граѓани и ова е дефинитивно куриозитет за сите. Верувам дека ова ветување не е заборавено ветување, верувам дека ќе се испочитува договорот меѓу двата главни субјекти на власта и во последните три месеци ќе се реализира истото“ изјави Зибери.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

ЈСП го укина бесплатниот превоз, еден ден откако го воведе за да се исчисти воздухот

Од утре нема повеќе бесплатен јавен превоз во ЈСП. Ова го соопштија од претпријатието. Мерката траеше еден ден.„Ве информираме дека од утре, среда (28.12.2022 год) прекинува да важи одлуката за бесплатен превоз за сите граѓани во јавниот превоз, која времено се донесе како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.Град Скопје ќе продолжи и натаму да ја следи состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста“.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања