„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

27545236_919358504896126_749679060259281131_n

Цуцуловски за акцијата на Табановце: Арно рече Османи дека расчистувањето со корупцијата ќе почне од чуварите, да видиме до каде ќе дојдат

Професорот Љубомир Цуцуловски на социјалните мрежи ја прокоментира акцијата на Табановце.„АРНО РЕЧЕ Бујар Османи (пред некој ден) дека расчистувањето со корупцијата ќе го започнеле со чуварите/вратарите по градинките, па ќе се одело до самите врвови на власта. И ете ги, започнаа со полицајците/чуварите на граничниот премин кај Табановце. Арно рече Бујар Османи од каде ќе појдат. Останува уште да се види до каде ќе дојдат“

Коментари | пред 3 години

1.00_03_22_05.Still002

(ВИДЕО) Снимка од воздух: Скопје угушено, а со него и жителите

Веќе неколку дена последователно Скопје се вбројува меѓу најзагадените градови во светот. Мерењата покажуваат дека индексот на загаденост на воздухот во главниот град е на екстремно високо ниво и е опасно по здравјето, а најголема загаденост измериле станиците во Лисиче, Гази Баба, Центар и кај Ректорат. Ништо подобро не е ниту во Карпош и Ѓорче Петров.Според платформата „Ај-Кју-Ер“, метрополата утринава се наоѓа на деветтото место на листата најзагадени градови во светот. Со индекс на загаденост на воздухот од 166, пред Скопје единствено се наоѓаат градови од Кина, Индија, Пакистан, Бангладеш и Гана.Согласно владината одлука, МЖСПП во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лица на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.

Скопје | пред 3 години

received_1204174913513352

(ВИДЕО) Заработиле 16 илјади евра на „Табановце“, МВР со детали за акцијата и примањето поткуп од полицајците

На 26.12.2022 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н.(47), А.А.(41), Н.П.(40), Д.К.(43), В.Ф.(39), Х.К.(29), М.Ј.(28), Ф.К.(23), Ф.И.(36), А.Д.(28), Ј.Н.(38), сите од Куманово и А.С.(24), од Кратово, вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основани сомненија дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по чл. 394, „примање поткуп“ по чл. 357 вв чл. 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 вв чл. 23 од Кривичниот законик.Во рамки на криминалистичкото истражување од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин Табановце од страна на група полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување на 25.12.2022 беа извршени претреси во службените простории на на Граничен премин Табановце и во домовите на дел од кривично-пријавените. По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициска станица за граничен премин Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања.Членовите на оваа организирана криминална група активно дејствувале на Граничниот премин Табановце од септември 2020 година како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист. Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“.При претресите извршени на 25.12.2022 по Наредба од Судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка.По извршените претреси по Наредба од Јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

Македонија | пред 3 години

20221226234015

Ургентниот центар во Кичево остана без струја

Синоќа Ургентниот центар во болницата во Кичево останал без електрична енергија, јавува ТВ21.Телевизиска екипа се упатила на самото место и затекна темница низ ходниците на центарот.Болницата донела одлука сите пациенти да се префрлат во други одделенија, а екипите излегле на терен и работеле на отстранување на дефектот.Директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами дал уверување дека проблемот ќе биде саниран.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Бесплатен автобуски превоз во Скопје

Јавното сообраќајно претпријатие вчера ги информираше граѓаните дека согласно соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.Како што информираат оттаму, мерката започнува да се применува од вчера па сè до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното Министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.

Скопје | пред 3 години

AFSDFASDF

(ВИДЕО) Најпопуларниот македонски музичар кај младите се расоблече пред камери

Музичарот Христијан Тасковски - Таско се ожени летово по три ипол години врска. За бракот знаеја само најблиските, оти тој до сега јавно не кажа дека е женет, ниту, пак, објави слики од венчавката.„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“, раскажа Таско за „Репортер“ и првпат прозборе за бракот.Со музика се бави одамна. Иако снима хип-хоп, трап, регетон, вели дека еден ден сака да ја преработи „Слушни ме мајко стара“ од Анета и Молика. Зборувавме и за соработката со српскиот пејач Раста која трае скоро четири години.„Со Раста сме супер приватно, до толку што секој ден си праќаме пораки на вибер. Тој е многу нормален човек, сум бил кај него дома, ги запознав мајка му, татко му, ќерката. Познанството со него ми отвори многу врати за кои претходно не сум бил свесен дека може да се отворат“, ни кажа Таско.Со многу страст зборува за музиката, но и за детството во Лисиче. Со другарите од маало се гледа и денес, а еден од нив му е и кум на свадбата. Но вели дека никој не му е поблизок од неговиот помал брат. „Се гордее со мене", искрен е Таско.Често оди во теретана, а после вежбање објавува фотки на Инстаграм за да ги покаже мускулите. Тогаш добива најмногу пораки од девојки на социјалните мрежи, па вели: „Не одговарам на таквите пораки. Знам зошто ми пишала, ама не сум тој тип“.Со Таско муабетите немаат крај. Ни раскажа за последниот настап во Белград и како реагира на него српската публика, дали игра оро на свадба, сака ли пакетчиња за Нова година. Зборувавме зошто го избркале од карате клубот, ни откри дека пишувал поезија и одел на глума во школо... гледајте го видеото.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Дојави за бомби во сите училишта во Ѓорче Петров

Дојави за бомби има во сите основни училишта на територијата на Ѓорче Петров, дознава „Скопје1“. Сите случаи се пријавени во полиција, а во моментов истите се евакуираат од страна на персоналотНа терен е излезен и градоначалникот на Општината, Александар Стојкоски. Тој ќе ги посети сите објекти.Дојавите стигнале по мејлови.Ова се втори дојави во еден ден.

Скопје | пред 3 години

267879676_734114997569156_7723307479560834219_n

Над 20 казни низ Скопје поради загадувањето на воздухот!

Во изминатите денови извршени се над 20 вонредни инспекциски контроли на градилишта, Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, кај кои во две е утврдено надминување во дозволените емисии и изречена глоба по 12.000 евра кај секој од субјектите.Контролирани се Топлана Север и топланата на Клинички центар, утврдено е дека работат на гас, не се утврдени надминувања во мерењата на емисии. Се продолжува со мерења од стационарни места оџаци кај правни субјекти кои се во градска надлежност.На повеќе локации се поставуваат апарати за мерење на ПМ10 честици за мониторинг од 24 часа, со цел утврдување на изворите на загадување.

Скопје | пред 3 години

jsp

Алармантната состојба со воздухот во Скопје, донесе бесплатен превоз во ЈСП

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека согласно соопштението од Министерствтото за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспедндирани честички со големина до 10 микрометри, се активира мерката бесплатен јавен превоз.Мерката започнува да се применува од 26.12.2022 година, па се до завршување на алармантната состојба, што ќе биде објавено од надлежното министерство согласно резултатите од државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух.

Скопје | пред 3 години

DSC_0718

Пет градови во Македонија потресени од дојави за бомби, завршија проверките

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

Нов удар по џебот на граѓаните, поскапува струјата во јануари - објавена новата цена

Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега поднеле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и ЕВН Хоме за универзално снабдување, а ако РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми за четири проценти или за 4,72% ако се вкалкулира и враќањето на ддв-то од пет на десет отсто.– Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција.Тој нагласи дека уште од сега може да потврди дека трошокот за дистрибуција на електрична енергија ќе биде намален.– На тој начин ќе се помогне не само на малите потрошувачи и домаќинствата, туку и за сите компании коишто се на слободниот пазар на електрична енергија. РКЕ ги анализира барањата. Нашата методологија е во целост усогласена со европското законодавство и има таму голем број на елементи коишто влијаат на крајната цена. Тоа се пред се трошоци за дебаланси, понатаму фактор на корекција коишто го имаат трите компании и исто така има и други елементи како што се пренесени трошоци, така што сите овие елементи овие денови ги анализираме и во текот на оваа недела врз основа на тие анализи ќе ги донесеме конечните одлуки, рече Бислимоски.

Македонија | пред 3 години

154754842_639033263540366_6497693716301756090_n

(ВИДЕО) Мијалков донесен на судење, одговараше дали доаѓа од Струга или од Мериот

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во придружба на полицаец дојде во Кривичниот суд во Скопје, пренесува А1он.Тој беше спроведен пешки, а комбето на затворската полиција од Струга, не беше позади зградата на Кривичен суд, каде на паркингот секогаш се симнуваат затвореници, по што се спроведуваат во судница.

Македонија | пред 3 години

317150794_1265692203988399_3418978141005225156_n

Нови дојави за бомби во две скопски училишта

Утрово на службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата, пренесува МКД.мк.Училиштата веднаш заканите ги пријавиле во МВР и во тек е евакуација на учениците, наставниците и останатите вработени во училиштата, а веројатно и во други училишта во Скопје.Освен во Скопје, дојави за бомби пристигнале и во училишта во Битола.

Скопје | пред 3 години

received_1204174913513352

(ВИДЕО) Хаос на Табановце: Апсења, гужви, револт

Вистински хаос вечерва се случува на граничниот премин Табановце каде во голема полициска акција требало да бидат уапсени голем број полицајци и цариници кои се на задача на граничниот премин, пишува Инфомакс.поголема група цариници и полицајци колеги на службениците кои се апсат излегле на протест недозволувајќи нивните колеги да завршат во станица.Ситуацијата во моментов е напната и тензична од една страна се полицајците и цариниците кои треба да бидат уапсени од друга страна полицајците кои треба да апсат, а сепак најдебелиот крај е за граѓаните кои со часови чекаат за влез и излез од Македонија. Дел граѓаните кои чекаат за влез и излез од државата исто така протестираат надвор од своите автомобили, но и со свирежи од своите автомобили бидејќи граничниот премин од 18 часот е затворен за сообраќај.Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но бидејќи истата не е завршена со јавноста не можат да споделат повеќе детали.https://fb.watch/hEq79Da8Ys/

Македонија | пред 3 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-4

И Гостивар со екстремно загаден воздух, активирани мерките и препораките за заштита

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информира дека поради зголемено загадување на воздухот и во Гостивар стапуват на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички.-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека тој е надминат на мерното место во Гостивар, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.Оттаму посочуваат дека пради проблеми со мрежните системи на Министерството и инсталација на нова серверска опрема не им се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.–Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Гостивар за епизодата на алармантно загадување на воздухот. Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од Министерството.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања