„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

rek-oslomej

ТЕЦ Осломеј исклучен од производство поради самозапалување на јаглен

Термоелектраната Осломеј ноќеска е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел, информираат од АД ЕСМ.Од компанијата додаваат дека настанатиот пожар кој е од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за постапување.-Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј, се вели во соопштеноето од АД ЕСМ.Според компанијата застојот нема да предизвика недостиг на електрична енергија во системот, односно потрошувачите ќе бидат задоволеми преку другите производни капацитети.

Македонија | пред 3 години

NP-mavrovo

Холанѓанец со автомобил се излизгал од патот Галичник – Лазарополе

Холандски државјанин бил спасен откако неговото возило се излизгало на регионалниот пат Галичник – Лазарополе, соопшти РЦУК Гостивар.Сообраќајката се случила вчера доцна попладне по што од ПС во Маврово и Националниот парк Маврово се упатиле кон местото на инцидентот.Странскиот државјанин бил извлечен без повреди и пренесен во Маврово.

Македонија | пред 3 години

anb-585x760-1

Ковачевски да го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Зарко Милошевски ја заташкува истрагата за Онишченко, Комисијата составена од негови блиски луѓе, за тој да се пере од одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Откако Милошевски станал директор ја укинал старата Комисија, пред која веќе искази дале двајца вработени, кои учествувале во проверката, но не и тој самиот,кој ја одобрил проверката.Комисијата која ја формирал наместо да почне од ново, се повикала на старите искази, иако од правниците во АНБ им било укажано дека мора да се повтори постапката. Комисијата составена од луѓе на Милошевски брза да го затвори целиот случај, зошто ако се спроведе детална проверка Милошевски не може да избегне одговорност, зошто тој е функционерот кој ја одобрил проверката, Онишченко нема да можел да добие државјанство без позитивната проверка одобрена од Милошевски.Онишченко е случај, кој ако може да му се верува на Пендаровски побудил интерес за решавање и кај нашите стратешки партнери.Владата да не ја поткопува безбедноста на државата. Ковачевски да го разреши Зарко Милошевски од директор на АНБ, и да ја запре постапката за назначување на Виктор Димовски за амбасадор во Париз“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

IMG_5645

Скопје е катастрофа:Стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ10 честички

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ10 честички за Град Скопје, Кичево, Кавадарци и СтрумицаВладата на Република Северна Македонија, согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица известува дека стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица .Владата ги информира надлежните институции и релевантните општини дека е потребно да постапат согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, според кои:Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство:• Препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.• Препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.• Препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.• Обезбедува услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:• Обезбедува прифатилишта за сместување на бездомници.• Дава поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.Министерството за здравство:• Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.Државниот инспекторат за животна средина:• Да започне со вршење на зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:• Препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините.Истовремено, Владата на Република Северна Македонија:• Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и• Се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-24-125221

(ВИДЕО) Крадец фатен на камера на бензинска, се нуди резервоар гориво за оној кој го познава

Видео од надзорна камерна на бензинска пумпа Макоил денес беше објавено на социјалните мрежи.На видеото се забележува како младо момче разгледува производи, а додека вработената е свртена со грб тој краде еден од артиклите и го става во десниот џеб.Настанот според информациите се случил на 17 декември пред полноќ.„Кој го познава овој разбојник следува награда резервар гориво за автомобил“, стои во описот на видеото, каде е оставен и телефонски број за контакт.

Македонија | пред 3 години

1.00_01_04_22.Still001

Протекоа имињата на пејачите кои ќе прават журка за дочек на Нова година во Скопје

На една недела пред Нова година, скопската градоначалничка не се појавува пред медиумите, бега од камерите и не открива детали за новогодишната вечер. Плоштадот е сиромаво украсен, а подобро изгледа дури Крива Паланка за која на шега, ќе речат: „Подобро таму да славиме Нова година“.Веќе е извесно кој ќе биде на скопскиот плоштад за Нова година. Главната ѕвезда е поп пејачката Елена Ристеска. Ќе настапи и бендот „Дупер“, како и „Сауд парк“. За да се запее нешто народно ќе се погрижат „Мерак меана“.Ова се неофицијални информации, кои Градот Скопје ниту ги негира, ниту ги потврдува.

Скопје | пред 3 години

danela-arsovska-1

Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, тврди партијата која ја донесе на власт

„11 милиони денари побарува Арсовска за пресконференции и приватна продукција за медиумски активности. Пари кои ги бара, како што е наведено за подобрување на транспарентноста“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Не и се потребни 11 милиоми денари, ниту на неа, ниту на Секретарот на градот Скопје за да не бегаат од новинари, кога бараат одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните.Арсовска наместо да фрла 11 милиони денари за видеа и разни други форми на комуникација, може да почне со плаќање на долгот кој го има ЈСП кон приватните превозници, а кој го потврди и УЈП дека е точно 1.5 милион евра.А за ПР и видео материјали, Арсовска има Сектор за поддршка на градоначалникот и Одделение за односи со јавноста, каде има раководител и 8 вработени, кои се задолжени за информирање, пресконференции, анализи и изработка на ПР материјали за промоција на градот.Арсовска очигледно дека сака овие 11 милиони да ги троши на чиста лична пропаганда.

Скопје | пред 3 години

jankuloska6

(ВИДЕО) Сопругот на Јанкулоска „запука“ јавно за Груевски и Мијалков, но и за понудите и условите за спас

Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на Гордана Јанкулоска во прво видео интервју говори за состојбата во која се наоѓа ексминистерката, која сега е затвореник во „Идризово“.„Не е тој единствен начин за да не се заврши во затвор. Немало директна понуда, но имало пријателски-добронамерни советувања дека ако прифати да соработува, ако јавно се дистанцира од минатото и сегашното раководство, доколку прифати одредени политики како менување на Уставот, дека ќе помине подобро. Јас верувам дека некои нејзини бивши колеги прифатиле такви дилови бидејќи гледаме дека само таа се наоѓа кај што се наоѓа. А дел од нив се сѐ уште угледни граѓани, пишуваат колумни, ги викаат на средби во Амбасади….“, вели Илиевски за „А1он“ во дел од одговорот на прашањето дали со 36 милиони евра, Јанкулоска ќе можела да се спогоди и да добие слобода.Повеќе на А1он

Македонија | пред 3 години

vodovod-1

„Ова не посакувам никому да му се случи“, скопјанец раскажа за својата голгота со Водовод

Скопјанец поминал низ вистинска голгота откако пукнала цевка во шахта, по што било констатирано дека се потрошени 2500 кубици вода, а тој треба да плати 66,964 денари.„Ова не посакувам никому да му се случи.Јас сум лојален граѓанин на оваа држава. Сметките за струја, вода, парно ги плаќам редовно и максимално се трудам да не задоцнам со некоја сметка, затоа што каматите и тужбените решанија се страшни. Еве што ми се случи со јавното претпријатие #Водоводиканализација Скопје.На 9 месец 2016 година добив фактура за потрошени 2500 кубици вода и сума од 66, 964,00 денари. Шок?! Од претходниот месец фактурата, платена и немав никаков долг. Во тој период не бев во Скопје. Ми се јави снаа ми и ми рече дека во шахтата, после водомерот пукнала цевка и викнала приватно мајстор кој го отстранил дефектот. Нормално пријавила и во водовод. После ДВА месеци, значи не по два дена, по два месеци дошла екипа од водовод и ја констатирала состојбата. Потрошени се 2500 кубици вода.Никако не ми беше јасно, ако претходниот месец сметката е платена, и не должам ништо, како можат да истечат 2500 кубика вода, а никој да не забележи. 2500 кубици вода се дваесет и пет фудбалски игралишта претворени во базени со длабочина од еден метар. Со таква количина на вода би се поплавил половина град. А никој не забележал?!Нормално поднесов жалба до правната служба на јавното претпријатие и нормално тие ме одбија. Инкасаторот за нашиот реон, нормално партиски војник, млад дечко, чија работа и за што прима плата е да ги контролира водомерите, облечен во одело со бела кошула и вратоврска, повеќе вршеше партиска пропаганда, отколку да се пикне во чахтата. Прво се правдаше дека водомерот не бил пристапен и затоа не можел да прочита, а шахтата во двор. Потоа ме советуваше да го кренам капакот кој има 18 кила, а јас опериран со четири бај паса, да влезам во шахтата, да го сликам водомерот и да му го пратам. И уште ме советуваше дека може да ми среди сумата ја платам на рати.Водовод ме тужеше, ангажирав адвокат и на првото рочиште судиката пресуди во наша полза. Ги прифти нашите аргументи дека повеќе од три година водомерот не е читан, а имаат обврска барем еднаш во годината да го прочитаат, и дека е невозможно да истечат 2500 кубици вода, а никој да не забележи.Правникот на водовод се жалел на Апелација (чувената Апелација) и таму судиите пресудиле во крист на водовод. Мене воопшто не ме ни повикаа, барем како сведок, а и адвокатот ми кажа пднапред дека Апелација секогаш одлучува во полза на јавните претпријатија. Не прифатиле ниту еден од нашите докази дека три години не го читале водомерот и дека никој не приметил кога истекле 2500, туку бројките на водомерот за нив се единствен валиден документ.Решението од апелација е донесено на 7 10 2020 година. Решението го добив многу, многу подоцна, со пресметани трошоци за судот, затезна камата и трошоци на нотарот Ана Брашнарска.Во консултација со адвокатот отидов во водовод и таму на шалтерот ми рекоа дека има некаков грејс период ако го платам главниот долг не се плаќа камата и трае уште два дена, но треба да се договорам со правникот кој го води случајот. Нормално, правникот не беше таму, бил на суде ње, да дојдам следниот ден. И следниот ден правникот не беше во зградата на водовод. На 27 4 2021 година во комерцијална банка го платив главниот дол од 66 946 и мислев дека со тоа се раздолжив.На 19 12 2022 како именденска честитка, од извршителот Игор Антевски добив налог за извршување за вкупна наплата по сите основи, камата, трошоци на судот, нотарот, извршителот од 52,926 денари, кои ќе се одземат во висина од 1/3 од мојата пензија, до исплаќање на комплетната сума. Нормално и на ова ќе има затезна камата додека не се исплати долгот.Значи за нешто, за што немам никаква вина треба да платам 119, 890 денари, само затоа што јавното претпријатие „ Водовод и канализација“ не си ја врши реботата за која што секој месец со години плаќам сметки.И уште една работа и откако започна процесот по судови, се уште плаќам паушални сметки, ниту еден инкасатор не се сикнал во шахтата да ја прочита состојбата на водомерот.До следното изненадувањеКоле Ангеловски“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

izlea-reka

Најново: Момчето најдено мртво во реката Пена можеби е убиено, уапсена малолетничка

Пресврт во случајот со малолетното момче – чие тело беше извлечено од реката Пена во Тетово, во близина кај месноста Бањиче…Според информации на Алсат, полицијата истражува дали момчето било убиено. Уапсена е малолетна девојка на 17 годишна возраст, а по уште едно лице се трага. Девојката следниве денови ќе биде под психијатриски надзор за да се утврди нејзината здравствената состојба, изјави за Алсат адвокатот на девојката.-Се работи за малолетна девојка. Случајот е во процедура, за да бидеме коректни добро е во оваа фаза да ги оставиме надлежните органи да си ја завршат работат. Од вечерва, па во наредните денови, таа ќе биде под лекарски надзор за да се утврди нејзината псохофизичка сосотојба. Ова е многу трагичен настан, изјави адвокатот на девојката Ибраим Бајрами.

Македонија | пред 3 години

27-april

Каква е улогата на Зарко Милошевски во 27 април и зошто не бил дел од судски постапки, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Зарко Милошевски е началник на единицата за екстремизам при УБК за време на настаните од 27 април. Голем дел од структури во УБК беа дел од судски процеси, дури и тогашниот директор Атанасовски, само Милошевски не беше дел од никаква постапка, вели ВМРО-ДПМНЕ„Зошто Милошевски не бил дел од судски постапки и кој го штити?Зарко Милошевски директно или индиректно бил дел од голем број случаи за кои негови колеги се дел од постапки, а тој не е. Таков е и најновиот случај со давањето на Македонско државјанство на рускиот олигарх Онишченко, кој според изјавите на Пендаровски се мешал и во изборите во САД.Дури и според Пендаровски има спорни моменти во назначувањето на Милошевски за директор на АНБ, бидејќи случајот Онишченко сериозно го нарушува угледот на Македонија во НАТО.Зарко Милошевски е функционерот од АНБ кој ја потпишува позитивната проверка за Онишченко, и тој е значаен фактор од кого зависело дали Онишченко ќе добие дежавјанство или не.Владата мора да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, дотолку повеќе што се спроведува истрага за случајот Онишченко, во кој тој е директно вмешан, а Милошевски да каже каква е неговата улога и во 27 април“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

272979129_360942928889350_144321398272608477_n

Внимавајте: Замрзнати се патиштата, има и сообраќајка во Скопје

Ниските температури ги носат и првите проблеми. Патиштата на низ Македонија почнуваат да замрзнуваат. Возачите низ групи на социјалните мрежи се предупредуваат меѓусебно за зголемена внимателност.Утрово, состојбата не е сјајна на скопската обиколница пред Орман. Има и сообраќајка.“Патот е замрзнат кај мостот, внимателно”, стои во апелот.Проблеми има и во Охрид.“Се лизга од Косел до Опеница, подмрзнато е”, алармира друг возач.Во Македонија со зимата дојдоа и минусните температури.

Скопје | пред 3 години

316802442_1301083134076282_4471817972211446642_n

МВР претересуваше училишта, излезе со резултатите од проверките за бомби

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Македонија | пред 3 години

6

Ќе има ли избори на пролет, која е улогата на ДУИ во одлуката

Христијан Мицкоски, не се откажува од барањето за избори. Тој смета дека избори треба да во пролет. Прашан дали е возможно да се одржат тогаш, Мицкоски рече: „Ковачевски не одлучува, туку ДУИ. Али Ахмети е свесен дека нема да биде во подобра позиција од сега. Најсреќни се ДУИ сега. И вториот фактор се парите кои се делат во четири очи“.„Првиот возможен термин кога треба да се случат тие избори, не би зборел за конкретни дати. Оваа пролет е одличен период за да се одржат тие превремени парламентарни избори. Колку подолго остане оваа влада СДСМ-ДУИ, толку повеќе губи Македонија и толку помалку ќе нѐ има во Македонија“, кажа Мицкоски.Според него, државата тоне.

Македонија | пред 3 години

pendarovski5

Пендаровски: Ако државата не ги стави криминалците зад решетки, тие со украдените пари ќе градат имиџ на чесни граѓани

Неверојатниот медиумски интерес со кој беше проследена посетата на таканаречениот „тим за санкции“ од САД е најдобрата потврда за недовербата која нашите граѓани ја имаат во домашните органи штом единствената надеж за правда ја гледаат во странските и меѓународни институции. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски кој го изнесе пред пратениците во Собранието. Тој кажа: „Или државата ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип или тие со украдените пари ќе градат имиџ на чесни граѓани“.„Точно е дека во последниот извештај на ‘Транспаренси Интернешнл’ бележиме позитивен скок напред од дваесет и четири места, но, тоа е сѐ уште под европскиот просек. Во оваа борба влогот е огромен: државата или ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип, или некои од нив и понатаму, со парите украдени од народот ќе продолжат да градат имиџ на чесни и доблесни граѓани и да ги исмеваат сите останати од безбедна дистанца. Во тој судир меѓу криминалците и огромниот број граѓани со образ има две цели: прво, како држава да покажеме конкретни резултати, не само апсења за јавност, туку, изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото, и второ, да се почитува презумпцијата на невиност, што значи, луѓето да не ги осудиме во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд“, кажа Пендаровски.Тој ги искритикува и институциите. Пендаровски смета дека недоволно е темпото на економскиот и социјален развој. Според него, последициата на тоа е корупцијата.„Меѓутоа, сите наши напори ќе паднат во вода ако надлежните правосудни органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено и своите сѐ уште неродени деца и внуци. Теза која многумина од нас ја повторуваат со години е дека нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, но, правда нема да има и сѐ додека се на слобода судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои веројатно стојат коруптивни мотиви“, кажа Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања