„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

ТОП

izlea-reka

Нова трагедија: Во реката Пена пронајдено тело на 16-годишно момче

Безживотно тело на 16-годишник е пронајдено во реката Пена, во близина на местото викано Бањиче.Детето излегло вчера од својот дом со автомобил, а неговиот татко според првичните информации го пријавил за исчезнат уште синоќа. Во потрагата била вклучена полицијата.Возилото во 2 часот по полноќ било пронајдено паркирано во пределот Бањиче оддалечен на неколку километри од градот на Шарпланинскиот масив.Поради лошите вечерни услови со густа магла, детето дури утринава било пронајдено во студените води. Телото е дадено на обдукција, а причината за смртта ќе се утврди по прибирањето на сите траги и докази.

Македонија | пред 3 години

mijalkov

Мијалков ќе се спаси и во „Титаник 2“, рочиштата се одлагаат

Се одложи уште едно рочиште за „Титаник 2“, предмет каде обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Одлагањето беше со образложение дека Мијалков, не е спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба.„‘Титаник 2’“ кое рочиште беше одложено поради отсуство на обвинет бидејќи не е спроведен од затворот во Струга“, велат од Коалицијата за правично судење.Наредба за спровод била уредно испратена до Кривичниот суд, но и уредно примена од страна на Управата на затворот. Сепак, кога судиите се обратиле зошто Мијалков не е спроведен, добиле одговор дека не добиле наредба.Веќе извесно е дека Мијалков ќе се спаси од одговорност во овој предмет, каде се гони за дело „примање награда за противзаконито влијание“, а поради учество во изборни нерегуларности на изборите во 2013 година. Делото ќе му застари за нешто повеќе од четири месеци, а рочиштата постојано се одлагаат.Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за пет месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.

Македонија | пред 3 години

anb-480x288-1

Ковачевски именува за директор на АНБ човек со “чаршав-список“ од скандали, вели ВМРО-ДПМНЕ

Лицемерието на СДС и Ковачевски се виде на дело со поставувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ. Декларативно говорат за прозападни и квалитетни кадри, а за директор поставија човек кој лично го издал документот со кој му се овозможи државјанство на прорускиот политичар Онишченко, лице од црната листа на САД. Но ова не е се. Зарко Милошевски е лик со голем број петна и црни дамки во неговата кариера, вели ВМРО-ДПМНЕ„Милошевски бил помошник директор во АНБ во времето кога 215 криминалци, мафијаши, убијци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Исто така бил началник на единицата за екстремизам во УБК во 2015 година и од таа позиција бил одговорен за проценките пред почетокот на полициската акција во Диво Насеље. Според безбедносни експерти токму лошата проценка била причината за жртвите во редовите на безбедносните сили.Дополнително, тој бил началник во УБК во периодот и на прислушкувањето и на настаните од 27 април и затоа треба му се испита вмешаноста и одговорноста за настаните.Очигледно за Ковачевски и Зечевиќ ваквиот “чаршав список“ од скандали за Зарко не се проблем. Ковачевски веројатно бил притиснат од Зечевиќ да го именува пуленот во АНБ, но тоа не го амнестира, туку напротив Ковачевски на себе ја презема целата одговорност за оваа катастрофална кадровска одлука“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-21-at-16.09.56

Обвинение за „Империја“: Се гонат Панделески, Митревски, Тасковски, од вкупно 19 лица кои биле осомничени

Сопственикот на „Пелистерка“ Цветан Панделески, сопственик на компанија Зоранчо Митревски и берзанскиот брокер Јованче Тасковски, се тројцата против кои Обвинителството за гонење оранизиран криминал и корупција поднесе обвинение за „Империја“. Од 19 лица кои биле во предистражната постапка само овие тројца осомничени ќе ја докажуваат невиноста пред суд. Панделескис е гони за злупотреба нас лужбена положба, перење пари и измама. Митревски се гони за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари. Брокерот Митревски се гони за овие две дела, како и за измама.„Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица. Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице. Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535,00 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465,00 денари“, велат од ОЈО-ГОКК.Обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше предметот, посочува и како парите се префрлувале во Белизе.„Откако со извршување на кривичното дело измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000,00 денари, правното лице било пренесено на оф шор компанија од Белизе и ликвидирано. Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семсјтвото на првообвинетиот биле сопственици,за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000,00 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000,00 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи“, соопштуваат од ОЈО-ГОКК.Од досегашните постапки во предметот „Империја“ , освен Обвинителниот акт против три лица произлегоа: пресуди за седум лица врз основа на предлог спогодби, истражната постапка што се однесува за МПМ и е против четири лица, меѓу кои едно лице е сведок – соработник на правдата во друг дел од предметот, е доставена на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, за две лица донесена е Наредба за запирање на истражната постапка врз основа на чл.304 бидејќи за дејствијата што им се ставаат на товар извршени во период 2002-2004 веќе е донесено решение за истата работа од страна на друго обвинителство, за едно лице истражната постапка е запрена поради настапување на застареност на кривично гонење, за две лица меѓу кои е и лице кое за дел од истражната постапка се спогоди со обвинителствотое донесена Наредба за прекин на истрага поради настапување на околности што привремено го спречуваат кривичното гонење, а се однесува на укинувањето на пресудата за предметот Трезор каде против лицето се водеше постапка за предикативното дело на кривичното дело Перење пари , а во овој предмет се овде за перење и други приноси од казниво дело опфатено во овој предмет и за дејствија од 2009-2015 година за три лица меѓу кои се и двајца сведоци – соработници на правдата се донесени решенија за непреземање на кривично гонење.„Воедно, со одлука на судот, а по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во корист на РС Македонија е конфискуван имот во вредност од 10.676.653,00 евра, а со Обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000,00 денари или 4.753.382 евра“, додава Обвинителството.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-21-at-11.03.02

Бомбите претставуваат закани, реална закана - нема, тврди министерката за одбрана

За министерката за одбрана, Славјанка Петровска, хибридните напади со себе носат поголем ризик. НАТО за овие закани е информиран за да даде поддршка.„Информациите се темелат од безбедносните-разознавачки служби. Тоа е дека во моментов нема реална закана која може да влијае на нашата безбедност. Ако се појави било каков зголемен ризик за безбедност, граѓаните ќе бидат известени, а службите ќе постапат. Бомбите претставуваат закана, реална закана – нема“, кажа Петровска.„НАТО се известени за да помогнат и да дадат поддршка во рамки на капацитетите. Во рамки на минатите два месеци, од прв ден, се преземаат оперативни активности. Од НАТО е побарано на подолгорочен рок да се справи со овие напади. Хибридните напади се поголем ризик, тоа се закани кои се присутни, но не опипливи. Борбата со нив е потешка, покомплицирана и бара поголема стратегија. Министерството за одбрана има улога за поддршка и да ги споделува информациите кои ги имаме“, додаде Петровска.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-21-at-11.29.42

Ковачевски си е среќен со својот рејтинг, за најдобриот на Груевски реши да молчи

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од неговиот рејтинг кој го има според анкетата на ИРИ. Не сакаше да го коментира тоа што експремиерот и бегалец Никола Груевски, има најдобар рејтинг споредено со сите политичари. Според анкетата на ИРИ, популарноста на Ковачевски е пет проценти, а поголем процент на популарност имаат Груевски, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зоран Заев.„Во делот на личните рејтинзи, тоа секако има влијание. Јас нема да го коментирам личниот рејтинг на било кој политичар. Јас можам да го коментирам мојот, кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот труд, напор и енергија кога во време на најголема криза се грижи за економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност и топлинска енергија. Анкетата опфаќа 10 месеци од моето назначување во Владата, свесноста растела со прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи и тоа е респектибилно, со оглед на 10 месечното раководење со Владата“, вели Ковачевски.Довербата во правосудството која е 4%, односно бележи пад од 4% споредено со претходната анкета која беше спроведена. Но, Ковачевски смета дека не треба да ја коментира зошто нема поврзаност со истата. Упати медиумите одговори да бараат од правосудната власт.„Во однос на правосудството, тоа е прашање за правосудните органи. Ние имаме независна правосудна власт“, додаде Ковачевски.Тој смета дека од анкетата има корисни заклучоци, а има оправдување и за деловите каде Владата и СДСМ имаат лоши рејтинг.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Голема акција: Девет скопјани се уапсени, меѓу кои и деца, затвореници и полицаец

Денеска во раните утрнски часови под раководство на јавен обвинител од Основното јаво обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, припадниците на МВР спроведоа координирана акција на повеќе локации во Општина Гази Баба и Општина Студеничани. Во акцијата се лишени од слобода девет лица меѓу кои и две деца над 16 години во судир со законот, а по две лица се трага.„Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица и подготвителна постапка за двете деца. Меѓу осомничените е и еден полициски службеник, како и две лица кои во моментов се на издржување на казна затвор за кривично дело – Криумчарење на мигранти. Постои основано сомневање дека сите осомничени сториле кривично дело Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти од член 418-в и Криумчарење на мигранти од член 418-б од Кривичниот законик.Имено, во периодот од месец мај до октомври годинава, првоосомничениот заедно со три неидентификувани лица – странски државјани по потекло од арапските земји, кои повремено престојувале на територијата на нашата држава, се здружиле и организирале меѓународна криминална група, како дел од меѓународна криминална мрежа, за илегално пренесување на групи мигранти. Во посочениот временски период, во повеќе наврати опишани во Наредбата, осомничените заради стекнување имотна корист организирале илегално пренесување на мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија, Кашмир и Индија. Мигрантите, меѓу кои имало и малолетни лица, преку илегални премини т.н. зелена граница во околината на Гевгелија, Демир Капија и кумановско – липковскиот регион, биле пренесувани од Р.Грција и Р.Србија на територијата на РС Македонија, а потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано биле носени на претходно утврдени и договорени локации од каде осомничените припадници на групата ги прифаќале и со патнички моторни возила ги превезувале до претходно договорените локации, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ. Активностите за криумчарење се одвивале на тој начин што, првоосомничениот како организатор на претходно договорен и воспоставен начин преку телефонска и интернет комуникација, заедно со НН организаторите по потекло од арапските земји, го планирал и договарал бројот на мигрантите кои ќе бидат пренесени на територијата на РС Македонија, локацијата, времето, како и за местото каде се наоѓале мигрантите подготвени за прифаќање и понатамошно превезување. Заради засилените полициски патроли и контроли на подрачјето на Гевгелија и на Демир Капија, „качаците“ преку мобилните интернет апликации, им испраќале пораки со GPS координати на организаторите за моменталната локација, кои понатаму организаторите ги споделувале со припадниците на групата.За успешно извршено криумчарење на мигранти преку територијата на РС Македонија, на првоосомничениот – организатор на групата преку агенти за брз трансфер на пари Western Union и Ria, како и на „рака“ му биле исплаќани парични средства кои тој понатаму ги распределувал помеѓу припадниците на организираната криминална група во зависност од нивната улога во криумчарењето.Заради успешна реализација на криумчарењето, организираната криминална група континуирано добивала логистичка и друга поддршка од осомничениот полициски службеник, кој со умисла на друг начин помагал обезбедувајќи информации за местото и времето каде нема да има полициски контроли, патроли или заседи, односно каде по рутата по која осомничените ги превезувале мигрантите има поставени полициски пунктови.Во наведениот период оваа криминална група илегално пренела најмалку 86 мигранти.Предметниот обвинител, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.

Македонија | пред 3 години

pari

Од март 2023 година зголемување на минималната плата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на гостувањето во „Клан ТВ“ кажа дека од март 2023 година Владата ја зголемува минималната плата на 19.600 денари.Битиќи вели дека намерата на Владата е да може двајца членови на семејство да ја покријат потрошувачката кошничка за еден месец.– Во март минималната плата ќе стане 19.600 денари, па така двајца членови на семејство ќе може да ја покријат потрошувачката кошничка и да остане нешто, вели Битиќи.

Македонија | пред 3 години

mijalkov-sudii

Здружението на судии за петорката на Мијалков: Објаснете ја одлуката, ја рушите довербата во сите државни институции!

Управниот одбор на Здружение на судиите на Република Северна Македонија на денешната седница, расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелационен суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на општествено политичкиот живот, особено носителите на јавни функции од сите власти.„Воедно ги повика надлежните судски власти, да ја разјаснат конкретната ситуација, согласно нивните законски овластувања и навремено да ги презентираат наоѓањата пред пошироката јавност, а во насока на намалување на шпекулациите, кои не го рушат само судскиот интегритет туку и севкупното функционирање и доверба во државните институци.Различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.Управниот одбор најостро ги осудува нападите врз судиите од било која страна, вклучително и говорот на омраза, кој прераснува во хроничен дефокус од потребите и заложбите на правосудниот сектор. Од друга страна, Управниот одбор ги повикува судиите да го потврдат својот интегритет, преку нивните одлуки и секојдневно однесување, истовремено охрабрувјќи ги медиумите на сеопфатно и објективно пренесување на случајот, со цел овозможување соодветни предуслови за реална перцепција од страна на општата јавност“, велат од Здружението на судии.

Македонија | пред 3 години

goga-siljanovska-joveski

Јовески се правдаше за резултатите, Силјановска му кажа дека обвинителите се чипирани

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го презентираше годишниот извештај за работата Советот на јавните обвинители за 2021 година, притоа информирајќи дека Основните јавни обвинителства во извештајната година постапувале против 45 405 сторители на кривични дела.– Од вкупно 35 733 кривични пријави за лица, основните јавни обвинителства решиле пријави против 22 426 лица или 62,8 проценти, а на крајот на годината останале во работа кај други органи кривични пријави против 13 307 лица или 37,2 проценти. Ако се има предвид податокот дека на крајот на 2021 година останале нерешени 14 800 предмети, неспорно се заклучува дека ЈО и покрај тоа што функцијата ја извршува со намален број на обвинители не само што го совладува приливот на нови предмети, туку и го намалува бројот на нерешени предмети на крајот на годината, подвлече Јовески.Во 2021 година обвинителствата постапувајќи по кривични пријави презеле дејствија на собирање потребни податоци и известувања во 8 296 случаи, а во предистражна постапка од јавните обвинители биле преземени истражни дејствија против 13 000 лица.– Основните јавни обвинителства заедно со ОЈО ГОКК врз основа на прибраните потребни податоци и известувања презеле истражни дејствија против 12 947 лица, издале наредби за вештачење, излегле на увид во 1831 случај и прибавени се докази со испитување на обвинет и сведоци во 8251 случај, донеле јавнообвинителски одлуки против 22 426 лица или го решиле вкупниот обем на работа од 62,8 проценти. Отфрлени се кривични пријави против 8 798 лица, поднесени се обвинителни предлози против 4918 лица, поднесен е предлог за казнен налог против 6 326 лица, против 1 307 лица донесени се наредби за спроведување на истрага, против 945 лица пријавите се решени на друг начин, посочи Јовески.ОЈО во 2021 година донеле наредби за спроведување истражна постапка против 1 307 лица и постапувале по нерешени истраги против 983 лица од претходните години.– Ваквите резултати се остварени со 172 јавни обвинители што е помалку од две третини од предвидените 262 јавни обвинители. Оваа состојба е резултат на тоа што нема кандидати со завршена Академија за судии и јавни обвинители, а јавен обвинител може да се избира само од оние кои ја завршиле Академијата. Не е подобра состојбата ниту во јавнообвинителската стручна служба, особено има недостаток на информатичари бидејќи во сите обвинителства во државата се вработени само четири информатичари, додаде Јовески.Според пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ „не треба да негуваме правен илузионизам и да мислиме дека ќе го смениме начинот на избор на јавните обвинители и дека ќе го решиме проблемот“.– Не. Изборот не говори само за избраните, изборот говори за избирачите. За правниот и за етичкиот профил, но и за стручноста и компетентноста, не говорам јас директно за вас како за прв човек туку за целата јавнообвинителска фела. Првите луѓе секогаш го персонифицираат системот. И покрај поинаквиот избор како да има некој вграден чип во главите на јавните обвинители кој се вика чип на партизација и политизација и мене не ми е јасно како може да го изберат токму оној кој најмалку го познаваат. Ова е доказ за она што не смее да постои во судската фела како најважна, зборува за споил систем дека сепак на оние победниците во политиката им припаѓаат начини на влијание врз изборот, а ја нема мерит филозофијата која е неопходна, рече Силјановска-Давкова.Чудно е, додава таа, и крајно невообичаено во вакви избори во последен миг да се откажат кандидати. Н– Не можам да поверувам дека тоа го сториле од респект заради супериорноста на кандидатот, тоа воопшто не е прифатливо. Се откажале зашто знаеле дека нема да бидат избрани и зошто не сакале да го ризикуваат дигнитетот и интегритетот, рече Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 3 години

lugje-karpos-esen-korona

Што ги мачи граѓаните

Народниот правобранител констатира помал број на сторени повреди во постапката на извршување, но го реафирмира ставот дека се неопходни системски измени во делот на пресметувањето на каматата, што значи каматата ќе го достигне главниот долг,таа да престане да тече. Сегашните законски одредби доведуваат до ситуации во кои каматата која ја плаќа должникотпонекогаш е речиси тројно поголема од главниот долг.Голем број од претставките се поднесени и за правата на потрошувачите, особено во делот на испораката на електрична енергија, а не е мал бројот ниту на претставките од областа на работните односи, каде доминираат поплаки за неоснованото поведување на дисциплинска постапка, право на годишен одмор, распоредување на пониско работно место, непочитување на законските одредби при унапредување и слично.Значително е зголемен бројот на примени претставки во областа детски правa и тоа во сите сегменти, посебно во делот на остварување на правото на образование, по воведувањето на новата концепција за основно образование која предвидуваше замена на хартиените со дигитални учебници, како и за проблемите со обезбедувањето на лични и образовни асистенти како поддршка на учениците со попреченост кои се инклузирани во општинските основни училишта. „За жал, најдобриот интерес на детето и еднаквиот пристап до правата не беше почитуван ниту во семејно-правните односи, во здравствената заштита, заштита од насилство и секаков вид злоупотреби на детето, а на децата без евидентирано раѓање, и покрај системското решение, им беше онезвоможено остварувањето на кое било право, односно и натаму се правно невидливи“, посочува Омбудсманот.

Македонија | пред 3 години

1-4

Владата ќе субвенционира, ќе ги врати ли „Виз ер“ летовите кои ги укина

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за субвенционирање на нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле во Охрид. Субвенциите ќе се даваат во наредните три години односно од 2023 до 2025 година и за оваа намена во буџетот за наредната година се предвидени 1,1 милион евра.Како што кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски овој јавен повик е различен од претходните и на него можат да се изберат повеќе авиокомпании, а не само една односно унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ како што беше досега.„Овој јавен повик е во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. Од нас е од исклучителна важност да привлеченме нови компании кои ќе оперираат на нови дестиции. Ќе бидат субвенционирани линии кои не биле оперирани најмалку две години“, рече министерот Бочварски.Компаниите кои ќе сакаат да конкурираат на јавниот повик треба да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 и да летаат најмалку два пати неделно. Финансиската поддршка ќе се доделува со рангирање на новите дестинации и тоа според период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба.„Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра по патник во заминување од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Целата постапка ќе се одвива на јавен и транспарентен начин и ќе избереме авиокомпании кои ќе достават најдобри понуди согласно критериумите во јавниот повик. Нашата крајна цел е да обезбедиме раст на авиосообраќајот во земјава, а на граѓаните да им овозможиме атрактивни дестинации согласно нивните потреби по прифатливи цени на билетите“, рече Бочварски.Прашан дали е можно повлекување на нискобуџетната унгарска компанија „Визер“ од земјава со оглед на тоа дека новиот повик овозможува да се субвенционираат повеќе компании и нови линии кои досега не биле оперирани од Скопје, Бочварски рече дека „Визер“ не добива субвенции од државата од 2020, но и понатаму лета на голем број дестинации од Скопје и Охрид.„Визер“ неодамна се откажа од летовите за Турку во Финска, Торино во Италија, Билунд во Данска од Скопје, а нема да ја обнови ни линијата од Охрид за Фридрихсафен во Германија. За време на корона кризата ги укина и летовите од Скопје до Барцелона и до Ларнака и од тогаш ги нема обновено.

Македонија | пред 3 години

1.00_01_04_22.Still001

(ВИДЕО) Скромна елка, по некоја светилка и тезга - накитен плоштадот „Македонија“

Плоштадот Македонија е едно од ретките места кои ќе светнат во време на кризата и препирањата во Скопје. Елка, има, потоа и куќарки кои секоја Нова година се на плоштадот. Сите поставени на фонтаката која пропаѓа барем двапати годишно.Претходните години, имаше многу повеќе тезги. Денеска, можеа да се затекнат две. Се продаваа традиционалните честитки, имаше и балони, жижици. Дел од тезгите поставени на централниот плоштад во Скопје, беа отворени. Дел отвораат навечер. Туристите пак, беа оние кои најчесто се фотографираа околу елката.Новогодишни украси има и на дел од улиците.

Скопје | пред 3 години

policija-bombi_0

Се евакуираат ученици, нови дојави за бомби

Попладнево закани за поставени бомби добиле средните училиштата „Георги Димитров“ и „Владо Тасевски“ во Скопје.По дојавата учениците веднаш биле евакуирани.Минатата недела дојави за бомби имаше и во основни училишта, хотели, аеродромот во Скопје.Досега сите дојави за експлозивни направи беа лажни.

Скопје | пред 3 години

2-1

(ФОТО) Страшна сообраќајка кај Мавровка, автобус удри во автомобил

Страшна сообраќајка се случи денеска во центарот на Скопје.Автобус удри во автомобил од Куманово во близина на трговскиот центар Мавровка. За сега нема информации како се случила сообраќајката.Според првичните информации нема повредени во несреќата.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања