ТОП

DSC_0288

Фатен е возачот кој избега откако прегази и усмрти 11-годишно девојче

Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

272260158_472495384274313_4685744105093917179_n

Ноќеска апсења на Бит Пазар, во Центар и Аеродром

На 18.12.2022 во 11.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(56) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 18.12.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.М.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 18.12.2022 во 19.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

Mijalkov-sud

Јавноста ги стресе судиите кои го ослободија Мијалков, тие излегоа со дообјаснување

Петорицата судии од скопска Апелација по бурните реакции, излегоа во јавноста со дообјаснување зошто донесоа решение да ја укинат пресудата за „Таргет-тврдина“, а со тоа донесоа слобода за Сашо Мијалков. Нивната одлука, која значи и застарување на предметот, ја правдаат поради тоа што изречената пресуда била неусогласена со писмено изготвениот примерок. За нив, пресудата е нејасна, неразбирлива и неподобна.„Внимајќи по службена должност советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Ова особено што писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, велат од Апелција.Судиите Јани Нича, Енвер Беџети, Ѓоко Ристов, Тања Милева, Лидија Чачева, кои стојат зад одлуката, посочуваат дека биле свесни и за роковите, кои ќе донесат застареност на предметот.„Иако судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застаресност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд“, додаваат оттаму.За нив, фактите и доказите, не соодејствувале едни со други.„Воедно, фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема“, велат од Апелација.Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексначалникот на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и за Никола Бошкоски. На сите обвинети делата им застаруваат во 2025 година, односно за нешто повеќе од две години.

Македонија | пред 3 години

thumbnail_23052022_Kovacevski_izjava_Vatikan_1

Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали - се воделе исклучиво од партиските интереси и желби, вели ВМРО-ДПМНЕ

Кога мислевме дека АНБ од времето на Заев го допрела дното, тогаш Ковачевски и Зечевиќ не демантираа и покажаа дека можат уште полошо, вели ВМРО-ДПМНЕ„За директор на АНБ го избраа Зарко Милошевски човек со чиј потпис му било доделено државјанството на контроверзниот Онишченко. Да биде срамот поголем Зарко Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки и на тој начин лице на црната листа на САД добило македонски пасош.Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи, меѓу кои има белосветски мафијаши, дилери со дрога, платени убијци, па дури и припадник на ИСИС..Ковачевски и Зечевиќ молчат и не даваат одговори дали новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили.Молкот на Ковачевски и Зечевиќ значи признание на сите овие скандали врзани за името на Зарко Милошевски. Очигледно при изборот на директор на АНБ, Ковачевски и Зечевиќ не се воделе според капацитетот на кадарот и интересите на граѓаните и државата, туку се воделе чисто од партиските потреби и желби. Ете затоа безбедносната состојба е на вакво дереџе и затоа угледот на Македонија во светот е урнисан“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

collage-3

Ковачевски за судиите кои го ослободија Мијалков: Потврдија зошто е ниската доверба на граѓаните во правосудството

Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, е разочаран што апелационите судии ја укинале пресудата за „Таргет-тврдина“ кој е најголем случај на СЈО, а е за масовното прислушкување. Ковачевски вели: Само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудсниот систем.„Како и многумина други, изразив разочарување во однос на овој судски случај. Само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудсниот систем. Сакам да истакнам дека како премиер, како и Владата, не сме се мешале ниту ќе се мешаме во судниците. Судството и правосудството не се место за политички натпревар. На правосудниот систем е да низ една транспарентна постапка да ги објаснат на граѓаните за одлуките кои ги носат, а да работат на зголемување на довербата на граѓаните.Ние сме во постојана комуникација со партнерите од ЕУ. Правосудните органи ќе бидат дел од скринингот на ЕУ. Ќе се постават многу прашања на кои ќе се бараат одговори. На извршната власт е да се подготват законски решенија и обезбедување на финансиски средства – таа обврска ја вршиме секојдневно“, посочува Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

dfaSDADF

(ФОТО) Другарчињата се простуваат од загинатото девојче од Велес: Магдалена, многу ќе ни фалиш

Трогателни пораки со кои другарчињата се простуваат од Магдалена, се објавени на социјалните мрежи.Родителите чии најмлади се другарчиња на девојчето од Велес кое беше прегазено и усмртено, прашуваат:„Како да му кажеш на 11 годишно дете дека другарка му веќе ја нема, како да му го скршиш срцето на милион парчиња и после да бараш начин да ги залепиш, а и самата знаеш дека никогаш веќе нема да е исто? Како да ги задржиш солзите кога син ти ти вика: 'Имам дупка кога дишам, како да фали дел од мене...'' Пријатели, велешани, денес во 15:00 часот кој милува нека дојде на местото на немилиот настан, во знак на сочувство и љубов кон семејството, но и во знак на бес и револт кон проклетникот кој не се ни свртел позади себе... Мило дете, играта со соучениците пребрзо ја замени со игра со ангелите на небото, бескрајно ќе им недостасуваш на твоите VI-5“.Пораките на другарчињата на загинатото девојче:

Македонија | пред 3 години

320503826_465949255712939_8355643672355222350_n

(ФОТО) Избегната трагедија во Охрид: Се урна терасата на „Потпеш“, која во лето е полна со туристи

Охриѓанецот Илче Каневчев објави фотографии на кои се гледа како платформата на која се дочеуваа стотици гости, а се наоѓа на плажата „Потпеш“ се урнала. Конструкцијата е распадната на делов.Каневчев посочува: Сабајлето ја сликав да укажам на опасноста од рушење.Сега можам да ве известам дека немат веќе опасност. Сега само да се исчисти местово. Не чувал Господ и Св.Никола“.Реакција имаше и од „Глас за спас на Охрид“.„Ова е Потпеш, едно од најубавите места во Охрид. Градоначалникот на Охрид пред неколку години затвори и сруши неколку платформи и тераси кои се наоѓаа во или на брегот на Охридското езеро. На некои места сеуште има од поранешните конструкции за кои не се знае дали биле градени според стандарди и дали се безбедни ⁉️ Како што се гледа од фотографиите, една конструкција денес паднала и за среќа не повредила никого ‼️‼️‼️“, велат тие.

Охрид | пред 3 години

101013308-147590

Познато кој е возачот кој го усмрти 11-годишното девојче во Велес

Вчера вечер околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот А.Н. од Велес, удрило во пешаците 43-годишната Е.И. и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото, извести МВР.– Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес, соопшти МВР.Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

ФОТО: Таравари ги глуми Меси и Роналдо во луксузно уредениот дом

Луксузниот бренд Луј Витон неодамна ги принуди двајца од најголемите фудбалски ривали Лионел Меси и Кристијано Роналдо да соработуваат надвор од теренот.Фотографијата на која фудбалерите заедно играат шах, за кратко време стана хит на интернет.Денес на социјалните мрежи градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари објави слична фотографија, на која е заедно со неговиот син Арби Таравари игра шах.На истата може да се забележат скапите лустери со кристали, рачно изработените дела на ѕидовите, како и фотелјите кои оставаат впечаток дека се скап мебел.

Македонија | пред 3 години

20180510_221611

Се трага по возачот кој го прегази и уби 11-годишното девојче од Велес

На 17.12.2022 околу 22.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.Додека, со телесни повреди се здобила Е.И., констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес.По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

IMG_4868

Хероин, оружје, пиротехника, прашкаста материја - седум аспења на различни локации во Македонија

На 17.12.2022 во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на А.Б., извршен со судска наредба, бил затекнат С.М. и кај него биле пронајдени околу 4.000 парчиња различни видови пиротехнички средства – петарди. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесени соодветни пријави.Денеска (18.12.2022) во 02.20 часот во угостителски објект на ул.„Железничка" во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.Х.(35) од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по цеолосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.Денеска (18.12.2022) во 01.15 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Б.П.(21) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.12.2022 во 23.20 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.12.2022 во 15.10 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободаС.Р.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17.12.2022 во 21.30 часот на ул.„Плачковица“ во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода З.М.(46) од Радовиш затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

ssssss

Трагедија: 11-годишно девојче загина во Велес, прегазено од возач кој избега - мајката се бори за живот

Велес и Македонија завиени во црно по трагедијата која доцна синоќа се случи во овој градот.Животот го загуби 11 годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со повреди откако автомобил удри во нив.Од МВР денеска излегоа со официјални детали за несреќата која кај нив била пријавена околу 22:15 часот.-На ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата.Мајката на девојчето се здобила со телесни повреди кои и биле констатирани во велешката болница.-Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Велес. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од МВР.

Македонија | пред 3 години

izlea-reka

Се урна мост на реката Радика поради зголемено ниво на вода

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).Од регионалниот Центар за управување со кризи во Гостивар известуваат дека од обилните врнежи ноќта меѓу 14-15 декември, реката Радика беше излеана од своето корито нa неколку места.„Локалните притоки на река Радика поради надојдените води беа излеани на главниот пат од Бошков мост до село Жировница на неколку места. Имало одрони од земја и камења во близина на манастирот Бигорски и од страна на екипи на Македонија Пат се исчистени. Помеѓу селата Ростуше и Јанче водата донела големи наслаги од земја и кал кои со машини на Македонија Пат и од општината се санирани. Од надојдените води на Рибничка река, оштетен е мостот на Рибничка река, кој се наоѓа на 20 км од на патот за село Нистрово, и со тоа целосно се одсечени 15 семејства од селата Тануше, Жужња и Рибниште. Алтернативен пат има со коњи или пешки, преку мостот во близина на месноста Пилана, на патот Маврово – Дебар“ – информира ЦУК.

Македонија | пред 3 години

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

„Русковска најнормално кажа дека најмоќниот човек во бегство му поставил услов на обвинителот Јовески“, вели Јошевска

Реакции од адвокатската фела предизвикува и интересната изјава на поранешната шефица на ОЈО ГОК за тоа како се предал поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков.Таа откри дека и се јавил лично тој, а бројот нејзин го имал од времето кога соработувале службено.Еве што објави за ова познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска.„На вечерашниот подкаст на ИРЛ гостинката Вилма Русковска зборувајќи за настаните поврзани со неуспешното бегство на Мијалков, рече дека тој лично и' се јавил (не како што тогаш изјавуваше "преку посредници") и дека "негов услов" бил- куќен притвор за да се предаде. Тоа го кажа најнормално и попатно, најмоќниот човек во бегство, пардон, во изолација му поставил услов на обвинителот Јовески -куќен притвор за да се предадам- и Јовески се согласил.Во тој период бевме замајувани со други тези, еве линк подолу.Интересно е колку се менува перцепцијата за реалноста на секој човек на функција зависно од тоа дали е внатре или надвор од институциите.На пример, поранешната обвинителка сега ја фаќало срам од тоа што помош за справување со корупцијата стига од САД, цени дека недовербата во правосудството се должи на 30 години неказнивост, најверојатно ист период во кој таа е обвинител и голем период во кој е обвинител за орг.криминал.Исто така, интересно е колку е еластична перцепцијата која може да се витка и на лево и на десно зависно од посакуваниот ефект кој треба да се постигне, така што не можеме никако да разбереме дали притисокот кој и е вршен за предметите "од некоја поранешна Влада" е некаде пријавен, па макар и на американските експерти кои биле и си заминале веќе од ОЈО ГОКК“, вели таа.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Премиерот пееше, министрите му аплаудираа

Денес во салата Борис Трајковски се одржа национална трибина „Силно и одлучно кон иднината“ организирана од СДСМ.На крајот партиската трибина заврши со песна за Европска унија. На сцената заедно со пејачите стоеше и премиерот Ковачевски кој ги повика неговите соработници да му се приклучат. На повикот не се оѕваа сите. Па на сцената завршија само дел од министрите, а останатите му аплаудираа.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања