ТОП

mijalkov-1

Мијалков преку адвокатите се жали зошто јавноста прави притисоци, кажа и “фала” на судиите

Одбраната на господинот Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда, се вели во нивната реакција.„Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд.Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“ - се вели во реакцијата на одбраната на Мијалков потпишана од адвокатот Миле Петковски.

Македонија | пред 3 години

zaev-gruevski

Груевски брутално му врати на Заев: Оддеднаш кога не ти е се под контрола, те фаќа таква нервоза и ти излегуваат “бели коњи” пред очи

„Белиот коњ како метафора на ноќна мора“Првиот знак на човечката глупавост е целосно одсуство на срам”Зигмунд Фројд, (1856 - 1939) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологијаОва е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината“, вели поранешниот премиер Никола Груевски.Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.И сета таа налудничавост ја тераш без трошка срам уште и силно верувајки дека народот во Македонија и насекаде е толку многу глупав , толку многу лесно се лаже, па штом молчи значи дека ти верува дека си чесен и дека се бориш за него.И по некое време одкога ќе одслужиш и ќе ти кажат “доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…И да завршам со Фројд со кого почнав: “нервозата е неспособност да се поднесе неизвесноста”, додава тој.Претнодно поранешниот премиер Зоран Заев реагираше на социјалните мрежи во врска со укинатата пресуда за Сашо Мијалков.„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, напиша меѓу другото Заев

Коментари | пред 3 години

collage-2

(ВИДЕО) Булеварите станаа паркинзи, блокирани од автобусите на СДСМ иако на премиерот му пречеше кога превозниците ги затвораа улиците

Автобусите со кои се дојдени поддржувачите на СДСМ во Скопје, го претворија булеварот „8 септември“ во паркинг, а го блокираа и булеварот Илинденска. Граѓаните мораат да ги заобиколуваат овие места, а тоа предизвикува и метеж во сообраќајот. Премиерот Димитар Ковачевски остро реагираше кога приватните превозници ги блокираа улиците, а сега, неговите гости на трибината каде е говорник, го прават истото.„Јас им се заблагодарувам на приватните превозници што ги ослободија улиците и им ги вратија на скопјани, на кого тие улици припаѓаат. Тие улици се изградени од граѓаните на Скопје“, рече Ковачевски на прес-конференција.За потсетување, вчеравечер беше блокиран и пристапот до салата Борис Трајковски, каде се одржува собирот на СДСМ. На паркинзите не можеше да пристапи никој. Салата беше чувана и цела вечер од полицијата, за ако денеска има дојава за бомба, граѓаните присутни на трибината, да не бидат евакуирани.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

За партиски настан заштита - за ученици евакуација: Полицијата преноќи пред салата за СДСМ да не се плаши од дојави за бомби

Партиската трибина на СДСМ поважна од учениците, училиштата, институциите, трговските, хотелите. Ваков впечаток ќе се добие ако се земе во предвид дека 24 часовно се обезбедува салата „Борис Трајковски“, каде треба да се одржи партискиот настан. Полицијата се одлучила на ваков чекор бидејќи вчера имаше дојава за бомба, но не се одлучи да постапува исто вака во ниту едно училиште каде и по 2-3 пати имаше дојави за бомби. Па така, спокојот и животите на присутните од партијата, очигледно се поважни, отколку спокојот на децата во улиштата, службениците во институциите, гостите во хотелите.За првпат, паркинзите околу спортскиот центар се затворени од вчера попладнето. И утрово, сликата е иста – полиција околу цела сала и на секој влез од паркинг просторот. За ова имаше коментари и на социјалните мрежи. Новинарот Кристијан Ландов напиша: „Се надминувате, ги надминувате“, асоцирајќи на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.„Јас не паметам дека имало случај кога сите паркинзи биле вон функција околу салата заради настан во салата. Е до толку е лошо“, додава тој.Коментар имаше и од новинарка. Таа под објавата напиша: „Ужаси... ги носевме децата на одбојкарски натпревар, не смеевме да паркираме ни близу. Мислев концерт некој има. Како не ми текна што била работата...“.„Скопје1“ одговори за ова побара и од МВР. Нив ги прашавме, зошто ваква заштита, со полициско обезбедување, немаат и училиштата, институциите, трговските, хотелите. Досега, не одговорија на прашањето. Нѐ интересираше и кој ќе го плати ова обезбедување на партискиот настан, но и зошто не се ангажирала приватна фирма за оваа намена туку тоа го прави полицијата – одново молк.Целта на ова обезбедување на салата е, доколку има дојава за бомба во текот на настанот, да нема потреба од евакуација.

Македонија | пред 3 години

Manevski-05-gc

„Се приватизира и полицијата за настаните на СДСМ, децата нека се тресат од страв“, остра реакција за обезбедување на салата за партиски цели

Салата Борис Трајковски ни мува неможе да ја прелета, вели поранешниот министер за правда Михајло Маневски„Ја чува половина полиција на Македонија.Таму ќе имало партиски собир на на Сдс, ќе говорел Мисирот Таче за "громадните" достигнувања на неговата партија во владеење со државата!?.Се плашат од најава на поставени бомби кои фрчат веќе два месеци.Ќај нас се е приватизирано, судство, обвинителство, јавни претпријатија, јавни набавки....Се приватизира и ПОЛИЦИЈАТА за партиски цели.Полицијата треба нив да ги штити, да не се уплашат, а не да ги штити училиштата, градинките и други јавни објекти од најави за поставени бомби?.Децата нека се тресат од страв, ама Оливер Спасовски, внатрешниот министер, мора да си ја штити партијата и ќелешот ТАЧЕ.Стварно, би била голема штета да се исплашат, ќе страда државата, ќе страда народот, ќе го нарушат КРИМИНАЛНИОТ КАПАЦИТЕТ, а тоа не смее да се случи.Затоа народот ја плаќа полицијата, да ја штити партијата.АЛО, ДКСКАЛО БИЛЈАНА ИВАНОВСКА, СЛУШАШ ЛИ....ГЛЕДАШ ЛИ..?КАКВА КОРУПЦИЈА ВО ПОЛИТИКАТА, КАКОВ БАКРАЧ...“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

idiot-3

Димитров: Одлуката за случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, ова е резултат на поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители

Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8%. Одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.„Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок?Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно - да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари.Оваа кал драги политички партии е резултат на клиентелизмот, поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги.И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг.Знаете всушност што нам ни треба?Антипартија!За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката - Res Publica.За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски кланови“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

k15

Хрватска има најголема куповна моќ од земјите во регионот, еве на кое место е Македонија

Црногорскиот Завод за статистика Монстат ги објави Бруто домашниот производ (БДП) и реалната индивидуална потрошувачка по глава на жител, според Стандардот за куповна моќ (ППС).„Од земјите членки на ЕУ, највисок БДП по глава на жител според стандардот на куповната моќ е забележан во Луксембург, чие ниво е повеќе од два и пол пати повисоко од просекот на ЕУ, и изнесува 268 отсто од европскиот просек, додека Бугарија е на најниско ниво со 57 отсто од просекот на ЕУ“, соопшти Монстат.Од земјите во регионот, Хрватска има највисок БДП по глава на жител според стандардот за куповна моќ, што е 70 отсто од просекот на ЕУ, додека Црна Гора е на второ место со 48 проценти од просекот на ЕУ.Србија е на ниво од 44 отсто од европскиот просек, Северна Македонија на ниво од 42 проценти, Босна и Херцеговина на ниво од 33 отсто, додека Албанија е на ниво од 32 отсто од европскиот просек.„Реалната индивидуална потрошувачка по жител според СКМ, според конечните податоци меѓу земјите-членки, се движеше од 65 отсто од просекот на ЕУ во Бугарија до 144 проценти од просекот на ЕУ во Луксембург“, посочува Монстат.

Македонија | пред 3 години

greuvski-zaev-mijalkov

Заев: Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ?

Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда, вели поранешниот премиер Зоран Заев.„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви громорозни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам.Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден.Прочитајте ги последните колумни на Катерина Блажевска и Љупчо Поповски кои ја одразуваат суштината на проблемот со кој сите сме соочени“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

320202887_1158321764818419_5532378141732877779_n.jpg

(ВИДЕО) Затворени влезовите на СЦ Борис Трајковски за утрешната партиска трибина на СДСМ

Вечерва сите влезови во спортската сала Борис Трајковски се затворени. Утре политичката партија СДСМ одржува трибина во оваа сала.Објектот е под целосна полициска опсада, а граѓаните се револтирани.Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“, трговскиот центар „Ист Гејт“, спортска сала „Борис Трајковски“ и Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Скопје | пред 3 години

mijalkov-1

Коментар на денот за одлуката за Мијалков: Да беа аболицирани, барем немаше да имаат можност да бараат оштета од државата која ја опљачкаа

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус преку кој му се извини на полранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој ја повлече одлуката за аболицирање на како што вели сите крупни политички апаши.„Длабоко извинување до поранешниот Претседател на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов, кој ги АБОЛИЦИРАШЕ сите крупни политички апаши, а НИЕ го натеравме да ја повлече одлуката.Денес барем ќе беа АБОЛИЦИРАНИ, а не СУДСКИ ОСЛОБОДЕНИ, со можност да бараат и финансиска оштета од државата која безмилосно ја опљачкаа.Денеска апелација ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.

Коментари | пред 3 години

platvar

(ФОТО) Застој на Плетвар: Од цистерна тече метан кој може да предизвика експлозија

Голем застој има на превојот Плетвар. Според првичните информации, истекнува метан од цистерна. Станува збор за гас, односно гориво, кое може да предизвика експлозија доколку дојде во контакт со оган.„РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот ТППЕ Прилеп и екипа од ПС Прилеп на патен правец Прилеп -Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој пропуштал гориво од возило -цистерна која превезувала течен гас – метан.Возилото е одстрането од сообраќај на лице место се упатени екипа од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради одстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп“, информираат од ЦУК

Македонија | пред 3 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Укината пресудата за „Таргет-тврдина“ каде Мијалков е осуден на 12 години затвор за прислушкувањето

Апелација ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.„Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна“, велат од скопска Апелација.Според Апелација, имало суштествени повреди поради кои не е тично утврдена фактичката состојба. Пресудата во Кривичен ја исрекоа судиите Владимир Туфегџиќ и Џенета Бегтовиќ„Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, додава Апелација.Засега нема информации кои судии од Апелација ја донеле оваа одлука за укинување на пресудата. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Претходно тој беше ослободен за случајот „Трезор“.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Се зголемуваат цените на горивата, дизелот за 2,50 денари!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44 % во однос на одлуката од 12.12.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,078%, кај дизелот има зголемување за 4,832%, кај екстра лесното масло зголемување за 6,090% и кај мазутот намалувањето е за 0,313%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,282%.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 17.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 78,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

269763897_805643980301785_3353312909023763222_n

Поранешен обвинител, министер без ресор, правобранител осомничени за украдени 450.000 евра

По повеќемесечна предистражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот сите заедно предзвикале штета од значителни размери во висина од 25.502.282, 00 денари (450.000 евра) на Буџетот на Р.С. Македонија.Имено, во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево првоосомничениот, поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице – секретар и законски застапник, член на Собрание и член на Извршен одбор на здружение на граѓани во државна сопственост, а истовремено и одговорно лице – управител во правното лице во приватна сопственост, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Тој, во периодот од 2010 година до 2015 година, со намера да прибави противправна корист за себе, а подоцна во периодот од 2015 до 2018 година со намера да прибави противправна корист за себе и за својот син, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Првоосомничениот со умисла потпомогнат од останатите осомничени во својство на службени лица – членови на органите на граѓанското здружение и друштвото во приватна сопственост, преземале противправни дејствија со кои противправно сукцесивно го присвоиле севкупниот движен и недвижен имот, имотни права и парични средства сопственост на граѓанското здружение во државна сопственост и го префрлиле на правното лице – друштво во сопственост на првоосомничениот што ја извршува истата дејност како и здружението, кое 2017 година згаснало поради ликвидација.Покрај членовите на Собранието и Извршниот одбор на здружението меѓу кои е осомничен и поранешен министер без ресор, осомничени се раководител во Управата за имотно правни работи во Министерството за финансии, државен правобранител, нотар и двајца овластени регистратори од Централен регистар на Р.С. Македонија.На предлог на јавниот обвинител, Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајцата првообвинети.​

Македонија | пред 3 години

see-only-emails-with-attachments-using-secret-iphone-mail-trick.1280x600-1

Што наводно стои во пораките за дојави за бомби: Бидејќи крајот не изгледа добро по вас, вашите деца, граѓани, луѓе, суспендирајте ги санкциите, еб**и гомна

Во групен мејл каде се наведени адресите на сите објекти кои се таргет, биле испратени денешните закани за поставени бомби.За скопскиот Аеодром, дојавата е дека има осум поставени бомби, за спортскиот центар „Борис Трајковски“ дојавата е дека има две поставени бомби. Потоа, се наведува дека пет бомби се поставени во Националната арена „Борис Трајковски“, три во хотелот „Александар Палас“, една во трговскиот „Ист гејт“, а две во „Мериот“.Во мејлот кој циркулира на социјални мрежи како копија, а за кој се тврди дека е испратен денеска како заканата, меѓудругото стои:„Бомбите ќе се активираат и ќе експлодираат на сеизматичен покрет. Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас, вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, еб**и гомна“, стои во мејлот кој кружи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања