ВО ЖИВО

„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

ТОП

dvasdfas

„Во училишта раководени од ДУИ се копаат криптовалути“

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во синоќешното гостување на ТВ 21 обвини дека се копаат криптовалути во училишта чии директори се поставени од ДУИ.-Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите?, праша Села.Тој додаде дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња, ќе излезе со детали за обвинувањето на прес-конференција.facebookShare on Facebook

Македонија | пред 3 години

04

127 казнети возачи во Скопје, 18 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила... Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-16-at-22.12.09

ВМРО-ДПМНЕ закажа протест, одреди и датум

ВМРО-ДПМНЕ остана на барање за предвремени парламентарни избори. Тие закажаа протест на 18 јуни, карактеризирајќи го како неопходен. Според нив, само со обединување на граѓаните, ќе има подобар живот.„Се согласивме од неопходност за организирање на голем народен протест на 18 јуни. ИК одлучи да продолжи активната блокада во Собранието, а ја оставаме отворена вратата за дополнителни чекори. Остануваме со подадена рака за напатениот народ. Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот. Основата причина за одлуката е отсуството на било каква подготвеност на премиерот за вообичаен политички дијалог со опозицијата“, рече Тимчо Муцунски.Тој додаде дека не се исклучува можноста за дополнителни чекори.

Македонија | пред 3 години

mpc-1

СПЦ ја врати МПЦ-ОА во автономија, со статус полош од Нишкиот договор: Што значи оваа одлука

Скандалозен крај во преговорите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Соборот на СПЦ ја врати Македонската црква во автономен статус од 1959 година. Она што е скандалозно е што Соборот на СПЦ таквата одлука ја донел, како што вели по барање на Синодот на МПЦ-ОА, објави религија.мкШТО ПРАКТИЧНО ЗНАЧИ ОВАА ОДЛУКА НА СПЦ?Како и што се предвидуваше, СПЦ нема никаква намера да отстапи од епархиите во Македонија и ја враќа МПЦ-ОА како Автономна црква во СПЦ, без притоа да се знае кога и дали воопшто МПЦ-ОА ќе добие некогаш Автокефалност. Оваа одлука практично е многу полоша и од Нишкиот договор од 2002 година, бидејќи во нејзе пишува дека МПЦ-ОА се согласила дека за конечниот статус за автокефалност ќе мора да одлучува општ православен консензус. Со други зборови МПЦ-ОА сама се сгласува со поставување вето од која било црква.Во евентуално иден ваков развој на настаните МПЦ-ОА никогаш нема да дојде до автокефалност, а и некогаш да дојде нема да има никакво право на името Охридска Архиепископија, затоа што Бугарската црква со такво име нема да се согласи. Евентуално идно име на МПЦ-ОА би било Православна Црква на Северна Македонија.Оваа одлука е опасна затоа што, практично СПЦ ја замени ПОА со МПЦ-ОА. Тоа значи дека ПОА и Вранишковски во сите овие 20 години биле во право, а МПЦ на погрешната страна која предизвикувала расколи.Со оваа одлука Архиереите на Синодот на МПЦ-ОА стануваат дел од Соборот на СПЦ и ќе учествуваат во него.Она што е искулчително опасно во целата ситуација е што Соборот на СПЦ вели дека таа одлука ја носи по барање на Синодот на МПЦ-ОА. Владиците на македонската црква уште денеска се должни да објаснат кога, од кој, и како се согласил на автономија, кој го испратил писмото и зошто е тоа барање.? Зошто е фрлена во вода жртвата на генерации автокефалисти дадена за иднината на оваа црква.Како и што предвидуваше Религија, мк во одлуката СПЦ се обидува да игра на емотивната карта. Наводно дозволувајќи и на МПЦ-ОА да се именува како сака и како сака да комуницира со останатите цркви, со што сака да предизвика нови поделби и расколи во македонската јавност.Од оваа одлука, веќе нема дилема колку била важна одлуката на Вселнската патријаршија да го реши канонскиот статус на МПЦ-ОА пред оваа одлука.ШТО ПОНАТАКА?Оваа одлука на СПЦ има само една позитивен елемент, ако може да се толкува така. Тоа е што се согласува дека МПЦ-ОА веќе не е расколничка црква.МПЦ-ОА, на оваа оваа одлука треба да одговори токму во тој дух. Да се заблагодари што СПЦ препознала дека МПЦ-ОА е каноснка исправна црква и да посочи дека нејизниот канонски статус е решен со одлуката на Вселенската Патријаршија и дека МПЦ-ОА , во периодот до конечно решавање на автокефалниот статус, останува во организационата структура како и досега како автокефална црква. На литургиите прв ќе го споменува Вселенскиот патријарх, и потоа сите останати по редот од диптихот како и досега.

Македонија | пред 3 години

Benzinski-pumpi-9

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 92,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 94,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,334 %, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,307%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-nikolovski

Доаѓа тешка зима, ценовни шокови, ама и недостаток на енергенси

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека ВМРО-ДПМНЕ постапува погрешно со блокадите на Собранието и најавите за блокади на улиците. Според него, цел свет живее во кризно време, а Владата во Македонија работи за ценовните шокови да се што помали. Најави дека доаѓа тежок период и побара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со блокадите.„Не очекува тешка зима. Владата работи ценовните шокови да бидат помали и да се обезбедат реагенси за непречено снабдување на домаќинствата и индустријата. Правиме ребаланс, Министерството за финансии намалува на трошоци кои не мора да бидат направени, за да има средства за поддршка на компаниите и најранливите категории на граѓани“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

policija-kazni

Никој не остана поштеден, полицијата напиша скоро рекордни 600 казни за еден прекршок

Во текот на вчерашниот ден (15.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 598 возачи. Од нив 47 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 277 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 321 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев открива каква агенда се спроведува во македонското Собрание од ДУИ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев прашува дали ДУИ заедно со Талат Џафери спроведуваат антимакедонска агенда во македонското Собрание. Ова доаѓа откако Џафери на македонски јазик пцуеше собраниски службеници„Еден момент кој ни промакна, во случајот со пцостите и мобингот на спикерот ЏАФЕРИ кон собраниските стафери... Секогаш кога Џафери зборува со службеници-Албанци, им се обраќа на албански. Но, на снимката вреѓањето и понижувањето е на македонски јазик! Дали тоа значи дека силеџиите од ДУИ, во македонското собрание, спроведуваат антимакедонска агенда поддржана од претседателот, на омаловажување врз етничка и национална основа!?“, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе.До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада?Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ.Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“.

Македонија | пред 3 години

55519511_1005057196359475_1284610819719430144_n

На концерт во Скопје се уапсени пет лица!

Во текот на 14/15.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода биле лишени пет лица.Притоа, кај Б.М.(45), А.С.(26), двајцата од Скопје и В.М.(27) од Р.Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н.(23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А.(23) пронајдена е прашкаста материја.Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

spc

Се надминува расколот, Српската црква треба да донесе историска одлука за Македонската црква

Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата Македонската Православна Црква (МПЦ), пишува српски „Курир“.Во текстот се вели и дека на почетокот на мај, архиепископот Стефан и српскиот патријарх практично го договориле овој чин, но Вартоломеј побрзал да го објави признавањето за како што стои во текстот да ги преземе заслугите.– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Северна Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да прикаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Северна Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа – патријархот Порфириј иархиепископот Стефан придружувани од архиереите на двете цркви“ – цитира „Курир“ неименуван извор од СПЦ.Според информациите на медиумот по ваквата одлука архиепископот на ПОА, Јован, ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, вели изворот на „Курир“.

Македонија | пред 3 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Тешки зборови за Талат Џафери од ВМРО-ДПМНЕ

„Три дена без никаква осуда или одговорност за Талат Џафери поради недоличното однесување во Собранието, од страна на крими коалцијата на власт СДСМ-ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Пред 3 дена јавноста беше згрозена од видеото во кое се слуша како претседателот на Собранието, Талат Џафери со пцовки кон мајките на вработените, тој ги навредуваше и со примитивно однесување го покажа своето вистинско лице.Целосен молк и од Ковачевски за понижувањето на институцијата Собрание, за примитивизмот на Џафери и неговите навреди кон вработените во Собранието на Македонија.Димитар Ковачевски мислејќи дека со недоветност и игнорирање на овој однос, од страна на Џафери, македонските граѓани ќе го заборават ваквиот однос на претседателот на Собранието.Не само што не го осуди однесувањето на Талат Џафери, туку пиунот Ковачевски со неговиот молк се стави во одбрана на ваквиот примитивен одност на вториот човек по функција во државата.Не постои никакво оправдување за проститулокот и примитивниот однос на Џафери, Никој не е должен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде бркан и навредуван со зборовите „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот Џафери.Ваквото однесување на Џафери ја доведува во прашање неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции, претседател на Собрание.Одговорност за ваквото однесување мора да има. Талат Џафери треба веднаш да си поднесе неотповиклива оставка“.

Македонија | пред 3 години

Ukraina-Evrovozija

(ВИДЕО) Украина победи на Евровизија

Претставниците на Украина, Калуш Оркестра, со песната „Стефанија“ победија на овогодинешната Евровизија, која се одржа во Торино, Италија.Победата ја обезбедија поените од телевоутингот, откако после гласањето од жирито, Велика Британија беше првопласирана, но на крајот заврши како втора. Во првите пет се пласираа и Шпанија, Шведска и Србија како петтопласирана.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-05-14-at-21.35.00

(ФОТО) Камион излета во нива, близу граничниот премин „Ќафасан“

Страшна несреќа се случи во близина на граничниот премин Ќафасан, во текот на денешното попладне. Товарен камион излета од патот сосе приколица. Првичните информации се дека причината е тоа што гумите на возилото се излизгале, но таа не е потврдена. Точните причини треба да ги утврди полицијата.Засега, нема информации дека возачот е тешко повреден. Повикани биле и екипи на МВР. Детали се чекаат во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-mickoski-543151234

Мицкоски го „рашамара“ Џафери и го испрати во „посебни институции“ за нервен систем

Се срамам што го познавам тој човек и не можам да разберам што е тоа што го држи Димитар Ковачевски при уши глув, при очи слеп, па да мора јавно тоа да го премолчува, што е тоа што го има заробено за да го трпи овој срам и понижување, бидејќи таму се навредува мајката на вработените кои што можеби се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за снимката од собраниската сала што протече во јавноста на која се слуша глас на Талат Џафери.-Нема ниту одговорност, ниту некој нешто кажа, ниту пак медиумите, морам да признам, тоа го ставија на едно високо ниво. Ако некој човек има проблем со себе, и со својот нервен систем, има посебни институции кои што се грижат за тоа. Парламентот и вработените не се место каде што некој треба својот нервен систем да го лекува. Така што еве, ќе завршам како што и почнав, се срамам што воопшто познавам такви луѓе во мојот живот поради природата на мојата работа – рече Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања