ТОП

benzinska-benzin-nafta-12

Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај сите нафтени деривати и тоа: кај бензинот за 8,971 %, кај дизелот за 16,811%, кај екстра лесното масло за 14,445% и кај мазутот зголемување за 9,336%. Во исто време, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 1,078%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 % во однос на Одлуката од 7.3.2022 година.“Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33% на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„На местото од Славјанка ќе ја порачав Месечина, нема више сунцааааа…. Имаше да фрчат евра“, реакции по посетата на Лондон

Со церемонија со највисоки воени почести денеска започна официјалната посета на Обединетото Кралство на министерката за одбрана Славјанка Петровска.Како што соопштија од Министерството за одбрана, Петровска беше пречекана со добредојде на македонски јазик и со изведба на македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на Воениот оркестар на Обединетото Кралство.На социјалните мрежи се пошегуваа дека министерката му оставила бакшиш на оркестарот,  прочитајте ги и останатите коментари.https://twitter.com/kooperacija/status/1501305014689710084?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/acetyl_s/status/1501304919042711555?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/tonivancoski/status/1501303455482368000?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/MartianfromMKD/status/1501289883192733697?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/igorhadzievski/status/1501290168812244995?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/uJHyOw0SgfDl4Pv/status/1501291370698268679?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/goranman2/status/1501287345026441221?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/Tikitak53346047/status/1501284237013659650?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/Tikitak53346047/status/1501283328627929088?s=20&t=nmwn69hrnqgRoTMMtWm7XAhttps://twitter.com/batozoki/status/1501288811694673921?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/vanemanevski/status/1501280388534132750?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/rocco_dela_rocc/status/1501280961144754179?s=20&t=pAd87MaRX3JAMaKv2Ou04ghttps://twitter.com/SolarNik/status/1501610637633503245?s=20&t=XPpRrYwfyC7hiLz_I0Zk9g 

Коментари | пред 3 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Комисијата за заразни болести ќе има мерки за лицата кои се низок, среден или висок ризик за короната

Во продолжение информација од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести:- Со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. Затоа во последните недели фокусот околу КОВИД-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.Во овој контекст, Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните 7 дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните 7 дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните 7 дена.Се предлага, според овие параметри, епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин сметаме дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките.

пред 3 години

Screenshot-2022-03-09-at-14.12.28

Ќе поевтинат горивата најави премиерот, но ни тој не знае кога бидејќи треба да се менуваат закони

Мора да се изменат Законот за акциза и Законот за ДДВ за да има пад на цените на горивата. Владата предлага, а Собранието ќе одлучи како ќе постапи. Доколку пратениците ги прифатат овие измени, тогаш, дизелот ќе чини 75 денари односно 10 денари помалку, а бензинот ќе се намали за 11 денари.„Измени на законот за акциза и законот за ДДВ ќе бидат испратени до Собранието. Сите пратеници имаат одговорност пред сите граѓани на оваа држава. Се наоѓаме во најголемата економска криза. Најголемите извозници на гас и метал се во војна. Одговорноста на сите партии е да го поддржат овој пакет мерки кој чини 400 милиони евра“, кажа Ковачевски.Новите цени на горивата, кои се пониски од постојните доаѓа со намалување на ДДВ-то од 18 проценти на 5 проценти, како и со намалување на акцизата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-09-at-14.12.46

Поевтини горива, храна без ДДВ и ваучери се дел од новите мерки

Премиерот Димитар Ковачевски ознани дека ќе има ваучери за сиромашните и пензионерите, но и намалување на акцизата и ДДВ-то за горивата. Исто така, ќе има и маржи.„Од 5 на 0 проценти се намалува ДДВ-то на леб, шеќер, ориз, јајца, свежо месо“, кажа Ковачевски.Предвидени се субвенции за најранливите категории на граѓани со вредност од 1.000 денари месечно за три месеци за купување на основни производи.„Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основни производи од сите земји. Се ублажува и ценовниот шок за струјата, повластената даночна ставка која ја воведуваме ќе важи до декември. Со нова методологија ќе има помала цена за мали потрошувачи и домаќинства во однос на струјата. Се субвенционираат пензионерите со 1.000 денари за три месеци односно 3.000 денари“, додаде Ковачевски.Ќе се субвенционира и натаму струјата, мерката ќе е активна до јуни 2022 година. Се субвенционира цената на топлинска енергија.„Финансирање на проектите за енергетска ефикасност на општините, со што ќе се намали потрошувачката во јавниот сектор. Даваме препорака за промена на методологијата за нафтените деривати. Препораката да е да се менуваат цените на дневна основа. Го пролонгираме давање на зелените давачки за деривати, со оглед на големиот пораст на цените. Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за дел од горивата“, објасни Ковачевски.Со ова се намалува цената на енергенсите на граѓаните.„Ја намалуваме акцизата врз основа на берзанските цени, што ќе се ублажи цената на енергенсите до 4,3 денари. Дизелот би бил за 10,7 денари помалку, бензин би се точел за 11,5 денари помала цена“, кажа премиерот.

Македонија | пред 3 години

IMG_0085

Се намалува акцизата на горивата и се укинува ДДВ, познати дел од мерките на Владата

Дефинитивно ќе се намалува акцизата на горивото, дознава „Скопје1“. Со намалување на досегашните 43 проценти, ќе има намалување и на цената која во понеделникот се зголеми и до 10 денари по литар за дизелот. Оваа мерка, најпрво беше предложена од ВМРО-ДПМНЕ на крајот од месец февруари, но тогаш, Владата не ја разгледуваше. Нејзиното донесување, доаѓа по направени анализи и средби на економските тимови на Владата со преставници од повеќе сектори, стопански комори и екомисти.Се очекува, еден час по пладне, Ковачевски да ја презентира и мерката со која ќе се укине ДДВ-то за струјата и парното, но и храната. Со ова, сметките на граѓаните би биле помали од 5 до 10 проценти, зависно од артиклите.Владата најави дека ќе има и пакет мерки за фирмите, бидејќи и тие се погодени од економската криза.

Македонија | пред 3 години

policija-4

Над 60 кои возачи возеле пијани, фатила полицијата за осум часа!

Во текот на вчерашната вечер (08./09.03.2022) во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 65 возачи. Од нив 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

234919655_651024752949979_7599520139797624935_n

Од утре нови мерки, ќе се инервенира кај горивата и лебот

Нови мерки од утре во Македонија. Ќе треба да помогнат на фирмите, но и граѓаните. Целта е да се ублажи притисокот врз цените. Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека ќе има дури и за горивата. Не се открива дали тоа ќе биде преку намалување или укинување на акцизата за нафтени деривати.„Ќе има мерки кои ќе придонесат во сите сектори, како и енергетскиот сектор, во делот на цените и ликвидноста. Ќе има трговски и фискални мерки. Јас можам да ви кажам дека кај сите индустрии кои се најпогодени ќе има мерки, подготвени од Министерството за финансии. Вклучени се и другите институции“, кажа Бектеши.Ќе поевтини и лебот, посочи Бектеши.„Во делот на цената не лебот имаме информација од страна на големите трговци дека ќе има намалување на маржата. Ќе видиме колку ќе биде таа. Во делот на цената не лебот имаме информација од страна на големите трговци дека ќе има намалување на маржата. Ќе видиме колку ќе биде таа. Маржите ќе се намалуваат, а колку, ќе кажеме утре. И маржата од пет посто за трговија на големо и десет посто за трговијата на мало ќе има намалување“, рече Бектеши.Некои од маржите, ќе се укинат.„Ќе има мерки кои ќе придонесат во сите сектори, како и енергетскиот сектор, во делот на цените и ликвидноста. Ќе има трговски и фискални мерки. Јас можам да ви кажам дека кај сите индустрии кои се најпогодени ќе има мерки, подготвени од Министерството за финансии. Вклучени се и другите институции“, кажа Бектеши.

Македонија | пред 3 години

srbija-grabez-banka

Пукање во центарот на Скопје, ограбена банка

На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум.Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

klinika-brza-pomos

11 починати и нови 340 заразени со корона

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево - 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати воболнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-351, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-85, Биотек-142, Систина-57, лабораторија Лаор-46, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-38, Генеа-4, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-17, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 140127, Активни 1291Куманово 16319, Активни 106Битола 14366, Активни 113Прилеп 13689, Активни 122Тетово 13353, Активни 73Кавадарци 10215, Активни 85Велес 9528, Активни 96Гостивар 9467, Активни 31Охрид 8542, Активни 33Штип 7920, Активни 22Струмица 7915, Активни 14Кичево 5455, Активни 38Кочани 4985, Активни 12Струга 4656, Активни 20Гевгелија 4288, Активни 33Неготино 3622, Активни 20Ресен 2618, Активни 40Свети Николе 2605, Активни 5Радовиш 2484, Активни 12Крива Паланка 2382, Активни 14Делчево 1900, Активни 0Дебар 1648, Активни 13Берово 1630, Активни 6Валандово 1460, Активни 4Виница 1350, Активни 5Пробиштип 1259, Активни 4Богданци 1004, Активни 5Кратово 942, Активни 9Крушево 908, Активни 2Демир Хисар 815, Активни 9Македонски Брод 731, Активни 3Демир Капија 581, Активни 4Македонска Каменица 521, Активни 3Пехчево 482, Активни 1Дојран 339, Активни 0

пред 3 години

51826955120_45b1d3c173_c

Бујар Османи испраќа тројца амбасадори, еден од нив е Фрчкоски

По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека се утврдени следните предлози за амбасадори:- Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија- Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и- Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.„Со ова, бројот на пополнети места - амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24. Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

SL-012221-39870-21

„Во општество каде за силувана жена викаат дека си го барала, ова не е празник“, реакција за 8-ми Март наместо честитка

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, низа пораки се објавуваат од почитичарите, но и јавните фаци. Една од нив е Ина Многуфина. Таа им порача на сите жени дека никој не смее да ги гази. Објасни и како функционира општеството.„Во општество каде полиција не пишува записник кога тепаат жена, каде за силувана викаат си го барала, каде интелектуалци обвинуваат за геноцид жени што не раѓале, каде шефови имаат само мажи менаџери дека жени тоа не можат, каде имаме висок степен на фемицид, каде домот е најнесигурно место за жени жртви од насилство, каде во руралните средини сервилност и ќотек се дел од фолклор, каде за истото маж е фраер, а жена курва, каде малограѓанството глуми систем на вредности па ти кажува како да живееш...Во вакво општество ништо околу рамноправноста не е среќно, па ни празник. Имаме уште многу работа жени, борбата продолжува! Никој не смее да ве гази!“, напиша таа.

Коментари | пред 3 години

w_56097563

Изминатата недела регистрирани 2504 позитивни на коронавирус

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела (n=3.701). Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28.02.2022 до 06.03.2022г Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.418; 56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=705, 28,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=103; 4,1%).Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 46,9% во возрасната група од 0-9 години.Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5% во однос на претходната недела.Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1).На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.Заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.

пред 3 години

275142542_1001988270698567_8907071244863717416_n

По стари цени, гориво нема за лек - возачите: Нека дојде полноќ, сами ќе се наполнат резервоарите

Дел од бензиските на неколку часа по полноќ, а откако беше познато дека цените на горивата се зголемуваат и до десет денари, ги затворија пумпите. Велат дека немаат нафта, а други пак, бензин. Вработените им мавтаат со прст на возачите да не чекаат редови и по еден час. Кај други компании пак, се точи ограничено. Ако побарате полн резервоар, ќе ви кажат дека има деривати само за 1000 денари по возило.Возачите се нервозни и револтирани. Сметаа дека компаниите треба да ги почитуваат законите и мора да имаат резерви, како што им е наложено со закон, а не да ги враќаат и да одбиваат да точат горива. „Ова е катастрофа. Нормално е дека секој сака да наточи поевтино гориво, ама тие се тие кои не смеат да си го дозволат ова“, потенцираа возачи. Дел од тие кои чекаа во нервоза кажаа: „На полноќ автоматски, така магично ќе им се наполнат резервоарите! Лажат, профитери! Не сакаат да трошат залихи кога можат да го продадат поскапо“.Претходно, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информираше јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати и тоа: кај бензинот за 10,990 %, кај дизелот за 21,147% , кај екстра лесното масло за 18,278% и кај мазутот зголемување за 13,830%.„Паралелно, во истиот период курсот на доларот во однос на сите светски валути зајакнува и во однос на денарот е зголемен за значителни 1,401 %. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се вкалкулирани сите овие трендови, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21 % во однос на Одлуката од 28.2.2022 година“, соопштија од Регулаторната комисија.

Македонија | пред 3 години

IMG_0085

Објавени новите цени на дизелот и бензинот

Нафтата поскапе за 10 денари, бензинот за 5,5 денари.Доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Според новата цена, дизелот од вечерва на полноќ ќе се продава за 10 денари поскапо. Новата цена ќе изнесува 85,5 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство 83,5 денари.Цената на бензинот се зголемува за 5,5 денари или евро супер 95 ќе се продава за 89,5 денари, а евро супер 98 за 91,5 денари.Новата цена на мазутот е 54,3 денари, што е покачување за околу 5 денари.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања