ТОП

275794605_512715746889108_4184696525782401600_n

Војната во Украина за Ѓорге Иванов е „кризата во Украина“ и „конфликтот во Украина“

Екс претседателот Ѓорге Иванов се обрати на панелот на тема „Ревитализација на мултилатерализмот: ОН и подалеку“. Тој зборуваше за Обединетите нации, како и за последиците од војната во Украина. Во текот на неговото излагање, според објавата, Иванов инвазијата во Украина од Русија ја наречува „кризата во Украина“ и „конфликтот во Украина“„Во своето излагање, Претседателот Иванов нагласи дека кризата во Украина ја враќа повторно на сцена дебатата за ОН и Советот за безбедност и нивната поставеност во 21-виот век. Потсети дека денешните ОН се резултат на состојбата после II Светска војна кога победниците биле мудри и храбри луѓе и го започнале тој проект соодветен за тоа време и тие услови. Сепак, во денешно време тој проект ја губи својата моќ да воспоставува мир. Истакна дека можни се три модели на функционирање на ОН, прво, да останат како што се, второ, да излезат од воспоставениот модел и да се реформираат, и, трето, да ги користат придобивките од технолошкиот развој и дигитализацијата како начин за носење одлуки. Според претседателот Иванов, ако системот на ОН остане во статус-кво состојба, после конфликтот во Украина, знаејќи ја позицијата на Русија, нѐ очекуваат долги и тешки преговори користејќи ги сите досегашни дипломатски механизми и искуства. Ако се замени моделот на носење одлуки, да се напушти сегашниот и се замени со нов, современ, постои можност за нивно подобро функционирање. Третиот модел, пак, според претседателот Иванов е да се користат сите дострели и технолошки достигнувања за носење дипломатски решенија, дигитална дипломатија“, објавија на неговата фејсбук страница.„Нагласи дека ОН се човечка креација и тие, како и секој организам, кога ќе остарат се соочуваат со немоќ, тромавост, помала ефикасност. Потенцираше дека ОН се најефикасни во кризни ситуации, но, за да се покаже нивната ефикасност, Генералниот секретар на ОН, заедно со Претседателот на Генералното собрание на ОН, мораше, уште истиот ден кога започна конфликтот, да бидат во Киев, а следниот ден во Москва. На крајот на дискусијата, претседателот Иванов им се обрати на присутните со пораката, дека живееме во време на голема неизвесност и дека нѐ очекуваат големи предизвици. Но, човештвото секогаш наоѓа решение во кризни ситуации, и да се надеваме дека и сега ќе најдеме решенија кои ќе бидат од корист за сите, не само за одредени земји. Светот станува сѐ покомплексен и посложен, но и сѐ повеќе меѓусебно зависен, па затоа, помагајќи си себе си, им помагаме на сите“, додаваат во објавата.За време на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателот Иванов оствари повеќе кратки средби со учесници на форумот. Учесници на форумот се актуелни и поранешни шефови на држави и влади, министри, дипломати, бизнис лидери, академици, експерти и претставници на младите и медиумите.Дипломатскиот форумот во Анталија е собир на високо ниво на професионалци кои се занимаваат со дипломатија како што се државници, политички лидери, дипломати, креатори на мислење или академици и претставува одлична платформа за регионалните и глобалните актери од сферата на дипломатијата, политиката и бизнисот за размена на идеи и справување со меѓународните предизвици. Дипломатијата останува основниот метод на комуникација меѓу лидерите и државите. Има цела група други структурни и системски промени на меѓународната политичка сцена на кои треба да одговори дипломатската професија.

Македонија | пред 3 години

269831738_4527700727340322_304902339563400304_n

(ВИДЕО) Бислимовски ги навреди граѓаните: „Појма немаат во животот“, а тие му вратија: „Неаме појма зошто те плаќаме“

Претседателот на Регулаторната енергетска комисија Марко Бислимоски грубо ги навреди граѓаните кои реагираат поради скоро секојдневните поскапувања на цената на горивата. Тој рече: „Како што кажавте и вие, ние сме земја со најголем број на експерти на Фејсбук по глава на жител. А во реалноста, тоа се експерти по ништо. Појма немаат во животот“, изјави Бислимовски во разговор со Слободен Печат.На ова возврати Божидар Божиновски, сценарист и критичар.„Вака малку Бисимиловски, од граѓанин кој нема појма од животот. Експерт на Фејсбук не носи никаква одговорност, не е платена функција од државата и не зависи ништо од статуси. За разлика од тоа главен на Регулаторна го плаќаме ние шо немаме појма, работејќи работи за кои немаме појма и стварно немам појма зошто и плаќаме уште даноци на ваква држава, а со тоа и илјадници ликови ко тебе шо имате појма. Сигурно би се снашле и без државни плати?“https://twitter.com/__Heliophile__/status/1502575577089429504?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1502575577089429504%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakedonskivesnik.com%2FD182D0B8D0B5-D0BFD0BED198D0BCD0B0-D0BDD0B5D0BCD0B0D0B0D182-D0BED0B4-D0B6D0B8D0B2D0BED182D0BED182-D0B2D0B5D0BBD0B8-D0B4D0B8D180D0B5D0BA%2F

Коментари | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Намалени цените на горивата по законските интервенции

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност.Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45 проценти во однос на одлуката од 10.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.Од 13.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм).

Македонија | пред 3 години

w_56803994

277 новозаразени со ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип.Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции.Регистрирани сe 132 оздравени пациенти од: Куманово – 16, Прилеп – 15, Битола – 14, Охрид – 13, Скопје – 11, Велес – 10, Струга – 8, Кавадарци и Ресен – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 5, Гевгелија – 4, Тетово, Гостивар, Штип и Неготино – по 3, Кичево – 2, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41г до 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети.Направени се 2.635 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-71, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-49, Авицена-91, Биотек-108, Систина-48, лабораторија Лаор-117, Синлаб-12, Ремедика-9, Плодност-10, Генеа-11, Никоб Лаб-200, ВФВ Медикал-62, Ели Медика Плус-20, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.228.Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 140735, Активни 1230Куманово 16383, Активни 91Битола 14444, Активни 126Прилеп 13765, Активни 138Тетово 13375, Активни 56Кавадарци 10261, Активни 81Велес 9588, Активни 97Гостивар 9484, Активни 29Охрид 8575, Активни 44Струмица 7938, Активни 23Штип 7931, Активни 19Кичево 5486, Активни 45Кочани 5000, Активни 21Струга 4663, Активни 9Гевгелија 4298, Активни 21Неготино 3631, Активни 15Ресен 2637, Активни 35Свети Николе 2606, Активни 3Радовиш 2490, Активни 14Крива Паланка 2393, Активни 15Делчево 1900, Активни 0Дебар 1656, Активни 11Берово 1631, Активни 3Валандово 1463, Активни 5Виница 1357, Активни 9Пробиштип 1258, Активни 2Богданци 1010, Активни 7Кратово 946, Активни 11Крушево 912, Активни 5Демир Хисар 821, Активни 6Македонски Брод 732, Активни 2Демир Капија 582, Активни 3Македонска Каменица 521, Активни 2Пехчево 482, Активни 0Дојран 339, Активни 0

пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

Уште не сме спремни за намалување на мерките, вели Сали

Министерот за здравство Беким сали денеска изјави дека земјата се уште не е подготвена за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19.Состојбата се следи и според тоа што го добива министерството како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.– Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците. Еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат. Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките, рече министерот Сали.Тој истакна дека дел од ковид центрите во државата се затворени и дека нема потреба од дополнителни кревети.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

(ВИДЕО) Џафери до Апасиев: Еј ало, Кастро, извини

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев денеска во Собранието му реагираше на спикерот Талат Џафери затоа што седницата доцни.Апасиев рече дека се неажурни и не можат да соберат мнозинство. Џафери му одговори дека седницата требала да почне во 15 часот, но некој од пратениците заглавил во снегот во Маврово.„Како мислите кворум. Сега да кажам дека мнозинството нема 61 пратеник овде и да речам дека седницата нема да се одржи. Аман, еј, ало, Кастро – извини“, му рече собранискиот претседател на пратеникот.Спикерот се оправда дека некој со летни гуми заглавил во снегот, па морале да го туркаат и тој тоа не можел да го реши.

Македонија | пред 3 години

Kamioni-so-RDF-otpad

Запленетите камиони во Украина вратени на транспортерите од Македонија

Од МНР информираат дека по преземените активности камионите и стоката, кои претходно беа запленети од украинските власти, се вратени на локалните транспортери.„Ја информираме јавноста дека по бројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката на украинските власти, камионските транспортери на граничниот пункт меѓу Украина и Полска - „Јагодине“ се вратени заедно со нивната транспортирана стока, кои претходно беа запленети од локалните власти на Украина“, се вели во известувањето на МНР.После 12 дена чекање на украинско-полската граница возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од Украина, но како пешаци и без камиони. Според сопственикот на фирмата камионите биле запленети без образложение и без никаков документ.Украинските погранични власти на 8 март само им соoпштиле на возачите дека имаат пет минути да ги спакуваат личните работи и да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив.

Македонија | пред 3 години

259211766_242271247970687_8160110712329551655_n

Бил ли Стевче Јакимовски во кафана на општинска сметка

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски изјави дека не користи службен мобилен телефон, а за репрезентациии, како што рече, се уште нема ниту еден ручек изедено на сметка на општина Карпош, ниту пак тоа го планира.За него најважно во ова време е, како што рече, да се даде пример за граѓаните дека доаѓаат тешки времиња, максимално да се мобилизираме. Ќе се води битка за секој денар, истакна градоначалникот Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

javna-soba-presuda

По четири години затвор за обвинетите за „Јавна соба“

Кривичен суд изрече две казни за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата каде се споделуваа порнографски материјали од жени од Македонија без нивна дозвола, доби четири години затвор, а исто толку, односно четири години, доби и администраторот Михаил Паневски му се досудени. Тие се гонеа бидејќи со дозволиле да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.„Обвинетите се огласуваат за виновни бидејќи првообвинетиот ја основал групата Јавна соба на Телеграм, а второобвинетиот како модератор иако морале да внимаваат што се прикачува во групата, дозволиле да се направи достапно видео со порнографски елементи со дете“, рече судијката.Двајцата беа и во притвор поради опасност од бегство. А во обвинителниот акт стоеше: „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата ‘Јавна соба’ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата“.

Македонија | пред 3 години

275695172_10227168993110602_956858915597359625_n

„Кој фолирант!“, Јоци предупреди за Арсовска

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која е политиколог, го анализираше гостувањето на скопската градоначалничка во „Топ тема“. Таа им порача на ВМРО-ДПМНЕ, дека скапо ќе ги чини изборот на Арсовска.Ја прашува Оливера вечерва Данела Арсовска како тоа претседател на Совет на К.Вода воедно станал и адвокат за 50.000 денари месечен паушал во ,,Лајка", оваа вели немала уште детали⁉️ Пошто она прави еклери хонорарно во Град Скопје, нема поим од ништо. Али, затоа пет пати во 3 минути повтори како народот не можел да скрпи крај со крај. И ова е само 7 минути како ја гледав, можам да замислам што тресела саат време. Кој фолирант! Вмровци, оваа скапо ќе ве чини!“, напиша Јоци.

Коментари | пред 3 години

IMG_0085

Повторно се зголемува цената на дизелот

Еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар.„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека се исполнети предусловите за корекција на цената на поголем дел од нафтените деривати поради тоа што продолжува трендот на раст на цените на нафтените деривати на светските берзи и во исто време курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 0,49%. Во споредба со претходната пресметка се бележи зголемување кај следните нафтен деривати и тоа во просек : кај дизелот за 3,616%, кај екстра лесното масло за 2,984% и кај мазутот зголемување за 2,265%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 % во однос на Одлуката од 9.3.2022 година“, велат од Регулаторна.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 денари/литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,404 денар/килограм и сега ќе изнесува 60,569 ден/кг.Од 11.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 60,569 (денари/килограм)Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Benzinski-pumpi-9

Ќе се продава ли воопшто гориво во Македонија

Ненадејното намалување на маржите за трговија со горива од 4.5 на три денари, односно за 33 отсто, што историски претставува најниска маржа за трговците, создаде непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Имајќи ја предвид нагласено тесната поврзаност на редовната испорака на горивата со нормалното функционирање на општеството, постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.– Ваквите мерки, кои што регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува – истакнуваат од компанијата.Компаниите што снабдуваат нафта и нафтени деривати не можат врз себе да го понесат товарот на вештачко држење на ниска цена на горивата, како социјална категорија. Сепак, станува збор за обврска на државата и на сите мерки што ѝ стојат на располагање, но не на сметка на пазарната логика и приватните компании. Оваа популистичка мерка е неодржлива и може да создаде дополнителна паника меѓу граѓаните, зголемена побарувачка и недостиг на гориво

Македонија | пред 3 години

leb

Лебот, брашното и маслото ќе се продаваат по набавна цена

Новата Одлука за посебните услови за трговијата на одделни стоки, е објавена во Службен весник , со што стапува на сила. Со неа, се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата на: леб, масло за јадење, брашно од пченица, шеќер, кравјо млеко, свежо месо; сувомеснати производи, сирење, урда, македонски ориз, јајца и тестенини.Министерството за економија денеска информираше дека профитите маржи за основните производи се намалуваат кај трговијата на големо од 10 на 4 и кај трговијата на мало од 5 на 3 отсто.На листата на производи повеќе не е вклучено овошјето и зеленчукот. Мерката ќе важи за шеќерот, трајното кравјо млеко, свежо месо, сирење, урдата, македонскиот ориз, јајца, шпагети и макарони.Одлуката ќе се применува до 31 мај. Казните за трговците остануваат исти како и претходната одлука.Со оваа мерка се сложиле и стопанските комори, информира министерството.Ценовниот шок владата ќе го ублажува со 400 милиони евра, пакетот содржи 28 антикризни мерки и препораки. Без ДДВ ќе се продаваат лебот, шеќерот, брашното, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата, а останува и замрзната маржа за основните производи, освен за овошјето и зеленчукот. Се намалуваат и акцизите за горивата, но мерките на сила ќе стапат, откако ќе го поминат собранискиот филтер.

Македонија | пред 3 години

IMG_0078

13 починаа, 318 се заболеа со корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 166, Битола – 24, Велес и Прилеп – по 18, Кичево – 14, Куманово – 12, Кавадраци и Охрид – по 10, Ресен – 9, Гостивар – 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар - по 2, Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница – по 1.Од вкупниот број на позитивни (318), регистрирани се 43 реинфекции.Регистрирани сe 468 оздравени пациенти од: Скопје – 268, Куманово – 24, Велес – 22, Прилеп – 21, Кавадарци – 20, Битола – 18, Тетово – 16, Ресен – 11, Кичево и Гевгелија – по 10, Охрид, Гостивар и Штип – по 6, Неготино и Струга – по 5, Струмица – 4, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Виница и Кратово – по 2, Богданци, Демир Хисар, Берово, Макендонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица од: три починати лица од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид(68г), Штип(71г) и Кавадарци (56г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија(2), Струга(1), Неготино(1), Прилеп (1) и Велес (1).Починатите лица се на возраст од 58г. до 85г. Лицата се починати во период од 11.02. до 05.03.2022. Од пријавените починати лица, 2 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови. Сите починати лица (13), се со регистрирани коморбидитети.Направени се 2.358 тестови преку: ИЈЗ-273, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-51, Биотек-60, Систина-45, лабораторија Лаор-59, Синлаб-10, Ремедика-13, Плодност-23, Генеа-10, Никоб Лаб-157, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-14, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–15, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.125.Досега во земјата се направени вкупно 1.915.369 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.714, бројот на оздравени пациенти е 289.532, на починати е 9.117 а бројот на активни случаи изнесува 2.065.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 140429, Активни 1148Куманово 16352, Активни 90Битола 14411, Активни 125Прилеп 13719, Активни 121Тетово 13372, Активни 63Кавадарци 10237, Активни 71Велес 9560, Активни 94Гостивар 9477, Активни 32Охрид 8558, Активни 41Штип 7927, Активни 19Струмица 7921, Активни 13Кичево 5473, Активни 41Кочани 4993, Активни 15Струга 4659, Активни 14Гевгелија 4294, Активни 25Неготино 3626, Активни 16Ресен 2628, Активни 37Свети Николе 2606, Активни 4Радовиш 2487, Активни 12Крива Паланка 2388, Активни 13Делчево 1900, Активни 0Дебар 1654, Активни 14Берово 1631, Активни 4Валандово 1462, Активни 5Виница 1355, Активни 7Пробиштип 1258, Активни 3Богданци 1009, Активни 6Кратово 943, Активни 8Крушево 910, Активни 3Демир Хисар 818, Активни 10Македонски Брод 732, Активни 3Демир Капија 583, Активни 5Македонска Каменица 521, Активни 2Пехчево 482, Активни 1Дојран 339, Активни 0

пред 3 години

Screenshot-2022-01-24-at-10.43.10

Јанакиески условно осуден, бидејќи пред 12 години згрешил при јавната набавка за кинеските автобуси за ЈСП

Три условни казни досуди Кривичен суд за набавката на кинеските автобуси. Две години затвор ќе добијат обвинетите само доколку во наредните пет години го повторат делото. Миле Јанакиески и двајца членови на Комисијата која ја спроведувала јавната набавка признаа вина. Тие не нанеле штета на буџетот, но го прекршиле Законот за јавни набавки.„Обвинетите М.Ј., С.Ф.П. и Ј.Ј.А., обвинети за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.5 в.в ст.1 од КЗ, беа огласени за виновни и осудени на Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку обвинетите во следните 5 годин не сторат ново кривично дело. Против пресудата странките имаат право н жалба до Апелациониот суд – Скопје. Предметот за обвинетиот И.Ј., кој не ја призна вината, продолжува соглавна расправа насрочена за 28.03.2022 година во 09:30 часот“, вели Кривиечн суд.Миле Јанакиески како ексминистер, Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на Комисијата за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова – член на комисијата признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компанија која ги набави 202 двокатни автобуси за ЈСП. Ова е епилогот од првото рочиште за овој предмет, каде обвинетите се произнесуваат за вина.Според Обвинението, пред 12 години сите обвинети ја фаворизирале кинеската фирма која ги набави автобусите за ЈСП, а таа немала доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет како што се барало во тендерската документација. И покрај тоа што понуда на фирма од Бугарија била пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на ексминистерот Миле Јанакиески да склучи договор со него. Сите обвинети се гонат за исто кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања