ТОП

kovid-koronavirus-makedonija1001

Расте бројот на заразени, статистики за денеска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.605 тестови, а регистрирани се 312 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци – по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар- по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2, Неготино, Дебар и Крушево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција.Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Прилеп – 29, Куманово – 18, Битола и Велес – по 13, Кавадарци – 12, Ресен – 10, Кичево – 8, Гостивар и Тетово – по 6, Струмица – 5, Берово, Крива Паланка и Виница – по 3, Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.605 тестови преку: ИЈЗ-271, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–123, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-59, Биотек-124, Систина-69, лабораторија Лаор-91, Синлаб-10, Ремедика-18, Плодност-14, Генеа-8, Никоб Лаб-197, ВФВ Медикал-80, Ели Медика Плус-22, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.137.Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 141095, Активни 982Куманово 16408, Активни 71Битола 14474, Активни 125Прилеп 13800, Активни 129Тетово 13379, Активни 44Кавадарци 10285, Активни 65Велес 9598, Активни 70Гостивар 9495, Активни 30Охрид 8600, Активни 68Струмица 7951, Активни 28Штип 7939, Активни 17Кичево 5493, Активни 32Кочани 5004, Активни 21Струга 4666, Активни 12Гевгелија 4307, Активни 21Неготино 3632, Активни 11Ресен 2642, Активни 21Свети Николе 2607, Активни 1Радовиш 2493, Активни 9Крива Паланка 2395, Активни 11Делчево 1902, Активни 2Дебар 1659, Активни 12Берово 1634, Активни 3Валандово 1464, Активни 5Виница 1365, Активни 14Пробиштип 1258, Активни 1Богданци 1008, Активни 5Кратово 951, Активни 11Крушево 913, Активни 4Демир Хисар 821, Активни 5Македонски Брод 732, Активни 0Демир Капија 582, Активни 1Македонска Каменица 521, Активни 2Пехчево 482, Активни 0Дојран 340, Активни 0

пред 3 години

275554137_7100947003309632_1600127271459570872_n

Тажната приказна на поранешната наставничка Мира: Довербата во погрешни луѓе, ме остави без дом, на улица

Мира Атанасова имала турбулентен живот. Денес, таа е осамена без ниеден роднина или пријател. Потекнува од добро ситуирано семејство, кое одлучува во животот да има само едно дете за да му обезбеди сè. Растена е и галена, посебно од страна на мајка и, која работела и неколку работи, само на Мира да не и фали ништо. Подоцна, Мира станува и академски граѓанин, добива работа како наставник по македонски јазик во основно училиште. Но, после смртта на родителите, кога поради долг за струја одлучува да го продаде станот на родителите и да земе помала гарсоњера, тоа и нема баш да се покаже како паметна одлука. Мира, наивно и детски им верува на погрешни луѓе кои ќе ја прелажат и измамат, и ќе ја доведат до просјачки стап. Таа останува и без пари и без стан. Луѓето кои ќе ја искористат нејзината наивност ќе ја тепаат и малтретираат до непрепознатливост оваа некогашна наставничка. Денес, таа нападната и од болести, принудена е дури и да проси само за да го преживее денот. Често нема што да јаде, не може да си купи лекови, а најмногу ја боли осаменоста и тоа што нема пријатели од кој би добила поддршка и убав збор.Да може мајка ми од негде да ме види во ваква состојба, сигурно ќе се превртува во гробот-вели таа.Најмногу жали во животот, што никогаш не создала семејство, кое сигурно, денес да го имаше, сега би и помогнало за да преживее.Мира од Штип е осамена жена која нема никој свој. Мајка и татко и со цел да и обезбедат убав и пристоен живот, ќе одлучат таа да биде единец во семејството. Ќе и обезбедат и високо образование. Таа се вработила како наставник по македонски и српски јазик. Дел од животот ќе го мине и како библиотекар во училиштето. Но, нејзиниот кошмар ќе започне кога на 48 годишна возраст ќе ја изгуби мајка си, па, за да ги намири долговите за струја, одлучува да го продаде семејниот стан чија процедура нема да оди како што таа замислила. Така Мира останува измамена и исфрлена на улица.На улица, Мира почнала да се храни во една народна менза, каде ќе продолжи нејзината голгота. Тука, луѓето што ја држеле таа менза ја тепаат и малтретираат, и ја земаат платата за сите месеци додека живеела кај нив, а подоцна ќе ја бркаат на улица, само со облеката што била на Мира.– Моите ми понудија сè, и не смеам да се пожалам дека во детството и младоста бев страдна за нешто. Но, денес да може мајка ми од некаде да ме види, сигурно ќе се превртува во гробот. Таа работеше и по неколку работи само да ми обезбеди сè. Бев нахранета, облечена, најдотерана во градот. Но, после нивната смрт одлучив да го продадам семејниот стан и да го платам долгот за струја. Бидејќи знаев дека нема да основам семејство си реков, ќе си купам гарсоњера и со остатокот од парите ќе живеам пристојно. Но, очигледно верував на погрешни луѓе. Пријателка ме прележа, па, ме остави и без пари и без стан. Така исфрлена бев во една народна кујна да се хранам за да преживеам, а тие сопружници знаејќи дека земам професорска плата ме примија кај нив. Но, и таму преживував вистински хорор. Ме тепаа, ме газеа, ме чекаа после работа за да ми ја земаат платата. Па, еден ден излегов од училиште и побегнав од кај нив-раскажува за својата голгота оваа поранешна професорка.Вака Мира живее од 2004 година, од стан во стан, со долгови и кредити, опкружена секогаш со погрешни луѓе. Сама и разочарана. Денес и болна и беспомошна, таа за да преживее принудена е да проси.– Многу долго живеам вака. Земам пензија, но, за да преживеам бев принудена да земам кредити на кои им се накалемија камати, па, сега платата ми е однапред изедена од тие камати, кирии, сметки. Ми остануваат само две илјади денари. Што можете да направите со тие пари за да преживеете. Принудена сум и да просам. Па, еден ден додека одев да заработам за леб, ме испокасапија кучиња по нозете. И, така имав рани по нив од шеќерната болест, сега и кучињата ме дораспарчија. Има денови и кога ништо не јадам-вели Мира.– Да имав семејство се ќе беше поразлично. Барем децата и внуците денес ќе ме гледаа. Вака, сама сум на сиот свет. Немам поддршка, немам рамо за плачење, немам ништо. Многу сум осамена и тажна-вели тетка Мира.Доцна е за да се врати времето. Доцна е за да се поправат грешките од минатото. Но, за убав збор, топол поглед, рака за спас, чинам никогаш не е доцна. А, тоа на Мира во моментов и е и повеќе од неопходно.Сите што сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на следниот телефонски број 070/472054 или на следната жиро-сметка 210501556924545.

Македонија | пред 3 години

koronavirus-kovid-skopje

Студија: Бројот на смртни случаи од корона е веројатно три пати поголем од официјалните проценки

Повеќе од 18 милиони луѓе, три пати повеќе од официјалните проценки, најверојатно починале од ефектите на коронавирусот ширум светот, објавија американските научници минатата недела во Лансет, две години откако Светската здравствена организација прогласи пандемија.Наместо официјалната проценка дека досега во светот од последиците на коронавирусот починале 5,9 милиони луѓе, пореално е дека до денес од оваа болест починале 18,2 милиони, пишува „Лансет“.Тим експерти на Американскиот универзитет Вашингтон во Сиетл ја проучуваа ситуацијата во 191 земја и територии во обид да го утврдат вистинскиот глобален број на смртни случаи.Тие забележуваат дека некои смртни случаи се должат на вирусна инфекција, додека други се поврзани со инфекција со коронавирус. Тие објаснија дека инфекцијата со коронавирус може да ги влоши другите постојни здравствени состојби, како што се болести на срцето или белите дробови.Експертите собираа податоци преку пребарување на различни владини веб-страници, Светската база на податоци за смртност, базата на податоци за смртност на луѓе и Европската статистичка служба.Тие открија дека големата на смртност варира значително во зависност од земјата или регионот, но вкупната глобална стапка пресметана како дел од студијата беше 120 смртни случаи на 100.000 луѓе.Студијата покажа највисока стапка на смртност во земјите со пониски приходи, како што се Латинска Америка, Источна и Централна Европа и Суб-Сахарска Африка, но бројот на загинати беше доста висок во некои земји со високи приходи, како што се Италија и делови од Обединетите нации.Научниците ги споредија податоците собрани помеѓу јануари 2020 и декември 2021 година, со податоците собрани во последните 11 години. Во просек, на секои 100.000 луѓе во светот имало 120 смртни случаи кои не биле очекувани или предвидени без пандемија, се вели во написот.Според нивните проценки, најголем број смртни случаи, односно повеќе од очекуваното во нормални околности, е забележан во земјите на Андите во Латинска Америка (512 смртни случаи на 100.000), во Источна Европа (345 смртни случаи на 100.000), во Централна Европа (316 смртни случаи).Во САД на смртноста изнесуваше 179, а во Обединетото Кралство 127 луѓе на 100.000 жители. Истражувачите, исто така, забележаа дека во некои земји, како што се Исланд, Сингапур и Австралија, имало помалку смртни случаи во тој период отколку што се очекувало во нормални околности.Најголем број на смртни случаи поврзани со пандемијата има во Индија (4,1 милион), потоа САД и Русија (по 1,1 милион), Мексико (798.000), Бразил (792.000), Индонезија (736.000) и Пакистан (664.000).„Дополнителните истражувања ќе ни помогнат да откриеме колку смртни случаи биле директно предизвикани од коронавирусот, а колку индиректно предизвикани од пандемијата“, рече водачот на студијата Хаидонг Ванг од Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.Научниците предвидуваат дека прекумерната смртност поврзана со пандемијата ќе се намали во иднина, благодарение на вакцините и новите третмани, но предупредуваат дека пандемијата сè уште не е завршена и дека може да се појават нови, опасни варијанти на коронавирусот.

пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Спречено поскапување на храната со мерките за ДДВ на 0%, замрзнатите маржи и забрани за извоз, вели СДСМ

Еден од врвните приоритети на СДСМ во време на глобалната криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.„Новиот пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра спречи поскапување на храната.Со намалување на маржите во комбинација со мерката за намалување на ДДВ на основните прехранбени производи на 0 отсто, цените на основните прехранбени производи остануваат стабилни.Со овие мерки се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.Превентивно е забранет и извозот на одредени производи како пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, за да не дојде до поголеми нарушувања на пазарот.Со навремени мерки ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна.СДСМ останува посветена на реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економска стабилност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

14032022_PVRSM_Kovacevski_pres-konferencija_1

6.7% инфлација и намалена економска активност, со Ковачевски државата е во стагфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ

6.7% инфлација и намалена економска активност, со Ковачевски државата е во стагфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ„Во јануари стапката на инфлација изнесува 6.7%.Во изминативе година и половина цените на горивата се зголемени за скоро 100%. Додека цените на основните намирници како брашно, зејтин, леб итн. и до 70%.И додека цените растат, платите и пензиите не се зголемуваат.Ковачевски и СДСМ одбија да се зголемат пензиите за 20% веднаш, и наместо тоа предлагаат покачување од 5.5% од септември.Ковачевски е против зголемување на платите во јавниот сектор, а нема никаква помош нити за стопанството.Наместо 50% намалување на акцизата за горивата, владата ја намалува за само 30%.Нема мерка, проект или политика на владата која вродува со плод, затоа што сите мерки се задоцнети, а инфлацијата ги јаде платите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-3118

Ќе ги симнеме ли маските, Комисијата за заразни болести го кажа ставот

Министерот за здравство Беким Сали очекува во текот на неделава да преминеме во зелена фаза во однос на ризикот од ширење на коронавирусот, но се уште смета дека не е време за симнување на маските. Тој денес извести дека Министерството, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести се едногласни во ставот дека не треба да се избрзува со укинување на мерката за носење маска.„Јас повеќе од вас сакам да бидам првиот што ќе најави - од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен за таа изјава меѓутоа состојбата се уште не е толку позитивна за ние да можеме да кажеме од денес сме слободни. На една страна се желбите, на друга страна се реалните бројки кои што ги добиваме“, одговори министерот Сали

пред 3 години

IMG_0085

Регулаторна донесе одлука за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 14.03.2022 година, одржа седница на која донесе Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со која одлучи малопродажните цени на нафтените деривати да не се променуваат, односно да останат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.03.2022 година.Согласно денешната Одлука, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 88,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 60,914 ден/кг.

Македонија | пред 3 години

borel-2

Ниту Жозеп Борел не може да гарантира дека Македонија ќе преговара за влез во ЕУ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој престојува во посета на земјата порача дека е потребен почеток на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија, но не може да вети датум.„Мојот став е дека треба да почнеме што поскоро со формални разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека тоа ќе се случи на идната конференција“, порача Борел додавајќи дека не може да вети датум, но може да ви вети волја. Таму каде што има волја, рече Борел, има и начин.Борел го поздрави новиот импулс меѓу Македонија и Бугарија за решавање на спорот, повторувајќи ја пораката дека проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања, дури и ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања.Ја пофали и позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот спор.„Тоа што се усогласивте со рестриктивните мерки, јасно ја покажува вашата посветеност кон вредностите на ЕУ и ве става на патот кон Европа не само како кандидатка за членство, туку и како одговорен член на меѓународната заедница“, изјави Борел.Според него, ова е момент за будење на Европа. Рече дека војната на Путин не се однесува само на Украина, туку дека се работи за непочитување на меѓународното право и принципите, како и за стабилноста и безбедноста на Европа.

Македонија | пред 3 години

273954690_647969942956658_9051804980654957228_n

Русковска тврди дека ги разоткри криминалите на Рашковски, а тој и порача: Ме инспириравте

Вилма Русковска, шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го гони ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други обвинети, дека ја оштетиле државната каса. Таа тврди дека Рашковски набавил софтвери кои не биле потребни и не се употребиле, како и камери и пултови кои не се ниту во Владата. Од друга страна, склучувал договори со хонорарци кои не работеле, а дел од нивните примања кои ги давала Владата, ги земал за него во кеш. Според Русковска, со сите пари кои Рашковски ги земал, а биле нелегални си купувал предмети, исплаќал кредит.„Секој граѓанин е должен да обезбедува дел од својот приход, а народот очекува рационално да ги троши нивните пари. Ќе го увериме судот дека Драги Рашковски како генерален секретар на Владата нерационално, неекономично и непродуктивно ги трошел народните пари за набавка, кабини, софтвери, камери, кои не се користат и три години по нивното набавување. Некои од нив не се наоѓаат ниту во Владата. Ќе докажеме дека Рашковски ја злоупотребувал функцијата за свои цели. Тој стекнал имот и предмети без да троши пари од својата трансакциска сметка. Обвинетиот Рашковски враќал предвремено кредити, купувал имот од наводни позајмувања, но Обвинителството ќе докаже дека тоа се наводни позајмувања, а не легални“, рече Русковска.Рашковски се негираше.„Обвинителката ме инспирира со теориите, па да кажам и јас со теории. Теоријата на случај што Обвинителството ја кажа дека нема потреба за набавка – многу е опасна. Оној што треба да утврди дали нештото е законски или незаконски наспроти тоа постоењето рационално трошење на средствата, е Собранието, кое на крајот ја усвојува завршната сметка. Во завршната сметка, помеѓу другите работи на Генералниот секретаријат, ги имате и овие набавки што се предмет на денешното рочиште. Во таква ситуација ќе ви стане јасно зошто ние бевме држени во притвор – многу е тешко да најдете црна мачка во темна просторија, а уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Ние бевме држени во црнина бидејќи полесно е да се убедат судот и јавноста дека криминалот постои и дека е извршен, а ние заедно со Даниел бевме чувани за да не… А ние ќе докажеме дека црна мачка не постои. Барам од судот за секое судење да имаме пристап до телевизор или проектор, да имаме табла за да пишуваме и би сакал од вас една дозвола, бидејќи студентите тоа ќе го бараат, при изведување на доказите да дозволите присуство на студенти на судење бидејќи тоа го предавам и на факултет“, кажа Рашковски.

Македонија | пред 3 години

Foto-1

Пендаровски – Борел: Северна Македонија е докажан партнер, а новата геополитичка реалност укажува на потребата од интегрирање на регионот во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој со средбата со претседателот ја отпочна посетата на Северна Македонија.Претседателот Пендаровски ја оцени посетата на Високиот претставник Борел на Северна Македонија и на регионот како потврда за посветеноста и поддршката на ЕУ за Западниот Балкан, особено во светло на новата геополитичка реалност во Европа.Претседателот Пендаровски подвлече дека отпочнувањето на пристапни преговори за земјава е тест за кредибилитетот на Европската Унија. Со новите геополитички динамики, ние не зборуваме за забрзување на нашиот процес, имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија имаат одлука за започнување на пристапните преговори од Советот на Унијата уште од март 2020 година. Тој повика на брза реализација на стратешките одлуки во однос на политиката на проширување. Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски, се докажа како кредибилен партнер на Европската Унија и нејзината натамошна блокада за отворање на пристапните преговори, заедно со Албанија, е неодржлива.Дискутирајќи за руската воена инвазија на Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на европскиот континент како целина, соговорниците ја реафирмираа потребата од итно стопирање на руските воени дејствија во Украина, враќање на поредокот на меѓународното право и што е можно поскоро целисходно зацелување од девастирачкиот напад врз Украина.Високиот претставник ја поздрави одлуката на земјава за приклучување кон санкциите на ЕУ за Русија, со што Северна Македонија целосно се придружува кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и пакетот санкции на Унијата, вклучително и пакетот мерки од 2014-та година.На средбата се разговараше и за заклучоците од неодамнешниот Самит на лидерите на ЕУ во Версај, со акцент на процесот на евроинтегрирање со земјите од регионот, за што главниот збор го имаат земјите членки.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Во текот на викендот се опожарени 8 контејнери за одлагање на комунален отпад

Во текот на изминатиот викенд беа опожарени осум садови за одлагање на комунален отпад поставени на јавните површини во Скопје. Од непознати сторители се запалени три контејнери со зафатнина 3,2м3 кои се наоѓаат на бул.Крсте Мисирков во близина на Бит пазар, а покрај опожарените контејнери кај Бит пазар, целосно изгореа и четири контејнери, додека еден е изгорен и во Дебар Маало.„Со ваквото несовесно постапување од страна на граѓаните се загрозува животната средина, но исто така се причинува и голема значителна финансиска штета на ЈП Комунална Хигиена. Апелираме на совесно одлагање на отпадот и искоренување на лошите навики за намерно опожарување на садовите за одлагање комунален отпад.Опожарените контејнери се заменети со нови, се со цел зачувување на животната средина и одржување на јавната хигиена на високо ниво“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

DSC_0356

(Видео) Од 185 казнети возачи во Скопје, 81 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81 санкција, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила..Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

w_56089451

Научниците го потврдија постоењето на нова варијанта на корона

Научниците го потврдија постоењето на нова варијанта на коронавирусот што комбинира мутации од омикрон и делта, а случаи на новооткриената варијанта се забележани и во Европа и во САД.Новата хибридна варијанта, неофицијално наречена делтакрон, е потврдена со секвенционирање на геномот од страна на научниците од Медитеранскиот универзитет за инфекции во Марсеј, Франција и е откриена во неколку региони на Франција, се вели во написот објавен во базата на податоци medRxiv.Делтакрон формиран со рекомбинацијаСпоред меѓународната база на податоци GISAID, случаи на делтакрон се откриени во Данска и Холандија. Во посебна студија, фирмата за генетско истражување Хеликс со седиште во Калифорнија идентификувала два случаи на делтакрон во САД, а според Гардијан, околу 30 случаи се идентификувани во Обединетото Кралство.Новата хибридна варијанта е создадена со процес наречен рекомбинација, што значи дека две варијанти на вирусот заразиле ист пациент во исто време, разменувајќи генетски материјал за да создадат ново потомство. Научниците велат дека „јадрото“ на делтакронот доаѓа од делта варијантата, додека неговиот шилест протеин - кој му овозможува на вирусот да влезе во клетките домаќини - доаѓа од омикронот, според документот medRxiv.„Откривме дека рекомбинацијата може да се случи и кај луѓето и кај животните со повеќе циркулирачки варијанти на САРС-КоВ-2“, твитна д-р Соумја Сваминатан, главен научник на Светската здравствена организација (СЗО). Тој посочи дека „сега треба да почекаме да се направат прецизни експерименти кои ќе ги утврдат својствата на овој вирус“. Се верува дека нова варијанта на коронавирусот циркулира низ светот од јануари, според GISAID.„Очекуваме други рекомбинации“Марија Фон Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19, рече дека научниците досега не забележале никакви промени кога станува збор за сериозноста на болеста во споредба со претходните варијанти на коронавирус, но дека во тек се бројни научни студии.„За жал, очекуваме други рекомбинации бидејќи вирусите се однесуваат вака. Тие се менуваат со текот на времето. Видовме многу интензивно ниво на циркулација на SARS-CoV-2. Исто така, забележавме дека овој вирус може да зарази животни, а потоа животните го враќаат вирусот на луѓе“, рече Керхове.Научниците се согласуваат дека варијантата што комбинира мутации во две варијанти на коронавирусот е „една од оние на кои треба да се внимава“.

пред 3 години

275617093_454127579802329_825047755514626700_n

(ФОТО) Возачите нервозни, огромна колона на Табановце

Стотици автомобили во километарска колона чекаат за влез во Македонија на граничниот премин „Табановце“.Возачите се нервозни бидејќи задржувањето е само на македонската страна од границата со Србија. Дел од нив чекаат и по 40 минути.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

klinika-brza-pomos

Девет починати и 198 нови случаи со корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 1.996 тестови, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 120, Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1.Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција.Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Куманово – 9, Битола – 4, Кичево и Ресен – по 3, Кратово – 2, Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.Направени се 1.996 тестови преку: ИЈЗ-180, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–76, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-67, Биотек-57, Систина-28, лабораторија Лаор-109, Синлаб-3, Ремедика-1, Плодност-24, Генеа-7, Никоб Лаб-172, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 881.Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 140854, Активни 1094Куманово 16391, Активни 90Битола 14458, Активни 135Прилеп 13776, Активни 148Тетово 13378, Активни 57Кавадарци 10266, Активни 86Велес 9592, Активни 101Гостивар 9485, Активни 30Охрид 8582, Активни 50Струмица 7939, Активни 24Штип 7935, Активни 22Кичево 5490, Активни 46Кочани 5001, Активни 22Струга 4664, Активни 10Гевгелија 4299, Активни 21Неготино 3631, Активни 15Ресен 2637, Активни 32Свети Николе 2607, Активни 4Радовиш 2490, Активни 13Крива Паланка 2393, Активни 15Делчево 1901, Активни 1Дебар 1658, Активни 13Берово 1631, Активни 3Валандово 1463, Активни 5Виница 1363, Активни 15Пробиштип 1258, Активни 2Богданци 1010, Активни 7Кратово 948, Активни 11Крушево 912, Активни 5Демир Хисар 823, Активни 7Македонски Брод 732, Активни 2Демир Капија 582, Активни 3Македонска Каменица 521, Активни 2Пехчево 482, Активни 0Дојран 339, Активни 0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања