ТОП

IMG_0038

Короната се шири, нови 1635 случаи и девет починати има во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци – 44,Велес – 41, Струмица - 39, Гостивар и Охрид – по 38, Тетово – 37, Радовиш – 28, Штип – 27, Струга – 25, Гевгелија – 23, Кочани – 21, Неготино – 20, Ресен – 17, Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11, Свети Николе и Делчево – по 9, Берово – 7, Македонска Каменица – 6, Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево – по 3 и Дебар – 2. Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции.Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од: Скопје – 794, Битола – 114, Прилеп – 85, Куманово – 38, Штип – 31, Охрид – 28, Гевгелија – 27, Кавадарци – 20, Кичево – 19, Гостивар – 16, Велес – 15, Кочани – 13, Тетово – 11, Делчево – 10, Ресен – 9, Свети Николе, Радовиш, Богданци и Крушево – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Неготино и Берово – по 3, Дебар, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 починати лица од Битола (62г и 69г) и едно починато лице од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Направени се 7.564 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово-144, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–169, Жан Митрев (Филип Втори)-138, Авицена-403, Биотек-326, Систина-150, лабораторија Лаор-445, Синлаб-116, Ремедика-30, Плодност-111, Генеа-24, Никоб Лаб-995, ВФВ Медикал-119, Ели Медика-35, Ројал Медика–79, Спектра-ММ-35, Рапид Лаб–46, Жан Митрев Струмица–54, Нова Лаб Дијагностика–74, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.371.Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 109149, Активни 8336Куманово 13747, Активни 529Прилеп 11842, Активни 872Тетово 11690, Активни 232Битола 10978, Активни1415Гостивар 8317, Активни 204Кавадарци 7949, Активни 423Велес 7849, Активни 295Охрид 7381, Активни 543Штип 7078, Активни 255Струмица 6622, Активни 306Кичево 4584, Активни 229Кочани 4297, Активни 160Струга 4104, Активни 152Гевгелија 3245, Активни 245Неготино 2817, Активни 150Свети Николе 2236, Активни 70Крива Паланка 2061, Активни 92Ресен 2066, Активни 159Радовиш 2006, Активни 173Делчево 1574, Активни 85Берово 1535, Активни 49Дебар 1476, Активни 15Виница 1214, Активни 33Пробиштип 1203, Активни 49Валандово 1193, Активни 144Кратово 811, Активни 21Богданци 754, Активни 56Крушево 752, Активни 136Демир Хисар 695, Активни 47Македонски Брод 584, Активни 35Демир Капија 454, Активни 18Македонска Каменица 452, Активни 23Пехчево 379, Активни 17Дојран 190, Активни 8

пред 4 години

sobranie-1

До полноќ пратениците ќе се „препукуваат“ за новата Влада

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на дневен ред е избор на нова Влада. Мандатарот Димитар Ковачевски вчера ја претстави програмата и идниот владин кабинет кој ќе брои 21 министер. СДСМ и коалицијата ќе имаат 12 министри, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Расправата треба да заврши до полноќ кога треба да се гласа за избор на нова влада.Ковачевски вчера најави дека сака за сите прашања да има дијалог со опозицијата, со интелектуалците и воопшто со јавноста, рече дека пред се, ќе се посвети на раст на економијата, а во поглед на преговорите со Бугарија нагласи дека не нема да се преговара за македонскиот идентитет и јазик.Фокусот како што рече Ковачевски, ќе биде одржлив раст на економијата.Тој нагласи дека не е време за нови избори зашто, бидејќи народот е уморен од изборните циклуси и бара да се работи.Од страна на пратениците од опозициските редови, претежно од ВМРО-ДПМНЕ, беше повторен ставот дека на земјата ѝ се потребни предвремени избори со цел, земјата да може да добие стабилна и легитимна влада.Пратениците од опозицијата сметаат дека Владата на Ковачевски, доколку биде избрана, го нема легитимитетот на народот бидејќи СДСМ загуби на локалните избори, додека легитимитетот на Ковачевски не извира од изборен процес.Пратениците од власта пак сметаат дека новата влада ќе го задржи позитивниот курс на претходната Влада.

Македонија | пред 4 години

zlate-mehmedovikj

Д-р Мехмедовиќ: Ако луѓето намерно се заразуваат со омикрон, ќе предизвикаат домино ефект

Доктор Злате Мехмедовиќ во изјава за Фокус вели дека никој не може со сигурност да каже дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.-Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за „Фокус“.Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат ковид 19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.-Таквата девијантна логика е налик на логиката со која родителите намерно ги изложуваат своите деца во средина каде има сипаници за да создадат имунитет, што е апсолутно погрешно. Кажавме дека омикрон е неверојатно високо пренослив и многу луѓе, прележани, вакцинирани и невакцинирани ќе се заразат за време на овој бран, додава доктор Мехмедовиќ.Доктор Мехмедовиќ останува на ставот дека ако луѓето намерно се заразуваат очекувајќи дека омикрон варијантата е полесна, потенцијално ќе предизвикуваат синџир на пренос (домино ефект) и ќе го преплават веќе преоптоварениот здравствен систем.

Македонија | пред 4 години

Zemjotres34

Албански земјотрес ја потресе и Македонија

Зсемјотрес вечерва беше почувувствуван во Македонија.Според првичните информации епицентарот на земјотресот е во Албанија на 56 километри од Призрен.Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според рихтер, на длабочина од 2 километри

Македонија | пред 4 години

bektesi

Не само утре, туку до крај на грејната сезона ќе има парно, тврди Бектеши, а ЕСМ ќе управува со БЕГ

Крешник Бектеши, министерот за економија тврди дека преку уредба на Владата, скопјани ќе имаат и во идните денови топлинска енергија. Тоа значи дека Владата ќе помогне. БЕГ го прифатиле апелот од РКЕ и Владата за да продолжат со непречена испорака на топлинска енергија, па нема да и се одземат лиценците. Според Марко Беслимовски, БЕГ ветиле и подобрување. Државата, преку ЕСМ, ќе влезе во управувањето со БЕГ за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има топлинска енергија.„Не само утре, туку до крајот на грејната сезона ќе има парно“, рече Бектеши.Беслимовски е лут на експертите, кои реагираа дека може да се очекува големо покачување на парното поради покачувањето на цената на гасот.„Во изминатиот период имаше најризични очекувања и најави дека ќе се случи апокалипса со топлинската енергија. Кризата со која се соочува со Европа ќе заврши со едноставно поскапување од 14 проценти. Во наредниот период ќе има одлука со која ќе се определи реална цена на топлинската цена, а разликата со постоечката цена, ќе се надокнади од Владата“, рече Беслимовски.

Македонија | пред 4 години

klinika-brza-pomos

Бебе почина од коронавирус во Скопје

ИЈЗ денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално.

пред 4 години

w_56674011

13 починати од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47,Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево - 1 .Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од: Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка - по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2, Демир Капија и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 108346, Активни 8333Куманово 13670, Активни 490Прилеп 11723, Активни 839Тетово 11653, Активни 206Битола 10870, Активни 1423Гостивар 8280, Активни 183Кавадарци 7913, Активни 407Велес 7809, Активни 270Охрид 7345, Активни 535Штип 7051, Активни 259Струмица 6583, Активни 267Кичево 4538, Активни 202Кочани 4276, Активни 152Струга 4079, Активни 131Гевгелија 3222, Активни 249Неготино 2797, Активни 133Свети Николе 2227, Активни 66Крива Паланка 2050, Активни 81Ресен 2049, Активни 151Радовиш 1979, Активни 151Делчево 1565, Активни 86Берово 1528, Активни 45Дебар 1474, Активни 15Виница 1210, Активни 31Пробиштип 1199, Активни 49Валандово 1182, Активни 133Кратово 808, Активни 19Богданци 749, Активни 56Крушево 741, Активни 130Демир Хисар 693, Активни 46Македонски Брод 579, Активни 32Демир Капија 451, Активни 15Македонска Каменица 446, Активни 18Пехчево 376, Активни 16Дојран 190, Активни 9

Македонија | пред 4 години

els_0751

За пакетчиња потрошени 72.000 евра, најмногу пари дал Град Скопје

За купување новогодишни пакетчиња се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност соопшти Центарот за граѓански комуникации.Според центарот, најмногу пакетчиња, 3.274, купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена, а потоа е Општина Прилеп со 3.030 пакетчиња. „Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче.Вкупно најмногу пари за пакетчиња, пак, потрошил Град Скопје – 10.000 евра. Просечната цена која институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари“, покажуваат резултатите од истражувањето.

Скопје | пред 4 години

image-153604

Магдалена Ризова-Черних разрешена од Театар Комедија, тврди дека имало притисоци и мобинг

Актерката Магдалена Ризова-Черних беше в.д. директорка на Театар Комедија, а т аа денес објави дека е разрешена од функцијата поради непознати причини.„Причината за моето разрешување не ми е позната, бидејќи од вчера сум на боледување заради мојата влошена здравствена состојба. Меѓудругото имав огромни притисоци од страна на министерката Стефоска да си дадам оставка која незнам од која причина го правеше тоа. Истото го правеше и претседателката на управен одбор Весна Гиновска Илкова. Мобинг и изнесување на тотални лаги. Кога е во прашање изнесување на вистината,вистината е следна.Потписи и манипулации и не вистини. 79 вработени во инстиуцијата Театар Комедија, а петиција од 30 и нешто, кој јас уредно ги повикав на состанок. Ги исполнив барањата да уметнички раководител биде Дарко Спасов,за кој уредно издадов задолжение за да ја извршува должноста и испратив барање до министерството за одобрување на финасиски средства за тоа работно место. Одговор на барањето сеуште нема, а истиот се повлече од должноста на крај од годината. На средбата со министерката бев изложена на притисок да решам проблем кој така лесно не се решава. За да работиш месец дена и да решиш проблем кој е од човекова природа не е лесно. Рокови три,четири дена... Не дозволи да си го реализирам мојот план за работа и начин. Никогаш ова не се случувало од еден министер.Следно, после распишаниот оглас за директор, не се изврши избор на директор и јас ги искористив правните основи за тужба како секој кој го има уставното право. Атакот врз мене продолжи со итни седници на управен одбор за мое разрешување, без причина наведена. Тоа што се наведува од дел од колективот е причина според писмата потпишани од пола од вработените дека не сум била за директор, зошто сум била уметнички раководител во време кога бил предходниот разрешен директор, за кој стигнал допис до театар во месец Јули и не бил покажан никаде дека нема злоупотреба на службена должност. Истиот беше изваден на огласна табла. За моето работење постојат извештаи како уметнички раководител во архивите на институцијата. Сомнежот им бил дека јас ќе го вратам Ристовски,кој со изјава сам кажа дека не сака да се врати воопшто и ниту имам намера да го вратам.Овој однос кон мојот кредибилитет, моето 26 годишно работно искуство во театарската област и кон мене лично ве уверувам дека ќе го разрешам после подобрување на мојата здравствена состојба, бидејќи јас сум на боледување од вчера. Меѓу другото сакам да истакнам, дека притисоците и врз мојот приватен живот беа преголеми.Одлуката ќе ја почитувам,бидејќи редот е така.Доколку сакате изнесување на докази, тоа ќе го направам прво до новата министерка која се надевам дека уште веднаш ќе го обелодени случајот. Се има ред и ќе има ред“, вели таа.

Македонија | пред 4 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Мијалков пак фатил корона, па не се појави на судење

Ексдиректорот на УБК, Сашо Милајков по излегувањето од затворот „Скопје“ во Шутка, фатил коронавирус. Ова е вторпат како тој се изјаснува дека е позитивен, што денеска беше причина да се одложи рочиштето за „Плацови на Водно“. Дека е заразен, до судијата Илија Трпков била доставена и медицинска документација. Според неа, ако Мијалков има симптоми, нема да може да оди на судења во следните 20 дена, а ако не, од изолација ќе излезе за десет дена. Инаку, Мијалков беше позитивен на вирусот и во 2020 година, поради што се одложуваа судењата за „Таргет-тврдина“, каде доби 12 годишна затворска казна.Заразени со вирусот се и адвокати кои ги застапуваат обвинетите во „Плацови на Водно“. Но тие не се пречка за одржување на рочиштата, бидејќи сите имаат по најмалку двајца бранители кои ги бранат пред судот.На рочиштето се појави бизнисменот Орце Камчев заедно со неговата мајка Ратка, кои по одложување на рочиштето, ја напуштија судската зграда.Инаку, обвинетите Мијалков и Камчев излегоа од притвор откако приложија гаранција од скоро 11 милиони евра, во имот и готовински средства. Тие сега се бранат од слобода. Во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта.Според обвинението, Груевски, во периодот од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од парите што биле давани како донации за финансирање на партијата не ги прикажал како примени донации, туку ги присвоил за себе. Станува збор за 1,3 милиони евра.Во средината на 2012, според обвинението, тој дознава дека физички лица кои се иселени од државата преку посредници продаваат земјиште од околу 11.000 квадратни метри на Водно и бара од Мијалков да му помогне да го купи ова земјиште, ама да се прикрие изворот на парите. Мијалков стапува во контакт со обвинетиот Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе, и се договорил оваа фирма да биде основач на домашна фирма која ќе биде употребена за да се купи земјиштето. На домашната фирма управител станува Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.Откако била постигната согласност за купопродажната цена, според обвинението, во повеќе наврати на девизната сметка на скопската фирма, преку сметката на фирмата од Белизе парите се пуштаат во оптек, а Новачевски во својство на управител на фирмата со сопствениците на земјиштето потпишува договор за купопродажба за купување на шума со површина од 11.255 квадратни метри и за тоа плаќа 1,2 милиони евра.Во 2015 година се менува ГУП на Град Скопје- овие парцели се пренаменуваат во градежни, а и уделот на фирмата од Белизе се пренесува на име на Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а плацовите се делат на три дела.Освен ова, Груевски, според обвинението, како службено лице со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој ги надминува неговите приходи пријавени во анкетниот лист, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Новачевски. Па така, тој во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 и од 57 квадратни метри, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 квадратни метри и две градежни парцели во Крушево.Притвор беше определен и за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство од земјава и е азилант во Будимпшета. Мерки на претпазливост им беа определени и на обвинетите Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.

Македонија | пред 4 години

akcija-mvr-policija-policajci-specijalna-2

Спроведена полициска акција: Двајца скопјани со ножеви се обиделе да ограбат бензиска пумпа

Денеска (14.01.2022) во 05.20 часот со заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на с.Катланово се лишени од слобода М.М.(22) и К.Р.(25), двајцата од Скопје. Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат с.Ржаничино - с.Катланово со закана со нож од вработените одзеле чанта со дневен промет. Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 години

lekovi

Има препорака за два нови лекови против омикрон

Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји. Брзо го заменува делта-сојот како доминантна варијанта.Од панелот на Светската здравствена организација (СЗО) е препорачана употреба на два нови лекови, на фармацевтската компанија „Eli Lilly“, „GlaxoSmithKline“ и „Vir Biotechnology“, како нови опции за лекување на пациентите со Ковид-19 бидејќи сојот омикрон брзо се шири.Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон брзо го заменува делта-сојот принудувајќи ги владите и научниците да ја зајакнат одбраната преку тестирање, инјекции и терапии.Комисијата го препорача „Lilly’s baricitinib“, продаден под брендот „Olumiant“, за пациенти со тешка слика на Ковид-19 во комбинација со кортикостероиди, додека условно ја поддржува терапијата со антитела „GSK-Vir“ за пациенти со поблага клиничка слика.Досега, терапијата со моноклонални антитела „GSK-Vir“ беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од „Eli Lilly“ и „Regeneron Pharmaceuticals“ понудија помала заштита при ваквите тестирања.Експертите на СЗО забележаа дека ефективноста на третманот со моноклонални антитела – лабораториски произведени соединенија кои ја имитираат природната одбрана на телото – против новите соеви како што е омикрон сè уште е неизвесна, и рекоа дека упатствата за оваа класа лекови ќе бидат ажурирани кога ќе има дополнителни податоци.

пред 4 години

parno-1

Три месеца унапред се кажува дека нема ресурси, а не 48 часа пред банкрот, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев упати критика до БЕГ.„БЕГ, од шо биле "општествено одговорна компанија", кажуваат дека имаат ресурси за уште два дена греење на Скопје!?А бе, мамлази. Па тоа се кажуе три месеца унапред, а не 48 часа пред банкрот.Морееее, НАЦИОНАЛИЗИРАЈ све тоа еднаш-засекогаш и никад више приватен капитал да не припари у енергетски сектор!#ПорноПарно“, пишува Апасиев.

Коментари | пред 4 години

Bislimovski

Бислимоски: БЕГ да не очекува друг да им го реши проблемот за во мај да се вратат како принцеви на бели коњи

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.„Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисиjа е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе“, вели Бислимоски за САКАМДАКАЖАМ.МК. Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 4 години

policija-3

Поранешна полицајка пронајдена мртва во домот

Поранешна полицајка е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Безживотното тело го нашле членови на нејзиното семејство, дознава. Засега, причините за смртта не се познати. Од МВР велат дека увидот и натаму трае.„Добиена е информација за пронајдено безживотно тело во стан во Охрид. Се уште трае увидот на местото на настанот“, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.Телото ќе биде даде на обдукција.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања