ТОП

Zemjotres34

Земјотрес почувствуван во Македонија

Тлото во Грција не се смирува, попладнево беше почувстуван нов силен земјотрес.Земјотресот е со јачина од 4,3 степени според рихтер, а на длабочина од 2 километри.Епицентарот на земјотресот е на 8 километри од Лерин и покрај во Грција, истиот беше почувствуван и во Македонија.Пред само два дена во овој дел од Грција имаше силен земјотрес со јачина од степени според рихтер.

Македонија | пред 4 години

BeFunky-collage-11

ФОТО: Грчкиот земјотрес направи огpoмни штети во Битола, во еден од најубавите манастири

Силниот земjoтpec пред два дена направи големи штети во Битола. За жал тешко погоден е и еден од највредните и еден од поголемите манастири во битолскиот регион.Се работи за манастирот Св. Ѓорѓи, кој се наоѓа на 12 километри од Битола над селото Велушина. Земjoтpecoт во неделата направил значителни оштетувања во внатрешноста на манастирот, но и распукувања на камбанаријата и ѕидовите од конаците.

Македонија | пред 4 години

268712274_465525018503888_3565816278959702613_n

Земјотрес на 10 километри од Скопје

Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово околу 8 часот се осети во Скопје. Според првичните информации, неговиот епицентар е на 12 километри од Скопје, односно во Приштина, Косово.Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. https://skopje1.mk/archives/157692

Скопје | пред 4 години

C7FA5110-76AE-4D35-BEB6-E9A8DBE1AF80_w800_h450

Разрешен Владо Бучковски

Владо Бучковски кој беше поставен за специјален претставник на Македонија за Бугарија е разрешен од својата функција, потврди портпаролот на Владата.Бучковски е разрешен во пресрет на изборот на нова Влада предводена од новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

IMG_0076

1.964 нови случаи на КОВИД-19 и 13 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 1070, Битола – 226, Прилеп – 122, Куманово – 52, Охрид – 51, Валандово – 44, Радовиш – 35, Велес – 32, Гевгелија – 31, Кавадарци – 29, Тетово и Кочани по – 22, Гостивар и Крушево по – 21, Струга и Струмица по – 20, Кичево и Крива Паланка по – 17, Ресен и Богданци по – 13, Штип, Неготино и Делчево по – 12, Свети Николе – 10, Кратово – 9, Демир Хисар – 8, Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4, Дебар, Виница и Македонска Каменица по - 2, Демир Капија – 1.Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 87г), 2 починати лица од Прилеп (74г и 86г) и по едно починато лице од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.Направени се 7.724 тестови преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-117, ЦЈЗ Битола-121, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-192, Авицена-409, Биотек-511, Систина-147, лабораторија Лаор-314, Синлаб-78, Ремедика-31, Плодност-146, Генеа-36, Никоб Лаб-755, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-136, Ројал Медика–46, Спектра-ММ-50, Рапид Лаб–47, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-51, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.642.Досега во земјата се направени вкупно 1.672.767 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 105740, Активни 7278Куманово 13440, Активни 311Тетово 11557, Активни 135Прилеп 11414, Активни 655Битола 10343, Активни 1101Гостивар 8210, Активни 128Кавадарци 7757, Активни 345Велес 7685, Активни 191Охрид 7179, Активни 443Штип 6937, Активни 188Струмица 6483, Активни 212Кичево 4435, Активни 115Кочани 4211, Активни 107Струга 4025, Активни 92Гевгелија 3133, Активни 196Неготино 2723, Активни 80Свети Николе 2189, Активни 36Крива Паланка 2022, Активни 65Ресен 1985, Активни 108Радовиш 1899, Активни 94Делчево 1521, Активни 55Берово 1499, Активни 19Дебар 1469, Активни 11Виница 1200, Активни 21Пробиштип 1177, Активни 35Валандово 1130, Активни 93Кратово 806, Активни 17Богданци 725, Активни 42Демир Хисар 673, Активни 32Крушево 674, Активни 70Македонски Брод 568, Активни 25Демир Капија 441, Активни 8Македонска Каменица 435, Активни 7Пехчево 370, Активни 11Дојран 186, Активни 7

пред 4 години

IMG_4387

Неизвесен е почетокот на второто полугодие

Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука.

Македонија | пред 4 години

nenad-lazarov4

Доктори гневни откако добиле казни од ФЗО: Срам да ви е глувци канцелариски!

Матични доктори добиле парични казни од Фондот за здравствено осигурување бидејќи издале рецепти на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од шест месеци. Докторот Ненад Лазаров на социјалните мрежи, одговорните лица од ФЗО ги нарече „глувци канцелариски“.„На цела мака, ФЗО празнично не испореди со парични казни дури и ретроградно и за 2019 година, за лекови издадени на пациенти кои имале извештај од специјалист постар од 6 месеци и слични небулози и баналии. Истите треба да се платат во рок од 15 дена иако ФЗО ни должи пари за Ноември! Никаква помош цела криза, ова ги прелева чашите, меѓу другото и затоа ќе гледате како затвораме ординации во наредниот период! Срам да ви е глувци канцелариски, уште не повикувате на телефон да дојдеме да си потпишеме "капитулација" т.н. договорна казна, зошто ви е страв од канцеларија да искочите“, вели Лазаров.

Коментари | пред 4 години

DSC_0058

Наместо во изолација, лица со симптоми на корона одат на работа по ресторани

Докторот Ненад Лазаров посочува дека пациенти кои прават брзи тестови поради симптоми на коронавирус, не се изолираат од околината, туку одат по ресторани и на работа. Тој смета дека состојбата не е нормална.„Во моментов имам ист или поголем број на ковид пациенти без пцр отколку такви кои имаат, повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација! Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!“, вели Ненад Лазаров.Инаку, лицата кои прават брзи тестови и се позитивни на коронавирус, немаат законска обврска да бидат изолирани, ниту добиваат решение за изолација. Па така, тие и натаму можат да ги напуштаат нивните домови.

пред 4 години

MickoskiDW

Мицкоски: Во новата влада се истите лица чии политики беа поразени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Дојче Веле, за предлог составот на Владата вели дека во неа се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени на последните локални избори, но и ликови кои што воопшто не се впечатливи додавајќи дека на овие позиции се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници.„Сега во оваа влада се наоѓаат истите ликови чии политики беа поразени. Го имате Љупчо Николовски кој беше задолжен за антикорупција во времето кога оваа влада на сите скали е на првото место по корупција. Повторно министер е Маричиќ, кој е познат по неправдите и хаосот во правосудството и монтираните случаи кои завршуваат со неспроведување на правдата. Во владата продолжува да биде министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој е главниот бранител на мафијата и во чие време се случија најголемите скандали поврзани со разни шверцови, пасоши, нерасветлени убиства и слично. Министер е и Битиќи, кој ќе остане запаметен по фијаското во економијата, инфлацијата, високите цени во маркетите, а ниските плати, изјави Мицкоски.Од друга страна, имате и невпечатливи министри, чии портфолија кажуваат дека таму се дојдени како чувари на заевизмот и слепи послушници. Министер е и професорот Тупанчески, кој би било добро да го чуеме што мисли како добар правник за главното барање на Алтернатива кое е дел од договорот со СДСМ – за реотворање на случаите „Монструм“ и другите правно утврдени случаи“, додаде претседателот Мицкоски.Мицкоски смета дека оваа влада ќе биде само континуитет на претходната влада на Заев без нова свежина и енергија, без план и стратегија, укажувајќи дека единствен излез од сегашната криза се нови предвремени парламентарни избори.„Ова е влада која е континуитет на таа на Заев, без нова свежина и енергија. Влада која ги има и истите ветувања како и Заев, без план и стратегија – како понатаму. Истите зборови и истите флоскули. Оваа е влада каде формално стои СДСМ, а реално е предводена од ДУИ, потпомогната со триото ЛДП, ДОМ и ДС, кои поради сопствениот комодитет поддржуваат влада на криминал. Затоа излезот е избори што побргу, сериозни реформи за излез од кризата, и борба за нова иднина“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

lugje-karpos-esen-korona

Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември. Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица. Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

пред 4 години

Screenshot-2022-01-10-at-22.30.32

Ковачевски за кадровскиот состав на Владата

Нашата цел да составиме стабилна Влада, со јасни принципи на делување во интерес на граѓаните и државата е исполнета. Задоволен сум како течеше целиот процес, во позитивна и конструктивна атмосфера, посветени на одговорноста за подобра иднина на сите наши граѓани. Денеска со одлуките на Централниот одбор на СДСМ се заокружи овој процес, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.„Пред да преминам на кадровскиот состав на Владата односно министрите од СДСМ, ќе акцентирам неколку клучни столбови, вградени и во владината програма, врз основа на коишто ќе се базира работата на новата Влада.Новата Влада предводена од СДСМ значи ефикасност во работењето, одговорност и посветеност во решавањето на сериозните предизвици кои се пред граѓаните.Примарен фокус во следните месеци ќе биде ставен на нашиот силен одговор на глобалната енергетска криза која се надоврза на веќе тешката економска состојба предизвикана од Ковид пандемијата.Свесен сум колку граѓаните и компаниите се финансиски исцрпени и новата Влада целата енергија ќе ја насочи кон обезбедување на соодветна финансиска поддршка, зајакување на економијата, отворање на нови работни места и заштита на постоечките.Веќе имаме подготвен план. Подговуваме сет на мерки кои ќе значат директната поддршка за граѓаните и стопанството, ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните но и помош за компаниите. Во буџетот веќе има резервирани 130 милиони евра, а правиме аналзизи за алокација или обезбедување на повеќе средства.Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани.Веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот.Граѓаните очекуваат ефикасност, ефективност и видливи резултати и јас, заедно со мојот тим на тоа се обврзуваме.Со посветена работа и вистински економски политики очекувам континуиран раст на вкупната економија од 4,6 отсто до 5,9 отсто годишно. Секако, ова примарно ќе биде условено и од глобалните кризи и економски текови, но со силен фокус на економијата и висока реализацијата на капиталните инвестиции верувам дека може да го постигнеме.Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании.Понатаму, ставаме фокус и на намалување на невработеноста, која до крајот на мандатот наша цел е конечно за првпат да биде едноцифрена. Со добрите економски политики и антикризни мерки веќе спасивме 60.000 работни места во пандемијата.Понатаму, ќе продолжиме со зголемувањето на платите и пензиите. Согласно анализите Просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата со цел обезбедување достоинствен живот за сите граѓани.Нема да има зголемување на даноците, граѓаните и компаниите бараат стабилност и предвидливост. Но, ќе воведеме поголема ефикасност и силна борба против сивата економија.Состојбата со ковид пандемијата внимателно ја следиме. Во координација со Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб заеднички ќе делуваме во заштита на здравјето на граѓаните. Вакцинацијата и натаму останува приоритет и истата треба дополнително да ја интензивираме.Најавувам градежна експанзија во делот на инфраструктурата.За 2,5 години финиширање на најкрупните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10, но и продолжување на реконструкција на магистралните и регионалните патишта.Целосно завршување на примарната и секундарна гасоводна мрежа во целата држава и поставување на условите за почетокот на користење за домаќинствата како и нови инвестиции во еколошки и обновливи извори на енергија.Имаме добри и успешни земјоделски политики кои се димензионирани да во вистинско време им се помогне на земјоделците, кога им е најпотребно. Силната поддршка на земјоделието ќе продолжи и во иднина.Како влада ќе бидеме посветени на бескромпромисна војна против криминалот и корпуцијата. Да нема недопирливи и секој да одговара.Нашиот концепт Едно општество за сите е веќе општо прифатен, тоа е наш успех но и нова вредност. Еднаквоста во општеството ќе продолжиме да ја градиме.Владата предводена од СДСМ ќе остане посветена на стратешките цели, евро-атланските интеграции и полноправно членство во ЕУ.Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед,„Врз база на европските вредности и принципи ќе продолжиме да разговараме и да бараме решение.Секако, врз основа на утрвдените државни позиции и Декларацијата усвоена во Собранието со поддршка од сите партии.Во однос на кадровските решенија во новата Влада, сметам дека се луѓе кои имаат професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството.Луѓе кои веруваат во еднаквоста и солидарноста, кои се борат за правата на ранливите, а правичноста е нивна карактерна особина.Станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација во своите ресори.За министри од редовите на СДСМ во новата влада кои ќе ги доставам до Собранието се:Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиерВицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.Министер за ватрешни работи, Оливер Спасовски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.Министер за правда, Никола Тупанчевски, познат професор на Правниот факултет.Министер за земјоделство, Љупчо Николовски, поранешен и јас би додал успешен министер во овој ресор.Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, Доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, актуелен министер, поранешен градоначалник, дипломиран архитект.Од сите нив очекувам максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното.Составот на новата Влада и владината програма утре ќе ги доставам до Собранието на Република Северна Македонија.Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните.Почитувани граѓани, поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме“, додаде тој.

Македонија | пред 4 години

bektesi

БЕГ не смее да го прекине греењето, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши денес во гостување на телевизија 24 изјави дека носителот на лиценцата не смее да го прекине греењето. Тој додава дека само под оправдани причини може да има прекин, односно при некоја интервенција на системот.„Мрежата не е на БЕГ туку на Град Скопје, БЕГ има договор за користење на мрежата. За тоа постои и судски спор како се издадени лиценците кон БЕГ. Ние во член 47 во Законот за енергетика сме превиделе непрекинато давање топлинска енергија. Носителот на лиценца не смее да прекине да ја исполнува обврската, или, не може да има прекин на греењето. Според закон може да има прекин само ако претходно се извести Регулаторната комисија, но само под оправдани причини, кога има реална причина, некоја интервенција на системот на пример. Но, генерално не може да има прекин. Ние ќе ги користиме сите механизми за да имаме редовна дистрибуција на топлинска енергија.“- изјави Бектеши.

Македонија | пред 4 години

271258491_663941707961079_6734058656150266535_n

ФОТО: Гужви и нервози поради неисчистениот снег на автопатот Скопје - Штип

Снегот напарави тотален хаос на автопатот Скопје- Штип. Поради неисчистениот снег има целосен застој на овој автопат.Според фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележат огромни наноси на снег. Возачите се бесни што Македонија пат повторно се неажурни и неподготвени.АМСМ информираше дека денес од 16:00 ч. поради превртено ТМВ сообраќајот за ТМВ е во прекин на патен правец Штип - Миладиновци.На патниот правец крак Маврово - Дебар поради интензивни врнежи од снег во 09:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.Од 20:30 часот забрана за движење на ТМВ на планинскиот превој Ѓавато.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

ФОТО: Автомобил се заби во автобус, трагична сообраќајка во Ченто

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Ченто, кога автомобил со голема брзина се судри со автобус со бројот 65, кој сообраќа во населбата, објави Алсат.Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа.На местото излегоа екипи на МВР и на Противпожарната бригада.„Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто” се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф” со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје“, велат од МВР. Фото: Алсат

Скопје | пред 4 години

vlada-zname-nato

СДСМ пресече: Ова се новите министри во Владатa

Денес едногласно беше усвоен новиот состав на Владата кој утре ќе се достави во Собранието на Република МакедонијаСлавица Грковска е предложена на позицијата вицепремиер против корупција, Љупчо Николовски како министер за земјоделство, Никола Тупанчевски за министер за правда, а Бојан Маричиќ во евроинтеграции.Славјанка Петровска е предложена на позицијата министер за одбрана.Бисера Костадиновска е предложена за министерка за култура, Јована Тренчевска за труд и социјална политика.Фатмир Битиќи, Благој Бочварски и Горан Милевски остануваат на досегашните позиции.Министер за здравство, министер без ресор задолжен за дијаспортата и за информатичко општество се кадри на Алијанса за Албанците.Кадрите на ДУИ остануваат непроменети во новата влада. Али Ахмети одлучи да не ги менува досега поставените министри.Се очекува Димитар Ковачевски да одржи прес конференција.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања