ТОП

printskrinsiteltv

(ВИДЕО) Повторно горат бараки во Градски парк

Голем пожар вечерва избувна во Градски парк кај Градски стадион. Горат баракитe во близина на стадионот, кои се наоѓаат близу детското игралиште кај ресторанот Томче Софка, објави Сител.Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и тогаш во пожарот штета беше направена и на салата Партизан и на ресторанот „Томче Софка“.

Скопје | пред 4 години

w_56102301

Има голема нескладност помеѓу PCR лабораториите во Македонија, вели д-р Кунгуловски

Биоинженерот д-р Горан Кунгуловски забележува недоследности во резултатите од тестирањата за корона вирус на водечките македонски лаборатории.„Што се случува со PCR лабораториите во Македонија?Ако се анализираат јавно достапните податоци од ИЈЗ и се направи анализа на PCR позитивни резултати од вкупен број на тестови во текот на најсилните бранови на пандемијата, излегува дека има силна неконзистентност и нескладност помеѓу PCR лабораториите во Македонија.Aко ги земеме последните 9 дена кога букна омикрон сојот во Македонија ќе утврдиме дека една група на лаборатории меѓу кои и референтната ИЈЗ-Вирусологија имаат стапка на позитивни PCR тестови од ~22-35%, додека некои други лаборатории имаат стапка на позитивни PCR тестови од 0.5-3.5%.Што можат да бидат причините за нескладност од 10-44 пати помеѓу лабораториите?Едната група на лаборатории имаат далеку посензитивни тестови од другата група на лаборатории?Едната група на лаборатории не зема соодветно материјал за анализа, при што се јавуваат лажно негативни резултати.Eдна група на лаборатории тестира исклучиво симптоматски пациенти или пациенти коишто имале контакти со потврдени позитивни случаи, а додека пак другата група тестира пациенти коишто патуваат (тековно кај произволна популација PCR позитивитет треба да биде некаде меѓу 2-5%).Се случува нешто што не би сакал ни да го помислам.*Во анализите не се вклучени сите лаборатории што извршуваат PCR тестови. Тоа оставам на истражувачки новинари или овластени институции.**Позитивните од Жан Митрев Струмица се пријавуваат преку Жан Митрев Клиник во МојТермин.***Додатни анализи треба да се направат и за претходните бранови, но има слични трендови“, вели тој.

Коментари | пред 4 години

FIwSqJpXMAQ7E6L

Македонија пат изгледа работат од дома, ако нема снег патиштата ќе бидат преодни, велат твитерџиите

На надлежните институции им премина во навика секоја зимска сезона да бидат неажурни, неподготвени од јануарскиот снег.Па традиционално твитерџиите се пошегуваа на сметка на Македонија пат, кои изгледа и годинава се изненадени од снегот.https://twitter.com/neskafeNA/status/1480503452560244740https://twitter.com/Dr_Dina_1/status/1480589719394267136https://twitter.com/Cyanide30349997/status/1480593126679101453https://twitter.com/tesko_nas/status/1480592464444592129https://twitter.com/SevernaNikogas/status/1480619289929469953https://twitter.com/Broj181/status/1480604432429682690https://twitter.com/Kaurkata903/status/1480496180765286402https://twitter.com/fraerot/status/1480578926976151552https://twitter.com/pluviofil666/status/1480577525290053632https://twitter.com/Gile13Prase/status/1480556323280412673https://twitter.com/TodorKacarov/status/1480550145825591300https://twitter.com/Kaurkata903/status/1480509611853688843https://twitter.com/ZoranGega/status/1480507138007085056https://twitter.com/seizmolog/status/1480618005109215236 

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Арсовска: Општините се презадолжени, ќе дадеме предлог мерки за состојбата со топлинската енергија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на вечерашното гостување во дебатната емисија Топ Тема на телевизија Телма, на прашањето дали градот ќе преземе некакви мерки за ублажување на состојбата со испораката на топлинска енергија во главниот град и дали воопшто има пари за некакви субвенции за граѓаните, Арсовска посочи дека градот ќе помогне со давање предлог мерки.„Давање предлог мерки е она што можеме да го направиме со оглед на практиките кои што ги има не само во регионот, туку и низ цела Европа, едноставно можеме да понудиме мерки со кои што ќе се ублажи ценовниот шок за граѓаните, затоа што за жал, како што знаете, општините во Скопје се наоѓаат во една незавидна положба, презадолжени се, а тоа се долгови што се влечат од пред извесен период. Ваквата моментална состојба не овозможува да се интервернира или да се преземе драстичен чекор, ние практично имаме свои трошоци кои што како град мораме да ги покриеме, а сите тие се во интерес на граѓаните, меѓутоа се премногу сложениза да можеме да интервенираме за вакви мерки, а притоа степенот на децентрализација на општините и средствата кои што тие ги добиваат за да можат да работат се навистина ограничени“ – истакна Арсовска.Градоначалничката Арсовска потенцираше дека сето она што Град Скопје го предлага како сет на мерки е по препорака од контактите што ги има од земјите од Европа, посочувајќи ја како пример Белгија која им помогна на компаниите кои што имаат склучено договори за снабдување со електрична енергија со економските оператори и тоа е еден од примерите кои треба да ги следи и имплементира и нашата држава.

Скопје | пред 4 години

FIvyvFQWUAQYc1m

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на патот Миладиновци - Штип

Денес на автопатот Миладиновци - Штип се случи страшна сообраќајна несреќа.Поради сообраќајна незгода кај Коњари, сообраќајот на патниот правец Миладиновци - Штип е во прекин за сите видови на возила, информираат од АМСМ.Засега нема информации дали има повредени во несреќата.

Македонија | пред 4 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Поскапува и нафтата

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто.Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,724 денари.Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,051 отсто и кај дизелот за 4,978 отсто, како и за 0,101 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos-541

813 новозаболени од коронавирус, 10 починаа

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од: Скопје – 498, Прилеп – 105, Битола – 58, Охрид и Струмица – по 38, Велес – 27, Кичево – 22, Кавадарци – 21, Гевгелија и Валандово – по 20, Куманово и Ресен – по 18, Штип – 16, Неготино – 15, Крива Паланка – 11, Радовиш и Делчево – по 10, Свети Николе – 9, Македонски Брод – 8, Тетово и Богданци – по 7, Кочани – 6, Демир Хисар – 4, Гостивар и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2, Виница и Берово – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 - 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.Направени се 5.165 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-323, Авицена-125, Биотек-278, Систина-160, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-47, Генеа-0, Никоб Лаб-664, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-48, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.702.Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 104670, Активни 6212Куманово 13388, Активни 259Тетово 11535, Активни 113Прилеп 11292, Активни 535Битола 10117, Активни 876Гостивар 8189, Активни 107Кавадарци 7728, Активни 317Велес 7653, Активни 159Охрид 7128, Активни 392Штип 6925, Активни 176Струмица 6463, Активни 192Кичево 4418, Активни 98Кочани 4189, Активни 85Струга 4005, Активни 73Гевгелија 3102, Активни 167Неготино 2711, Активни 68Свети Николе 2179, Активни 26Крива Паланка 2005, Активни 49Ресен 1972, Активни 96Радовиш 1864, Активни 59Делчево 1509, Активни 44Берово 1495, Активни 15Дебар 1467, Активни 9Виница 1198, Активни 19Пробиштип 1173, Активни 31Валандово 1086, Активни 49Кратово 797, Активни 8Богданци 712, Активни 29Демир Хисар 665, Активни 24Крушево 653, Активни 49Македонски Брод 564, Активни 21Демир Капија 440, Активни 7Македонска Каменица 433, Активни 5Пехчево 366, Активни 7Дојран 186, Активни 7

пред 4 години

lllllll-768x504-1

Славјанка Петровска и Димитар Ковачевски стануваат министри

Новиот лидер на СДСМ и мандатар за состав на нова влада Димитар Ковачевски пресекол пратеничката Славјанка Петровска да биде нова министерка за одбрана, велат за Фокус високи партиски извори, во пресрет на денешните состаноци на извршниот и централниот одбор на партијата, на кои треба да се потврдат кадровските решенија за новата влада.Како што веќе објавивме, во конкуренција за оваа позиција беа и државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска, поранешниот шеф на кабинет на се уште актуелната министерка Радмила Шекеринска – Катерина Ставревска, како и вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски.Според неофицијални информации, Николовски дефинитивно се враќа на чело на министерството за земјоделство, додека функцијата вицепремиер за антикорупција, што ја извршуваше во изминатиов период, можно е да биде биде укината.Се уште останува непознато кој ќе управува со министерството за правда, кое, како што објавивме, треба да го води непартиски кадар од академската заедница.Извор: Фокус

Македонија | пред 4 години

IMG_0071

ВИДЕО: Интензивни врнежи од снег во Скопје

Од попладнево, интензивно почна да паѓа снег во Скопје. Во одредени делови, веќе има и снежна прекривка. Ова доаѓа по најавата на метеролозите за намалување на температурите. Тие посочија дека се очекува и снег во главниот град. Низ улиците, веќе се превземаат мерки за чистење. Дел од општините излегоа и со апел граѓаните сами да го чистат снегот на споредните улици, согласно Законот за одржувањето на јавната чистота.

Скопје | пред 4 години

FIsQzqdXEAIdVRs

Сведоштва од Скопје за земјотресот: За кратко почнаа да паѓаат помали предмети, ужасно беше

Силниот земјотрес кој беше почувствуван во Македонија предизвика паника меѓу скопјани. Голем дел од нив кои живеат во станови, велат дека потресот траел скоро 30 секунди. Според нив, откако еднаш запрел, потоа продолжил да тресе. Тие објаснуваат: „зградата се клатеше лево-десно“.„Прво почна како мал потрес, мислевме не е ништо страшно, бидејќи секогаш се осеќа кога има земјотрес, а живееш во зграда. За кратко почнаа да паѓаат помали предмети, лустерите се поместуваа, како хорор филм. Сето ова за момент. По некои 10 секунди запре, па потоа, за кратко продолжи да тресе. Се слушаше паника и од кај соседите, буквално ужасно. Ова посети на ужасните земјотресите од пред некоја година, кога имаше и повредени.. Ако се повтори, со сигурност ќе излеземе надвор и нема да останеме дома“, вели читател на „Скопје1“.Други, објаснуваат дека нивните деца биле потресени од силниот земјотрес.„Одеднаш, почна се да се тресе. Се сѐ случи за момент. Веднаш излеговме надвор, за секој случај“, објаснуваат жители на Скопје кои го напуштиле домот.Според првичните информации потресот е со јачина од 5.8 степени според рихтер, а епицентарот е на 130 километри јужно од Скопје, во Грција.По силниот потрес следеа уште два помали од 3,5 и 4,2 степени според рихтер.

Македонија | пред 4 години

Zemjotres34

Земјотрес почуствуван во Македонија

Земјотрес вечерва почувствуван во МакедонијаСпоред првичните информации потресот е со јачина од 5.8 степени според рихтер, а епицентарот е на 130 километри јужно од Скопје, во Грција

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-09-at-21.57.50

(ВИДЕО) Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани

Во ноќните часови на Божиќ никна минаре во скопската населба Злокуќани, објави телевизија Сител.Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди. Староседелците подолго време реагираат на бесправното градење, бидејќи дивоградба не е само џамијата, туку и многу од куќите наоколу.Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски потврди дека џамијата се гради бесправно и за телевизија Сител вели дека околу неа има три и пол метарска бетонска ограда и затоа не се гледа од надвор што се гради.Градоначалникот тврди дека ја стопирале изградбата, а раководител на општинскиот инспекциски надзор веќе излегол на терен и одговорните се повикани на средба во општината утре наутро.Телевизија Сител не успеала да добие официјален одговор од Исламската верска заедница на прашањето дали тие стојат зад изградбата на овој верски објект, бидејќи одговорното лице за тој регион бил на пат.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-01-09-at-18.52.35

(ВИДЕО) Бошковски: Можело да се интервенира за немаме толкава енергетска криза, граѓаните со право реагираат за проблемите со парното

Во Македонија немаме енергетска, туку имаме финансиска и техничка криза оценува поранешниот член на регулатораната комисија за енергетика Дејан Бошковски за ТВ 24. Тој вели дека со оглед на тоа што се случува на светските берзи очекувано беше поскапувањето на електричната енергија. Откако со денови скопски општини немаат парно греење, Бошковски вели, ова не е новитет – тоа е нешто кое со години ни се провлекува.„Беше очекувано и нормално да имаме покачување на електричната енергија. Тука може да имаме повеќе дискусии дали е доволно или не, дали можело повеќе да се интервенира - да секако дека можело да се интеревенира за да немаме толкава криза, да имаме повеќе вклученост на домашните капацитети во производството на електрична енергија. Но, секако, регионалните берзи ја рефлектираа високата цена во крајната цена која ќе биде испорачана кон домаќинствата. Евтината тарифа, како што образложи претседателот на Регулаторната комисија, не беше издржана. Таа беше некоја социјална категирија, која требало низ повеќе претходни години, на друг начин да се рефлектира на сметките онаму каде се планирало со таква мерка да се помогне на домаќинствата“, смета Бошковски.За топлинската енергија, Бошковски вели дека последните 10 години во Скопје има проблем со неа.„Не ми е ни мене јасно што таму се случува, бидејќи имавме стечај на претходното акционерско друшство Топлификација, како што слушнавме од медиумите има нов сопственик. Граѓаните со право реагираат. Постојано има некои превирања. Чудно е како БЕГ во континуитет е во загуба односно ТЕТО нивната фирма-ќерка. Би рекол дека државата треба повеќе да се занимава со друг вид на управување и поголемо нејзино влијание во управувањето на топлинската енергија, при снабдувањето на граѓаните, за да немаме вакви шокови. Бидејќи и кога беше 350 долари за 1000 метри кубни гас топлинска енергија тие беа во загуба и сега кога имаме 800/1000 за 1000 метри кубни гас тие се незадоволни“, посочи Бошковски.Тој предвидува финансиски, а не егергетски шок.„Електропреносните мрежи се во кондиција за да можат да го надохнадат сето тоа. Потребни се пари за да се избегне електрична криза. За БЕГ, бидејќи е природен монопол, треба друга форма и модел да се најде на управување, односно повеќе да се внимава. Бидејќи ударите кои можат да настанат се посериозни. Имајќи во предвид, бидејќи во претходните 10 години имавме граѓани кои се исклучуваа од парно греење и нивната трансформација во преминување на електрична енергија за греење, ќе ја оптовари дополнително електричната мрежа на Град Скопје, што ќе доведе до технички проблеми односно испади“, додаде тој.Посочи дека треба да се внимава на регионалните случувања, а да не се запоставуваат домашните енергетски ресурси.„Веројатно има затајување при управувањето на енергетските компании, кои не ги следеле региоанлните случувања навреме. Има задоцнети одлуки. Но, од сето ова, како што реков, треба да извлечеме поуки и со зелената транзиција да бидеме внимателни, треба Регулатрна комисија да превземе мерки околку промената на пазарните правила за електрична енергија, треба веројатно да се приклучиме кон регионалните берзи, за да им се овозможи поголема флексибилност на самиот пазар на елеткрична енергија на самите ученисици, како би се намалиле последиците при вакви кризи. Таму каде пазарите се пофлексибилни, таму и шоковите се помали“, посочи Бошковски.

Македонија | пред 4 години

klinika-brza-pomos

1.396 нови случаи и 9 починати од коронавирус

ИНФО - 09.01.2022 (податоците се заклучно со 08.01.2022)Денес се регистрирани 1.396 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 233.464Оздравени се 348 пациенти – пријавени се 9починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19:Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.• Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 - 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.• Направени се 11.479 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-123, ЦЈЗ Прилеп-77, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-253, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –7,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3,Жан Митрев (Филип Втори)-198, Авицена-313, Биотек-501, Систина-179, лабораторија Лаор-932,Синлаб-158, Ремедика-30, Плодност-222, Генеа-13, Никоб Лаб-1.048, ВФВ Медикал-159, Ели Медика-599, Ројал Медика–120, Спектра-ММ-63, Рапид Лаб–71, ЖанМитрев Струмица–71, Нова Лаб Дијагностика–60, Рамус-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 5.845.Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

пред 4 години

Screenshot-2022-01-09-at-16.32.12

Короната е широко раширенa, Јанкуловски дециден: Еден позитивен дома - сите позитивен, без опуштање!

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски познат како Космонаутко, кој секојдневно на терен зема брисеви за коронавирус, состојбата ја оцени како „препозитивна“. Тој посочува дека нема селекција, се заболуваат млади и стари.„Еден позитивен дома - сите позитивни, во најголем број случаи. На моменти ми се чини дека вирусов го има насекаде па и меѓу буквиве на тастатурава. Не е ни битно кој сој е, Омикрон, Флукрон или како и да ги крстат. Нека е и КојГоСмислиКрон. Според она што го гледам (мислам дека е така или барем се надевам) доброто во цела оваа каша попара од големиот број на позитивни случаи е сепак малата хоспитализација и релативно лесна клиничка слика но не кај секого, некои и потешко поминуваат, што укажува едно нешто многу важно:Без опуштање и размислување како за нешто на кое не треба да му се придава значење, тогаш непријателот е најјак.Затоа што никој ништо не знаеме а малку треба за голема беља. А доста ни е од бељи!!Само прифаќање на фактот дека е тука меѓу нас и соодветно совесно однесување за себезаштита и заштита на сите околу нас.Толку треба за да биде се како што треба, да биде се' во ред и нас да не биде.И ќе биде.Чувајте се. За дружби, за насмевки и прегратки во живо, за гуш и бац. За сето ова со сите што ни се сакани со кои сакаме и понатаму да го имаме секојдневието ЗАЕДНО.За сите нив и секако за сите вас - Чувајте се“, напиша Јанкуловски-Космонаутко.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања