ТОП

divo-naselje-21-Custom-696x363

Донесена одлука и од Врхвен за “Диво Насеље”

Случајот “Диво Насеље” е запечатен, односно нема да има ново судење бидејќи Врховниот суд одлучи да ја потврди второстепената пресуда.-Жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани, пишува во пресудата на Врховниот суд до која дојде “Фокус”.Според правосилната пресуда, повеќето обвинети беа осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, 20 години петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.Повеќе

Македонија | пред 4 години

toksikologija

7 малолетници завршија на токсикологија

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите објави дека на клиниката за токсикологија се примени 17 пациенти, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години„На клиниката за токсикологија примени се 17 пациенти, 11 се примени поради алкохолизираност после соодветниот третман сите се добри. Во службата за итна медицинска помош имало околу 50 повици, главно поради алкохолизирана состојба, помалку поради физички пресметки, и еден повик поради тешка сообраќајна несреќа. Во инфективното одделение, 60 примени пациенти, околу 40 се со кислородна поддршка“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 години

orce_kamcev_-_01-640x426

Камчев новата година ја дочека во Систина

Бизнисменот Орце Камчев, новата година ја дочека во приватната болница Аџибадем Систина.Обвинетиот за Плацеви на Водно, Камчев, во средата попладне се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, му дозволил да биде префрлен на лекување во Систина.Инаку, од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватна болница во која е член на директорскиот одбор.Камчев бил задржан на дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.

Македонија | пред 4 години

prof-trajkovski-960x666-1

Во новата година влегуваме со високи бројки, во Битола ситуацијата избега од контрола, вели Трајковски

Во новата година влегуваме со висок старт на бројките, а за еден месец може да не остане незаразен човек при вакво однесување, посочува професорот Трајковски во неговата последна анализа за корона вирусот во Македонија.„Во Битола ситуацијата веќе избега од контрола - ефективниот репродукциски број Rt е веќе сериозно над единица (на првата слика), а дневните броеви на нови случаи започнаа експоненцијално да растат (на дијаграмот на втората слика).Насекаде низ државата се забележува зголемен број на тестирања, веројатно поради патувања во странство, но стапката на позитивни тестови не е многу висока и растот на броевите не е толку многу изразен како во Битола. Најзабрзан раст имаме во Битола и Струга, случајно или не - токму таму каде што се откриени првите случаи на омикрон сојот. По еден случај во градовите засега не изгледа многу, но тоа е само врвот на ледениот брег. Под вода останува многу поголемиот дел, што сé уште не го гледаме.Дијаграмот на 14-дневната инциденца (на третата слика) во Битола многу побргу искачува отколку на државно ниво (зелената наспроти црвената линија). Ако во претходните бранови Битола се приклучувала последна, изгледа дека во случајот на омикрон сојот токму од Битола сé започнува. Многу рано забележуваме преку 50 случаи дневно, што значи - доколку доволно би се тестирало - за кратко време би можеле да видиме 100-200 случаи на ден.Бројот на активни случаи неверојатно реско, во форма на латиничната буква V ја смени насоката (на дијаграмот на четвртата слика) и започна да искачува кон нов врв.Иако омикрон сојот во Битола стигна меѓу првите, крајното невнимание и недисциплина доведоа до ваков развој на ситуацијата. Вчера со свои очи видов во три кафеани разуларено однесување - пијано пеење со директно внесување в лице, вцрвени и испотени лица од напорот да се вика што е можно погласно во лицето на другиот, музика со јачина на звукот на прагот на болка (120 dB). Во такви услови би било чудно да нема, а не да има толку многу случаи.Во новата година влегуваме со висок старт на бројките, а за еден месец може да не остане незаразен човек при вакво однесување. Многу нема да ни помогне вниманието, кога вакви луѓе ќе го расејуваат вирусот насекаде. Доколку тие би оделе само во кафеани, не би било многу страшно, но одат и во маркети, на работа, во разни институции каде циркулираат многу луѓе. Практично нема начин да се избегне заразувањето. Останува да се надеваме на делумниот имунитет од прележувањето и вакцинирањето, но зошто мора сé да биде вака, во секој бран сé понеконтролирано?, пишува во објавата проф. Трајковски.

Коментари | пред 4 години

1

Како македонските познати личности честитаа Нова година?

Македонските јавни личности кога се поклопија стрелките на часовникот и заврши одбројувањето, ги земаа телефоните во раце и испратија честитка до своите пријатели, обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.КаролинаCheers за остварени соништа и нови надежи… 🥂КалиопиДраги мои, има многу начини да ја честитам Новата година, но ова е еден од оние кога си велам - Јас сум покрај морето и ни посакувам слобода како што има морето. Да имам слобода за отворен говор, слобода за да се биде со луѓето, слобода за креативност, слобода за движење, слобода за збогување и слобода за гушкање - како што тоа го правевме на моите концерти со моите песни. Се надевам дека 2022 година ќе ни го донесе тоа – слобода!СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!Викторија Лоба2021 ја испраќам со чувство на леснотија и БЛАГОДАРНОСТ🙏🏼2022 Подготвена СУМ 💛✨СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ!!СРЕЌНА НОВА 2022 💫Марјана СтанојковскаДраги мои, ви посакувам добро здравје, радост во домот и безброј незаборавни мигови во Новата ГодинаЛила ФилиповскаДоволно беше турбулентна оваа година на секое поле па затоа вака ќе ја испратам без помпа и фанфари… доста и беше нека си оди !!! Не дека немало и убави моменти и мигови за памтење ама сепак , сепак доста и беше !!!! Посакувам Новава да биде сѐ што не беше оваа…! А на вас другари јас и Рагнар ( кој што изгледа многу среќно дека го сликам) Ви посакуваме само здравје и маааалку повеќе љубов …Среќна и успешна годинаИгор ЏамбазовСреќна нова, Македонијо наша...Антониа ГиговскаДраги мои, ја завршувам оваа година среќна и успешна. Кога ќе ме прашаат каква година беше за тебе.. Ух, една од најтешките до сега но и една од најубавите.Многу солзи,многу смеа, многу песни, многу лекции но и многу убави моменти.. Оваа година ја запознав Антониа најскршена но и најсилна. Верувам дека ме чека поубава година , поуспешна, моја година. Ви посакувам Среќна Нова, здрави,живи,среќни,успешни

Магазин | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

„Ќе работите само за сметки, искрено ваш СДС“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со критика до власта по поскапувањето на струјата и на парното.„Владина честитка за Нова година: Поскапа струја и поскапо парно! Две у едно (СДС во своите најдобри моменти)“, напиша Аапасиев на Фејсбук, а потоа додаде:„Ќе работите само за сметки, Искрено ваш, СДС“, стои во втората негова објава.

Коментари | пред 4 години

655-402-bebe

Една минута по полноќ се роди првото бебе

Првото бебе во 2022 година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди во 00.01 часот.“Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри.Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете”, информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пасху нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје

Магистер Филип Пасху нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје.Тој е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие.

Скопје | пред 4 години

restoran_mokum

Тепачка пред ресторан во Центар, реагирала полиција

Синоќа пред полноќ полицијата реагирала при групна тепачка во угостителски објект во скопски Центар.„На 30.12.2021 во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(21), А.Ќ.(21), А.Х.(20) и Е.Х.(19), од едната страна и К.Н.(29), Г.Б.(54), Д.П.(41) и В.Н.(23), од друга страна, сите од Скопје“, соопшти полицијата.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

542 позитивни на коронавирус, 7 починаа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 280, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 298 оздравени пациенти од: Скопје – 171, Битола – 19, Прилеп – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 8, Штип, Ресен и Гостивар – по 7, Охрид и Гевгелија – по 6, Крива Паланка и Богданци – по 4, Кочани, Македонски Брод и Берово – по 3, Кичево, Неготино, Радовиш и Демир Хисар – по 2, Тетово Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Виница – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (57г, 64г и 81г), две починати лица од Битола (46г и 80г) и по едно починато лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Направени се 5.990 тестови преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-259, Биотек-313, Систина-84, лабораторија Лаор-373, Синлаб-43, Ремедика-6, Плодност-63, Генеа-158, Никоб лаб-509, ВФВ Медикал-101, Ели Медика-130, Ројал Медика–56, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–31, Жан Митрев Струмица–11, Нова Лаб Дијагностика–16, Ремус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.874.Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, бројот на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 99017, Активни 2655Куманово 13145, Активни 112Тетово 11429, Активни 76Прилеп 10842, Активни 361Битола 9331, Активни 408Гостивар 8083, Активни 12Велес 7525, Активни 140Кавадарци 7461, Активни 203Охрид 6847, Активни 258Штип 6765, Активни 86Струмица 6317, Активни 162Кичево 4334, Активни 75Кочани 4116, Активни 54Струга 3943, Активни 35Гевгелија 2958, Активни 105Неготино 2641, Активни 37Свети Николе 2156, Активни 27Крива Паланка 1967, Активни 41Ресен 1887, Активни 93Радовиш 1818, Активни 38Берово 1483, Активни 10Делчево 1471, Активни 32Дебар 1458, Активни 1Виница 1180, Активни 11Пробиштип 1143, Активни 10Валандово 1051, Активни 69Кратово 790, Активни 4Богданци 691, Активни 32Демир Хисар 646, Активни 27Крушево 608, Активни 13Македонски Брод 545, Активни 32Демир Капија 437, Активни 9Македонска Каменица 430, Активни 12Пехчево 359, Активни 0Дојран 175, Активни 3

пред 4 години

parno

Парното поскапува за 14%

Од утре цената на парното во Скопје се зголемува за 14 проценти за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Со оваа одлука, цената се враќа на онаа од 2018 година, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.„ Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018, имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија“, рече Бислимовски.Како што нагласи Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која минатата година просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство му е понудена цена од 1480 долари.Во Скопје околу 60.000 потрошувачи се приклучени на централните системи за греење на трите компании.

Скопје | пред 4 години

zoran-popovski

Кривична за ексдиректорот на АХВ

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.П.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, во својство на овластено лице - директор на Агенција за храна и ветеринарство, во 2016 година ја злоупотребил службената положба и овластувања така што постапил спротивно на Законот за јавни набавки со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.386.033 денари.Притоа овозможил противправна имотна корист во износ од 7.534.497 денари на фирма од Радовиш и противправна имотна корист во износ од 1.517.033 денари во корист на фирма од Скопје.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Кока поставен за нов директорт на ЈП Комунална Хигиена

Зуди Енузи Кока назначен за нов в.д. директор на ЈП Комунална Хигиена- Скопје.Тој е дипломиран правник, и докажан менаџер во деловниот свет, кој своите компетенции ќе ги стави во функција на успешно водење на ЈП Комунална Хигиена- Скопје.

Скопје | пред 4 години

danela964521

Вo Новата година не очекуваат навистина позитивни промени, вели Арсовска

Честитка од Градоначалничката Арсовска за Новата година.Драги мои скопјани, сакам да ви се заблагодарам за довербата која ми ја дадовте. За Скопје и Македонија помина уште една година со сериозни предизвици, како резултат на здравствената, енергетската и економската криза. Нашето Скопје мора да биде модерен европски град, метропола каква што граѓаните заслужуваат.Вo Новата година не очекуваат навистина позитивни промени.Почнуваме да го реализираме ветеното во програмата, домаќински, без ниту еден денар на граѓаните да биде потрошен на непродуктивни трошоци. За само 50 дена покажавме дека со малку средства и многу труд, со желба и посветеност можеме да направиме сериозни резултати кои значително го подобруваат животот на скопјани.Исчистени се преку 120 диви депонии, барањата на пожарникарите конечно влегуваат во колективен договор, пуштена е во функција жичарата на Водно, воведовме ноќни автобуски линии, градот станува транспарентен и за прв пат седниците на советот на Градот се пренесуваат во живо, поставуваме и пристапни рампи за лицата со попреченост во сите градски институции.Во новата година ќе продолжиме да работиме како што започнавме, енергично, чесно и посветено за програмата и проектите да станат реалност. Дозволете ми искрено и од срце да ви ја честитам 2022 година и да ви посакам спокој, здравје и среќа во годината која што е пред нас.

Скопје | пред 4 години

271132270_10158647020123325_1665700314073641894_n

(ВИДЕО) Ни на 31 декември инвеститорите на Водно не мируваат, граѓаните револтирани

Предновогодишното утро не ја сопре градежната офанзива на Водно и ги рзбуди локалните жители кои веднаш реагираа на социјалните мрежи.„На 31 декември - денес - грозниот психопат Фреди ги испрати своите послушници да сечат дрвја во шума пошумена со народни пари.Другарка му Данела од Град Скопје му потпишла веројатно за лабаво да си сечат. Дур чекаме инспекторати, судови и слични квази-институции да одговорат, отиде шумата.Ама психопатот има искуство пошто цел град го нагрди заедно со другарчињата на истиот овој начин. И знае дека денес сите слават и нашите проблеми се небитни.Овозможено од Општина Центар“, стои во објавата.„Новогодишна честитка од инвеститорите на Водно. На 31 декември со пили почнаа да ги сечат дрвјата“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања