ТОП

policija-skopje-koronaviris-1

Искршил рампа на патарина, па удрил во полициско возило

Денеска (03.01.2022), полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(30) од с.Батинци, скопско. Претходно, околу 01.00 часот на автопат Скопје - Куманово тој со возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, искршил рампа на наплатна станица Романовце, а на влезот во Скопје удрил во полициско возило. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

пред 4 години

puska-1

Додека ловел застрелал кочанчанец

На 02.01.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Л.С.(54) од с.Долни Подлог, кочанско, затоа што околу 08.55 часот, за време на лов во атар на с.Јастребник испукал еден куршум од пушка „Застава М-70“ калибар 30-06 и го погодил М.С.(55) од Кочани, нанесувајќи му повреда. М.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 4 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Донесени новите цени на горивата

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27.12.2021 година.-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.Од 4.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 40,210 (денари/килограм)Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 % .Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

Македонија | пред 4 години

tatko-na-boki-13-mile-jovanovski

(ВИДЕО) Прозборе таткото на Боки 13: за торбата од Камчеви, средбите на син му со почитичари, снимките од „Рекет“

Миле Јовановски, татко на Боки 13 односно Бојан Јовановски во интервју за „А1он“ зборувал за „Рекет“, случајот „Меѓународен сојуз“, но и за торбата „Луј Витон“ која е изнесена од куќата на Јордан Орце Камчев. Тој според најавата одговара на прашањата каде завршила торбата, што имало во неа, но и како неговиот син Боки 13 имал контакти со сите челници во Македонија, кои работи ги вршел за нив и зошто.Според најавата, таткото на Боки 13 зборува и за блискоста на неговиот син син со Зоран Милевски-Кичеец, со кого, заедно се снимени како излегуваат од домот на Камчеви.Интервјуто треба да се емитува денеска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-01-03-085646

(Урнебесно видео) Боки 13 никогаш не излегува од мода: Негова имитација во српско шоу

Во познатото српско реално шоу „Задруга“ беше организирана Задруговизија.Натпреварувачите имаа задача да пејат, а еден од нив го имитираше Боки 13.

Магазин | пред 4 години

51527416724_29ef17fba6_c

Ќе има премиер Албанец, вели Груби

Вицепремиерот Артан Груби во интервју за Косовапрес изјави дека албански премиер во последните 100 дена од владата ќе има бидејќи како што вели за тоа има јавен договор.„Не верувам дека која било албанска политичка партија, би имала храброст да не гласа за кандидат Албанец прв пат да биде избран за премиер во нашето Собрание со гласови во Собранието. Значи, не гледам посебен предизвик ниту за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие се подготвени да гласаат за премиер Албанец во оваа држава, особено во последните 100 дена од оваа влада, секако има уште 60 дена по изборите до изборот на новата влада“, истакна Груби.

пред 4 години

49751022_349144189232644_6296297222711541760_n

Како да уживате во зимската сезона и да го намалите ризикот од КОВИД-19

Зимските празници традиционално се време за собирање луѓе од сите возрасти, без разлика дали се семејни собири, верски фестивали или средби со пријателите. Тие се исто така време кога многу луѓе планираат да патуваат, или во нивните земји или надвор во странство, велат од Институтот за јавно здравје.Сепак, за жал, пандемијата е далеку од завршена и сите ние сè уште треба да бидеме многу внимателни.Како за втора зима, мораме да научиме да живееме со КОВИД-19, а на патувањата и дружењето во затворени простории создаваат реален ризик од значително зголемување на преносот на вирусот.За да биде ситуацијата уште позагрижувачка оваа година, високо преносливата варијанта Делта е доминантна во европскиот регион на СЗО, а ние се соочуваме со закана од нова варијанта на загриженост, Омикрон – со сè уште неизвесни влијанија.Намалувањето на ризиците од КОВИД-19 не е прашање на случајност, тоа е прашање на избор. Постапувајќи според 5 врвни совети, сите можеме се насочиме кон побезбедна и попријатна зима.1. Вакцинирајте се што е можно поскоро.Вакцинирање со комплетна серија достапни дози е најважното нешто што луѓето можат да го направат за да се заштитат од тешка болест и смрт од KОВИД-19. Ова е особено важно за ризичните групи како што се оние на возраст од 60 години и повеќе, и за луѓето со нарушени здравствени состојби.Една неодамнешна студија спроведена од СЗО/Европа и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) процени дека речиси половина милион животи се спасени меѓу оние на возраст од 60 години и повеќе, од почетокот на вакцинирањето против Ковид-19 во 33 земји во Европа и Централна Азија.Повеќето луѓе на кои им е потребна болничка нега за КОВИД-19 се невакцинирани. Сегашните вакцини нудат заштита од тешки болести и смрт од варијантите на КОВИД-19, вклучително и Делта. Додека доказите сè уште се појавуваат, сегашните вакцини треба да штитат и од тешки болести од новата варијанта Омикрон.2.Преземете лични превентивни мерки за да останете безбедни и да ги одржувате општествата отворени.Комбинирањето на вакцинацијата со другите достапни превентивни мерки оваа зима ни помага да го живееме животот, контролирајќи го вирусот и избегнувајќи масовни затварања. Овие едноставни, но испробани превентивни мерки се:носење маскаодржување на физичко растојание од најмалку 1 метарпроветрување на внатрешните простории со отворање на прозорци и/или вратиизбегнување на затворени или преполни просторииодржување на хигиена на рацетекашлање или кивање во свиткан лакт или марамче.3.Направете ги собирите што е можно побезбедни.Собири во затворен простор, дури и помали, му даваат можност на вирусот да се шири. Доколку е можно, собирите и прославите треба да се одржуваат надвор, а оние што се состануваат треба да носат маски и да одржуваат физичка дистанца. Доколку се одржуваат во затворен простор, ограничувањето на големината на групата и обезбедувањето добра вентилација со отворање на врата или прозорец кога тоа е безбедно, се клучни за намалување на ризикот од изложеност.4. Избегнувајте патувања доколку сте изложени на ризик.Луѓе кои не се чувствуваат добро, кои не биле целосно вакцинирани или немаат доказ за претходна инфекција и кои се изложени на зголемен ризик од развој на тешки компликации од КОВИД-19, вклучувајќи луѓе на возраст од 60 години или постари и оние со хронични состојби (како како срцеви заболувања, рак и дијабетес), им се советува да го одложат патувањето во области со висока трансмисија во заедницата.Сите патници треба да бидат внимателни за знаците и симптомите на КОВИД-19, да се вакцинираат кога ќе им дојде редот и да се придржуваат до превентивните мерки во секое време, без разлика на нивниот статус на вакцинација.5. Информирајте се од доверливи извори.Дезинформациите го ставаат на ризик здравјето и животите на луѓето, ја поткопуваат довербата во науката и го попречуваат донесувањето правилни одлуки за нашето здравје. Побарајте сигурни извори на информации кои даваат совети засновани на најновите докази и научен консензус.

пред 4 години

3-1

27 сантиметри снег на Попова Шапка

Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – девет сантиметри.Најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус три степени Целзиусови и во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија со измерени минус два степени. Во Куманово и во Дебар измерен е минус еден степен. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови.Како што информира УХМР, во ноќните часови времето беше претежно ведро или со мала облачност. Утрово во поголем дел од земјава е сончево со мала облачност, но по одделни котлини има појава на магла.

Македонија | пред 4 години

120190520_075956

Сончево со температури до 17 степени

Денес сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.Во Скопје претпладне со појава на значителна ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 13 степени.Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.

Македонија | пред 4 години

katica

Наместо во затвор, Катица новата година ја славеше во Гевгелија

Катица Јанева цел викенд била во Гевгелија. Била гледана низ гевгелиските улици, а Новата година ја дочекала со семејството во семејниот дом. Од затворот „Идризово“ ја земал нејзиниот син Лазар Јанев, по што заедно ја испратиле старата година. Најверојатно, таа користи погодности кои ги овозможува законот. За ова потврда нема.Пробавме да добиеме информации од новиот директор на „Идризово“, Реџеп Реџепи, но неуспешно. Во затворската управа никој не одговараше на повиците.Судот донесе пресуда за предметот „Рекет“ и го осуди Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 години затвор, додека на Катица Јанева и одреди 7 години затвор.

Македонија | пред 4 години

SSM-696x419

ССМ: „Благодарност“ на политичките партии што дозволија се да се зголеми пред Нова година, освен минималната плата

Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0%, зголемена цена на електрична енергија за 9,48%, зголемена цена на парно греењето за 14,05%, велат од Сојузот на синдикати на Македонија„Дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаницаБидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато…Им „заблагодаруваме" на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници!Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

rabotnik-gradezen-

Инспекторите денес на терен, прва неработна недела

Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од денес ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.-Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е регулирано дека, „ден на неделен одмор е недела“, потсетуваат од Инспекторатот.Измените и дополнувањата на Законот за работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) можете да го најдете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=624и Правилниците кои произлегуваат од измените и дополнувањата на законот, можете да ги најдете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=622Работниците кај работодавачите од трговија на големо и мало, денот на неделен одмор го користат во согласност со Законот за изменување и допoлнување на Законот за трговија (Службен Весник бр.295/2021), кој може да го најдете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=624Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд на следниот линк: https://dit.gov.mk/wp-content/uploads/2018/02/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86-izvestuvanje-za-rabota-vo-nedela.pdfИзвестувањето за вршење работа во недела, работодавачите можат да го достават електронски на следната меил адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk или во архивите на подрачните одделенија на ДИТ како и во централната архива во седиштето на ДИТ на бул. Партизански одреди бр.48А, Скопје.Дополнителни информации за подрачните одделенија, регионите и контакт информации и телефонските броеви на инспекторите по подрачни одделенија можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?page_id=192-Со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања, Државниот инспекторат за труд воспоставува дежурства во недела по региони. Ги охрабруваме сите работници на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд, се наведува во соопштението од Инспекторатот.Пријавувањето може да го направат на неколку начини: на веб страницата на ДИТ (https://dit.gov.mk/ ) анонимно или како пријава од познат подносител, со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони (информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во месец јануари 2022 можете да добиете на следниот линк: https://dit.gov.mk/?p=9833-Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми, а со цел заштита на правата на работниците, стои во соопштението од Државен инспекторат за труд.

Македонија | пред 4 години

MickoskiSkopjeinfo

Мицкоски ветува рамен данок со кој ќе се намали сивата економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа рече дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прва одлука ќе биде намалување на даноците.Според него клучно за успех е да се сврти вниманието кон државата и да се стави акцент на политиките кои водат кон развој.„Кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направиме се да се свртиме кон државата. Треба да се има јасна политика за економски развој, социјална политика, образовна политика, да не бидеме најлоши во здравството. Има многу сегменти кои се важни за граѓаните. Треба да работиме за тоа што не обединува, а не што не разединува не можеме ад кажеме дека Македонците се плод на Коминтерната. Тоа не се позиции за 21 век“, вели Мицкоски.Работа, реформи, додава тој, тоа е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ.„Ако сакаме да сме успешни треба да бидеме два пати подисциплирнирани и поработливи од големите. Таа дисциплина да ја постигнеме и се ќе дојде само по себе и ќе бидеме вреднувани по други параметри, а не да сме на 111 место по корупција. Правата одлука ќе биде рамен данок или 8 проценти рамен данок, да се намали сивата економија. Тоа е она што е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски заклучувајќи „доколку имаме мотивирани политичари тоа може веднаш да се направи“.

Македонија | пред 4 години

DSC_0038

Денес над просечно топло со мала до умерена облачност

Утрово има појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде сончево и над просечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време со појава на утринска магла по одделни котлини.

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

И во новата година ковид проблеми: 435 нови случаи, деветмина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.651 тестирања, а регистрирани се 435 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по 1.Регистрирани сe 534 оздравени пациенти од: Скопје – 233, Битола – 51, Прилеп – 32, Велес – 29, Кавадарци – 21, Охрид и Тетово – по 20, Гевгелија – 14, Куманово и Струмица – по 12, Кичево – 10, Демир Хисар – 9, Кочани – 8, Штип – 7, Богданци и Македонска Каменица – по 6, Неготино, Валандово и Свети Николе – по 5, Струга, Радовиш и Виница – по 4, Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево – по 3, Ресен – 2, Делчево, Дојран и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (60г и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г), Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.Направени се 6.651 тестови преку: ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-176, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-180, Биотек-351, Систина-40, лабораторија Лаор-1.062, Синлаб-158, Ремедика-9, Плодност-44, Генеа-9, Никоб лаб-625, ВФВ Медикал-166, Ели Медика-104, Ројал Медика–274, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–61, Жан Митрев Струмица–47, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.437.Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 99232, Активни 2633Куманово 13160, Активни 115Тетово 11435, Активни 62Прилеп 10862, Активни 349Битола 9367, Активни 392Гостивар 8090, Активни 16Велес 7532, Активни 118Кавадарци 7478, Активни 199Охрид 6871, Активни 262Штип 6772, Активни 86Струмица 6329, Активни 162Кичево 4344, Активни 73Кочани 4120, Активни 50Струга 3948, Активни 36Гевгелија 2970, Активни 103Неготино 2649, Активни 40Свети Николе 2157, Активни 23Крива Паланка 1967, Активни 38Ресен 1898, Активни 102Радовиш 1823, Активни 39Берово 1483, Активни 10Делчево 1472, Активни 32Дебар 1458, Активни 0Виница 1180, Активни 7Пробиштип 1144, Активни 8Валандово 1053, Активни 66Кратово 790, Активни 4Богданци 694, Активни 29Демир Хисар 649, Активни 21Крушево 609, Активни 11Македонски Брод 545, Активни 31Демир Капија 438, Активни 9Македонска Каменица 430, Активни 6Пехчево 359, Активни 0Дојран 176, Активни 3

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања