ТОП

ilija-dimovski

Вкупното покачување на струјата ќе е 17,3%, вели Илија Димовски

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ја изненади јавноста на Фејсбук со свој статус каде тврди и докажува како поскапувањето на струјата ќе изнесува најмалку 17,3 отсто, наместо најавените 9,48 отсто. Еве што напиша тој:„Реалното зголемување на струјата ќе е најмалку 17,3%!!!Од 168 часа неделно (по претпоставка дека еднакво трошиме струја во сите 168 часа):за 156 часа зголемувањето ќе е 9,48%за 12 часа (досегашната евтина денска тарифа во 6 дена) зголемувањето ќе е 118,96%Вкупното покачување ќе е 17,3% …П.С. Главна причина за покачување на струјата во Македонија е скоро преполовеното домашно производство на електрична енергија споредено со периодот пред доаѓање на оваа власт …П.П.С. Реалната цена на струјата и вака нема целосно директно да ја доплаќаме со сметките. Индиректното доплаќање ќе го правиме со даночни пари собрани од граѓаните, а платени од Буџетот кои ќе изнесуваат најмалку уште дополнителни 100 милиони евра следната година, но ќе имаме помалку пари за нови патишта, болници, училишта …П.П.С. Стапката на ДДВ за електрична енергија за 6 месеци од денес ќе се зголеми од 5% на 10%, со што дополнително ќе се зголемат сметките на граѓаните …“

Коментари | пред 4 години

ogno1111

Омикрон ги откажа прославите во светот, Скопје спремно за дочекот на новата 2022

На Плоштадот Македонија во Скопје ќе има дочек на Новата година со домашни изведувачи и огномет. Со полабави мерки во однос на минатата година, граѓаните ширум Македонија ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година.За новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, Градот преговараше со македонски музички изведувачи. Според програмата, вечер од 21 часот, на скопскиот плоштад ќе можат да се слушнат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.Но ширум светот, иако се предвидуваше дека повторно ќе ги има традиционалните големи прослави на Нова Година, сепак поради новиот бран на коронавирус, предизвикан од сојот омикрон, плановите пропаднаа. Па така, во повеќето делови од светот, особено во Европа, на големо се откажуваат јавните настапи и се воведуваат ограничувања и рестрикции токму пред празниците.Во Атина, оваа година нема да има огномет над Акропол, откако грчката влада ги забрани сите јавни прослави на Божиќ и Нова година што беа планирани во општините. Сите воведени мерки и рестрикции ќе важат до 3 јануари.Германија ќе ги ограничи собирите од 28 декември и забрани новогодишни прослави, па така нема да има огномет во Берлин, Минхен, Франкфурт и другите градови.Во Единбург, јавниот дочек на Нова година исто така е откажан. Во Ирска рестрикциите ќе стапат на сила после Божиќ.Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го откажа планираниот настан на плоштадот Трафалгар уште на 20 декември, иако беше планирана прослава со најмногу 6.500 луѓе.Париз исто така откажа традиционалниот огномет над авенијата Елисејски полиња, а нема да има ниту настапи на диџеи. Француската влада ги забрани сите јавни собири и забави уште на 17 декември.Бразилснака влада ја откажа новогодишната прослава во Рио де Жанеиро на 18 декември.Празничните настани ќе изостанат и во Рим, додека Венеција исто така ги откажа концертите на отворено и огнометот.Сепак, во Њујорк после една година пауза, повторно ќе се чека Нова година на Тајмс сквер. Градоначалникот на заминување Бил де Блазио не ја откажа прославата, со тоа што наместо 58.000, ќе може да присуствуваат само 15.000 луѓе. Единствен услов за пристство е сертификат за вакцинација и носење маска.Локалните власти во Дубаи најавија дека ќе има пиротехничко шоу над највисоката зграда на светот, „Бурџ калифа“.Сиднеј не ги откажа плановите за пролсавата, но влезот ќе се наплаќа. Иако не е неопходно целосно вакцинирање, сепак е препорачливо.Во Тајпеј е планирано традиционалното одбројување со огномет над кулата „Тајпеј 101“.

Скопје | пред 4 години

jelena-od-dracevo-talat

(ВИДЕО) Јелена од Драчево заигра на „Хајде“ од Теа Таировиќ

Актерката Јелена Јованова заедно со нејзината колешка Емра Куртишова, која ја игра Исаура, и актерот Талат објавија дел од новогодишната епизода на „Преспав“. Глумците пееја и танцуваа на новогодишниот хит на пејачката Теа Таировиќ „Hajdе“. 

Магазин | пред 4 години

270877716_442109220742333_6297470776201743623_n

Студентите со новогодишни желби, бараат поддршка од Владата

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ упати новогодишни барања до Државниот студентски дом, Град Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и до Владата.Па така, од ДСД бараат да ангажираат пет психолози кои ќе нудат бесплатна психолошка помош за студентите сместени во државните домови во Скопје.Од Министерството за образование и наука бараат покачувањето на студентските стипендии да важи за сите студенти, не само за новите стипендисти, туку и за оние кои веќе земаат и ја продолжуваат својата стипендија.Дополнително, од УСС УКИМ бараат и враќање на правото на студентите од еднородителските семејства да плаќаат половина котизација за семестар на државен универзитет. Апелираат министерството да вложи во капитални проекти за подобрување на образовната инфраструктура. Во нивните барања до МОН се споменува и изработка на нов модел за финансирање на високото образование.Од Градот Скопје, пак, бараат да се отвори читалната на библиотеката „Браќа Миладиновци“ за да биде достапна постојано за студентите кои се подготвуваат за јануарската испитна сесија. Покрај ова, од градските надлежни бараат и реновирање и одржување на дворот на Техничкиот кампус факултети и на заедничкиот двор на Педагошкиот и Факултетот за ликовни уметности. Потсетуваат и на нивното претходно барање за обезбедување бесплатен јавен превоз за студентите од втор и трет циклус на студии.Од Министерството за здравство се надеваат на поддршка и помош за враќање на студентите на настава со физичко присуство.

Македонија | пред 4 години

IMG_20211230_104424

Стив Аоки се пофали со патиките од македонски дизајнер

Светскиот диџеј Стив Аоки се пофали дека ќе носи патики што за него ги дизајнира Сатја Грабулоски. Тој објави видео и ги покажа патиките на неговите следбеници.„Ова се патики ‘метазу аоки’ од моите пријатели. Пораката што ми ја испратија вели дека се рачно нацртани и дека за да ги направат патиките, потрошиле 107 часа. Фантастични се“, рече Аоки во видеото што го објави на инстаграм-стори.

Магазин | пред 4 години

mkc1

Директорот на МКЦ поднесе оставка

Директорот на Младинскиот културен центар, Русе Арсов денеска соопшти дека се повлекува од функцијата вршител на должност-директор на Јавната установа Младински културен центар.Во подолго соопштение до јавноста информира дека се одлучил на ваков чекор од здравствени причини, но го споменува и новогодишниот настап на Дино Мерлин 2020 година, откако вчера Антикорупциската комисија објави дека отвора предмет бидејќи МКЦ со организирање на прославата на плоштадот во Скопје, го прекршил Законот за јавни набавки.-По три ипол години, премногу љубов, страст и жар –не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција. Вчера беше претежок ден за сите нас. Најпрво од медиуми дознавме дека сме криминалци и дека има предлог за тоа да бидеме гонети. А потоа и дека наградата за успешното работење изминатиот период е претставена преку намалување на буџетот за програма за 50 %.Другари,Последните три и пол години МКЦ реализираше: најубави кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и најголемото кино на отворено со проекцијата на „Исцелител“ во Градски парк. Отворивме нова градска летна сцена во Паркот МКЦ, отворивме три графити и стрит арт галерии, а цртавме мурали и во Ибни Пајко. Ја поведовме иницијативата „Култура во време на корона“,која беше пример и поттик и за другите регионални метрополи, МКЦ стана членка на ФИАФ, стана членка на Лајвјуроп. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен J Секако ги реализравме фестивалите, МОТ, Синедејс, Здраво Млади... Ги реновиравме и тоалетите во МКЦ J Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани. Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска сцена… Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во Пошта…И да, паднавме на Дино Мерлин. Ох судбо клета!И додека ги градевме убавите работи, четири години континуирано се дружевме и со Финансиска полиција, и со јавно обвинителство, и со разни ревизии… Се вадеа документи, се уништуваа животи… а на крај едно по едно обвинувања завршуваа како неосновани.Затоа ДА, ве молам слободно затворете го веќе и овој предмет Дино Мерлин. Уверен сум дека нема никаков криминал ни таму, а од последниве години го научивме и гадното чувство на обвинување – па затоа, ајде ве молам.Денес се повлекувам само од функцијата Вршител на должност Директор. Но останувам во МКЦ, имам уште еден одличен повод за тоа – да помогнам заедно да го направиме јубилејот кој толку гордо го чекаме – 50 години МКЦ.За следниот Директор само да го охрабрам: Не грижи се, МКЦ не е загубар!МКЦ и покрај пандемијата, кога сериозно беа намалени приходите од влезници и производи, и кога сериозно беа намалени дотациите за режиските трошоци, успеа со максимум од своите можности да ја даде својата поддршка на целата независна сцена – и на крај повторно да ги плати сите свои сметки и да забележи позитивно финансико работење. Па така, во следната јубилејна година да пренесе сопствени средства во висина од 4.000.000 денари, и уште толку се’ уште ненаплатени побарувања. За оние кои раководат културни институции јасно им е дека ова е сума за почит, на што сме посебно горди.Ја користам оваа прилика, да им се заблагодарам на сите мои колеги кои и после сите притисоци успеаја да останат најголеми професионалци. Другари фала ви на доверба и поддршка!И бидејќи никогаш претходно не го направив ова, Фала и на сите соработници, гости и пријатели, кои јавно ја даваат својата поддршка на нашето работење, но и кои не потпаднаа на сите клевети, и лаги и гадости кои беа за мене и за нас како МКЦ јавно изнесувани, пишува Арсов во соопштението.

Скопје | пред 4 години

orce-kamcev

Камчев со влошена здравствена состојба, пренесен во Систина

Бизнисменот Орце Камчев, од вчера со дозвола на Основниот кривичен суд Скопје од затворот во Шутка е на прегледи во приватната болница Аџибадем Систина.Обвинетиот за Плацеви на Водно, Камчев, во средата попладне се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, му дозволил да биде префрлен на лекување во приватната болница Аџибадем Систина, пренесува „Слободен печат“.Инаку, од март годинава Камчев неколку пати бил на прегледи, но Кривичниот суд првпат дозволува тој да оди на прегледи во приватна болница во која е член на директорскиот одбор.Камчев бил задржан на дополнителни медицински анализи и процедури потребни за утврдување на неговата здравствена состојба која била оценета како влошена.

Македонија | пред 4 години

kalendar

Колку неработни денови ќе има во 2021 година

Во 2022 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, но два празника неработни во ист ден. Лани имаше пет продолжени празнични викенди, а во 2020 година шест.Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на божикните празници, кога неработен ден е 7 јануари, петок.Втор неработен ден што се спојува со викенд е 25 април (понеделник), вториот ден на христијанскиот празник Велигден. Продолжен викенд ќе има и за 1 мај, кој се паѓа в недела, поради што неработен ден е понеделник, 2 мај. На овој ден е и празникот Рамазан бајрам.Последниот продолжен празничен викенд е во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (сабота) Нова година, 24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, 2 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, и 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.Програма на неработни денови за 2022 годинаВо согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:За сите граѓани на РМ1 јануари (сабота), Нова година,7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден,25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,2 мај (понеделник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,2 август (вторник), Ден на Републиката,8 септември (четврток), Ден на независноста,11 октомври (вторник), Ден на народното востание,23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.За граѓаните од православна вероисповед6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,19 јануари (среда), Богојавление (Водици),22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,25 декември (недела), првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам,За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука, За граѓаните припадници на српската заедница во РМ27 јануари (четврток), Свети Сава,За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Македонија | пред 4 години

DSC_0105

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, со позитивни температури и со услови за појава на магла понекаде во котлините.Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 11 Целзиусови степени, Маврово 8, Охрид 11, Битола 8, Крива Паланка 9, Берово 10, Кавадарци 13, Дојран 15.Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот претежно сончево, на североистокот со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 18 степени.И в недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-28-at-08.38.50

Заврши времето на затворена општина, граѓаните мора да бидат на прво место, вели Стојкоски

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во предновогодишното интервју за Курир открива кои се плановите и планираните проекти за идната година. Се осврнува на досега реализираното во кусиот период кој го имаше по преземањето на функцијата. Нагласува, општината е отворена за граѓаните и нивните проблеми. Подетално во интервјуто во продолжение.Пред два месеци ја преземавте функцијата градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Кои проекти во овој период успеавте да ги реализирате?Стојкоски: Два месеци се релативно кратко време за значителни поместување, но со максимални напори успеавме да финализираме проекти кои ќе се реализираат во периодот што следува. Во крајна фаза е проектот во соработка со општина Ново Брдо од Косово за изградба на пречистителна станица во с.Орман што е капитален исчекор во животната средина и значително ќе придонесе за подобрување на состојбите во екологијата. Првата фаза треба да стартува во јануари. Потпишавме договор со Министерство за финансии за партерно уредување на локалитетот „Крст“ во с.Кучково-фаза 1 (Еко Училница) и за набавка на комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните општински средини со што Кучково ќе добие современ центар за рекреација и настава во природа.Заедно со Град Скопје конечно успеавме да го решиме деценискиот проблем во Ново Село-депонијата која темелно е исчистена. Планирано е овој простор дополнително да биде заграден и уреден со зеленило. Никогаш повеќе нема да дозволиме да се повтори сликата на натрупат смет во овој дел на Ѓорче Петров. Ја довршивме зелената зона на бул. „Македонска војска“, а подигнавме и нови 2.000 м2 зелени површини. Веднаш по доаѓањето на позицијата градоначалник испратив и барање до ресорното Министерство за изградба на градинка во Стопански двор. Немањето доволно капацитети за упис на деца во градинките е еден од посериозните проблеми со кои се соочуваме и се надевам ќе успееме преку нови капацитети и доградба на постоечките да ја намалиме листата на чекање. Имаме многу работа пред нас. Темпото ќе се засилува, и покрај скромниот буџет со кој располагаме и долговите кои ги наследивме и се надевам дека ќе оствариме значителен процент од она што сме го ветиле пред граѓаните. Верувам во капацитетот на мојот тим и уверен сум дека ќе постигнеме успеси по кои ќе бидеме препознатливи.За кратко време решивте еден од најгорливите проблеми на жителите, депонијата во Ново Село, а беше собран и над седум тони кабаст отпад од руралниот дел на општината. Ова, според вашите најави е само почеток. Што да очекуваат жителите на општина Ѓорче Петров во следниот период по прашањето на здрава животна средина и јавна чистота?Стојкоски: Да, депонијата дефинитивно беше рак-рана на моите сограѓани и никој претходно вистински не се заложи да го реши овој проблем кој ги „гушеше“ жителите на Ново село и околните места. Веднаш по моето преземање на градоначалничката функција депонијата е целосно исчистена и овој проблем е веќе минато. Сакам да истакнам дека ќе бидеме ригорозни и во однос на казните за неовластено депонирање на ова место и секаде каде што е забрането. Нема повеќе толерирање кога станува збор за здравјето на граѓаните. „Ѓорче без отпад“ е еден од проектите кои ги ветив и полека почнува да се реализира. Во овој сегмент спаѓа и пречистителната станица во Орман што веќе ја споменав. Во однос на животната средина и јавната чистота, во план се подигнување парк во секое маало и проекти за подигнување на свеста на заедницата за важноста од зеленило во кои ќе бидат вклучени повеќе страни. Желба ми е да го направиме централниот парк во Ѓорче Петров најмодерен во Скопје со поставување нови содржини и се надевам ќе успееме во тоа. Во оваа насока, во план е реализација на уште еден чекор – поставување над 600 корпи за отпадоци што значително ќе придонесе за намалување на сметот по улиците, а во фокусот е и менување на фасади на повеќе стари згради низ Ѓорче Петров со нови енергетски ефикасни и еколошки фасади. На сметка на поголемите проекти во екологијата нема да ги занемариме секојдневните обврски кои општината ги има за одржување на чистотата и животната средина.По повод Светскиот ден на детето кажавте дека сте се запрашале „Што можеме да промениме заедно во најдобар интерес на детето?“. Дали го најдовте одговорот на прашањето, какви проекти се предвидени за подобар живот и развој на децата во Општината?Стојкоски: Децата се смислата на животот. Можеме многу и посакувам значително поместување на состојбите кои ќе донесат подобро секојдневие за генерациите со кои треба да се гордееме. Секој ден треба да биде светски ден на детето и со сите сили и ресурси ќе се потрудам тоа да се остварува во мојот мандат. Образованието е една од гранките кои треба да претрпат највеќе промени на локално ниво, а училиштата се институции во кои децата го минуваат поголемиот дел од нивното време. Токму затоа, фокусот треба тука да ни се задржи. Во план е модернизација на сите училишта согласно ЕУ стандардите, стипендии за ученици, инвестиции во наставниот кадар кој исто така треба да се надоградува, реконструкција на училиштата и подобрување на инфраструктурата, бесплатен интернет, награди за истакнати ученици, реконструкција на училниците и уште неколку крупни чекори во образовната сфера. Поддршка на децата со посебни потреби во училиштата, исто така ми е особено важно и силно ќе се заложам во овој дел. Како родител и како градоначалник, свесен сум за неопходноста од квалитетен образовен процес што на долг рок дава успешни генерации. Затоа, уверен сум дека со посветена работа и со темпото со кое тргнавме за некое време со гордост ќе може да кажеме дека сме застапници на интересот на најмладите наши жители. Во делот на културата и забавата, пак, сакам да потенцирам дека културни и забавни содржини, нови детски игралишта и реквизити за децата ни се исто така на „мапата“ за следните четири години од мандатот. И сето тоа е во најдобар интерес исклучиво само за нашите деца.Одржувате средби со граѓаните секој последен четврток во месецот. Кои се најчестите проблеми кои ги посочуваат и какви се предлозите до Вас? Како се одвива активноста „детектираме, планираме, реализираме“?Стојкоски: Заврши времето на затворена општина. Граѓаните мора да бидат на прво место и додека сум јас градоначалник тие ќе имаат предност и ќе бидат добредојдени во општината. Веќе остварив средби со стотици граѓани. Внимателно ги слушам нивните идеи и иницијативи и сите што се остварливи ќе бидат земени в предвид. Но, граѓани доаѓаат и секојдневно и мене ми е мило да ги сослушам и да им помогнам. Најчесто ги мачат урбанистички проблеми. Како човек и доктор, емпатијата ми посебно нагласено чувство и јас лично се соживувам со сечиј проблем и ги преживувам во себе истите маки што сум ги слушнал од моите сограѓани. Но, упорноста е исто така дел од мојот карактер и со цела енергија што ја имам, многу често и по завршување на работното време се трудам да ги решам проблемите. Ако не детектираме, нема ниту да реализираме. Затоа продолжуваме со праксата на отворена општина уште по интензивно.Спортот и рекреацијата се едни од полињата на кои особено им посветувате внимание. Граѓаните се горди на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и на пливачот Андреј Стојаноски. Кои се идните планови за развој на професионалниот и рекреативниот спорт во Општина Ѓорче Петров?Стојкоски: Спортот од финансиски аспект е единствена ставка каде не намаливме средства од буџетот за 2022 година. Ѓорче Петров е јадро на успешни индивидуалци и спортски клубови со кои се гордееме. Така и ќе остане. Имаме сериозни планови за развој на спортот. Ќе продолжиме да ги поддржуваме овие категории во рамки на нашите можности, а веќе стартувавме со училишните спортски лиги кои ги поддржуваме технички и финансиски. Особено е важно децата да спортуваат заради нивниот правилен психофизички развој и тука ќе вложам максимални напори. Остануваат во план стипендиите за млади таленти и финансиска поддршка на спортските клубови, проектот „спортско рекреативен центар – Хром“ со повеќе содржини, проектот „атлетска трка Ѓорче трча“ со цел поддршка на масовниот спорт, субвенции за велосипеди и реконструкција на спортските терени во рамки на училиштата, терен за кошарка во секое маало…. итн. Добро сте процениле. Спортот останува едно од полињата каде ќе се посветува посебно внимание.Кои се приоритетите и планираните активности на Општината за идната година?Стојкоски: Програмите за работа на секторите се пред советниците за гласање. Очекувам дека со мојата администрација ќе успееме заеднички да ги надминеме финансиските пречки кои ги наследивме и да оствариме дел од проектите. Пред нас се сериозни чекори за годината што доаѓа. Партерно уредување на локалитетот „Крст“, изградба на атмосферска канализација на ул.„Радушка“ во должина од 1.115 метри, изградбата на пречистителната станица во с.Орман и старт на изградба на нова градинка со капацитет за 120 деца во Ново село се дел од приоритетните планирани активности.Вашата новогодишна порака/честитка до жителите на Општина Ѓорче Петров е?Стојкоски: На моите сограѓани им посакувам пред се добро здравје, благосостојба во домовите, да се среќни и успешни. Им ги честитам претстојните празници и посакувам заедно да успееме во наредните четири години да го направиме Ѓорче Петров како што го замисливме – модерно, урбано и хумано. Моите ѓорчепетровци ми беа главниот мотив да се кандидирам за градоначалник и точно знам со кои проблеми се соочуваат. Успехот е резултат на правилен избор. Ве повикувам заедно да успееме и да ги избереме правилните приоритети кои ќе бидат наша водилка во годините што доаѓаат.

Скопје | пред 4 години

119735084_101463265050876_5337377254707244280_n

Стопиран планот за Расадник во Кисела Вода

СТОП ЗА УРБАНАТА МАФИЈА! Ги вадиме од фиока сите важечки урбанистички планови и транспарентно ги објавуваме на увид на граѓаните! Стопиран е и планот за Расадник, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.„Во изборната програма за ,,Обнова на Кисела Вода", еден од носечките проекти за кои граѓаните масовно ми ја дадоа поддршката е проектот "Стоп за урбаната мафија".Денес, два месеци по моето назначување за градоначалник, тука сме за да ја презентираме реализацијата на првиот дел од проектот, а тоа е вадење од фиока на СИТЕ ВАЖЕЧКИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ и нивно ТРАНСПАРЕНТНО ОБЈАВУВАЊЕ на УВИД на граѓаните!Транспарентноста е најсилното оружје во борбата против криминалот и корупцијата во нашето општество.Во општина Кисела Вода има точно 53 важечки Урбанистички планови, а заклучно до моето преземање на функцијата градоначалник, на општинскиот ГИС портал беа објавени само 20.Во изминативе 60 дена, извадивме од фиока 33 урбанистички планови, ги дигитализиравме и јавно ги објавивме на веб страната на општината https://gis.kiselavoda.gov.mk/gis-preglednik/.Од денес, сите граѓани на Кисела Вода можат да пристапат на веб страната на општината и да направат увид во секој план, можат да направат увид во сопствената градежна парцела и да проверат што на тоа место е предвидено да се гради!Почитувани граѓани,за да ја запреме урбаната мафија, потребна ми е и вашата помош.Ве повикувам сите да направите увид во Урбанистички планови и сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена.Образецот на кој може да ги наведете вашите предлози е достапен на веб страната, како и во архивата на општината. Пополнетиот Образец може да ни го доставите на емаил адресата revizijadup@kiselavoda.gov.mk, или во архивата во седиштето на општината.Сите поднесени барања ќе бидат разгледани од Комисијата за Урбанизам на Општина Кисела Вода, како и од Партиципативното тело на граѓаните на Кисела Вода и по истите ќе се поведат конкретни постапки согласно законските прописи.Кисела Вода мора да биде општина каде што граѓаните ќе одлучуваат за Урбанистичките планови, а не урбаната мафија.Сакам да ја искористам оваа конференција и да потсетам дека рокот за пријавување во Партиципативното тело истекува на 15 јануари 2022 година, и сакам да упатам апел до граѓаните, до невладините oрганизации и стручната јавност да се пријават во работата на ова тело и да ни се приклучат во борбата против урбаната мафија.Дополнително, сакам да ве информирам и дека во рамки на овој проект, кој го насловивме Стоп за урбаната мафија, е започната ревизија на 34 плана кои беа во различни фази на донесување.Така, во предлогот на Деталниот урбанистички План за Градска Четврт Ј 20 блок 3 или План за дел од Црниче, се констатира дека околу чешмата Света Петка кај народот позната како Балаклија, во зеленилото биле предвидени 5 градежни парцели со намена станбени куќи со висина од 10.20 метри. Планот е стопиран градежните парцели во зеленилото се бришат, а по празниците ќе биде спроведена јавна презентација, а потоа и нова транспарентна Јавна Анкета на која граѓаните ќе можат да ги дадат своите забелешки и сугестии.Исто така во Деталниот Урбанистички План Ј 15 блок 4 или План за дел од Припор се констатира дека спротивно на Генералниот Урбанистички план предвидени се станбени згради со А2 намена со огромни бруто развиени површини, а за сметка на нив на постојните куќи во Припор не им се дава можност за никаков развој. Како и Планот за Црниче, и овој План е стопиран и во Буџетот за 2022 година се предвидени средства за изработка на ДУП за цела населба Припор.👉 Стопиран е и планот за Расадник.Во истиот Комисијата констатира дека има 99 нови згради, па согласно барањата на граѓаните, заклучно со февруари, ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот Детален Урбанистички План за Расадник.Почитувани,Жалосно е што Кисела Вода како општина беше прва на удар на градежната мафија. Уште повеќе, жалосно е што претходната локална власт била дел од таа градежна мафија и шурувала со нејзе, била нејзина поддршка во општината. Од денот на преземање на општината, увидовме многу грешки и неправилности во постапки на веќе реализирани проекти. Увидовме проекти каде што луѓе граделе без дозволи, само затоа што некому дале мито и резултатот на тие градби беше рушење. Ги срушивме и ќе продолжиме и понатаму да рушиме диви градби. А тие што давале мито, ги упатувавме да пријават во полиција ако сакаат да бараат некоја правда, бидејќи кај мене владеат само законите.Принципите ќе важат за сите исто и ниту една закана нема да ме спречи во намерите да ја поставиме општината врз база на чесни намери, закони и принципи.Се обврзав пред граѓаните дека Кисела Вода ќе биде транспарентна општина каде што се почитуваат законите. Се обврзав дека граѓаните ќе го имаат главниот збор во креирањето на ликот на општината. Овој проект чиј резултати денес ги презентираме е само вовед во четиригодишниот период на менување на начинот на работа, а со тоа и на имиџот и ликот на Кисела Вода“, вели тој.

Скопје | пред 4 години

Bislimovski

Бислимовски го објави поскапувањето на струјата

На прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика, Директорот Марко Бислимовски го објави поскапувањето на струјата, така што цената за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти и се укинува дневната евтина тарифа. Останува ноќната евтина тарифа и евтината тарифа во недела. Според него, ако не се укинела дневната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти.„Ова е една од најтешките одлуки кои ги донела Регулаторната комисија од своето постоење. Барањата на компаниите до Регулаторна беа цената да се зголеми за околу 38 отсто. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме трошоци и Владата презема обврска да им помогне на компаниите во наредниот период“, рече Бислимовски.

Македонија | пред 4 години

268712274_465525018503888_3565816278959702613_n

Поднесено обвинение против дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 14 ноември, при претрес во домот на обвинетиот 39-годишен скопјанец во Бутел, беа пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот беше пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.​

Скопје | пред 4 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Грција воведува нови мерки

Грција денеска воведува нови ограничувања за спречување на коронавирусот во угостителскиот сектор.Со новите мерки, баровите, ноќните клубови и рестораните ќе можат да работат до полноќ, но без музика, освен за новогодишната ноќ, кога ќе можат да работат до два часот по полноќ.Според Ројтерс, одлуката е донесена еден ден откако грчките власти објавија нов дневен рекорд од 21.657 случаи.– Овие мерки доколку стриктно се применат ќе ни овозможат од средината на јануари да се вратиме во нормален живот – рече на прес-конференцијата министерот за здравство Танос Плеврис.Од минатата недела во земјава се забранети сите прослави на божиќните и новогодишните празници на јавни места, а воведено е и задолжително носење маски на отворено.

Скопје | пред 4 години

apelacija-za-obvinitelstvo-z-aorganiziran-kriminal

Судија дошол болен за да се донесе ослободителната одлука за Мијалков

Апелационен судија кој бил дел од трочлениот кривичен судски совет кој што по вторпат го укина притворот, вчера го прекинал боледувањето за да земе учество во работата на советот, пренесе Телма.Судијата бил и дел од советот кој минатата недела донесе иста таква одлука.Од скопска Апелација за трлрвизијата потврдија дека судијата по електронска пошта на 23-ти ноември (ден по првата одлука за укинување на притворот) го известил судот и надредените дека има висока температура и затоа матичниот лекар му отворил боледување на неопределено време.Но вчера апелациониот судија се вратил во судот и пријавил дека го прекинал боледувањето поради тоа што проценил дека здравствената состојба му е подобрена

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања