ТОП

mijalkov-1

Сепак Мијалков останува во притвор

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организирал криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство. Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Македонија | пред 4 години

Siljanovska-Davkova-24.02

Силјановска: Како пратеничка се уште не сум ја видела оставката

Интегрален текст од изјава за медиуми – Гордана Силјановска - Давкова, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани,Прво морам да кажам дека како пратеничка се уште не сум ја видела оставката, всушност ја видов ама на телевизија.Според членот 219, претседателот на Собранието претпоставувам велите вие дека ја примил оставката треба веднаш да ја достави до пратениците. Зошто? Затоа што на првата наредна седница оставката треба да се констатира.Вашето прашање значи дека одговорноста е за локалните избори, видете во расчекор сум со мислите до вчера јас на сите емисии дури и самата бев прашувана од новинари зошто ги мешате локалните избори со парламентарните избори, се работи за сосема различни избори. Ама се чини дека конечно после долгото чекање еве чувме бидејќи се уште не сме ја виделе оставката.Зошто сум јас овде? Јас не знам, значи утре ако се закаже седница ќе ја констатираме но сакам да укажам на еден друг проблем за кој што мислам дека е актуелен, имено во членот 93 во ставот 5 јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка во случајот наш, или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада.Значи во правото постои институтот Влада во оставка. И Владата во оставка е Влада која што има одговорност. И јас сега укажувам на еден чуден феномен. Имено, од 24-ти јуни ние не сме имале пратенички прашања што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните. Според Деловникот односно одредбата во Деловникот вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот.Пратеничките прашања пред да се случат се предмет на разговор меѓу координаторите и претседателот на Собранието. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не информира дека се договориле со претседателот на Собранието пратенички прашања да има утре, односно овој четврток. Зошто? Зошто инаку би требало да имаме пратенички прашања на 30-ти декември.Затоа ве собравме овде за да ви кажеме дека би сакале утре иако на утрешната седница би гледам дека има дури четири точки, ако е договорено за пратенички прашања тоа е крајно невообичаено бидејќи седницата што е за пратенички прашања треба да се однесува само на пратеничките прашања.Значи сакаме да кажеме дека не се откажуваме од уставно загарантираното право на пратенички прашања. Само уште една напомена. Ние сме непознат феномен во поглед на пратеничките прашања за што јас одговорно тврдам дека не само што нема земја во ЕУ, туку и во Европа во која пратенички прашања се поставуваат еднаш во месецот. Најчестиот пример е еднаш во неделата, а постојат и држави далеку сме ние од нив, како Британија каде што секој ден има пратенички прашања или секоја седница почнува со пратенички прашања, а еден ден одговара премиерот на пратенички прашања. Зошто? Бидејќи пратеничките прашања не се креација апстрактна на пратениците, туку соодветствуваат на интересите и потребите на граѓаните. Значи на пример ако во Република Ирска годишно се поставуваат верувале или не околу 25 илјади пратенички прашања, а во Франција 5.400 кај нас помнежете 10 месеци по 20-тина пратенички прашања во просек оти не стигнуваме повеќе од 8 до 10 пратеници тоа би биле помалку од 250 пратеници. Тој институт question time време за прашање е светински труд, но кај нас со месеци не постои. Значи потсетуваме дека сакаме да има седница за пратенички прашања.И уште еден интересен феномен реков дали 8 до 10 пратеници успеваат да постават прашање, а обично има по 15-16 кандидати. Замислете за различни прашања остануваме долго во ноќта овде па дури и во утринските часови, ама за пратенички прашања многу пати сум велела па зошто да не останеме по 18 часот за да ги удостоиме граѓаните. Меѓутоа одговорот бил Деловникот предвидува дека работата трае до 18 часот. Значи мислам дека асе работи за важно прашање на демократијата кое се вика пратенички прашања и дека и премиерот во оставка и министрите во оставка и Владата во оставка се должни се до изборот на новата Влада да одговорат на горливите прашања на граѓаните поставени преку нас.Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 години

Ljupco-Nikolovski

Николовски против ослободувањето на Мијалков: Олуката е скандалозна

Љупчо Николовски вели дека одлуката за укинување на мерката притвор за Мијалков е скандалозна.„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков е скандалозна и ја поткопува довербата во судскиот систем кој треба да испорачува правда за сите.Јавноста има право да знае врз која основа судиите ја донеле оваа одлука за лице за кое има изречено првостепена пресуда со казна затвор од 20 години за тешки кривични дела.Токму ваквите судски пресуди го разнишуваат интегритетот на судството и се дополнителен аргумент за потребата од Закон за потекло на имот“, вели Николовски.

Коментари | пред 4 години

Zvonko-Davidovik-

Адвокатот на Мијалков тврди дека нема да се даде во бегство

Звонко Давидовиќ, адвокатот на Сашо Мијалков тврди дека Мијалков нема да се даде во бегство бидејќи дал огромна и досега невидена гаранција.-Конечно заживување на европска вредност, искоментира адвокатот Давидовиќ, во изјава за Телма.Исто така како основа за пуштањето Давидовиќ го спомна и извештајот на Прибе кој пак правеше контрола на УБК и го потенцираше нелегалното прислушување извршено во време на директорскиот мандат на Мијалков.

Македонија | пред 4 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Апелација го ослободи Мијалков од притвор

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата во имот на поранешниот шеф на УБК, но му го одзеде пасошот и има обврска да се јавува во судот.Поранешниот директор на УБК,Сашо Мијалков, излегува од притвор откако судот ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра. Мијалков од 26 февруари е во притвор во Затворот Скопје. Тој неправосилно беше осуден на осум години затвор заслучајот „Трезор“, за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК. Првостепена пресуда од 12 години затвор има и за случајот „Таргет – Тврдина“ за нелегалното прислушување, а во тек се и неколку други предмети за коишто е обвинет.Тој ќе биде пуштен на слобода откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра. Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата во имот.Поранешниот прв човек на тајната служба ќе излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција. За да се спречи бегство, судиите му определиле мерки на претпазливост, со коишто ќе му биде одземен пасошот и има обврска да се јавува во судот.

Македонија | пред 4 години

filipce-venko

Во болниците нема многу пацинети заболени од коронавирус, а нема ниту нови рестрикции

Нема дополнителни рестриктивни мерки поради новиот Омакрон сој на коронавирусот. Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, смета дека опфатот на вакцинацијата е висок, иако веќе нема голем интерес. Тој кажа дека дел од ковид центрите се затвораат, а болниците се растеретени.„Не можеме да предвидиме дали нова варијанта на вирусот ќе придонесе да се влоши ситуацијата. Сега илегуваат дека значајно се зголемува ефикасноста против омакрон вирусот, кога се прима бустер дозата“, кажа Филипче.Собири на јавни места за Нова година има секаде, вели Филипче, поради тоа, нема потреба само за дочекот да се воведат рестрикции

Македонија | пред 4 години

krmov

Пратениците Апасиев и Крмов ќе го бојкотираат обраќањето на претседателот Пендаровски

„Ја известуваме македонската јавност дека двајцата пратеници на политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да учествуваат на парламентарната 56-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно обраќање на претседателот на Републиката – г. Стево Пендаровски. Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кои ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека човекот кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност“, соопштија од Левица.„Пендаровски, познат по својот некреативен дрвен евро-атлантски новоговор и апологет на сервилниот и невизионерски НАТОфундаментализам, никогаш не бил и нема да биде вистински и обединувачки „Татко на нацијата“. Како приврзок на поразената политичка философија и практика на заевизмот, како највисок стадиум на интернационалното вазалство и националното понижување на Македонците, неговото заминување од политичката сцена ќе биде катарза за нов почеток во водењето на современа, достоинствена и мултиполарна државничка надворешна политика, креирана од новата генерација храбри македонски политичари. Да живее слободна и суверена Република Македонија!“, додадоа тие.

Македонија | пред 4 години

POZHAR-uLITSI-I-PATISHTA

ВИДЕО: Се запалија канцелариите на ЈП Улици и патишта

Во текот на минатата ноќ, бараките на ЈП Улици и патишта Скопје изгореа во пожар, а целата документација на претпријатието е уништена, објави „МКД“.Во моментов, пожарот уште не е целосно изгаснат и на терен се возила на Пожарната бригада на Град Скопје.За среќа, нема жртви, ни повредени, бидејќи пожарот ја опфатил бараката во текот на ноќта, кога во неа немало никого.Причините за пожарот засега не се познати.

Скопје | пред 4 години

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Потресно сведоштво на родилка во тетовската болница: Била на раб да фати сепса, ја лечеле со чај од рузмарин и нане

Дона Неделковска на социјалните мрежи објави статус во кој ја раскажува својата голгота во како што вели озогласената болница во Тетово.Текстот Ви го пренесуваме во целост:„1ви Јули, 2021. Локација, озогласената болница во Тетово. Закажан царски рез во 7 наутро. Страв, возбуда, не ни сонував каков хорор следи.Спинална анестезија, јас будна, пратам што се случува цело време. Бебето го извадија за кратко, го слушнав како плаче и веднаш го однесоа. Очекував да ме сошијат, и крај. Ама не. Слушам дека нешто не им оди како што треба. Слушам дека никако не можат да го сопрат крварењето. Се вртам лево од мене гледам цел куп гази со моја крв, почнува да ми се врти и да ми се стемнува и плачам ги молам да ме спасат да не искрварам. Слушам како трчаат и носат кеси крв од трансфузиологија. Ја молев една од сестрите да ме држи за рака, да не се чувствувам толку осамено и исплашено, да ми даде малце утеха. Го молев анестезиологот да ме утеши дека се ќе биде добро. Ги молев сите присутни да ми кажат нешто позитивно, добра вест. Три часа. Хоророт траеше цели три часа и јас цело време бев будна и цел живот ми помина пред очи. После три часа, слушнав „ајде веќе затворај ја не крвари веќе”.Јас во полусвест, немам веќе сила, ама не сакам да заспијам.Ме однесоа во шок-соба, каде тазе родилки влегуваа и излегуваа ден по ден, а јас бев во истиот кревет без никаков напредок, не смеев да јадам, не смеев да пијам. Зошто, немав одговор. Следното утро почна уште поголемиот хорор. Почнав да повраќам на секои 30 минути. Плачев, исплашена, ги прашував зошто повраќам, што ми се случува, сестрите ми велеа „од анестезијата е, нормално е”. Трет ден. Јас се послаба и послаба, сеуште повраќам, ама воедно и стомакот ми станува тврд, целиот со грутки. Барам помош, барам одговори. Имам студирано на медицински факултет и знаев дека нешто лошо ми се случува, ама се чудев како толку доктори и сестри околу мене, кои тврдат дека не ми е ништо, дека цревата ми се мрзеливи, дека имам ГАСТРИТИС (да, драга докторке, сеуште ги чувам СМС пораките каде ме тешиш дека имам гастритис, дека ќе ми помине).Не ми беше ништо? Се извинувам на читателите за тоа што следно ќе го прочитате, но има еден израз во медицината, се вика мизeрере. Тоа е кога цревата не работаат, и измет излегува низ уста. Повраќав фекалии. Доктори ме гледаа и ми кажуваа дека не ми е ништо, дека имам гастритис. Драгата докторка задолжена за царскиот ми даваше билни чаеви и ми ставаше врели шишиња на стомак. Докторке, доколку читаш, а читаш, од СЕ ИМАМ СЛИКИ. Бев слаба, ама се борев. Знаев што ми се случува и знаев дека ќе ми требаат докази.Четврти ден. Ситуацијата уште полоша. Молам за помош и конечно некој се смилува да викнат некој постручен и да ми стават назогастрчна сонда (црево од нос во желудник) за да ја испрзнат содржината од желудникот и да се чека цревата да се нормализираат. Преку таа сонда ми извадија цели 5 литри течност од желудникот. Итно рентген - со количка, тогаш веќе не бев способна ниту да се движам. Инфузии, лекови, немаше вена која не ми беше боцната. Веќе почнав да гледам страв и кај нив. Мајка ми, сопругот, цела фамилија и другари на нозе, трчаат бараат спас, молат да ме пратат во Скопје.Ама и покрај се, ме држеа уште една вечер. Ми рекоа многу си нервозна, ќе ти дадеме дијазепам за да спиеш, не ти е ништо.Таа вечер го молев Господ да го дочекам утрото. Знаев дека спас ме чека во Скопје. Ама таа вечер, не бев сигурна дека ќе издржам до следното утро. Ама се молев. И издржав.Следното утре итно ме пратија во Скопје со возило од брза помош, и драгата докторка не испрати со зборовите „ако не ја примат во Скопје, не ми ја враќајте тука, немам што да и правам”. Како спиеш навечер “ДОКТОРКЕ”?5ти јули. Ме примија во Скопје, веќе во полусвесна состојба. Итно снимање, итно инфузии и на крај, итна операција.Се разбудив следниот ден, со огромна рана на абдоменот и не знаев што се случило. Ми кажаа дека ми е извршена хистеректомија т.е. отстранување на матката, бидејќи била некротизирана т.е. СКАПАНА.Да, во Тетово цели 5 дена ме чувале со некроза на матка, на раб на сепса, ме лечеа со чај од нане и рузмарин. Само Господ и двајцата доктори од Скопје кои ме оперираа ме спасија и се причина зошто сум сега тука и го пишувам ова и моето дете има мајка.Не сакам да ги именувам, ако прочитаат знаат кои се, и сакам да им кажам на двајцата и на цел тим од абдоминална хирургија и хирургот од ГАК дека сум ви вечно благодарна.Бебето за прв пат си го видов после 12 дена, излегов од болница 15кг послаба, со хематом на секоја вена, со две огромни лузни на стомак, не можев да се движам сама, не можев да се бањам сама, не можев ништо, ама помина.Ми требаше време да бидам спремна да зборувам на оваа тема и додека го пишував текстов требаше да преживеам се одново и чувствувам мачнина, можеби имам и грешки во континуитет, ама помина доста време и многу работи ги потиснав и закопав длабоко. Ама мораше да излезе од мене.Со овој текст ставам крај на оваа приказна и го почнувам процесот на заборавање на оваа траума.И да, внимавајте пред да изберете доктор, распрашајте се 100 пати ако треба, за да избегнете ваква голгота“, напиша таа.

Коментари | пред 4 години

268918612_3122456524744261_6922829488323351215_n

ФОТО: Експлодираше возилото на претседателот на македонската Стопанска комора за енергетика

Експлозија во возилото во кое се возеше Претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков со сопатник, сее случила вчеравечер. Според информациите, ова се десило доцна во ноќта кај обиколницата Визбегово, спрема Скопје север.„Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, но не успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до ,,темел,, за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи“, објавија од Стопанската Комора за Енергетика на Македонија.

Македонија | пред 4 години

Tasevska

Апасиев: Не ја знам колегињицава со кружниве обетки, пренесете да не шири лаги на пресови

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи објави демант во кој вели дека гласал „за“ носење на измените во Законот за работни односи.„Не ја знам колегињицава-пратеничка со кружниве обетки, ама дај пренесете им на спинериве од СДС на Нашата Земја, дека не ги личи да шират лаги на пресови, кои лесно можат да се проверат и побијат.Вчера, лично и персонално, своерачно и со зелен картон, во Собранието на Република Македонија - гласав ЗА носење на измените во Законот за работни односи, со кој се фиксира недела за неработен ден“, пишува Апасиев.

Македонија | пред 4 години

most-mihajlo-apostolski-750x430-1

Данела ќе го гради мостот, каде рибарите ќе ловат риба

Мостот кој треба да поврзува три општини, Аеродром, Гази Баба и Центар – истиот како таков е впишан во параметрите на моментално важечкиот ГУП. Тоа за дел од стручната фела на урбанисти, планери и архитекти значи дека е неминовна неговата изградба, објави ТВ24.Според професорот и архитект, Мишко Ралев мостот како инфраструктурен објект е анализирана потреба и неспорен овозможувајќи на градот флексибилност и ефикасност во поглед на сообраќајот.– Затоа што градот сам по себе претставува супер систем од интегрирани потсистеми. Сообраќајот тука е битен дел од тој суперсистем за функционирање на градот. Со тоа што мора да биде ставен во некаква интегрирана целина. Градот не е гринфилд простор па можеме да калкулираме односно да се пропуштиме на идеални состојби, туку градот е во постојан развој – постојано менување – вели професорот и архитект, Мишко Ралев.Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, за ТВ24 велат дека и покрај имотно-правните проблеми врзани при изградбата на мостот, истиот ќе се заврши како проект.– Планот на Градот Скопје е изградбата на овој проект да се заврши, поради што ќе се продолжи со разрешување на имотно-правните предмети и спорови со цел реализација на проектот. За жал, овој проект претходниот градоначалник го отпочнал без да има чиста состојба, односно нерешени се околу стотина имотно-правни предмети. Поради неодговорната работа на претходното раководство на градот, за изградба на овој мост, ќе бидат потребни повеќе години за негово поврзување, бидејќи почнал да се гради без обезбедено решение како би се завршил целиот проект – велат од кабинетот на Арсовска за ТВ24.

Скопје | пред 4 години

makraduli

Се кае ли Макрадули што стана директор

Генералниот директор на Македонска Пошта Јани Макрадули, на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека подобро е да си неактивен ида ги гледаш работите од страна.„Испаѓа дека предност стана, и е подобро, да си неактивен и да ги гледаш работите од страна, од комфорна позиција“, пишува Макрадули

Коментари | пред 4 години

52058366_303

На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат, вели Турунџиева

Водителката Сузана Туруџиева реагираше на социјалнитр мрежи, откако изминатиот период се појавија низа на наредливи коментари на сметка на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”.„И ја скршија радоста на женатаНа сите кои што се дрзнале да ја навредуваат Атиџе им посакувам со толку пари колку што живее Атиџе во месецот, и тие со толку да преживуваат... и тоа до крај на нивниот мизерен живот!Дека јас одамна имам отрпнато и не ме засегаат коментари од несреќни, фрустрирани и нереализирани лоши човечки примероци па и не ме допира кој што "тресе" по порталите, верувајте навистина не ме допира. Само ме мотивира уште повеќе! Ама дека за една чиста и невина скромна душа како Атиџе ќе плукаат, вреѓаат и колнат, немаше никогаш да поверувам. На Атиџе најдоа да и завидуваат и да ја навредуваат!!! Болна е оваа средина... мнооогу болна! Безнадежно болна!Да се засрамат сите до еден и да се молат Бог да им прости за сите гревови во кои влегле.А за сите нивни клевети, навреди и нарушување на углед, ќе одговараат соодветно законот!Сигурна сум дека ова Атиџе ќе ја направи посилна, а јас и натаму ќе бидам до неа, ќе ја заштитувам и ќе и помагам онака како што го правев тоа и досега....“, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2021-12-21-170657

Славија ја продаваат колку за два стана, а реално чини 13,5 милиони евра, вели Николоски

Очигледно освен да грабаат државен имот овие од СДСМ друго и не знаат. На локалниве избори се случи и нешто друго. Децата на оние кои настрадаа од транзицијата ги победијата децата на транзициските богаташи особено во Скопје, слично беше и во Битола. Сега народот ги поддржа децата кои настрадаа. Тоа е големо мнозинство, тоа се над 300 илјади луѓе. И сега од она што остана неукрадено, останати се малку и тука е познатата Славија која се обидуваат да ја раскрчмат и да ја продадт на близок и се шпелулира со имиња на лица од еден град од Источна Македонија, да не речам Струмица, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.Тој посочи дека станува збор за брутална пљачка или 51 евро за акција или вкупно за 218 илјади евра се продава цела фирма.„И ова е во услови кога фирмата има значаен капитал, има управна зграда која ако земеме по 500 евра метар квадратен чини 7,5 милиони евра или само управната со магацините 13,5 милиони по пазарна цена. Тоа е вообичаено за нив, владата пред заминување на СДСМ сака да разграби имот. Но, да најавам ревизија и мој совет до Владата е да ја поништи продажбата да се зачува дежавниот имот, а до Агенцијата за конфуискување имот да го сопре ова затоа што ќе одговараат кривично“, рече Николоски.Николоски укажа дека Славија практично се продава колку за два стана.„Од кирија Славија според проценките приходува некаде 52 милиони денари или 800 и кусур илјади евра, тој што ќе ја купи ќе ќари од 600 илјди евра плус има 30 вработени кои ќе останат на улица и има 2000 поранешни вработени кои до крај не можат да го земат платите“, вели Николоски.Затоа, заклучи тој, мој совет е да се поништи продажбата на Славија.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања