ТОП

lazarov

Д-р Лазаров: Веќе сме колабирани

Матичниот лекар, д-р Ненад Лазаров преку својот Фејсбук упати неколку препораки со цел да се заштитат граѓаните од ширењето на новиот сој на ковид 19 омикрон.„1. Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата2. Се шири АЕРОГЕНО и десетици пати поуспешно од претходните варијанти3. Најзаштитена категорија се луѓето со 3 дози на вакцина4. За тежина на болест е рано да се зборува, најверојатно е полесна слика но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразен повторно ќе генерираат огромен број хоспитализации5. Ако го видиме сценариото кое се моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе колабира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме колабирани.Без редовно секвенционирање и со вакво мизерно несериозно тестирање ние немаме поим што всушност се случува на терен. За ова Филипче вечно ќе сме ти благодарни!Она што сигурно ќе ни помогне е следното:1.Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хируршки маски, шалови, бандани и др. мандани.2. Веднаш да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено3.Децата на распуст продолжен и онлајн настава додека не ни стане јасна ситуацијата3. Секој невакциниран да се вакцинира вчера, за медицинари треба да биде задолжителна и трета доза!Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош!, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Помилувања мора да има, вели Пендаровски

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска за медиумите изјави дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак 2 се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2-ви август.„Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден. Сосема е независно какви се претходните одлуки на Управата на затворот, што предлагаат тие… Не зависно што предлага Министерството за правда и не зависно што предлага мојата комисија во Кабинетот – јас можам да одлучам како сакам! Можам да прифатам, а можам и да одбијам“, порача Пендаровски.Министерството за правда информира дека оваа година нема да проследи предлог за новогодишни групни помилувања на осудени лица односно дека листата целосно се поништува. Како што информира во соопштение до медиумите, оваа одлука ја донело по консултација со Управата за извршување на санкциите.

Македонија | пред 4 години

Husni-Ismaili-15

ДКСК бара поранешниот министер Исмаили да се гони кривично

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство е поднесена иницијативата за понатамошно постапување за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.Членот на ДКСК Владимир Георгиев, појасни дека посочениот министер постапувал спротивно на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети за 2020 година со тоа што во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.– Со Законот за буџети се предвидува дека буџетските корисници не смеат да преземаат обврски кои пристигнуваат во тековната година или се направат расходи над одобрените средства од буџетот. Со член 4 од Законот за извршување на буџетот за 2020 година се наведува дека буџетските корисници и единки не смеат да преземаат обврски или да направат расходи над лимитот над одобрените средства од Буџетот. Според член 37а за извршување на буџетот на буџетскиот корисник е одговорен раководителот на буџетскиот корнисник. Врз основа на ова прекршување, ние ја подготвивме иницијативата и веќе е доставена до ОЈО за понатамошно постапување, изјави Георгиев.Претходно, ДКСК информираше дека по разгледување на целокупната документација за овој случај, било констатирано дека во текот на февруари 2020 година од страна на стручните комисии формирани во Министерството за култура, биле донесени решенија со кои се одобрени средства за финансирање на три програми во висина од околу 196 милиони денари или над 3 милиони и 100 илјади евра за 684 проекти, додека оваа институција имала на располагање само 136 милиони денари за да ги финансира овие три програми.Според ова, во февруари 2020 кога биле склучени овие 684 проекти биле преземени обврски во висина од над 60 милиони денари над буџетски обезбедените средства за 2020 година, што пак упатуваат дека раководното лице во Министерството за култура си преземало обврски надвор од расположливите средства со Буџетот, што е забрането и казниво.Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.

Македонија | пред 4 години

Nindza

На Нинџа му е ветено помилување за сведочењето, поради кое луѓе се осудени на над 200 години затвор, вели Мицскоки

Калкулантско е поднесеното па повлечено барање за помилување од претседателот на државата, Стево Пендаровски на кое се најде и Александар Василевски – Нинџа, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски.Тој, ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање запрашан како го оценува поднесеното па повлечено барање за амнестија за Нинџа, при посетата на извршувањето на градежни активности во општина Кочани, при што потенцираше дека тоа доаѓа како резултата на она што му ветиле поради неговото сведочење за настаните од 27 април, поради кое што сведочење луѓе се осудени на над 200 години затворски казни.„Калкулантски, затоа што едноставна е ситуацијата, знаете за сведочењето на тоа лице. Како резултат на тоа сведочење се изрекоа казна во висина од повеќе од 200 години и нормално на крај доаѓа, она кое што му е ветено за тоа сведочење. А, тоа е ова помилување, односно барање, па сега повлекување, и сега веќе не знаеме статусот каков е“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека токму поради вакви слични случаеви Македонија се наоѓа на 111-то место на Транспаренски Интернешнл за борба против корупцијата, затоа немаме ниту странски инвестиции, а ниту ни правна држава.„Е затоа че бидеме 111-ти ан транспарентност интернационал и затоа нема да имаме странски инвеститори, затоа граѓаните нема да веруваат во правната држава, затоа немаме владеење на право и затоа криминалците ќе владеат со Македонија, наместо народот да владее со Македонија“, рече Мицкоски.Токму поради ова, посочи Мицкоски, потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на овие порази и во Македонија да почне нова ера на градење на заедничкиот патриотизам.„Ќе повторам, потребни се предвремени избори за да ставиме крај на овие порази, за да почнеме втора епоха, за да почнеме нова иднина и за да го градиме заедничкиот патриотизам. Затоа велиме, ајде да излеземе на избори. Нема потреба да се плашат, ако народот навистина ги сака и овој новиот мандатар, наместо да чвуствува фрустрација и комплекс со тоа што неговиот прв впечаток беше да му се поклонува на Заев, да излезе пред граѓаните на избори, па заеднички граѓаните нека оценат која платформа и која политика треба да ја добие нивната доверба“, објасни Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-21-170657

Вработените на „Славија“ бараат помош од ДКСК

Вработените во АД „Славија“ Скопје стравуваат за своите работни места и се против одлуката на Владата некогашниот гигант да го стави на аукциска продажба по почетна цена од 218 илјади евра.Тие бараат случајот да го испита Државната комисија за спречување корупција, Народниот правобранител и вицепремиерот за борба против корупција.Преку писмо до медиумите истакнаа дека за продажбата дознале случајно од медиумите и во ниту еден момент не биле директно известени.„Продажбата на акции во државна сопственост по номинална вредност без притоа да се направи проценка за нас е скандалозен чин особено во денешно време кога секојдневно се нагласува потребата од транспарентност и борба против корупција како еден од најважните услови за реализирање на патот кон ЕУ.Претставува сериозен чин за кој веднаш и сериозно треба да се вклучат институциите како Заменик претседател на Владата за борба против корупција, ДКСК, Јавно правобранителство“, велат тие.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

За што ќе се трошат пари од буџетот следната година во Центар

Општина Центар на денешната седница на Советот со 20 гласа „за“ и 3 „воздржани“ го донесе буџетот за 2022 година кој изнесува 708.570.000,00 денари. Донесувањето на буџетот помина без расправа по однос распределените финансии. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски пред самата расправа даде кратко резиме за буџетот објаснувајќи ја неговата проекција и предвидени средства. Тој рече дека станува збор за буџет кој во голем дел одговара и ги задоволува потребите на граѓаните особено во делот на инфраструктурните зафати и решенија, зеленилото и хигиената но и строгата контрола на давањето дозволи за градба.„Со овие средства ќе реализираме проекти, еве како пример ќе ја дадам новата градинката во Пролет. Тоа е инвестиција која на голем број граѓани ќе им го реши проблемот со згрижување на деца. Досега не во Пролет туку и нема во околината предучилишна установа поради што родителите се снаоѓаа како знаат. Тој проблем ќе биде решен за нешто повеќе од една година. И во овој дел кај градинките за 2022 година издвојуваме 7.610.000 денари, за тековно оперативни зафати и за режиски трошоци. Во 2021 година за оваа намена беа издвоени 4.700.000,00 денари. Додека во образованието ги продолжуваме програмите за развој, како и наградите за првенец на генерација, доделување на стипендии за талентираните ученици, како и стипендии за ученици од семејства во социјален ризик. Воедно издвојуваме средства за обезбедување и олеснување на буџетите на родителите за набавка на средства за хигиена“, изјави Герасимовски.Герасимовски посочи дека Буџетот за 2022 година решава голем дел од трите клучни проблеми кои ги потенцирале граѓаните во предизборниот период, а се однесуваат на проблемите со паркирањето, хигиената и зеленилото и урбанизмот во општината.„Во буџетот предвидуваме и средства за одржување на зеленилото кое беше јасно барање на граѓаните во предизборниот период. Согласно нивните барања го зголемивме за речиси 1 милион денари споредбено со минатата 2021 година односно од 3.050.000,00 денари сега средствата се зголемени за 25% за одржување на зеленилото. Исто така ја реактивираме програмата за обезбедување на парковите и урбаната опрема за што вобуџетот проектирани се 2 милиони денари“, изјави Герасимовски.За нова урбана опрема за 2022 година Општина Центар издвојува 7.200.000,00 денари наспроти 5.650.000,00 колку што беа планирани во 2021 година односно зголемување од 27 отсто. За социјална помош, во овој предлог буџет се планираат средства во износ од 3.000.000,00 денари или зголемување од 500.000 денари за финансиска поддршка за жителите на Општина Центар.Bо буџетот исто така проектирани се средства за проектот „Сервис за стари лица“ – Центар се грижи за повозрасните, за кој се издвојуваат 4.900.000,00 денари, за посета на возрасните лица од страна на лиценцирани негователи 6 часа неделно. За поддршка на култура и спортските клубови не вклучувајќи го „Работнички“ минатата година не беа издвоени средства додека во овој буџет Општина Центар за 2022 година планира 1 милион денари за култура и 2 милион денари за спорт.На денешната седница исто така беше донесена и одлуката за извршување на буџетот на Општина Центар со 23 гласа „за“ при што заврши и третата седница од новиот состав во Општина Центар.

Скопје | пред 4 години

maricic-3

Се поништува листата за групно помилување

По консултација со Управата за извршување на санкциите, Министерството за правда одлучи оваа година да не проследи предлог за новогодишни групни помилувања, односно листата целосно се поништува.„Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани.Во Министерството за правда постои работна група која работи на составување на нов предлог-закон за помилување, со кој ќе се зацврснат критериумите и ќе се дефинираат нови построги услови за тој кој може да биде помилуван. Со тоа сметаме дека ќе минимизираат шансите на овие листи во иднина да се најдат лица кои во јавноста предизвикуваат сомнеж за нормалното функционирање на правниот систем“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

13 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид по 10, Куманово и Гевгелија по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден заразен во Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 8 смртни случаи: 3 лица од Скопје (68, 72 и 74 години) и по едно починато лице од Битола (55), Крушево (68), Куманово (61), Прилеп (75) и од Охрид (78). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнителни 5 смртни случаи во периодот од 26 ноември до 16 декември. Починатите се од Кочани, Куманово, Скопје, Берово и од Пехчево на возраст од 66 до 87 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 515 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод по 2 и по еден оздравен од Виница, Пробиштип и Дојран.Направените 3.543 теста се преку: ИЈЗ – 355, ЦЈЗ Скопје – 62, ЦЈЗ Битола – 79, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 4, ЦЈЗ Куманово – 65, УК Пулмологија со алергологија – 3, Институт за микробиологија – 5, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 86, „Авицена“ – 154, „Биотек“ – 234, „Систина“ – 85, лабораторија „Лаор“ – 101, „Синлаб“ – 33, „Ремедика“ – 27, „Плодност“ – 55, „Генеа“ – 17, „Никоб лаб“ – 331, „ВФВ медикал“ – 60, „Ели медика“ – 66, „Ројал медика“ – 24, „Спектра-ММ“ – 21, „Рапид лаб“ – 7, „Жан Митрев Струмица“ – 16, „Нова лаб дијагностика“ – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.606.Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.

пред 4 години

brza-pomos-54

13 починати и 335 новозаразени е новата ковид состојба

Почитувани,Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:· Направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир Хисар и Крушево – по 2, Струмица, Струга, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.· Регистрирани сe 515 оздравени пациенти од:Скопје – 253, Битола – 33, Охрид – 26, Прилеп – 25, Делчево – 20, Куманово – 19, Берово – 17, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци – 13, Штип – 11, Радовиш – 8, Кочани – 7, Тетово, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 6, Богданци – 5, Македонска Каменица – 4, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Струга, Неготино, Крива Паланка, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Виница, Пробиштип и Дојран – по 1.· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 72г и 74г) и по едно починато лице од Битола (55г), Крушево (68г), Куманово (61г), Прилеп (75г) и Охрид (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 26.11-16.12.2021 година. Починатите лица се од Кочани (1), Куманово (1), Скопје (1), Берово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 66г до 87г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.· Направени се 3.543 тестови преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–4, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-86, Авицена-154, Биотек-234, Систина-85, лабораторија Лаор-101, Синлаб-33, Ремедика-27, Плодност–55, Генеа-17, Никоб лаб-331, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-66, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-21, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.606.Досега во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.

пред 4 години

DSC_0683

„Ако го видиме сценариото кое се случува во Европа со короната, нашиот систем ќе колабира за неколку дена“, д-р Лазаров предупредува

Докторот Ненад Лазаров вели дека ако го видиме сценариото кое се моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе колабира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме колабирани.„1. Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата2. Се шири АЕРОГЕНО и десетици пати поуспешно од претходните варијанти, особено заради развиената способност да се задржи во воздухот подолго3. Најзаштитена категорија се луѓето со 3 дози на вакцина4. За тежина на болест е рано да се зборува, најверојатно е полесна слика но проблемот е во тоа што од драстично поголем број на новозаразен повторно ќе генерираат огромен број хоспитализации5. Ако го видиме сценариото кое се моментално се случува во Европа и Америка и кај нас, а секако ќе го видиме, нашиот здравствен систем ќе колабира за неколку дена со оглед на тоа дека веќе сме колабирани.Без редовно секвенционирање и со вакво мизерно несериозно тестирање ние немаме поим што всушност се случува на терен. За ова Филипче вечно ќе сме ти благодарни!Она што сигурно ќе ни помогне е следното:1.Веднаш да се премине на препорака за употреба на минимум N95/ffp2 стандард за цивили наместо оваа циркузијада со хируршки маски, шалови, бандани и др. мандани.2. Веднаш да се откажат и забранат секаков вид на масовни собири во затворено3.Децата на распуст продолжен и онлајн настаца додека не ни стане јасна ситуацијата3. Секој невакциниран да се вакцинира вчера, за медицинари треба да биде задолжителна и трета доза!Од сите нас зависи исходот, особено кога од властите имаме малку или воопшто грижа и помош!“, посочи Лазаров.

Коментари | пред 4 години

akcija

Детали за акцијата: Под истрага девет лица за криумчарење и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги - двајца се полицајци

По повеќемесечно постапување под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од страна на МВР беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје. Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против деветте лица од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело Криумчарење од член 278, а на тројца на товар им се става и кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од Кривичниот законик.Во текот на месец ноември 2021 година четворица осомничени меѓу кои два полициски службеници, како повеќе лица земале учество во неовластено пренесување заради продажба на прекурсори кои во два наврати организирано требало да пренесат стока од царинската испостава Меѓународен Аеродром Скопје до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу РСМ и Р.Косово.Осомничените царински службеници спротивно на нивните службени надлежности и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД определил црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите. Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните.Осомничените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје во текот на денешниот ден. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека се исполнети условите, ќе му предложи на судот на сите осомничени да им биде изречена мерка притвор. Обвинителството, МВР и Царинската управа продолжуваат со интензивна работа во насока на расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

MENUVAME_09082021-4

Со законските измени лицата со попреченост се обесхрабруваат да ги бараат своите права, обвинува Левица

Откако СДСМ е на власт, стана пракса да се злоупотребува европското знаменце, за носење на закони или законски измени по скратена постапка. Овој пат, на ред се измени на Законот за социјална заштита, каде што се предвидуваат низа измени, кои што се на штета на лицата  со попреченост. Со овие измени се предвидува досегашната стручна служба, која што даваше наод и мислење за лицата со попреченост, да се замени со Служба за функционална проценка, велат од Левица.„За оваа Служба воопшто не се знае во каков состав е и каква точно надлежност има, додека досегашните стручни тимови беа составени од тројца доктори специјалисти, кои што даваа стручен наод и мислење за состојбата или дијагнозата на лицата со попреченост. Исто така, со новите измени на Законот, наместо поедноставување на процедурите потребни за преглед, анализа и конечно мислење за лицата со посебни потреби, истите се усложнуваат.Така на пример, доколку незадоволното лице поднесе жалба против решение на Центарот за социјални работи, тогаш Министерството за труд и социјална политика согласно законските измени кои што се предлагаат, повторно ќе треба да бара наод и мислење од Службата за функционална проценка, што воопшто не е логично, бидејќи истиот орган веќе еднаш дал мислење за истото лице, а исто така и дополнително ќе ја одолговлечи постапката по жалба, а со тоа и времето за остварување на правата на лицата со попреченост.Друга новина, која што исто така е предвидена со предложените законски измени, сеоднесува на лицата со попреченост кај кои што е констатирана трајна состојба. Лицата со траен наод, исто така ќе бидат принудени, за да ги остварат своите права повторно еднаш годишно да бараат наод и мислење од институциите, иако нивната состојба е трајна и нема да се промени. Со овие законски измени, освен што се комплицира и усложнува постапката за остварување на правата на лицата со попреченост, не се воведуваат никакви новини за унапредување на правата на овие лица, туку напротив, истите се обесхрабруваат да ги бараат своите права, под страв од заглавувавање во бирократските лавиринти.Пратениците на Левица нема да ги поддржат овие законски измени и ќе се залагаат за законски решенија кои нудат поголема инклузивност во општествените процеси на лицата со попреченост“, се вели  во соопштението

Македонија | пред 4 години

parkovi-i-zelenilo-sadenje-cvekinja

ЈП Паркови и зеленило нема пари ниту за плати, обзнани ВМРО-ДПМНЕ

Шилегов и СДСМ го оставија ЈП Паркови и зеленило во долгови, со ваква состојба нема доволно пари ниту за плати.По промената на директорот на Шилегов во ЈП Паркови и зеленило е затекната состојба на сметка од 13.530.519 денари, и доспеани обврски од 35.650.252 денари. Со ова претпријатието е над 20 милиони во минус.Вака затекнатата состојба со немање на големи побарувања за наплата на ЈП Паркови и зеленило се доведува во прашање неговото нормално работење и навремена исплата на плати.Состојбата во ЈП Паркови и зеленило е одржувана вештачки. Иста таква состојба е затекната и во другите јавни претпријатија. Шилегов и СДСМ оставиле пустош зад себе и празни сметки, со многу долгови.

Скопје | пред 4 години

najcevska

„Шлајмот останува“, вели Најчевска за новата Влада

Се повеќе шпекулации за тоа кој си заминува, а кој останува во Владата. Ова на социјалните мрежи го искоментира и професорката Мирјана Најчевска.„Според ова што го гледам, меѓу тие кои заминуваат се двете најдобри министерки, неколку шутраци кои направија прилично штета наместо да бидат казнети се на овој или оној начин наградени, а шлајмот останува.И морам да му симнам капа на Оливер. Да си толку неспособен и без тебе да не можат...“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 4 години

268840076_356792909451914_4678216206872841274_n

Кој останува во идната Влада, а кого го фати „метлата“

По промената на лидерската позиција во СДСМ, се подготвуваат одредени промени во раководството на партијата, кои ќе се рефлектираат и врз составот на идната влада што треба да се предложи и избере по оставката на се уште актуелниот премиер Зоран Заев.Досегашниот генерален секретар на партијата, Љупчо Николовски, според неофицијални информации, најверојатно ќе седне на министерското столче во одбрана, кое веќе најави дека ќе го ослободи Радмила Шеќеринска.Сега, за нов македонски амбасадор во САД се споменува поранешниот амбасадор и министер и актуелен вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, чија позиција, според партиски извори, веројатно ќе ја зазеде секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда Бојан Маричиќ, објави Фокус.Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче порача дека заедно со Заев се повлекува од раководството на СДСМ и од министерската функција во здравство, која ќе ја преземе Беким Сали од најновиот владин коалициски партнер – Алтернатива.Покрај него, и министерката за образование Мила Царовска најави дека нема да учествува во новата влада, а сознанијата говорат дека промени се очекуваат во Министерството за култура (Ирена Стефоска), а не се исклучуваат и во Министерството за труд и социјала (Јагода Шахпаска).Што се однесува до Министерството за внатрешни работи, се очекува Оливер Спасовски да продолжи да раководи со ресорот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања