ТОП

IMG_20211003_192825_353

Што имот има Арсовска? Лани си купила и стан

Два стана, гаража, автомобил, деловен простор, денари, девизи и кредити – ова го пријавила новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска во својот анкетен лист, кој Фокус го обезбеди од Државната комисијата за спречување на корупцијата, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Од недвижен имот, Арсовска пријавила стан од 38 метри квадратни купен во 2011 година во вредност од речиси 25 илјади евра, деловен простор од 22 квадратни метра со иста вредност. Исто така, поседува гаража од 15 метри квадратни во вредност од околу 4.000 евра, којашто заедно со деловниот простор го купила во 2008 година.Лани, Арсовска купила стан од 42 метри квадратни во вредност од нешто повеќе од 30 илјади евра.Повеќе

Скопје | пред 4 години

51526704661_1990f1f880_c

Царовска си оди од Влада

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

Македонија | пред 4 години

zaev-filipce

Најдоцна средина на јануари, Македонија ќе има нов премиер и министри

Македонија ќе добие нов премиер и министри до средината на јануари. Министерот Бујар Османи посочи дека со назначувањето на новите кадри ќе се заврши во рамки на уставниот рок.„Најкасно до средината на јануари. Во почетокот од јануари нема состанување на Собранието поради верските и новогодишните празници. Во рамки на уставните рокови, очекувам тоа да заврши кон средина на јануари“, кажа Османи.Премиерот Зоран Заев во среда ќе ја поднесе оставката од премиерската функција во Собрание. Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања.Актот ќе следува на истиот ден по предновогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев.

Македонија | пред 4 години

osmani

Бујар Османи сака да остане на функцијата и по реконструкцијата на Владата

Бујар Османи сака да остане на министерската функција во Министерството за надворешни работи. Тој посочи дека има важни прашања кои треба да се надминат, па затоа е против брзи парламентарни избори, кои се барање на ВМРО-ДПМНЕ.„Мислам дека во овој процес работевме многу во изминатата година. Министерството за надворешни работи постигна големи успеси. Надворешната политика има и други приоритети освен ЕУ. Но се разбира, има напредок и во разговорите. Сметам дека треба да се продолжи во таа насока“, кажа Османи прашан дали сака да остане на функцијата.Според него, нови избори се парализирање на системот.„Да не заборавиме на не предвидливоста која се создава врз бизнисот и општеството. Сметаме дека ова стабилно политичко мнозинство кое очекуваме да се формализира, треба да продолжи до следните избори и наредните две години да се без изборен процес“, кажа Османи.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.43.24

Се бара помилување за Александар Василевски-Нинџа, заменик-министерот за правда не дозволува!

Александар Василевски-Нинџа осуден за „27 април“ и сведок во предметот „Организатори на 27 април“, неофицијално е еден од затворениците за кого од затворот „Скопје“ во Шутка е побарано помилување. Ваквиот предлог е доставен до Министерството за правда, каде министерот Бојан Маричиќ ќе треба да одлучи дали истото ќе го предложи и до претседателот Стево Пендаровски. Комисијата за помилување ќе го има последниот збор за тоа кои затвореници предвреме ќе излезат од затворите.Истовремено, заменик-министерот за правда, Ахим Нухиу кажа дека реагирал за одредени предлози за помилување. Тој посочи дека нема да поддржи намалување на казни на лица кои ги разнишале темелите на државата.„Во однос на предлозите за помилување на некои затвореници, во својство на Заменик министер за правда не се согласив и секако институционално реагирав! Предлозите на Управите на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела ги вознемируваа граѓаните и ги разнишаа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од ресорот за правда. Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата!“, напишa Нухиу.Василевски-Нинџа има одлежано 3 години и 11 месеци од седум годишната затворска казна. Тој доби најмала казна споредено со останатите осудени лица, која Апелација ја скрати за една година. Сега, тој користи и право на викенд, па сабота и недела, со оваа погодност, ги поминува надвор од затворот.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-19-212320

Твитер: Мицкоски се дружи само со мутни фаци

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во Берово. Тој за време на планинарењето на социјалните мрежи објави фотографии, а на една од нив лидерот направил слефи со „портрет“, па целата позадина е заматена. Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.https://twitter.com/100deutschemark/status/1472659129856634888https://twitter.com/jordantscho/status/1472564345976590347https://twitter.com/Bouqet100/status/1472648102242836491https://twitter.com/cozy_lego/status/1472596026741739532https://twitter.com/100deutschemark/status/1472650208790159363 

Коментари | пред 4 години

patnici-vo-avtobus

Автобус со фалсификат документи превезувал патници за Истанбул, МВР го заплени

Автобус за превоз на патници е запленет, откако бил фатен како со фалсификувана документација се движи од Скопје кон Истанбул. Настанот се случил попладнево, околу 17 часот. Полицајците се сомневаат дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија.„Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување. Во тек е документирање на случајот, за кој следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.Овој случај доаѓа по еден месец откако беше откриено дека автобусот на „Беса транс“ кој се запали, немал документ за меѓународен транспорт на патници, а со тоа не смеел да ја минува државната граница.

Македонија | пред 4 години

gruevski-mala

Никола се заблагодари на честитките, па се потсети на вујко му Мијалков

Поранешниот претседател Никола Груевски вечерва преку Фејсбук се заблагодари на сите кои му испратиле честитки по повод Св. Никола. Во еден дел од долгиот статус, се потсети и на неговиот вујко, Јордан Мијалков.1.Благодарам за секоја испратена честитка со искрени желби за мојот именден. Нека Св.Никола не заштити сите нас од бури и неправди.2.Денес е 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески кој бил еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, инаку истакнат македонски книжевен, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, јазичар , преведувач, професор и академик.Малку е познато дека процесот на кодификација на македонскиот литературен јазик не се одвивал лесно и едноставно. Имало големи тензии и притисоци заради отпорот за менување на јазикот од надлежните во Белград во тоа време во 1945 година, чија цел била истиот да биде поблизок до српскиот. Сепак, во многу голем дел притисокот се издржал, со прифаќање на помали компромиси. Во тоа време кога лесно се губела слободата или животот заради политички мотиви, тој отпор носел огромни ризици.Не случајно покрај МАНУ се постави споменик на Блаже Конески во периодот кога бев Премиер, кога самиот автор Томе Серафимовски одлучи тоа да биде негова донација. Статуа на Блаже Конески се постави и на мостот на уметноста во строгиот центар на Скопје.Деновиве со задоволство ја примив веста дека мојата 14 годишна ќерка Анастасија, напишала песна за Блаже Конески со која добила и прва награда на општинско ниво на училишен натпревар, каде како што ми објасни песните се поднесувале под шифра и комисијата кога ги отценувала не ги знаела имињата на децата - автори. Подолу фотографија од школското пано каде е објавена прво наградената песна во рамките на одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески.3.Денешниот ден 19 Декември секогаш ќе го памтам и по трагичната смрт и во крајно сомнителна сообраќајна несреќа со многу неразјаснети околности, на мојот вујко Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на Република Македонија во владата на Никола Кљусев.Јордан беше еден од најголемите македонски патриоти кои било кога сум ги запознал во мојот живот. Тој е првиот човек од кого уште како дете кон крајот на седумдесетите години и во текот на осумдесетите ги слушав зборовите “независна Македонија” и поривот за тоа.Исклучително храбар човек, идеалист и патриот, подготвен на секакви ризици кога беше во прашање Македонија. Човек кој уште во осумдесетите години во времето на СФРЈ насекаде со гордост ја прераскажуваше историјата на Македонија а особено онаа од периодот на ВМРО, како онаа за која беше дозволено да се учи така и онаа која тогаш ја немаше во учебниците.Се сеќавам еден летен ден во 1991 год се јави по телефон од МВР и побара да му однесам нешто од дома. За кратко бев таму. Низ градот, пред Собранието, Владата, МРТВ и уште неколку клучни објекти веќе имаше поставено некакви борбени возила со кои тогаш располагаше полицијата, а полицајците наоколу невообичаено стоеја со автоматско оружје.Само што влегов во неговата канцеларија ме замоли да излеземе од зградата, па тогаш и сватив зошто всушност ме викна. Надвор ме шокираше кога тивко ми кажа: “ти кажувам во најголема доверба и не смееш никому да кажеш. Имам информација дека можно е вечерва, или деновиве да има државен удар во Македонија. Ако умрам сакам да знаеш и да пренесеш - во Штип да ме закопаат!”.Подоцна дознав дека тие денови Премиерот и неколку министри ги распоредувал да преспиваат на непознати локации за ЈНА.Тој државен удар кој веројатно ЈНА го планираше, за среќа не се случи. Но неколку месеци подоцна се случи неговото загинување во крајно сомнителна сообраќајна несреќа помеѓу Врање и Бујановац. Иако ја пренесов неговата желба, во тој хаос кога ја примивме трагичната вест, сепак беше закопан во Скопје.Најголем “грев” кој му се препишуваше од страна на тогашната ЈНА беше тајната операција со која МВР ја заплени целата документацијата на ЈНА, во ист час во ноќта, во сите подрачни единици во земјата на Министерството за одбрана.Тоа беше негова идеја, тоа го знам изворно од него, иако по неговата смрт многумина си ја препишуваа. Операцијата под негова команда ја реализира МВР.Во тој период ЈНА се подготвувала да изврши присилна мобилизација на десетици илјади Македонци, како резервен состав и нивно експресно испраќање на фронтот на ЈНА во Хрватска. Акцијата спречи илјадници Македонци бесцелно да ги загубат животите а дел од нив да останат воени инвалиди засекогаш. И секако и илјадници Хрвати од другата страна.Оваа молневито извршена акција, за која неколку часа пред да се изведе одобрување доби и од Премиерот Никола Кљусев и претседателот Киро Глигоров, го спречи тоа.Покрај нив само уште мал број министри знаеја за акцијата, како Ѓорѓи Наумов, министерот за правда и Тодор Аџисанков, подсекретар во Министерството за одбрана, луѓе од негова голема доверба и другари од деца од Штип.Можете само да ги замислите лицата на генералите на ЈНА кога следното утро при пиењето на утринското кафе ја добиле веста за заплената на документацијата без која неможеа да регрутираат ниту еден војник и да ги реализираат зацртаните планови.Тие точно знаеле кој е одговорен за тој нивни пораз. Така Јордан Мијалков спаси илјадници животи, но го загуби својот живот“, напиша Груевски

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-12-19-204732

(ВИДЕО) Алачки јадеше „путки“

Познатата македонска водителка Андријана Алачки јадеше путки.Во емисијата „Везилка“ гостите донесоа колачи кои ги нарекле путки бијдеки биле слатки. Тие додадоа дека со овие колачи добиле прво место на натпреварот „Вешта жена“ во Струмица, па водителката Алачки решки да ги проба.

Магазин | пред 4 години

951e3574-0b24-4107-8e51-1dbf9ff93106-1-1

Македонија на деветто место на Јуниор Евросонг

Македонските претставници на Јуниор Евросонг завршија на деветтото место. На прво место завршија претаставниците на ЕрменијаДецата од „Дајте музика“ имаа одличен настап на Јуниор Евросонг.Публиката ги пречека и ги испрати со силен аплауз. Погледнете го видеото од нивниот настап.

Магазин | пред 4 години

w_56674011

Починаа 14 лица од коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 101, Прилеп – 12, Битола – 10, Велес и Струмица – по 8, Кавадарци, Куманово и Охрид – по 7, Ресен – 6, Штип – 4, Гевгелија, Демир Хисар и Неготино – по 3, Богданци, Делчево, Кичево и Пробиштип – по 2, Дебар, Кочани и Крива Паланка – 1.Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Кавадарци – 20, Битола – 18, Прилеп – 14, Куманово – 12, Охрид – 10, Велес – 7, Делчево – 5, Штип, Гевгелија и Кратово – по 4, Струга, Неготино, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Тетово, Гостивар, Кичево, Ресен, Берово, Виница, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (46г, 58г и 89г), по 2 починати лица од Прилеп (73г и 80г) и Охрид (59г и 88г), по едно починато лице од Берово (53г), Струмица (65г), Битола (80г), Кавадарци (80г), Куманово (83г), Ресен (88г) и Кичево (91г). Од пријавените, 13 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Направени се 2.592 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-165, Биотек-135, Систина-46, лабораторија Лаор-199, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–50, Генеа-2, Никоб лаб-321, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-40, Ројал Медика–34, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–22, Нова Лаб Дијагностика–1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 859.Досега во земјата се направени вкупно 1.521.642 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.285, бројот на оздравени пациенти е 207.948, на починати е 7.815, а бројот на активни случаи изнесува 5.522.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 97008, Активни 2652Куманово 13058, Активни 149Тетово 11393, Активни 84Прилеп 10600, Активни 376Битола 9060, Активни 420Гостивар 8082, Активни 19Велес 7441, Активни 170Кавадарци 7296, Активни 251Штип 6698, Активни 112Охрид 6668, Активни 223Струмица 6226, Активни 142Кичево 4290, Активни 80Кочани 4078, Активни 68Струга 3917, Активни 24Гевгелија 2879, Активни 96Неготино 2616, Активни 51Свети Николе 2149, Активни 50Крива Паланка 1940, Активни 63Ресен 1810, Активни 65Радовиш 1789, Активни 55Берово 1473, Активни 31Дебар 1457, Активни 1Делчево 1456, Активни 76Виница 1172, Активни 17Пробиштип 1137, Активни 24Валандово 1003, Активни 66Кратово 789, Активни 17Богданци 669, Активни 35Демир Хисар 632, Активни 31Крушево 601, Активни 24Македонски Брод 518, Активни 17Македонска Каменица 427, Активни 25Демир Капија 426, Активни 0Пехчево 355, Активни 5Дојран 172, Активни 3

пред 4 години

pozar-pristina

Детали за пожарот во кој загина 35 годишен маж

На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64).Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Од БППЗ на Град Скопје известуваат дека вo периодот од 00:15 до 03:40 часот, со 5 ПП возила и 16 пожарникари интервенирале на запалена куќа во с.Побожје. Материјалната штета е неутврдена, а опожарени се околу 140 м2.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 4 години

20200122092016

Данела бара отчет, Наумовски и се заканува со тужба

Новоизбраната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска на брифингот за новинари во петокот, истакна дека шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски наместо да зборува против градот и местото од каде што зема плата, да се појави и да даде отчет за потрошените пари, за сметките од кафани и бројните злоупотреби кои се направени во негово време.Арсовска истакна дека Наумоски земал одмор и боледување и не се појавува на работа да даде отчет и да ја предаде функцијата.Таа нагласи дека Наумоски треба да објасни за парите за кафаните кои ги правеле во износи од илјадници евра, да каже што е она што го направи вклучувајќи ги неколку злоупотреби кои се детектирани и кои мисли дека со др ско однесување ќе може да му биде простено или заборавено.На ова, вчера на својот профил на социјалните мрежи, реагираше посочениот Никола Наумовски, кој вели дека Данела го клевети и најави дека ќе и поднесе тужба:„Би сакал изричито да демантирам дека сум трошел пари за кафани, дека има било какви злоупотреби или дека сум (бил) на боледување.Во изминатите 4 години ни денар не сум потрошил на сопствено частење, другари, соработници или колеги. Дури ни кафе не сум се напил, не сум имал право на трошоци на репрезентација, ниту лично, ниту секторот со кој што раководев.Арсовска не ми го потпишува решението за отказ, иако првично бараше емаилот за отказ да и го дадам на хартија. Сега ме клевети дека сум бил на боледување.Наместо да го цени тоа што џентлменски ослободувам висока раководна позиција во администрацијата, каде може да постави свој близок соработник, што не останувам во администрацијата за да добивам плата од буџетот (како мојата претходничка), таа си обезбеди тужба за клевета.Ама прво морам да побарам извинување“, напиша Никола Наумоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-12-19-152905

(ВИДЕО) Граѓаните го китат Скопје, повик за лампиони осамна јавно

Градоначалничка Данела Арсовска го раскина договорот со Линк Медиа склучен во октомври годинава и ги повика компаниите со донации да го украсат главниот град. Тендерот кој претходниот градиначалник Петре Шилегов го склучи со Линк Медиа чинеше 250 илјади евраПо тој повод на социјалните мрежи бешеобјавено видео од скопјанец кој апелираше граѓаните да донесат по еден лампион за да се украси елката на плоштад.„Се одзвав на повикот за заедно да го украсиме Скопје. Нека овој лампион заблеска и ни ги отвори патиштата кон една поубава година. Секој што е во можност нека додаде лампион на елката“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 4 години

20211219141806

Исчистена една од најголемите диви депонии во Кисела Вода

Викендов е исчистена една од најголемите депонии во општина Кисела Вода, во близина на цигланата во Драчево.За оваа акција се офалија и општинските, и градските власти, односно вчера за тоа преку својот фејсбук профил информираше градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, додека, пак, денеска таква објава даде и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.„Преку 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад денес беа отстранети од една од најголемите диви депонии во општина Кисела Вода. На местото на дивата депонија во близина на цигланата во Драчево, сега има чиста површина која жителите може да ја користат за прошетка.Апелирам, оние кои досега се однесувале несовесно и исфрлале отпад на овие диви депонии да се откажат од ваквите намери. Кисела Вода мора да биде модерна, чиста и зелена општина и во таа мисија нема да има селективност и толеранција“, напиша Ѓорѓиевски.„Во соработка со општина Кисела Вода е исчистена една од најголемите диви депонии во оваа општина, во близина на цигланата во Драчево, од каде беа отстранети повеќе од 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад.Скопје ќе биде чист, зелен град без диви депонии, а за секој оној кој ја загадува животната средина и со тоа го загрозува и здравјето на скопјани, ќе биде санкциониран без селективност“, објави градоначалничката Арсовска.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања