ТОП

Нема фотографија

Семафорите во Скопје утре нема да работат, ќе има ли повторно голем метеж

ЈП Улици и патишта по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на утрешниот ден од 8 часот наутро до 15:30, ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Јатон Шаќири ќе биде министер за образование и наука

Актуелниот министер за информатичко општество и јавна администрација, Јетон Шаќири ќе биде иден министер за образование и наука.Тој во телефонски разговор за ТВ21, Шаќири вели дека конечните одлуки ќе ги соопшти партијата најверојатно во текот на следната недела.Претходно Шаќири се споменуваше како потенцијален кандидат за челната позиција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 4 години

120850412_369636570888130_6865610253983417034_n-1024x615-1

Газдата на фирмата кој гради во Маврово бил и висок функционер од ДУИ во Гостивар, обвинува Левица

Веќе четири месеци Локалниот Огранок на Левица - Гостивар активно пишува за проблемите на вработените во „Радика Ресорт", поточно за нередовното примање на плата. Вработените своите месечни примања знаат да ги добијат дури и по три месеци доцнење, често пати истите остануваат и без здравствено осигурување, велат од политичката партија Левица.„Надлежните институции се глуви на нивните жалби и барања.Како што во неколку наврати напоменавме, Општина Маврово и Ростуше пред повеќе од два месеци издаде Решение за отстранување на деветте нелегално изградени викенд куќи, за да, во меѓувреме, владината комисија донесе одлука да не се рушат истите.Информациите кои пристигнаа до нас укажуваат дека сопственикот на компанијата „Радика Ресорт“; од Косово, Шериф Рамука и фирмата која ги гради објектите се во блиски односи со владејачката ДУИ. Имено, газдата на фирмата кој гради бил и висок функционер од редовите на ДУИ во Гостивар.Оттука, можеме да заклучиме дека криминалната влада на СДС и ДУИ работат исклучиво во интересите на олигарсите и капиталистите, а спротивно на интересите на обичните граѓани. Барањата на вработените во Ресортот се јасни и едноставни, истите бараат само да бидат заштитени од органите на државата и своите примања да ги добиваат редовно, согласно законите, кои очигледно не важат за функционерите од ДУИ.Месецот одминува, а вработените сè уште ја немаат добиено платата за ноември месец.Ваквото грубо кршење на законите во заштита на градежната мафија е олицетворение на владеењето на криминалната коалиција СДС-ДУИ, кои единствено ги штитат бизнис - интересите на своите соработници“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

skolo-4

Ученик со метален предмет нападнат од наставник, завршил во болница

Професор со метален предмет денеска околу 13.30 часот повредил ученик во средното училиште „Ибраим Темо" во СтругаУченикот бил примен на Хируршкото одделение со повреда на главата, потврди директорот на струшката болница Арменд Арслани.– Од одделението за Хирургија ме известија дека во 13.45 часот е примено дете со повреда на главата. Извршено е шиење и детето е пуштено на домашно лекување, изјави Арслани за МИА.Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, полицијата го привела сторителот, 57-годишен стружанец.– Во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште „Ибраим Темо" го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. Се работи на целосно расчистување на настанот, изјави Димоски.

Македонија | пред 4 години

Arsovski07122021

Арсовски предложен за член во УО на ЈП Водовод: Имам доволно знаење, дигнитет, кредибилитет

Стравот и паниката на СДСМ од моето име дека ќе влезе во УО на ЈП Водовод, особено од оние кои што се најгласни по ова прашање, што јаделе и пиеле преку сметките на Град Скопје, за што дополнително ќе разговараме во иднина, е издржан и реален, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Да, предложен сум за член во УО на ЈП Водовод и сметам и сум сигурен дека имам доволно знаење, дигнитет, кредибилитет, чесност во мене и волја да учествувам во домаќинско менаџирање на оваа институција, но и да се заложам да се работи транспарентно и јавноста да знае што се работи, но и што се работело претходно, обелоденувајќи го целиот криминал.НО, гледајќи ја целата оваа паника, страв и оцрнување на моето име на социјалните мрежи од партиските апаратчици и оние поддржувачи, а дел и креатори на криминал и корупција во институциите, сакам јавно да известам дека барам да бидам отстранет од предлог-листата за член на УО, од едноставна причина, што нема да дозволам стравот и паниката на СДСМ да се насочи кон навреди и оцрнување на моето име и семејство, но и ВМРО-ДПМНЕ, чии кадри работат чесно и искрено откако се на функциите.Едно ќе порачам, останувам уште повеќе фокусиран на разоткривање на криминалот и корупцијата на актуелната власт и нивните претходни кадри, иако нема да бидам дел од институционалното управување.Како што до сега јавноста дознаваше за криминалии и корупција на власта, АД Славија, Коста Петров од ФИТР кој си поднесе оставка, Петре Шилегов, поранешните градоначалници, директорите на јавните претпријатија од Град Скопје и останатите, во иднина очекувајте многу повеќе и поинтензивно“, додава Арсовски.

пред 4 години

Mijalkov-sud

Мијалков одново бара слобода од Апелација, а притворот му бил одреден поради контакти со странски тајни служби

Сашо Мијалков бара да биде ослободен од притвор преку нова жалба до Кривичниот совет на Апелација. Ова доаѓа откако вчера од второстепениот суд му беше укинат притворот за случајот „Трезор“, а по неколку часа, првостепениот суд му одреди нов притвор од триесет дена за случајот „Плацови на Водно“ каде е осуден. Адвокатот Петар Василев кој го застапува Мијалков посочува дека неговиот клиент не бил повикан да се произнесе за предложениот притвор и тоа го опиша како немање доблест на судот бидејќи иако го одобриле, предлогот бил неоснован и непотребен.„Во овој контекст се создава неконзистентна правна пракса. Не може ставот на повисок суд да не биде ценет од понизок суд. Тоа е спротивно на Европската конвенција за човекови права. Ќе ги преземеме сите правни работи за оваа работа да ја истераме на чистина. По повод жалбата која е поднесена денеска, убедени сме дека Апелација ќе остане на својот став бидејќи по предлогот на јавниот обвинител, апсолвирани се прашањата за бегството, недостапноста и во врска со тоа дека поради тоа што Милјаков имал голем имот во Македонија и надвор од неа можел да се даде во бегство. Судот имотот кој што е влезен во гаранцијата која е запишана и правосилна, каде се обезбедуваат плати и придонеси на повеќе од 350 вработени и семејства, го цени како можност за бегство, а не како можност дека токму поради тој бизнис нема ниту намера да се даде во бегство“, рече Петар Василев.Адвокатот Sвонко Давидовиќ вели дека сега кон Мијалков се применети сите мерки за обезбедување присуство – притвор, гаранција, повремено пријавување во суд, одземена патна исправа. Тој вели дека имотот на Мијалков ќе остане под хипотека, затоа што решението на Апелација не може да се укине.„Мијалков беше држен во притвор неколку часа без да има активна мерка. Во 14 часот беше впишана гаранцијата во Агенција за катастар, а во 21 часот беше донесено новото решение на Кривичниот суд, во кое стои дека поради контакти со странски разузнавачи и особено со Израелската тајна служба, постои опасност од бегство. Некако Кривичниот суд посочува странска држава и служба дека може да учествува во кривично дело. Нема доказ за контакти“, кажа Давидовиќ.

Македонија | пред 4 години

zaev-sobranie

Пратениците му кажаа „чао“ на Заев

Собранието денеска на почетокот на седницата за пратенички прашања ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Тој не ја искористи опцијата усно да ја образложи оставката, а оставката на премиерот повлекува оставка и на целата влада.Со констатирањето на оставката, почнува да тече рокот од 10 дена претседателот Стево Пендаровски да го додели мандатот за состав на влада на нов мандатар, а потоа тој има рок од 20 дена да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на новата влада.

Македонија | пред 4 години

kosta-petrov-5-700x394

И Коста Петров си оди

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров поднесе оставка од функцијата. Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека се повлекува и од партискиот ангажман од СДСМ.„Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година. Со оставката што денес ја доставив до Централниот одбор на СДСМ, после две и пол години, и официјално го завршувам ова мое политичко патување. Бескрајно сум благодарен за научените лекции. Време е за нови предизвици“, напиша Петров на фејсбук.Коста Петров беше назначен за директор на Фондот за иновации лани во ноември. Од август 2019 стана дел од партиското раководство на СДСМ, односно беше избран за еден од шесте потпретседатели на партијата. На ова партиска функција беше до мај годинава, кога на Конгрес на партијата беше избрани четири потпретседатели на СДСМ и тоа Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Мила Царовска и Оливер Спасовски.

Македонија | пред 4 години

bislimovski1

Бислимовски: МЕПСО бара над 80% покачување на струјата

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнево во „Студио 10“, рече дека зголемувањето на цената на електрична енергија за 2022 за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде поголема од 10 отсто, наспроти тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши дека нема да биде поголема од тој процент.„Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година. Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот.За РКЕ се неприфатливи драстични ценовни шокови, затоа што ќе имаме проблеми со наплатата. Во време на криза треба сите да сме солидарни, да се подготвиме за една тешка година. Се уште немаме конкретна проценка колку ќе се покачи цената на струјата. Министерот рече дека ќе е под 10%, други велат 70% - во непријатна ситуација сме затоа што многумина кажуваат за цената, а РКЕ ќе ја понесе на крај одговорноста.ЕСМ годинава понуди 41 евро за мегават час, претходно беше 36,1 евро. ЕСМ презема обврска се да направи за да избегне увоз на електрична енергија“ - вели Бислимоски.Првиот регулатор откри дека систем операторот за пренос МЕПСО се побарал уште поголемо зголемување на трошоците во однос на првичното барање. Наместо 60 проценти зголемување, како што беше првично побарано, сега тоа е 83 отсто.- Барањата на МЕПСО е 82,83 отсто зголемена , не е 60 отсто. Електродистрибуција побара 100 проценти. Во моментов само од овие две компании 40 отсто зголемување е побарано на сметките за домаќинства и мали потрошувачи. Дел од профитите кои што им се гарантирани, ќе ги тргнеме оваа година. Компаниите ќе изглезат од комфорната зона, рече Бислимовски.

Македонија | пред 4 години

dzaferi-talad

Апасиев: Таљат не му ја прифаќа оставката на Зоти Заев, оти не била двојазична

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, на социјалните мрежи во негов стил ја искоментира оставката на премиерот Зоран Заев.„Ајдеее...Таљат не му ја прифаќа оставката на Зоти Заев, оти не била двојазична“, напиша Апасиев

Коментари | пред 4 години

eurostandard-banka

Стечајниот управник на Еуростандард банка бара награда од над 150.000 евра

Стечајниот управник на пропадната банка на Трифун Костовски, Еуростандард банка, Душко Тодевски, бара од стечајниот судија да ја одобри исплатата на неговата награда.Тодевски на 21 декември односно пред три дена до судијата го доставил предлогот за награда на стечајниот управник и во него на страница и половина образложува некои детали од стечајната постапка, пишува Фактор.Тодевски на крај бара да му се исплатат над 153 илјади евра награда од завршената работа досега, кои заедно со сумата од 5.000 евра која му била исплатена авансно ќе ја заокружат наградата на вкупно нешто над 158 илјади евра.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

269788536_2986443884999085_6735965088332153612_n

(ФОТО) Суперхероите во новогодишна посета на децата од Клиниката за детски болести

Вчера, волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести.На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници.Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град СкопјеНе треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој!

Скопје | пред 4 години

DSC_0087

(Фото галерија) Оштетена елка, тажни Дедо мразовци и украси во најава - атмосферата на плоштадот во Скопје

Плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје се припрема за дочекот на Новата 2022 година. Освен куќичките за „Винтерленд“ таму се поставуваат светлечки украси и сијалички. За разлика од минатите години, кога имаше по десетина маскоти на Дедо мраз, годинава е тажно, а таму има само двајца од исто фото-студио. На плоштадот, немаше ниту деца заинтересирани да се фотографираат. Дека е зима, потсетуваа само неколкуте продавачи на костени. Најголемо внимание предизвикува елката. Но, не затоа што такво нешто досега не е видено, туку бидејќи истата е оштетена.

Скопје | пред 4 години

mijalkov

Твитер реакции: „Господине Мијалков, каде бевте? - До плоштад и назад“

За неполни 12 часа, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, беше ослободен од притвор од Апелацискиот суд, а потоа доби нов притвор од Основниот кривичен суд по барање на обвинителството, но за друг предмет.Ова предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а ова се дел од нив.https://twitter.com/MatrixOfHell/status/1473737103729123331https://twitter.com/100deutschemark/status/1473736072068747271https://twitter.com/OdMpc/status/1473735993736019969https://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1473733760520802321https://twitter.com/Bate_shefe/status/1473733220000837633https://twitter.com/ExtremeBt/status/1473731719958306826https://twitter.com/legovski/status/1473728450548670466https://twitter.com/chackalitza/status/1473720303712878592https://twitter.com/Hedera_Genus/status/1473718463860559883https://twitter.com/samofiljan/status/1473705806877052951https://twitter.com/marsedonec/status/1473684410222403590https://twitter.com/crnobelabomba/status/1473741298490351618 

Коментари | пред 4 години

zaev-filipce

Заев беше моторот на промените во зравството, му благодарам на поддршката, вели Филипче

Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години, вели Министерот за здравство Венко Филипче.„Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници.Му благодарам на соработката, посветеноста и пред се човечноста која ја покажа при определувањето на приоритетите во Владата“, додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања